студенти Archives - Република https://republika.mk/tema/studenti/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 10:11:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студенти Archives - Република https://republika.mk/tema/studenti/ 32 32 Ова е колоквиумска недела, не може да стасаме на полагање, нормализирајте го јавниот превоз во Скопје, инаку ќе протестираме https://republika.mk/vesti/skopje/ova-e-kolokviumska-nedela-ne-mozhe-da-stasame-na-polagane-normalizirajte-go-javniot-prevoz-vo-skopje-inaku-ke-protestirame/ Thu, 21 Nov 2024 10:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=840266

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) упати отворено писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие во кое поставува ултиматум за нормализирање на јавниот превоз во Скопје до крајот на денешниот ден (21 ноември). Во спротивно, ќе се приклучат на протестот најавен за петок (22 ноември).

„По спроведената анкета на која одговорија над 3150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот“, велат од УСС УКИМ.

Оттаму напоменуваат дека периодов е колоквиумска недела и се одржуваат редовни предавања на УКИМ, а нередовните линии, неисправните автобуси и долгото чекање на постојките го нарушуваат студентскиот стандард.

„Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначалник на град Скопје г-ѓа Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при УКИМ, УСС ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје“, се вели во дописот од УСС УКИМ.

Дополнително, УСС апелира за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од страна на градоначалничката и нејзиниот тим во предизборната програма, но и, како што се додава, од страна на претходните градоначалници.

Конкретно, барањата се следните: Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), мабавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.

The post Ова е колоквиумска недела, не може да стасаме на полагање, нормализирајте го јавниот превоз во Скопје, инаку ќе протестираме appeared first on Република.

]]>

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) упати отворено писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие во кое поставува ултиматум за нормализирање на јавниот превоз во Скопје до крајот на денешниот ден (21 ноември). Во спротивно, ќе се приклучат на протестот најавен за петок (22 ноември). „По спроведената анкета на која одговорија над 3150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот“, велат од УСС УКИМ. Оттаму напоменуваат дека периодов е колоквиумска недела и се одржуваат редовни предавања на УКИМ, а нередовните линии, неисправните автобуси и долгото чекање на постојките го нарушуваат студентскиот стандард. „Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје и градоначалник на град Скопје г-ѓа Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студентскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при УКИМ, УСС ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје“, се вели во дописот од УСС УКИМ. Дополнително, УСС апелира за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од страна на градоначалничката и нејзиниот тим во предизборната програма, но и, како што се додава, од страна на претходните градоначалници. Конкретно, барањата се следните: Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit, воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје, Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), мабавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии, надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.  

The post Ова е колоквиумска недела, не може да стасаме на полагање, нормализирајте го јавниот превоз во Скопје, инаку ќе протестираме appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за студентите: Вие сте оние што ќе го водат нашето општество кон подобра иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-studentite-vie-ste-onie-shto-ke-go-vodat-nasheto-opshtestvo-kon-podobra-idnina/ Mon, 18 Nov 2024 21:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=839397

Порака за денот на студентите упати  премиерот Христијан Мицкоски според кој, образованието не е само патека кон индивидуален успех, туку и катализатор за општествени промени, рамноправност и прогрес.

-Вие сте оние што ќе го водат нашето општество кон подобра иднина, вие сте тие што ќе направат разлика на факултетите, во заедниците, во целата држава. Вашите проблеми се наши приоритети. Владата е решена да ви даде силна поддршка да ви создаде услови во кои вашиот труд, талент и амбиција ќе можат да блеснат. Нашата визија за младите е едноставна, да создадеме систем што ќе ви даде можност да се развивате без ограничувања и бариери, подвлече Мицкоски.

Важно е, дополни, да се пренесе пораката дека образованието е најважната алатка преку која ќе се водат процесите во иднината.

-Колку тоа образование е посилно и помоќно, толку во помоќна и посилна држава ќе живееме, а целта на сите нас е да ја направиме државата силна, моќна, Македонија да биде онаква каква што мојата генерација сакаше да биде затоа што колку е таа посилна толку  и мојот дом, вашиот дом е повеќе вреден. За бизнисмените и за оние студенти од Економскиот факултет кои утре ќе формираат сопствени бизниси и ќе бидат претприемачи, толку нивниот бизнис ќе биде повреден, колку што е државата послаба, опустошена, ограбена, осиромашена, толку и мојот дом е помалку вреден или би рекол безвреден, толку и нашите бизниси се помалку вредни би рекол безвредни, рече премиерот.

