субвенции Archives - Република https://republika.mk/tema/subvencii/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 10:36:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png субвенции Archives - Република https://republika.mk/tema/subvencii/ 32 32 Министерот Ристовски најави дека почнува исплатата на државните субвенции во спортот https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-ristovski-najavi-deka-pochnuva-isplatata-na-drzhavnite-subventsii-vo-sportot/ Sat, 02 Nov 2024 10:36:42 +0000 https://republika.mk/?p=833416

Националните спортски федерации, клубовите и спортистите во наредните денови ќе ги добијат средствата од државните субвенции коишто ги доделува Министерството за спорт. Административниот процес е завршен и се очекува да започне исплатата на средствата, по новата поефикасна и поедноставена процедура, најави министерот за спорт Борко Ристовски на вчерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.

Министерството за спорт и Владата обезбедија 550 милиони денари или нешто помалку од 10 милиони евра коишто се наменети за субвенционирање на спортот, нешто што не беше обезбедено од претходната Влада. Доколку не дојдеше до промена на власта и доколку не се конституираше новото Министерство за спорт, јас одговорно тврдам дека ќе немаше субвенции и државна помош за спортот затоа што тие пари не беа предвидени во буџетот за оваа година, односно претходната власт во буџетот имаше предвидено „нула“ пари за спортот. Ова е еден огромен чекор и на Министерството за спорт и на оваа Влада затоа што со ребалансот на буџетот ги обезбедивме овие средства. Сумата е нешто помала од претходните 615 милиони денари, меѓутоа ако земеме предвид дека се 550 милиони денари за само неколку месеци до крајот на фискалната година, ќе видиме дека тоа е, и тоа како, голема помош – истакна Ристовски.

Во завршната фаза од процесот за доделување на државните субвенции во спортот, од Министерството за спорт е испратен допис до сите национални спортски федерации кои до клубовите треба да ги проследат задолжителните обрасци, за да можат во најкус можен рок да ги пополнат и да ги достават до Министерството за спорт за што побрзо да почне исплатата на средствата. Министерот Ристовски појасни дека исплатата ќе се одвива сукцесивно, што значително ќе ја скрати целата постапка.

Средствата ги имаме на нашата сметка, подготвени сме за започнување на исплатата. Малку го променивме начинот на којшто ќе се исплаѓаат средствата, не само во делот на критериумите, туку и во делот на исплатата. Како прво нема да чекаме да пристигнат сите пријави или обрасци, па да се дадат на разгледување, туку постапката ќе тече сукцесивно. Како што ќе доаѓаат пријавите, така ќе бидат процесуирани. На два дена ќе се разгледуваат пристигнатите обрасци и како што ќе се усвојуваат, веќе наредниот ден ќе се исплаѓаат средствата. Претходната постапка, од донесувањето на обрасците во тогашната Агенција за млади и спорт до исплатата на средствата, имаше рок од 90 дена. Ние го поедноставивме процесот и го скративме овој рок. Или да појаснам, хипотетички, ако ги достават обрасците во понеделник, веќе во среда може да биде потпишан документот за да може да почне исплатата на тој што аплицирал. Се разбира, ако документацијата е комплетна и во ред. Тоа е една многу поедноставена и многу поефикасна процедура, затоа што сме свесни дека клубовите ги чекаат овие средства – рече Ристовски појаснувајќи дека исплата на државните субвенции во спортот заради почитување на законитоста и транспарентноста, почнува малку подоцна од првично најавениот рок.

-Распределба на државни пари за мене претставува една голема одговорност и токму поради тоа, малку поинаква е постапката. Оваа програма најпрво помина на Влада и беше едногласно усвоена, а потоа и на сите инстанци за одобрување и проверка и дури потоа ја отпочнавме процедурата за исплата. Можеби неколку дена покасно од планираното, но она што е најважно е законитоста и транспарентноста во распределбата на државните средства да биде на највисоко можно ниво и повторно да ја вратиме довербата во институциите. Затоа што токму поради распределбата на државните пари во спортот што беше во минатото, сега имаме осум обвиненија меѓу кои и обвинение за поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт, против претседателот на Македонскиот олимписки комитет и за вработени во тогашната АМС. Тоа само по себе покажува дека распределбата на т.н. „ваучери“, во најмала рака, било сомнително и токму затоа сакавме да направиме еден поинаков пристап којшто ќе значи транспарентност и еднакво вреднување на сите спортски субјекти. Сакаме сѐ да биде транспарентно затоа што имаме намера да воведеме ред во спортот – истакна Ристовски.

Министерот за спорт појасни дека основна ставка во новите критериуми за субвенционирањето во спортот е рангирањето во националните првенства.

Критериумите по кои ќе се доделуваат државните средства во спортот се едни и единствени. Она што е најважно е дека субвенционирањето ќе биде по однос на учество во националните федерации. Најосновната ставка е рангирањето во националните првенства, а не оние ставки од претходно кои оставаа простор за манипулација и корупција. Затоа одлучивме да го вреднуваме успехот и распределбата да биде соодветна на пласманот – рече Ристовски.

Уште една новина во новата распределба на државните субвенции во спортот е тоа што Министерството за спорт во една натпреварувачка сезона, од септември до септември, двапати ќе исплати државни субвенции.

Овие средствата сега ќе бидат исплатени во целост, сите 550 милиони денари, а во февруари-март 2025 година ќе бидат исплатени другите субвенции, што ќе биде огромна помош за спортот. Откако е конституирано Министерството за спорт, па до март, најдоцна до април наредната година, вкупно ќе исплатиме 1.219.000.000 денари што е околу 20 милиони евра. Ова е бројка што не е затворена затоа што ќе имаме уште едно субвенционирање на спортот што ќе значи дека оваа Влада и Министерството за спорт, во спортот ќе инвестира 20 милиони евра, што е една доста сериозна сума. Ова е уште еден показател колку ние како Министерство за спорт сме одлучни да го вратиме спортот онаму каде што заслужува – истакна министерот Ристовски.

Тој нагласи дека согласно новата стратегија, неколку спортови ќе добијат приоритет и ќе бидат финансирани од државата, а другите ќе бидат помагани. Од колективните спортови тоа ќе бидат ракометот, кошарката, фудбалот и одбојката, а од индивидуалните тоа се неколку спортови кои се традиционлано најпопуларни и носат најголеми успеси – таеквондо, атлетика, борење, бокс, пливање.

Имаме направено една добра поделба која на краток рок ќе донесе поместување, а на среден рок мислам дека ќе донесе и успех за македонскиот спорт и за Македонија – истакна Ристовски.

The post Министерот Ристовски најави дека почнува исплатата на државните субвенции во спортот appeared first on Република.

]]>

Земјоделците може да аплицираат за финансиска помош за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз https://republika.mk/vesti/makedonija/zemjodeltsite-mozhe-da-aplitsiraat-za-finansiska-pomosh-za-nabavka-na-spetsijalni-kombajni-za-zhneene-na-oriz/ Sat, 26 Oct 2024 12:30:22 +0000 https://republika.mk/?p=831249

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 600.000 денари, а крајниот рок за доставување на барањата е 14 ноември.

Право на користење на средства имаат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите е минимум производствен капацитет од над 1 ха површина под ориз, наведуваат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството.

The post Земјоделците може да аплицираат за финансиска помош за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 600.000 денари, а крајниот рок за доставување на барањата е 14 ноември. Право на користење на средства имаат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите е минимум производствен капацитет од над 1 ха површина под ориз, наведуваат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството.

