Сули ан Archives - Република https://republika.mk/tema/suli-an/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 12:45:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сули ан Archives - Република https://republika.mk/tema/suli-an/ 32 32 Фантастичната виолинистка Ирина Мурешану повторно гостува во Скопје: На 22 јули заедно со ФАМЕ’С Институт Оркестарот настапува во Сули-ан https://republika.mk/vesti/kultura/fantastichnata-violinistka-irina-mureshanu-povtorno-gostuva-vo-skopje-na-22-juli-zaedno-so-fame-s-institut-orkestarot-nastapuva-vo-suli-an/ Thu, 18 Jul 2024 12:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=798105

На 22 јули со почеток во 20.30 часот, во прекрасниот амбиент на Сули Ан, во рамките на манифестацијата „Скопското лето“, љубителите на класичната музика ќе имат можност да уживаат во уште еден концерт на ФАМЕ’С Институт Оркестарот, кој овој пат ќе биде предводен од американскиот диригент Скот Флавин, кој заедно со солистката Ирина Мурешану, ќе изведат популарни дела од американски композитори обединети во „Американска приказна“.

На концертот ќе може да се слушне популарната „West Side Story“ од Бернштајн во верзија за виолина и оркестар, како и „Appalachian Spring“ од Копланд, популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манцини итн.

Овој концерт, всушност, ќе биде заокружување на летната сесија на оркестарските курсеви во рамките на Фамес Институтот.

ФАМЕ'С европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ'С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Институтот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE). Фокусирајќи се на креирање можности за младите таленти програмата обезбедува едукација и разновидни оркестарски практки, истражувајќи нови стилови, збогатувајќи го репертоарот со нови композиции итн. Оваа програма овозможува високо професионално ниво на обука, пракса, менторирање и изведби, преку новите методологии и технологии кои се овозможени во студиото на ФАМЕ'С.

Преку различни дигитални платформи, проектот се стреми и кон развој на нова публика, пренесувајќи ги искуствата и културниот диверзитет на европското музичко наследство.

Овој институт континуирано е домаќин на млади музичари од различни земји од Европа како и врвни музички уметници кои ги раководеа активностите на овој семинар, меѓу кои и: Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Етјен Аблен, Габриел Прокофјев, Игор Корети, Оливие Дежурс, Емили Дејвис, Ирина Муресану, Јан Банг, Танго 5/4, Лука Фаулиси, Пол Марсовски, Чаба Палфи, Петер Барсони, Дајен Луи, Конрад Ван Алфен, Арварк Квартет и Веско Ешкенази.

Скот Флавин, роден во Бостон (САД) е музичар со сестрана  кариера, без разлика дали диригира класични музика, ги придружува најголемите светски џез ѕвезди или изведува современа музика. Неодамна е назначен за постојан диригент за престижниот оркестар  Symphony of the Americas. Освен тоа,  тој е и постојан диригент на орекстарот на Хенри Манцини Институтот. Флавин настапува со различни уметници како: сопранот Денис Грејвс, Бич Бојс, виолинистот Џозеф Силверстајн, џез-пијанистот Чик Кореа и Дејв Грусин и многу други.

Диригирал на летни фестивали, вклучително и Pine Mountain Music Festival и Летната младинска музичка школа на Универзитетот во Њу Хемпшир, и е професор на Eastern Music Festival, каде што предава заедно со познатиот диригент Џерард Шварц. Диригира со различни оркестри во САД и ЕУ.

Неговото деби како диригент беше на специјалната телевизија PBS, во специјалниот проект „Џез и филхармонија“, емитувано во јануари 2014 година.

Скот Флавин е страствен едукатор, тој е професор по виолина, камерна музика и оркестарско диригирање на Frost School of Music на Универзитетот во Мајами.

Виолинистката со романско потекло Ирина Мурешану е подеднакво барана на двете страни на Атлантикот, настапувајќи низ САД, Канада, Карибите, Европа, Азија и Јужна Африка. Г-ѓа Мурешану цврсто се етаблира како вешт уметник за снимање на музика, а нејзините авантуристички програми и тематски концепти ја дефинираат како солист и камерен музичар.

