Светски ден на Ромите Archives - Република https://republika.mk/tema/svetski-den-na-romite/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Apr 2023 16:42:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светски ден на Ромите Archives - Република https://republika.mk/tema/svetski-den-na-romite/ 32 32 Иако многу е направено за нивна интеграција, далеку сме од тоа да речеме дека дел од Ромите не се дискриминирани, велат од Демократскиот сојуз https://republika.mk/vesti/makedonija/iako-mnogu-e-napraveno-za-nivna-integratsija-daleku-sme-od-toa-da-recheme-deka-del-od-romite-ne-se-diskriminirani-velat-od-demokratskiot-sojuz/ Sat, 08 Apr 2023 16:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=628767

Демократскиот сојуз на сите Роми во Македонија им го честита Светскиот ден на Ромите со искрени желби и определба, Ромите како трудољубив и мирен народ да бидат интегрирани во општеството и да ги имаат сите можности и услови за напредок како и другите народи насекаде во светот.

Во Македонија многу е направено за подобрување на животот и статусот на Ромите, но далеку сме од тоа да можеме да речеме дека дел од Ромите не се дискриминирани и дека сите имаат еднакви шанси да се образоваат, вработувaат и да создаваат нови вредности.

Не треба да биде само овој ден кога се зборува за правата на Ромите, треба секојдневно да создаваме еднакви шанси за нив, но и за сите граѓани, велат од Демократскиот сојуз.

The post Иако многу е направено за нивна интеграција, далеку сме од тоа да речеме дека дел од Ромите не се дискриминирани, велат од Демократскиот сојуз appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз на сите Роми во Македонија им го честита Светскиот ден на Ромите со искрени желби и определба, Ромите како трудољубив и мирен народ да бидат интегрирани во општеството и да ги имаат сите можности и услови за напредок како и другите народи насекаде во светот.
Во Македонија многу е направено за подобрување на животот и статусот на Ромите, но далеку сме од тоа да можеме да речеме дека дел од Ромите не се дискриминирани и дека сите имаат еднакви шанси да се образоваат, вработувaат и да создаваат нови вредности. Не треба да биде само овој ден кога се зборува за правата на Ромите, треба секојдневно да создаваме еднакви шанси за нив, но и за сите граѓани, велат од Демократскиот сојуз.

The post Иако многу е направено за нивна интеграција, далеку сме од тоа да речеме дека дел од Ромите не се дискриминирани, велат од Демократскиот сојуз appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Македонија е земја на соживот, традиција, на взаемна почит, но се помалку е земја која дава надеж за подобра иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-makedonija-e-zemja-na-sozhivot-traditsija-na-vzaemna-pochit-no-se-pomalku-e-zemja-koja-dava-nadezh-za-podobra-idnina/ Fri, 07 Apr 2023 20:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=628504

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на на свечена академија по повод Светскиот ден на Ромите - 8 Април.

Обраќањето на Мицоски го пренесуваме во целост.

Дозволете ми веднаш во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, денот кога ја чествуваме ромската култура, но и денот кога отворено говориме за проблемите со кои се соочуваат Ромите. Лично сметам дека ова не смее да биде сведено само на еден ден во годината, туку треба да постои континуирано залагање од страна на сите чинители во нашата држава, овие теми да се отвораат и дискутираат во текот на целата година, затоа што Ромите се дел од македонската нација, тие се неотуѓив дел од македонското општество и нивните проблеми се проблеми за секој еден од нас.

Ромите со векови живеат во Македонија и со векови ги споделуваат радостите, но и тешките моменти заедно со Македонците и со сите останати. Нашето мултикултурно општество би било посиромашно без ромскиот јазик, без ромскиот фолклор, без ромската песна. Тие се дел и од нашата заедничка култура и ќе останат нераскинлив дел додека векот векува.

