Светски ден на танцот Archives - Република https://republika.mk/tema/svetski-den-na-tancot/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Apr 2024 13:44:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светски ден на танцот Archives - Република https://republika.mk/tema/svetski-den-na-tancot/ 32 32 Скопскиот плоштад разигран во ритамот на повеќе од 500 млади танчери по повод Светскиот ден на танцот https://republika.mk/vesti/skopje/skopskiot-ploshtad-razigran-vo-ritamot-na-poveke-od-500-mladi-tancheri-po-povod-svetskiot-den-na-tantsot/ Tue, 30 Apr 2024 13:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=772657

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во организација на танцовото студио „Брејк А лег“, кое години наназад го одбележува овој ден на спектакуларен начин. Вчерашниот Флеш моб настан предизвика позитивни реакции кај случајните минувачи, благодарение на неверојатната енергија што им ја пренесоа танчерите со настапот на песната „Can’t Touch This“ од MC Hammer. Плоштадот беше разигран во ритамот на повеќе од 500 млади танчери, кои заедно го креираа импресивниот Флеш моб во срцето на градот.

https://www.youtube.com/watch?v=OEg8j9WspbI

На Флеш мобот учествуваа танцовите клубови „Аква“, „Ит Да Бит“ и „Брејк А Лег“.Исто така, вчера присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која низ насмевка изјави дека е неизмерно среќна и горда на сите 500 млади деца, кои вчера го разиграа центарот на градот и направија одлична, позитивна атмосфера. Исто така, Арсовска сподели дека и е чест и задоволство што го Град Скопје е поддршка за Светскиот шампионат во хип хоп 2024 година и дека се радува што токму Скопје, ќе биде домаќин.

Инаку, градот Скопје се подготвува да заземе централно место како горд домаќин на претстојниот Светски шампионат во хип хоп 2024. Овој настан се очекува со нетрпение и ветува дека ќе биде ексклузивна прослава на хип хоп танцот, културата и меѓународното другарство, ставајќи го Скопје во центарот на вниманието на глобално ниво.

Светското првенство во хип хоп 2024 ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, во организација на клубот „Брејк А Лег“, од 8 до 17 октомври. Подготовките за овој грандиозен настан кои започнаа уште од минатата година се во полн ек, и токму затоа исчекувањето се зголемува, а Скопје е подготвено да ги пречека најталентираните и најстрасните танчери во светот. Изборот на Скопје за град домаќин не само што го нагласува неговото појавување на глобалната сцена, туку и ја потврдува неговата посветеност на негување на танцот како уметност.

Скопје ќе биде домаќин на скоро 6000 танчери од повеќе од 30 земји од светот, од пет континенти. Токму поради овие фасцинантни бројки, овој настан е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст кон танцот. Сето тоа, го препозна и Светската танцова организација и ја поддржа идејата Скопје да биде центар на хип хоп доживувањето.

Танцовото студио „Брејк А Лег “, во своето портфолијо има организирано голем број на вакви светски настани, па благодарение на долгогодишното богато искуство, подготви низа активности и настани кои се во знак на светското првенство што следува, меѓу кои и спектакуларниот концепрт на двете музички, мега ѕвезди, Пајак и Voyage, кој ќе се случи на 11.10.2024 во С.Ц Борис Трајковски.

Скопското топло гостопримство, богатата историја и енергичната атмосфера несомнено ќе остават траен впечаток кај сите оние кои ќе присуствуваат на Светскиот шампионат во хип хоп 2024 година.

Остануваат уште неколку месеци до Светскиот шампионат, а дотогаш, организаторите ќе продолжат позитивно да ја изненадуваат македонската јавност со интерактивни настани, концерти и активности во духот на хип хоп културата.

The post Скопскиот плоштад разигран во ритамот на повеќе од 500 млади танчери по повод Светскиот ден на танцот appeared first on Република.

