Сунак Archives - Република https://republika.mk/tema/sunak/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Oct 2023 12:12:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сунак Archives - Република https://republika.mk/tema/sunak/ 32 32 Сунак: Само владите можат да се спротивстават на ризиците од вештачката интелигенција https://republika.mk/vesti/svet/sunak-samo-vladite-mozhat-da-se-sprotivstavat-na-rizitsite-od-veshtachkata-inteligentsija/ Thu, 26 Oct 2023 12:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=695243

Британскиот премиер Риши Сунак во четвртокот рече дека само владите можат да се справат со ризиците од вештачката интелигенција (ВИ), технологија која може да го олесни создавањето на хемиско или биолошко оружје, да шири страв и, во најлош случај, да избега од човечката контрола.

Говорејќи пред глобалниот собир што го свика следната недела за да ги процени ризиците од технологијата, Сунак рече дека се надева оти учесниците ќе се договорат за природата на ризиците и ќе формираат глобален панел за да ги проценат.

Велика Британија, рече Сунак, ќе основа Институт за безбедност на вештачка интелигенција за „да ги прегледа, оцени и тестира новите типови на вештачка интелигенција за да знае за што е способен секој нов модел“.

„Ако направиме грешка овде, вештачката интелигенција би можела да го олесни создавањето на хемиско или биолошко оружје, а во неверојатни, но екстремни случаи постои ризик вештачката интелигенција целосно да биде одземена од човечката контрола“, предупреди Сунак.

Во паркот Блечли во јужна Англија, седиштето на британските експерти за дешифрирање на шифрирани пораки за време на Втората светска војна, на 1 и 2 ноември се одржува собир на претставници на компании за вештачка интелигенција, политички лидери и експерти.

Сунак рече дека Британија сака да биде глобален лидер во безбедноста на вештачката интелигенција.

На состанокот била поканета и Кина, но засега нема потврда дека ќе испрати свој претставник.

The post Сунак: Само владите можат да се спротивстават на ризиците од вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Риши Сунак во четвртокот рече дека само владите можат да се справат со ризиците од вештачката интелигенција (ВИ), технологија која може да го олесни создавањето на хемиско или биолошко оружје, да шири страв и, во најлош случај, да избега од човечката контрола. Говорејќи пред глобалниот собир што го свика следната недела за да ги процени ризиците од технологијата, Сунак рече дека се надева оти учесниците ќе се договорат за природата на ризиците и ќе формираат глобален панел за да ги проценат. Велика Британија, рече Сунак, ќе основа Институт за безбедност на вештачка интелигенција за „да ги прегледа, оцени и тестира новите типови на вештачка интелигенција за да знае за што е способен секој нов модел“.
„Ако направиме грешка овде, вештачката интелигенција би можела да го олесни создавањето на хемиско или биолошко оружје, а во неверојатни, но екстремни случаи постои ризик вештачката интелигенција целосно да биде одземена од човечката контрола“, предупреди Сунак.
Во паркот Блечли во јужна Англија, седиштето на британските експерти за дешифрирање на шифрирани пораки за време на Втората светска војна, на 1 и 2 ноември се одржува собир на претставници на компании за вештачка интелигенција, политички лидери и експерти. Сунак рече дека Британија сака да биде глобален лидер во безбедноста на вештачката интелигенција. На состанокот била поканета и Кина, но засега нема потврда дека ќе испрати свој претставник.

The post Сунак: Само владите можат да се спротивстават на ризиците од вештачката интелигенција appeared first on Република.

]]>
Сунак пристигна во Израел https://republika.mk/vesti/svet/sunak-pristigna-vo-izrael/ Thu, 19 Oct 2023 07:52:31 +0000 https://republika.mk/?p=692689

Британскиот премиер Риши Сунак пристигна денеска во Израел.

Тука сум да ја изразам мојата солидарност со израелскиот народ. Вие претрпевте неискажлив, ужасен чин на тероризам и сакам да знаете дека Велика Британија и јас стоиме зад вас, рече тој.

Сунак ќе поттикне што поскоро отворање на рути за премин на хуманитарна помош за Газа од Египет.

Секоја цивилна смрт е трагедија. И премногу животи беа изгубени по терористичкиот акт на Хамас, изјави тој.

Сунак ќе се сретне со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и со претседателот, Исак Херцог. Се очекува Сунак да посети и голем број други регионални главни градови.

The post Сунак пристигна во Израел appeared first on Република.

Сунак не е сигурен кој ја уништи браната Каховка https://republika.mk/vesti/svet/sunak-ne-e-siguren-koj-ja-unishti-branata-kahovka/ Wed, 07 Jun 2023 17:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=648943

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон се уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка на југот на Украина.

- Се уште не можам дефинитивно да го кажам тоа. Нашите разузнавачки и воени служби работат на случајот, рече Сунак, одговарајќи на новинарско прашање.

- Но, ако е вистина, ако се покаже дека е намерно, тоа ќе биде ново ниско ниво. Тоа е ужасен чин на варварство од страна на Русија, додаде тој.

The post Сунак не е сигурен кој ја уништи браната Каховка appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон се уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка на југот на Украина.
- Се уште не можам дефинитивно да го кажам тоа. Нашите разузнавачки и воени служби работат на случајот, рече Сунак, одговарајќи на новинарско прашање. - Но, ако е вистина, ако се покаже дека е намерно, тоа ќе биде ново ниско ниво. Тоа е ужасен чин на варварство од страна на Русија, додаде тој.

The post Сунак не е сигурен кој ја уништи браната Каховка appeared first on Република.

]]>
Сунак: Велика Британија не планира да испрати борбени авиони во Украина https://republika.mk/vesti/svet/sunak-velika-britanija-ne-planira-da-isprati-borbeni-avioni-vo-ukraina/ Mon, 15 May 2023 20:59:49 +0000 https://republika.mk/?p=641166

Велика Британија не планира да испрати борбени авиони во Украина откако украинската војска навести дека би била среќна доколку користи Ф-16, изјави денеска портпаролот на премиерот Риши Сунак.

На прашањето дали Британија ќе испрати борбени авиони во Украина, портпаролот рече: „Нема планови за такво нешто“.

-Украинците одлучија да обучуваат пилоти на Ф-16, а знаете дека РАФ не ги користи, рече портпаролот, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски се наоѓа во посета на велика Британија и од Западот бара да испрати борбени авиони.

Зеленски додаде дека е оптимист за претстојните „многу важни одлуки“ за испорака на борбени авиони што ги бара од западните земји за одбрана од руска инвазија.

-Сакаме да создадеме „коалиција за авиони“ и јас сум многу оптимист за тоа, разговаравме за тоа и мислам дека тоа ќе се случи многу скоро, ќе бидете информирани за одлуките што ги сметам за многу важни, им рече Зеленски на новинарите по разговорот со Сунак.

Велика Британија, која е меѓу главните земји што му помагаат на Киев, минатата недела објави дека ќе испрати крстосувачки ракети Storm Shadow во Украина, со што ќе стане првата земја што ја снабдува со оружје со вака долг дострел.

Лондон во 2022 година испрати воена помош на Киев во вредност од 2,65 милијарди евра, а владата најави дека ќе продолжи да помага на тоа ниво и годинава, што е втора најголема помош за земјата, по онаа на САД.

The post Сунак: Велика Британија не планира да испрати борбени авиони во Украина appeared first on Република.