Лауреат и добитник на врвни награди на неколку престижни меѓународни натпревари за виолина, вклучувајќи ги натпреварите во Монтреал и Вашингон, Кралица Елизабета, УНИСА и натпреварот за гудачи Шадт. Наградите на Мурешану ја вклучуваат и музичката награда Пресер, наградата Артур Фут од Музичката асоцијација Харвард, Pro Musicis International Award и грантот на New Music USA.

Сезоната 2023-2024 на г-ѓа Мурешану покрај настапите во Франција, Србија, Кајманските Острови, Република Молдавија, голем број на фестивали во Соединетите Држави, ја вклучува и Македонија и тоа со неколку концерти.

Како добитник на „Грантот Енеску“ од Романскиот културен институт, оваа година таа има тримесечна позиција како уметник во резиденција во Cité Internationale des Arts во Париз.

Мурешану неодамна ја доби престижната награда Фулбрајт (Fulbright) и наградата за независни стипендии, истражување и креативност од Универзитетот во Мериленд за нејзиниот проект „Infinite Strings“: создавање платформа дизајнирана да промовира музика за виолина од романски композитори. Таа е, исто така, добитник на тригодишниот грант „Големите предизвици“ од Националната научна фондација од Универзитетот во Мериленд за истражувањето „Музичко образование за сите преку вештачка интелигенција и дигитални хуманистички науки“.

Реномираната мултимедијална програма за соло виолина на Мурешану „Четири жици низ светот - која ја слави различноста на музичките култури низ целиот свет преку дела на композитори од пет континенти – сеуште предизвикува големо внимание кај публиката и критиката. Издадено како соло ЦД за виолина во 2018 година од етикетата Sono Luminus номинирана за Греми, ЦД-то беше наречено „illuminating release“ од Boston Globe.

Ирина е активен камерен музичар и солист и е член на Бостонското трио. Настапува на фестивали како што се Баргемјузик во Њујорк, фестивалот Рокпорт во Масачусетс, серијата концерти на Беј Чемберс во Мејн и Фестивалот Боудин, Колорадо Стрингс на музичкиот фестивал Планините и Сан Хуан, фестивалот на камерна музика во Мауи на Хаваи, музичкиот фестивал Реизенд во Холандија, белгискиот фестивал ван де Леи и фестивалот Rencontres des Musiciennes во Франција и островот Гвадалупе.

Таа е страствен изведувач на нова музика, со бројни дела напишани и посветени на неа. Нејзините најнови изданија вклучуваат „Ирина Мурешану ја свири Виолета Динеску“, и „Hybrd, Hints and Hooks“. Покрај тоа таа ги снимала  и Концертот за виолина на Томас Обое Ли (исто така посветен на неа), композиции од Елена Руер за ЦД-то на Avie Records „Lift“, вклучено на 13-те најдобри снимки за класична музика на Кит Пауерс за 2016 година итн.

Ирина Мурешану е вонреден професор на Факултетот за музика и придружниот факултет на Институтот за напредни компјутерски студии на Универзитетот во Мериленд, факултетите на Бостонскиот конзерваториум во Беркли и на музичките катедри на Харвард и МИТ. Таа има престижна диплома за уметник и доктор по музички науки од Конзерваториумот Њу Ингланд, каде студирала со легендарната француска виолинистка Мишел Оклер.

Мурешану свири на виолина на Џузепе Рока од 1849 година и на гудало на Етиен Пајеот.

 

 

 

 

The post Фантастичната виолинистка Ирина Мурешану повторно гостува во Скопје: На 22 јули заедно со ФАМЕ’С Институт Оркестарот настапува во Сули-ан appeared first on Република.

