Св. Климент Охридски Archives - Република https://republika.mk/tema/sv-kliment-ohridski/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Dec 2023 13:26:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Св. Климент Охридски Archives - Република https://republika.mk/tema/sv-kliment-ohridski/ 32 32 Се празнува Св. Климент Охридски – изворот на нашата духовност и образование https://republika.mk/vesti/makedonija/se-praznuva-sv-kliment-ohridski-izvorot-na-nashata-duhovnost-i-obrazovanie/ Fri, 08 Dec 2023 07:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=720899

Со низа настани денеска во земјава ќе биде одбележан 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, и патронен празник на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Согласно одлуката на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година, годинашен добитник за остварување во областа на воспитанието и образованието е проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор, а за остварување во областа на културата и уметноста е филмскиот режисер Антонио Митриќески.

Владата на Република Македонија, под мотото „Свети Климент Охридски, извор на нашата духовност и образование”, со пригоден настан ќе го одбележи државниот празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски. Централниот настан за одбележување на празникот ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Одбележувањето на државниот празник ќе започне во 10:45 часот, со положување цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски на платото пред НУБ „Свети Климент Охридски“. Владината делегација ќе ја предводи претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, а во состав на делегацијата ќе бидат Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерка за правда и Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски.

Во 11:00 часот во НУБ „ Свети Климент Охридски“, започнува свечениот настан за одбележување на државниот празник, на кој ќе се обрати премиерот Ковачевски.

МПЦ-ОА со празнични богослужби го одбележува својот патрон. Празнувањата почнаа во изминатите денови, а продолжуваат денеска со божествени литургии во храмовите. Во Скопје ќе има едноцрквие во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ каде ќе биде одржана архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Денешниот ден е прогласен за дражвен празник и е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.


МИА

The post Се празнува Св. Климент Охридски – изворот на нашата духовност и образование appeared first on Република.

]]>

Со низа настани денеска во земјава ќе биде одбележан 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, и патронен празник на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Согласно одлуката на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година, годинашен добитник за остварување во областа на воспитанието и образованието е проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор, а за остварување во областа на културата и уметноста е филмскиот режисер Антонио Митриќески. Владата на Република Македонија, под мотото „Свети Климент Охридски, извор на нашата духовност и образование”, со пригоден настан ќе го одбележи државниот празник, 8 Декември – Свети Климент Охридски. Централниот настан за одбележување на празникот ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Одбележувањето на државниот празник ќе започне во 10:45 часот, со положување цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски на платото пред НУБ „Свети Климент Охридски“. Владината делегација ќе ја предводи претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, а во состав на делегацијата ќе бидат Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерка за правда и Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски. Во 11:00 часот во НУБ „ Свети Климент Охридски“, започнува свечениот настан за одбележување на државниот празник, на кој ќе се обрати премиерот Ковачевски. МПЦ-ОА со празнични богослужби го одбележува својот патрон. Празнувањата почнаа во изминатите денови, а продолжуваат денеска со божествени литургии во храмовите. Во Скопје ќе има едноцрквие во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ каде ќе биде одржана архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Денешниот ден е прогласен за дражвен празник и е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
МИА

The post Се празнува Св. Климент Охридски – изворот на нашата духовност и образование appeared first on Република.

]]>
Свети Климент Охридски Чудотворец https://republika.mk/vesti/makedonija/sveti-kliment-ohridski-chudotvorets/ Fri, 08 Dec 2023 07:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=720893

Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента.

Таква била Божјата промисла, Македонија, од каде што почна апостол Павле во Европа, ги даде светите браќа Кирил и Методиј, и преку делото свети Климент и свети Наум Охридски, постана расадник на словенската црковно-просветна и книжевна дејност.

Таков – свет е нашиот почеток.

Со свети апостол Павле започнаа нашето охристовување и христијанизацијата, а со свети Климента – нашата евангелизација, оцрковување, просвета, книжевност, уметност, култура и сè.

Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ како што е свети Климент Охридски. Затоа го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител. Неговиот успех е плод на ученоста и побожноста.

