Сузуки Такако Archives - Република https://republika.mk/tema/suzuki-takako/ За подобро да се разбереме Tue, 31 May 2022 08:40:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сузуки Такако Archives - Република https://republika.mk/tema/suzuki-takako/ 32 32 Османи на средба со Сузуки Такако, државен министер за надворешни работи на Јапонија https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-sredba-so-suzuki-takako-drzaven-minister-za-nadvoreshni-raboti-na-japonija/ Tue, 31 May 2022 08:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=509106

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на посетата на Јапонија, оствари средба со државниот министер за надворешни работи, Сузуки Такако.

 

Во фокусот на разговорите беа билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија, што беа оценети како исклучително блиски и пријателски. Османи изрази благодарност за целокупната јапонска помош преку различни донации, грантови и проекти, што го поттикнува нашиот економски и социјален развој.

 

На средбата стана збор и за потенцијалот за зајакнување на економската и бизнис соработка, при што беше поздравено идното учество на Македонија на Осака ЕКСПО 2025, како и одржаната бизнис презентација од страна на Османи на бизнис форумот во Јапонската организација за меѓународна трговија (ЏЕТРО).

 

Воедно, беше упатена заедничка осуда за руската воена инвазија во Украина, што претставува закана не само за мирот и стабилноста на европскиот континент, туку го таргетира и Индо – Пацификот и целокупната меѓународна безбедносна архитектура.

 

Покрај билатералните односи, кои беа оценети како многу добри и со постојан нагорен тренд, се разговараше за соработката на мултилатерален план и за меѓусебната поддршка за кандидатури во меѓународни организации.

 

Соговорниците меѓусебно се информираа и за состојбите во Индо-Пацифичкиот регион, како и за актуелните состојби во Западен Балкан. Притоа, беше нагласена јапонската поддршка за евроинтегративните процеси на Македонија, што е особено значајно за зачувување на стабилноста во земјата и регионот. Османи од своја страна изрази поддршка за јапонските заложби за слободен и отворен Индо – Пацифик, истовремено упатувајќи силна порака дека меѓународното статус кво во споменатиот регион не смее да се менува еднострано и со употреба на сила.

 

Османи од Токио заминува во посета на Вашингтон каде ќе ја предводи владината делегација во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД.

 

The post Османи на средба со Сузуки Такако, државен министер за надворешни работи на Јапонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на посетата на Јапонија, оствари средба со државниот министер за надворешни работи, Сузуки Такако.   Во фокусот на разговорите беа билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија, што беа оценети како исклучително блиски и пријателски. Османи изрази благодарност за целокупната јапонска помош преку различни донации, грантови и проекти, што го поттикнува нашиот економски и социјален развој.   На средбата стана збор и за потенцијалот за зајакнување на економската и бизнис соработка, при што беше поздравено идното учество на Македонија на Осака ЕКСПО 2025, како и одржаната бизнис презентација од страна на Османи на бизнис форумот во Јапонската организација за меѓународна трговија (ЏЕТРО).   Воедно, беше упатена заедничка осуда за руската воена инвазија во Украина, што претставува закана не само за мирот и стабилноста на европскиот континент, туку го таргетира и Индо – Пацификот и целокупната меѓународна безбедносна архитектура.   Покрај билатералните односи, кои беа оценети како многу добри и со постојан нагорен тренд, се разговараше за соработката на мултилатерален план и за меѓусебната поддршка за кандидатури во меѓународни организации.   Соговорниците меѓусебно се информираа и за состојбите во Индо-Пацифичкиот регион, како и за актуелните состојби во Западен Балкан. Притоа, беше нагласена јапонската поддршка за евроинтегративните процеси на Македонија, што е особено значајно за зачувување на стабилноста во земјата и регионот. Османи од своја страна изрази поддршка за јапонските заложби за слободен и отворен Индо – Пацифик, истовремено упатувајќи силна порака дека меѓународното статус кво во споменатиот регион не смее да се менува еднострано и со употреба на сила.   Османи од Токио заминува во посета на Вашингтон каде ќе ја предводи владината делегација во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД.  

The post Османи на средба со Сузуки Такако, државен министер за надворешни работи на Јапонија appeared first on Република.

]]>