Св. Константин и Елена Archives - Република https://republika.mk/tema/sv-konstantin-i-elena/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 06:07:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Св. Константин и Елена Archives - Република https://republika.mk/tema/sv-konstantin-i-elena/ 32 32 Некој ги искршил вратата и прозорецот на црквата „Цар Константин и царица Елена“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nekoj-gi-iskrshil-vratata-i-prozoretsot-na-tsrkvata-tsar-konstantin-i-tsaritsa-elena/ Mon, 07 Oct 2024 07:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=823648

Во саботата наутро во СВР Штип, било пријавено дека во Штип, на 04/05.10.2024, непознат сторител оштетил влезна дрвена врата од црквата „Цар Константин и царица Елена“ и скршил стакло од прозорец на помошна просторија, но не одзел ништо.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

 

The post Некој ги искршил вратата и прозорецот на црквата „Цар Константин и царица Елена“ appeared first on Република.

]]>

Во саботата наутро во СВР Штип, било пријавено дека во Штип, на 04/05.10.2024, непознат сторител оштетил влезна дрвена врата од црквата „Цар Константин и царица Елена“ и скршил стакло од прозорец на помошна просторија, но не одзел ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.  

The post Некој ги искршил вратата и прозорецот на црквата „Цар Константин и царица Елена“ appeared first on Република.

]]>
Се гледа крајот на завршувањето на црквата Константин и Елена во Центар https://republika.mk/vesti/skopje/se-gleda-krajot-na-zavrshuvaneto-na-tsrkvata-konstantin-i-elena-vo-tsentar/ Mon, 03 Jun 2024 14:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=784445

Скопската  епархија при Македонската Православна Црква –  Охридска Архиепископија, соопшти дека во изминатите шест месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје. Се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот.

https://youtu.be/yC1gk9gJ2A8?si=Y-2qilv3CbZ2zssm

 

Фрескописот и другите потребни работи се извршуваат од донации, а меѓу донаторите беше и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

За целосно довршување на храмот, како што посочија денеска од МПЦ-ОА, ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните  бизнисмени како и сите луѓе – добронамерници.

Инаку, новиот храм се гради во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години, се вели во соопштението од Скопската епархија при МПЦ-ОА.

 

The post Се гледа крајот на завршувањето на црквата Константин и Елена во Центар appeared first on Република.

]]>

Скопската  епархија при Македонската Православна Црква –  Охридска Архиепископија, соопшти дека во изминатите шест месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје. Се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот. https://youtu.be/yC1gk9gJ2A8?si=Y-2qilv3CbZ2zssm   Фрескописот и другите потребни работи се извршуваат од донации, а меѓу донаторите беше и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. За целосно довршување на храмот, како што посочија денеска од МПЦ-ОА, ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните  бизнисмени како и сите луѓе – добронамерници.
Инаку, новиот храм се гради во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години, се вели во соопштението од Скопската епархија при МПЦ-ОА.
 

The post Се гледа крајот на завршувањето на црквата Константин и Елена во Центар appeared first on Република.

]]>
Ги славиме Константин и Елена: Овој извор денеска е најлековит во Македонија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/gi-slavime-konstantin-i-elena-ovoj-izvor-deneska-e-najlekovit-vo-makedonija/ Mon, 03 Jun 2024 08:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=784276

Православните христијани денеска, 3 јуни, го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појдe на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, и пораснала убава и густа коса.

Оттогаш на празникот на свети Елена и Константин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лековита и друг пат, ама на празникот најмногу, велат преданијата.

The post Ги славиме Константин и Елена: Овој извор денеска е најлековит во Македонија appeared first on Република.

]]>

Православните христијани денеска, 3 јуни, го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена. Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера. Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмногу на празникот Св. Константин и Елена. Според едно предание Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појдe на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, и пораснала убава и густа коса. Оттогаш на празникот на свети Елена и Константин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лековита и друг пат, ама на празникот најмногу, велат преданијата.

The post Ги славиме Константин и Елена: Овој извор денеска е најлековит во Македонија appeared first on Република.