The post Земјоделците може да аплицираат за финансиска помош за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Преку консолидирање на приходите исплативме милијарда и 300 милиони денари субвенции за земјоделците, го санираме секој проблем наследен од разбојничката Влада на СДСМ и ДУИ https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-preku-konsolidirane-na-prihodite-isplativme-milijarda-i-300-milioni-denari-subventsii-za-zemjodeltsite-go-sanirame-sekoj-problem-nasleden-od-razbojnichkata-vlada-na-sdsm-i-dui/ Sat, 19 Oct 2024 14:28:49 +0000 https://republika.mk/?p=828840

„Состојбата со земјоделието е катастрофална, онаа која што ја наследивме, консолидирање постоеше во овој период, со ребалансот предвидовме дополнителни средства и можам да кажам дека од периодот 25-26 јуни до кај 17-18 октомври, некаде околу милијарда и 300 милиони се исплатени на повеќе од 20 илјади земјоделци субвенции“, вака претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за тоа како тече исплатата на субвенциите во земјоделието.

Тој додаде дека преку консолидирање на приходите се обезбедени се милијарда и триста милиони денари за субвенции за земјоделците, нешто што до сега, како што рече, беше мисловна именка.

Нешто што до сега преставуваше мисловна именка, нешто што беше невозможно, со консолидирање на приходите во буџетот, со повеќе приходи, со ребалансот успеавме да обезбедиме за повеќе од 20 илјади земјоделци повеќе од една милијарда и три стотини милиони денари за субвенции, нешто што досега, ќе повторам, не беше можно“, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така, потсети на добрата цена за лозарите, поддршката за производителите на сливи и вонредните мерки за производителите на јачмен и пченица, додавајќи дека после откупот на јаболката кој се одвива моментално фокус ќе бидат тутунарите.

Ова консолидирање продолжува и во следната година. Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие коишто се занимаваат со лозарството, исто така поддршка за одгледувачите на сливи, имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пченица, со јаболкото сега засега состојбата е одлична со откупот, понатаму фокус се тутунарите“, нагласи Мицкоски и додаде:

„Така што сето она што преставува проблем и наследена состојба од страна на претходната разбојничка влада предводена од СДСМ и ДУИ ќе го санираме ќе се бориме, бидејќи секој еден човек е важен“.

The post Мицкоски: Преку консолидирање на приходите исплативме милијарда и 300 милиони денари субвенции за земјоделците, го санираме секој проблем наследен од разбојничката Влада на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>

„Состојбата со земјоделието е катастрофална, онаа која што ја наследивме, консолидирање постоеше во овој период, со ребалансот предвидовме дополнителни средства и можам да кажам дека од периодот 25-26 јуни до кај 17-18 октомври, некаде околу милијарда и 300 милиони се исплатени на повеќе од 20 илјади земјоделци субвенции“, вака претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за тоа како тече исплатата на субвенциите во земјоделието. Тој додаде дека преку консолидирање на приходите се обезбедени се милијарда и триста милиони денари за субвенции за земјоделците, нешто што до сега, како што рече, беше мисловна именка.
Нешто што до сега преставуваше мисловна именка, нешто што беше невозможно, со консолидирање на приходите во буџетот, со повеќе приходи, со ребалансот успеавме да обезбедиме за повеќе од 20 илјади земјоделци повеќе од една милијарда и три стотини милиони денари за субвенции, нешто што досега, ќе повторам, не беше можно“, потенцираше Мицкоски.
Тој исто така, потсети на добрата цена за лозарите, поддршката за производителите на сливи и вонредните мерки за производителите на јачмен и пченица, додавајќи дека после откупот на јаболката кој се одвива моментално фокус ќе бидат тутунарите.
Ова консолидирање продолжува и во следната година. Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие коишто се занимаваат со лозарството, исто така поддршка за одгледувачите на сливи, имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пченица, со јаболкото сега засега состојбата е одлична со откупот, понатаму фокус се тутунарите“, нагласи Мицкоски и додаде:
„Така што сето она што преставува проблем и наследена состојба од страна на претходната разбојничка влада предводена од СДСМ и ДУИ ќе го санираме ќе се бориме, бидејќи секој еден човек е важен“.  

The post Мицкоски: Преку консолидирање на приходите исплативме милијарда и 300 милиони денари субвенции за земјоделците, го санираме секој проблем наследен од разбојничката Влада на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-isplateni-se-subventsii-od-nad-milijarda-i-trista-milioni-denari-za-okolu-20-000-zemjodeltsi/ Sat, 19 Oct 2024 12:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=828815

Состојбата со земјоделието е катастрофална од она што го наследивме. Консолидирање претстоеше во овој период и можам да кажам дека во периодот од 25 и 26 јули некаде до 17-18 ноември повеќе од милијарда и триста милиони денари се исплатени за повеќе од 20.000 земјоделци субвенции, изјави денеска во струмичко Ново Село премиерот Христијан Мицкоски.

Добивај вести на вибер
Ова, според него, досега било невозмоно. Мицкоски најави дека ова консолидирање продолжува и следната година.

-Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие кои се занимаваат со лозарството. Исто така поддршка за одгледувачите на сливи. Имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пчениц, со јаболкото сега засега ситуација е одлична, изјави Мицкоски кој беше на Костенијада 2024.

The post Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци appeared first on Република.

]]>

Состојбата со земјоделието е катастрофална од она што го наследивме. Консолидирање претстоеше во овој период и можам да кажам дека во периодот од 25 и 26 јули некаде до 17-18 ноември повеќе од милијарда и триста милиони денари се исплатени за повеќе од 20.000 земјоделци субвенции, изјави денеска во струмичко Ново Село премиерот Христијан Мицкоски. Добивај вести на вибер Ова, според него, досега било невозмоно. Мицкоски најави дека ова консолидирање продолжува и следната година. -Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие кои се занимаваат со лозарството. Исто така поддршка за одгледувачите на сливи. Имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пчениц, со јаболкото сега засега ситуација е одлична, изјави Мицкоски кој беше на Костенијада 2024.  

The post Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, историски највисока цена на грозјето и многу други проекти https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-vo-prvite-100-dena-imame-pokacheni-subventsii-za-jachmen-i-pchenitsa-isplata-na-1-milijarda-denari-zaostanati-subventsii-istoriski-najvisoka-tsena-na-grozjeto-i-mnogu-drugi-proekti/ Thu, 03 Oct 2024 09:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=822138

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори, укажувајќи дека исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и пченица, како и постигната е највисока откупна цена за грозјето.

Апсолутно како и во сите сектори, така и во земјоделието во овие 100 дена се преземаа многу чекори. Ќе ве потсетам на оние задоцнети плати во двете клучни институции, а тоа се Национални шуми и АД Водостопанство. Се вратија долгови кај земјоделците од повеќе милијарда и двесте педесет милиони денари, тоа се стари долгови, покрај тековните исплати. Понатаму имавме субвенции, одлука за субвенции за килограм продадена пченица, јачмен и така натаму, но исто така можам да кажам дека се постигнаа историски највисоки цени за откуп на грозјето од лозарите и навистина можам да кажам дека досега работите таму полека, но сигурно фаќаат еден природен колосек, тука не смееме да ги потцениме, ниту сливарите коишто исто така беа поддржани од страна на Министерството и од страна на Владата, јаболкарите, видовте беше таму Министерот, разговараше, очекувам исто да биде и со тутунарите. Така што како и во секој сектор, така и таму се случуваат сериозни промени, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

The post Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, историски највисока цена на грозјето и многу други проекти appeared first on Република.

