судство Archives - Република https://republika.mk/tema/sudstvo/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 13:01:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png судство Archives - Република https://republika.mk/tema/sudstvo/ 32 32 Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга и исцрпувачка, вели Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/instalatsiite-na-sdsm-i-dui-vo-sudstvoto-i-obvinitelstvoto-se-zhilavi-borbata-ke-bide-dolga-i-istsrpuvachka-veli-mitskoski/ Mon, 11 Nov 2024 13:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=836355

Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството ќе биде „долга и исцрпувачка, бидејќи тие инсталации се жилави“, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на крајот ќе бидат поразени и граѓаните ќе добијат правда.

Борбата, како што рече Мицкоски, не очекува да биде лесна и во обвинителството и во судството, затоа што „нивната цел да дадат се од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните вистински стопани, тие малкумина обвинители и судии да ги заштитат, добива епски размери“.

Честопати, во изминатите речиси пет месеци како сме Влада се случува некој од обвинителите да имаат стомачни проблеми, главоболки, температура и т.н. во моментот кога ќе треба да се преземе акција против криминалците кои беа симбол на едно минато седумгодишно владеење, кое не треба да ни се повтори - изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Тутунскиот комбинат АД Прилеп.

Според Мицкоски, овие инсталации се мали и станува збор за малкумина и во обвинителството и во судството.

Малкумина се во обвинителството и во судството кои се уште се слепи послушници на претходната влада од СДСМ и ДУИ, но можам да ви кажам дека ќе победиме. На крај, тие ќе бидат поразени, а македонските граѓани ќе добијат правда, онаква каква што заслужуваат, а не неправда од страна на малкумина октроирани послушници на претходната влада на СДСМ и ДУИ, кои во последен момент секогаш добиваат стомачни напади, вируси, главоболка и температура кога треба да се дејствува - изјави Мицкоски.

The post Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга и исцрпувачка, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството ќе биде „долга и исцрпувачка, бидејќи тие инсталации се жилави“, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на крајот ќе бидат поразени и граѓаните ќе добијат правда. Борбата, како што рече Мицкоски, не очекува да биде лесна и во обвинителството и во судството, затоа што „нивната цел да дадат се од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните вистински стопани, тие малкумина обвинители и судии да ги заштитат, добива епски размери“.
Честопати, во изминатите речиси пет месеци како сме Влада се случува некој од обвинителите да имаат стомачни проблеми, главоболки, температура и т.н. во моментот кога ќе треба да се преземе акција против криминалците кои беа симбол на едно минато седумгодишно владеење, кое не треба да ни се повтори - изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Тутунскиот комбинат АД Прилеп.
Според Мицкоски, овие инсталации се мали и станува збор за малкумина и во обвинителството и во судството.
Малкумина се во обвинителството и во судството кои се уште се слепи послушници на претходната влада од СДСМ и ДУИ, но можам да ви кажам дека ќе победиме. На крај, тие ќе бидат поразени, а македонските граѓани ќе добијат правда, онаква каква што заслужуваат, а не неправда од страна на малкумина октроирани послушници на претходната влада на СДСМ и ДУИ, кои во последен момент секогаш добиваат стомачни напади, вируси, главоболка и температура кога треба да се дејствува - изјави Мицкоски.

The post Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга и исцрпувачка, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Судско обвинителскиот систем е катастрофален, решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители https://republika.mk/vesti/makedonija/sudsko-obvinitelskiot-sistem-e-katastrofalen-reshenieto-e-tselosna-reforma-tselosna-departizatsija-i-na-sudskiot-sovet-i-na-sovetot-na-javni-obviniteli/ Mon, 04 Nov 2024 09:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=833907

Решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители. Препораките од Оценската мисија треба да бидат разгледани со должно и сериозно внимание затоа што ако вака продолжиме следниот извештај на Европската комисија ќе биде негативен или полош од сите претходни, велат за МИА од Владата.

На прашањето кој е ставот на Владата за Извештајот на ЕК во кој се нотира дека најавеното распуштање на Судскиот совет и Советот на ЈО загрижува и дека е неопходно реформи во согласност со препораките на Оценската мисија, од Канцеларија на портпарол на Владата, велат дека секогаш кога ќе се отвори темата за распуштање на овие институции, тогаш „многумина се загрижени, а преку експерти кои долги години биле послушници на СДСМ и ДУИ, ги бранат позициите дека тоа не може да се направи“.

За жал судско обвинителскиот систем во Македонија е катастрофален и тоа што е пример за заробено судство е денес практично македонското судство. Во овој момент како најсоодветен пример за овие тврдења се наводите со кои се врши брутална партизација на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Затоа потврдуваме дека решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители и веднаш штом ќе се започнат било какви процедури јавноста ќе биде информирана, се вели во одговорот од Канцеларијата на портпаролот на Владата.

Исто така, истакнуваат дека, препораките од Оценската мисија треба да бидат разгледани со должно и сериозно внимание затоа што истите се изработени од експерти кои низ длабока анализа донеле такви препораки, затоа што „ако вака продолжиме следниот извештај на Европската комисија ќе биде негативен или полош од сите претходни“.

Во однос на најавените консултации за реформи на Судскиот и Јавно обвинителскиот совет, од Владата за МИА посочуваат дека реформите вo правосудниот систем од предизборно ветување станаа дел од владината програма 2024-2028 година, конкретно во глава II-Фонд против корупција.

Владата се залага за системски решенија, за трансформирање на правосудните органи во вистински, транспарентни, одговорни и ефикасни институции. Сериозно сме посветени и остануваме на идејата за носење на решенија кои ќе бидат темел на едно нормално демократско општествено. Со цел донесување на одржливо решение повикавме на расправа и побаравме инклузивност, за што до денес немаме таква состојба на повидок. Па оттука сосема логично е прашањето дали од распуштањето на овие институции има многумина загрижени субјекти? Важно е да се знае дека доаѓа време на промени и шанса за професионалните и способни кадри, велат од Канцеларијата на портпаролот на Владата.

Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од Христијан Мицкоски, е претставена во шест столба на над 60 страни. Носечка цел, како што се наведува, е обнова на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото, како и економското заживување со цел создавање на продуктивни и добро платени работни места. Вториот столб - фронт против корупцијата, предвидува реформа на правосудниот систем и системска борба против корупцијата.

Законите ќе се применуваат еднакво за сите граѓани, без оглед на нивната етничка, верска, полова и друга припадност. Владата ќе понуди нови системски решенија за трансформација на правосудните органи во вистински независни, транспарентни, одговорни и ефикасни субјекти кои се темел за едно нормално демократско општество. Ќе се посвети на ослободување на судството од стегите на извршната власт и спроведување политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизација и кронизам, се вели во програмата на Владата.

Предвидува распуштање и законска реформа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во преоден период, Владата ќе иницира законски измени со кои ќе утврди строги и објективно мерливи критериуми кои треба да ги исполнат новите членови, избрани на предлог на Собранието и на Претседателот на државата, преку транспарентна и јавна постапка што ќе го гарантира интегритетот и квалитетот на избраните кандидати. Владата ќе иницира процес на промена на Уставот во делот на уредување на составот на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

The post Судско обвинителскиот систем е катастрофален, решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители. Препораките од Оценската мисија треба да бидат разгледани со должно и сериозно внимание затоа што ако вака продолжиме следниот извештај на Европската комисија ќе биде негативен или полош од сите претходни, велат за МИА од Владата. На прашањето кој е ставот на Владата за Извештајот на ЕК во кој се нотира дека најавеното распуштање на Судскиот совет и Советот на ЈО загрижува и дека е неопходно реформи во согласност со препораките на Оценската мисија, од Канцеларија на портпарол на Владата, велат дека секогаш кога ќе се отвори темата за распуштање на овие институции, тогаш „многумина се загрижени, а преку експерти кои долги години биле послушници на СДСМ и ДУИ, ги бранат позициите дека тоа не може да се направи“. За жал судско обвинителскиот систем во Македонија е катастрофален и тоа што е пример за заробено судство е денес практично македонското судство. Во овој момент како најсоодветен пример за овие тврдења се наводите со кои се врши брутална партизација на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Затоа потврдуваме дека решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители и веднаш штом ќе се започнат било какви процедури јавноста ќе биде информирана, се вели во одговорот од Канцеларијата на портпаролот на Владата. Исто така, истакнуваат дека, препораките од Оценската мисија треба да бидат разгледани со должно и сериозно внимание затоа што истите се изработени од експерти кои низ длабока анализа донеле такви препораки, затоа што „ако вака продолжиме следниот извештај на Европската комисија ќе биде негативен или полош од сите претходни“. Во однос на најавените консултации за реформи на Судскиот и Јавно обвинителскиот совет, од Владата за МИА посочуваат дека реформите вo правосудниот систем од предизборно ветување станаа дел од владината програма 2024-2028 година, конкретно во глава II-Фонд против корупција. Владата се залага за системски решенија, за трансформирање на правосудните органи во вистински, транспарентни, одговорни и ефикасни институции. Сериозно сме посветени и остануваме на идејата за носење на решенија кои ќе бидат темел на едно нормално демократско општествено. Со цел донесување на одржливо решение повикавме на расправа и побаравме инклузивност, за што до денес немаме таква состојба на повидок. Па оттука сосема логично е прашањето дали од распуштањето на овие институции има многумина загрижени субјекти? Важно е да се знае дека доаѓа време на промени и шанса за професионалните и способни кадри, велат од Канцеларијата на портпаролот на Владата. Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од Христијан Мицкоски, е претставена во шест столба на над 60 страни. Носечка цел, како што се наведува, е обнова на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото, како и економското заживување со цел создавање на продуктивни и добро платени работни места. Вториот столб - фронт против корупцијата, предвидува реформа на правосудниот систем и системска борба против корупцијата. Законите ќе се применуваат еднакво за сите граѓани, без оглед на нивната етничка, верска, полова и друга припадност. Владата ќе понуди нови системски решенија за трансформација на правосудните органи во вистински независни, транспарентни, одговорни и ефикасни субјекти кои се темел за едно нормално демократско општество. Ќе се посвети на ослободување на судството од стегите на извршната власт и спроведување политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизација и кронизам, се вели во програмата на Владата. Предвидува распуштање и законска реформа на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во преоден период, Владата ќе иницира законски измени со кои ќе утврди строги и објективно мерливи критериуми кои треба да ги исполнат новите членови, избрани на предлог на Собранието и на Претседателот на државата, преку транспарентна и јавна постапка што ќе го гарантира интегритетот и квалитетот на избраните кандидати. Владата ќе иницира процес на промена на Уставот во делот на уредување на составот на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

The post Судско обвинителскиот систем е катастрофален, решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Судско обвинителскиот систем е пример за заробено судство во кој има некои кои се слепи послушници на СДСМ и ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sudsko-obvinitelskiot-sistem-e-primer-za-zarobeno-sudstvo-vo-koj-ima-nekoi-koi-se-slepi-poslushnitsi-na-sdsm-i-dui/ Thu, 31 Oct 2024 17:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=832865

За жал судско обвинителскиот систем во Македонија е катастрофален и тоа што е пример за заробено судство е денес практично македонското судство. Би сакал да посочам неколку работи кои мислам дека се многу важни. Имено, од страна на судскиот совет и советот на јавни обвинители се врши брутална партизација на Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители. Нешто што досега не е запаметено. Имаме демократски избрана власт со повеќе од 600.000 гласови, а од друга страна има неколкумина во судската власт кои се слепи послушници на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Отприлика вака функционира нашиот судско-обвинителски систем, посочи претседателот на Владата Христијан Мицкоски на пратеничко прашање за состојбите во правосудството и Академијата за судии и обвинители.