]]>

На 22 јули со почеток во 20.30 часот, во прекрасниот амбиент на Сули Ан, во рамките на манифестацијата „Скопското лето“, љубителите на класичната музика ќе имат можност да уживаат во уште еден концерт на ФАМЕ’С Институт Оркестарот, кој овој пат ќе биде предводен од американскиот диригент Скот Флавин, кој заедно со солистката Ирина Мурешану, ќе изведат популарни дела од американски композитори обединети во „Американска приказна“. На концертот ќе може да се слушне популарната „West Side Story“ од Бернштајн во верзија за виолина и оркестар, како и „Appalachian Spring“ од Копланд, популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манцини итн. Овој концерт, всушност, ќе биде заокружување на летната сесија на оркестарските курсеви во рамките на Фамес Институтот. ФАМЕ'С европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ'С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Институтот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE). Фокусирајќи се на креирање можности за младите таленти програмата обезбедува едукација и разновидни оркестарски практки, истражувајќи нови стилови, збогатувајќи го репертоарот со нови композиции итн. Оваа програма овозможува високо професионално ниво на обука, пракса, менторирање и изведби, преку новите методологии и технологии кои се овозможени во студиото на ФАМЕ'С. Преку различни дигитални платформи, проектот се стреми и кон развој на нова публика, пренесувајќи ги искуствата и културниот диверзитет на европското музичко наследство. Овој институт континуирано е домаќин на млади музичари од различни земји од Европа како и врвни музички уметници кои ги раководеа активностите на овој семинар, меѓу кои и: Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Етјен Аблен, Габриел Прокофјев, Игор Корети, Оливие Дежурс, Емили Дејвис, Ирина Муресану, Јан Банг, Танго 5/4, Лука Фаулиси, Пол Марсовски, Чаба Палфи, Петер Барсони, Дајен Луи, Конрад Ван Алфен, Арварк Квартет и Веско Ешкенази. Скот Флавин, роден во Бостон (САД) е музичар со сестрана  кариера, без разлика дали диригира класични музика, ги придружува најголемите светски џез ѕвезди или изведува современа музика. Неодамна е назначен за постојан диригент за престижниот оркестар  Symphony of the Americas. Освен тоа,  тој е и постојан диригент на орекстарот на Хенри Манцини Институтот. Флавин настапува со различни уметници како: сопранот Денис Грејвс, Бич Бојс, виолинистот Џозеф Силверстајн, џез-пијанистот Чик Кореа и Дејв Грусин и многу други. Диригирал на летни фестивали, вклучително и Pine Mountain Music Festival и Летната младинска музичка школа на Универзитетот во Њу Хемпшир, и е професор на Eastern Music Festival, каде што предава заедно со познатиот диригент Џерард Шварц. Диригира со различни оркестри во САД и ЕУ. Неговото деби како диригент беше на специјалната телевизија PBS, во специјалниот проект „Џез и филхармонија“, емитувано во јануари 2014 година. Скот Флавин е страствен едукатор, тој е професор по виолина, камерна музика и оркестарско диригирање на Frost School of Music на Универзитетот во Мајами. Виолинистката со романско потекло Ирина Мурешану е подеднакво барана на двете страни на Атлантикот, настапувајќи низ САД, Канада, Карибите, Европа, Азија и Јужна Африка. Г-ѓа Мурешану цврсто се етаблира како вешт уметник за снимање на музика, а нејзините авантуристички програми и тематски концепти ја дефинираат како солист и камерен музичар. Лауреат и добитник на врвни награди на неколку престижни меѓународни натпревари за виолина, вклучувајќи ги натпреварите во Монтреал и Вашингон, Кралица Елизабета, УНИСА и натпреварот за гудачи Шадт. Наградите на Мурешану ја вклучуваат и музичката награда Пресер, наградата Артур Фут од Музичката асоцијација Харвард, Pro Musicis International Award и грантот на New Music USA. Сезоната 2023-2024 на г-ѓа Мурешану покрај настапите во Франција, Србија, Кајманските Острови, Република Молдавија, голем број на фестивали во Соединетите Држави, ја вклучува и Македонија и тоа со неколку концерти. Како добитник на „Грантот Енеску“ од Романскиот културен институт, оваа година таа има тримесечна позиција како уметник во резиденција во Cité Internationale des Arts во Париз. Мурешану неодамна ја доби престижната награда Фулбрајт (Fulbright) и наградата за независни стипендии, истражување и креативност од Универзитетот во Мериленд за нејзиниот проект „Infinite Strings“: создавање платформа дизајнирана да промовира музика за виолина од романски композитори. Таа е, исто така, добитник на тригодишниот грант „Големите предизвици“ од Националната научна фондација од Универзитетот во Мериленд за истражувањето „Музичко образование за сите преку вештачка интелигенција и дигитални хуманистички науки“. Реномираната мултимедијална програма за соло виолина на Мурешану „Четири жици низ светот - која ја слави различноста на музичките култури низ целиот свет преку дела на композитори од пет континенти – сеуште предизвикува големо внимание кај публиката и критиката. Издадено како соло ЦД за виолина во 2018 година од етикетата Sono Luminus номинирана за Греми, ЦД-то беше наречено „illuminating release“ од Boston Globe. Ирина е активен камерен музичар и солист и е член на Бостонското трио. Настапува на фестивали како што се Баргемјузик во Њујорк, фестивалот Рокпорт во Масачусетс, серијата концерти на Беј Чемберс во Мејн и Фестивалот Боудин, Колорадо Стрингс на музичкиот фестивал Планините и Сан Хуан, фестивалот на камерна музика во Мауи на Хаваи, музичкиот фестивал Реизенд во Холандија, белгискиот фестивал ван де Леи и фестивалот Rencontres des Musiciennes во Франција и островот Гвадалупе. Таа е страствен изведувач на нова музика, со бројни дела напишани и посветени на неа. Нејзините најнови изданија вклучуваат „Ирина Мурешану ја свири Виолета Динеску“, и „Hybrd, Hints and Hooks“. Покрај тоа таа ги снимала  и Концертот за виолина на Томас Обое Ли (исто така посветен на неа), композиции од Елена Руер за ЦД-то на Avie Records „Lift“, вклучено на 13-те најдобри снимки за класична музика на Кит Пауерс за 2016 година итн. Ирина Мурешану е вонреден професор на Факултетот за музика и придружниот факултет на Институтот за напредни компјутерски студии на Универзитетот во Мериленд, факултетите на Бостонскиот конзерваториум во Беркли и на музичките катедри на Харвард и МИТ. Таа има престижна диплома за уметник и доктор по музички науки од Конзерваториумот Њу Ингланд, каде студирала со легендарната француска виолинистка Мишел Оклер. Мурешану свири на виолина на Џузепе Рока од 1849 година и на гудало на Етиен Пајеот.        