Објавен јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување велосипеди во 2024 година https://republika.mk/vesti/skopje/objaven-javen-povik-za-subventsionirane-na-graganite-na-podrachjeto-na-grad-skopje-za-kupuvane-velosipedi-vo-2024-godina/ Thu, 26 Sep 2024 13:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=819903

Град Скопје распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните од подрачјето на Скопје за купување велосипед, во максимален износ до 4.000 денари по лице со вклучен данок на личен доход.

Апликации за учество на јавниот повик може да се доставуваат до 31 октомври 2024 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот.

Јавниот повик со условите за аплицирање, како и сите потребни документи кои треба да се достават се достапни на линкот - https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/

The post Објавен јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување велосипеди во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Град Скопје распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните од подрачјето на Скопје за купување велосипед, во максимален износ до 4.000 денари по лице со вклучен данок на личен доход. Апликации за учество на јавниот повик може да се доставуваат до 31 октомври 2024 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот. Јавниот повик со условите за аплицирање, како и сите потребни документи кои треба да се достават се достапни на линкот - https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/

The post Објавен јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување велосипеди во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Земјоделците можат електронски да видат до каде им се барањата за финансиска поддршка, од 1 јануари и електронско преземање на решенијата за исплата https://republika.mk/vesti/ekonomija/zemjodeltsite-mozhat-elektronski-da-vidat-do-kade-im-se-baranata-za-finansiska-poddrshka-od-1-januari-i-elektronsko-prezemane-na-reshenijata-za-isplata/ Mon, 23 Sep 2024 10:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=818969

Платежната агенција воведе модул (прегледник) што овозможува електронско следење на податоците во врска со поднесените барања за финансиска поддршка. Модулот е наманет за земјоделците и земјоделските стопанства. Тие преку оваа алатка имаат увид и информации за секоја мерка: статус на мерката, авторизиран износ и дата на авторизација, исплатен износ и датум на исплата, статус на трансакциска сметка „невалиден“ за барателите кои доставиле податоци од невалидна трансакциска сметка, евидентирани ненамирени обврски по сите основи релевантни за спроведување на мерката.

Како што рече денеска директорот на Агенцијата, Илија Стоилев, ова е прв чекор во процесот на дигитализација. За пристап до прегледникот, физичките лица треба да внесат матичен број, а правните субјекти, даночен број. Ќе треба да се внесе и бројот на електронското барање на лицето/субјектот.

Изготвено е и упатство за корисниците кое ќе биде достапно на веб страницата на Платежната агенција, а ќе биде доставено и до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Ова беше една од слабостите на Агенцијата во изминатиот период. Едно од најчесто поставуваните прашања на земјоделците беше „зошто не сум земал субвенции?“. Сега, со регистрирање во прегледникот, ќе добијат одговор веднаш. Тие ќе можат сами да пристапат до своите предмети и да извршат увид, да видат дали и каде има евентуална грешка и сето тоа ќе може да го прават од дома, од компутер или од мобилен телефон - истакна Стоилев на прес-конференција.

Стоилев најави и дека од 1 јануари 2025 година Платежната агенција ќе воведе дополнителна услуга – преку овој модул секој корисник на финансиска поддршка да може да си изврши увид во решението за исплата, но и да го преземе, без да губи време и да се изложува на трошоци за да дојде до Скопје.

The post Земјоделците можат електронски да видат до каде им се барањата за финансиска поддршка, од 1 јануари и електронско преземање на решенијата за исплата appeared first on Република.

]]>

Платежната агенција воведе модул (прегледник) што овозможува електронско следење на податоците во врска со поднесените барања за финансиска поддршка. Модулот е наманет за земјоделците и земјоделските стопанства. Тие преку оваа алатка имаат увид и информации за секоја мерка: статус на мерката, авторизиран износ и дата на авторизација, исплатен износ и датум на исплата, статус на трансакциска сметка „невалиден“ за барателите кои доставиле податоци од невалидна трансакциска сметка, евидентирани ненамирени обврски по сите основи релевантни за спроведување на мерката. Како што рече денеска директорот на Агенцијата, Илија Стоилев, ова е прв чекор во процесот на дигитализација. За пристап до прегледникот, физичките лица треба да внесат матичен број, а правните субјекти, даночен број. Ќе треба да се внесе и бројот на електронското барање на лицето/субјектот. Изготвено е и упатство за корисниците кое ќе биде достапно на веб страницата на Платежната агенција, а ќе биде доставено и до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Ова беше една од слабостите на Агенцијата во изминатиот период. Едно од најчесто поставуваните прашања на земјоделците беше „зошто не сум земал субвенции?“. Сега, со регистрирање во прегледникот, ќе добијат одговор веднаш. Тие ќе можат сами да пристапат до своите предмети и да извршат увид, да видат дали и каде има евентуална грешка и сето тоа ќе може да го прават од дома, од компутер или од мобилен телефон - истакна Стоилев на прес-конференција.
Стоилев најави и дека од 1 јануари 2025 година Платежната агенција ќе воведе дополнителна услуга – преку овој модул секој корисник на финансиска поддршка да може да си изврши увид во решението за исплата, но и да го преземе, без да губи време и да се изложува на трошоци за да дојде до Скопје.

The post Земјоделците можат електронски да видат до каде им се барањата за финансиска поддршка, од 1 јануари и електронско преземање на решенијата за исплата appeared first on Република.

]]>
Николоски: Има голем интерес од авиокомпании за воведување нови дестинации https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ima-golem-interes-od-aviokompanii-za-voveduvane-novi-destinatsii/ Tue, 17 Sep 2024 18:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=817233

Имаме голем интерес од авиокомпании кои се заинтересирани да воведат нови дестинации од домашните аеродроми согласно јавниот повик што го објавивме, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.

Николоски најави дека по завршување на јавниот повик на почетокот на месец октомври, ќе се изберат најдобрите компании кои ќе понудат нови атрактивни дестинации, а со тоа диреткно ќе се влијае врз зголемување и подобрување на авиосообраќајот во земјава.

Има голем интерес и ќе ги избереме најдобрите. Тоа што ќе потврдам е дека новите дестинации ќе се воведат со летниот ред на летање бидејќи авиокомпаниите ги планираат летовите една година однапред. Го избравме овој начин бидејќи сакаме да донесеме нови патници во земјава, а не граѓаните да си одат од земјава. Избравме финансиска поддршка, како еден од приоритетите на Владата бидејќи после короната имаме континуиран пад на бројот на патници и ова е начин како авиосообраќајот да го подобриме и да овозможиме прифатливи услови за патување“, истакна министерот Николоски.

Тој додаде дека значително се зголемува цената за финансиска поддршка и тоа од Скопје од претходните 7 евра се зголемуваат на 9 евра по патник, а од Охрид од претходните 4,5 евра се зголемуваат на 12 евра по патник, што е услов за зголемување на турзимот во охридско-струшкиот регион, додаде министерот Николоски.

Јавниот повик за финаниска поддршка беше објавен овој месец и трае се до 4 октомври. Финансиската поддршка е зголемена на 360 милиони денари за период 2025-2027 година, а се очекува да се привлечат преку 200 илјади нови туристи.