Тој посочи три примери како илустрација на состојбите во правосудството.

За член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители од редот на судиите, Судскиот совет ја избра од сите, Антоанета Димовска, сестра на поранешната пратеничка на СДСМ Снежана Калевска Ванчева. Таа е избрана од страна на Судскиот совет за член на управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители и тоа е спротивно на закон, бидејќи не е од редот на судиите, односно е член на судскиот совет, што претставува избрана или именувана функција и не смее истовремено да врши функција во орган на управување, како што е УО на Академијата за судии и јавни обвинители. Има судир на интереси, посочи Мицкоски.

Тој додаде:

За нејзин заменик е назначена е Емел Кранли, прва братучетка на Ветон Кранли, љубител на монети и близок соработник на Оливер Спасовски кој своевремено го назначил за началник на оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ. Одиме понатаму. Исто така за член на УО во Академијата од редот на јавните обвинители, Советот на јавни обвинители ја назначил Душица Димитриеска, мајка на Ема Нешкоска, инаку актуелен член на Советот на Општина Гостивар од СДСМ и кандидат за пратеник на пратеничката листа од истата партија во изборна единица 6 на последните парламентарни избори.

Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека секогаш кога ќе се отвори темата за распуштање на овие институции, тогаш веднаш излегуваат експерти, кои долги години биле послушници на СДСМ и ДУИ, да ги бранат позициите дека тоа не може да се направи.

Ова е дел од анамнезата, а што е решението? Решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, затоа што ако вака продолжиме следниот извештај на ЕК нема да биде ваков, туку ќе биде негативен. Затоа што се уште тие кои што слугуваа на коалицијата СДСМ и ДУИ се водечки во судско обвинителскиот систем, заклучи премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Судско обвинителскиот систем е пример за заробено судство во кој има некои кои се слепи послушници на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>

За жал судско обвинителскиот систем во Македонија е катастрофален и тоа што е пример за заробено судство е денес практично македонското судство. Би сакал да посочам неколку работи кои мислам дека се многу важни. Имено, од страна на судскиот совет и советот на јавни обвинители се врши брутална партизација на Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители. Нешто што досега не е запаметено. Имаме демократски избрана власт со повеќе од 600.000 гласови, а од друга страна има неколкумина во судската власт кои се слепи послушници на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Отприлика вака функционира нашиот судско-обвинителски систем, посочи претседателот на Владата Христијан Мицкоски на пратеничко прашање за состојбите во правосудството и Академијата за судии и обвинители. Тој посочи три примери како илустрација на состојбите во правосудството.
За член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители од редот на судиите, Судскиот совет ја избра од сите, Антоанета Димовска, сестра на поранешната пратеничка на СДСМ Снежана Калевска Ванчева. Таа е избрана од страна на Судскиот совет за член на управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители и тоа е спротивно на закон, бидејќи не е од редот на судиите, односно е член на судскиот совет, што претставува избрана или именувана функција и не смее истовремено да врши функција во орган на управување, како што е УО на Академијата за судии и јавни обвинители. Има судир на интереси, посочи Мицкоски.
Тој додаде:
За нејзин заменик е назначена е Емел Кранли, прва братучетка на Ветон Кранли, љубител на монети и близок соработник на Оливер Спасовски кој своевремено го назначил за началник на оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во БЈБ. Одиме понатаму. Исто така за член на УО во Академијата од редот на јавните обвинители, Советот на јавни обвинители ја назначил Душица Димитриеска, мајка на Ема Нешкоска, инаку актуелен член на Советот на Општина Гостивар од СДСМ и кандидат за пратеник на пратеничката листа од истата партија во изборна единица 6 на последните парламентарни избори.
Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека секогаш кога ќе се отвори темата за распуштање на овие институции, тогаш веднаш излегуваат експерти, кои долги години биле послушници на СДСМ и ДУИ, да ги бранат позициите дека тоа не може да се направи.
Ова е дел од анамнезата, а што е решението? Решението е целосна реформа, целосна департизација и на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, затоа што ако вака продолжиме следниот извештај на ЕК нема да биде ваков, туку ќе биде негативен. Затоа што се уште тие кои што слугуваа на коалицијата СДСМ и ДУИ се водечки во судско обвинителскиот систем, заклучи премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Судско обвинителскиот систем е пример за заробено судство во кој има некои кои се слепи послушници на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Работите во судството се катастрофално лоши, потребни се оставки во судски совет, генерален ремонт и реизбор https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-rabotite-vo-sudstvoto-se-katastrofalno-loshi-potrebni-se-ostavki-vo-sudski-sovet-generalen-remont-i-reizbor/ Thu, 03 Oct 2024 16:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=822296

Работите во судството ни се лоши, катастрофално лоши и тоа е оценка на сите од надвор и од внатре, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Тој посочи дека поради нула ажурност на судовите резултатите се катастрофални.

Резултатите се катастрофални со ажурност нула на судовите. Од одредени судови се праќаат по други, од едни апелациони подрачја во други се праќаат на испомош затоа што нема судии, вели Ковачки.

Тој продолжи и додаде:

Правдата генерално во Република Македонија ја нема тоа правосудство, судство, обвинителство таа спрега е скапана и тука ние не може да направиме исчекор без генерален ремонт. Мора да имаме генерален ремонт и реизбор, потенцираше Ковачки.

Тој е дециден дека сите во судскиот совет треба да си дадат оставки.

Судски совет како што сега е поставен треба да си дадат оставки затоа што доведоа до тие 2% доверба, додаде Ковачки.

The post Ковачки: Работите во судството се катастрофално лоши, потребни се оставки во судски совет, генерален ремонт и реизбор appeared first on Република.

]]>

Работите во судството ни се лоши, катастрофално лоши и тоа е оценка на сите од надвор и од внатре, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Тој посочи дека поради нула ажурност на судовите резултатите се катастрофални. Резултатите се катастрофални со ажурност нула на судовите. Од одредени судови се праќаат по други, од едни апелациони подрачја во други се праќаат на испомош затоа што нема судии, вели Ковачки. Тој продолжи и додаде: Правдата генерално во Република Македонија ја нема тоа правосудство, судство, обвинителство таа спрега е скапана и тука ние не може да направиме исчекор без генерален ремонт. Мора да имаме генерален ремонт и реизбор, потенцираше Ковачки. Тој е дециден дека сите во судскиот совет треба да си дадат оставки. Судски совет како што сега е поставен треба да си дадат оставки затоа што доведоа до тие 2% доверба, додаде Ковачки.

The post Ковачки: Работите во судството се катастрофално лоши, потребни се оставки во судски совет, генерален ремонт и реизбор appeared first on Република.

]]>
Пренџов: Срамно е никој да не поднесе оставка од функција за која има 2% рејтинг https://republika.mk/vesti/makedonija/prendhov-sramno-e-nikoj-da-ne-podnese-ostavka-od-funktsija-za-koja-gimate-2-rejting/ Thu, 19 Sep 2024 20:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=817920

„Огромно мнозинство од граѓаните, пратениците во Собранието и сите добронамерни организации кои и мислат добро на Македонија очекуваа од сите вас во советот денес да си поднесете оставки. Требаше да си поднесете оставки бидејќи крајно време е во Република Македонија да создадеме еден нормален правен систем во кој на челото на правда и правичност ќе бидат пресудни во правниот промет кој го имаат граѓаните со институциите“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов на денешната собраниска Комисија за политички систем на која дебатираа за Годишниот извештај на Советот за јавни обвинители за 2023 година.

„Ние во Македонија правна држава немаме. Правната држава почива на два столба првата е јавното обвинителство а вториот е судството. Ниту едното функционира, ниту другото функционира. Срамно е никој да не поднесе оставка од функција за која граѓаните кои сите не плаќаат имате 2% рејтинг“, вели Пренџов.

Пренџов укажа дека во Македонија нема правна држава, право и обвинителски систем.

„Темата право правда и реформи во правосуден систем беше ставен пред изборот на граѓаните, на секоја анкета немањето право и правда е клучен проблем, ама решение на него не е со вие да продолжите со како до сега да бидете судски совет во оваа држава со 2% рејтинг. На Македонија и требаат промени, а не козметика со зборување еден час и при тоа не кажување ништо“, дециден е Пренџов.

The post Пренџов: Срамно е никој да не поднесе оставка од функција за која има 2% рејтинг appeared first on Република.

Анализа: Македонското правосудство предизвикало штета од стотина милиони евра, ќе одговара ли некој? https://republika.mk/vesti/makedonija/analiza-makedonskoto-pravosudstvo-predizvikalo-shteta-od-stotina-milioni-evra-ke-odgovara-li-nekoj/ Tue, 03 Sep 2024 20:36:26 +0000 https://republika.mk/?p=812905

Веројатно ни најсовршениот компјутер или Вештачка интелигенција не може да пресмета колку пари чинеле сите македонски правосудни предмети водени во последниве десетина години кои според најголем дел од граѓаните не донесоа правда.

Неколкутемина судии, обвинители, ревизори, вработени во УЈП и адвокати кои анализираат за „Експред.мк“ сметаат дека од формирањето на СЈО до сега се потрошени стотина милиони евра за предмети за кои имало сомнеж дека се политичка нарачка и за кои се знаело дека нема да завршат со казни.

