суецки канал Archives - Република https://republika.mk/tema/suecki-kanal/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Mar 2024 16:03:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png суецки канал Archives - Република https://republika.mk/tema/suecki-kanal/ 32 32 Конкурент на Суецкиот канал: Ќе се гради нов трговски коридор од Русија до иранските пористаништа во Перскискиот Залив https://republika.mk/vesti/svet/konkurent-na-suetskiot-kanal-ke-se-gradi-nov-trgovski-koridor-od-rusija-do-iranskite-poristanishta-vo-perskiskiot-zaliv/ Sat, 23 Mar 2024 16:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=757850

Развојот на новиот меѓународен транспортен коридор Север-Југ ќе ја направи Русија недостижна за западните санкции, пишува „Њујорк Тајмс“.

Клучна компонента на плановите на Русија е железница долга 1600 километри и вредна 1,7 милијарди долари, која треба да почне со изградба оваа година. Тоа ќе биде последната врска меѓу Русија и иранските пристаништа во Персискиот Залив, што ќе обезбеди лесен пристап до трговската престолнина на Индија, Мумбај“, пишува изданието.

Да се ​​напомене дека изградбата на пругата се планира да заврши во 2028 година.

Благодарение на новата рута ќе може да се намали времето на превоз на стока од Санкт Петербург до Мумбај на десет дена. Според руските власти, коридорот Север-Југ би можел да се натпреварува со Суецкиот канал според важноста за транспорт на стоки.

The post Конкурент на Суецкиот канал: Ќе се гради нов трговски коридор од Русија до иранските пористаништа во Перскискиот Залив appeared first on Република.

]]>

Развојот на новиот меѓународен транспортен коридор Север-Југ ќе ја направи Русија недостижна за западните санкции, пишува „Њујорк Тајмс“.
Клучна компонента на плановите на Русија е железница долга 1600 километри и вредна 1,7 милијарди долари, која треба да почне со изградба оваа година. Тоа ќе биде последната врска меѓу Русија и иранските пристаништа во Персискиот Залив, што ќе обезбеди лесен пристап до трговската престолнина на Индија, Мумбај“, пишува изданието.
Да се ​​напомене дека изградбата на пругата се планира да заврши во 2028 година. Благодарение на новата рута ќе може да се намали времето на превоз на стока од Санкт Петербург до Мумбај на десет дена. Според руските власти, коридорот Север-Југ би можел да се натпреварува со Суецкиот канал според важноста за транспорт на стоки.

The post Конкурент на Суецкиот канал: Ќе се гради нов трговски коридор од Русија до иранските пористаништа во Перскискиот Залив appeared first on Република.

]]>
Приходите од Суецкиот канал се речиси преполовени поради јеменските Хути https://republika.mk/vesti/svet/prihodite-od-suetskiot-kanal-se-rechisi-prepoloveni-poradi-jemenskite-huti/ Mon, 05 Feb 2024 09:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=740445

Приходите на Суецкиот канал паднаа за речиси половина во јануари, изјави директорот на управувањето со поморските патишта, адмирал Осама Рабиех, цитиран од онлајн изданието „Ентерпрајз њуз“, пренесува БТА.

Приходите од патарините за транзит паднаа на 428 милиони долари, што е пад од 47 отсто на годишно ниво. Бродовите што минуваат низ клучната трговска артерија се намалени за речиси 37 отсто поради нападите на јеменските бунтовници Хути. На почетокот на февруари, францускиот бродски гигант CMA повторно го суспендираше минувањето на своите бродови низ Црвеното Море, откако во јануари продолжи со дел од курсевите. Голем број други компании го прекинаа превозот преку Суецкиот канал.