]]>
Осветен новоизградениот црковен храм „Св. Константин и Елена“ во Општина Илинден https://republika.mk/vesti/skopje/osveten-novoizgradeniot-tsrkoven-hram-sv-konstantin-i-elena-vo-opshtina-ilinden/ Sun, 29 Oct 2023 17:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=696026

Во Општина Илинден во присуство на голем број верници беше осветен новоизградениот црковен храм „Св. Константин и Елена“. По тој повод се одржа заедничка Архиерејска литургија на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и преосветениот Епископ Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители.

Како што соопшти Општина Илинден, на архиерејската литургија на новоизградениот црковен храм присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на кој Архиепископот г.г. Стефан му додели Одличие за особен придонес во изградбата на овој црковен храм.

Голем придонес во изградбата на оваа црква даде формираниот Одбор за изградба, кој изминатите години успеа да обезбеди донатори, за денес овој црковен храм изгледа како што имаме можност да го видиме. Како донатори се јавуваат месното население и околните населени места, локалната самоуправа, локалната бизнис заедница како и МПЦ-ОА, се наведува во соопштението.

Од Општината додаваат дека изградбата на оваа црква е почната на 9 јуни 2012 година, кога беше и поставен камен темелник од страна на г.г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА.

Новоизградениот црковен храм се простира на површина од 400 метри квадратни и висина од 22 метри, дополнуваат од Општината во соопштението.

The post Осветен новоизградениот црковен храм „Св. Константин и Елена“ во Општина Илинден appeared first on Република.

]]>

Во Општина Илинден во присуство на голем број верници беше осветен новоизградениот црковен храм „Св. Константин и Елена“. По тој повод се одржа заедничка Архиерејска литургија на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и преосветениот Епископ Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители. Како што соопшти Општина Илинден, на архиерејската литургија на новоизградениот црковен храм присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на кој Архиепископот г.г. Стефан му додели Одличие за особен придонес во изградбата на овој црковен храм. Голем придонес во изградбата на оваа црква даде формираниот Одбор за изградба, кој изминатите години успеа да обезбеди донатори, за денес овој црковен храм изгледа како што имаме можност да го видиме. Како донатори се јавуваат месното население и околните населени места, локалната самоуправа, локалната бизнис заедница како и МПЦ-ОА, се наведува во соопштението. Од Општината додаваат дека изградбата на оваа црква е почната на 9 јуни 2012 година, кога беше и поставен камен темелник од страна на г.г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА. Новоизградениот црковен храм се простира на површина од 400 метри квадратни и висина од 22 метри, дополнуваат од Општината во соопштението.

The post Осветен новоизградениот црковен храм „Св. Константин и Елена“ во Општина Илинден appeared first on Република.

]]>
Црквата „Св. Константин и Елена“ на улица „Македонија“ ќе остане оградена https://republika.mk/vesti/skopje/tsrkvata-sv-konstantin-i-elena-na-ulitsa-makedonija-ke-ostane-ogradena/ Mon, 23 Jan 2023 12:32:04 +0000 https://republika.mk/?p=599990

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари средба со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан со кој разговараше за моменталната состојба со црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“ и која се уште е во градба.

Општина Центар на барање на МПЦ, нема да ги отстрани тарабите и истите ќе останат се до завршување на финалните работи на објектот, кои наскоро ќе бидат готови. Одлуката кругот на црквата да остане ограден е пред сѐ поради безбедносни причини со оглед на фактот дека над камбанаријата сѐ уште се извишува кран.

Општина Центар ќе ги извести граѓаните и јавноста за сите следни чекори кои во иднина ќе предат преземени во однос на ова прашање.

 

The post Црквата „Св. Константин и Елена“ на улица „Македонија“ ќе остане оградена appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари средба со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан со кој разговараше за моменталната состојба со црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“ и која се уште е во градба. Општина Центар на барање на МПЦ, нема да ги отстрани тарабите и истите ќе останат се до завршување на финалните работи на објектот, кои наскоро ќе бидат готови. Одлуката кругот на црквата да остане ограден е пред сѐ поради безбедносни причини со оглед на фактот дека над камбанаријата сѐ уште се извишува кран. Општина Центар ќе ги извести граѓаните и јавноста за сите следни чекори кои во иднина ќе предат преземени во однос на ова прашање.  

The post Црквата „Св. Константин и Елена“ на улица „Македонија“ ќе остане оградена appeared first on Република.

]]>