светска економска криза Archives - Република https://republika.mk/tema/svetska-ekonomska-kriza/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Jun 2022 16:51:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png светска економска криза Archives - Република https://republika.mk/tema/svetska-ekonomska-kriza/ 32 32 ОЕЦД ја објави економската прогноза: Во Европа ќе биде најлошо https://republika.mk/vesti/svet/oecd-ja-objavi-ekonomskata-prognoza-vo-evropa-kje-bide-najlosho/ Thu, 09 Jun 2022 18:21:01 +0000 https://republika.mk/?p=513245

Светската економија годинава нагло ќе забави поради војната во Украина, што ја намали куповната моќ на граѓаните, а Европа ќе претрпи најтешки последици, предупреди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Светската економија годинава ќе порасне за три отсто, проценува ОЕЦД, намалувајќи ја декемвриската прогноза за 1,5 процентни поени. Во 2023 година растот би требало малку да забави, на 2,75 отсто, пресметаа во извештајот објавен вчера. Најтешко ќе бидат погодени европските економии, бидејќи тие се најмногу изложени на војната преку увоз на енергија и прием на бегалци.

Економијата на еврозоната ќе порасне за 2,6 отсто оваа година, половина помалку од 2021 година, проценува ОЕЦД, а следната година активноста ќе забави на само 1,6 отсто. Се очекува инфлацијата да достигне седум проценти оваа година и да забави до 4,6 проценти во 2023 година, пресметаа тие.

Германската економија ќе порасне за 1,9 отсто оваа година и 1,7 отсто во 2023 година, бидејќи закрепнувањето од корона кризата е попречено од војната во Украина и ембаргото на руската нафта. Се предвидува дека Франција ќе порасне за 2,4 отсто оваа година, што би требало да забави на 1,4 отсто во 2023 година.

Поради војната, италијанскиот БДП ќе порасне за само 2,5 отсто оваа година, по скокот од 6,6 отсто во 2021 година. Ќе забави на 1,2 отсто следната година. Се очекува Шпанија оваа година да забележи стапка на раст од 2,2 отсто поради зголемената неизвесност, високата инфлација и послабата надворешна побарувачка. Британскиот БДП ќе порасне за 3,6 отсто оваа година и ќе стагнира во 2023 година, покажуваат пресметките на ОЕЦД.

Економијата на САД ќе порасне за 2,5 отсто оваа година, по растот од 5,7 отсто во 2021 година, бидејќи проблемите со снабдувањето, повисоките цени на нафтата и побрзото темпо на нормализирање на монетарната политика ќе ги забават активностите повеќе од очекуваното, соопшти ОЕЦД. Во 2023 година се проценува дека растот ќе забави на 1,2 отсто.

Јапонија го забави бранот на инфекција со коронавирус, па се очекува економијата да порасне за 1,7 проценти и 1,8 проценти во 2023 година. Поради пандемските ограничувања, кинеската економија нагло забави и ќе порасне само 4,4 проценти оваа година, а потоа ќе забрза во 2023 година, со проектирана стапка на раст од 4,9 отсто, проценува ОЕЦД.

Индиската економија е негативно погодена од војната во Украина поради нејзината зависност од увоз на енергија. Така, растот на БДП на Индија во фискалната 2022 година би требало да забави на 6,9 отсто и на 6,2 отсто во 2023 година.

Во исто време, руската инвазија на Украина ги намали надежите дека високата инфлација предизвикана од прекините на снабдувањето во пандемијата на Ковид-19 ширум светот наскоро би можела да ослабне. Бидејќи Русија и Украина се водечки снабдувачи со многу суровини, нивните цени нагло се зголемија поради војната.

Доколку нешто не се преземе, постои голема опасност од криза во снабдувањето со храна, предупреди ОЕЦД.

The post ОЕЦД ја објави економската прогноза: Во Европа ќе биде најлошо appeared first on Република.

