Св. Прохор Пчински Archives - Република https://republika.mk/tema/sv-prohor-pchinski/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Aug 2024 11:02:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Св. Прохор Пчински Archives - Република https://republika.mk/tema/sv-prohor-pchinski/ 32 32 Ништо не потсетува на АСНОМ: Вака денеска изгледа манастирот кој три децении беше затворен за Македонците https://republika.mk/vesti/balkan/nishto-ne-potsetuva-na-asnom-vaka-deneska-izgleda-manastirot-koj-tri-detsenii-beshe-zatvoren-za-makedontsite/ Sun, 04 Aug 2024 10:50:26 +0000 https://republika.mk/?p=803219

Манастирот Св.Прохор Пчињски кој три децении беше затворен за Македонците поради црковниот спор плени со својата убавина и смиреност.

Сместен покрај реката Пчиња е еден од  најстарите  православни манастири. Посветен на свети Прохор чии мошти се наоѓаат во манастирот.

Во 11 век манастирот Св. Прохор Пчињски бил уништен од Османлиите, а во 14 век бил обновен од српскиот крал Милутин. Затоа пред портите на манастирот се наоѓаат имињата на ктиторите од Немањиќ до Обрановиќ и Петар Караѓорѓевиќќ.

И Македонија половина век манастирот си го чуствуваше за „свој“ поради тоа што тука во 1944 година се одржало Првото заседание на АСНОМ со кое се удрени темелите на Македонија во рамките на СФРЈ.

За жал денеска во манастирот ништо не потсетува дека на 2 август пред 80 години се случила толку значајна работа за Македонија. Заседанието се одржало во воденица која не постои, а пожарот пред десет години ја уништи и спомен собата.

А унишувањето на споменот од АСНОМ започна во 1990 година кога радикалот Војислав Шешељ ја урна таблата која потсетуваше на еден од најголемите датуми во македонската историја.

https://republika.mk/vesti/balkan/originalnata-plocha-od-asnom-vo-prohor-pchinski-sheshel-ja-skrshi-so-chekan-delchinata-se-zagubile-vo-vrane/

The post Ништо не потсетува на АСНОМ: Вака денеска изгледа манастирот кој три децении беше затворен за Македонците appeared first on Република.

]]>

Манастирот Св.Прохор Пчињски кој три децении беше затворен за Македонците поради црковниот спор плени со својата убавина и смиреност. Сместен покрај реката Пчиња е еден од  најстарите  православни манастири. Посветен на свети Прохор чии мошти се наоѓаат во манастирот. Во 11 век манастирот Св. Прохор Пчињски бил уништен од Османлиите, а во 14 век бил обновен од српскиот крал Милутин. Затоа пред портите на манастирот се наоѓаат имињата на ктиторите од Немањиќ до Обрановиќ и Петар Караѓорѓевиќќ. И Македонија половина век манастирот си го чуствуваше за „свој“ поради тоа што тука во 1944 година се одржало Првото заседание на АСНОМ со кое се удрени темелите на Македонија во рамките на СФРЈ. За жал денеска во манастирот ништо не потсетува дека на 2 август пред 80 години се случила толку значајна работа за Македонија. Заседанието се одржало во воденица која не постои, а пожарот пред десет години ја уништи и спомен собата. А унишувањето на споменот од АСНОМ започна во 1990 година кога радикалот Војислав Шешељ ја урна таблата која потсетуваше на еден од најголемите датуми во македонската историја. https://republika.mk/vesti/balkan/originalnata-plocha-od-asnom-vo-prohor-pchinski-sheshel-ja-skrshi-so-chekan-delchinata-se-zagubile-vo-vrane/

The post Ништо не потсетува на АСНОМ: Вака денеска изгледа манастирот кој три децении беше затворен за Македонците appeared first on Република.

]]>
Оригиналната плоча од АСНОМ во Прохор Пчињски Шешељ ја скрши со чекан, делчињата се загубиле во Врање https://republika.mk/vesti/balkan/originalnata-plocha-od-asnom-vo-prohor-pchinski-sheshel-ja-skrshi-so-chekan-delchinata-se-zagubile-vo-vrane/ Sat, 03 Aug 2024 17:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=803120

Претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова вчера положи венец пред манастирот Св.Прохор Пчињски во Србија. Таа се поклони пред плочата на која пишува дека тука на 2 август 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ и се удрени темелите на современата македонска држава.

Но, малкумина знаат дека тоа не е оригиналната плоча ниту е  оригиналното место каде што стоела.

Плочата се наоѓала во кругот на манастирот каде што и се одржало заседанието во воденицата која исто така веќе не постои.

