Света Марина Archives - Република https://republika.mk/tema/sveta-marina/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 18:51:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Света Марина Archives - Република https://republika.mk/tema/sveta-marina/ 32 32 Одбележувањето на патронот на манастирот „Света Марина“ во Туминец, Мала Преспа https://republika.mk/vesti/balkan/odbelezhuvaneto-na-patronot-na-manastirot-sveta-marina-vo-tuminets-mala-prespa/ Tue, 30 Jul 2024 18:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=801815

Во присуство на голем број верници од Мала Преспа, поранешни жители и нивните потомци од оваа област, но и Македонци од Корча, Подградец, и други градови во Албанија, како и Ресен, Прилеп и Битола, одбележан беше патронот на манастирот „Света Марина“ во Туминец, Мала Преспа.

Одбележувањето почна синоќа, со вечерна богослужба, а по вечерата приложена од кумовите на манастирската слава Ставре Ставре, Славче Ставре и Васил Јанкула, во дворот на манастирот до доцна во ноќта се виеше македонско оро и се пееја македонски песни.

По денешната утринска богослужба, се светеше вода, по што продолжи дружењето на присутните, меѓу нив и иселеници, кои каде и да се, за овој празник се тука во родниот крај. Богослужбите ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири и двајцата Македонци од Мала Преспа.

Организатор на одбележувањето на манастирската слава беше Црковниот одбор, а традиционално по повод денешниот празник посветен на Света великомаченица Марина – Марена – Огнена Марија, честитки упатија, градоначалникот на општина Пустец Пали Колефски, лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, претседателот на друштвото „Преспа“ и поранешен градоначалник Едмонд Темелко, Никола Ѓурѓај, претседател на МД „Илинден“-Тирана, како и познатиот активист Панди Јани и локален лидер на Партија на слободата.

- Честит и вековит да ни е денешниот ден посветен на Света Марена, да ни е на помош и да ни дарува здравје, многу радост, среќа, мир благосостојба. Огнена Марија е симбол на верба, надеж и љубов. Нека нејзината светлина ви го осветли патот и ве води кон напредок и благослови. Нека овој празник биде потсетник за важноста на заедништвото и меѓусебната поддршка во нашата заедница, главно посакуваат во честитките.

Овој манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското Езеро, покрај местото наречено Писан Камен, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност. Во него се наоѓаат поголем дел од моштите на Светицата каде сè уште се случуваат чуда над нејзините мошти

Инаку, селото Туминец е едно од деветте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење – Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Денеска празникот Света Марена се одбележа и во областа Шпат, која е под јурисдикција на Елбасанска митрополија. Во округот Елбасан живее многубројна македонска и друга православна заедница.

The post Одбележувањето на патронот на манастирот „Света Марина“ во Туминец, Мала Преспа appeared first on Република.

]]>

Во присуство на голем број верници од Мала Преспа, поранешни жители и нивните потомци од оваа област, но и Македонци од Корча, Подградец, и други градови во Албанија, како и Ресен, Прилеп и Битола, одбележан беше патронот на манастирот „Света Марина“ во Туминец, Мала Преспа. Одбележувањето почна синоќа, со вечерна богослужба, а по вечерата приложена од кумовите на манастирската слава Ставре Ставре, Славче Ставре и Васил Јанкула, во дворот на манастирот до доцна во ноќта се виеше македонско оро и се пееја македонски песни. По денешната утринска богослужба, се светеше вода, по што продолжи дружењето на присутните, меѓу нив и иселеници, кои каде и да се, за овој празник се тука во родниот крај. Богослужбите ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири и двајцата Македонци од Мала Преспа. Организатор на одбележувањето на манастирската слава беше Црковниот одбор, а традиционално по повод денешниот празник посветен на Света великомаченица Марина – Марена – Огнена Марија, честитки упатија, градоначалникот на општина Пустец Пали Колефски, лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, претседателот на друштвото „Преспа“ и поранешен градоначалник Едмонд Темелко, Никола Ѓурѓај, претседател на МД „Илинден“-Тирана, како и познатиот активист Панди Јани и локален лидер на Партија на слободата.
- Честит и вековит да ни е денешниот ден посветен на Света Марена, да ни е на помош и да ни дарува здравје, многу радост, среќа, мир благосостојба. Огнена Марија е симбол на верба, надеж и љубов. Нека нејзината светлина ви го осветли патот и ве води кон напредок и благослови. Нека овој празник биде потсетник за важноста на заедништвото и меѓусебната поддршка во нашата заедница, главно посакуваат во честитките.
Овој манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското Езеро, покрај местото наречено Писан Камен, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност. Во него се наоѓаат поголем дел од моштите на Светицата каде сè уште се случуваат чуда над нејзините мошти Инаку, селото Туминец е едно од деветте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење – Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители. Денеска празникот Света Марена се одбележа и во областа Шпат, која е под јурисдикција на Елбасанска митрополија. Во округот Елбасан живее многубројна македонска и друга православна заедница.

The post Одбележувањето на патронот на манастирот „Света Марина“ во Туминец, Мала Преспа appeared first on Република.

]]>
Денеска е Св. великомаченица Марина https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-sv-velikomachenitsa-marina/ Tue, 30 Jul 2024 05:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=801472

Православните верници го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со „црвена буква“, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот.

Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена.

Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post Денеска е Св. великомаченица Марина appeared first on Република.

]]>

Православните верници го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци. Иако овој празник на црквата во календарот не е означен со „црвена буква“, но сепак е многу почитуван во црквата и меѓу народот. Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post Денеска е Св. великомаченица Марина appeared first on Република.

