судење беса транс Archives - Република https://republika.mk/tema/sudenje-besa-trans/ За подобро да се разбереме Tue, 09 May 2023 12:49:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png судење беса транс Archives - Република https://republika.mk/tema/sudenje-besa-trans/ 32 32 Видеото кое докажува дека автобусот без извод од лиценца ја напушта државата ќе се гледа на следното рочиште https://republika.mk/vesti/crna-hronika/videoto-koe-dokazhuva-deka-avtobusot-bez-izvod-od-litsentsa-ja-napushta-drzhavata-ke-se-gleda-na-slednoto-rochishte/ Tue, 09 May 2023 12:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=638849

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска со изведување на докази од Обвинителството продолжи судењето за „Беса транс“. На денешното рочиште беа доставени видеозаписи за преминот на автобусот на граница и работата на Царинската управа и Граничната полиција.

Како што информираше застапникот на обвинението, Владимир Милошевски, до судот се доставени и цедеа со прилози од Обвинителството, како и документи за предметот, поврзани со податоци од Царината, за преминување на автобуси на граничните премини, но и видеозаписи од граничен премин „Деве Баир“, за последниот излез на автобусот.

Ова е повеќечасовен видеозапис што ја покажува работата на Царинската управа, Граничната полиција, пристигнувањето до граничниот премин и заминувањето. Ова е материјал со кој се докажува дека автобусот без извод од лиценца ја напушта државата. Видеото ќе се гледа на наредната главна расправа, појасни тој.

На денешната главна расправа, беше испрашуван претставникот на Министерството за транспорт и врски, Драганче Јовев, кој остана во целост на исказот даден претходно во судот.

На прашањата околу издадената лиценца со четирицифрен број, и дали таа постои во евидениите на министерството, извештаите од компанијата до МВР и ОЈО Скопје и дали може да се констатира дека не била извршена проверка, претставникот одговори дека за тоа ќе треба писмено да се обратат.

Прашан дали сите лиценци за кои се говори се издадени, оригинални и веродостојни и постојат во вашите системи, тој одговори дека се издадени од нивна страна.

Можам да констатирам дека изводите од лиценци и лиценцата што ја наведов минатиот пат, се издадени од наша страна. Не можам да потврдам дали се подигнати од страна на превозникот и одговорното лице, одговори претставникот на Министерството.

Прашан може ли да заклучиме дека секојдневно сте во контакт со Царина околу проверките на издадените лиценци, тој одговори дека немале секојдневна комуникација пред настанот.

Ние секојдневна комуникација пред настанот сме немале, но секогаш кога Царина барала, сме доставувале податоци во најкус рок, одговори тој.

Прашан дали Царината немала ниту едно барање до нив за проверка на каква било лиценца за овој правен субјект, тој повторно рече да се побара писмен одговор.

На прашањето, може ли да се заклучи дека тој лично не е запознат како вработен, тој одговори дека лично од него, тоа не било побарано од Царина. Рече дека за едно возило не била издадена лиценца.

Одбраната најави дека ќе побара писмен одговор околу сите прашања што останаа неодговорени.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски. Судењето продолжува на 7 јуни.

„Беса транс“ е компанијата во чиј автобус во ноември 2021 година во несреќа, животот го изгубија 45 македонски државјани.

