Сунил Ман Archives - Република https://republika.mk/tema/sunil-man/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 11:20:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сунил Ман Archives - Република https://republika.mk/tema/sunil-man/ 32 32 Претставување и разговор со писателот Сунил Ман во „Буква“ https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavuvane-i-razgovor-so-pisatelot-sunil-man-vo-bukva/ Wed, 24 Jul 2024 11:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=799831

На 25 јули (четврток), со почеток во 20:00, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.

Сунил Ман (1972) е швајцарски писател кој пишува на германски јазик. Потекнува од семејство на доселеници од Индија. Студирал психологија и германски јазик. Почнува да објавува во 2001 година. Главно пишува криминалистички романи и раскази. Досега има објавено шест романи за возрасни, три романи за деца и четири збирки раскази. Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои наградата „Агата Кристи“ на фондацијата „С. Фишер“ и „Циришката награда за криминалистички роман“.

Сунил Ман е член на Здружението на швајцарски писатели на криминалистичка литература, Германско-швајцарскиот ПЕН центар и здружението „Про литерис“.

Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Сунил Ман во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

The post Претставување и разговор со писателот Сунил Ман во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

На 25 јули (четврток), со почеток во 20:00, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот Сунил Ман. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. Сунил Ман (1972) е швајцарски писател кој пишува на германски јазик. Потекнува од семејство на доселеници од Индија. Студирал психологија и германски јазик. Почнува да објавува во 2001 година. Главно пишува криминалистички романи и раскази. Досега има објавено шест романи за возрасни, три романи за деца и четири збирки раскази. Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои наградата „Агата Кристи“ на фондацијата „С. Фишер“ и „Циришката награда за криминалистички роман“. Сунил Ман е член на Здружението на швајцарски писатели на криминалистичка литература, Германско-швајцарскиот ПЕН центар и здружението „Про литерис“. Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Сунил Ман во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

The post Претставување и разговор со писателот Сунил Ман во „Буква“ appeared first on Република.

]]>