стуф Archives - Република https://republika.mk/tema/stuf/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jan 2022 11:00:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стуф Archives - Република https://republika.mk/tema/stuf/ 32 32 Училиштата превентивно затворени: Албанија се подготвува за бран поларни температури https://republika.mk/vesti/balkan/uchilishtata-preventivno-zatvoreni-albanija-se-podgotvuva-za-bran-polarni-temperaturi/ Fri, 21 Jan 2022 11:00:05 +0000 https://republika.mk/?p=447577

Албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши соопшти дека Центарот за управување со кризи е во состојба на готовност, бидејќи се очекува земјата да биде зафатена од поларен студ.

Метеоролозите најавија дека во наредните денови во Албанија температурите може да паднат и до -18 степени Целзиусови пред сè во северниот и североисточнот дел. На целата територија на земјата ќе има минусни температури какви што не биле забележани од 1990 година.

Живата во термометарот во Тирана се очекува да се спушти до - 8 степени Целзиусови, блиску до нула во крајбрежните области, како Драч, додека во Валона се очекуваат температури до -1 степен Целзиусов. Најниски температурите се очекуваат во понеделник.

Министерството за одбрана апелира до граѓаните, особено оние во одалечените области, да ги следат советите на штабовите за вонредни состојби во нивните општини за да избегнат сериозни ситуации.

Министерката за образование Евис Куши вчера соопшти дека од понеделник до среда идната недела училиштата во земјава ќе бидат затворени поради најавата за екстремно ниски температури.

The post Училиштата превентивно затворени: Албанија се подготвува за бран поларни температури appeared first on Република.

]]>

Албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши соопшти дека Центарот за управување со кризи е во состојба на готовност, бидејќи се очекува земјата да биде зафатена од поларен студ. Метеоролозите најавија дека во наредните денови во Албанија температурите може да паднат и до -18 степени Целзиусови пред сè во северниот и североисточнот дел. На целата територија на земјата ќе има минусни температури какви што не биле забележани од 1990 година. Живата во термометарот во Тирана се очекува да се спушти до - 8 степени Целзиусови, блиску до нула во крајбрежните области, како Драч, додека во Валона се очекуваат температури до -1 степен Целзиусов. Најниски температурите се очекуваат во понеделник. Министерството за одбрана апелира до граѓаните, особено оние во одалечените области, да ги следат советите на штабовите за вонредни состојби во нивните општини за да избегнат сериозни ситуации. Министерката за образование Евис Куши вчера соопшти дека од понеделник до среда идната недела училиштата во земјава ќе бидат затворени поради најавата за екстремно ниски температури.

The post Училиштата превентивно затворени: Албанија се подготвува за бран поларни температури appeared first on Република.

]]>