The post Видеото кое докажува дека автобусот без извод од лиценца ја напушта државата ќе се гледа на следното рочиште appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска со изведување на докази од Обвинителството продолжи судењето за „Беса транс“. На денешното рочиште беа доставени видеозаписи за преминот на автобусот на граница и работата на Царинската управа и Граничната полиција. Како што информираше застапникот на обвинението, Владимир Милошевски, до судот се доставени и цедеа со прилози од Обвинителството, како и документи за предметот, поврзани со податоци од Царината, за преминување на автобуси на граничните премини, но и видеозаписи од граничен премин „Деве Баир“, за последниот излез на автобусот.
Ова е повеќечасовен видеозапис што ја покажува работата на Царинската управа, Граничната полиција, пристигнувањето до граничниот премин и заминувањето. Ова е материјал со кој се докажува дека автобусот без извод од лиценца ја напушта државата. Видеото ќе се гледа на наредната главна расправа, појасни тој.
На денешната главна расправа, беше испрашуван претставникот на Министерството за транспорт и врски, Драганче Јовев, кој остана во целост на исказот даден претходно во судот. На прашањата околу издадената лиценца со четирицифрен број, и дали таа постои во евидениите на министерството, извештаите од компанијата до МВР и ОЈО Скопје и дали може да се констатира дека не била извршена проверка, претставникот одговори дека за тоа ќе треба писмено да се обратат. Прашан дали сите лиценци за кои се говори се издадени, оригинални и веродостојни и постојат во вашите системи, тој одговори дека се издадени од нивна страна.
Можам да констатирам дека изводите од лиценци и лиценцата што ја наведов минатиот пат, се издадени од наша страна. Не можам да потврдам дали се подигнати од страна на превозникот и одговорното лице, одговори претставникот на Министерството.
Прашан може ли да заклучиме дека секојдневно сте во контакт со Царина околу проверките на издадените лиценци, тој одговори дека немале секојдневна комуникација пред настанот.
Ние секојдневна комуникација пред настанот сме немале, но секогаш кога Царина барала, сме доставувале податоци во најкус рок, одговори тој.
Прашан дали Царината немала ниту едно барање до нив за проверка на каква било лиценца за овој правен субјект, тој повторно рече да се побара писмен одговор. На прашањето, може ли да се заклучи дека тој лично не е запознат како вработен, тој одговори дека лично од него, тоа не било побарано од Царина. Рече дека за едно возило не била издадена лиценца. Одбраната најави дека ќе побара писмен одговор околу сите прашања што останаа неодговорени. Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски. Судењето продолжува на 7 јуни. „Беса транс“ е компанијата во чиј автобус во ноември 2021 година во несреќа, животот го изгубија 45 македонски државјани.

The post Видеото кое докажува дека автобусот без извод од лиценца ја напушта државата ќе се гледа на следното рочиште appeared first on Република.

]]>
Не дојде цариник: Судењето за „Беса транс“ пак се одложи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-dojde-tsarinik-sudeneto-za-besa-trans-pak-se-odlozhi/ Thu, 02 Feb 2023 13:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=603873

Поради отсуство на претставник на Царинската управа како сведок предложен од страна на Јавното обвинителство, денешното рочиште на судењето за „Беса транс“ се одложи.

Следното рочиште е закажано на 1 март.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

The post Не дојде цариник: Судењето за „Беса транс“ пак се одложи appeared first on Република.

ДКСК одлучи да достави иницијатива за утврдување одговорност на министерот Оливер Спасовски за „Беса транс“ https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-odluchi-da-dostavi-initsijativa-za-utvrduvane-odgovornost-na-ministerot-oliver-spasovski-za-besa-trans/ Wed, 18 Jan 2023 12:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=598303

Државната комисија за спречување корупција до Владата побара барање за оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски бидејќи не реагирал навремено за техничќкиот преглед на автобусот на Беса Транс кој изгоре во Бугарија со 45 лица.

Министерот не реагирал навреме и да донесе решение за забрана за вршење технички преглед на станицата „Виа Комерц“, која во меѓувреме дозволила транспорт на автобусот „Беса Транс“.

ДКСК утврдила дека Спасовски не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот кој извршил контрола и утврдил неправилности во работењето на станицата, тој не издал наредба во предвидениот рок од станицата да ги отстранат неправилностите, туку истата ја издал по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија.

Дополнително, Јавно обвинителство веќе има отворено предмет и се води судски процес за овој случај, а Антикорупциска сите докази кои ги има ќе ги достави како дополнување на доказите во обвинителството.