Тој бил „учител“, како што бил учител Господ Исус Христос, а тоа значи дека го учел народот во верата, го просветувал, бил проповедник, мисионер, пастир и првосвештеник.

Односот на Господа Исуса Христа кон апостолите, за свети Климента бил личен пример за неговото однесување кон учениците. Тој другарувал со нив. Постојано биле заедно. Живеел со нив.

Со кротост и со татковска љубов се однесувал кон нив, а тие, пак, му возвраќале со полно послушание и со синовска одаданост, како што се вели во житието: „Го слушаа како татко.

Свети Климент љубел со срце, не – со уста.

Неговото деноноќно присуство меѓу учениците и неговото духовно влијание врз нив многу значело во нивната возраст, додека тие се формирале како личности и како Христови пастири.

Ја гледале големата трудољубивост, неуморната молитвеност и строгиот подвижнички живот на својот учител. И затоа запишале: „Ние никогаш не го видовме да е без работа.

“Неговата успешност е и во тоа што тој бил од овој народ и ги познавал сите што ги учел.

Ако тој бил некој дојденец: Елин или Латин, некој Сириец или Александриец, не ќе можел така да им се доближи на учениците, а ниту тие ќе можеле да го сметаат за толку близок.

Светиклиментовата дејност била просветна, пастирска, духовна и душегрижничка. Наречен е просветител, со полното значење на зборот просвета (prosvyÃenie = prosvetenie).

Станува почеток на нашата средновековна книжевност. Неговите творби се најубавите дела на старомакедонскиот словенски јазик и писмо. Животот го посветил на Бога и на народот.

Знаејќи дека не може секаде да појде и да му послужи на својот народ, свети Климент го основал Охридскиот универзитет, кој е првиот словенски универзитет и прв универзитет во Европа.

На Светиклиментовиот универзитет се изучувале сите тогашни науки. Се создавала нова книжевност и просвета. Во Европа влегла христијанската цивилизација на новиот јазик на Словените.

Започнал новиот период во историјата на целото средновековно христијанство.

Охрид, свети Климент и неговиот Универзитет станале граница меѓу двете големи јазично-културни цивилизации: грчката и латинската, и се издигнала третата – словенската, јазично-културна цивилизација.

Што го натерало свети Климента на оваа посветеност? – Двете најголеми евангелски заповеди: љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето.

Свети Климент ги исполнил овие две заповеди: ја покажал љубовта кон Бога – со тоа што животот му го посветил на Бога; а љубовта кон луѓето – ја искажал во душегрижништвото за народот.

А, во основа на сè е тоа што тој библиски приоѓал на сè и затоа богомудро решавал сè. Библијата била основа на сè што мислел, што зборувал, што пишувал, што творел и како живеел.

Затоа постанал тоа што е – Божји светител и народен просветител. За сите прашања од животот ги користел Библијата и учењето на светите отци.

Многу јасно и едноставно го поврзувал Божјиот збор со светот и со животот на луѓето. Такви биле неговите беседи и слова. Во нив ја искажувал Христовата порака до луѓето.

Им објаснувал што е човекот, според христијанското учење – и барал да ја исполнат својата човечка и христијанска цел. А која е таа? – Да бидат добри и човечни. Со љубов кон секого.

Да се усовршуваат во доброто, во љубовта и во светоста. На тоа сме повикани од Бога. Така се доаѓа до спасението и до светоста. Таков е нашиот живот во Христа.

А Христос дојде на земјава и ни даде пример за совршен човечки живот. Ова им го кажувал свети Климент на луѓето, во своите поуки. Неговата проповед била сеење на словото Божјо.

Тој се раководел според правилото: „Или не поучувај, или поучувај со својот живот. Инаку, со зборовите ќе ги повикуваш, а со делата ќе ги бркаш. “ Како што говорел, така и живеел.

Сè што било изговорено, било и потврдено во неговиот свет и богоугоден живот и дело. Поучувал и со збор и со личен пример. Не проповедал само в црква или на богослужба, туку секогаш и секаде.