]]>

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во организација на танцовото студио „Брејк А лег“, кое години наназад го одбележува овој ден на спектакуларен начин. Вчерашниот Флеш моб настан предизвика позитивни реакции кај случајните минувачи, благодарение на неверојатната енергија што им ја пренесоа танчерите со настапот на песната „Can’t Touch This“ од MC Hammer. Плоштадот беше разигран во ритамот на повеќе од 500 млади танчери, кои заедно го креираа импресивниот Флеш моб во срцето на градот. https://www.youtube.com/watch?v=OEg8j9WspbI На Флеш мобот учествуваа танцовите клубови „Аква“, „Ит Да Бит“ и „Брејк А Лег“.Исто така, вчера присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која низ насмевка изјави дека е неизмерно среќна и горда на сите 500 млади деца, кои вчера го разиграа центарот на градот и направија одлична, позитивна атмосфера. Исто така, Арсовска сподели дека и е чест и задоволство што го Град Скопје е поддршка за Светскиот шампионат во хип хоп 2024 година и дека се радува што токму Скопје, ќе биде домаќин. Инаку, градот Скопје се подготвува да заземе централно место како горд домаќин на претстојниот Светски шампионат во хип хоп 2024. Овој настан се очекува со нетрпение и ветува дека ќе биде ексклузивна прослава на хип хоп танцот, културата и меѓународното другарство, ставајќи го Скопје во центарот на вниманието на глобално ниво. Светското првенство во хип хоп 2024 ќе се одржи во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, во организација на клубот „Брејк А Лег“, од 8 до 17 октомври. Подготовките за овој грандиозен настан кои започнаа уште од минатата година се во полн ек, и токму затоа исчекувањето се зголемува, а Скопје е подготвено да ги пречека најталентираните и најстрасните танчери во светот. Изборот на Скопје за град домаќин не само што го нагласува неговото појавување на глобалната сцена, туку и ја потврдува неговата посветеност на негување на танцот како уметност. Скопје ќе биде домаќин на скоро 6000 танчери од повеќе од 30 земји од светот, од пет континенти. Токму поради овие фасцинантни бројки, овој настан е одлична можност за промовирање на македонската култура, уметност и традиција, но и потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини и страст кон танцот. Сето тоа, го препозна и Светската танцова организација и ја поддржа идејата Скопје да биде центар на хип хоп доживувањето. Танцовото студио „Брејк А Лег “, во своето портфолијо има организирано голем број на вакви светски настани, па благодарение на долгогодишното богато искуство, подготви низа активности и настани кои се во знак на светското првенство што следува, меѓу кои и спектакуларниот концепрт на двете музички, мега ѕвезди, Пајак и Voyage, кој ќе се случи на 11.10.2024 во С.Ц Борис Трајковски. Скопското топло гостопримство, богатата историја и енергичната атмосфера несомнено ќе остават траен впечаток кај сите оние кои ќе присуствуваат на Светскиот шампионат во хип хоп 2024 година. Остануваат уште неколку месеци до Светскиот шампионат, а дотогаш, организаторите ќе продолжат позитивно да ја изненадуваат македонската јавност со интерактивни настани, концерти и активности во духот на хип хоп културата.

The post Скопскиот плоштад разигран во ритамот на повеќе од 500 млади танчери по повод Светскиот ден на танцот appeared first on Република.

]]>
Во танцот наоѓаме не само убавина и грациозност, туку и заеднички јазик кој не обединува сите https://republika.mk/vesti/kultura/vo-tantsot-naogame-ne-samo-ubavina-i-gratsioznost-tuku-i-zaednichki-jazik-koj-ne-obedinuva-site/ Mon, 29 Apr 2024 08:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=772096

Денеска (29 април 2024) го славиме Меѓународниот ден на танцот. Авторка на македонската порака е прима балерината Александра Мијалковска (МОБ Скопје), додека авторка на светската порака е аргентинската прима балерина Маријанела Њуноз (Кралски балет Буенос Аирес).

