супермен Archives - Република https://republika.mk/tema/supermen/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 10:47:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png супермен Archives - Република https://republika.mk/tema/supermen/ 32 32 Објавен трејлерот за документарниот филм „Супер/Човек: Приказната за Кристофер Рив“ https://republika.mk/scena/film/objaven-trejlerot-za-dokumentarniot-film-super-chovek-prikaznata-za-kristofer-riv/ Tue, 27 Aug 2024 10:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=810550

Продукциската куќа „Ди-си студиос“ (DC Studios) го објави трејлерот за „Super/Man: The Christopher Reeve Story“ („Супер/Човек: Приказната за Кристофер Рив“).

Се работи за документарен филм каде што глумецот Кристофер Рив ја раскажува ужасната реалност што му се случила по несреќата со јавање коњ во мај 1995 година, кога тој остана парализиран од рамениците надолу.

Американскиот глумец, можеби најпознат по неговата улога во серијалот филмови „Супермен“ од 1970-тите и 80-тите, се присетува на зборовите од неговата сопруга Дејна, која му дала мотив да продолжи напред.

- Го уништив и мојот и животот на сите други... Си реков: „Нема да можам да скијам, да пливам, да му фрлам топка на Вил (синот Вилијам Рив, з.п.), нема да можам да водам љубов со Дејна; Можеби треба да си заминам“. И, тогаш таа (Дејна) ги кажа зборовите што ми го спасија животот: „Ти сè уште си ти и јас те сакам“, раскажува сега починатиот Рив во една сцена.

Документарецот за Кристофер Рив се сосредоточува на глумецот како суперхерој, животот во ортопедска количка и неговата работа како поборник за правата на лицата со попреченост. Филмот вклучува архивски снимки со Рив, но и интервјуа со трите деца на Рив: Метју, Александра и Вилијам.

- Сите го бараат херојот. Јас не сум херој. Тоа беше дел. Јас одиграв дел. Јас не сум тој човек, вели Рив.

Како борец против попреченост, Рив лобираше и во Конгресот, се појави на 68. доделување на „Оскарите“ и беше домаќин на Параолимпијадата во 1996 година во Атланта. Почина во 2004 година. Документарецот ќе почне да се прикажува во кино на 21 септември и на роденденот на Рив - 25 септември.

https://www.youtube.com/watch?v=gX-B3HMlMfY

The post Објавен трејлерот за документарниот филм „Супер/Човек: Приказната за Кристофер Рив“ appeared first on Република.

]]>

Продукциската куќа „Ди-си студиос“ (DC Studios) го објави трејлерот за „Super/Man: The Christopher Reeve Story“ („Супер/Човек: Приказната за Кристофер Рив“).

Се работи за документарен филм каде што глумецот Кристофер Рив ја раскажува ужасната реалност што му се случила по несреќата со јавање коњ во мај 1995 година, кога тој остана парализиран од рамениците надолу. Американскиот глумец, можеби најпознат по неговата улога во серијалот филмови „Супермен“ од 1970-тите и 80-тите, се присетува на зборовите од неговата сопруга Дејна, која му дала мотив да продолжи напред. - Го уништив и мојот и животот на сите други... Си реков: „Нема да можам да скијам, да пливам, да му фрлам топка на Вил (синот Вилијам Рив, з.п.), нема да можам да водам љубов со Дејна; Можеби треба да си заминам“. И, тогаш таа (Дејна) ги кажа зборовите што ми го спасија животот: „Ти сè уште си ти и јас те сакам“, раскажува сега починатиот Рив во една сцена. Документарецот за Кристофер Рив се сосредоточува на глумецот како суперхерој, животот во ортопедска количка и неговата работа како поборник за правата на лицата со попреченост. Филмот вклучува архивски снимки со Рив, но и интервјуа со трите деца на Рив: Метју, Александра и Вилијам. - Сите го бараат херојот. Јас не сум херој. Тоа беше дел. Јас одиграв дел. Јас не сум тој човек, вели Рив. Како борец против попреченост, Рив лобираше и во Конгресот, се појави на 68. доделување на „Оскарите“ и беше домаќин на Параолимпијадата во 1996 година во Атланта. Почина во 2004 година. Документарецот ќе почне да се прикажува во кино на 21 септември и на роденденот на Рив - 25 септември. https://www.youtube.com/watch?v=gX-B3HMlMfY

The post Објавен трејлерот за документарниот филм „Супер/Човек: Приказната за Кристофер Рив“ appeared first on Република.

]]>
Хенри Кавил повторно ќе се појави во улогата на „Супермен“ https://republika.mk/scena/film/henri-kavil-povtorno-kje-se-pojavi-vo-ulogata-na-supermen/ Tue, 25 Oct 2022 07:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=564860

По кусото појавување како „Супермен“ во суперхеројскиот филм „Црниот Адам“, Хенри Кавил на Инстаграм потврди дека се враќа во својот црвено-син костим.

Сакав да почекам да заврши викендот пред да го објавам ова, затоа што сакав да ви дадам можност сите да го гледате „Блек Адам“. Но, сега кога сите сте тука, сакам ова да биде и официјално – се враќам како Супермен - соопшти британскиот глумец.

Кавил им се заблагодари на обожавателите за поддршката и трпението, додавајќи дека тоа ќе биде наградено.

Тој го толкуваше „Човекот од челик“ во истоимениот филм од 2013 година, па во „Бетмен против Супермен“ од 2016., „Лигата на правдата“ од 2017., како и во проширената, „маратонска“ верзија на последниот филм, издаден 2021 година.

The post Хенри Кавил повторно ќе се појави во улогата на „Супермен“ appeared first on Република.