The post Фантастичната виолинистка Ирина Мурешану повторно гостува во Скопје: На 22 јули заедно со ФАМЕ’С Институт Оркестарот настапува во Сули-ан appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Алиса во Апсурдистан“ од Јулија Петровска вечерва на „Скопско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-alisa-vo-apsurdistan-od-julija-petrovska-vecherva-na-skopsko-leto/ Sat, 29 Jul 2023 15:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=666668

Во рамки на „Скопско лето 2023“, во Сули ан вечерва (сабота, 29 јули) од 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Алиса во Апсурдистан“ од Јулија Петровска, а притоа со специјално приготвен соло сет на клавијатури и теремин присутните ќе ги чествува музичарката Ива Дамјановски.

Алиса е сосема обично девојче, пораснато тегнејќи се по гранките на маалските дрвја, со калливи прсти (од ловење полноглавци под Железничка) и со мнооогу книги.

Дали ваквата средина е виновна за нејзиниот непоправлив идеализам и искривена перцепција на реалноста останува мистерија.

Скопските улици ја сообразуваат со една поинаква реалност.

Државните институции со една сосема друга.

Алиса низ годините неповратно ги губи своето трпение, нерви, а богами и манири. Со текот на времето сѐ помалку чувствува потреба да „припаѓа“ во опкружувањето во кое живее.

Алиса, најсуптилно што може, зборува за бизарните моменти од секојдневието што го живееме во нашиот прекрасен Апсурдистан. Зборува за оние нешта за кои пламено се разговара „уз кафе“ или „у кафана“, но кои, од којзнае кои причини, се третираат како нешто за кое нема поента да се дискутира јавно, јасно и гласно.

Невозможноста „функционално“ да се вклопи во системот, Алиса бидува алката што чкрипи, што го заглавува механизмот добро-подмачкан со двојни стандарди и опортунизам – слонот во продавница за кристал.

Не знаејќи како да најде разврска за клопчето во кое сѐ повеќе се заплеткува, Алиса, се смалува себе си и тргнува во потрага по дупката на зајакот, надевајќи се дека таму ќе најде одговори за сопствената „очуденост“.

Изложбата Алиса во Апсурдистан е покана за преиспитување на секојдневието кое нѐ уморува, кое неповратно ни ја цица животната енергија оставајќи нѐ со празни раце и мамурна главоболка.

Дали е можно спокојно да се битисува во една волку фрагментарна и површно-утилитарна реалност?

Дали кулите од материјален комфор во кои се затвораме ги задоволуваат инхерентните човекови потреби за разбирање и припадност?