Што се случило со оригиналната плоча

Плочата беше на вистинското место се до 1990 година кога Војислав Шешељ на Илинден влезе и ја скрши во чекан. Тоа е период на зголемен национализам и почеток на војните во поранешна Југославија.

Шешељ тогаш изјавуваше дека „нема зошто да им се дозволува на Македонците влез во манастирот“. Се заканувал и дека „за шест часа може да ја прегази Македонија“

Искршената плоча била префрлена во Народниот музеј во Врање но подоцна и се губи трагата и не можела да биде пронајдена, па дури и во парчиња.

Покрај плочата, во пожарот во 2014 година кој го зафати манастирот настрада и спомен собата на АСНОМ. Иста таква реплика многу години подоцна беше направена во Меморијалниот центар Пелинце кој беше направен како замена за Прохор Пчињски.

По дивеењето следеше период на влошени односи меѓу Србија и Македонија поради црковниот спор и официјално одбележување во манастирот речиси и да немаше.

Така беше се до минатата година кога поранешниот претседател Стево Пендаровски доби покана да го посети манстирот и да положи венец.Но, проблем била плочата откако српските власти добиле информација од Врање дека никако не можат да ја пронајдат и оти веројатно е фрлена.

Тогаш е изработена нова, „верна на ориггиналот“ пред која се поклони претседателката Силјановска Давкова.

The post Оригиналната плоча од АСНОМ во Прохор Пчињски Шешељ ја скрши со чекан, делчињата се загубиле во Врање appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова вчера положи венец пред манастирот Св.Прохор Пчињски во Србија. Таа се поклони пред плочата на која пишува дека тука на 2 август 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ и се удрени темелите на современата македонска држава. Но, малкумина знаат дека тоа не е оригиналната плоча ниту е  оригиналното место каде што стоела. Плочата се наоѓала во кругот на манастирот каде што и се одржало заседанието во воденицата која исто така веќе не постои.

Што се случило со оригиналната плоча

Плочата беше на вистинското место се до 1990 година кога Војислав Шешељ на Илинден влезе и ја скрши во чекан. Тоа е период на зголемен национализам и почеток на војните во поранешна Југославија. Шешељ тогаш изјавуваше дека „нема зошто да им се дозволува на Македонците влез во манастирот“. Се заканувал и дека „за шест часа може да ја прегази Македонија“ Искршената плоча била префрлена во Народниот музеј во Врање но подоцна и се губи трагата и не можела да биде пронајдена, па дури и во парчиња. Покрај плочата, во пожарот во 2014 година кој го зафати манастирот настрада и спомен собата на АСНОМ. Иста таква реплика многу години подоцна беше направена во Меморијалниот центар Пелинце кој беше направен како замена за Прохор Пчињски. По дивеењето следеше период на влошени односи меѓу Србија и Македонија поради црковниот спор и официјално одбележување во манастирот речиси и да немаше. Така беше се до минатата година кога поранешниот претседател Стево Пендаровски доби покана да го посети манстирот и да положи венец.Но, проблем била плочата откако српските власти добиле информација од Врање дека никако не можат да ја пронајдат и оти веројатно е фрлена. Тогаш е изработена нова, „верна на ориггиналот“ пред која се поклони претседателката Силјановска Давкова.

The post Оригиналната плоча од АСНОМ во Прохор Пчињски Шешељ ја скрши со чекан, делчињата се загубиле во Врање appeared first on Република.

]]>
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Србија Вучиќ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-pretsedatelot-na-srbija-vuchik-vo-manastirot-sv-prohor-pchinski/ Fri, 02 Aug 2024 11:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=802735

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ по повод чествувањето на 2 Август Илинден - Денот на Републиката.

Сиљановска Давкова ја пречека претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по што заедно го посетија манатирот „Св. Прохор Пчињски“.

Во моментот трае билатерланата средсба меѓу двајцата претседатели, по што следуваат изјави за медиумите.

Претходно престедатеката се обрати во Пелинце од каде порача дека битката за младите е битка за четвртата македонска република која мора да биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите.

[gallery ids="802727,802723,802722,802716,802712,802704,802701,802699,802700,802691,802689,802686,802684,802677,802669"]

 

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Србија Вучиќ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ по повод чествувањето на 2 Август Илинден - Денот на Републиката. Сиљановска Давкова ја пречека претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по што заедно го посетија манатирот „Св. Прохор Пчињски“. Во моментот трае билатерланата средсба меѓу двајцата претседатели, по што следуваат изјави за медиумите. Претходно престедатеката се обрати во Пелинце од каде порача дека битката за младите е битка за четвртата македонска република која мора да биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите. [gallery ids="802727,802723,802722,802716,802712,802704,802701,802699,802700,802691,802689,802686,802684,802677,802669"]  

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Србија Вучиќ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ appeared first on Република.

]]>