Погоре наведените правни експерти сметаат дека веќе не смее да се простува кога обвинители и судии трошат народни пари на нарачани предмети за кои се знае дека ќе пропаднат и дека е крајно време некој да одговара за огромните потрошени пари во правосудството.

Сумата од стотина милиони за која се зборува дека пропаднала во дупка поради неефикасноста или корумпираноста на обвинители и судии навидум е превисока ако се знае дека целиот буџет за правосудството е во просек околу 40 милиони евра годишно но фактите покажуваат дека трошоците може да се и повисоки.

Експертите укажуваат дека трошоците не треба да се анализираат само преку судскиот буџет туку и преку низа други институции, фирми и поединци кои создавале или плаќале трошоци.

Покрај обвинителството и судовите трошоци во предметите кои во најголем дел пропаднаа прават и обичната и судската полиција, МВР преку своите тела, затворите, транспорт на притвореници, истражители, меѓународна правна помош, луѓето и фирмите кои прават вештачења и супер вештачења, разни консултанти, одбраната и адвокатите, сведоците, отсуство од работа на инволвирани луѓе и уште многи други ставки поради кои сумата од стотина милиони евра навистина може да изгледа мала.

Поради обемноста на работата на обвинителството и судовите преку примерот на работата на Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева ќе се обидеме да прикажеме каде се во правосудството оделе пари за предметите кои пропаднаа во најголем дел.

Од Февруари 2016 кога почна да работи контроверзното Специјално обвинителство кое до згаснувањето беше под контрола на Зоран Заев се до денеска во Македонија се потрошени огромни средства од државниот буџет и приватни пари за кои најверојатно никој никогаш нема да одговара.

Се поставува прашањето колку пари се потрошени ако само за предистраги ако во предметот „Талир“ биле сослушани над 260 сведоци.

За да се разбере дека правосудството не успеа да поврати никакви значајни пати назад од своите прекари треба да се знае дека по правосилната пресуда за предметот „Труст“ на СЈО, само за овој предмет беше побарана конфискација на имот вредна 17 милиони евра. Парите никогаш не беа наплатени.

Во јуни 2017 година, во еден ден СЈО испорачани вкупно 17 обвиненија со огромни кутии доказен материјал. Заклучно со првите две, станаа 19, за на крајот да завршат со вкупно 22 обвиненија.

Речиси сите овие обвиненија пропаднаа.

По апсењето на Катица Јанева СЈО му предаде 171 предмет на државното обвинителство по што продолжија трошоците во рамки на редовниот буџет на ЈО.

Државното обвинителство од СЈО, со писмото на Јанева што го испрати од затвор, презеде вкупно 171 предмет, од кои 22 обвиненија, 19 истраги, 38 финансиски истраги и многу предистражни постапки. Само за минимален дел од имаше обвиненија. Пресуди уште помалку.

За да се разбере бројката од стотина милиони евра како вкупен трошок направен од предметите кои ги воделе обвинителството и судовите треба да се анализира штетата направена од СЈО и судовите за предметите што ги водеа Катица Јанева и колегите и истата снижена за 30 до 40 насто да се аплицира на работата на редовното обвинителство и судовите во предмети кои беа оставени од СЈО или беа целосно посебни.

Оваа анализа е фрапатна, пишува „Експрес.мк“.

Дококу се стави на вага колку всушност испорачаа „специјалните“ за четири години, вклучувајќи го тука сиот нивни професионален капацитет и ветената правда во Македонија, а колку потрошија за „решавање“ на обвиненијата произлезени од незаконско прислушуваните разговори, не се потребни многу анализи.

Меѓу најголемите трошоци во СЈО беа огромни суми за некакви бонуси и „додатоци за доверливост“ што обвинителите во СЈО ги земале, и покрај нивните високи плати.

Овој „додаток за доверливост” всушност им го овзможи законот за СЈО, со образложение за да се заштителе содржините од „бомбите“ односно обвинителите да го држат во тајност тоа што го слушнале во телефонските разговори. Но и покрај тоа што овие расфрлања со бонуси кои ги одредувала Јанева е законски покриено, легитимно се поставува сомнеж за злоупотреба на парите, бидеќи станува збор за енормно високи суми.

Од септември 2015 година, кога беше формирано СЈО, Катица Јанева и нејзиниот тим од специјални обвинитeли, потрошиле околу 9 милиони евра до 2019 година , а заедно со одобрениот буџет за 2020, СЈО „изело“ околу 12 милиони евра народни пари.

Буџетот на ова Обвинителство, кое за многумина беше противуставно, а формирано со политички коннсензус, од година на година се зголемуваше, па така за неколку месеци во 2015, на СЈО им беа дадени 220 илјади евра, во 2016 сумата се искачи на 2 милиони евра. Во 2017 на 2,6 милиони евра, во 2018 СЈО не чинеше 3,1 милиони евра, а за 2019 им беше одобрен буџет од 3,7 милиони евра.

Поединечната плата на обвинителите беше чувана во голема тајност, а според последните информации, само во 2020 година СЈО потрошило еден милиони евра само за плати.

Според сајтот „Отворени финансии“ на Министертсвото за финансии, без износот за плати, вкупната сума за бонуси по основ „додаток за доверливост“ на обвинителите од СЈО надминува над 700 илјади евра, од која Катица Јанева добила 157 илјади евра.

По обелоденувањето на вртоглавите бонуси, надвор од невообичаено високите плати на обвинителите во СЈО, експертската јавност бараше обвинителите да ги вратат добиените пари и да поднесат оставки од обвинителствата каде што беа префрлени, а Обвинитеството да отвори финансиска истрага за тоа дали постојат злоупотреби при трошењето на парите во СЈО.

Подоцна беа поднесени кривично пријави но досега не одговарал ниту еден од обвинителите.

Покрај поранешната специјална обвинителка Јанева, која земала 157 илјади евра, како додаток надвор од редовната плата, и другите нејзини колеги не собирале трошки за време на нивниот мандат. По Јанева, очгледно „најзаслужна“ се покажала обвинителката Елизабета Јосифоска, која освен редовната плата, земала 107 илјади евра. Бонусот за доверливост за неиздавање важни информации од бомбите кој е класифициран како „Други договорни услуги“, им се исплаќал на сите обвинители и изнесувал 2.440 евра месечно, а за Јанева тој изнесувал 4.000 евра месечно.

Според добиените бонуси, следува обвинителката Лиле Стефанова која земала дури 94 илјади евра бонуси од СЈО. Бурим Рустеми инкасирал нешто над 90.000 евра, Фатиме Фетаи заработила над 87 илјади евра бонуси за 4 години, а слични суми на име бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 86.234 евра, односно 85 илјади евра. На сметката на Ленче Ристоска легнале бонуси во висина од 72.520 евра. Покрај овие дополнителни исплати, дел од обвинителите примале пари за кирија, или за превоз до Скопје.

Покрај скандалите во врска со трошењето и платите во оваа институција се појави и информација дека во СЈО се потрошиле 13.300 илјади евра за апетисани само во 2019 година.

Ако овие трошоци на СЈО се аплицираат на редовните предмети во ЈО и судовите во сите други предмети кои пропаднаа лесно ќе се дојде до сума од стотина милиони евра потрошени речиси за ништо.

Од сите високо профилни или ,,политички” предмети досега имаше пресуди за неколку а најголем дел пропаднаа.

За потрошените пари и грешките на обвинителството или судовите никој обвинител или судија никогаш не одговараше.

Извор: „Експрес.мк

The post Анализа: Македонското правосудство предизвикало штета од стотина милиони евра, ќе одговара ли некој? appeared first on Република.

