Светски ден на џезот Archives - Република https://republika.mk/tema/svetski-den-na-dzezot/ За подобро да се разбереме Wed, 01 May 2024 13:06:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Светски ден на џезот Archives - Република https://republika.mk/tema/svetski-den-na-dzezot/ 32 32 „Џез – музика на човековиот род“-мастерклас со Тони Китановски за Светскиот ден на џезот https://republika.mk/scena/muzika/dhez-muzika-na-chovekoviot-rod-masterklas-so-toni-kitanovski-za-svetskiot-den-na-dhezot/ Wed, 01 May 2024 13:28:21 +0000 https://republika.mk/?p=773013

Младинскиот културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот организираше мастерклас со познатиот македонски џез музичар, гитаристот Тони Китановски. Темата на мастеркласот беше „Џез – музика на човековиот род“.

Овој мастерклас и концерт по десетти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја става на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

извор: култура 24.мк

The post „Џез – музика на човековиот род“-мастерклас со Тони Китановски за Светскиот ден на џезот appeared first on Република.

]]>

Младинскиот културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот организираше мастерклас со познатиот македонски џез музичар, гитаристот Тони Китановски. Темата на мастеркласот беше „Џез – музика на човековиот род“. Овој мастерклас и концерт по десетти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја става на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани. извор: култура 24.мк

The post „Џез – музика на човековиот род“-мастерклас со Тони Китановски за Светскиот ден на џезот appeared first on Република.

]]>
Концерти во Скопје и Битола за Меѓународниот ден на џезот на 30 април https://republika.mk/scena/muzika/koncerti-vo-skopje-i-bitola-za-megjunarodniot-den-na-dzezot-na-30-april/ Fri, 29 Apr 2022 07:31:46 +0000 https://republika.mk/?p=495064

За Меѓународниот ден на џезот кој се одбележува на 30 април, Здружението на џез музичари и слободни уметници организира концерт во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје.

Концертот започнува во 14 часот, а ќе настапат Џоле Грујовски „Resonance“, Џон Илија Апелгрин и Гордан Спасовски, „SS Project“, „Off Ground Ensemble“, „CuckooRack aka Bopers“, Сашо Поповски и Тони Китановски.

Исто така, Младинскиот културен центар Битола најави дека Меѓународниот ден на џезот во Битола ќе се одбележи со концерт на Тони Китановски Трио, односно Тони Китановски на гитара, Виктор Филиповски на тапани и Кирил Туфекчиевски на бас гитара.

Концертот ќе се започне во 12 часот и 30 минути во кафе-барот „Порта џез“.

Меѓународниот ден на џезот се одржува од 2012 година година, а со него се слави влијанието на џез музиката во промовирањето на мирот и меѓукултурниот дијалог.

The post Концерти во Скопје и Битола за Меѓународниот ден на џезот на 30 април appeared first on Република.

]]>

За Меѓународниот ден на џезот кој се одбележува на 30 април, Здружението на џез музичари и слободни уметници организира концерт во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје. Концертот започнува во 14 часот, а ќе настапат Џоле Грујовски „Resonance“, Џон Илија Апелгрин и Гордан Спасовски, „SS Project“, „Off Ground Ensemble“, „CuckooRack aka Bopers“, Сашо Поповски и Тони Китановски. Исто така, Младинскиот културен центар Битола најави дека Меѓународниот ден на џезот во Битола ќе се одбележи со концерт на Тони Китановски Трио, односно Тони Китановски на гитара, Виктор Филиповски на тапани и Кирил Туфекчиевски на бас гитара. Концертот ќе се започне во 12 часот и 30 минути во кафе-барот „Порта џез“. Меѓународниот ден на џезот се одржува од 2012 година година, а со него се слави влијанието на џез музиката во промовирањето на мирот и меѓукултурниот дијалог.

The post Концерти во Скопје и Битола за Меѓународниот ден на џезот на 30 април appeared first on Република.

]]>
Тони Китановски Трио настапува во Битола на Меѓународниот ден на џезот https://republika.mk/scena/muzika/toni-kitanovski-trio-nastapuva-vo-bitola-na-megjunarodniot-den-na-dzezot/ Thu, 28 Apr 2022 08:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=494630

Младински културен центар – Битола (официјален УНЕСКО младински клуб), реализира континуирани активности во текот на целата година во насока на промовирање на човековото достоинство, охрабрување на дијалогот и разбирањето помеѓу културите и цивилизациите.

Оваа година МКЦ – Битола по осми пат се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот, 30 април, со организирање на концерт на Тони Китановски Трио (Тони Китановски, гитара; Виктор Филиповски, тапани; Кирил Туфекчиевски, бас) в сабота, во кафе бар Порта Џез во Битола со почеток во 12.30 часот.