Почитувани, со огромно задоволство ја пишувам пораката до сите танчери кои својот живот го посветија на оваа уметност и до сите љубители на танцот. Денес се обединуваме да ја прославиме длабоката убавина и трансформативната моќ на танцот како уметничка форма која преку своето изразување ги надминува јазикот, културата и границите допирајќи ги срцата и душите на луѓето ширум светот. Се обединуваме да оддадеме почит на извонредната уметност на движење на телото како длабок израз на човечката креативност, различност и единство. Танцот е уметнички израз кој ги зближува луѓето поттикнувајќи разбирање, емпатија и поврзаност, и има клучна улога во чување на културното наследство, служејќи како складиште на традиции, обичаи и вредности кои се пренесуваат низ генерации. Танцувајќи, се ослободуваме од стегите на секојдневниот живот, наоѓаме утеха и радост, ги истражуваме нашите најдлабоки емоции, поврзувајќи се со универзумот. Танцот е доказ на моќта на човечкиот дух, потврда за нашата вродена креативност, издржливост и сила. И во најтешките моменти танчерите истрајуваат и преку секое движење на своето тело ја насoчуваат својата енергија развивајќи физичка, ментална и емоционална отпорност. Танцот поврзува, изразува, инспирира, и претставува мост помеѓу поединците како средство за социјална кохезија, затоа заслужува најголемо внимание и поддршка од сите структури во општеството. Би сакала институциите да дадат приоритет и да инвестираат во истражувачките процеси на танцот, препознавајќи ја неговата важност во унапредувањето на нашето разбирање за оваа форма на уметност и нејзиното влијание врз општеството. На тој начин ќе имаме можност да откриеме нови сознанија, техники и пристапи кои ќе ја збогатат практиката на оваа безвременска форма на уметноста. На овој Меѓународен ден на танцот, ве поттикнувам да ги прославиме не само неговата убавина и разноликост, туку и заедничката посветеност што танчерите ја носат во својата уметност. Да ја почитуваме макотрпната работа и триумфалните настапи кои го означуваат животот на танчерот, и да запаметиме дека, без оглед на стилот, танцот е одраз на најдлабоките моменти на животот - средство преку кое можеме да ја истражуваме нашата човечност, да ги изразиме нашите најдлабоки чувства и да се поврземе со другите на ниво кое зборовите не можат да го опишат. Додека го прославуваме денешниот ден, танцот нека нè потсетува на убавината на приказните изразени преку движењето како и значењето на зачувувањето на нашето културно наследство додека го прифаќаме новото и современото. Да продолжиме да ја поддржуваме уметноста, да инспирираме идни генерации на танчери и понатаму да вложуваме напори за да ја сочуваме важната улога што танцот ја има во општеството. На крај, ве поканувам да го доживеете танцот како сведоштво за отпорноста и креативноста на човечкиот дух. Нека нашето денешно прославување повторно ја разгори нашата страст кон танцот, да ја зголеми нашата почит кон неговите различни форми и да ја зајакне нашата посветеност кон градењето на неговата иднина. Во танцот, наоѓаме не само убавина и грациозност, туку и заеднички јазик кој не обединува сите. Затоа, да танцуваме, не само за себе, туку и за радоста и единството што танцот ги носи на светот. Нека продолжи танцот на животот давајќи им еднаkви можности на сите да уживаат во него.

М-р Александра Мијалкова е балетски уметник на балетскaта сценa во Република Македонија. Родена е на 24.06.1973 година во Скопје, основно и средно балетско образование завршува во МБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје, во класата на балетскиот педагог Ѓурѓица Јовановска. Од 1991 година е вработена во Македонската Опера и Балет како редовен член на балетскиот ансамбл каде настапува во целокупниот балетски репертоар, а во 1998 година станува првенка на балетот. Во 2006 година дипломира на „Украинската Академија за танц - Киевски факултет за кореографија на меѓународниот Славјански Универзитет“ во класата на реномираниот балетски педагог Елеонора Стебљак на тема „Балетите на Петар Илич Чајковски“ отсек педагог - репетитор за класичен балет. Во 2010 година магистрира на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје под менторство на професор д-р Марија Тофовиќ Камилова на тема „Интеракциско комуникациски релации помеѓу субјектите во балетското и музичкото образование“. Во 2010 година избрана е за доцент на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, во 2015 година е избрана за вонреден професор, а во 2020 година е избрана за редовен професор. Во рамките на наставно-образовната дејност континуирано изведува настава по предметите методика на класичен балет, репертоар и историски танци. Во широкиот репертоар на улоги спаѓаат улогите на: Одета и Одилија „Лебедово Езеро“, Жизела „Жизел“, Китри „Дон Кихот“, Медора „Корсар“, Маша „Оревокршачка“, Рајмонда „Рајмонда“ Забеида „Шехерезада“, Есмералда „Есмералда“, Јулија „Ромео и Јулија“, Екатерина „АнаКаренина“, Мазурка „Шопенијана“, Бес „Порги и Бес“, Ташула „Охридска робинка Ташула“, Девојка и Иштар „Еп за Гилгамеш“, Девојка „Македонска повест“, Вереница „Песни за љубовта исмртта“, Кансатнца Вебер „Златно перо“, Црвена жена „Пинк Флојд“, Солистка „Наполи“, Ленор „Танго“, Девојка „Бесконечно патување“, Неда „Силјан Штркот“, Елизабет „Дракула“,Асунта Манети Пјацола „Либертанго“, Кармен „Кармен“, Далила „Самсон и Далила“, Олга Коклова „Госпоѓиците од Авињон“и многу други. На 17-ти Ноември 2016 година одбележува 25 години уметничка дејност со светската премиера „Клеопатра“. Со ансамблот на Македонската Опера и Балет има остварено многубројни гостувања надвор од границите на својата земја во: Албанија, Англија, Босна и Херцеговина, Грција, Италија, Канада, Русија, Србија, Словенија, Турција, Украина, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора. Учествувала на интернационалните натпревари во Белград, Варна, Москва, Нови Сад и Париз каде освојува, златна плакета во Нови Сад и II место на Југословенскиот балетски натпревар во Белград. Во 2007 година ја добива наградата „13 Ноември“ на Град Скопје од областа на културата и уметноста. Во 2013 година ја добива Државната награда „Св. Климент Охридски“ како највисоко општествено признание за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста. Во 2015 година ја добива наградата од Сојузот на композитори на Македонија - СОКОМ „Виртуози“ за достигнувањата во областа на класичната музичка и балетска уметност, во категоријата музичко - сценски уметник. Во 2017 година добива Признание за врвни достигнувања во балетската уменост од организаторите на Интернационалниот Танцов Натпревар „Skopje Open“. Од 2019 година започнува да го пренесува своето знаење и долгогодишното искуство на помладата генерација балетски уметници како педагог - репетитор.