На владина седница поминаа бројни одлуки кои се поврзани со постапките за експропријација за изградба на автопатите Гостивар до Букојчани и од Прилеп до Битола, објави заменик претседателот на Владата и министер за трaнспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.

Тој истакна дека се забрзани постапките за овие два автопати кои се наоѓаат на Коридор 8 и 10 д, се со цел да се заврши комплетно постапката и што поскоро да започнат да се градат.

Ја забрзавме постапката за експропријација затоа што ако сакаме да градиме автопат мора да имаме прво чист терен. Посебно сме фокусирани на изградба на автопатите Гостивар до Букојчани или народски кажано Стража, како и на автопат од Прилеп до Битола и за таа цел денеска на седница на Влада донесовме бројни одлуки се со цел да поефикасно почнеме да ги градиме овие автопати.

Дополнително, одлична вест што сакам да ја кажам е дека работиме на изградба на вештачко езеро во Штип за наводнување и од рекреативен карактер, прво од ваков тип и прво во Источна Макеоднија, тоа е брана на река Отиња. За таа цел денеска донесовме одлука со која обезбедиме 2 милиони евра за дополнителни работи и очекувам до крајот на 2026 година да се заврши браната и да се полни езерото, а некаде после година дена после тоа да имаме и ново езеро во Македонија“, истакна министерот Николоски.

Во однос на состојбите во железницата, министерот потенцираше дека се продолжува со процесот на стабилизација во двете железнички претпријатија. Железница Транспорт доаѓа во состојба каде самостојно може да ги регулира обврските и тоа од фирма која пред нашето доаѓање на власт едвај се исплаќаше плата за вработените, сега тоа е надминат проблем, истакна министерот Николоски.

Тој најави сериозни планови за концептот градски воз во Скопје, со кој ќе му помогне на Градот да се реши сообраќајниот хаос а на граѓаните да се понуди ефикасен, брз и поевтин јавен превоз.

The post Николоски: Има голем интерес од авиокомпании за воведување нови дестинации appeared first on Република.

]]>

Имаме голем интерес од авиокомпании кои се заинтересирани да воведат нови дестинации од домашните аеродроми согласно јавниот повик што го објавивме, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.
Николоски најави дека по завршување на јавниот повик на почетокот на месец октомври, ќе се изберат најдобрите компании кои ќе понудат нови атрактивни дестинации, а со тоа диреткно ќе се влијае врз зголемување и подобрување на авиосообраќајот во земјава.
Има голем интерес и ќе ги избереме најдобрите. Тоа што ќе потврдам е дека новите дестинации ќе се воведат со летниот ред на летање бидејќи авиокомпаниите ги планираат летовите една година однапред. Го избравме овој начин бидејќи сакаме да донесеме нови патници во земјава, а не граѓаните да си одат од земјава. Избравме финансиска поддршка, како еден од приоритетите на Владата бидејќи после короната имаме континуиран пад на бројот на патници и ова е начин како авиосообраќајот да го подобриме и да овозможиме прифатливи услови за патување“, истакна министерот Николоски.
Тој додаде дека значително се зголемува цената за финансиска поддршка и тоа од Скопје од претходните 7 евра се зголемуваат на 9 евра по патник, а од Охрид од претходните 4,5 евра се зголемуваат на 12 евра по патник, што е услов за зголемување на турзимот во охридско-струшкиот регион, додаде министерот Николоски. Јавниот повик за финаниска поддршка беше објавен овој месец и трае се до 4 октомври. Финансиската поддршка е зголемена на 360 милиони денари за период 2025-2027 година, а се очекува да се привлечат преку 200 илјади нови туристи. На владина седница поминаа бројни одлуки кои се поврзани со постапките за експропријација за изградба на автопатите Гостивар до Букојчани и од Прилеп до Битола, објави заменик претседателот на Владата и министер за трaнспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа. Тој истакна дека се забрзани постапките за овие два автопати кои се наоѓаат на Коридор 8 и 10 д, се со цел да се заврши комплетно постапката и што поскоро да започнат да се градат.
Ја забрзавме постапката за експропријација затоа што ако сакаме да градиме автопат мора да имаме прво чист терен. Посебно сме фокусирани на изградба на автопатите Гостивар до Букојчани или народски кажано Стража, како и на автопат од Прилеп до Битола и за таа цел денеска на седница на Влада донесовме бројни одлуки се со цел да поефикасно почнеме да ги градиме овие автопати.   Дополнително, одлична вест што сакам да ја кажам е дека работиме на изградба на вештачко езеро во Штип за наводнување и од рекреативен карактер, прво од ваков тип и прво во Источна Макеоднија, тоа е брана на река Отиња. За таа цел денеска донесовме одлука со која обезбедиме 2 милиони евра за дополнителни работи и очекувам до крајот на 2026 година да се заврши браната и да се полни езерото, а некаде после година дена после тоа да имаме и ново езеро во Македонија“, истакна министерот Николоски.
Во однос на состојбите во железницата, министерот потенцираше дека се продолжува со процесот на стабилизација во двете железнички претпријатија. Железница Транспорт доаѓа во состојба каде самостојно може да ги регулира обврските и тоа од фирма која пред нашето доаѓање на власт едвај се исплаќаше плата за вработените, сега тоа е надминат проблем, истакна министерот Николоски. Тој најави сериозни планови за концептот градски воз во Скопје, со кој ќе му помогне на Градот да се реши сообраќајниот хаос а на граѓаните да се понуди ефикасен, брз и поевтин јавен превоз.

The post Николоски: Има голем интерес од авиокомпании за воведување нови дестинации appeared first on Република.

]]>
Владата исплаќа eдна милијарда денари за заостанати субвенции од претходната https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-isplaka-edna-milijarda-denari-za-zaostanati-subventsii-od-prethodnata/ Tue, 17 Sep 2024 06:58:46 +0000 https://republika.mk/?p=816961

Една од заложбите на Владата е посветено да се работи и да им се помага на земјоделците.Затоа издвоени се 1 милијарда денари за исплата за заостанати субвенции за земјоделците.

Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни дури 4 години со исплатата.

Првата одлука на оваа Влада беше со ребалансот да се обезбедат средства и до крајот на годината нема да има субвенции со кои се доцни кај земјоделците.

Домаќинското и посветено работење на Владата ќе придонесе значајна поддршка за земјоделското производство.

На овој начин се исправаат и неправдите кон земјоделците кои со својот труд печалат за себе и своите семејства.

The post Владата исплаќа eдна милијарда денари за заостанати субвенции од претходната appeared first on Република.

]]>

Една од заложбите на Владата е посветено да се работи и да им се помага на земјоделците.Затоа издвоени се 1 милијарда денари за исплата за заостанати субвенции за земјоделците.
Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни дури 4 години со исплатата.
Првата одлука на оваа Влада беше со ребалансот да се обезбедат средства и до крајот на годината нема да има субвенции со кои се доцни кај земјоделците. Домаќинското и посветено работење на Владата ќе придонесе значајна поддршка за земјоделското производство. На овој начин се исправаат и неправдите кон земјоделците кои со својот труд печалат за себе и своите семејства.

The post Владата исплаќа eдна милијарда денари за заостанати субвенции од претходната appeared first on Република.

]]>
Ќе се субвенцираат дестинации, а не авиокомпании: Објавен повик за нови авиолинии со променет модел за повеќе патници https://republika.mk/vesti/ekonomija/ke-se-subventsiraat-destinatsii-a-ne-aviokompanii-objaven-povik-za-novi-aviolinii-so-promenet-model-za-poveke-patnitsi/ Sat, 07 Sep 2024 06:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=813987

Објавен е нов повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, со кој субвенциите ќе се доделуваат по дестинација, а не како досега на авиокомпанија.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации според редоследот: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба.