Одел кај луѓето, по нивните места, ги посетувал и дома и на работа. Ги поучувал, им помагал. Знаел како да ги придобие за верата, за Христа, за Евангелието и за евангелскиот живот.

Им говорел кога биле собрани заедно, но зборувал со нив и одвоено: и со мажите и со жените, и со старите и со младите, а и со децата – и на сите им посочувал што е тоа во Евангелието, а што тие дотогаш не го знаеле и каква светлина можат да доживеат, ако проникнат во спасителното дело на Господа Исуса Христа.

И уште повеќе – од какво значење ќе биде тоа за нивниот личен живот, за разбирањето, за радоста, за семејството, за доброто, за заемната љубов и почит.

Тој бил пример: и со животот и со делата, и со добродетелите и со дарбите, и со знаењето и со учењето, и со службата и со подвизите, и со учителството и со творештвото – и со целокупната своја личност, која ја имал изградено според критериумите на Евангелието.

Извор: МИА (За МИА подготви проф. д-р Ратомир Грозданоски)

The post Свети Климент Охридски Чудотворец appeared first on Република.

]]>

Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента. Таква била Божјата промисла, Македонија, од каде што почна апостол Павле во Европа, ги даде светите браќа Кирил и Методиј, и преку делото свети Климент и свети Наум Охридски, постана расадник на словенската црковно-просветна и книжевна дејност. Таков – свет е нашиот почеток. Со свети апостол Павле започнаа нашето охристовување и христијанизацијата, а со свети Климента – нашата евангелизација, оцрковување, просвета, книжевност, уметност, култура и сè. Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ како што е свети Климент Охридски. Затоа го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител. Неговиот успех е плод на ученоста и побожноста. Тој бил „учител“, како што бил учител Господ Исус Христос, а тоа значи дека го учел народот во верата, го просветувал, бил проповедник, мисионер, пастир и првосвештеник. Односот на Господа Исуса Христа кон апостолите, за свети Климента бил личен пример за неговото однесување кон учениците. Тој другарувал со нив. Постојано биле заедно. Живеел со нив. Со кротост и со татковска љубов се однесувал кон нив, а тие, пак, му возвраќале со полно послушание и со синовска одаданост, како што се вели во житието: „Го слушаа како татко. Свети Климент љубел со срце, не – со уста. Неговото деноноќно присуство меѓу учениците и неговото духовно влијание врз нив многу значело во нивната возраст, додека тие се формирале како личности и како Христови пастири. Ја гледале големата трудољубивост, неуморната молитвеност и строгиот подвижнички живот на својот учител. И затоа запишале: „Ние никогаш не го видовме да е без работа.
“Неговата успешност е и во тоа што тој бил од овој народ и ги познавал сите што ги учел.
Ако тој бил некој дојденец: Елин или Латин, некој Сириец или Александриец, не ќе можел така да им се доближи на учениците, а ниту тие ќе можеле да го сметаат за толку близок. Светиклиментовата дејност била просветна, пастирска, духовна и душегрижничка. Наречен е просветител, со полното значење на зборот просвета (prosvyÃenie = prosvetenie). Станува почеток на нашата средновековна книжевност. Неговите творби се најубавите дела на старомакедонскиот словенски јазик и писмо. Животот го посветил на Бога и на народот. Знаејќи дека не