Свето Преображение Господово Archives - Република https://republika.mk/tema/sveto-preobrazhenie-gospodovo/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Aug 2024 14:44:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Свето Преображение Господово Archives - Република https://republika.mk/tema/sveto-preobrazhenie-gospodovo/ 32 32 Утре е Преображение Господово, се бери првото грозје, а не чини да се спие или плаче https://republika.mk/zivot/servisi/utre-e-preobrazhenie-gospodovo-se-beri-prvoto-grozje-a-ne-chini-da-se-spie-ili-plache/ Sun, 18 Aug 2024 14:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=807691

Православната црква и нејзините верници утре ќе го одбележат големиот празник, Преображение Господово.

Преображението Господово во Православието е познато и како летно Богојавление, бидејќи тогаш небото се отвори и се слушна гласот на Отецот Бог. Се верува дека, во пресрет на празникот, „вратата Божја“ се отвора на небото, каде што самиот Господ се појавува и ги исполнува желбите.

Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.

Кај народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник кои постојат и денес.

Се вели дека за среќа, токму на овој ден за прв пат во годината се бере грозје. Грозјето потоа се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Освен грозјето, се верува и дека другите есенски плодови носат среќа, па така порано се осветувале и јаболката, сливите, крушите.

https://republika.mk/zivot/servisi/se-veruva-deka-na-denesheniot-praznik-preobrazhenie-prvpat-vo-godinata-treba-da-se-nabere-grozje/

Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента. Некогаш на овој ден се завршувала и сезоната на капење.

Врежано е мислењето дека на Преображение и небото, во глуво време на ноќта, три пати се преобразува, и дека оној што ќе го види тоа и тоа ќе го обелодени на друг, ќе го изгуби разумот.

Како што се верува, на денешниов ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив.

Не е добро ни да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници.

 

The post Утре е Преображение Господово, се бери првото грозје, а не чини да се спие или плаче appeared first on Република.

]]>

Православната црква и нејзините верници утре ќе го одбележат големиот празник, Преображение Господово. Преображението Господово во Православието е познато и како летно Богојавление, бидејќи тогаш небото се отвори и се слушна гласот на Отецот Бог. Се верува дека, во пресрет на празникот, „вратата Божја“ се отвора на небото, каде што самиот Господ се појавува и ги исполнува желбите. Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата. Кај народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник кои постојат и денес. Се вели дека за среќа, токму на овој ден за прв пат во годината се бере грозје. Грозјето потоа се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Освен грозјето, се верува и дека другите есенски плодови носат среќа, па така порано се осветувале и јаболката, сливите, крушите. https://republika.mk/zivot/servisi/se-veruva-deka-na-denesheniot-praznik-preobrazhenie-prvpat-vo-godinata-treba-da-se-nabere-grozje/ Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента. Некогаш на овој ден се завршувала и сезоната на капење. Врежано е мислењето дека на Преображение и небото, во глуво време на ноќта, три пати се преобразува, и дека оној што ќе го види тоа и тоа ќе го обелодени на друг, ќе го изгуби разумот. Како што се верува, на денешниов ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив. Не е добро ни да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници.  

The post Утре е Преображение Господово, се бери првото грозје, а не чини да се спие или плаче appeared first on Република.

]]>
Осветен манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево https://republika.mk/vesti/makedonija/osveten-manastirot-sveto-preobrazhenie-gospodovo-vo-krushevo/ Sun, 24 Sep 2023 11:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=684654

Манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, во чија изградба придонесе и Тоше Проески, денеска е осветен во присуство на голем број верници.

Чинот на осветување го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

 

Со новиот фрескоживопис поставен неодамна, овој манастир го добива својот целосен сјај.

 

The post Осветен манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево appeared first on Република.

]]>

Манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, во чија изградба придонесе и Тоше Проески, денеска е осветен во присуство на голем број верници. Чинот на осветување го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.   Со новиот фрескоживопис поставен неодамна, овој манастир го добива својот целосен сјај.  

The post Осветен манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево appeared first on Република.

]]>