]]>

Веројатно ни најсовршениот компјутер или Вештачка интелигенција не може да пресмета колку пари чинеле сите македонски правосудни предмети водени во последниве десетина години кои според најголем дел од граѓаните не донесоа правда. Неколкутемина судии, обвинители, ревизори, вработени во УЈП и адвокати кои анализираат за „Експред.мк“ сметаат дека од формирањето на СЈО до сега се потрошени стотина милиони евра за предмети за кои имало сомнеж дека се политичка нарачка и за кои се знаело дека нема да завршат со казни. Погоре наведените правни експерти сметаат дека веќе не смее да се простува кога обвинители и судии трошат народни пари на нарачани предмети за кои се знае дека ќе пропаднат и дека е крајно време некој да одговара за огромните потрошени пари во правосудството. Сумата од стотина милиони за која се зборува дека пропаднала во дупка поради неефикасноста или корумпираноста на обвинители и судии навидум е превисока ако се знае дека целиот буџет за правосудството е во просек околу 40 милиони евра годишно но фактите покажуваат дека трошоците може да се и повисоки. Експертите укажуваат дека трошоците не треба да се анализираат само преку судскиот буџет туку и преку низа други институции, фирми и поединци кои создавале или плаќале трошоци. Покрај обвинителството и судовите трошоци во предметите кои во најголем дел пропаднаа прават и обичната и судската полиција, МВР преку своите тела, затворите, транспорт на притвореници, истражители, меѓународна правна помош, луѓето и фирмите кои прават вештачења и супер вештачења, разни консултанти, одбраната и адвокатите, сведоците, отсуство од работа на инволвирани луѓе и уште многи други ставки поради кои сумата од стотина милиони евра навистина може да изгледа мала. Поради обемноста на работата на обвинителството и судовите преку примерот на работата на Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева ќе се обидеме да прикажеме каде се во правосудството оделе пари за предметите кои пропаднаа во најголем дел. Од Февруари 2016 кога почна да работи контроверзното Специјално обвинителство кое до згаснувањето беше под контрола на Зоран Заев се до денеска во Македонија се потрошени огромни средства од државниот буџет и приватни пари за кои најверојатно никој никогаш нема да одговара. Се поставува прашањето колку пари се потрошени ако само за предистраги ако во предметот „Талир“ биле сослушани над 260 сведоци. За да се разбере дека правосудството не успеа да поврати никакви значајни пати назад од своите прекари треба да се знае дека по правосилната пресуда за предметот „Труст“ на СЈО, само за овој предмет беше побарана конфискација на имот вредна 17 милиони евра. Парите никогаш не беа наплатени. Во јуни 2017 година, во еден ден СЈО испорачани вкупно 17 обвиненија со огромни кутии доказен материјал. Заклучно со првите две, станаа 19, за на крајот да завршат со вкупно 22 обвиненија. Речиси сите овие обвиненија пропаднаа. По апсењето на Катица Јанева СЈО му предаде 171 предмет на државното обвинителство по што продолжија трошоците во рамки на редовниот буџет на ЈО. Државното обвинителство од СЈО, со писмото на Јанева што го испрати од затвор, презеде вкупно 171 предмет, од кои 22 обвиненија, 19 истраги, 38 финансиски истраги и многу предистражни постапки. Само за минимален дел од имаше обвиненија. Пресуди уште помалку. За да се разбере бројката од стотина милиони евра како вкупен трошок направен од предметите кои ги воделе обвинителството и судовите треба да се анализира штетата направена од СЈО и судовите за предметите што ги водеа Катица Јанева и колегите и истата снижена за 30 до 40 насто да се аплицира на работата на редовното обвинителство и судовите во предмети кои беа оставени од СЈО или беа целосно посебни. Оваа анализа е фрапатна, пишува „Експрес.мк“. Дококу се стави на вага колку всушност испорачаа „специјалните“ за четири години, вклучувајќи го тука сиот нивни професионален капацитет и ветената правда во Македонија, а колку потрошија за „решавање“ на обвиненијата произлезени од незаконско прислушуваните разговори, не се потребни многу анализи. Меѓу најголемите трошоци во СЈО беа огромни суми за некакви бонуси и „додатоци за доверливост“ што обвинителите во СЈО ги земале, и покрај нивните високи плати. Овој „додаток за доверливост” всушност им го овзможи законот за СЈО, со образложение за да се заштителе содржините од „бомбите“ односно обвинителите да го држат во тајност тоа што го слушнале во телефонските разговори. Но и покрај тоа што овие расфрлања со бонуси кои ги одредувала Јанева е законски покриено, легитимно се поставува сомнеж за злоупотреба на парите, бидеќи станува збор за енормно високи суми. Од септември 2015 година, кога беше формирано СЈО, Катица Јанева и нејзиниот тим од специјални обвинитeли, потрошиле околу 9 милиони евра до 2019 година , а заедно со одобрениот буџет за 2020, СЈО „изело“ околу 12 милиони евра народни пари. Буџетот на ова Обвинителство, кое за многумина беше противуставно, а формирано со политички коннсензус, од година на година се зголемуваше, па така за неколку месеци во 2015, на СЈО им беа дадени 220 илјади евра, во 2016 сумата се искачи на 2 милиони евра. Во 2017 на 2,6 милиони евра, во 2018 СЈО не чинеше 3,1 милиони евра, а за 2019 им беше одобрен буџет од 3,7 милиони евра. Поединечната плата на обвинителите беше чувана во голема тајност, а според последните информации, само во 2020 година СЈО потрошило еден милиони евра само за плати. Според сајтот „Отворени финансии“ на Министертсвото за финансии, без износот за плати, вкупната сума за бонуси по основ „додаток за доверливост“ на обвинителите од СЈО надминува над 700 илјади евра, од која Катица Јанева добила 157 илјади евра. По обелоденувањето на вртоглавите бонуси, надвор од невообичаено високите плати на обвинителите во СЈО, експертската јавност бараше обвинителите да ги вратат добиените пари и да поднесат оставки од обвинителствата каде што беа префрлени, а Обвинитеството да отвори финансиска истрага за тоа дали постојат злоупотреби при трошењето на парите во СЈО. Подоцна беа поднесени кривично пријави но досега не одговарал ниту еден од обвинителите. Покрај поранешната специјална обвинителка Јанева, која земала 157 илјади евра, како додаток надвор од редовната плата, и другите нејзини колеги не собирале трошки за време на нивниот мандат. По Јанева, очгледно „најзаслужна“ се покажала обвинителката Елизабета Јосифоска, која освен редовната плата, земала 107 илјади евра. Бонусот за доверливост за неиздавање важни информации од бомбите кој е класифициран како „Други договорни услуги“, им се исплаќал на сите обвинители и изнесувал 2.440 евра месечно, а за Јанева тој изнесувал 4.000 евра месечно. Според добиените бонуси, следува обвинителката Лиле Стефанова која земала дури 94 илјади евра бонуси од СЈО. Бурим Рустеми инкасирал нешто над 90.000 евра, Фатиме Фетаи заработила над 87 илјади евра бонуси за 4 години, а слични суми на име бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 86.234 евра, односно 85 илјади евра. На сметката на Ленче Ристоска легнале бонуси во висина од 72.520 евра. Покрај овие дополнителни исплати, дел од обвинителите примале пари за кирија, или за превоз до Скопје. Покрај скандалите во врска со трошењето и платите во оваа институција се појави и информација дека во СЈО се потрошиле 13.300 илјади евра за апетисани само во 2019 година. Ако овие трошоци на СЈО се аплицираат на редовните предмети во ЈО и судовите во сите други предмети кои пропаднаа лесно ќе се дојде до сума од стотина милиони евра потрошени речиси за ништо. Од сите високо профилни или ,,политички” предмети досега имаше пресуди за неколку а најголем дел пропаднаа. За потрошените пари и грешките на обвинителството или судовите никој обвинител или судија никогаш не одговараше. Извор: „Експрес.мк

The post Анализа: Македонското правосудство предизвикало штета од стотина милиони евра, ќе одговара ли некој? appeared first on Република.

]]>
Одговорност за Пајазити кој го пушти Блерим Рамадани да избега, заради судиите од СДС и ДУИ народот има 2% доверба во судството https://republika.mk/vesti/makedonija/odgovornost-za-pajaziti-koj-go-pushti-blerim-ramadani-da-izbega-zaradi-sudiite-od-sds-i-dui-narodot-ima-2-doverba-vo-sudstvoto/ Sun, 18 Aug 2024 08:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=807625

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за судијата Пајазити, за кого велат, го пушти Блерим Рамадани да избега, заради судиите од СДС и ДУИ народот има 2% доверба во судството.

Од партијата велат дека се додека судиите на СДС и ДУИ палат и гасат во судството нема да има правда.

Потребни се итни и коренити промени. Потребно е распуштање на Советот на јавни обвинители и Судскиот совет.

Иџет Мемети беше заменик претседател на Советот на јавни обвинители, призна дека земал поткуп, исто и Наќе Георгиев, Врховен судија и член на Судски совет. И двајцата се истурени експоненти на СДС и ДУИ.

Пајазит Пајазити, близок до ДУИ му досуди на Иџет Мемети условна казна затвор, а претходно дозволи Блерим Рамадани да избега. Кадрите на ДУИ и СДС го рушат системот. Распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители мора да има. Одговорност мора да има, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Одговорност за Пајазити кој го пушти Блерим Рамадани да избега, заради судиите од СДС и ДУИ народот има 2% доверба во судството appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за судијата Пајазити, за кого велат, го пушти Блерим Рамадани да избега, заради судиите од СДС и ДУИ народот има 2% доверба во судството. Од партијата велат дека се додека судиите на СДС и ДУИ палат и гасат во судството нема да има правда. Потребни се итни и коренити промени. Потребно е распуштање на Советот на јавни обвинители и Судскиот совет. Иџет Мемети беше заменик претседател на Советот на јавни обвинители, призна дека земал поткуп, исто и Наќе Георгиев, Врховен судија и член на Судски совет. И двајцата се истурени експоненти на СДС и ДУИ. Пајазит Пајазити, близок до ДУИ му досуди на Иџет Мемети условна казна затвор, а претходно дозволи Блерим Рамадани да избега. Кадрите на ДУИ и СДС го рушат системот. Распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители мора да има. Одговорност мора да има, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Одговорност за Пајазити кој го пушти Блерим Рамадани да избега, заради судиите од СДС и ДУИ народот има 2% доверба во судството appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Основа на функционирање на оваа Влада е владеење на правото, ниту сум се откажал, ниту пак ќе се откажам од реформи во правосудството https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-osnova-na-funktsionirane-na-ovaa-vlada-e-vladeene-na-pravoto-nitu-sum-se-otkazhal-nitu-pak-ke-se-otkazham-od-reformi-vo-pravosudstvoto/ Tue, 13 Aug 2024 15:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=806239

Не сум се откажал, нити ќе се откажам се додека правосудството кај граѓаните ужива доверба од 2 проценти, се ќе направам, буквално се ќе направам што е во моја моќ да тие 2 проценти бидат барем во една година 12. Се ќе направам. Но тоа што е наш одговор во тој документ којшто вие го кажувате е одговор врз основа на важечките закони и Устав. Ние како Влада не можеме да излеземе надвор од важечкото законодавство и Устав - изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски апелираше до експертската јавност да достават предлог за да се врати довербата на граѓаните во правосудството.

Дали сум се откажал? Ако добиеме подобар предлог за којшто, апелирам, молам еве ја користам оваа прилика, сите тие што беа против и од ЕУ и од експертската јавност, еве ве молам доставете, поминаа месеци ако не доставите тогаш доаѓаме до заклучокот дека вие намерно штитите институции коишто не се способни да обезбедат поддршка кај граѓаните поголема од 2 проценти, институции коишто не гарантираат владеење на правото, бидејќи 2 проценти кај граѓаните не е владеење на правото и институции коишто му служат некому, а не граѓаните. Како премиер, како претседател на Владата којшто добил, излегувајќи напред на чело на коалицијата, 450.000 граѓани на избори на оваа програма, ако не добијам подобар предлог не ми преостанува ништо друго освен тоа да тој предлог што погласно го промовирам и да ја вратиме довербата кај граѓаните - подвлече премиерот.

Претседателот на Владата Мицкоски објасни дека доколку нема доверба во правосудството нема да има странски инвестиции, што ќе има големо влијание врз Буџетот на државата и животниот стандард на граѓаните.

Основа на функционирање на оваа Влада е владеење на правото, тоа значи судии и обвинители коишто судат и обвинуваат согласно Закон и Устав, а не согласно партиски нарачки, од партиски штабови или други центри на моќ. Судии и обвинители коишто ќе гарантираат владеење на право и доверба кај граѓаните. Зашто? Затоа што ако немаме правна држава, нема да имаме ниту инвестиции, никој нема да сака да инвестира, ако немаме инвестиции ќе немаме пари во Буџетот, ако немаме пари во Буџет, многу едноставно, ќе нема пари ниту за реформи во образованието, ниту за реформи во здравството, ниту за повисоки плати, ниту за субвенции, ниту за оброк за младите, ниту за стипендии, ниту за нови студентски домови, ниту за медиумите, ниту за никого - рече премиерот.