Државата ќе плаќа девет евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, а 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони.

Авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт.

Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, до кога може да се доставуваат барања во архивата на Министерството за транспорт.

Може да аплицираат сите заинтересирани авиокомпании кои поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година и имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година.

Владата пред една недела усвои сет мерки за зголемување на бројот на патници на аеродромите и најави нова тригодишна програма за финасиска поддршка што ќе стартува од 1 јануари. Зголемена е поддршката од седум евра по превезен патник од скопскиот аеродром на девет евра и од 4,5 евра на 12 евра на охридскиот аеродром по превезен патник.

Според ресорниот министер Александар Николоски, со промените во доделувањето субвенции се решава проблемот со зависност од една авиокомпанија. Токму тоа, според него, е причината за намалувањето на патници од Скопскиот и Охридскиот аеродром од над 330 илјади патници годинава поради проблемот што го има „Виз Ер“ со сопствените авиони, што на ниеден начин не е поврзан со состојбата во земјава.

Порталот „EX-YU aviation news“ неодамна објави дека нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ во четвртот квартал годинава од Скопскиот аеродром ќе го намали капацитетот за превоз на патници за 22,6 проценти, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година. Од Охридскиот аеродром, пак, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858.

Како што стои во објавата, „Виз Ер“ продолжува да го намалува расположливиот капацитет на седишта на речиси сите пазари во поранешна Југославија во текот на четвртиот квартал во споредба со истиот период од минатата година. На балканскиот пазар се намалуваат 330.000 седишта.

Финансиска поддршка во авиосообраќајот во државаа се доделува од 2012 година од кога беа склучени три последователни тригодишни договори со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз Ер“. По основ на финансиска поддршка на „Виз Ер“ во 2012 година му се исплатени 25,6 милиони денари, во 2013 година 75,4 милиони, а 135 милиони денари во 2014 година. Во 2015. се исплатени 40 милиони, во 2016 и 2017 по околу 104 милиони денари, во 2018 година износот е 43,8 милиони, во 2019 година 66,5 милиони. Во 2020 износот на исплатени средства за субвенционирани летови е 21 милион денари, во 2021 година 10,4 милиони, а во 2022 година не се исплатени средства.

Договорот беше суспендиран во периодот додека траеше короната, поради што во 2020 и 2021 се исплаќаа средства за остварени приходи од 2019 година. Последниот од трите договори со „Виз Ер“ заврши на 1 март 2022 година, по што претходната Влада го промени моделот за финансиската поддршка отворајќи можност да се склучи договор со повеќе авиокомпамнии. По првиот неуспешен повик беше објавен нов повик и на 13 април минатата година Владата склучи договори со „Луфтханза“ за нова авиолинија од Скопје до Франкфурт и со „Виз Ер“ за летови од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и Љубљана.

The post Ќе се субвенцираат дестинации, а не авиокомпании: Објавен повик за нови авиолинии со променет модел за повеќе патници appeared first on Република.

]]>

Објавен е нов повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, со кој субвенциите ќе се доделуваат по дестинација, а не како досега на авиокомпанија. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации според редоследот: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба. Државата ќе плаќа девет евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, а 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони. Авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, до кога може да се доставуваат барања во архивата на Министерството за транспорт. Може да аплицираат сите заинтересирани авиокомпании кои поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година и имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година. Владата пред една недела усвои сет мерки за зголемување на бројот на патници на аеродромите и најави нова тригодишна програма за финасиска поддршка што ќе стартува од 1 јануари. Зголемена е поддршката од седум евра по превезен патник од скопскиот аеродром на девет евра и од 4,5 евра на 12 евра на охридскиот аеродром по превезен патник. Според ресорниот министер Александар Николоски, со промените во доделувањето субвенции се решава проблемот со зависност од една авиокомпанија. Токму тоа, според него, е причината за намалувањето на патници од Скопскиот и Охридскиот аеродром од над 330 илјади патници годинава поради проблемот што го има „Виз Ер“ со сопствените авиони, што на ниеден начин не е поврзан со состојбата во земјава. Порталот „EX-YU aviation news“ неодамна објави дека нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ во четвртот квартал годинава од Скопскиот аеродром ќе го намали капацитетот за превоз на патници за 22,6 проценти, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година. Од Охридскиот аеродром, пак, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858. Како што стои во објавата, „Виз Ер“ продолжува да го намалува расположливиот капацитет на седишта на речиси сите пазари во поранешна Југославија во текот на четвртиот квартал во споредба со истиот период од минатата година. На балканскиот пазар се намалуваат 330.000 седишта. Финансиска поддршка во авиосообраќајот во државаа се доделува од 2012 година од кога беа склучени три последователни тригодишни договори со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз Ер“. По основ на финансиска поддршка на „Виз Ер“ во 2012 година му се исплатени 25,6 милиони денари, во 2013 година 75,4 милиони, а 135 милиони денари во 2014 година. Во 2015. се исплатени 40 милиони, во 2016 и 2017 по околу 104 милиони денари, во 2018 година износот е 43,8 милиони, во 2019 година 66,5 милиони. Во 2020 износот на исплатени средства за субвенционирани летови е 21 милион денари, во 2021 година 10,4 милиони, а во 2022 година не се исплатени средства. Договорот беше суспендиран во периодот додека траеше короната, поради што во 2020 и 2021 се исплаќаа средства за остварени приходи од 2019 година. Последниот од трите договори со „Виз Ер“ заврши на 1 март 2022 година, по што претходната Влада го промени моделот за финансиската поддршка отворајќи можност да се склучи договор со повеќе авиокомпамнии. По првиот неуспешен повик беше објавен нов повик и на 13 април минатата година Владата склучи договори со „Луфтханза“ за нова авиолинија од Скопје до Франкфурт и со „Виз Ер“ за летови од Скопје до Луксембург, Штутграт, Салцубург и Љубљана.

The post Ќе се субвенцираат дестинации, а не авиокомпании: Објавен повик за нови авиолинии со променет модел за повеќе патници appeared first on Република.

]]>
Објавен јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-javniot-povik-za-subventsionirane-na-novi-aviolinii-od-skopskiot-i-ohridskiot-aerodrom/ Fri, 06 Sep 2024 12:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=813823

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, во архивата на Министерството.

- Јавниот повик е отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполуваат следниве критериуми - да поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, да имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година, да имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година, велат од Министерството за транспорт.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации и тоа по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба.

- Во однос на износот на финансиската поддршка таа ќе изнесува 9 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони, појаснуваат од Министерството.

Авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт

Јавниот повик е објавен во Службен весник, на веб страната на Министерството за транспорт и врски, како и во домашни печатени медиуми и еден странски медиум

The post Објавен јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10:00 часот, во архивата на Министерството.
- Јавниот повик е отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполуваат следниве критериуми - да поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, да имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година, да имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година, велат од Министерството за транспорт.
Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации и тоа по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба.
- Во однос на износот на финансиската поддршка таа ќе изнесува 9 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони, појаснуваат од Министерството.
Авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт Јавниот повик е објавен во Службен весник, на веб страната на Министерството за транспорт и врски, како и во домашни печатени медиуми и еден странски медиум

The post Објавен јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Субвенции за пченица и јачмен: Издвоена дополнителна помош за земјоделците https://republika.mk/vesti/ekonomija/subventsii-za-pchenitsa-i-jachmen-izdvoena-dopolnitelna-pomosh-za-zemjodeltsite/ Tue, 03 Sep 2024 20:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=812850

Со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на владина седница се донесе одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од 3 денари по килограм предадена пченица.