https://www.youtube.com/watch?v=R-JLgMG7Aj8&t=2s

Чита: Александра Мијалкова Монтажа на најавна/одјавна шпица: Михаило Апостолов Продуцент: Иванка Апостолова Баскар Организатори: Македонски центар ИТИ/ ПРОДУКЦИЈА (Скопје 2024)

The post Во танцот наоѓаме не само убавина и грациозност, туку и заеднички јазик кој не обединува сите appeared first on Република.

]]>

Денеска (29 април 2024) го славиме Меѓународниот ден на танцот. Авторка на македонската порака е прима балерината Александра Мијалковска (МОБ Скопје), додека авторка на светската порака е аргентинската прима балерина Маријанела Њуноз (Кралски балет Буенос Аирес).

Почитувани, со огромно задоволство ја пишувам пораката до сите танчери кои својот живот го посветија на оваа уметност и до сите љубители на танцот. Денес се обединуваме да ја прославиме длабоката убавина и трансформативната моќ на танцот како уметничка форма која преку своето изразување ги надминува јазикот, културата и границите допирајќи ги срцата и душите на луѓето ширум светот. Се обединуваме да оддадеме почит на извонредната уметност на движење на телото како длабок израз на човечката креативност, различност и единство. Танцот е уметнички израз кој ги зближува луѓето поттикнувајќи разбирање, емпатија и поврзаност, и има клучна улога во чување на културното наследство, служејќи како складиште на традиции, обичаи и вредности кои се пренесуваат низ генерации. Танцувајќи, се ослободуваме од стегите на секојдневниот живот, наоѓаме утеха и радост, ги истражуваме нашите најдлабоки емоции, поврзувајќи се со универзумот. Танцот е доказ на моќта на човечкиот дух, потврда за нашата вродена креативност, издржливост и сила. И во најтешките моменти танчерите истрајуваат и преку секое движење на своето тело ја насoчуваат својата енергија развивајќи физичка, ментална и емоционална отпорност. Танцот поврзува, изразува, инспирира, и претставува мост помеѓу поединците како средство за социјална кохезија, затоа заслужува најголемо внимание и поддршка од сите структури во општеството. Би сакала институциите да дадат приоритет и да инвестираат во истражувачките процеси на танцот, препознавајќи ја неговата важност во унапредувањето на нашето разбирање за оваа форма на уметност и нејзиното влијание врз општеството. На тој начин ќе имаме можност да откриеме нови сознанија, техники и пристапи кои ќе ја збогатат практиката на оваа безвременска форма на уметноста. На овој Меѓународен ден на танцот, ве поттикнувам да ги прославиме не само неговата убавина и разноликост, туку и заедничката посветеност што танчерите ја носат во својата уметност. Да ја почитуваме макотрпната работа и триумфалните настапи кои го означуваат животот на танчерот, и да запаметиме дека, без оглед на стилот, танцот е одраз на најдлабоките моменти на животот - средство преку кое можеме да ја истражуваме нашата човечност, да ги изразиме нашите најдлабоки чувства и да се поврземе со другите на ниво кое зборовите не можат да го опишат. Додека го прославуваме денешниот ден, танцот нека нè потсетува на убавината на приказните изразени преку движењето како и значењето на зачувувањето на нашето културно наследство додека го прифаќаме новото и современото. Да продолжиме да ја поддржуваме уметноста, да инспирираме идни генерации на танчери и понатаму да вложуваме напори за да ја сочуваме важната улога што танцот ја има во општеството. На крај, ве поканувам да го доживеете танцот како сведоштво за отпорноста и креативноста на човечкиот дух. Нека нашето денешно прославување повторно ја разгори нашата страст кон танцот, да ја зголеми нашата почит кон неговите различни форми и да ја зајакне нашата посветеност кон градењето на неговата иднина. Во танцот, наоѓаме не само убавина и грациозност, туку и заеднички јазик кој не обединува сите. Затоа, да танцуваме, не само за себе, туку и за радоста и единството што танцот ги носи на светот. Нека продолжи танцот на животот давајќи им еднаkви можности на сите да уживаат во него.