За него патриотизам се, нагласи, индивидуи со големо искуство, силно образование и многу знаење.

-Сите ние во одредени моменти во нашите животи сме имале можност или понекогаш од револт сме сакале да го спакуваме нашиот живот во еден куфер и да заминеме што подалеку од овде.  Не било лесно и ние нашите професионални кариери сме ги започнувале можеби под очекувањата онакви какви што ни биле кога сме биле студенти. Можеби сме очекувале дека таа сурова реалност наречена живот ќе биде со нас помила и понежна и дека можеби ќе не’ погали од самиот почеток. Но, за жал реалноста не е таква. Реалноста е дека треба да се борите секој ден и дека животот е борба и таа борба можете да ја водите дома, таа е поинспиративна бидејќи се борите за сопствената татковина, но можете да бидете некаде таму далеку и да се борите за туѓи бели дворови и за туѓи татковини. Мојот совет до вас е - останете дома и заедно да се бориме, да се избориме за оние што доаѓаат по вас, заедно да се бориме за онаа Македонија каква што сакаме да ја видиме бидејќи само така можеме и ние да бидеме среќни и бидејќи само така можеме да успееме, рече Мицкоски.

Тој и во оваа прилика ја спомна потребата од поголем наталитет, апелирајќи дека мора сите да се бориме „а полна држава со млади луѓе, за многу деца во градинките, за многу деца во училиштата, за многу млади луѓе на универзитетите“.

-Тоа значи брачна заедница помеѓу сопруг маж и сопруга жена. Тоа значи дека само така можеме да бидеме држава и општество кое ќе се развива. Не бегајте од таа обврска која во суштина претставува се во вашите животи, зашто формирањето семејство, многудетно семејство значи патриотски чин, истакна Мицкоски

The post Мицкоски за студентите: Вие сте оние што ќе го водат нашето општество кон подобра иднина appeared first on Република.

]]>

Порака за денот на студентите упати  премиерот Христијан Мицкоски според кој, образованието не е само патека кон индивидуален успех, туку и катализатор за општествени промени, рамноправност и прогрес. -Вие сте оние што ќе го водат нашето општество кон подобра иднина, вие сте тие што ќе направат разлика на факултетите, во заедниците, во целата држава. Вашите проблеми се наши приоритети. Владата е решена да ви даде силна поддршка да ви создаде услови во кои вашиот труд, талент и амбиција ќе можат да блеснат. Нашата визија за младите е едноставна, да создадеме систем што ќе ви даде можност да се развивате без ограничувања и бариери, подвлече Мицкоски. Важно е, дополни, да се пренесе пораката дека образованието е најважната алатка преку која ќе се водат процесите во иднината. -Колку тоа образование е посилно и помоќно, толку во помоќна и посилна држава ќе живееме, а целта на сите нас е да ја направиме државата силна, моќна, Македонија да биде онаква каква што мојата генерација сакаше да биде затоа што колку е таа посилна толку  и мојот дом, вашиот дом е повеќе вреден. За бизнисмените и за оние студенти од Економскиот факултет кои утре ќе формираат сопствени бизниси и ќе бидат претприемачи, толку нивниот бизнис ќе биде повреден, колку што е државата послаба, опустошена, ограбена, осиромашена, толку и мојот дом е помалку вреден или би рекол безвреден, толку и нашите бизниси се помалку вредни би рекол безвредни, рече премиерот. За него патриотизам се, нагласи, индивидуи со големо искуство, силно образование и многу знаење.
-Сите ние во одредени моменти во нашите животи сме имале можност или понекогаш од револт сме сакале да го спакуваме нашиот живот во еден куфер и да заминеме што подалеку од овде.  Не било лесно и ние нашите професионални кариери сме ги започнувале можеби под очекувањата онакви какви што ни биле кога сме биле студенти. Можеби сме очекувале дека таа сурова реалност наречена живот ќе биде со нас помила и понежна и дека можеби ќе не’ погали од самиот почеток. Но, за жал реалноста не е таква. Реалноста е дека треба да се борите секој ден и дека животот е борба и таа борба можете да ја водите дома, таа е поинспиративна бидејќи се борите за сопствената татковина, но можете да бидете некаде таму далеку и да се борите за туѓи бели дворови и за туѓи татковини. Мојот совет до вас е - останете дома и заедно да се бориме, да се избориме за оние што доаѓаат по вас, заедно да се бориме за онаа Македонија каква што сакаме да ја видиме бидејќи само така можеме и ние да бидеме среќни и бидејќи само така можеме да успееме, рече Мицкоски.
Тој и во оваа прилика ја спомна потребата од поголем наталитет, апелирајќи дека мора сите да се бориме „а полна држава со млади луѓе, за многу деца во градинките, за многу деца во училиштата, за многу млади луѓе на универзитетите“. -Тоа значи брачна заедница помеѓу сопруг маж и сопруга жена. Тоа значи дека само така можеме да бидеме држава и општество кое ќе се развива. Не бегајте од таа обврска која во суштина претставува се во вашите животи, зашто формирањето семејство, многудетно семејство значи патриотски чин, истакна Мицкоски