Поддршката на домашното производство на пченица како најзначајна стратешка култура е многу значајна за да се обезбеди државата со поголема количина на жито од домашно производство, се со цел да се намали зависноста од увоз.

Воедно, се донесе одлука за зголемување на субвенциите на јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 100 процентно зголемување по хектар, и тоа на 12.000 денари.

Оваа измена се врши поради нарушување на пазарот во производството и продажбата на јачмен за 2024 година кој изнесуваше 9 денари по килограм. За таа цел Владата донесе одлука да се интервенира и да ја покрие загубата кај производителите на јачмен.

Со ова зголемување од 100 проценти, односно од 6.000 на 12.000 денари Владата директно им помага на производителите на јачмен да ја покријат загубата.

The post Субвенции за пченица и јачмен: Издвоена дополнителна помош за земјоделците appeared first on Република.

]]>

Со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на владина седница се донесе одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од 3 денари по килограм предадена пченица. Поддршката на домашното производство на пченица како најзначајна стратешка култура е многу значајна за да се обезбеди државата со поголема количина на жито од домашно производство, се со цел да се намали зависноста од увоз. Воедно, се донесе одлука за зголемување на субвенциите на јачмен по хектар, со што од досегашните 6.000 денари, производителите на јачмен ќе добијат 100 процентно зголемување по хектар, и тоа на 12.000 денари. Оваа измена се врши поради нарушување на пазарот во производството и продажбата на јачмен за 2024 година кој изнесуваше 9 денари по килограм. За таа цел Владата донесе одлука да се интервенира и да ја покрие загубата кај производителите на јачмен. Со ова зголемување од 100 проценти, односно од 6.000 на 12.000 денари Владата директно им помага на производителите на јачмен да ја покријат загубата.

The post Субвенции за пченица и јачмен: Издвоена дополнителна помош за земјоделците appeared first on Република.

]]>
Николоски: Владата со сет мерки ќе го субвенционира авиопревозот, воведуваме многу новини https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-vladata-so-set-merki-ke-go-subventsionira-avioprevozot-voveduvame-mnogu-novini/ Thu, 29 Aug 2024 11:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=811229

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски на денешната прес-конференција кажа дека Македонија од лидер во регионот во делот на воздушниот собраќај некаде пред 10-15 години, во последниве години се соочува со намалување на бројот на летови, на бројот на дестинации и најважно на бројот на патници кои што доаѓаат во Македонија. Тоа според него се должи на бројни фактори кои дел се од објективен каратактер дел се од субјективен карактер но за истите треба да наоѓаме решенија во периодот кој следува.

Сакам да ја инфомирам јавноста за сет мерки кои што ќе ги превземеме за во текот на 2025 година треба да донесат во Македонија 200 илјади патници повеќе а во годините што следуваат тој број да се зголемува. Со новата програма која ќе започне од 1 јануари и ќе трае до 31. Декемеври 2027 година. Се планира сума од 125 милиони денари годишно односно ќе има зголемување на средствата. Се корегираат условите за авиокомпаниите што ќе учестуваат. Треба да имаат превезено најмалку 5 милиони патници и треба да имаат најмалку 10 милиони евра профит. Мора да се работи за сериозни авиокомпании. Се тргнува условот да линиите се опслужуваат и по завршувањето на суввенциите и ова е главната причина зошто се намалуваше бројот на патниците од аеродромите“, кажа Николоски.

Министерот посочи дека се воведуваат новини во субвенционирањет на авиокомпаниите.

Една од новитете која ја воведуваме е дека нема да се субвенциираат авиокомпании туку ќе се субвенцираат дестинации. Ја избегнуваме праксата која се субенцирааат 1, 2 или 3 авиокомпании. Со овој начин ја избегнуваме зависноста да субвенциораме една авиокомпанија. Отсега наместо по патник на заминување во Македонија субвенцинираме доаѓање во Македонија. Се зголемува поддршката. Ако претходно беше 7 евра поддршка по патник сега е 9 евра од скопскиот аеродром. Новите дестинации можат да бидат и надвор од ЕУ. Досега се субвенцинираа само аеродроми кои се наоѓаат во земјите во ЕУ, тоа одсега нема да биде така“ рече Николоски.

The post Николоски: Владата со сет мерки ќе го субвенционира авиопревозот, воведуваме многу новини appeared first on Република.

Трипуновски: Исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во висина од 58.607.081,00 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-isplateni-subventsii-za-proizvedeno-i-predadeno-vinsko-grozje-vo-visina-od-58-607-081-00-denari/ Thu, 08 Aug 2024 12:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=804585

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска објави дека се исплатени субвенциите за мерка 1.21 дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во исплатен износ 58.607.081,00 денари кон 4.101 корисник.

Денес се исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во висина од 58.607.081,00 денари кон 4.101 корисник, соопшти Трипуновски.

Тој порача дека грижата за лозарите продолжува и во идниот период, Македонија повторно ќе стане препознатлива по производството на вино во регионот.

The post Трипуновски: Исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во висина од 58.607.081,00 денари appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска објави дека се исплатени субвенциите за мерка 1.21 дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во исплатен износ 58.607.081,00 денари кон 4.101 корисник. Денес се исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во висина од 58.607.081,00 денари кон 4.101 корисник, соопшти Трипуновски. Тој порача дека грижата за лозарите продолжува и во идниот период, Македонија повторно ќе стане препознатлива по производството на вино во регионот.

The post Трипуновски: Исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во висина од 58.607.081,00 денари appeared first on Република.

]]>
Ќе летаме евтино: Наскоро субвенции за нови летови од Скопје и Охрид https://republika.mk/vesti/ekonomija/ke-letame-evtino-naskoro-subventsii-za-novi-letovi-od-skopje-i-ohrid/ Sun, 04 Aug 2024 12:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=803236

Македонската влада вети дека ќе го подобри воздушното поврзување на земјата со плановите да започне нова шема за субвенционирање следната година за воведување нови линии од аеродромите во Скопје и Охрид.

Донесовме одлука да формираме работна група која ќе ги испита сите можности за зголемување на бројот на летови од аеродромите во Скопје и Охрид. Нашата цел е следната година да лансираме нови дестинации кои во моментов не се опслужуваат од Скопје и Охрид. Како резултат на тоа, би дочекале многу повеќе туристи, но и би им овозможиле на Македонците полесно и поевтино да патуваат во странство,“ изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Николоски рече дека Владата ќе започне преговори со авиокомпаниите.

Ќе разговараме со неколку меѓународни авиопревозници кои нудат брзи и евтини летови и убеден сум дека следната година ќе имаме многу повеќе дестинации.

The post Ќе летаме евтино: Наскоро субвенции за нови летови од Скопје и Охрид appeared first on Република.

