светиот крст Archives - Република https://republika.mk/tema/svetiot-krst/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jan 2024 10:25:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png светиот крст Archives - Република https://republika.mk/tema/svetiot-krst/ 32 32 Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 70 верници https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/svetiot-krst-ke-bide-polozhen-vo-vodite-na-radika-dosega-prijaveni-nad-70-vernitsi/ Tue, 16 Jan 2024 10:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=733539

Свештената бигорска обител соопшти дека со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите заинтересирани.

За неколку часови од објавата пријавени се над 70 верници, од повеќе градови на нашата држава. Можност имаат да се пријавуваат и следните денови. Очекуваме да има двојно повеќе. Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество во чинот на полагањето на крстот во водите на реката Радика, може да се пријават на мојот телефонски број 070 342 970, рече за МИА архимандрит Доситеј.

Што се однесува до богослужбите, според отец Кирил, по повод овој голем прзник утре, 17 јануари, во 16 часот ќе почне вечерна богослужба, додека од 23 до 4 часот ќе има сеноќно бдение со Архиерејска Божествена Литургија, на којашто ќе чиноначалствува епископот Антаниски г. Партениј.

На 18 јануари од 4 до 4:30 часот ќе има богојавленски голем водосвет во манастирската фијала, додека во четврток, 19 јануари, на денот на празникот, во 8 часот, по традиција ќе биде одржана Божествена Златоустова литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во село Ростуше, со која на којашто ќе чиноначалствува владиката Партениј од каде во 9:30 часот ќе тргне торжествената Литија до „Ростушки мост“, каде ќе биде полагање на Крстот во реката Радика, рече отец Кирил.

Додава дека вечерта во 19 часот ќе почне вечерна богослужба во чест на Свети Јован, додека во сабота кога се слави соборот на Свети Јован Крстител, во 6:30 Утрена и Божествена литургија.

Според отецот, многу е важно учесниците во чинот на полагањето на крстот во водата претходно да учествуваат и на Божествената литургија со примање на Светата причест.

Всушност самиот овој чин не треба да биде сфатен како еден обичен ритуал, ниту некаква натпреварувачка игра на којашто целта е само да се фати крстот, туку учесниците после Литургијата треба со литија да се упатат кон местото каде што ќе се осветуваат водите, и тука со најголема почит и внимание да ги слушаат прекрасните молитви на водосветот, без непристојно однесување и викање, бидејќи така си го отфрлаат благословот, додава отец Кирил.

На традиционалното скокање по крстот, од година во години бројот на оние кои се одлучуваат на овој чин е се поголем а заедно со верниците секогаш се и претставници на локалната власт на општина Маврово и Ростуше, предвоени од градоначалникот, кој го дарува оној кој прв ќе стигне до крстот.

The post Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 70 верници appeared first on Република.

]]>

Свештената бигорска обител соопшти дека со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите заинтересирани.
За неколку часови од објавата пријавени се над 70 верници, од повеќе градови на нашата држава. Можност имаат да се пријавуваат и следните денови. Очекуваме да има двојно повеќе. Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество во чинот на полагањето на крстот во водите на реката Радика, може да се пријават на мојот телефонски број 070 342 970, рече за МИА архимандрит Доситеј.
Што се однесува до богослужбите, според отец Кирил, по повод овој голем прзник утре, 17 јануари, во 16 часот ќе почне вечерна богослужба, додека од 23 до 4 часот ќе има сеноќно бдение со Архиерејска Божествена Литургија, на којашто ќе чиноначалствува епископот Антаниски г. Партениј.
На 18 јануари од 4 до 4:30 часот ќе има богојавленски голем водосвет во манастирската фијала, додека во четврток, 19 јануари, на денот на празникот, во 8 часот, по традиција ќе биде одржана Божествена Златоустова литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во село Ростуше, со која на којашто ќе чиноначалствува владиката Партениј од каде во 9:30 часот ќе тргне торжествената Литија до „Ростушки мост“, каде ќе биде полагање на Крстот во реката Радика, рече отец Кирил.
Додава дека вечерта во 19 часот ќе почне вечерна богослужба во чест на Свети Јован, додека во сабота кога се слави соборот на Свети Јован Крстител, во 6:30 Утрена и Божествена литургија. Според отецот, многу е важно учесниците во чинот на полагањето на крстот во водата претходно да учествуваат и на Божествената литургија со примање на Светата причест.