може секаде да појде и да му послужи на својот народ, свети Климент го основал Охридскиот универзитет, кој е првиот словенски универзитет и прв универзитет во Европа. На Светиклиментовиот универзитет се изучувале сите тогашни науки. Се создавала нова книжевност и просвета. Во Европа влегла христијанската цивилизација на новиот јазик на Словените. Започнал новиот период во историјата на целото средновековно христијанство. Охрид, свети Климент и неговиот Универзитет станале граница меѓу двете големи јазично-културни цивилизации: грчката и латинската, и се издигнала третата – словенската, јазично-културна цивилизација. Што го натерало свети Климента на оваа посветеност? – Двете најголеми евангелски заповеди: љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето. Свети Климент ги исполнил овие две заповеди: ја покажал љубовта кон Бога – со тоа што животот му го посветил на Бога; а љубовта кон луѓето – ја искажал во душегрижништвото за народот. А, во основа на сè е тоа што тој библиски приоѓал на сè и затоа богомудро решавал сè. Библијата била основа на сè што мислел, што зборувал, што пишувал, што творел и како живеел. Затоа постанал тоа што е – Божји светител и народен просветител. За сите прашања од животот ги користел Библијата и учењето на светите отци. Многу јасно и едноставно го поврзувал Божјиот збор со светот и со животот на луѓето. Такви биле неговите беседи и слова. Во нив ја искажувал Христовата порака до луѓето. Им објаснувал што е човекот, според христијанското учење – и барал да ја исполнат својата човечка и христијанска цел. А која е таа? – Да бидат добри и човечни. Со љубов кон секого. Да се усовршуваат во доброто, во љубовта и во светоста. На тоа сме повикани од Бога. Така се доаѓа до спасението и до светоста. Таков е нашиот живот во Христа. А Христос дојде на земјава и ни даде пример за совршен човечки живот. Ова им го кажувал свети Климент на луѓето, во своите поуки. Неговата проповед била сеење на словото Божјо. Тој се раководел според правилото: „Или не поучувај, или поучувај со својот живот. Инаку, со зборовите ќе ги повикуваш, а со делата ќе ги бркаш. “ Како што говорел, така и живеел. Сè што било изговорено, било и потврдено во неговиот свет и богоугоден живот и дело. Поучувал и со збор и со личен пример. Не проповедал само в црква или на богослужба, туку секогаш и секаде. Одел кај луѓето, по нивните места, ги посетувал и дома и на работа. Ги поучувал, им помагал. Знаел како да ги придобие за верата, за Христа, за Евангелието и за евангелскиот живот. Им говорел кога биле собрани заедно, но зборувал со нив и одвоено: и со мажите и со жените, и со старите и со младите, а и со децата – и на сите им посочувал што е тоа во Евангелието, а што тие дотогаш не го знаеле и каква светлина можат да доживеат, ако проникнат во спасителното дело на Господа Исуса Христа. И уште повеќе – од какво значење ќе биде тоа за нивниот личен живот, за разбирањето, за радоста, за семејството, за доброто, за заемната љубов и почит. Тој бил пример: и со животот и со делата, и со добродетелите и со дарбите, и со знаењето и со учењето, и со службата и со подвизите, и со учителството и со творештвото – и со целокупната своја личност, која ја имал изградено според критериумите на Евангелието.
Извор: МИА (За МИА подготви проф. д-р Ратомир Грозданоски)