М-р Александра Мијалкова е балетски уметник на балетскaта сценa во Република Македонија. Родена е на 24.06.1973 година во Скопје, основно и средно балетско образование завршува во МБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје, во класата на балетскиот педагог Ѓурѓица Јовановска. Од 1991 година е вработена во Македонската Опера и Балет како редовен член на балетскиот ансамбл каде настапува во целокупниот балетски репертоар, а во 1998 година станува првенка на балетот. Во 2006 година дипломира на „Украинската Академија за танц - Киевски факултет за кореографија на меѓународниот Славјански Универзитет“ во класата на реномираниот балетски педагог Елеонора Стебљак на тема „Балетите на Петар Илич Чајковски“ отсек педагог - репетитор за класичен балет. Во 2010 година магистрира на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје под менторство на професор д-р Марија Тофовиќ Камилова на тема „Интеракциско комуникациски релации помеѓу субјектите во балетското и музичкото образование“. Во 2010 година избрана е за доцент на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, во 2015 година е избрана за вонреден професор, а во 2020 година е избрана за редовен професор. Во рамките на наставно-образовната дејност континуирано изведува настава по предметите методика на класичен балет, репертоар и историски танци. Во широкиот репертоар на улоги спаѓаат улогите на: Одета и Одилија „Лебедово Езеро“, Жизела „Жизел“, Китри „Дон Кихот“, Медора „Корсар“, Маша „Оревокршачка“, Рајмонда „Рајмонда“ Забеида „Шехерезада“, Есмералда „Есмералда“, Јулија „Ромео и Јулија“, Екатерина „АнаКаренина“, Мазурка „Шопенијана“, Бес „Порги и Бес“, Ташула „Охридска робинка Ташула“, Девојка и Иштар „Еп за Гилгамеш“, Девојка „Македонска повест“, Вереница „Песни за љубовта исмртта“, Кансатнца Вебер „Златно перо“, Црвена жена „Пинк Флојд“, Солистка „Наполи“, Ленор „Танго“, Девојка „Бесконечно патување“, Неда „Силјан Штркот“, Елизабет „Дракула“,Асунта Манети Пјацола „Либертанго“, Кармен „Кармен“, Далила „Самсон и Далила“, Олга Коклова „Госпоѓиците од Авињон“и многу други. На 17-ти Ноември 2016 година одбележува 25 години уметничка дејност со светската премиера „Клеопатра“. Со ансамблот на Македонската Опера и Балет има остварено многубројни гостувања надвор од границите на својата земја во: Албанија, Англија, Босна и Херцеговина, Грција, Италија, Канада, Русија, Србија, Словенија, Турција, Украина, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора. Учествувала на интернационалните натпревари во Белград, Варна, Москва, Нови Сад и Париз каде освојува, златна плакета во Нови Сад и II место на Југословенскиот балетски натпревар во Белград. Во 2007 година ја добива наградата „13 Ноември“ на Град Скопје од областа на културата и уметноста. Во 2013 година ја добива Државната награда „Св. Климент Охридски“ како највисоко општествено признание за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста. Во 2015 година ја добива наградата од Сојузот на композитори на Македонија - СОКОМ „Виртуози“ за достигнувањата во областа на класичната музичка и балетска уметност, во категоријата музичко - сценски уметник. Во 2017 година добива Признание за врвни достигнувања во балетската уменост од организаторите на Интернационалниот Танцов Натпревар „Skopje Open“. Од 2019 година започнува да го пренесува своето знаење и долгогодишното искуство на помладата генерација балетски уметници како педагог - репетитор. https://www.youtube.com/watch?v=R-JLgMG7Aj8&t=2s Чита: Александра Мијалкова Монтажа на најавна/одјавна шпица: Михаило Апостолов Продуцент: Иванка Апостолова Баскар Организатори: Македонски центар ИТИ/ ПРОДУКЦИЈА (Скопје 2024)