Хутите извршија ракетни и беспилотни напади во Црвеното Море во знак на поддршка за палестинската организација Хамас во нејзината војна со Израел. Суецкиот канал, кој е достапен само преку Црвеното Море, ги поврзува некои од најголемите европски потрошувачи на стоки со добавувачите во Азија. Околу 12 отсто од светската трговија минува низ поморскиот пат, што е повеќе од 30 отсто од меѓународниот сообраќај со контејнерски бродови и претставува повеќе од еден трилион долари во стоки годишно.

The post Приходите од Суецкиот канал се речиси преполовени поради јеменските Хути appeared first on Република.

]]>

Приходите на Суецкиот канал паднаа за речиси половина во јануари, изјави директорот на управувањето со поморските патишта, адмирал Осама Рабиех, цитиран од онлајн изданието „Ентерпрајз њуз“, пренесува БТА. Приходите од патарините за транзит паднаа на 428 милиони долари, што е пад од 47 отсто на годишно ниво. Бродовите што минуваат низ клучната трговска артерија се намалени за речиси 37 отсто поради нападите на јеменските бунтовници Хути. На почетокот на февруари, францускиот бродски гигант CMA повторно го суспендираше минувањето на своите бродови низ Црвеното Море, откако во јануари продолжи со дел од курсевите. Голем број други компании го прекинаа превозот преку Суецкиот канал. Хутите извршија ракетни и беспилотни напади во Црвеното Море во знак на поддршка за палестинската организација Хамас во нејзината војна со Израел. Суецкиот канал, кој е достапен само преку Црвеното Море, ги поврзува некои од најголемите европски потрошувачи на стоки со добавувачите во Азија. Околу 12 отсто од светската трговија минува низ поморскиот пат, што е повеќе од 30 отсто од меѓународниот сообраќај со контејнерски бродови и претставува повеќе од еден трилион долари во стоки годишно.

The post Приходите од Суецкиот канал се речиси преполовени поради јеменските Хути appeared first on Република.

]]>
Поморскиот сообраќај низ Суецкиот канал намален за 39 отсто по нападот на Хутите https://republika.mk/vesti/svet/pomorskiot-soobrakaj-niz-suetskiot-kanal-namalen-za-39-otsto-po-napadot-na-hutite/ Fri, 26 Jan 2024 14:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=737173

Поморскиот товарен сообраќај низ Суецкиот канал е намален за 39 отсто во последните два месеца, а обемот на транспортираниот товар за 45 отсто откако транспортот беше пренасочен поради нападите на јеменските бунтовници Хути врз трговските бродови во Црвеното Море.

Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) соопшти дека во неделата од 12 до 19 јануари преку Суецкиот канал бил превезен 82 отсто помалку товар во споредба со почетокот на декември.

УНКТАД, кој ги поддржува земјите во развој во глобалната трговија, предупреди дека товарните бродови на долги релации ризикуваат да ја зголемат инфлацијата, несигурноста на храната и зголемените емисии на стакленички гасови.

Шефот за трговска логистика на УНКТАД, Јан Хофман, во четвртокот рече дека ефектите од повисоките трошоци за транспорт на стоки ќе се видат во цените на продавниците за околу една година.

Хофман истакна дека сега се нарушени три клучни глобални трговски патишта, вклучително и транспортот на жито и нафта поради руската инвазија на Украина, Панамскиот канал поради сушата и инвазијата на Хутите.

The post Поморскиот сообраќај низ Суецкиот канал намален за 39 отсто по нападот на Хутите appeared first on Република.

]]>

Поморскиот товарен сообраќај низ Суецкиот канал е намален за 39 отсто во последните два месеца, а обемот на транспортираниот товар за 45 отсто откако транспортот беше пренасочен поради нападите на јеменските бунтовници Хути врз трговските бродови во Црвеното Море. Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) соопшти дека во неделата од 12 до 19 јануари преку Суецкиот канал бил превезен 82 отсто помалку товар во споредба со почетокот на декември. УНКТАД, кој ги поддржува земјите во развој во глобалната трговија, предупреди дека товарните бродови на долги релации ризикуваат да ја зголемат инфлацијата, несигурноста на храната и зголемените емисии на стакленички гасови. Шефот за трговска логистика на УНКТАД, Јан Хофман, во четвртокот рече дека ефектите од повисоките трошоци за транспорт на стоки ќе се видат во цените на продавниците за околу една година. Хофман истакна дека сега се нарушени три клучни глобални трговски патишта, вклучително и транспортот на жито и нафта поради руската инвазија на Украина, Панамскиот канал поради сушата и инвазијата на Хутите.