The post Свети Климент Охридски Чудотворец appeared first on Република.

]]>
Во охридската библиотека денеска започнуваат свеченостите во чест на Св. Климент Охридски https://republika.mk/vesti/kultura/vo-ohridskata-biblioteka-deneska-zapochnuvaat-svechenostite-vo-chest-na-sv-kliment-ohridski/ Tue, 06 Dec 2022 09:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=582440

Во рамките на општинската програма за прослава и одбележување на 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид се вклучува и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

Денеска во 12.00 часот во Прличевата одаја на свечен настан д-р Наум Целакоски и д-р Павле Митрески ќе бидат прогласени за почесни членови на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
За нивниот творечки и животен пат ќе зборува м-р Димитар Смилески а за содржината и пораките од стихозбирката „Зелената месечина во очите на мајка ми “ од д-р Целакоски ќе се осврне писателот Смиле Наумоски – Брсјак.

Воведна реч во чест на празникот ќе одржи директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски а прв јавен настап ќе има новиот детски хор „Бамбино“ под раководство на Снежана Караџовска – Попова од Охрид.

The post Во охридската библиотека денеска започнуваат свеченостите во чест на Св. Климент Охридски appeared first on Република.

]]>

Во рамките на општинската програма за прослава и одбележување на 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид се вклучува и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Денеска во 12.00 часот во Прличевата одаја на свечен настан д-р Наум Целакоски и д-р Павле Митрески ќе бидат прогласени за почесни членови на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. За нивниот творечки и животен пат ќе зборува м-р Димитар Смилески а за содржината и пораките од стихозбирката „Зелената месечина во очите на мајка ми “ од д-р Целакоски ќе се осврне писателот Смиле Наумоски – Брсјак. Воведна реч во чест на празникот ќе одржи директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски а прв јавен настап ќе има новиот детски хор „Бамбино“ под раководство на Снежана Караџовска – Попова од Охрид.

The post Во охридската библиотека денеска започнуваат свеченостите во чест на Св. Климент Охридски appeared first on Република.

]]>
Факти за Св. Климент : Охридскиот просветител заминува во манастир девет години пред Бугарија да го прифати христијанството https://republika.mk/vesti/makedonija/fakti-za-sv-kliment-ohridskiot-prosvetitel-vo-manastir-devet-godini-pred-bugarija-da-go-prifati-hristijanstvoto/ Mon, 15 Aug 2022 15:59:27 +0000 https://republika.mk/?p=540614

Денешната објавена содржина за Св. Климент која ќе биде дел од учебниците во Македонија не се совпаѓа со фактите за овој светец кој е еден од најзначајните кај нас.

Св. Климент во 856 година како христијанин го остава световниот живот и оди во манастир.Тоа се случило девет години пред Бугарија да прифати христијанство.

Тој во 863 година Св. Климент веќе бил на христијанска мисија во Моравија а во ️865 година Бугарија го прифаќа христијанство.

Еве што се согласи македонската комисија за Св.Климент

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е продолжено од нивните ученици, меѓу кои се истакнува личноста на Св. Климент (околу 830-916). По Великоморавската мисија Св.Климент е прифатен во средновековната бугарска држава. Околу 886 г. е испратен од кнез Борис-Михаил во областа Кутмичевица, каде што како просветител и творец ги положува основите на Охридската книжевна школа. Околу 893 г. по наредба на бугарскиот цар Симеон е ракоположен за Велички епископ. Неговата проповед и богослужба се од големо значење за распространувањето и утврдувањето на христијанската писменост и култура.

Преку преводите на богослужбена литература и химнографските творби што ги создал,
како и благодарение на неговата учителска дејност, се подготвени многубројни ученици. Тоа го прави една од најважните личности за културата на денешните Република Македонија и Република Бугарија.

Сето тоа им дава основа на двете држави да го негуваат споменот за делото на Св.
Климент преку заедничко одбележување при соодветни поводи.

 

The post Факти за Св. Климент : Охридскиот просветител заминува во манастир девет години пред Бугарија да го прифати христијанството appeared first on Република.

]]>

Денешната објавена содржина за Св. Климент која ќе биде дел од учебниците во Македонија не се совпаѓа со фактите за овој светец кој е еден од најзначајните кај нас. Св. Климент во 856 година како христијанин го остава световниот живот и оди во манастир.Тоа се случило девет години пред Бугарија да прифати христијанство. Тој во 863 година Св. Климент веќе бил на христијанска мисија во Моравија а во ️865 година Бугарија го прифаќа христијанство.

Еве што се согласи македонската комисија за Св.Климент

Делото на светите браќа Кирил и Методиј е продолжено од нивните ученици, меѓу кои се истакнува личноста на Св. Климент (околу 830-916). По Великоморавската мисија Св.Климент е прифатен во средновековната бугарска држава. Околу 886 г. е испратен од кнез Борис-Михаил во областа Кутмичевица, каде што како просветител и творец ги положува основите на Охридската книжевна школа. Околу 893 г. по наредба на бугарскиот цар Симеон е ракоположен за Велички епископ. Неговата проповед и богослужба се од големо значење за распространувањето и утврдувањето на христијанската писменост и култура. Преку преводите на богослужбена литература и химнографските творби што ги создал, како и благодарение на неговата учителска дејност, се подготвени многубројни ученици. Тоа го прави една од најважните личности за културата на денешните Република Македонија и Република Бугарија. Сето тоа им дава основа на двете држави да го негуваат споменот за делото на Св. Климент преку заедничко одбележување при соодветни поводи.  