Нема да штитам никого, немам концесија кон никого, треба тоа да го разберат сите и не се откажувам од ништо, само во случај ако добиеме подобар предлог, соопшти премиерот и додаде:

Ги повикувам нека не се кријат, позади комфорот на позициите коишто ги имаат, без разлика од каде доаѓаат, без разлика дали се претставници на меѓународна заедница, дали се домашни експерти. Дојдете подготвен сум да разговарам со сите вас, дајте предлог вака не иде, 2 проценти доверба кај граѓаните. А тезата еве му ја свиткаа раката на Мицкоски па сега попушти е глупава теза. Ми ја виткаат раката 6 години, не сме имале ваков капацитет, таков капацитет па гледате дека се што кажаа ништо не излезе така. Доста од политиканство, народот од нас очекува дејства, да го направиме животот подобар, да правиме вакви објекти, да нема деца на листа на чекање, да има подобар стандард, да живеат подобро тоа го очекуваат. Сега дали ми ја свиткале, не ми ја свиткале, никој не може да ми ја свитка раката, голем сум фала му на Бога.

The post Мицкоски: Основа на функционирање на оваа Влада е владеење на правото, ниту сум се откажал, ниту пак ќе се откажам од реформи во правосудството appeared first on Република.

Мицкоски: Секој заслужува шанса, па и Љупчо Коцевски па да видиме дали таа шанса ќе ја искористи https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sekoj-zasluzhuva-shansa-pa-i-lupcho-kotsevski-pa-da-vidime-dali-taa-shansa-ke-ja-iskoristi/ Sun, 04 Aug 2024 13:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=803244

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Фокус“ вели дека и покрај тоа што постојат многу основани сомненија за криминали кои треба да се испитаат по допрен глас од страна на обвинителството, во овој момент гледаме дека има нула дејство и истраги, затоа потенцираше дека се потребни итни реформи во правосудните органи.

-Јас секогаш сум заговорник на идејата дека секој заслужува шанса. Ние нема да се однесуваме како СДСМ и нема да ги злоупотребуваме пратениците, да беседиме во парламентот за да го смениме. Секој заслужува шанса, така и овој (Љупчо Коцевски) заслужува шанса, па да видиме дали таа шанса ќе ја искористи. Ако не ја користи таа шанса, јавно ќе зборувам. За жал, почетокот не му е добар, рече премиерот Мицкоски.

Говорејќи Советот на јавни обвинители и Судски совет, како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски нагласи дека, досега нема никој понудено друг модел, затоа, тоа што го нуди владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е судиите и обвинителите сами да изберат кој ќе биде во овие две институции, како и да добијат поголема независност преку автономен буџет процентуално врзан со вкупниот буџет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/od-rek-bitola-do-natsionalni-shumi-spored-mitskoski-postojat-inditsii-za-epski-kriminal-na-sdsm-i-dui/

-Излегуваат вечни експерти, го критикуваат моделот и наеднаш потоа гледаме слични или исти презимиња стануваат членови на Судски совет. Нека ми дадат модел. Убаво е вака од страна да набљудуваме и да кажуваме како не треба. Нека кажат како треба, изјави премиерот Мицкоски.

Додаде дека иако не се сите судии и обвинители роднински поврзани или корумпирани, или држеле предмети во фиока, тие се малцинство, но за жал се на клучни позиции и мнозинството е потчинето на истите.

-Има такви судии и обвинители кои се роднински поврзани, но не се сите, туку се малцинство. Има и такви кои се корумпирани, но не се сите, туку се малцинство. Има и такви кои држеле предмети во фиока и не ги процесуирале, но и тие се малцинство. Мнозинството не може да биде потчинето на малцинството. Малцинството самото ќе се катализира и исфилтрира и ќе биде безгласно. За жал, малцинството сега се на клучни позиции и затоа ни треба ова мнозинство да го победи малцинството, со тоа што самите тие ќе си изберат тоа што мислат дека им треба. Еве ние нема да се мешаме, ќе седиме настрана и ќе оставиме тие самите да ја направат таа катарза, да се исфилтрираат и тоа што е лошо да го отфрлат од системот. Доброто да го победи лошото, рече Мицкоски.

Истакна дека преку комисија за надзор над работењето на овие институции може да се врши надзор во Парламентот.

-Таа комисија ќе биде составена од пратеници и од власта и од опозицијата. И тие ќе имаат можност да прават редовни и вонредни контроли и да видат дали има злоупотреби. Ако има, планираме законски интервенции, па и кривично гонење, не само разрешување, изјави Мицкоски

The post Мицкоски: Секој заслужува шанса, па и Љупчо Коцевски па да видиме дали таа шанса ќе ја искористи appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Фокус“ вели дека и покрај тоа што постојат многу основани сомненија за криминали кои треба да се испитаат по допрен глас од страна на обвинителството, во овој момент гледаме дека има нула дејство и истраги, затоа потенцираше дека се потребни итни реформи во правосудните органи. -Јас секогаш сум заговорник на идејата дека секој заслужува шанса. Ние нема да се однесуваме како СДСМ и нема да ги злоупотребуваме пратениците, да беседиме во парламентот за да го смениме. Секој заслужува шанса, така и овој (Љупчо Коцевски) заслужува шанса, па да видиме дали таа шанса ќе ја искористи. Ако не ја користи таа шанса, јавно ќе зборувам. За жал, почетокот не му е добар, рече премиерот Мицкоски.
Говорејќи Советот на јавни обвинители и Судски совет, како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски нагласи дека, досега нема никој понудено друг модел, затоа, тоа што го нуди владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е судиите и обвинителите сами да изберат кој ќе биде во овие две институции, како и да добијат поголема независност преку автономен буџет процентуално врзан со вкупниот буџет. https://republika.mk/vesti/makedonija/od-rek-bitola-do-natsionalni-shumi-spored-mitskoski-postojat-inditsii-za-epski-kriminal-na-sdsm-i-dui/ -Излегуваат вечни експерти, го критикуваат моделот и наеднаш потоа гледаме слични или исти презимиња стануваат членови на Судски совет. Нека ми дадат модел. Убаво е вака од страна да набљудуваме и да кажуваме како не треба. Нека кажат како треба, изјави премиерот Мицкоски.
Додаде дека иако не се сите судии и обвинители роднински поврзани или корумпирани, или држеле предмети во фиока, тие се малцинство, но за жал се на клучни позиции и мнозинството е потчинето на истите. -Има такви судии и обвинители кои се роднински поврзани, но не се сите, туку се малцинство. Има и такви кои се корумпирани, но не се сите, туку се малцинство. Има и такви кои држеле предмети во фиока и не ги процесуирале, но и тие се малцинство. Мнозинството не може да биде потчинето на малцинството. Малцинството самото ќе се катализира и исфилтрира и ќе биде безгласно. За жал, малцинството сега се на клучни позиции и затоа ни треба ова мнозинство да го победи малцинството, со тоа што самите тие ќе си изберат тоа што мислат дека им треба. Еве ние нема да се мешаме, ќе седиме настрана и ќе оставиме тие самите да ја направат таа катарза, да се исфилтрираат и тоа што е лошо да го отфрлат од системот. Доброто да го победи лошото, рече Мицкоски. Истакна дека преку комисија за надзор над работењето на овие институции може да се врши надзор во Парламентот.
-Таа комисија ќе биде составена од пратеници и од власта и од опозицијата. И тие ќе имаат можност да прават редовни и вонредни контроли и да видат дали има злоупотреби. Ако има, планираме законски интервенции, па и кривично гонење, не само разрешување, изјави Мицкоски

The post Мицкоски: Секој заслужува шанса, па и Љупчо Коцевски па да видиме дали таа шанса ќе ја искористи appeared first on Република.

]]>
Агелер: Довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска, Судски совет треба да ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-doverbata-na-javnosta-vo-pravosudstvoto-e-shokantno-niska-sudski-sovet-treba-da-gi-kaznuva-onie-koi-shto-smetaat-deka-se-nad-zakonot/ Wed, 03 Jul 2024 10:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=793037

Судскиот совет е важно оружје кое што е потребно за вистинско трансформирање на правосудството во Македонија, во една институција која што им служи на своите граѓани, која што ги штити невините и ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот, истакна денеска американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, на Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет на Република Македонија.

Агелер во своето обраќање посочи дека Судскиот совет треба да ги следи препораките на Оценската мисија, бидејќи како што рече, довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска.

Ќе се согласите дека останува многу пред вас. Извештајот од Оценската мисија на ЕУ е еден вреден патоказ за реструктурирање на Судскиот совет и повторно поставување на неговата улога во рамките на правосудството. Судскиот совет е едно важно оружје во арсеналот оружје што ќе биде потребен за вистинско трансформирање на правосудството на Македонија, во една институција која што им служи на своите граѓани, која што ги штити невините и ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот. Затоа што денес, како што амбасадорот Коп живописно го опиша, довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска, истакна Агелер.

Судскиот совет, вели Агелер, треба да го следи законот и даде отпор на политичките притисоци, затоа што, вели Македонија има добро изработени закони, како и искусни обвинители и судии.

Македонија има добро изработени закони, добро опремени институции и искусни обвинители и судии, а повеќето од нив и патувале и имале размени со САД. Па се поставува прашањето како да почнеме да го надополнуваме оној јаз или недостиг на доверба на оние на кои треба да им служиме. Пораката јасна и не се менува. Работете ја работата која што треба да ја работите. Следете го законот, работете за луѓето, дајте отпор на политичките притисоци, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспорентноста. Напорната работа веќе започна и гледаме напредок. Сега дозволете ни да ви помогнаме да стигнете уште понапред на својот пат, рече Агелер.

The post Агелер: Довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска, Судски совет треба да ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет е важно оружје кое што е потребно за вистинско трансформирање на правосудството во Македонија, во една институција која што им служи на своите граѓани, која што ги штити невините и ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот, истакна денеска американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, на Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет на Република Македонија. Агелер во своето обраќање посочи дека Судскиот совет треба да ги следи препораките на Оценската мисија, бидејќи како што рече, довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска.
Ќе се согласите дека останува многу пред вас. Извештајот од Оценската мисија на ЕУ е еден вреден патоказ за реструктурирање на Судскиот совет и повторно поставување на неговата улога во рамките на правосудството. Судскиот совет е едно важно оружје во арсеналот оружје што ќе биде потребен за вистинско трансформирање на правосудството на Македонија, во една институција која што им служи на своите граѓани, која што ги штити невините и ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот. Затоа што денес, како што амбасадорот Коп живописно го опиша, довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска, истакна Агелер.
Судскиот совет, вели Агелер, треба да го следи законот и даде отпор на политичките притисоци, затоа што, вели Македонија има добро изработени закони, како и искусни обвинители и судии.
Македонија има добро изработени закони, добро опремени институции и искусни обвинители и судии, а повеќето од нив и патувале и имале размени со САД. Па се поставува прашањето како да почнеме да го надополнуваме оној јаз или недостиг на доверба на оние на кои треба да им служиме. Пораката јасна и не се менува. Работете ја работата која што треба да ја работите. Следете го законот, работете за луѓето, дајте отпор на политичките притисоци, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспорентноста. Напорната работа веќе започна и гледаме напредок. Сега дозволете ни да ви помогнаме да стигнете уште понапред на својот пат, рече Агелер.