Тони Китановски е композитор кој свири гитара. Сметајќи дека како напреден инструменталист не му е во карактер да му биде кажано како да го свири својот инструмент, најдобар начин да ја усоврши гитарата е преку изучување на композиција. Благодарение на наградата Роберт Шер во форма на полна стипендија дипломира на престижниот Беркли колеџ. За време на студиите ја добива наградата Чарли Мингус за врвни музички достигнувања.

Композиција изучува под менторство на Грег Хопкинс и Херб Померој, специјални студии по композиција и аражирање со Денис Грило (ученик на Пол Хиндемит), посетува семинари по композиција на Ѓорѓи Лигети и Лучијано Берио на Конзерваторијумот на Нова Англија и на Харвард.

Покрај голем број композиции за џез состави, автор е и на синфониски дела, музика за филм, театар, перформанс и современ танц.

Професор е по џез гитара и композиција.

Организатори на сите седум континенти, секоја година, по повод Меѓународниот ден на џезот презентираат неверојатен спектар на перформанси, едукативни програми и програми за информирање на заедницата.

Овој концерт по осми пат ја става Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. На овој начин Битола ќе биде на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија, не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

The post Тони Китановски Трио настапува во Битола на Меѓународниот ден на џезот appeared first on Република.

]]>

Младински културен центар – Битола (официјален УНЕСКО младински клуб), реализира континуирани активности во текот на целата година во насока на промовирање на човековото достоинство, охрабрување на дијалогот и разбирањето помеѓу културите и цивилизациите. Оваа година МКЦ – Битола по осми пат се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот, 30 април, со организирање на концерт на Тони Китановски Трио (Тони Китановски, гитара; Виктор Филиповски, тапани; Кирил Туфекчиевски, бас) в сабота, во кафе бар Порта Џез во Битола со почеток во 12.30 часот. Тони Китановски е композитор кој свири гитара. Сметајќи дека како напреден инструменталист не му е во карактер да му биде кажано како да го свири својот инструмент, најдобар начин да ја усоврши гитарата е преку изучување на композиција. Благодарение на наградата Роберт Шер во форма на полна стипендија дипломира на престижниот Беркли колеџ. За време на студиите ја добива наградата Чарли Мингус за врвни музички достигнувања. Композиција изучува под менторство на Грег Хопкинс и Херб Померој, специјални студии по композиција и аражирање со Денис Грило (ученик на Пол Хиндемит), посетува семинари по композиција на Ѓорѓи Лигети и Лучијано Берио на Конзерваторијумот на Нова Англија и на Харвард. Покрај голем број композиции за џез состави, автор е и на синфониски дела, музика за филм, театар, перформанс и современ танц. Професор е по џез гитара и композиција. Организатори на сите седум континенти, секоја година, по повод Меѓународниот ден на џезот презентираат неверојатен спектар на перформанси, едукативни програми и програми за информирање на заедницата. Овој концерт по осми пат ја става Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. На овој начин Битола ќе биде на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија, не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

The post Тони Китановски Трио настапува во Битола на Меѓународниот ден на џезот appeared first on Република.

]]>
ЗЏМ по шестти пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот на 30 април на платото пред Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/zdzm-po-shestti-pat-kje-go-odbelezi-megjunarodniot-den-na-dzezot-na-30-april-na-platoto-pred-filharmonija/ Sun, 24 Apr 2022 11:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=493055

Здружението на џез музичари по шестти пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот, 30 април пред Платото пред Филхармонија. Настанот започнува од 14 часот, па се до доцните вечерни часови. Ќе настапат следниве музичари: Џоле Грујовски - Resonance,  Џон Илија Апелгрен & Гордан Спасовски,  SS Project, Off Ground Ensemble, Сашо Поповски,  CuckooRack aka Bopers, Тони Китановски.

Музиката има моќ да нè обедини сите и по повод Меѓународниот ден на џезот, да се собереме и заедно да уживаме во џезот славејќи ги неговите принципи и слободата на изразување – велат од ЗЏМ.

 

The post ЗЏМ по шестти пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот на 30 април на платото пред Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Здружението на џез музичари по шестти пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот, 30 април пред Платото пред Филхармонија. Настанот започнува од 14 часот, па се до доцните вечерни часови. Ќе настапат следниве музичари: Џоле Грујовски - Resonance,  Џон Илија Апелгрен & Гордан Спасовски,  SS Project, Off Ground Ensemble, Сашо Поповски,  CuckooRack aka Bopers, Тони Китановски.
Музиката има моќ да нè обедини сите и по повод Меѓународниот ден на џезот, да се собереме и заедно да уживаме во џезот славејќи ги неговите принципи и слободата на изразување – велат од ЗЏМ.
 

The post ЗЏМ по шестти пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот на 30 април на платото пред Филхармонија appeared first on Република.

]]>