The post Факти за Св. Климент : Охридскиот просветител заминува во манастир девет години пред Бугарија да го прифати христијанството appeared first on Република.

]]>
Скопје со посебен сообраќаен режим, верниците кои сакаат, можат да присустуваат на заедничката литургија на МПЦ и СПЦ во Соборниот храм https://republika.mk/vesti/makedonija/skopje-so-poseben-soobrakjaen-rezim-vernicite-koi-sakaat-mozat-da-prisustuvaat-na-zaednichkata-liturgija-na-mpc-i-spc-vo-soborniot-hram/ Tue, 24 May 2022 06:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=506285

Патријархот Порфириј и Архиепископот охридски и македонски Стефан, на празникот Свети Кирил и Методиј, ќе отслужат света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Литургијата почнува во 9 часот и е отворена за сите верници кои сакаат да присустуваат.

Делегација на српската православна црква предводена од Патријархот Профирије вчера попладне пристигна во канонска посета на МПЦ-ОА, каде се сретнаа и со Архиепископот Стефан.

Поради денешната втора заедничка литургија на поглаварите на двете цркви, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот. За сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Партизански одреди” од крстосница со улицата „Аминта Трети” до крстосница со булевар „ВМРО”, како и улицата „Св. Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со улица „Димитрие Чуповски”.

На оваа посета на поглаварот на СПЦ, Порфириј, и претходеше заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19 мај во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски Стефан.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол, само неколку дена по одлуката на Фанар да ја прифати Охридската архиепископија во канонска и евхаристичка заедница.

Вселенската патријаршија на 9 мај ја призна канонската природа на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, со што по 55 години му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви. Таа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку е „израз на татковската љубов и грижа на Вселенската патријаршија“ и најава дека МПЦ повеќе не е во раскол со целиот православен свет и оти македонските свештеници можат да служат со свештениците од другите православни цркви.

The post Скопје со посебен сообраќаен режим, верниците кои сакаат, можат да присустуваат на заедничката литургија на МПЦ и СПЦ во Соборниот храм appeared first on Република.

]]>

Патријархот Порфириј и Архиепископот охридски и македонски Стефан, на празникот Свети Кирил и Методиј, ќе отслужат света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Литургијата почнува во 9 часот и е отворена за сите верници кои сакаат да присустуваат. Делегација на српската православна црква предводена од Патријархот Профирије вчера попладне пристигна во канонска посета на МПЦ-ОА, каде се сретнаа и со Архиепископот Стефан. Поради денешната втора заедничка литургија на поглаварите на двете цркви, во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот. За сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Партизански одреди” од крстосница со улицата „Аминта Трети” до крстосница со булевар „ВМРО”, како и улицата „Св. Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со улица „Димитрие Чуповски”. На оваа посета на поглаварот на СПЦ, Порфириј, и претходеше заедничката архијерејска литургија на помирување што се одржа на 19 мај во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, а со која чиноначалствуваа патријархот Порфириј и архиепископот Охридски и Македонски Стефан. Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол, само неколку дена по одлуката на Фанар да ја прифати Охридската архиепископија во канонска и евхаристичка заедница. Вселенската патријаршија на 9 мај ја призна канонската природа на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, со што по 55 години му се даде можност на македонското свештенство да има заеднички богослужби со другите православни цркви. Таа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на црквата, туку е „израз на татковската љубов и грижа на Вселенската патријаршија“ и најава дека МПЦ повеќе не е во раскол со целиот православен свет и оти македонските свештеници можат да служат со свештениците од другите православни цркви.

The post Скопје со посебен сообраќаен режим, верниците кои сакаат, можат да присустуваат на заедничката литургија на МПЦ и СПЦ во Соборниот храм appeared first on Република.

