Свети Прокопиј Archives - Република https://republika.mk/tema/sveti-prokopij/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Jul 2024 09:41:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Свети Прокопиј Archives - Република https://republika.mk/tema/sveti-prokopij/ 32 32 Тежок празник е денеска: Воздржете се, никако не правете го ова https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tezhok-praznik-e-deneska-vozdrzhete-se-nikako-ne-pravete-go-ova/ Sun, 21 Jul 2024 09:58:02 +0000 https://republika.mk/?p=798896

Православната црква денеска го одбележува споменот на Свети великомаченик Прокопиј. Станува збор за еден од поголемите христијански празници од летниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 8 јули, односно на 21 јули по стариот календар.

Народот го смета за тежок празник, односно за да не го прокопа порој полето, а жените го држат празник за да им се прокопсани децата.

Светиот великомаченик Прокопиј живеел во време на царот Диоклецијан, а тоа е време на најжестоки прогони на христијаните. Пред да стане христијанин се викал Неание. Татко му бил христијанин, но мајка му не била христијанка туку верувала во многу богови. И Прокопиј во младоста не бил христијанин туку многубожец, а во службата брзо напредувал и станал александриски војвода. Но еднаш за време на бура слушнал глас од небото, а кога погледнал нагоре видел крст. Веднаш порачал да му се направи таков крст што го носел секогаш со себе. По една борба од која излегол како победник мајка му го повикала да им принесе жртва на римските богови. А кога тој одбил тоа да го направи признавајќи дека е христијанин таа го пријавила кај царот. Царот најпрвин го убедувал да се откаже од христовата вера и да му се врати на идолопоклонството, а кога Прокопиј без размислувње тоа го одбил бил затворен, мачен, а потоа исечен со меч, во 303 година во Кесарија. Преданието раскажува дека заедно со Прокопиј биле мачени и дваесетина девојки затоа што станале христијанки. Прокопиј ги советувал да истраат во верата и во смртта да појдат со задоволство како да одат на свадбен церемонијал. Поради тоа што ги поврзал бракот со христијанската чистина Прокопиј се споменува во црквата при венчавањето. Споменот на Светиот великомаченик Прокопиј се празнува на 21/8 јули, овој ден народот го смета за тежок празник и тогаш не се работи.

Иако во календарот овој празник не е со црвена буква на многу места се почитува денот на Свети Прокопиј. Овој светител спаѓа во рангот на „огнените светци“, во кои спаѓаат и свети Илија и Света Марија Огнена.

Традиционално, овој ден се смета дека не е добар за капење во реки и други проточни води. Се вели: „Ни во планина, ни во вода“.

Слично, бидејќи станува збор за благ светец кој секогаш го гледал само најдоброто во луѓето, на овој ден се избегнуваат кавги и пцовки.

Поради тоа што неговото име се споменува за време на брачната заедница, во некои краишта се смета дека овој ден е погоден за свадби, бидејќи свети Прокопиј денес ги посетува и благословува младенците.

Освен младенците, свети Прокопиј се смета и за заштитник на децата, а како свој заштитник го слават каменорезците и бунарите.

The post Тежок празник е денеска: Воздржете се, никако не правете го ова appeared first on Република.

]]>

Православната црква денеска го одбележува споменот на Свети великомаченик Прокопиј. Станува збор за еден од поголемите христијански празници од летниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 8 јули, односно на 21 јули по стариот календар. Народот го смета за тежок празник, односно за да не го прокопа порој полето, а жените го држат празник за да им се прокопсани децата. Светиот великомаченик Прокопиј живеел во време на царот Диоклецијан, а тоа е време на најжестоки прогони на христијаните. Пред да стане христијанин се викал Неание. Татко му бил христијанин, но мајка му не била христијанка туку верувала во многу богови. И Прокопиј во младоста не бил христијанин туку многубожец, а во службата брзо напредувал и станал александриски војвода. Но еднаш за време на бура слушнал глас од небото, а кога погледнал нагоре видел крст. Веднаш порачал да му се направи таков крст што го носел секогаш со себе. По една борба од која излегол како победник мајка му го повикала да им принесе жртва на римските богови. А кога тој одбил тоа да го направи признавајќи дека е христијанин таа го пријавила кај царот. Царот најпрвин го убедувал да се откаже од христовата вера и да му се врати на идолопоклонството, а кога Прокопиј без размислувње тоа го одбил бил затворен, мачен, а потоа исечен со меч, во 303 година во Кесарија. Преданието раскажува дека заедно со Прокопиј биле мачени и дваесетина девојки затоа што станале христијанки. Прокопиј ги советувал да истраат во верата и во смртта да појдат со задоволство како да одат на свадбен церемонијал. Поради тоа што ги поврзал бракот со христијанската чистина Прокопиј се споменува во црквата при венчавањето. Споменот на Светиот великомаченик Прокопиј се празнува на 21/8 јули, овој ден народот го смета за тежок празник и тогаш не се работи. Иако во календарот овој празник не е со црвена буква на многу места се почитува денот на Свети Прокопиј. Овој светител спаѓа во рангот на „огнените светци“, во кои спаѓаат и свети Илија и Света Марија Огнена. Традиционално, овој ден се смета дека не е добар за капење во реки и други проточни води. Се вели: „Ни во планина, ни во вода“. Слично, бидејќи станува збор за благ светец кој секогаш го гледал само најдоброто во луѓето, на овој ден се избегнуваат кавги и пцовки. Поради тоа што неговото име се споменува за време на брачната заедница, во некои краишта се смета дека овој ден е погоден за свадби, бидејќи свети Прокопиј денес ги посетува и благословува младенците. Освен младенците, свети Прокопиј се смета и за заштитник на децата, а како свој заштитник го слават каменорезците и бунарите.

The post Тежок празник е денеска: Воздржете се, никако не правете го ова appeared first on Република.

]]>