The post Поморскиот сообраќај низ Суецкиот канал намален за 39 отсто по нападот на Хутите appeared first on Република.

]]>
Повторно хаос во Суцкиот канал: Огромен танкер се насука и целосно го блокираше сообраќајот https://republika.mk/vesti/svet/povtorno-haos-vo-suckiot-kanal-ogromen-tanker-se-nasuka-i-celosno-go-blokirashe-soobrakjajot/ Thu, 01 Sep 2022 11:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=546416

Поморскиот сообраќај во Суецкиот канал бил прекинат, откако се насукал огромен танкер за нафта, што било причина реморкери да работат на негово „ослободување“.

Како што пренесува Дејли Мејл, повикувајќи се на локални извори, танкерот „Афинити В“ долг 252 метри го блокирал сообраќајот низ каналот.

Друг извор, од канцеларијата на Суецкиот канал, за локалните медиуми, соопштил дека бродот бил откачен по неколку часа и сообраќајот е обновен.

https://twitter.com/LoperfidoFranco/status/1565107332597571585?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565107332597571585%7Ctwgr%5Ef140a4fd19a88f28abbf1a3b0413c2a41a0f26aa%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4001521%2Fprivremeno-blokiran-suecki-kanal

Бродот изгубил контрола додека минувал низ каналот долг 193 километри, кој ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море и претставува кратенка меѓу Азија и Европа.

Танкерот привремено го блокираше сообраќајот и сега повторно се движи кон југ, но оди бавно и со помош на ремокери кои го влечат - објави TankerTrakers, компанија која го следи движењето на танкери низ светот.

https://twitter.com/TankerTrackers/status/1565111625518030848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565111625518030848%7Ctwgr%5Ef140a4fd19a88f28abbf1a3b0413c2a41a0f26aa%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4001521%2Fprivremeno-blokiran-suecki-kanal

Инцидентот доаѓа 18 месеци откако бродот Ever Given шест дена беше насукан во каналот, предизвикувајќи хаос во снабдувањето низ целиот свет.

Во март минатата година, товарен брод долг 400 метри се заглави во каналот, кога беше исфрлен на брегот од силните ветрови.

Светската трговија беше нарушена бидејќи стотици бродови не можеа да пловат на една од најпрометните и најважните морски патишта во светот.

The post Повторно хаос во Суцкиот канал: Огромен танкер се насука и целосно го блокираше сообраќајот appeared first on Република.

]]>

Поморскиот сообраќај во Суецкиот канал бил прекинат, откако се насукал огромен танкер за нафта, што било причина реморкери да работат на негово „ослободување“. Како што пренесува Дејли Мејл, повикувајќи се на локални извори, танкерот „Афинити В“ долг 252 метри го блокирал сообраќајот низ каналот. Друг извор, од канцеларијата на Суецкиот канал, за локалните медиуми, соопштил дека бродот бил откачен по неколку часа и сообраќајот е обновен. https://twitter.com/LoperfidoFranco/status/1565107332597571585?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565107332597571585%7Ctwgr%5Ef140a4fd19a88f28abbf1a3b0413c2a41a0f26aa%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4001521%2Fprivremeno-blokiran-suecki-kanal Бродот изгубил контрола додека минувал низ каналот долг 193 километри, кој ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море и претставува кратенка меѓу Азија и Европа.
Танкерот привремено го блокираше сообраќајот и сега повторно се движи кон југ, но оди бавно и со помош на ремокери кои го влечат - објави TankerTrakers, компанија која го следи движењето на танкери низ светот.
https://twitter.com/TankerTrackers/status/1565111625518030848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565111625518030848%7Ctwgr%5Ef140a4fd19a88f28abbf1a3b0413c2a41a0f26aa%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4001521%2Fprivremeno-blokiran-suecki-kanal Инцидентот доаѓа 18 месеци откако бродот Ever Given шест дена беше насукан во каналот, предизвикувајќи хаос во снабдувањето низ целиот свет. Во март минатата година, товарен брод долг 400 метри се заглави во каналот, кога беше исфрлен на брегот од силните ветрови. Светската трговија беше нарушена бидејќи стотици бродови не можеа да пловат на една од најпрометните и најважните морски патишта во светот.

