сведок Archives - Република https://republika.mk/tema/svedok/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 13:41:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сведок Archives - Република https://republika.mk/tema/svedok/ 32 32 Обвинителките не се виновни што добиле екстра пари: Ислам Абази ја отфрли кривичната пријава за бонусите во СЈО https://republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ne-se-vinovni-shto-dobile-ekstra-pari-islam-abazi-ja-otfrli-krivichnata-prijava-za-bonusite-vo-sjo/ Mon, 15 Jul 2024 12:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=796958

Ислам Абази, Јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција донел решение со кое ја отфрлил кривичната пријава на ВМРО ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО, на кои Катица Јанева им подели по илјадници евра бонуси за доверливост надвор од платата, со што, според пријавата на партијата бил оштетен Буџетот за над 4,5 милиони евра, објави „Сведок.мк“.

 

СВЕДОК дознава дека Ислам Абази го затворил предметот со бонусите и хонорарите во екс Специјалното јавно обвинителство, иако тој не го работел предметот, туку струмичката обвинителка Наташа Поп Трајкова.

Наши извори од ОЈО ГОКК тврдат дека Ислам Абази подолго време барал од Поп Трајкова да го затвори предметот, а откако таа одбила и наводно му рекла дека „не е подготвена да оди во затвор за тој предмет“, алудирајќи на сериозноста и содржината на предметот како и на висината на сумата, Ислам Абази го донел решението, претходно одбивајќи да ја изземе обвинителката Поп Трајкова и предметот да го даде на друг обвинител.

„Република“ побара објаснување од Јавно обвинителство за овој случај, но не добивме одговор.

Извор: Сведок.мк

The post Обвинителките не се виновни што добиле екстра пари: Ислам Абази ја отфрли кривичната пријава за бонусите во СЈО appeared first on Република.

]]>

Ислам Абази, Јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција донел решение со кое ја отфрлил кривичната пријава на ВМРО ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО, на кои Катица Јанева им подели по илјадници евра бонуси за доверливост надвор од платата, со што, според пријавата на партијата бил оштетен Буџетот за над 4,5 милиони евра, објави „Сведок.мк“.  
СВЕДОК дознава дека Ислам Абази го затворил предметот со бонусите и хонорарите во екс Специјалното јавно обвинителство, иако тој не го работел предметот, туку струмичката обвинителка Наташа Поп Трајкова.
Наши извори од ОЈО ГОКК тврдат дека Ислам Абази подолго време барал од Поп Трајкова да го затвори предметот, а откако таа одбила и наводно му рекла дека „не е подготвена да оди во затвор за тој предмет“, алудирајќи на сериозноста и содржината на предметот како и на висината на сумата, Ислам Абази го донел решението, претходно одбивајќи да ја изземе обвинителката Поп Трајкова и предметот да го даде на друг обвинител. „Република“ побара објаснување од Јавно обвинителство за овој случај, но не добивме одговор. Извор: Сведок.мк

The post Обвинителките не се виновни што добиле екстра пари: Ислам Абази ја отфрли кривичната пријава за бонусите во СЈО appeared first on Република.

]]>
Сведок во случајот против Жан Митрев од медиумите и од обвинителството дознал дека е измамен https://republika.mk/vesti/crna-hronika/svedok-vo-sluchajot-protiv-zhan-mitrev-od-mediumite-i-od-obvinitelstvoto-doznal-deka-e-izmamen/ Tue, 28 May 2024 12:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=782445

На денешното рочиште во процесот против д-р Жан Митрев сведочеше еден сведок кој изјави дека од медиумите и од обвинителството дознал дека е оштетен и измамен. Ова е уште еден сведок кој цела година после настанот пред јавниот обвинител изјавил „откако ми објаснивте за што се води постапката јас се чувствувам за измамен и оштетен”.

Овој сведок јавниот обвинител го предложи како оштетен за тоа што неговата мајка и брат примиле хемофилтрација, но на судењето изјави дека тој се согласил да им биде аплицирана хемофилтрација и тоа за првата хемофилтрација лично во телефонски разговор со лекар, а потоа согласноста ја давал преку друг роднина кој бил наведен како контакт со болницата во име на семејството. И самиот бил болен од ковид и се лекувал во клиниката Жан Митрев, а после смртта на брат му и мајка му како последица на ковид, продолжил да оди во клиниката Жан Митрев на контроли и на прашање на одбраната одговори дека се лекувал и понатаму во болницата затоа што тогаш не бил информиран дека е измамен и оштетен. Тој рече дека дознал дека бил измамен и оштетен подоцна, од медиумите и од обвинителството, велат од одбраната.