The post Мицкоски за студентите: Вие сте оние што ќе го водат нашето општество кон подобра иднина appeared first on Република.

]]>
„Шангајските“ стипендии за 111 студенти чинат колку за останатите 2400 https://republika.mk/vesti/makedonija/shangajskite-stipendii-za-111-studenti-chinat-kolku-za-ostanatite-2400/ Mon, 04 Nov 2024 14:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=834069

Главниот ревизор Максим Ацевски на денешната презентација на Конечниот ревизорски извештај за студентскиот стандард и условите во студентските домови повика „да се преиспита политиката на финансирање студии надвор од нашата држава“.

Дали ние сме толку богати за да ги финансираме другите држави, да ни се одлеваат нашите стручни високообразовани кадри во другите држави, рече Ацевски откако соопштувајќи ги наодите од извештајот за 2022 година рече дека 44,4 отсто од парите за стипендии се наменети за 111 студенти запишани на првите сто рангирани универзитети според Шангајската листа.

Посочи дека од околу 3100 барања од студенти на нашите универзитети, одобрени се 2509 и дека  соодносот на одобрени и неодобрени стипендии „укажува дека нешто недостига во системот на градење на политиките, на рангирање на барателите и бројот на прифатени барања“.

Но, да биде иронијата поголема, ако се изземат овие 2509 студенти коишто се одобрени во текот на 2022/2023 година и ако споредите колкав процент на средства се издвојува за овој број на студенти со бројот на студенти што државата ги финансира за студии во странство за првите сто универзитети во светот, ќе констатираме дека дури 44,4 отсто отпаѓаат на овие 111 студенти. Може да видите дискрапанца дека 111 студенти го земаат колачот на стипендии 44,4 отсто од 2509 студенти кои се финансираат во државата. И што имаме на крај – во суштина нашата држава е толку богата што нашите деца и нашите таленти ги финансираме со сопствени средства на нашите даночни обврзници, а воопшто не водиме грижа тие таленти и високообразовани кадри да ги вратиме во нашата држава и дадат придонес во нашето општество, рече Ацевски.

Ревизијата утврдила дека постои можност за подобрување на износот на стипендиите што ги добиваат студентите на нашите универзитети. Во социјално ранливата категорија и групата на студенти кои треба да добиваат одредена стипендија, рече ревизорот, има висок број на студенти коишто не доставиле конечни документи „што укажува можеби на бирократски пристап во однос на брзината и леснотијата на обезбедување на потребните документи“.

Според Извештајот на ДЗР, джавата во 2022 година потрошила приближно 22 милиона 690 илјади евра за сместување, исхрана и стипендирање во високото образование. Од тие 22,6 милиони евра, 50 отсто се исплатени за студентки оброк, 40 отсто за стипендии, 17 отсто за сместување и исхрана, а 3 отсто за останати расходи.