]]>

По кусото појавување како „Супермен“ во суперхеројскиот филм „Црниот Адам“, Хенри Кавил на Инстаграм потврди дека се враќа во својот црвено-син костим.
Сакав да почекам да заврши викендот пред да го објавам ова, затоа што сакав да ви дадам можност сите да го гледате „Блек Адам“. Но, сега кога сите сте тука, сакам ова да биде и официјално – се враќам како Супермен - соопшти британскиот глумец.
Кавил им се заблагодари на обожавателите за поддршката и трпението, додавајќи дека тоа ќе биде наградено. Тој го толкуваше „Човекот од челик“ во истоимениот филм од 2013 година, па во „Бетмен против Супермен“ од 2016., „Лигата на правдата“ од 2017., како и во проширената, „маратонска“ верзија на последниот филм, издаден 2021 година.

The post Хенри Кавил повторно ќе се појави во улогата на „Супермен“ appeared first on Република.

]]>
Издржа само нешто повеќе од година: Крај на стрипот за синот-бисексуалец на Супермен https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/izdrza-samo-neshto-povekje-od-godina-kraj-na-stripot-za-sinot-biseksualec-na-supermen/ Thu, 13 Oct 2022 07:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=560376

„Ди-си комикс“ објави дека, поради падот на продажбата, ќе ја прекинат серијата стрипови за бисексуалниот „Супермен“, со поднаслов „Синот на Кал-Ел“.

Заплетот на серијата се врти околу 17-годишниот Џонатан Кент, син на Кларк Кент и Лоис Лејн, а првиот број беше пуштен во продажба минатиот октомври. Според проценките на продажбата на „Комикон“, јавна база на податоци за продажбата на стрипови, првото издание на синот на Суперман е продадено во 68.800 примероци, а последниот број се продал во само 34.000 примероци.

Последното, 18-то издание ќе биде објавено овој декември.

Замислата да се замени Кларк Кент со друг директен бел спасител се чинеше како пропуштена шанса - изјави создавачот на приказната Том Тејлор во една пригода.

Гејб Елтаеб, кој работеше како колорист за „Ди-си комикс“, се откажа минатата година во знак на протест, опишувајќи ја стрип-серијата на Тејлор како „стрип што ја мрази Америка“.

Елтаеб потоа почна да работи на својот стрип против новиот американски тренд „будење“. Првото издание на приказната „Исом“, на писателот Ерик Јули, се продаде во 43.000 примероци.

The post Издржа само нешто повеќе од година: Крај на стрипот за синот-бисексуалец на Супермен appeared first on Република.

]]>

„Ди-си комикс“ објави дека, поради падот на продажбата, ќе ја прекинат серијата стрипови за бисексуалниот „Супермен“, со поднаслов „Синот на Кал-Ел“. Заплетот на серијата се врти околу 17-годишниот Џонатан Кент, син на Кларк Кент и Лоис Лејн, а првиот број беше пуштен во продажба минатиот октомври. Според проценките на продажбата на „Комикон“, јавна база на податоци за продажбата на стрипови, првото издание на синот на Суперман е продадено во 68.800 примероци, а последниот број се продал во само 34.000 примероци. Последното, 18-то издание ќе биде објавено овој декември.
Замислата да се замени Кларк Кент со друг директен бел спасител се чинеше како пропуштена шанса - изјави создавачот на приказната Том Тејлор во една пригода.
Гејб Елтаеб, кој работеше како колорист за „Ди-си комикс“, се откажа минатата година во знак на протест, опишувајќи ја стрип-серијата на Тејлор како „стрип што ја мрази Америка“. Елтаеб потоа почна да работи на својот стрип против новиот американски тренд „будење“. Првото издание на приказната „Исом“, на писателот Ерик Јули, се продаде во 43.000 примероци.

The post Издржа само нешто повеќе од година: Крај на стрипот за синот-бисексуалец на Супермен appeared first on Република.

]]>
Страница од стрип „Спајдермен“ продадена на аукција за 3,36 милиони долари https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/stranica-od-strip-spajdermen-prodadena-na-aukcija-za-3-36-milioni-dolari/ Fri, 14 Jan 2022 21:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=441451

Страница од стрип за „Спајдермен“ е продадена за 3,36 милиони долари на аукција на „Херитиџ окшнс“ (Heritage Auctions) во Тексас.

Илустрацијата датира од 1984 година и на неа уметникот Мајк Зек првпат го прикажува популарниот лик од стриповите, во црн костим.

Џо Мадалена, потпретседател на аукциската куќа, изјави дека покрај страницата од стрипот „Спајдермен“, продаден е и исклучително редок примерок од првото издание на „Супермен“. Тој чинеше 3,18 милиони долари.

Картички „Покемон“ и други стрипови, исто така биле предмет на високи наддавања на неодамнешните аукции. Според аукционерите, „колекционерите плаќаат за својата носталгија“.

The post Страница од стрип „Спајдермен“ продадена на аукција за 3,36 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Страница од стрип за „Спајдермен“ е продадена за 3,36 милиони долари на аукција на „Херитиџ окшнс“ (Heritage Auctions) во Тексас. Илустрацијата датира од 1984 година и на неа уметникот Мајк Зек првпат го прикажува популарниот лик од стриповите, во црн костим. Џо Мадалена, потпретседател на аукциската куќа, изјави дека покрај страницата од стрипот „Спајдермен“, продаден е и исклучително редок примерок од првото издание на „Супермен“. Тој чинеше 3,18 милиони долари. Картички „Покемон“ и други стрипови, исто така биле предмет на високи наддавања на неодамнешните аукции. Според аукционерите, „колекционерите плаќаат за својата носталгија“.

The post Страница од стрип „Спајдермен“ продадена на аукција за 3,36 милиони долари appeared first on Република.

]]>