Трипуновски: Исплатени субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од програмата за 2023 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-isplateni-subventsiite-za-merkite-1-3-i-1-10-od-programata-za-2023-godina/ Fri, 19 Jul 2024 14:56:09 +0000 https://republika.mk/?p=798513

Денес се исплатени 252.234.467 денари за мерка 1.3 кон 4.328 земјоделци за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион од програмата за 2023 година, и 14.743.587 денари за мерка 1.10 кон 293 земјоделци за предадено овошје на домашни преработувачи од програмата за 2023 година, соопшти министерот за земјоделство ЦветанТрипуновски.

Субвенциите веќе денес ќе им бидат на располагање на сметките на земјоделците.

Остварено уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, одговорна и посветена работа ќе стигнеме до целта, а тоа е задоволни земјоделци!, дополни Трипуновски.

The post Трипуновски: Исплатени субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од програмата за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Денес се исплатени 252.234.467 денари за мерка 1.3 кон 4.328 земјоделци за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион од програмата за 2023 година, и 14.743.587 денари за мерка 1.10 кон 293 земјоделци за предадено овошје на домашни преработувачи од програмата за 2023 година, соопшти министерот за земјоделство ЦветанТрипуновски. Субвенциите веќе денес ќе им бидат на располагање на сметките на земјоделците.
Остварено уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, одговорна и посветена работа ќе стигнеме до целта, а тоа е задоволни земјоделци!, дополни Трипуновски.

The post Трипуновски: Исплатени субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од програмата за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Општина Велес објави повик за субвенции за купен велосипед https://republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-veles-objavi-povik-za-subventsii-za-kupen-velosiped/ Wed, 10 Jul 2024 16:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=795471

Граѓаните на Општина Велес ќе можат да аплицираат на јавниот повик за субвенции за купен велосипед, што ќе трае до 7 август 2024.

Како што информираат од Општина Велес, на барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.500,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Изборот по јавниот повик ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“.

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на Јавниот повик па се до 07.08.2024 година, ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

Повеќе информации околу условите и начинот за аплицирање ќе може да најдете на официјалната веб страна на Општина Велес - https://veles.gov.mk/javenpovik-velosiped-2024/

The post Општина Велес објави повик за субвенции за купен велосипед appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Општина Велес ќе можат да аплицираат на јавниот повик за субвенции за купен велосипед, што ќе трае до 7 август 2024. Како што информираат од Општина Велес, на барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.500,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Изборот по јавниот повик ќе се реализира по принципот „со извлекување по случаен избор – транспарентно“. Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на Јавниот повик па се до 07.08.2024 година, ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик. Повеќе информации околу условите и начинот за аплицирање ќе може да најдете на официјалната веб страна на Општина Велес - https://veles.gov.mk/javenpovik-velosiped-2024/

The post Општина Велес објави повик за субвенции за купен велосипед appeared first on Република.

]]>
Николовски: Новиот модел на субвенционирање ги дава очекуваните резултати https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-noviot-model-na-subventsionirane-gi-dava-ochekuvanite-rezultati/ Thu, 14 Mar 2024 14:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=754827

Новиот модел за субвенционирање успешно стартуваше во 2023 година и веќе ги дава првите резултати. Земјоделците своите заслужени субвенции ги добиваат навремено и брзо.

Модел за субвенционирање граден заедно со земјоделците уште во 2022 година. Прифатен од сите земјоделци, а потврден од подсекторските групи и Агро Советот, како највисоко тело во земјоделството. Токму во 2022 година, кон овоштарите, за прв пат беше реализирана и првата авансна исплата на субвенциите.

До сега, преку новиот модел за субвецнионирање, авансна субвенција е исплатена кон сите земјоделци. Аванса субвенција добија лозарите, овоштарите, градинарите, полјоделците и сточарите.

„Со новиот модел за субвенционирање си поставивме неколку цели. Најпрво да ги насочиме земјоделците да го произведуваат она што е стратешки важно за државата, а за тоа да добијат дополнителна поддршка. Земјоделците ги мотивираме и поддржуваме да користат сертифициани семенски матерјали и ѓубрива, да остварат поголем принос и да своето производство го предадат во домашните преработувачки капацитети, или пак истото да го искористат за сопствени потреби“, истакна министерот Николовски.

Преку новиот модел основна, директна субвенција за одржување на површините добиваат сите земјоделци, за сите култури. Додека пак, дополнителна субвениција добиваат земјоделците, што произведуваат култура од листата на значајни култури, оствариле зголемено производство и истото го продале на пазар, искористиле за сопствени потреби, или предале во преработувачки капацитети.

„Ваквата новина во субвенционирањето на оствареното производство кое главно завршува во домашните откупни, преработувачки и кланични капацитети од една страна се истиснува сивата економија, а од друга страна создаваме услови за развој на домашната економија, преку користење на основните земјоделски производи за добивање на производи со додадена економска вредност, кои освен што ја збогатуваат лепезата на домашни производи на македонскиот пазар туку и имаат голем извозен потенцијал“, истакна министертот Николовски.

Направените анализи по завршување на аплицирањето за дополнителни субвенции во декември 2023 година, покажаа дека 8.061 земјоделеци, немаат поднесено барање по овие дополнителни мерки.

„Затоа веднаш реагираме и на овие земјоделци ќе им биде дадена уште една можност, дополнително да го искористат оваа право и да поднесат барање, со тоа што ќе направиме дополнителна мерка во програмата за 2024 година, каде ќе добијат уште една шанса да го пријават своето производствово градинарство, лозарство и овоштарство и ги добијат дополнителните субвенции“, изјави министерот Николовски.

Кај сточарството пак, за дополнителните субвенции, сточарите не ги пријавуваат сами, туку тие ги добиваат со претходно исполнети услови, а тоа е произведено и предадено млеко во млекарниците, или предадени грла добиток во кланиците.

Дека новиот модел полека, но сигурно ги дава очекуваните резултати говорат и неколку примери.

„Производителите на јачмен, пченица, афион, сончоглед и маслодајна репка, добиваат поддршка за остварен принос. Па за оваа мерка до 2022 година аплицирале 1.800 корисници. Со новиот модел овозможивме, овие производители своето производство да го користат и за сопствени потреби, за производство на сточна храна, или да го предадат на регистрирани одгледувалишта, па така бројката на корисници, кај оваа мерка се зголеми на 5.300“, истакна министерот Николовски. 

Правилните политики во поддршката на земјоделското производство јасно се рефлектираат во бројките, кои го прикажуваат извозот на македонските земјоделски производи и преработни.

„Бележиме раст на извозот кај градинарските култури. Во 2023 година извозот на македонски зеленчук надмина рекорни 95 милиони евра, што е раст за 14 милиони евра споредбено со 2022 година, или раст за 10% во извезената количина македонски зеленчук, споредбено со истата 2022 година“, изјави министерот Николовски.

Македонската зелка веќе неколку години наназад е најизвесуваниот зеленкук, а во 2023 година вредноста на извозот достигнала 29,9 милиони евра, што е раст за 21% во споредба со 2022 година. Потоа пиперките се вториот најизвезуван производ, кој на странските пазари се продадени со 26.000 тони, во вредност од 20,7 милиони евра. Следуваат доматот, печурките за јадење, краставици и корнишони,  кромидот и компирот. 

Министерот Николовски истакна дека успешните мерки за развој на винскиот сектор и лозарството, дале резултат запишувајќи го високо на винсакта мапа македонското вино.

„Денес како држава бележиме 57,6 милиони евра девизен прилив од извозот на македонско вино, за разлика од 2016 година кога девизниот прилив изнесувал 47,7 милиони евра. Најдобар индикатор за развојот на винарството е додадената вредност на извозот флаширано вино. За краток период успеавме неговата вредност двојно да ја зголемиме, односно ако до 2016 година изнесувала помалку од 1 евро, денес просечната вредност изнесува 2 евра по шише македонско вино“, истакна министерот Николовски.