Придружете ѝ се на нашата анти-хероина во нејзиното патување низ Апсурдистан во потрага по одговори, значење и смисол“, стои во најавата за настанот.

 

The post Изложбата „Алиса во Апсурдистан“ од Јулија Петровска вечерва на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на „Скопско лето 2023“, во Сули ан вечерва (сабота, 29 јули) од 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Алиса во Апсурдистан“ од Јулија Петровска, а притоа со специјално приготвен соло сет на клавијатури и теремин присутните ќе ги чествува музичарката Ива Дамјановски.
Алиса е сосема обично девојче, пораснато тегнејќи се по гранките на маалските дрвја, со калливи прсти (од ловење полноглавци под Железничка) и со мнооогу книги. Дали ваквата средина е виновна за нејзиниот непоправлив идеализам и искривена перцепција на реалноста останува мистерија. Скопските улици ја сообразуваат со една поинаква реалност. Државните институции со една сосема друга. Алиса низ годините неповратно ги губи своето трпение, нерви, а богами и манири. Со текот на времето сѐ помалку чувствува потреба да „припаѓа“ во опкружувањето во кое живее. Алиса, најсуптилно што може, зборува за бизарните моменти од секојдневието што го живееме во нашиот прекрасен Апсурдистан. Зборува за оние нешта за кои пламено се разговара „уз кафе“ или „у кафана“, но кои, од којзнае кои причини, се третираат како нешто за кое нема поента да се дискутира јавно, јасно и гласно. Невозможноста „функционално“ да се вклопи во системот, Алиса бидува алката што чкрипи, што го заглавува механизмот добро-подмачкан со двојни стандарди и опортунизам – слонот во продавница за кристал. Не знаејќи како да најде разврска за клопчето во кое сѐ повеќе се заплеткува, Алиса, се смалува себе си и тргнува во потрага по дупката на зајакот, надевајќи се дека таму ќе најде одговори за сопствената „очуденост“. Изложбата Алиса во Апсурдистан е покана за преиспитување на секојдневието кое нѐ уморува, кое неповратно ни ја цица животната енергија оставајќи нѐ со празни раце и мамурна главоболка. Дали е можно спокојно да се битисува во една волку фрагментарна и површно-утилитарна реалност? Дали кулите од материјален комфор во кои се затвораме ги задоволуваат инхерентните човекови потреби за разбирање и припадност? Придружете ѝ се на нашата анти-хероина во нејзиното патување низ Апсурдистан во потрага по одговори, значење и смисол“, стои во најавата за настанот.
 

The post Изложбата „Алиса во Апсурдистан“ од Јулија Петровска вечерва на „Скопско лето“ appeared first on Република.

]]>
Изложба посветена на 80-годишнината од смртта на народниот херој Цветан Димов https://republika.mk/vesti/kultura/izlozba-posvetena-na-80-godishninata-od-smrtta-na-narodniot-heroj-cvetan-dimov/ Fri, 11 Nov 2022 09:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=572647

Музејот на Град Скопје, на 13 ноември (недела) , со почеток во 13.30 часот организира изложба посветена на 80-годишнината од смртта на народниот херој Цветан Димов.

Изложбата ќе биде поставена во Сули-ан во Старата скопска чаршија.

The post Изложба посветена на 80-годишнината од смртта на народниот херој Цветан Димов appeared first on Република.

]]>

Музејот на Град Скопје, на 13 ноември (недела) , со почеток во 13.30 часот организира изложба посветена на 80-годишнината од смртта на народниот херој Цветан Димов. Изложбата ќе биде поставена во Сули-ан во Старата скопска чаршија.

The post Изложба посветена на 80-годишнината од смртта на народниот херој Цветан Димов appeared first on Република.

]]>
Студентите со филмови, перформанс и изложба во Сули-ан го одбележаа Светскиот ден на уметноста https://republika.mk/vesti/kultura/studentite-so-filmovi-performans-i-izlozba-vo-suli-an-go-odbelezaa-svetskiot-den-na-umetnosta/ Mon, 18 Apr 2022 07:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=489809

Во чест на Светскиот ден на уметноста во Сули ан беше отворена изложбата на дела од студентите на Факултетот за ликовни уметности кои се претставија со слики, графики, цртежи, инсталации и дигитални дела.

