света Богородица болничка Archives - Република https://republika.mk/tema/sveta-bogorodica-bolnichka/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Dec 2022 10:00:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png света Богородица болничка Archives - Република https://republika.mk/tema/sveta-bogorodica-bolnichka/ 32 32 Завршија конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка https://republika.mk/vesti/kultura/zavrshija-konzervatosko-restavratorskite-aktivnosti-na-freskozivopisot-vo-crkvata-sveta-bogorodica-bolnichka/ Tue, 13 Dec 2022 10:00:02 +0000 https://republika.mk/?p=585095

Завршија конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка, соопшти денеска националната установа Завод и Музеј – Охрид.

Црквата, која се наоѓа во центарот на Охрид, во близина на плоштадот Долна Порта, датира од 14 век, со фрескоживопис од 1370 година, кој низ вековите претрпел измени.

Директорката на институцијата Катерина Велкоска информира дека со конзервацијата било опфатено фиксирање и стабилизирање на ранливи делови нападнати од влага на источниот и северниот ѕид, која негативно делувала на основите на живописот.

На јужниот ѕид од наосот беа обновени старите конзерваторски малтери, додека на источната и северната фасада беа обновени старите и дотраени фуги од кои навлегуваше дождовна вода, изјави Велкоска.

Покрај реставратоските активности, со помош од МПЦ, додаде, бил исчистен и кровот од мов, лисја и вегетација.

Во оваа црква, посочи директорката на Завод и музеј – Охрид, значајни се двата слоја на фрескосликарството, едниот од 14 век и пресликувањата од 1834 година. Интервенции врз фрескосликарството, според неа, последен пат биле правени во 1959/69 година, кога бил изваден вториот слој и е прикажан на посебна подлога и на држачи независно од архитектурата на црквата.

Црквата Света Богородица Болничка припаѓа на малите еднокорабни духовни храмови од 14 век, а стариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф. Заедно со црквата Свети Никола, која се наоѓа веднаш до неа, охриѓани ги нарекуваат болнички, бидејќи во средниот век таму постоела болница, која се користела и како карантин за време на епидемии.

The post Завршија конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка appeared first on Република.

]]>

Завршија конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка, соопшти денеска националната установа Завод и Музеј – Охрид. Црквата, која се наоѓа во центарот на Охрид, во близина на плоштадот Долна Порта, датира од 14 век, со фрескоживопис од 1370 година, кој низ вековите претрпел измени. Директорката на институцијата Катерина Велкоска информира дека со конзервацијата било опфатено фиксирање и стабилизирање на ранливи делови нападнати од влага на источниот и северниот ѕид, која негативно делувала на основите на живописот.
На јужниот ѕид од наосот беа обновени старите конзерваторски малтери, додека на источната и северната фасада беа обновени старите и дотраени фуги од кои навлегуваше дождовна вода, изјави Велкоска.
Покрај реставратоските активности, со помош од МПЦ, додаде, бил исчистен и кровот од мов, лисја и вегетација. Во оваа црква, посочи директорката на Завод и музеј – Охрид, значајни се двата слоја на фрескосликарството, едниот од 14 век и пресликувањата од 1834 година. Интервенции врз фрескосликарството, според неа, последен пат биле правени во 1959/69 година, кога бил изваден вториот слој и е прикажан на посебна подлога и на држачи независно од архитектурата на црквата. Црквата Света Богородица Болничка припаѓа на малите еднокорабни духовни храмови од 14 век, а стариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф. Заедно со црквата Свети Никола, која се наоѓа веднаш до неа, охриѓани ги нарекуваат болнички, бидејќи во средниот век таму постоела болница, која се користела и како карантин за време на епидемии.

The post Завршија конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка appeared first on Република.

]]>
Се конзервира и реставрира фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка во Охрид https://republika.mk/vesti/makedonija/se-konzervira-i-restavrira-freskozivopisot-vo-crkvata-sveta-bogorodica-bolnichka-vo-ohrid/ Fri, 07 Oct 2022 08:24:54 +0000 https://republika.mk/?p=558263

Во Охрид почнаа конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка, што е дел од годишната програма на националната установа Завод и Музеј – Охрид.

Директорката на институцијата Катерина Велкоска информира дека црквата, која се наоѓа во центарот на Охрид, во близина на Долна порта, датира од 14 век.

Според неа, фресоживописот се смета дека е насликан околу 1370 година, но низ вековите претрпел измени.

За црквата Света Богородица Болничка значајни се двата слоја на фрескосликарството. Постариот од 14 век и пресликувањата, кои настанале во 1834 година. Со поголеми конзерваторски работи, кои се одвивале 1959-60 – та година, вториот слој е изваден и е прикажан на посебна подлога и на држачи независно од архитектурата на црквата - истакнува Велкоска.

Оштетувањата на фрескосликарството на црквата, според Никола Патчев, магистер по конзервација и реставрација, биле предизвикани од влагата која транспортира соли врз фреските.

Основниот проблем кој што се јавува во црквата е влагата од северната и источната страна, настаната од дожд. Повлекувањето на влагата од темелите се води како капиларна и другата е дождовна влага, која се залива по ѕидовите, каде предизвикала оштетување - појаснува Патчев.

Тој додава дека црквата припаѓа на малите еднокорабни духовни храмови од 14 век, а стариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф.

Црквите Света Богородица и Свети Никола, која е наоѓа веднаш до неа, охриѓани ги нарекуваат болнички, бидејќи во средниот век таму постоела болница, која се користела и како карантин за време на епидемии.

The post Се конзервира и реставрира фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во Охрид почнаа конзерватоско-реставраторските активности на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка, што е дел од годишната програма на националната установа Завод и Музеј – Охрид. Директорката на институцијата Катерина Велкоска информира дека црквата, која се наоѓа во центарот на Охрид, во близина на Долна порта, датира од 14 век. Според неа, фресоживописот се смета дека е насликан околу 1370 година, но низ вековите претрпел измени.
За црквата Света Богородица Болничка значајни се двата слоја на фрескосликарството. Постариот од 14 век и пресликувањата, кои настанале во 1834 година. Со поголеми конзерваторски работи, кои се одвивале 1959-60 – та година, вториот слој е изваден и е прикажан на посебна подлога и на држачи независно од архитектурата на црквата - истакнува Велкоска.
Оштетувањата на фрескосликарството на црквата, според Никола Патчев, магистер по конзервација и реставрација, биле предизвикани од влагата која транспортира соли врз фреските.
Основниот проблем кој што се јавува во црквата е влагата од северната и источната страна, настаната од дожд. Повлекувањето на влагата од темелите се води како капиларна и другата е дождовна влага, која се залива по ѕидовите, каде предизвикала оштетување - појаснува Патчев.
Тој додава дека црквата припаѓа на малите еднокорабни духовни храмови од 14 век, а стариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф. Црквите Света Богородица и Свети Никола, која е наоѓа веднаш до неа, охриѓани ги нарекуваат болнички, бидејќи во средниот век таму постоела болница, која се користела и како карантин за време на епидемии.

The post Се конзервира и реставрира фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка во Охрид appeared first on Република.

]]>