Оттаму посочија дека сè уште не е утврдено дека сообраќајната несреќа се случила поради техничка неисправност на автобусот.

The post ДКСК одлучи да достави иницијатива за утврдување одговорност на министерот Оливер Спасовски за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување корупција до Владата побара барање за оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски бидејќи не реагирал навремено за техничќкиот преглед на автобусот на Беса Транс кој изгоре во Бугарија со 45 лица. Министерот не реагирал навреме и да донесе решение за забрана за вршење технички преглед на станицата „Виа Комерц“, која во меѓувреме дозволила транспорт на автобусот „Беса Транс“. ДКСК утврдила дека Спасовски не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот кој извршил контрола и утврдил неправилности во работењето на станицата, тој не издал наредба во предвидениот рок од станицата да ги отстранат неправилностите, туку истата ја издал по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија. Дополнително, Јавно обвинителство веќе има отворено предмет и се води судски процес за овој случај, а Антикорупциска сите докази кои ги има ќе ги достави како дополнување на доказите во обвинителството.
Оттаму посочија дека сè уште не е утврдено дека сообраќајната несреќа се случила поради техничка неисправност на автобусот.

The post ДКСК одлучи да достави иницијатива за утврдување одговорност на министерот Оливер Спасовски за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>
Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskoska-potvrdi-deka-spasovski-i-besa-trans-direktno-stojat-zad-nejzinata-suspenzija/ Fri, 16 Dec 2022 07:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=586266

Одбивањето на Вилма Рускоска да потклекне на политичкиот притисок е причината таа да биде суспендирана. Поранешната шефица на Обвинителството за органзиран криминал и корупција Вилма Русоскоска ја посочува улогата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во случајот „Беса транс“ како директна причина за нејзината суспензија.

Зборувајќи за политичките притисоци во Обвинителството, Рускоска рече е суспендирана додека траела предистрагата

Мене ме суспендираа, затоа што јас не прифаќав притисоци и влијанија. Пријавата се однесуваше на тоа, некаде околу 12-13 јули 2021 година одговорните за управни работи извршиле контрола на станицата за технички преголед, констатирале неправилности, изготвиле решение за затворање на станицата, а решението е потпишано три дена по несреќата (несреќата се случи на 23 ноември 2021 година, нов. заб.). Според закон требало да биде потпишано во рок од 15 дена, рече Рускоска во поткастот на ИРЛ и потврди дека таа инспекција ја води МВР, а решението го потпишува министерот.

The post Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија appeared first on Република.

]]>

Одбивањето на Вилма Рускоска да потклекне на политичкиот притисок е причината таа да биде суспендирана. Поранешната шефица на Обвинителството за органзиран криминал и корупција Вилма Русоскоска ја посочува улогата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во случајот „Беса транс“ како директна причина за нејзината суспензија. Зборувајќи за политичките притисоци во Обвинителството, Рускоска рече е суспендирана додека траела предистрагата
Мене ме суспендираа, затоа што јас не прифаќав притисоци и влијанија. Пријавата се однесуваше на тоа, некаде околу 12-13 јули 2021 година одговорните за управни работи извршиле контрола на станицата за технички преголед, констатирале неправилности, изготвиле решение за затворање на станицата, а решението е потпишано три дена по несреќата (несреќата се случи на 23 ноември 2021 година, нов. заб.). Според закон требало да биде потпишано во рок од 15 дена, рече Рускоска во поткастот на ИРЛ и потврди дека таа инспекција ја води МВР, а решението го потпишува министерот.

The post Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија appeared first on Република.

]]>
Сопственикот на „Беса Транс“ не се чувствува виновен https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sopstvenikot-na-besa-trans-ne-se-chuvstvuva-vinoven/ Tue, 15 Nov 2022 13:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=574082

Обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува за виновен за „фалсификување исправа“. Застапникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, исто така, изјави дека не се чувствува виновен за истото дело кое му се става на товар.