Министерката Весна Јаневска посочи дека со закон е дефинирана процентуална распределба на стипендии по области при што некои не се искористуваат. Според неа, тоа не мора да биде дефинирано со закон, туку со подзаконски акт, кој, како што рече, може полесно да се менува според потребите за стимулирање на упис во одредени области кои се дефицитарни.

Точно, големи се средствата што се издвојуваат за студентите што ги испраќаме на универзитети на Шангајската листа. Јас и натаму сметам дека идејата била добра, но реализацијата е лоша. Лично не гледам вина во тие студенти, гледам вина во однесувањето на државата, не само на МОН. Иако околу 40 проценти се вратени во земјата и работат во приватните компании, факт е дека државата на тие студенти треба да им обезбеди услови за тие што ќе се вратат за да работат. Дел од нив се уште се на постдипломски и на докторски студии. Значи, имаме реални шанси да ја подобриме оваа ситуација, истакна Јаневска.

Соопшти дека во моментов МОН прави дигитален регистар за сите стипендирани студенти во странство, ги контактира и со двајца се склучени договори про боно ќе работат за потребите на МОН.

На седницата на која беше презентиран Извештајот на ДЗР, организирана од Собранискиот Клуб за младински прашања и политики, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека е „голем поборник“ за „шангајската“ стипендија, нејзин корисник што што се вратил во државава.

Според него, оваа стипендија е „одлично смислено решение и  една од најголемите  иновации“  во стипендирањето на високото образование во светот. Рече дека тој самиот ја исполнил обврската од договорот да се врати во државата, но многу од другите студенти во странство  не се вратиле или не биле ангажирани од државата и од самите универзитети.

За жал, државата не ги почувствува резултатите, а можеше. Јас се вратив во 2015 и во 2016 аплицирав на Економскиот факултет. Тогаш направивме анализа дека по тогашниот Закон за високо образование ниту еден од тие студенти имаше можност за олеснето вработување, ниту еден студент не бил вработен по тој член на законот. Потоа, со промената на владата, се укина тој член. Во тој момент бевме 400 што се вративме од универзитетите, а пресметката тогаш беше дека само 50 студенти ако се врателе, рангот на УКИМ би скокнал за илјада места само по тоа што тие работат  бидејќи ги носат референците од факултетите каде што имаат завршено. Само по тој основ, УКИМ или кој било друг државен универзитет би скокнал илјада места на Шангајската ранг-листа. За жал, до денеска, по моите информации, се уште ниту еден студент од оваа Шангајска листа не  е вработен на некој од нашите државни универзитети, што зборува многу за ангажманот и желбата на македонските универзитети за едноставен и бесплатен начин да стигнат до таков успех, додаде Андоновски.

The post „Шангајските“ стипендии за 111 студенти чинат колку за останатите 2400 appeared first on Република.