Раст имаме и кај извозот на јагнешко месо, па така ако во 2020 година сме имале извоз во вредност од 9,5 милиони евра, во 2023 година извозот на јагнешко месо достигнал 14 милиони евра.

Овие бројки јасно говорат дека новиот модел на субвенционирање полека, но сигурно, ги дава очекуваните резултати. Заедно со Платежната Агенција продолжуваме да го следиме и анализираме спроведувањето на новиот модел, редовно информирајќи ги граѓаните, нагласи министерот Николовски додавајќи дека во следниот период, пред Агро Советот ќе биде презентиран извештајот за спроведувањето на новиот модел на субвенционирање во земјоделството.

Остануваме посветени и заедно со земјоделците го модернизираме и развиваме македонското земјоделство, а резултатите го потврдуваат тоа.

The post Николовски: Новиот модел на субвенционирање ги дава очекуваните резултати appeared first on Република.

Приватниот сектор веќе трети месец ја чека мерката за субвенционирање на плати https://republika.mk/vesti/ekonomija/privatniot-sektor-veke-treti-mesets-ja-cheka-merkata-za-subventsionirane-na-plati/ Sun, 25 Feb 2024 14:18:39 +0000 https://republika.mk/?p=748144

Производството во текстилниот сектор е во слободен пад, оценува Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Посочува дека приватниот сектор веќе трети месец ја чекаат мерката за субвенционирање на платите, која беше најавена на крајот на ноември, минатата година, вели, е помината во прво читање во Парламенто.

Димитров за МИА вели дека работодавците не знаат и немаат информации, зошто оваа мерка е заглавена во Собранието, која реално ќе помогне на бизнис секторот, но и на вредните и добри работници, на кои работодавците ќе можат да им ги зголемат платите. Тој додава дека во овој сектор сериозна е состојбата со помалите компании, бидејќи дел од европските партнери веќе си заминале и своите налози ги пренасочиле во Бангладеш или Виетнам.

-Голем број компании си заминаа од кај нас. Помалите компании одвај живуркаат. Имаат проблеми, посебно оние во Македонска Каменица, Штип. Не знаат како ќе продолжат. Се надеват дека ќе најдат нови купци, но тоа е многу тешко. Странците се свесни дека ние немаме млада работна сила и затоа на долг рок, губат интерес за работа во Македонија, изјави Димитров.

Во невладината „Гласен Текстилец“ дваесеттина текстилни работнички се пожалиле дека работодавците нема да им ги продолжат договорите на определено работно време, поради намалување на обемот на производство. Кристина Ампева вели имаат забележано дека некои работници потпишале и документи за трансформација од неопределено во определено работно време. Таа упати апел до работниците да внимаваат што потпишуваат.

-Се надевам дека работниците ќе бидат внимателни при какви било трансформации. Бидејќи ако има намален обем на работа повторно морам да потенцирам дека во Законот за работни односи децидно стои дека доколку фирмата, работодавачот се соочува со сериозни потешкотии во работењето и треба да го намали бројот на вработени, тоа се прави со соодветна консултација со преставници од синдикатите, но и дека треба да им исплати испратнини согласно стажот на работниците во тие фирми, вели Ампева.

Во текстилниот сектор за оваа година се очекува пад на производството од три до пет проценти.

The post Приватниот сектор веќе трети месец ја чека мерката за субвенционирање на плати appeared first on Република.

]]>

Производството во текстилниот сектор е во слободен пад, оценува Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Посочува дека приватниот сектор веќе трети месец ја чекаат мерката за субвенционирање на платите, која беше најавена на крајот на ноември, минатата година, вели, е помината во прво читање во Парламенто. Димитров за МИА вели дека работодавците не знаат и немаат информации, зошто оваа мерка е заглавена во Собранието, која реално ќе помогне на бизнис секторот, но и на вредните и добри работници, на кои работодавците ќе можат да им ги зголемат платите. Тој додава дека во овој сектор сериозна е состојбата со помалите компании, бидејќи дел од европските партнери веќе си заминале и своите налози ги пренасочиле во Бангладеш или Виетнам. -Голем број компании си заминаа од кај нас. Помалите компании одвај живуркаат. Имаат проблеми, посебно оние во Македонска Каменица, Штип. Не знаат како ќе продолжат. Се надеват дека ќе најдат нови купци, но тоа е многу тешко. Странците се свесни дека ние немаме млада работна сила и затоа на долг рок, губат интерес за работа во Македонија, изјави Димитров. Во невладината „Гласен Текстилец“ дваесеттина текстилни работнички се пожалиле дека работодавците нема да им ги продолжат договорите на определено работно време, поради намалување на обемот на производство. Кристина Ампева вели имаат забележано дека некои работници потпишале и документи за трансформација од неопределено во определено работно време. Таа упати апел до работниците да внимаваат што потпишуваат. -Се надевам дека работниците ќе бидат внимателни при какви било трансформации. Бидејќи ако има намален обем на работа повторно морам да потенцирам дека во Законот за работни односи децидно стои дека доколку фирмата, работодавачот се соочува со сериозни потешкотии во работењето и треба да го намали бројот на вработени, тоа се прави со соодветна консултација со преставници од синдикатите, но и дека треба да им исплати испратнини согласно стажот на работниците во тие фирми, вели Ампева. Во текстилниот сектор за оваа година се очекува пад на производството од три до пет проценти.

The post Приватниот сектор веќе трети месец ја чека мерката за субвенционирање на плати appeared first on Република.

]]>
Исплатени субвенциите за 3187 мали земјоделски стопанства во износ од 63.5 милиони денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/isplateni-subventsiite-za-3187-mali-zemjodelski-stopanstva-vo-iznos-od-63-5-milioni-denari/ Fri, 16 Feb 2024 12:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=744864

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја изврши исплатата за мерката за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години.

Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања по програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020, 2021 и 2022 година и тоа:

- За одобрен просек од 0 до 10.000 денари се исплаќаат 10.000 денари
- За одобрен просек од 10.000 до 20.000 денари се исплаќаат 20.000 денари
- За одобрен просек од 20.000 до 30.000 денари се исплаќаат 30.000 денари
- За одобрен просек од 30.000 денари до 40.000 денари се исплаќаат 40.000 денари

Вкупната исплатена финансиска поддршка за оваа категорија земјоделци изнесува 63.5 милиони денари за одобрени 3187 земјоделски стопанства

The post Исплатени субвенциите за 3187 мали земјоделски стопанства во износ од 63.5 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја изврши исплатата за мерката за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години. Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања по програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020, 2021 и 2022 година и тоа: - За одобрен просек од 0 до 10.000 денари се исплаќаат 10.000 денари - За одобрен просек од 10.000 до 20.000 денари се исплаќаат 20.000 денари - За одобрен просек од 20.000 до 30.000 денари се исплаќаат 30.000 денари - За одобрен просек од 30.000 денари до 40.000 денари се исплаќаат 40.000 денари Вкупната исплатена финансиска поддршка за оваа категорија земјоделци изнесува 63.5 милиони денари за одобрени 3187 земјоделски стопанства

The post Исплатени субвенциите за 3187 мали земјоделски стопанства во износ од 63.5 милиони денари appeared first on Република.

]]>