The post Повторно хаос во Суцкиот канал: Огромен танкер се насука и целосно го блокираше сообраќајот appeared first on Република.

]]>
Низ него минуваат 12% од светската трговија: Суецкиот канал лани генерирал рекордни 6,3 милијарди долари https://republika.mk/vesti/svet/niz-nego-minuvaat-12-od-svetskata-trgovija-sueckiot-kanal-lani-generiral-rekordni-6-3-milijardi-dolari/ Mon, 03 Jan 2022 09:40:55 +0000 https://republika.mk/?p=439898

Приходите од Суецкиот канал во Египет во 2021 година изнесуваат рекордни 6,3 милијарди американски долари, соопшти претседателот на Управата на Суецкиот Канал (СКА) Осама Рабие.

Минатогодишните приходи се за 12,8 отсто повисоки во однос на 2020 година. Водниот пат, исто така, постигна најголема годишна нето-тонажа од 1,27 милијарди тони, што е за 8,5 отсто повеќе од 1,17 милијарди тони во 2020 година.

Минатата година во двете насоки на каналот поминале 20.694 бродови, десет отсто повеќе од 2020 година.

Египет во ноември најави дека од февруари 2022 година ќе ја зголеми таксата за бродовите што минуваат низ каналот за шест отсто.

Суецкиот канал е од клучно значење за глобалната поморска трговија бидејќи овозможува пловидба меѓу Европа и Јужна Азија без да треба да се заобиколува Африка, со што се намалува растојанието на поморското патување меѓу Европа и Индија за околу седум илјади километри.

Околу 12 отсто од светската трговија минува низ овој вештачки канал, кој е главен извор на девизи за Египет.

The post Низ него минуваат 12% од светската трговија: Суецкиот канал лани генерирал рекордни 6,3 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Приходите од Суецкиот канал во Египет во 2021 година изнесуваат рекордни 6,3 милијарди американски долари, соопшти претседателот на Управата на Суецкиот Канал (СКА) Осама Рабие. Минатогодишните приходи се за 12,8 отсто повисоки во однос на 2020 година. Водниот пат, исто така, постигна најголема годишна нето-тонажа од 1,27 милијарди тони, што е за 8,5 отсто повеќе од 1,17 милијарди тони во 2020 година. Минатата година во двете насоки на каналот поминале 20.694 бродови, десет отсто повеќе од 2020 година. Египет во ноември најави дека од февруари 2022 година ќе ја зголеми таксата за бродовите што минуваат низ каналот за шест отсто. Суецкиот канал е од клучно значење за глобалната поморска трговија бидејќи овозможува пловидба меѓу Европа и Јужна Азија без да треба да се заобиколува Африка, со што се намалува растојанието на поморското патување меѓу Европа и Индија за околу седум илјади километри. Околу 12 отсто од светската трговија минува низ овој вештачки канал, кој е главен извор на девизи за Египет.

The post Низ него минуваат 12% од светската трговија: Суецкиот канал лани генерирал рекордни 6,3 милијарди долари appeared first on Република.

]]>