The post Во танцот наоѓаме не само убавина и грациозност, туку и заеднички јазик кој не обединува сите appeared first on Република.

]]>
Одбележување на Меѓународниот ден на танцот – 29 Април https://republika.mk/zivot/servisi/odbelezhuvane-na-megunarodniot-den-na-tantsot-29-april/ Sat, 29 Apr 2023 06:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=635165

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на танцот - 29 Април. Организатори на дигитално одбележување на овој ден се Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА.

Авторка на светската порака по повод Меѓународниот ден на танцот е кинеската танчерка и кореограф Јанг Липинг. Таа нагласува дека животот не престанува, затоа и танцот не престанува.

Танчерите и кореографите треба да ги наслушнат многу внимателно радостите и тагите на светот, користејќи го танцот, за да го заокружат дијалогот со нашата природа, како и животот на природата кој трае подолго од илјадници години. Денес, нема да продолжам да ја споделувам само културата на танцот во светот, туку се надевам дека ќе успеам да ги поканам сите танчери на светот кој го љубат танцот и кои сакаат да ги изразат своите емоции низ танцот; да се вклучат танцувајќи со цел заедно да ги возљубиме и почитуваме небото и земјата. Животот не престанува, затоа и танцот не престанува, порачува Јанг Липинг.

Авторот на домашната порака по повод Меѓународниот ден на танцот е македонскиот танчер, кореограф, перформер кој живее и работи на релација Шведска, Бугарија, Македонија -  Александар Георгиев. Тој напоменува дека танцот е тука, и постојано е присутен.

Танцот може да се сподели, но не може да се поседува; танцот може да се активира, но не е статус за парадирање, смета Георгиев.

Оваа порака, како што наведува, би ја дополнил со тоа дека треба да дозволиме танцот да ја добие својата автономија, своето застапување и својата независност, затоа што е тука и му треба континуирана еманципација.

Јас немам никакво право да зборувам во името на танцот, можам само да се залагам и да лобирам за моите перспективи во танцот. Мојата перцепција е дека танцот не треба и не може да се приватизира, бидејќи јас го гледам како индивидуално перципирана и преживеана, колективна практика, потенцира  Георгиев.

По повод Меѓународниот ден на танцот денеска во 14 часот во „Ист Гејт Мол“ ќе има танц перформанс од над 1000 танчери од повеќе танц студија од земјава.  Со тоа, како што се наведува, ќе се одбележи и поддржи богатата историја и културното значење на танцот како уметничка форма која е дел од човековото изразување илјадници години.

Настанот, како што се наведува, е најава за Европското првенство во хип-хоп и брејкденс што ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, како и Интернационалниот танц фестивал DANCE OFF 2023, што ќе се одржи во „Ист Гејт Мол“. И на двата настани, Скопје ќе биде домаќин на танчари од преку 20 земји од Европа.

Покрај танц перформанс, ќе има и диџеј и работилници по танц со повеќе кореографи од земјава.

По повод 29 април – Меѓународен ден на танцот, со почеток во 20 часот, во КСП Јадро ќе се изведе премиерна изведба на делото „Јас сум ти“ на Искра Шукарова и Тереза Лазарев. Претставата ќе се изведе денеска и утре, а број на места е лимитиран, 33 лица по претстава, известуваат од КСП Јадро.

The post Одбележување на Меѓународниот ден на танцот – 29 Април appeared first on Република.