The post Агелер: Довербата на јавноста во правосудството е шокантно ниска, Судски совет треба да ги казнува оние кои што сметаат дека се над законот appeared first on Република.

]]>
Професорот Прешова ја покажа целата апсурдност на идејата на власта на ДУИ и СДСМ за реформи во судството https://republika.mk/vesti/makedonija/profesorot-preshova-ja-pokazha-tselata-apsurdnost-na-idejata-na-vlasta-na-dui-i-sdsm-za-reformi-vo-sudstvoto/ Fri, 19 Apr 2024 14:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=768055

Зароби го судството па повикај на ветинг; Вметни партиски кадри, роднини и деца како судии и обвинители па повикај на ветинг; Ре-зароби го судството па повикај на ветинг; Донеси редица на закони за амнестија па повикај на ветинг; Донеси измени на КЗ па повикај на ветинг; Штелувај избори за Шеф на ОЈО ГОКК па повикај на ветинг" истакнува професорот на правниот факултет д-р Денис Прешова во објава на социјалните медиуми, коментирајќи ги предизборните ветувања на владеачките ДУИ и СДСМ.

Според професорот Прешова доколку судиите продолжат да молчат и целосно сервилно да си се грижат единствено за своите плати и привилегии наместо да се грижат за правдата и правата, ќе нема кој да ги брани во иднина.

The post Професорот Прешова ја покажа целата апсурдност на идејата на власта на ДУИ и СДСМ за реформи во судството appeared first on Република.

Николоски: Неопходна е реформа во судскиот и обвинителскиот систем https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-neophodna-e-reforma-vo-sudskiot-i-obvinitelskiot-sistem/ Mon, 01 Apr 2024 19:37:43 +0000 https://republika.mk/?p=761067

Во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, порача дека ситуацијата во судството и обвинителството во државата е драматична и потребно е реформа, распуштање, како и ревидирање на системот на избор на членови на судски и обвинителски совет, а треба да се изврши и проверка на имотот на судиите и обвинителите.

Мислам дека ситуацијата веќе оди кон драматична во судството и обвинителството и тука дури и јавноста има малку погрешен фокус. Мислам дека најмногу под фокус е кривичниот суд, основниот суд Скопје 1 за мој вкус мислам дека релативно коректно работи, а другите судови мислам дека ги нема во фокусот на јавноста, а тие се извор на проблемите во Македонија кога зборуваме за судство. Не дај Боже човек да има проблем во Струмица на пример или во Прилеп или во Охрид или во Кавадарци, а да не го знае вистинскиот адвокат или да нема доволно пари за тој адвокат. Ама парите за адвокатот се многу повеќе од тоа што е адвокатска тарифа. Отидете во било кое место во Македонија, најубавите куќи се или на судија или на обвинител или на цареник. Не е природно, не може така да остане“, посочи Николоски.

Тој додаде дека треба да се ревидира системот на избор на членови на судски и обвинителски совет, распуштање и проверка на имотот на судиите и обвинителите.

Овој систем на избор на членови на судски и обвинителски совет, е спроведен во 2005 година. Ние тогаш бевме опозиција, имаа добра намера, но за некои други општества со друга култура и друг ментален склоп. Ние велиме, три работи се, распуштање, проверка на имот на судиите и обвинителите, да видиме овие најубавите куќи од каде доаѓаат и трета работа промена на начин на избор. Еден модел, не велам дека е совршен, може да е моделот на избор на членови на државната комисија за спречување корупција. Тој начин на избор на ДКСК се покажа за добар можеби треба да размислиме и за судскиот и обвинителскиот совет или сме отворени за подобар предлог кој што би го разгледале“, кажа Николоски.

Тој посочи дека и во препораките на ЕУ стои дека треба да се ревидира судскиот и обвинителскиот совет и доекипирање во делот на избор на судии и обвинители.

Тие велат дека треба да се ревидира на судскиот и обвинителскиот совет, дека начинот на кој што работи практично создава, народски се изразувам, олигархија во судството и обвинителството и дека мора да се заврши со доекипирање во делот на судскиот и обвинителскиот совет изборот на судии и изборот обвинители. Тоа е дел и од онаа реформска агенда која што Македонија мора да ја спроведе доколку сака да ги добие средствата од фондот за поддршка кој што во период од 4 години треба да бидат околу 1 милијарда евра кои што сериозно ќе и помогнат на Македонија да се крене буџетски и тие не се врзани со условувањата на Бугарија туку исклучиво со реформи. Ако ние испорачаме реформи добиваме директна финансиска поддршка во буџет“, кажа Николоски.

The post Николоски: Неопходна е реформа во судскиот и обвинителскиот систем appeared first on Република.

Стоилковски: Хаосот во судството е резултат на владеењето на власта https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-haosot-vo-sudstvoto-e-rezultat-na-vladeeneto-na-vlasta/ Sat, 30 Dec 2023 15:27:36 +0000 https://republika.mk/?p=728239

Срамот и хаосот во македонскиот таканаречен правен систем, препознаени и надвор од Македонија, не застанува, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Случајот со Весна Дамева и одлуката на Управниот суд покажува само дека, ако во Судскиот совет се разрешува претседател, ако се работи незаконски и се носат одлуки спротивно на пишаните норми, што останува за обичниот граѓанин, којшто бара правда пред било која истанца на македонското судство. Разрешувањето на Дамева, претходната оставка заради нагласена политички- бизнис притисоци врз Црвенковска, изборот на претседател на Советот по Дамева, и сега одлуката на Управниот суд, во очите на домашната и меѓународна јавност се опишуваат со македонската “Од шупливо- во празно, истакна Стоилковски.

Да имаат грам достоинство, членовите на судскиот совет веднаш би требало да си поднесат оставка, вели Стоилковски.

Ова нема крај, препознаени се истите игри и врз Врховниот суд, закани за разрешувања, коишто носат дополнителен немир и несигурност кај граѓаните, но и аларм кај меѓународната јавност. Никогаш не било полошо. Хаосот во судството е резултат на владеењето на ДУИ и СДС, резултат на политички одлуки и пишување на закони во партиски штабови по мерка на криминалот. За оваа ситуација директно одговори се СДС, ДУИ, Ковачевски и Пендаровски. Тие и нивните пратеници ги бираа главните актери во оваа сапунска серија, за што постои и признание од страна на Пендаровски, дециден е Стоилковски.

Се додека СДС и ДУИ се на власт, Македонија нема да има независен правосуден систем. Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме! Порача Стоилковски.

The post Стоилковски: Хаосот во судството е резултат на владеењето на власта appeared first on Република.

Мисајловски: Во судството не чека многу работа https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-vo-sudstvoto-ne-cheka-mnogu-rabota/ Tue, 26 Dec 2023 20:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=726935

Јас мислам дека верноста во судството сите граѓани знаат не само тие два проценти од анкетите кава е, полека и опаѓа, јас многупати велам дека тие што имаат врски се тие два проценти, другите се сите незадоволни. Таму треба огромни реформи, во судството и правосудството има добри закони и таму човечкиот фактор е пресуден за ова што се прави, ова денеска во Дневникот на МТВ 1 го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Сите овие луѓе дали сегашниот обвинител или сите заедно, околу себе сите соработуваа со години, со рекети и корпуции и паѓање на општеството на такво дно се гледа тие кадри, врпочем таму ни треба многу работа, бидејќи слушнавме и од САД вложени се 500 милиони долари за подобрување на судството, зарем не е срамно во самата институција, обвинителство судство, правосудство да видат дека некој пробува да им помогне, но сепак зависи од тие луѓе што се внатре, вели Мисајловски.

Тој додава дека таму треба рестарт и многу да се работи.

The post Мисајловски: Во судството не чека многу работа appeared first on Република.

Оценка на холандската влада за Македонија: Мрачна слика на политичко влијание во судството и злоупотреба на кратките законски процедури https://republika.mk/vesti/makedonija/otsenka-na-holandskata-vlada-za-makedonija-mrachna-slika-na-politichko-vlijanie-vo-sudstvoto-i-zloupotreba-na-kratkite-zakonski-protseduri/ Sat, 02 Dec 2023 10:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=718601

Холандскиот владин кабинет до Парламентот во Хаг ја испрати владината оценка на извештајот на ЕК за Македонија во кој, меѓу другото, се нагласува:

Сепак, извештајот дава мрачна слика за случувањата во областите на кластерот Основи. Развојот на настаните во Судскиот совет, политичкото влијание врз назначувањата во судството и злоупотребата на скратените процедури за носење закони предизвикуваат голема загриженост. Владата ја споделува сериозната загриженост на Комисијата за измените на Кривичниот законик со нивните далекусежни последици за тековните случаи на корупција. Во блиска иднина, Македонија ќе мора да покаже политичка волја за справување со корупцијата на високо ниво и за борба против организираниот криминал.

The post Оценка на холандската влада за Македонија: Мрачна слика на политичко влијание во судството и злоупотреба на кратките законски процедури appeared first on Република.

Агелер: Судиите во кој било суд мора да носат одлуки врз основа на закон и без мешање https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-sudiite-vo-koj-bilo-sud-mora-da-nosat-odluki-vrz-osnova-na-zakon-i-bez-meshane/ Mon, 30 Oct 2023 20:43:14 +0000 https://republika.mk/?p=696485

Мешањето на приватни лица или јавни функционери во судските процеси не смее да се толерира од оние во судството, од владата или од народот на оваа земја. Надворешното влијание ја нарушува вербата на јавноста во македонските институции и функционери. Правдата мора да биде транспарентна - граѓаните на оваа земја не заслужуваат ништо помалку, се вели во пишаниот одговор од амбасадорката на САД, Анџела Агелер, по барање од Сител телевизија во врска со информации објавени пред два дена дека „амбасадорката Агелер била во посета на Врховниот суд по барање на судии кои биле под жесток притисок од владата и барале заштита од политички реваншизам“.

Таа вели дека и било задоволство да се сретне со главниот судија на Врховниот суд и со другите судии и да ги слушне нивните забелешки и грижи.