За мене секој граѓанин на Македонија е ист, за мене секој човек е роден ист, само што треба да има исти предуслови да ги развие и покаже своите капацитети. Верувам во овие мои зборови и затоа со години наназад повикувам да изградиме друштво во кое ќе му дадеме на секој поединец услови да се развива и да придонесува кон градењето на неговата и заедничката иднина.

Македонија е земја на соживот, на традиција, на взаемно разбирање, земја на взаемна почит, но се помалку е земја која дава надеж за подобра иднина. Ова го говорам со горчина во душата затоа што гледам како за жал нѐ има се помалку во татковината. Гледам како Ромите, Македонците, Албанците, Србите, Турците, Бошњаците, и останатите се повеќе и почесто си заминуваат од родната грутка за да бараат подобар живот во туѓина. Живееме години на егзодус и безнадежност.

Образованието ни е срозено. Здравството ни е колабирано. Економијата тоне со секој ден се повеќе. Тоа е резултатот на корумпираната елита на власт која се богати, која овозможува благодети само на мал слој околу нив, а сите останати ги втурнува во сиромаштија и очај. Го губиме народот како вода низ дланка, затоа што не им даваме можност за достоинствен живот, затоа што не им даваме можност за достоинствена работа и достоинствен стандард. Го губиме народот затоа што гледаме неправда на секој чекор, гледаме организиран криминал кој ја пљачкосува земјата, гледаме нефункционалност на институциите, гледаме уништен систем на вредности во кој не се вреднува човекот за жал, туку блискоста до власта и понизноста.

Тоа мора да престане. Тоа мора да заврши. Немаме веќе време за губење. Немаме веќе генерации за губење. Немаме веќе луѓе за губење. Секој во Македонија треба да се вложи во издигање на нашата татковина од пепелта во која власта на Ковачевски и Груби ја донесоа. Зборуваат дека се обединиле рамо до рамо, а јас ќе искористам една српска изрека и ќе речам се обединиле „све мој до мојега“ и го водат народот до поголема беда. Поради нивните погрешни политики Македонија стана најсиромашната земја во Европа и регионот, земја со најмал економски раст, со индустриско производство кое паѓа. Поради нивните политики инвестициите не избегнуваат во широк лак. Времето си го трошат како да наместат тендер, како да обезбедат имот за џабе, како да стават уште некој милион во своите џебови. Затоа се држат до своите фотелји и епски бегаат од избори. Знаат дека ќе изгубат. Мислат дека со продавање на националните и државните интереси ќе ја продолжат власта, но само ја продолжуваат агонијата и на крајот ќе завршат катастрофално.

Ние заедно со народот, заедно со секој од вас имаме коалиција и таа коалиција ќе се преточи во убедлива победа да избори. Но тука не завршуваме. Нашиот пат со народот ќе продолжи и понатаму, затоа што имаме обврска како генерација да изградиме подобра иднина за нас и за сите наши деца. Таа битка ќе ја водиме и во таа битка ќе извојуваме победа. Ќе изградиме Македонија која ќе биде достоинствена, почитувана, побогата и попросперитетна. Македонија која ќе нуди подобар живот и стандард за секого без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност.

Ова е Македонија за која сонуваме и работиме. Ова е Македонија на која Ромите заедно со Македонците и сите останати ќе бидат горди.

Да сте ми живи и здрави. Нека е честит денот.

Нека е вечна нашата заедничка татковина Македонија!