Откако јавниот обвинител го прочита Обвинителниот предлог во кој стои дека обвинетиот 41-годишник, Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

На денешното рочиште сведочеше претставник на Министерство за транспорт и врски, Драганче Јовев, кој зборуваше за лиценците и изводите од лиценци кои што министерството ги издало на „Беса Транс БТБ“.

На прашање од обвинителот, дали од страна на Министерството за транспорт и врски на правниот субјект Беса Транс му е издадена лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, тој одговори дека врз основа на евиденцијата за лиценцирани превозници, кои вршат јавен превоз за патници, министерството има издадено лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници со број 007017, со важност од 8.8.2018 до 8.8.2022 година.

Прашан дали врз основа на оваа лиценца, министерството издава извод за лиценца за секое од возилата одделно, тој одговори да.

Да, врз основа на оваа лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници министерството издава изводи од лиценца за секое од возилата за кои што превозникот има доставено копија од сообраќајни дозволи во самото барање за издавање на лиценца на меѓународен слободен превоз на патници, при што согласно евиденцијата имаме издадено изводи за лиценци за следните возила СК 4436 АИ, СК 8004 АН, СК 0886 АК, СК 8583 АП и СК 0583 АР, значи имаме издадено лиценца за пет возила на име на превозникот Беса Транс БТБ, рече тој.

На прашање дали дополнително имаат издадено извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај за возило со регистерска ознака СК 0284 БА, тој одговори дека согласно евиденцијата за ова возило нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај ниту за друг вид на превоз.

Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот, потоа пристапи кон вкрстено испрашување во кое подробно го испрашуваше сведокот околу издадените лиценци и изводи од лиценци.

Прашан дали со самото издавање на лиценцата се евидентираат и возилата, тој одговори да.

Да, веќе споменав на почетокот, во процедурата за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници една од документацијата е достава на сообраќајни дозволи кои што ги поседува превозникот за возилата за кои што превозникот поднесува барање, рече тој.

Прашан дали може да заклучиме дека изводот од лиценца број 22679 постои во евиденцијата на министерството како издадена лиценца за второбвинетото правно лице „Беса Транс БТБ“, тој одговори дека постои за вршење на посебен линиски превоз на патници во внатрешниот патеn сообраќај.

Прашан дали е запознаени кога „Беса Транс БТБ“ станала сопственик на возилото СК 0284 БА, тој одговори дека Министерството за транспорт и врски не е запознаено кога правното лице станалo сопственик на наведеното возило.

Но, сакам да појаснам зошто, затоа што кое било правно лице кое поседува лиценца за вршење јавен превоз на патници е должно согласно Законот за превоз да нè известува за секоја настаната промена веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена, треба да не извести за секој вид на промена вклучувајќи и купување и продавање на возила, рече тој.

Бранителот потоа праша дали можеме ли да заклучиме дека од сите претходни одговори во поглед на наведените лиценци, министерството ги има физички издадено истите и ги поседува кај нив во оригинал, сведокот одговори дека по однос на ова прашање, министерството ниту за правното лице „Беса Транс БТБ, ниту за кое било друго правно лице за кое што има издадено лиценца и изводи од лиценца за возилото не ги поседува лиценците и изводите од лиценца во оригинал.

Oригиналот се издава на барателот, рече тој.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

Судењето продолжува на 23 декември.

The post Сопственикот на „Беса Транс“ не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>

Обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува за виновен за „фалсификување исправа“. Застапникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, исто така, изјави дека не се чувствува виновен за истото дело кое му се става на товар. Откако јавниот обвинител го прочита Обвинителниот предлог во кој стои дека обвинетиот 41-годишник, Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.
Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.
На денешното рочиште сведочеше претставник на Министерство за транспорт и врски, Драганче Јовев, кој зборуваше за лиценците и изводите од лиценци кои што министерството ги издало на „Беса Транс БТБ“. На прашање од обвинителот, дали од страна на Министерството за транспорт и врски на правниот субјект Беса Транс му е издадена лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, тој одговори дека врз основа на евиденцијата за лиценцирани превозници, кои вршат јавен превоз за патници, министерството има издадено лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници со број 007017, со важност од 8.8.2018 до 8.8.2022 година. Прашан дали врз основа на оваа лиценца, министерството издава извод за лиценца за секое од возилата одделно, тој одговори да.
Да, врз основа на оваа лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници министерството издава изводи од лиценца за секое од возилата за кои што превозникот има доставено копија од сообраќајни дозволи во самото барање за издавање на лиценца на меѓународен слободен превоз на патници, при што согласно евиденцијата имаме издадено изводи за лиценци за следните возила СК 4436 АИ, СК 8004 АН, СК 0886 АК, СК 8583 АП и СК 0583 АР, значи имаме издадено лиценца за пет возила на име на превозникот Беса Транс БТБ, рече тој.
На прашање дали дополнително имаат издадено извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај за возило со регистерска ознака СК 0284 БА, тој одговори дека согласно евиденцијата за ова возило нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај ниту за друг вид на превоз. Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот, потоа пристапи кон вкрстено испрашување во кое подробно го испрашуваше сведокот околу издадените лиценци и изводи од лиценци. Прашан дали со самото издавање на лиценцата се евидентираат и возилата, тој одговори да.
Да, веќе споменав на почетокот, во процедурата за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници една од документацијата е достава на сообраќајни дозволи кои што ги поседува превозникот за возилата за кои што превозникот поднесува барање, рече тој.
Прашан дали може да заклучиме дека изводот од лиценца број 22679 постои во евиденцијата на министерството како издадена лиценца за второбвинетото правно лице „Беса Транс БТБ“, тој одговори дека постои за вршење на посебен линиски превоз на патници во внатрешниот патеn сообраќај. Прашан дали е запознаени кога „Беса Транс БТБ“ станала сопственик на возилото СК 0284 БА, тој одговори дека Министерството за транспорт и врски не е запознаено кога правното лице станалo сопственик на наведеното возило.
Но, сакам да појаснам зошто, затоа што кое било правно лице кое поседува лиценца за вршење јавен превоз на патници е должно согласно Законот за превоз да нè известува за секоја настаната промена веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена, треба да не извести за секој вид на промена вклучувајќи и купување и продавање на возила, рече тој.
Бранителот потоа праша дали можеме ли да заклучиме дека од сите претходни одговори во поглед на наведените лиценци, министерството ги има физички издадено истите и ги поседува кај нив во оригинал, сведокот одговори дека по однос на ова прашање, министерството ниту за правното лице „Беса Транс БТБ, ниту за кое било друго правно лице за кое што има издадено лиценца и изводи од лиценца за возилото не ги поседува лиценците и изводите од лиценца во оригинал.
Oригиналот се издава на барателот, рече тој.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски. Судењето продолжува на 23 декември.

The post Сопственикот на „Беса Транс“ не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>
Започна судењето за „Беса Транс“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapochna-sudenjeto-za-besa-trans/ Tue, 15 Nov 2022 11:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=573993

Во Основниот кривичен суд – Скопје, денеска започна судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани.

Во случајот обвинети се едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.

Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

The post Започна судењето за „Беса Транс“ appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд – Скопје, денеска започна судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани. Во случајот обвинети се едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.
Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

The post Започна судењето за „Беса Транс“ appeared first on Република.

]]>
Алиспахиќ: Мора да се прави разлика меѓу несреќата во Бугарија и процесот за „Беса транс“ https://republika.mk/vesti/makedonija/alispahikj-mora-da-se-pravi-razlika-megju-nesrekjata-vo-bugarija-i-procesot-za-besa-trans/ Fri, 14 Oct 2022 11:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=561076

Треба да се направи дистинкција помеѓу немилиот настан што се случи во Бугарија минатата година и овој судски процес, бидејќи тие не се меѓусебно поврзани. Ова е процес исклучиво по поднесен обвинителен предлог во делот на работењето на самото правно лице, изјави денеска адвокатот Асмир Алиспахиќ, застапник на обвинетиот во случајот „Беса Транс“.