Судиите во кој било суд и во која било земја мора да носат одлуки врз основа на законот и без мешање, е ставот на амбасадорката Агелер.

Како што е објавено на фејсбук страницата на Амбасадата на САД во Скопје, амбасадороката Агелер се сретнала со судијката на Врховниот суд, Беса Адеми, за да разговараат за важноста на независноста и транспарентноста на судството.

Таа, исто така, имаше можност да се сретне со судиите на Врховниот суд и да го повтори нашиот заеднички интерес за зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Соединетите Држави секогаш ќе бидат тука да го поддржат владеењето на правото и да работат заедно за да се постигне просперитетна и безбедна Македонија, објавено е на ФБ на Амбасадата на САД во Скопје.

The post Агелер: Судиите во кој било суд мора да носат одлуки врз основа на закон и без мешање appeared first on Република.

Лазарова Трајковска: Политиката да ги тргне сите форми на влијание од судството https://republika.mk/vesti/makedonija/lazarova-trajkovska-politikata-da-gi-trgne-site-formi-na-vlijanie-od-sudstvoto/ Fri, 22 Sep 2023 12:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=684148

Ќе се гради интегритет на судството тогаш кога ќе се покаже силна политичка волја за тоа, кога политиката ќе ги тргне сите форми на влијание од судството и кога судиите ќе соберат сила јавно да ги детектираат проблемите и проблематичните меѓу себе. Мора да постои силно изразена политичка волја на сите чинители во општеството, на сите три власти, за респект на независноста на судството. Но, и судството мора да се охрабри и да зборува. Нам ни требаат одважни и самосвесни судии кои ќе знаат јавно да зборуваат. Судиите се се повлечени, се помалку подготвени за критички расправи и уште помалку за самокритика.

Вака Мирјана Лазарова Трајковска, судијка во Врховниот суд и поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права одговори денеска на прашањето, како да се врати довербата во домашното судство, што и го постави вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска на конференцијата „Зајакнување на жените и младите во борбата против корупцијата и во вградувањето на европските фундаментални права и вредности во регионот“.

Според Лазарова Трајковска, во овој момент главните оски на влијание на политиката врз судството се Академијата на судии и јавни обвинители и Судскиот совет.

-Регрутирањето на кадрите во судството оди преку овие институции. И ова е делот од каде политиката треба полека да се повлекува и да го остави судството само да се управува и да се самоорганизира, потенцира Лазарова Трајковска.

Таа порача дека без независно судство, нема придвижување напред и тоа, рече, не се флоскули, туку се апели и повици за јасно почитување на поделбата на власта. Мора да се знае, подвлече Лазарова Трајковска, која е улогата на извршната власт, која е улогата на законодавната власт и каде и е местото на судската власт. Еден од проблемите, додаде, е и тоа што судовите не се доволно транспарентни и отворени кон јавноста.

-Не постои друг начин за да се врати довербата во судството. Претпоставувам дека ова е еден од најголемите предизвици пред кои ќе се соочиме со оглед дека со големиот број случувања и таа малку доверба во правосудниот систем, не само во судството, е силно разнишана. Јас секогаш велам дека мора да си повторуваме постојано дека независноста на судството е вистинската потпора на владеењето на правото и на демократските процеси. Без независно судство нема придвижување напред и тоа не се тоа флоскули, туку тоа се апели и повици за јасно почитување на поделбата на власта - да се знае која е улогата на извршната власт, која е улогата на законодавната власт и каде и е местото на судската власт. Ние во последните три децении сите гревови и грешки на извршната и законодавната власт сведочевме како се префрлаат и се одбиваат од плеќите на судството. И прстот постојано се упатува кон судството. Таквиот деградирачки и омаложувачки пристап кон судството, како имиџ се гради со години наназад и понекогаш и самите судии и судството учествуваат во тоа да се создаде претстава дека Судот не направил онолку колку што треба, истакна судијката.

Правдата, дополни, не треба да биде само изречена, туку треба да биде видливо изречена.

-За жал, во изминатите три децении, реформата на судството или градењето углед и доверба на судството, се сведуваше на носење нови закони, изменување, дополнување на закони. Тие уште не заживееле и одеднаш се пристапува кон нови измени. Кривичниот законик кој беше предмет на дебати и кој се уште е предмет на дебати, сменет е повеќе од 30 пати. И за судиите ваквата правна несигурност и ваквата правна нестабилност, претставува голем проблем. Замислете како е тоа за граѓанинот кој треба да има јасни и чисти правни очекувања од судството. Кога имате правна нестабилност, кога имате нестабилен правосуден систем кој постојано е изложен на промени, тешко може да очекувате предвидливи одлуки од еден суд. Одеднаш, со упад на измени на некој закон, се изместува цела една легислатива, се изместува цел еден систем на владеење на правото. Од друга страна, постојаните повикувања на судиите во предмети каде што се суди за лица од политиката или за политичарите, создава претстава дека судовите се занимаваат најмногу со такви предмети, а реалноста е многу поинаква. Пред судовите правда бараат граѓаните, најчесто во граѓански постапки, во управни постапки, а фокусот на јавноста е на казненото право, фокусот на јавноста е на кривичните постапки. И тука се гради јавниот имиџ или угледот на судството, рече Лазарова Трајковска.

За жал, предочи, во последните години и самите судии имаат перцепција дека нивниот интегритет е силно разнишан не само како последица на влијанијата и притисоците однадвор, туку и како резултат на процесите што се случуваат внатре во судството поради силната пенетрација на политиката.

-До пред неколку години имавме закон кој дозволуваше директен влез во високите судови, директно во апелационите судови, директно во врховните судови, и мерит системот на градење кариера во судството беше напуштен за еден добар временски период и сега ќе ги живееме последиците од тоа подолго време. И еден трет сегмент за кој не се зборува многу. Во последните петнаесетина години имаме шест закони за амнестија, имаме упади во кривичните закони, менување на кривичните постапки. Уште еден исклучително важен елемент е исто така подготвеноста на судовите транспарентно и отворено да ја информираат јавноста, да ја известуваат за начинот на работење. Се разбира тука постојат и голем број на сегменти коишто ќе влијаат за она што вие го нарековте ефикасно работење на судството. Ние се уште се справуваме со предмети, со списи во хартиена форма, а живееме во време на информатичко општество кога најголем дел од судовите во Европа ја користат максимално информатиката и комуникациските технологии. Но, тоа е една фаза која ќе зависи и од еден самостоен независен судски буџет, а не од буџет којшто е креиран и планиран од извршната власт, укажа Лазарова Трајковска.

Таа се осврна и на финансиската независност на судството на која, потенцира, исто така мора да се работи.

The post Лазарова Трајковска: Политиката да ги тргне сите форми на влијание од судството appeared first on Република.

]]>

Ќе се гради интегритет на судството тогаш кога ќе се покаже силна политичка волја за тоа, кога политиката ќе ги тргне сите форми на влијание од судството и кога судиите ќе соберат сила јавно да ги детектираат проблемите и проблематичните меѓу себе. Мора да постои силно изразена политичка волја на сите чинители во општеството, на сите три власти, за респект на независноста на судството. Но, и судството мора да се охрабри и да зборува. Нам ни требаат одважни и самосвесни судии кои ќе знаат јавно да зборуваат. Судиите се се повлечени, се помалку подготвени за критички расправи и уште помалку за самокритика. Вака Мирјана Лазарова Трајковска, судијка во Врховниот суд и поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права одговори денеска на прашањето, како да се врати довербата во домашното судство, што и го постави вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска на конференцијата „Зајакнување на жените и младите во борбата против корупцијата и во вградувањето на европските фундаментални права и вредности во регионот“. Според Лазарова Трајковска, во овој момент главните оски на влијание на политиката врз судството се Академијата на судии и јавни обвинители и Судскиот совет. -Регрутирањето на кадрите во судството оди преку овие институции. И ова е делот од каде политиката треба полека да се повлекува и да го остави судството само да се управува и да се самоорганизира, потенцира Лазарова Трајковска. Таа порача дека без независно судство, нема придвижување напред и тоа, рече, не се флоскули, туку се апели и повици за јасно почитување на поделбата на власта. Мора да се знае, подвлече Лазарова Трајковска, која е улогата на извршната власт, која е улогата на законодавната власт и каде и е местото на судската власт. Еден од проблемите, додаде, е и тоа што судовите не се доволно транспарентни и отворени кон јавноста.
-Не постои друг начин за да се врати довербата во судството. Претпоставувам дека ова е еден од најголемите предизвици пред кои ќе се соочиме со оглед дека со големиот број случувања и таа малку доверба во правосудниот систем, не само во судството, е силно разнишана. Јас секогаш велам дека мора да си повторуваме постојано дека независноста на судството е вистинската потпора на владеењето на правото и на демократските процеси. Без независно судство нема придвижување напред и тоа не се тоа флоскули, туку тоа се апели и повици за јасно почитување на поделбата на власта - да се знае која е улогата на извршната власт, која е улогата на законодавната власт и каде и е местото на судската власт. Ние во последните три децении сите гревови и грешки на извршната и законодавната власт сведочевме како се префрлаат и се одбиваат од плеќите на судството. И прстот постојано се упатува кон судството. Таквиот деградирачки и омаложувачки пристап кон судството, како имиџ се гради со години наназад и понекогаш и самите судии и судството учествуваат во тоа да се создаде претстава дека Судот не направил онолку колку што треба, истакна судијката.
Правдата, дополни, не треба да биде само изречена, туку треба да биде видливо изречена.
-За жал, во изминатите три децении, реформата на судството или градењето углед и доверба на судството, се сведуваше на носење нови закони, изменување, дополнување на закони. Тие уште не заживееле и одеднаш се пристапува кон нови измени. Кривичниот законик кој беше предмет на дебати и кој се уште е предмет на дебати, сменет е повеќе од 30 пати. И за судиите ваквата правна несигурност и ваквата правна нестабилност, претставува голем проблем. Замислете како е тоа за граѓанинот кој треба да има јасни и чисти правни очекувања од судството. Кога имате правна нестабилност, кога имате нестабилен правосуден систем кој постојано е изложен на промени, тешко може да очекувате предвидливи одлуки од еден суд. Одеднаш, со упад на измени на некој закон, се изместува цела една легислатива, се изместува цел еден систем на владеење на правото. Од друга страна, постојаните повикувања на судиите во предмети каде што се суди за лица од политиката или за политичарите, создава претстава дека судовите се занимаваат најмногу со такви предмети, а реалноста е многу поинаква. Пред судовите правда бараат граѓаните, најчесто во граѓански постапки, во управни постапки, а фокусот на јавноста е на казненото право, фокусот на јавноста е на кривичните постапки. И тука се гради јавниот имиџ или угледот на судството, рече Лазарова Трајковска.
За жал, предочи, во последните години и самите судии имаат перцепција дека нивниот интегритет е силно разнишан не само како последица на влијанијата и притисоците однадвор, туку и како резултат на процесите што се случуваат внатре во судството поради силната пенетрација на политиката.
-До пред неколку години имавме закон кој дозволуваше директен влез во високите судови, директно во апелационите судови, директно во врховните судови, и мерит системот на градење кариера во судството беше напуштен за еден добар временски период и сега ќе ги живееме последиците од тоа подолго време. И еден трет сегмент за кој не се зборува многу. Во последните петнаесетина години имаме шест закони за амнестија, имаме упади во кривичните закони, менување на кривичните постапки. Уште еден исклучително важен елемент е исто така подготвеноста на судовите транспарентно и отворено да ја информираат јавноста, да ја известуваат за начинот на работење. Се разбира тука постојат и голем број на сегменти коишто ќе влијаат за она што вие го нарековте ефикасно работење на судството. Ние се уште се справуваме со предмети, со списи во хартиена форма, а живееме во време на информатичко општество кога најголем дел од судовите во Европа ја користат максимално информатиката и комуникациските технологии. Но, тоа е една фаза која ќе зависи и од еден самостоен независен судски буџет, а не од буџет којшто е креиран и планиран од извршната власт, укажа Лазарова Трајковска.
Таа се осврна и на финансиската независност на судството на која, потенцира, исто така мора да се работи.