]]>
Бадник утре ќе се прославува пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ со изменета форма поради пандемијата https://republika.mk/vesti/skopje/badnik-utre-kje-se-proslavuva-pred-soborniot-hram-sv-kliment-ohridski-so-izmeneta-forma-poradi-pandemijata/ Wed, 05 Jan 2022 12:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=440961

Утре пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје по јубилеен 30-ти пат ќе се одржи прослава на Бадник. Од Одборот за традиционална прослава на Бадник, кој е организатор на настанот, информираат дека поради  актуелната состојба со пандемијата и строгите мерки за заштита на здравјето на граѓаните и на бадникарите предвидените активности на платото пред Соборниот храм ќе се одвиваат во изменета форма.

Како и минатата година делењето бадникови гранчиња, кои пред две недели беа набрани во Говрлево,  ќе се одвива на двата влеза во дворот на црквата, од страната на булеварите Партизански одреди и  Климент Охридски, веднаш откако ќе се осветат, ќе подигне бадникарското знаме и ќе се исполни химната, нештоа нешто по 10 часот.

Годинешните кумови Драган Спасов –Дац и Александар Митевски и здравичарот Живко Поповски – Цветин заедно со претставници на Одборот ќе го посетат Домот за стари лица во Злокуќани при што ќе врачат пригодни подароци за да им ја доловат атмосферата во пресрет на големиот христијански празник Божик и заедно со сограѓаните и персоналот да ги споделат радоста и среќата што ги  носи голем празник.

Откако пред Храмот ќе пристигне со пајтон стариот кум др.Никола Пановски и минатогодишниот здравичар др. Миодраг Врчаковски и новите кумови и здравичарот по престојот во Злокуќани, по 30 часот заедно со другите високи гости ќе се упатат кон Храмот каде што во присуство на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и свештенослужители ќе се одвива чинот на предавањето на бадникарскиот ќуп на новите кумови, обраќањето на поглаварот и осветувањето на погачата –информираат од Одборот.

По завршувањето на целокупната церемонија новите кумови со ќупот заедно со здравичарот ќе го напуштат Храмот и со пајтон ќе се упатат кон своите домови.

The post Бадник утре ќе се прославува пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ со изменета форма поради пандемијата appeared first on Република.

]]>

Утре пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје по јубилеен 30-ти пат ќе се одржи прослава на Бадник. Од Одборот за традиционална прослава на Бадник, кој е организатор на настанот, информираат дека поради  актуелната состојба со пандемијата и строгите мерки за заштита на здравјето на граѓаните и на бадникарите предвидените активности на платото пред Соборниот храм ќе се одвиваат во изменета форма. Како и минатата година делењето бадникови гранчиња, кои пред две недели беа набрани во Говрлево,  ќе се одвива на двата влеза во дворот на црквата, од страната на булеварите Партизански одреди и  Климент Охридски, веднаш откако ќе се осветат, ќе подигне бадникарското знаме и ќе се исполни химната, нештоа нешто по 10 часот. Годинешните кумови Драган Спасов –Дац и Александар Митевски и здравичарот Живко Поповски – Цветин заедно со претставници на Одборот ќе го посетат Домот за стари лица во Злокуќани при што ќе врачат пригодни подароци за да им ја доловат атмосферата во пресрет на големиот христијански празник Божик и заедно со сограѓаните и персоналот да ги споделат радоста и среќата што ги  носи голем празник.
Откако пред Храмот ќе пристигне со пајтон стариот кум др.Никола Пановски и минатогодишниот здравичар др. Миодраг Врчаковски и новите кумови и здравичарот по престојот во Злокуќани, по 30 часот заедно со другите високи гости ќе се упатат кон Храмот каде што во присуство на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и свештенослужители ќе се одвива чинот на предавањето на бадникарскиот ќуп на новите кумови, обраќањето на поглаварот и осветувањето на погачата –информираат од Одборот.
По завршувањето на целокупната церемонија новите кумови со ќупот заедно со здравичарот ќе го напуштат Храмот и со пајтон ќе се упатат кон своите домови.

The post Бадник утре ќе се прославува пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ со изменета форма поради пандемијата appeared first on Република.

]]>