субвенциониран оброк Archives - Република https://republika.mk/tema/subventsioniran-obrok/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Mar 2024 08:29:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png субвенциониран оброк Archives - Република https://republika.mk/tema/subventsioniran-obrok/ 32 32 Од денеска студентите парите за субвенционираниот оброк ќе ги добиваат неделно https://republika.mk/vesti/makedonija/od-deneska-studentite-parite-za-subventsioniraniot-obrok-ke-gi-dobivaat-nedelno/ Mon, 04 Mar 2024 08:29:40 +0000 https://republika.mk/?p=750946

Студентите од денеска парите за субвенциониран оброк ќе ги добиваат неделно односно 840 денари вкупно за шест дена во неделата наместо дневната исплата од 140 денари.

Тоа е овозможено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк и на барање на студентските организации.

Министерството за образование и наука информираше дека секој студент кој го остварува правото на субвенциониран студентски оброк од денеска на својата трансакциска сметка ќе добива 840 денари наменети за купување производи за прехрана и парите ќе може да се искористат од понеделник до сабота.

На овој начин се зголемува практичноста на законското решение кое досега предвидуваше исплата на 140 денари на дневна основа, посочи МОН.

Нема промена во условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Рокот за пријавување на студентите кои досега не го оствариле ова право или не ги исполнувале критериумите, е од 1 до 5 секој нареден месец преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk.

 

The post Од денеска студентите парите за субвенционираниот оброк ќе ги добиваат неделно appeared first on Република.

]]>

Студентите од денеска парите за субвенциониран оброк ќе ги добиваат неделно односно 840 денари вкупно за шест дена во неделата наместо дневната исплата од 140 денари. Тоа е овозможено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк и на барање на студентските организации. Министерството за образование и наука информираше дека секој студент кој го остварува правото на субвенциониран студентски оброк од денеска на својата трансакциска сметка ќе добива 840 денари наменети за купување производи за прехрана и парите ќе може да се искористат од понеделник до сабота. На овој начин се зголемува практичноста на законското решение кое досега предвидуваше исплата на 140 денари на дневна основа, посочи МОН. Нема промена во условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Рокот за пријавување на студентите кои досега не го оствариле ова право или не ги исполнувале критериумите, е од 1 до 5 секој нареден месец преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk.  

The post Од денеска студентите парите за субвенционираниот оброк ќе ги добиваат неделно appeared first on Република.

]]>
МОН: Студентите да ги подигнат наменските платежни картички за субвенциониран оброк https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-studentite-da-gi-podignat-namenskite-platezhni-kartichki-za-subventsioniran-obrok/ Fri, 15 Sep 2023 12:22:40 +0000 https://republika.mk/?p=682190

Студентите од втора и повисоките години на студии кои аплицирале и ги исполниле условите за субвенциониран студентски оброк, за што добиле потврда од Министерството за образование и наука, заради остварување на правото, како следен чекор имаат обврска задолжително да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка и да ги ажурираат своите податоци на https://netbanking.mk/studentPortal.

Потоа, ќе добијат информација преку СМС за точното време (најрано 24 часа од моментот на ажурирањето на податоците) и место за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменскa студентскa Visa картичкa за субвенциониран оброк, преку која единствено ќе можат да ги користат средствата.

Министерството за образование и наука потсетува дека аплицирањето за ова право за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври.

 

The post МОН: Студентите да ги подигнат наменските платежни картички за субвенциониран оброк appeared first on Република.

]]>

Студентите од втора и повисоките години на студии кои аплицирале и ги исполниле условите за субвенциониран студентски оброк, за што добиле потврда од Министерството за образование и наука, заради остварување на правото, како следен чекор имаат обврска задолжително да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка и да ги ажурираат своите податоци на https://netbanking.mk/studentPortal. Потоа, ќе добијат информација преку СМС за точното време (најрано 24 часа од моментот на ажурирањето на податоците) и место за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменскa студентскa Visa картичкa за субвенциониран оброк, преку која единствено ќе можат да ги користат средствата. Министерството за образование и наука потсетува дека аплицирањето за ова право за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, трае од 27 септември до 2 октомври 2023 година. Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот контакт: [email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството. Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври.  

The post МОН: Студентите да ги подигнат наменските платежни картички за субвенциониран оброк appeared first on Република.

]]>