]]>

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на танцот - 29 Април. Организатори на дигитално одбележување на овој ден се Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА. Авторка на светската порака по повод Меѓународниот ден на танцот е кинеската танчерка и кореограф Јанг Липинг. Таа нагласува дека животот не престанува, затоа и танцот не престанува.
Танчерите и кореографите треба да ги наслушнат многу внимателно радостите и тагите на светот, користејќи го танцот, за да го заокружат дијалогот со нашата природа, како и животот на природата кој трае подолго од илјадници години. Денес, нема да продолжам да ја споделувам само културата на танцот во светот, туку се надевам дека ќе успеам да ги поканам сите танчери на светот кој го љубат танцот и кои сакаат да ги изразат своите емоции низ танцот; да се вклучат танцувајќи со цел заедно да ги возљубиме и почитуваме небото и земјата. Животот не престанува, затоа и танцот не престанува, порачува Јанг Липинг.
Авторот на домашната порака по повод Меѓународниот ден на танцот е македонскиот танчер, кореограф, перформер кој живее и работи на релација Шведска, Бугарија, Македонија -  Александар Георгиев. Тој напоменува дека танцот е тука, и постојано е присутен.
Танцот може да се сподели, но не може да се поседува; танцот може да се активира, но не е статус за парадирање, смета Георгиев.
Оваа порака, како што наведува, би ја дополнил со тоа дека треба да дозволиме танцот да ја добие својата автономија, своето застапување и својата независност, затоа што е тука и му треба континуирана еманципација.
Јас немам никакво право да зборувам во името на танцот, можам само да се залагам и да лобирам за моите перспективи во танцот. Мојата перцепција е дека танцот не треба и не може да се приватизира, бидејќи јас го гледам како индивидуално перципирана и преживеана, колективна практика, потенцира  Георгиев.
По повод Меѓународниот ден на танцот денеска во 14 часот во „Ист Гејт Мол“ ќе има танц перформанс од над 1000 танчери од повеќе танц студија од земјава.  Со тоа, како што се наведува, ќе се одбележи и поддржи богатата историја и културното значење на танцот како уметничка форма која е дел од човековото изразување илјадници години. Настанот, како што се наведува, е најава за Европското првенство во хип-хоп и брејкденс што ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, како и Интернационалниот танц фестивал DANCE OFF 2023, што ќе се одржи во „Ист Гејт Мол“. И на двата настани, Скопје ќе биде домаќин на танчари од преку 20 земји од Европа. Покрај танц перформанс, ќе има и диџеј и работилници по танц со повеќе кореографи од земјава. По повод 29 април – Меѓународен ден на танцот, со почеток во 20 часот, во КСП Јадро ќе се изведе премиерна изведба на делото „Јас сум ти“ на Искра Шукарова и Тереза Лазарев. Претставата ќе се изведе денеска и утре, а број на места е лимитиран, 33 лица по претстава, известуваат од КСП Јадро.

The post Одбележување на Меѓународниот ден на танцот – 29 Април appeared first on Република.

]]>
Светскиот ден на танцот ќе го одбележат над 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија https://republika.mk/vesti/skopje/svetskiot-den-na-tantsot-ke-go-odbelezhat-nad-1000-tancheri-od-poveke-tants-studija-od-makedonija/ Thu, 27 Apr 2023 08:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=634499

Светскиот ден на танцот, посветен на славење на различноста и убавината на танцот ширум светот, во Скопје ќе се одбележи со танц перформанс од над 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија.

Во сабота од 14 часот во трговскиот центар „Ист гејт“ со овој голем перформанс ќе се поддржи богатата историја и културното значење на танцот како уметничка форма која е дел од човековото изразување илјадници години.

Настанот е воедно и најава за Европското првенство во хип-хоп и брејкденс, кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, како и за Интернационалниот танц фестивал DANCE OFF 2023. И на двата настани, Скопје ќе биде домаќин на танчери од преку 20 земји од Европа.

Во програмата во сабота, покрај танц перформанс, ќе има и диџеј - DJ NASTY, како и работилници по танц со повеќе кореографи од Македонија.

The post Светскиот ден на танцот ќе го одбележат над 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија appeared first on Република.

]]>

Светскиот ден на танцот, посветен на славење на различноста и убавината на танцот ширум светот, во Скопје ќе се одбележи со танц перформанс од над 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија. Во сабота од 14 часот во трговскиот центар „Ист гејт“ со овој голем перформанс ќе се поддржи богатата историја и културното значење на танцот како уметничка форма која е дел од човековото изразување илјадници години. Настанот е воедно и најава за Европското првенство во хип-хоп и брејкденс, кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, како и за Интернационалниот танц фестивал DANCE OFF 2023. И на двата настани, Скопје ќе биде домаќин на танчери од преку 20 земји од Европа. Во програмата во сабота, покрај танц перформанс, ќе има и диџеј - DJ NASTY, како и работилници по танц со повеќе кореографи од Македонија.