Проф. д-р Гордан Калајџиев во врска со ваквите постапки на обвинителството изјави:

Не е законито ниту професионално ЈО да им сугерира на сведоците дека се измамени, односно жртви и оштетени, а уште помалку да сугерира што да изјават пред судот! Тезата на обвинителството треба да произлезе од изјавите на сведоците, а не обратно. Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран. Битно е и тоа дека сведоците, односно пациентите, најчесто немале никаков директен контакт со докторот, а тврдат дека лично ги измамил.

На сведокот хемофилтрација воопшто не му била понудена, ниту му била направена, затоа што здравствената состојба му била полесна.

И овој, како и претходните сведоци, рекле дека немале никаков контакт со д-р Митрев и дека не се познавале лично. Ова е уште еден сведок кој пред судот потврди дека пред обвинителот бил сослушуван во присуство на други сведоци и го слушал нивниот исказ.

На денешното рочиште не се појавија тројца сведоци на обвинителството, иако беа уредно и навремено поканети.

The post Сведок во случајот против Жан Митрев од медиумите и од обвинителството дознал дека е измамен appeared first on Република.

]]>

На денешното рочиште во процесот против д-р Жан Митрев сведочеше еден сведок кој изјави дека од медиумите и од обвинителството дознал дека е оштетен и измамен. Ова е уште еден сведок кој цела година после настанот пред јавниот обвинител изјавил „откако ми објаснивте за што се води постапката јас се чувствувам за измамен и оштетен”.
Овој сведок јавниот обвинител го предложи како оштетен за тоа што неговата мајка и брат примиле хемофилтрација, но на судењето изјави дека тој се согласил да им биде аплицирана хемофилтрација и тоа за првата хемофилтрација лично во телефонски разговор со лекар, а потоа согласноста ја давал преку друг роднина кој бил наведен како контакт со болницата во име на семејството. И самиот бил болен од ковид и се лекувал во клиниката Жан Митрев, а после смртта на брат му и мајка му како последица на ковид, продолжил да оди во клиниката Жан Митрев на контроли и на прашање на одбраната одговори дека се лекувал и понатаму во болницата затоа што тогаш не бил информиран дека е измамен и оштетен. Тој рече дека дознал дека бил измамен и оштетен подоцна, од медиумите и од обвинителството, велат од одбраната.
Проф. д-р Гордан Калајџиев во врска со ваквите постапки на обвинителството изјави:
Не е законито ниту професионално ЈО да им сугерира на сведоците дека се измамени, односно жртви и оштетени, а уште помалку да сугерира што да изјават пред судот! Тезата на обвинителството треба да произлезе од изјавите на сведоците, а не обратно. Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран. Битно е и тоа дека сведоците, односно пациентите, најчесто немале никаков директен контакт со докторот, а тврдат дека лично ги измамил.
На сведокот хемофилтрација воопшто не му била понудена, ниту му била направена, затоа што здравствената состојба му била полесна. И овој, како и претходните сведоци, рекле дека немале никаков контакт со д-р Митрев и дека не се познавале лично. Ова е уште еден сведок кој пред судот потврди дека пред обвинителот бил сослушуван во присуство на други сведоци и го слушал нивниот исказ. На денешното рочиште не се појавија тројца сведоци на обвинителството, иако беа уредно и навремено поканети.

The post Сведок во случајот против Жан Митрев од медиумите и од обвинителството дознал дека е измамен appeared first on Република.

]]>
Завет со крв: Соработниците на Веља Невоља морале „да ги закрват“ рацете за да ја добијат неговата доверба https://republika.mk/vesti/balkan/zavet-so-krv-sorabotnicite-na-velja-nevolja-morale-da-gi-zakrvat-racete-za-da-ja-dobijat-negovata-doverba/ Mon, 14 Mar 2022 12:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=472583

Сведокот-соработник во судењето на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, Бојан Хрватин открива бизарни детали за тоа како двајцата лидери на криминалниот клан ја проверувале лојалноста на сите оние кошто сакае да се придружат на групата.