]]>

Светската економија годинава нагло ќе забави поради војната во Украина, што ја намали куповната моќ на граѓаните, а Европа ќе претрпи најтешки последици, предупреди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Светската економија годинава ќе порасне за три отсто, проценува ОЕЦД, намалувајќи ја декемвриската прогноза за 1,5 процентни поени. Во 2023 година растот би требало малку да забави, на 2,75 отсто, пресметаа во извештајот објавен вчера. Најтешко ќе бидат погодени европските економии, бидејќи тие се најмногу изложени на војната преку увоз на енергија и прием на бегалци. Економијата на еврозоната ќе порасне за 2,6 отсто оваа година, половина помалку од 2021 година, проценува ОЕЦД, а следната година активноста ќе забави на само 1,6 отсто. Се очекува инфлацијата да достигне седум проценти оваа година и да забави до 4,6 проценти во 2023 година, пресметаа тие. Германската економија ќе порасне за 1,9 отсто оваа година и 1,7 отсто во 2023 година, бидејќи закрепнувањето од корона кризата е попречено од војната во Украина и ембаргото на руската нафта. Се предвидува дека Франција ќе порасне за 2,4 отсто оваа година, што би требало да забави на 1,4 отсто во 2023 година. Поради војната, италијанскиот БДП ќе порасне за само 2,5 отсто оваа година, по скокот од 6,6 отсто во 2021 година. Ќе забави на 1,2 отсто следната година. Се очекува Шпанија оваа година да забележи стапка на раст од 2,2 отсто поради зголемената неизвесност, високата инфлација и послабата надворешна побарувачка. Британскиот БДП ќе порасне за 3,6 отсто оваа година и ќе стагнира во 2023 година, покажуваат пресметките на ОЕЦД. Економијата на САД ќе порасне за 2,5 отсто оваа година, по растот од 5,7 отсто во 2021 година, бидејќи проблемите со снабдувањето, повисоките цени на нафтата и побрзото темпо на нормализирање на монетарната политика ќе ги забават активностите повеќе од очекуваното, соопшти ОЕЦД. Во 2023 година се проценува дека растот ќе забави на 1,2 отсто. Јапонија го забави бранот на инфекција со коронавирус, па се очекува економијата да порасне за 1,7 проценти и 1,8 проценти во 2023 година. Поради пандемските ограничувања, кинеската економија нагло забави и ќе порасне само 4,4 проценти оваа година, а потоа ќе забрза во 2023 година, со проектирана стапка на раст од 4,9 отсто, проценува ОЕЦД. Индиската економија е негативно погодена од војната во Украина поради нејзината зависност од увоз на енергија. Така, растот на БДП на Индија во фискалната 2022 година би требало да забави на 6,9 отсто и на 6,2 отсто во 2023 година. Во исто време, руската инвазија на Украина ги намали надежите дека високата инфлација предизвикана од прекините на снабдувањето во пандемијата на Ковид-19 ширум светот наскоро би можела да ослабне. Бидејќи Русија и Украина се водечки снабдувачи со многу суровини, нивните цени нагло се зголемија поради војната. Доколку нешто не се преземе, постои голема опасност од криза во снабдувањето со храна, предупреди ОЕЦД.

The post ОЕЦД ја објави економската прогноза: Во Европа ќе биде најлошо appeared first on Република.

]]>
Германија: Само Русија е виновна за глобалните економски проблеми https://republika.mk/vesti/svet/germanija-samo-rusija-e-vinovna-za-globalnite-ekonomski-problemi/ Wed, 20 Apr 2022 16:05:21 +0000 https://republika.mk/?p=491323

Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер денеска оцени дека Русија е  виновна за глобалните економски проблеми.

Линднер на маргините на есенското заседание на ММФ во Вашингтон, според германските медиуми нагласи дека кризата не е предизвикана од санкциите на Западот, туку од руската агресија врз Украина.

Само Русија е одговорна за сегашните макроекономски ризици, нагласи Линднер.

Тој предупреди на опасноста од должничка криза во земјите во развој, како и на проблемите во снабдувањето со храна и економската стабилност.

Русија е причината за сето ова, нагласи Линднер.

Тој додаде дека не може да има враќање на вообичаената форма на соработка со рускиот претседател Владимир Путин додека тој не ја повлече војската од Украина.

The post Германија: Само Русија е виновна за глобалните економски проблеми appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер денеска оцени дека Русија е  виновна за глобалните економски проблеми. Линднер на маргините на есенското заседание на ММФ во Вашингтон, според германските медиуми нагласи дека кризата не е предизвикана од санкциите на Западот, туку од руската агресија врз Украина.
Само Русија е одговорна за сегашните макроекономски ризици, нагласи Линднер.
Тој предупреди на опасноста од должничка криза во земјите во развој, како и на проблемите во снабдувањето со храна и економската стабилност.
Русија е причината за сето ова, нагласи Линднер.
Тој додаде дека не може да има враќање на вообичаената форма на соработка со рускиот претседател Владимир Путин додека тој не ја повлече војската од Украина.

The post Германија: Само Русија е виновна за глобалните економски проблеми appeared first on Република.

]]>
Небензја: Западните санкции водат кон светска економска криза од историски размери https://republika.mk/vesti/svet/nebenzja-zapadnite-sankcii-vodat-kon-svetska-ekonomska-kriza-od-istoriski-razmeri/ Wed, 30 Mar 2022 08:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=480702

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, на седницата на Советот за безбедност на ОН за хуманитарната ситуација во Украина, предупреди дека едностраните санкции што Западот ги воведе кон Русија доведуваат до светска економска криза од историски размери.

Вистинските причини, кои на светскиот пазар на храна му се закануваат со сериозни турбуленции, не се поврзани со постапките на Русија, туку со нескротливата хистерија со санкции што Западот ја покрена против Русија, неразмислувајќи за населението на таканаречениот глобален Запад или неговите граѓани. Економски, финансиски и логистички се изолира од воспоставените долгорочни канали на соработка и веќе се претвора во економска криза од историски размери - истакна Небензја.

The post Небензја: Западните санкции водат кон светска економска криза од историски размери appeared first on Република.

]]>

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, на седницата на Советот за безбедност на ОН за хуманитарната ситуација во Украина, предупреди дека едностраните санкции што Западот ги воведе кон Русија доведуваат до светска економска криза од историски размери.
Вистинските причини, кои на светскиот пазар на храна му се закануваат со сериозни турбуленции, не се поврзани со постапките на Русија, туку со нескротливата хистерија со санкции што Западот ја покрена против Русија, неразмислувајќи за населението на таканаречениот глобален Запад или неговите граѓани. Економски, финансиски и логистички се изолира од воспоставените долгорочни канали на соработка и веќе се претвора во економска криза од историски размери - истакна Небензја.

The post Небензја: Западните санкции водат кон светска економска криза од историски размери appeared first on Република.

]]>