The post Светскиот ден на танцот ќе го одбележат над 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија appeared first on Република.

]]>
Пораки од Олга Панго и Канг Су-Јин за Светскиот ден на танцот: Танцот е слобода со која се надминуваат и најтешките ситуации во животот https://republika.mk/vesti/kultura/poraki-od-olga-pango-i-kang-su-jin-za-svetskiot-den-na-tancot-tancot-e-sloboda-so-koja-se-nadminuvaat-i-najteshkite-situacii-vo-zivotot/ Fri, 29 Apr 2022 07:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=495067

На 29 април дигитално ќе биде одбележан Светскиот ден на танцот, во соработка со балерината, кореограф и балетски педагог Олга Панго, која е авторка на годинашната македонска порака по повод Светскиот ден на танцот.

Како што информира Македонскиот центар на Интернационален театарски институт ПРОДУКЦИЈА, Панго порачува: „Танцувајте, танцувајте и само танцувајте!“. Таа апелира да се танцува секој ден, да се учат децата да танцуваат и да бидат среќни, а на постарите и немоќните да им се помогне го придвижат своето тело за да се чувствуваат подобро.

Да се пишува, да се зборува и да се живее танцот е привилегија која ја имаат само оние кои истрајуваат на патот на оваа чудесна уметност која значи живот. Танцот е начин на изразување, комуникација, љубов и несебично вложување во телото како инструмент, кој создава совршена музика, која може да се визуелизира. Танцот е мост кој го користиме да поминеме од една на друга страна: од потемна кон посветла, од не знаење кон знаење. Убавина која ја живееме во сите негови форми, се вели во пораката.

Според Панго, танцот е слобода со која се надминуваат најсложените и најтешките ситуации во животот и така светот ќе го направиме подобро место за живеење.

Танцот е толку возбудлив и забавен што ние кои се занимаваме со него сме среќни луѓе. Во времиња како овие, времиња на големи искушенија и транзиции, во ерата на пандемијата, единствениот спас е да се прочистуваме со нешта кои се возвишени: како танцот и уметноста воопшто. Танцот опстојувал, опстојува и ќе опстои независно од тоа колку општеството ќе ги поддржи оние кои го негуваат, се борат и живеат од него, со него и во него. Секојдневното присуство на танцот нè прави само посреќни и побезгрижни, наведува Панго.

Светската порака е на Канг Су-Јин од Јужна Кореја, танчерка, уметничка директорка на Националниот Балет во Јужна Кореја.

Катастрофата наречена КОВИД-19 го запре животот во кој бевме слободни, гледано од оваа перспектива (бевме послободни), меѓу другото оваа трагедија не наведе да ги промислуваме значењата на „танцот’’ и „танчерите’’. Во далечното минато, танцот бил примарна комуникациска експресија, зборови изразени преку гестови; танцот претворајќи се во уметност на перформансот ги придвижува душите и ја инспирира публиката. Танцот е уметност на моментот и тешко е да се реставрира во нејзината оригинална форма и облик, тогаш кога станува завршен, бидејќи е создаден со целото тело и душа. Танцот се создава во ефемерни моменти, ги одредува танчерите да бидат засекогаш во движење. Додека КОВИД-19 ѝ наметна рестрикции па дури ја блокира уметноста на танцот во нејзината изворна изразна форма…, вели Канг Су-Јин.

Според неа, состојбата постепено се подобрува, а танцовите изведби се уште се предмет на многу рекстрикции и ограничувања.

Ова ни предизвикува да ги цениме сите драгоцени моменти и сеќавања од времето кога танцот и танчерите блескаа како скапоцени камења на сцена, победувајќи ја човечката агонија и анксиозност, волја и надеж за живот и просветлен свет, наведува Канг Су-Јин.

Таа посочува дека публиката е жедна да ги теши и поддржува танчерите.

Како танчери ние веруваме дека ширењето на нашите танцови крилја им дава надеж во срцата на оние кои ја љубат уметноста на танцот и им дава храброст да ја надминат пандемијата. Моето срце почнува повторно да отчукува танцувајќи, се вели во пораката на Канг Су-Јин.

The post Пораки од Олга Панго и Канг Су-Јин за Светскиот ден на танцот: Танцот е слобода со која се надминуваат и најтешките ситуации во животот appeared first on Република.