Беливук и Миљковиќ, лично учествувале во речиси сите егзекуции, а покрај нив, според Обвинителството за организиран криминал, во крвавите злосторства учествувале и 11 нивни најблиски соработници. Според извор на српски „Курир“, само „избраните“ можеле да отидат во куќата во Ритопек, каде што се извршувале егзекуциите и која членовите на криминалната група ја нарекле „кланица“.

Беливук и Миљковиќ не му верувале на секој од членовите на групата и во куќата во Ритопек дозволувале да дојдат само луѓе од нивна најголема доверба. Таа доверба била стекнувана преку таканаречените завети - вели изворот.

Тој објаснува дека сведокот-соработник во обвинителството зборувал за тоа како функционирале заветите, објаснувајќи дека пред да го изврши кривичното дело во кое учествувал, прво морал да „ги извалка рацете со крв“ заедно со другите членови на групата.

Без такво нешто не постои некоја голема доверба во никого, едноставно тоа е така на улица. Можете „да бидете другарчиња“ колку сакате, но за да се биде дел од сериозните работи, додека човек, во навијачка смисла, не се истепа со некого, дури немаме три-четири тепачки заедно во кои си го чуваме грбот, нема доверба. Додека не крвавиме заедно или додека не убиеме некого, нема доверба - се наведува изјавата на Хрватин во обвинителниот акт против кланот, напишан на 322 страници.

Бојан Хрватин беше уапсен неколку месеци по останатите членови на групата и се согласи да соработува со обвинителството за намалување на казната. Тој детално ги опишува убиствата на Лазар Вукичевиќ, Александар Глигоријевиќ, Здравко Радојевиќ, Горан Величковиќ и Милан Љепоја извршени до Беливук и неговите соработници.

Врз основа на договорот со обвинителството тој треба да биде осуден на 15 години затвор, а во обвинението против кланот се наведени имињата на оние членови на групата кои успеале да ја добијат довербата на лидерите.

 

The post Завет со крв: Соработниците на Веља Невоља морале „да ги закрват“ рацете за да ја добијат неговата доверба appeared first on Република.

]]>

Сведокот-соработник во судењето на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, Бојан Хрватин открива бизарни детали за тоа како двајцата лидери на криминалниот клан ја проверувале лојалноста на сите оние кошто сакае да се придружат на групата. Беливук и Миљковиќ, лично учествувале во речиси сите егзекуции, а покрај нив, според Обвинителството за организиран криминал, во крвавите злосторства учествувале и 11 нивни најблиски соработници. Според извор на српски „Курир“, само „избраните“ можеле да отидат во куќата во Ритопек, каде што се извршувале егзекуциите и која членовите на криминалната група ја нарекле „кланица“.
Беливук и Миљковиќ не му верувале на секој од членовите на групата и во куќата во Ритопек дозволувале да дојдат само луѓе од нивна најголема доверба. Таа доверба била стекнувана преку таканаречените завети - вели изворот.
Тој објаснува дека сведокот-соработник во обвинителството зборувал за тоа како функционирале заветите, објаснувајќи дека пред да го изврши кривичното дело во кое учествувал, прво морал да „ги извалка рацете со крв“ заедно со другите членови на групата.
Без такво нешто не постои некоја голема доверба во никого, едноставно тоа е така на улица. Можете „да бидете другарчиња“ колку сакате, но за да се биде дел од сериозните работи, додека човек, во навијачка смисла, не се истепа со некого, дури немаме три-четири тепачки заедно во кои си го чуваме грбот, нема доверба. Додека не крвавиме заедно или додека не убиеме некого, нема доверба - се наведува изјавата на Хрватин во обвинителниот акт против кланот, напишан на 322 страници.
Бојан Хрватин беше уапсен неколку месеци по останатите членови на групата и се согласи да соработува со обвинителството за намалување на казната. Тој детално ги опишува убиствата на Лазар Вукичевиќ, Александар Глигоријевиќ, Здравко Радојевиќ, Горан Величковиќ и Милан Љепоја извршени до Беливук и неговите соработници. Врз основа на договорот со обвинителството тој треба да биде осуден на 15 години затвор, а во обвинението против кланот се наведени имињата на оние членови на групата кои успеале да ја добијат довербата на лидерите.  

The post Завет со крв: Соработниците на Веља Невоља морале „да ги закрват“ рацете за да ја добијат неговата доверба appeared first on Република.

]]>