]]>
Денеска e Огнена Марија: Внимавајте со какви активности ќе се занимавате денес https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-ognena-marija-vnimavajte-so-kakvi-aktivnosti-ke-se-zanimavate-denes/ Sun, 30 Jul 2023 07:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=666807

Православната црква и верниците на 30 јули го слават празникот на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија, која е почитувана како борец за христијанската вера и заштитничка на жената.

Покрај православните, Огнената Марија ја почитуваат и католиците и оние од исламска вероисповед, кои ја нарекуваат „српска Упаљуша“. Затоа, внимавајте со какви активности ќе се занимавате денеска, за да не ви се случи нешто многу лошо.

Денот на Светата маченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, се смета за многу почитуван празник, особено кај жените, па затоа е обичај на тој ден да не се работи физичка работа или работа на нива. Во црковниот календар 30 јули не е означен со „црвена буква“, но жените на тој ден од почит кон овој празник одбиваат дури и да закачат игла.

Во фолклорот се зачувани примери на оган или молњи кои гореле жито, сено и домови на луѓе кои згрешиле работејќи на празникот Огнена Марија во жешките празнични денови.

Светата маченичка Марина е родена во Антиохија, се крстила на 12 години, а на рана возраст ја изгубила мајка си, а татко и кога дознал дека е христијанка ја избркал од дома. На пат од Антиохија го сретнала епархот Олимбриј, кој отишол да ги прогонува христијаните. Бидејќи таа го одбила понудениот брак и поради нејзината вера во Господ Исус Христос, гневниот епарх наредил да биде изложена на најлошите маки.

Народното верување вели дека Огнената Марија гори и казнува со оган и дека громот на овој свет ден е лош знак. Тоа може да значи дека претстои тешка и сушна година, а постарите тврдат дека ваквите ситуации укажувале на болест и сиромаштија.

Кај православните особена стравопочит предизвикува Огнената Марија (која, инаку, во народната традиција е позната како сестра на Илија Громовник и Света Пантелија). На тој ден (30 јули по нов календар или 17 по стар календар) никој не работи бидејќи се смета дека на тој ден секоја работа е неправилна и грешна, дека секој што ќе ја наруши волјата Божја на тој ден. денот не може да ја очекува неговата милост.

Некои православни семејства го одбележуваат споменот на Огнената Марија како слава за крштевање. Моштите на овој светител почиваат во манастирот Света Марина во Албанија, на планината Лонга над Охридското Езеро.

The post Денеска e Огнена Марија: Внимавајте со какви активности ќе се занимавате денес appeared first on Република.

]]>

Православната црква и верниците на 30 јули го слават празникот на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија, која е почитувана како борец за христијанската вера и заштитничка на жената. Покрај православните, Огнената Марија ја почитуваат и католиците и оние од исламска вероисповед, кои ја нарекуваат „српска Упаљуша“. Затоа, внимавајте со какви активности ќе се занимавате денеска, за да не ви се случи нешто многу лошо. Денот на Светата маченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, се смета за многу почитуван празник, особено кај жените, па затоа е обичај на тој ден да не се работи физичка работа или работа на нива. Во црковниот календар 30 јули не е означен со „црвена буква“, но жените на тој ден од почит кон овој празник одбиваат дури и да закачат игла. Во фолклорот се зачувани примери на оган или молњи кои гореле жито, сено и домови на луѓе кои згрешиле работејќи на празникот Огнена Марија во жешките празнични денови. Светата маченичка Марина е родена во Антиохија, се крстила на 12 години, а на рана возраст ја изгубила мајка си, а татко и кога дознал дека е христијанка ја избркал од дома. На пат од Антиохија го сретнала епархот Олимбриј, кој отишол да ги прогонува христијаните. Бидејќи таа го одбила понудениот брак и поради нејзината вера во Господ Исус Христос, гневниот епарх наредил да биде изложена на најлошите маки. Народното верување вели дека Огнената Марија гори и казнува со оган и дека громот на овој свет ден е лош знак. Тоа може да значи дека претстои тешка и сушна година, а постарите тврдат дека ваквите ситуации укажувале на болест и сиромаштија. Кај православните особена стравопочит предизвикува Огнената Марија (која, инаку, во народната традиција е позната како сестра на Илија Громовник и Света Пантелија). На тој ден (30 јули по нов календар или 17 по стар календар) никој не работи бидејќи се смета дека на тој ден секоја работа е неправилна и грешна, дека секој што ќе ја наруши волјата Божја на тој ден. денот не може да ја очекува неговата милост. Некои православни семејства го одбележуваат споменот на Огнената Марија како слава за крштевање. Моштите на овој светител почиваат во манастирот Света Марина во Албанија, на планината Лонга над Охридското Езеро.

The post Денеска e Огнена Марија: Внимавајте со какви активности ќе се занимавате денес appeared first on Република.

]]>
МПЦ ја слави Свети великомаченица Марина https://republika.mk/zivot/servisi/mpts-ja-slavi-sveti-velikomachenitsa-marina/ Sun, 30 Jul 2023 06:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=666783

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јули.

Денеска е Св. великомаченица Марина.

Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка.

Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post МПЦ ја слави Свети великомаченица Марина appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 јули. Денеска е Св. великомаченица Марина. Оваа Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, по што доживеа да биде презрена од сопствените родители. Во времето на Диоклецијан, Олимвриј, царскиот намесник во Антиохија, кога слушна дека света Марина е христијанка, а пленет од нејзината убавина, првин сакаше таа да му биде жена. Кога таа одби, ја изведе на суд по секој пропис како христијанка. Света Марина беше цели два дена подложена на мачење и најпосле обезглавена. Поголем дел од нејзините мошти се наоѓаат во манастирот Света Марина, во областа Мала Преспа (македонските села во Албанија), каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post МПЦ ја слави Свети великомаченица Марина appeared first on Република.

]]>