Во дворот и на терасата на горниот кат свои дела изложија: Славчо Павлоски, Благоја Грозданоски, Андриана Милошевска, Ивона Петрова, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Марија Ќурчиева, Ивона Младеновска, Горјана Калевска, Сара Милошевска, Никола Станковски, Валон Идризи, Ванеса Ода, Филип Ристевски, Мартин Калков, Мартин Буровски, Сихана Сејфулаи, Благица Трајкоска, Стефан Божиновски, Марко Печеновиќ, Марија Јаќовска, Теона Милева, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Сара Митковска, Габриела Живковска, Теодора Андоноска, Ева Симевска, Елена Стојкова, Симона Трајановиќ, Ангела Манчевска и Ивана Секулоска.

Се одржаа и проекции на студентски филмови од студенти на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, како и Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Филмските проекции ќе се одржат во периодот од 15:00 – 16:00, во едно од ателјеата на горниот кат од Сули ан.

Со свои филмови учествуваа: Тина Величковиќ („Филм за Марјан Величковиќ – Мачор“, документарен филм, 2021, 17′ 25″), Розе Симоновска („Автопортрет“, 2021, 5′), Стефан Божиновски („Тука сум“, 2021, 22′ 05″), Ана Андонова („Малечка“, 2020, 14′ 56″).

По повод Денот на уметностите, група студенти од катедрата за графика на Факултетот за ликовни уметности припреми едно дополнително колективно дело. „Графичарски експонати“ е концептуален перформанс кој го посочува чувството кое го имаат студентите за време на својата работа во печатницата, која како дел од просторот на Сули ан е често посетувано место од љубопитни минувачи.

Учесници во перформансот „Графичарски експонати“ беа: Стефан Божиновски, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Габриела Живковска, Ева Симевска, Сара Митковска, Евгенија Трајковска, Теона Милева.

 

The post Студентите со филмови, перформанс и изложба во Сули-ан го одбележаа Светскиот ден на уметноста appeared first on Република.

]]>

Во чест на Светскиот ден на уметноста во Сули ан беше отворена изложбата на дела од студентите на Факултетот за ликовни уметности кои се претставија со слики, графики, цртежи, инсталации и дигитални дела. Во дворот и на терасата на горниот кат свои дела изложија: Славчо Павлоски, Благоја Грозданоски, Андриана Милошевска, Ивона Петрова, Лусиана Ампева, Марта Патлиџанковска, Марија Ќурчиева, Ивона Младеновска, Горјана Калевска, Сара Милошевска, Никола Станковски, Валон Идризи, Ванеса Ода, Филип Ристевски, Мартин Калков, Мартин Буровски, Сихана Сејфулаи, Благица Трајкоска, Стефан Божиновски, Марко Печеновиќ, Марија Јаќовска, Теона Милева, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Сара Митковска, Габриела Живковска, Теодора Андоноска, Ева Симевска, Елена Стојкова, Симона Трајановиќ, Ангела Манчевска и Ивана Секулоска. Се одржаа и проекции на студентски филмови од студенти на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, како и Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Филмските проекции ќе се одржат во периодот од 15:00 – 16:00, во едно од ателјеата на горниот кат од Сули ан. Со свои филмови учествуваа: Тина Величковиќ („Филм за Марјан Величковиќ – Мачор“, документарен филм, 2021, 17′ 25″), Розе Симоновска („Автопортрет“, 2021, 5′), Стефан Божиновски („Тука сум“, 2021, 22′ 05″), Ана Андонова („Малечка“, 2020, 14′ 56″). По повод Денот на уметностите, група студенти од катедрата за графика на Факултетот за ликовни уметности припреми едно дополнително колективно дело. „Графичарски експонати“ е концептуален перформанс кој го посочува чувството кое го имаат студентите за време на својата работа во печатницата, која како дел од просторот на Сули ан е често посетувано место од љубопитни минувачи. Учесници во перформансот „Графичарски експонати“ беа: Стефан Божиновски, Милена Петковска, Михаил Паскоски, Габриела Живковска, Ева Симевска, Сара Митковска, Евгенија Трајковска, Теона Милева.  

The post Студентите со филмови, перформанс и изложба во Сули-ан го одбележаа Светскиот ден на уметноста appeared first on Република.

]]>