Ние веруваме во Судот, оставаме на Судот да одлучи во делот на сето она што ќе биде презентирано од Обвинителството и од одбраната, како теорија на случај и од двете страни, па ќе го знаете и резултатот, рече тој.

Првото рочиште од судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани, денеска беше одложено за 15 ноември. Одлагањето уследи бидејќи не беа исполнети условите за одржување на јавна расправа поради тоа што обвинетото правно лице немаше официјален застапник.

Во случајот обвинети се едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.

Oбвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

The post Алиспахиќ: Мора да се прави разлика меѓу несреќата во Бугарија и процесот за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

Треба да се направи дистинкција помеѓу немилиот настан што се случи во Бугарија минатата година и овој судски процес, бидејќи тие не се меѓусебно поврзани. Ова е процес исклучиво по поднесен обвинителен предлог во делот на работењето на самото правно лице, изјави денеска адвокатот Асмир Алиспахиќ, застапник на обвинетиот во случајот „Беса Транс“.
Ние веруваме во Судот, оставаме на Судот да одлучи во делот на сето она што ќе биде презентирано од Обвинителството и од одбраната, како теорија на случај и од двете страни, па ќе го знаете и резултатот, рече тој.
Првото рочиште од судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани, денеска беше одложено за 15 ноември. Одлагањето уследи бидејќи не беа исполнети условите за одржување на јавна расправа поради тоа што обвинетото правно лице немаше официјален застапник. Во случајот обвинети се едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.
Oбвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

The post Алиспахиќ: Мора да се прави разлика меѓу несреќата во Бугарија и процесот за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>
И рочиштето за „Беса Транс“ одложено https://republika.mk/vesti/makedonija/i-rochishteto-za-besa-trans-odlozeno/ Fri, 14 Oct 2022 10:38:26 +0000 https://republika.mk/?p=561051

Првото рочиште од судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани, е одложено за 15 ноември. Одлагањето уследи бидејќи не беа исполнети условите за одржување на јавна расправа поради тоа што обвинетото правно лице немаше официјален застапник.

На судењето, обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, изјави дека е овластен претставник на обвинетото правно лице, на што Судот посочи дека како обвинет во оваа постапка не може да биде и овластен претставник на обвинетото правно лице во истата постапка.

Се задолжува обвинетиот согласно член 511, како управител на правното лице, да определи претставник од редот на одговорните лице и од вработените во правното лице, рече судијата.

Во случајот обвинети се едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.

Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

Претходно денеска по втор пат се одложи почетокот на судењето за пожарот во модуларната болница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/povtorno-odlozeno-sudenjeto-za-pozarot-vo-tetovskata-modularna-bolnica/

The post И рочиштето за „Беса Транс“ одложено appeared first on Република.

]]>

Првото рочиште од судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани, е одложено за 15 ноември. Одлагањето уследи бидејќи не беа исполнети условите за одржување на јавна расправа поради тоа што обвинетото правно лице немаше официјален застапник. На судењето, обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, изјави дека е овластен претставник на обвинетото правно лице, на што Судот посочи дека како обвинет во оваа постапка не може да биде и овластен претставник на обвинетото правно лице во истата постапка.
Се задолжува обвинетиот согласно член 511, како управител на правното лице, да определи претставник од редот на одговорните лице и од вработените во правното лице, рече судијата.
Во случајот обвинети се едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.
Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски. Претходно денеска по втор пат се одложи почетокот на судењето за пожарот во модуларната болница. https://republika.mk/vesti/makedonija/povtorno-odlozeno-sudenjeto-za-pozarot-vo-tetovskata-modularna-bolnica/

The post И рочиштето за „Беса Транс“ одложено appeared first on Република.

]]>