The post Мицкоски: Македонија е земја на соживот, традиција, на взаемна почит, но се помалку е земја која дава надеж за подобра иднина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на на свечена академија по повод Светскиот ден на Ромите - 8 Април. Обраќањето на Мицоски го пренесуваме во целост. Дозволете ми веднаш во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, денот кога ја чествуваме ромската култура, но и денот кога отворено говориме за проблемите со кои се соочуваат Ромите. Лично сметам дека ова не смее да биде сведено само на еден ден во годината, туку треба да постои континуирано залагање од страна на сите чинители во нашата држава, овие теми да се отвораат и дискутираат во текот на целата година, затоа што Ромите се дел од македонската нација, тие се неотуѓив дел од македонското општество и нивните проблеми се проблеми за секој еден од нас. Ромите со векови живеат во Македонија и со векови ги споделуваат радостите, но и тешките моменти заедно со Македонците и со сите останати. Нашето мултикултурно општество би било посиромашно без ромскиот јазик, без ромскиот фолклор, без ромската песна. Тие се дел и од нашата заедничка култура и ќе останат нераскинлив дел додека векот векува. За мене секој граѓанин на Македонија е ист, за мене секој човек е роден ист, само што треба да има исти предуслови да ги развие и покаже своите капацитети. Верувам во овие мои зборови и затоа со години наназад повикувам да изградиме друштво во кое ќе му дадеме на секој поединец услови да се развива и да придонесува кон градењето на неговата и заедничката иднина. Македонија е земја на соживот, на традиција, на взаемно разбирање, земја на взаемна почит, но се помалку е земја која дава надеж за подобра иднина. Ова го говорам со горчина во душата затоа што гледам како за жал нѐ има се помалку во татковината. Гледам како Ромите, Македонците, Албанците, Србите, Турците, Бошњаците, и останатите се повеќе и почесто си заминуваат од родната грутка за да бараат подобар живот во туѓина. Живееме години на егзодус и безнадежност. Образованието ни е срозено. Здравството ни е колабирано. Економијата тоне со секој ден се повеќе. Тоа е резултатот на корумпираната елита на власт која се богати, која овозможува благодети само на мал слој околу нив, а сите останати ги втурнува во сиромаштија и очај. Го губиме народот како вода низ дланка, затоа што не им даваме можност за достоинствен живот, затоа што не им даваме можност за достоинствена работа и достоинствен стандард. Го губиме народот затоа што гледаме неправда на секој чекор, гледаме организиран криминал кој ја пљачкосува земјата, гледаме нефункционалност на институциите, гледаме уништен систем на вредности во кој не се вреднува човекот за жал, туку блискоста до власта и понизноста. Тоа мора да престане. Тоа мора да заврши. Немаме веќе време за губење. Немаме веќе генерации за губење. Немаме веќе луѓе за губење. Секој во Македонија треба да се вложи во издигање на нашата татковина од пепелта во која власта на Ковачевски и Груби ја донесоа. Зборуваат дека се обединиле рамо до рамо, а јас ќе искористам една српска изрека и ќе речам се обединиле „све мој до мојега“ и го водат народот до поголема беда. Поради нивните погрешни политики Македонија стана најсиромашната земја во Европа и регионот, земја со најмал економски раст, со индустриско производство кое паѓа. Поради нивните политики инвестициите не избегнуваат во широк лак. Времето си го трошат како да наместат тендер, како да обезбедат имот за џабе, како да стават уште некој милион во своите џебови. Затоа се држат до своите фотелји и епски бегаат од избори. Знаат дека ќе изгубат. Мислат дека со продавање на националните и државните интереси ќе ја продолжат власта, но само ја продолжуваат агонијата и на крајот ќе завршат катастрофално. Ние заедно со народот, заедно со секој од вас имаме коалиција и таа коалиција ќе се преточи во убедлива победа да избори. Но тука не завршуваме. Нашиот пат со народот ќе продолжи и понатаму, затоа што имаме обврска како генерација да изградиме подобра иднина за нас и за сите наши деца. Таа битка ќе ја водиме и во таа битка ќе извојуваме победа. Ќе изградиме Македонија која ќе биде достоинствена, почитувана, побогата и попросперитетна. Македонија која ќе нуди подобар живот и стандард за секого без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност. Ова е Македонија за која сонуваме и работиме. Ова е Македонија на која Ромите заедно со Македонците и сите останати ќе бидат горди. Да сте ми живи и здрави. Нека е честит денот. Нека е вечна нашата заедничка татковина Македонија!

The post Мицкоски: Македонија е земја на соживот, традиција, на взаемна почит, но се помалку е земја која дава надеж за подобра иднина appeared first on Република.

]]>