The post Лазарова Трајковска: Политиката да ги тргне сите форми на влијание од судството appeared first on Република.

]]>
Мангова: Анкетата на ИРИ покажа дека судството и обвинителството не функционираат како што треба https://republika.mk/vesti/makedonija/mangova-anketata-na-iri-pokazha-deka-sudstvoto-i-obvinitelstvoto-ne-funktsioniraat-kako-shto-treba/ Mon, 10 Jul 2023 19:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=659853

Сите овие состојби кои се случуваа изминатиов период укажуваат дека состојбите во судството и обвинителство се надвор од начинот на кој треба таа трета власт да функционира. Очигледно се неопходни значителни реформи во начинот на водење на судските спорови и однесување на главните носители на судската власт, но и самите судии да се ангажираат да ја сменат сликата за себе си, изјави Илина Мангова од ИРИ за Тема на денот во дневникот на Сител.

Таа посочи дека е потешко во судската фела да се направи оваа промена, бидејќи зависи и од политички чекори и е преколективен систем.

Не може еден да ја направи промената, тој систем ќе му изврши притисок. Организациите на судии, на обвинители, главните чинители, можат да разговараат да се почне да се адресира оваа ситуација, да се почне со сериозни реформи да се врати довербата во судството, рече Мангова.

Истакна дека довербата во постоење на владеење на право е падната на вкупно 31% и дека тоа е една од работите кои најмногу ги загрижува граѓаните.

The post Мангова: Анкетата на ИРИ покажа дека судството и обвинителството не функционираат како што треба appeared first on Република.

Стејт департмент: Лидерите на Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството https://republika.mk/vesti/makedonija/stejt-department-liderite-na-makedonija-mora-da-go-ogranichat-politichkoto-meshane-vo-sudstvoto/ Sun, 02 Jul 2023 10:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=657375

САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал и искоренување на корупцијата, велат од прес-службата на Стејт департментот, во одговор на прашањето дали САД се една од петте држави што обезбедиле меѓународна правна помош за прибавување докази во истрагата за „Скопје 2014“, на Гласот на Америка на македонски јазик.

Основното јавно обвинителство во петокот соопшти дека спроведува истражна постапка против 15 физички и седум правни лица за злоупотреба на службена положба и перење пари за 11 споменици, при што наводно биле испрани над 16 милиони евра буџетски пари.

Борбата против корупцијата во Западен Балкан е главен приоритет на администрацијата на Бајден. САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал, искоренувањето на корупцијата, зголемувањето на транспарентноста, спроведувањето на одговорноста и дополнително зајакнување на владеењето на правото и демократските институции, изјави портпарол на Стејт департментот.

Како што пренесува „Гласот на Америка“ на македонски, во изјавата стои дека „ лидерите на Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, преку зајакнување на институционалната независност и ограничување на политичкото мешање, особено во судството, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата“.

Меѓу осомничените во истрагата, со кодно име „Феникс“, се и поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, како и ексминистрите за финансии и за култура Зоран Ставрески и Елизабета Канческа-Милевска. Поранешниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ доби мерка куќен притвор, а изречени се и други мерки притвор и полесни мерки за обезбедување на осомничените.

Според официјалните информации на Обвинителството, кои беа презентирани на прес-конференција, кривичното дело било извршено во перидот од 2007 до 2013 година.

The post Стејт департмент: Лидерите на Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството appeared first on Република.

]]>

САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал и искоренување на корупцијата, велат од прес-службата на Стејт департментот, во одговор на прашањето дали САД се една од петте држави што обезбедиле меѓународна правна помош за прибавување докази во истрагата за „Скопје 2014“, на Гласот на Америка на македонски јазик.
Основното јавно обвинителство во петокот соопшти дека спроведува истражна постапка против 15 физички и седум правни лица за злоупотреба на службена положба и перење пари за 11 споменици, при што наводно биле испрани над 16 милиони евра буџетски пари.
Борбата против корупцијата во Западен Балкан е главен приоритет на администрацијата на Бајден. САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал, искоренувањето на корупцијата, зголемувањето на транспарентноста, спроведувањето на одговорноста и дополнително зајакнување на владеењето на правото и демократските институции, изјави портпарол на Стејт департментот.
Како што пренесува „Гласот на Америка“ на македонски, во изјавата стои дека „ лидерите на Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, преку зајакнување на институционалната независност и ограничување на политичкото мешање, особено во судството, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата“. Меѓу осомничените во истрагата, со кодно име „Феникс“, се и поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, како и ексминистрите за финансии и за култура Зоран Ставрески и Елизабета Канческа-Милевска. Поранешниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ доби мерка куќен притвор, а изречени се и други мерки притвор и полесни мерки за обезбедување на осомничените. Според официјалните информации на Обвинителството, кои беа презентирани на прес-конференција, кривичното дело било извршено во перидот од 2007 до 2013 година.

The post Стејт департмент: Лидерите на Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството appeared first on Република.

]]>
Муцунски смета дека Владимир Тодоровиќ служи за дефокус од Дрин Ахмети https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-smeta-deka-vladimir-todorovik-sluzhi-za-defokus-od-drin-ahmeti/ Fri, 30 Jun 2023 18:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=656985

Сведоци сме во последниот период за низа скандали, дел објавени од медиумите, дел од нас како политичка партија. Видовме како внук на лидерот на владејачка партија купи деловен објект од 30 милиони евра, но тоа за институциите не е корупција. Видовме членови на владата како на свои брачни другари им продаваат државен имот, но тоа за правосудниот систем не е корупција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за „Тема на денот„ во дневникот на Сител.

Муцунски потсети дека покрај сите скандали видовме и скандалозен тендер за надзор за коридор 8 каде компанија која претходно произведувала долен веш, го доби тој тендер и гледаме како за институциите тоа не е корупција, и затоа на овој правосуден систем никој не му верува.

Во однос на денешното апсење за поранешниот градоначалник на Центар, Владимир ТОдоровиќ Муцунски истакна дека истиот е за политички интерес и дефокус од суштината во моментот дека корупција имаме во секое поле, низа скандали, како и истиот потекнува од СЈО чиј прв човек сега е во затвор.

Првиот суштински проблем е фактот дека првата предистрага или истрага за овој предмет потекнува од СЈО, токму и обвинителот кој денес го видовме бил помошник, а сите знаеме во моментов каде се наоѓа госпоѓата која го предводеше тоа обвинителство и ги преземаше сите обврски од името на тоа обвинителство, Катица Јанева се наоѓа во затвор осудена за корупција. Од таа гледна точка одговорно тврдам дека секој предмет преземен од тоа обвинителство е политизиран и предмет на тоа кои се вистинските намери кои произлегуваат од истиот. Мое лично убедување е дека се работи за дефокус, обид за одземање на внимание од јавноста од тоа што во моментот се случува. Се прави дефокус о фактот што никој не зборува во институциите за купувањето деловен центар од 30 милиони евра од 24 годишно момче, дефокус од скандалозниот надзор за коридор 8, од низата скандал, членови на владата н свои партнери продаваат државно земјиште на седница на влада, рече Муцунски.

Муцунски истакна дека низата скандали од кои голем дел се поврзани со ДУИ, за ниту еден од нив нема истрага, процедура, гледаме како истрагите по брза постапка се затвораат тоа го потврдува тоа што ВМРО-ДПМНЕ го говори дека во моментов правосудниот систем со луѓето кои раководат се политизирани и директно влијание на ДУИ, а второстепено и на СДС.

Мора да ставиме крај на овој процес, анкетите кажуваат дека граѓаните немаат никаква доверба во правосудството, но гледаме и изјави на претставници на меѓународната заедница, претставници на држави како јасно ни кажуваат дека има вистинска загриженост и по конкретни примери, за состојбите и немањето капацитет за коренити реформи, изјави Муцунски.

The post Муцунски смета дека Владимир Тодоровиќ служи за дефокус од Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>

Сведоци сме во последниот период за низа скандали, дел објавени од медиумите, дел од нас како политичка партија. Видовме како внук на лидерот на владејачка партија купи деловен објект од 30 милиони евра, но тоа за институциите не е корупција. Видовме членови на владата како на свои брачни другари им продаваат државен имот, но тоа за правосудниот систем не е корупција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за „Тема на денот„ во дневникот на Сител. Муцунски потсети дека покрај сите скандали видовме и скандалозен тендер за надзор за коридор 8 каде компанија која претходно произведувала долен веш, го доби тој тендер и гледаме како за институциите тоа не е корупција, и затоа на овој правосуден систем никој не му верува. Во однос на денешното апсење за поранешниот градоначалник на Центар, Владимир ТОдоровиќ Муцунски истакна дека истиот е за политички интерес и дефокус од суштината во моментот дека корупција имаме во секое поле, низа скандали, како и истиот потекнува од СЈО чиј прв човек сега е во затвор.