]]>

Главниот ревизор Максим Ацевски на денешната презентација на Конечниот ревизорски извештај за студентскиот стандард и условите во студентските домови повика „да се преиспита политиката на финансирање студии надвор од нашата држава“.
Дали ние сме толку богати за да ги финансираме другите држави, да ни се одлеваат нашите стручни високообразовани кадри во другите држави, рече Ацевски откако соопштувајќи ги наодите од извештајот за 2022 година рече дека 44,4 отсто од парите за стипендии се наменети за 111 студенти запишани на првите сто рангирани универзитети според Шангајската листа.
Посочи дека од околу 3100 барања од студенти на нашите универзитети, одобрени се 2509 и дека  соодносот на одобрени и неодобрени стипендии „укажува дека нешто недостига во системот на градење на политиките, на рангирање на барателите и бројот на прифатени барања“.
Но, да биде иронијата поголема, ако се изземат овие 2509 студенти коишто се одобрени во текот на 2022/2023 година и ако споредите колкав процент на средства се издвојува за овој број на студенти со бројот на студенти што државата ги финансира за студии во странство за првите сто универзитети во светот, ќе констатираме дека дури 44,4 отсто отпаѓаат на овие 111 студенти. Може да видите дискрапанца дека 111 студенти го земаат колачот на стипендии 44,4 отсто од 2509 студенти кои се финансираат во државата. И што имаме на крај – во суштина нашата држава е толку богата што нашите деца и нашите таленти ги финансираме со сопствени средства на нашите даночни обврзници, а воопшто не водиме грижа тие таленти и високообразовани кадри да ги вратиме во нашата држава и дадат придонес во нашето општество, рече Ацевски.
Ревизијата утврдила дека постои можност за подобрување на износот на стипендиите што ги добиваат студентите на нашите универзитети. Во социјално ранливата категорија и групата на студенти кои треба да добиваат одредена стипендија, рече ревизорот, има висок број на студенти коишто не доставиле конечни документи „што укажува можеби на бирократски пристап во однос на брзината и леснотијата на обезбедување на потребните документи“. Според Извештајот на ДЗР, джавата во 2022 година потрошила приближно 22 милиона 690 илјади евра за сместување, исхрана и стипендирање во високото образование. Од тие 22,6 милиони евра, 50 отсто се исплатени за студентки оброк, 40 отсто за стипендии, 17 отсто за сместување и исхрана, а 3 отсто за останати расходи. Министерката Весна Јаневска посочи дека со закон е дефинирана процентуална распределба на стипендии по области при што некои не се искористуваат. Според неа, тоа не мора да биде дефинирано со закон, туку со подзаконски акт, кој, како што рече, може полесно да се менува според потребите за стимулирање на упис во одредени области кои се дефицитарни.
Точно, големи се средствата што се издвојуваат за студентите што ги испраќаме на универзитети на Шангајската листа. Јас и натаму сметам дека идејата била добра, но реализацијата е лоша. Лично не гледам вина во тие студенти, гледам вина во однесувањето на државата, не само на МОН. Иако околу 40 проценти се вратени во земјата и работат во приватните компании, факт е дека државата на тие студенти треба да им обезбеди услови за тие што ќе се вратат за да работат. Дел од нив се уште се на постдипломски и на докторски студии. Значи, имаме реални шанси да ја подобриме оваа ситуација, истакна Јаневска.
Соопшти дека во моментов МОН прави дигитален регистар за сите стипендирани студенти во странство, ги контактира и со двајца се склучени договори про боно ќе работат за потребите на МОН. На седницата на која беше презентиран Извештајот на ДЗР, организирана од Собранискиот Клуб за младински прашања и политики, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека е „голем поборник“ за „шангајската“ стипендија, нејзин корисник што што се вратил во државава. Според него, оваа стипендија е „одлично смислено решение и  една од најголемите  иновации“  во стипендирањето на високото образование во светот. Рече дека тој самиот ја исполнил обврската од договорот да се врати во државата, но многу од другите студенти во странство  не се вратиле или не биле ангажирани од државата и од самите универзитети.
За жал, државата не ги почувствува резултатите, а можеше. Јас се вратив во 2015 и во 2016 аплицирав на Економскиот факултет. Тогаш направивме анализа дека по тогашниот Закон за високо образование ниту еден од тие студенти имаше можност за олеснето вработување, ниту еден студент не бил вработен по тој член на законот. Потоа, со промената на владата, се укина тој член. Во тој момент бевме 400 што се вративме од универзитетите, а пресметката тогаш беше дека само 50 студенти ако се врателе, рангот на УКИМ би скокнал за илјада места само по тоа што тие работат  бидејќи ги носат референците од факултетите каде што имаат завршено. Само по тој основ, УКИМ или кој било друг државен универзитет би скокнал илјада места на Шангајската ранг-листа. За жал, до денеска, по моите информации, се уште ниту еден студент од оваа Шангајска листа не  е вработен на некој од нашите државни универзитети, што зборува многу за ангажманот и желбата на македонските универзитети за едноставен и бесплатен начин да стигнат до таков успех, додаде Андоновски.

The post „Шангајските“ стипендии за 111 студенти чинат колку за останатите 2400 appeared first on Република.

]]>
По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година https://republika.mk/vesti/makedonija/po-250-evra-za-sekoj-student-do-30-000-evra-za-nov-biznis-na-mladi-do-29-godini-najavi-mitskoski-za-2025-godina/ Mon, 07 Oct 2024 13:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=823859

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека во новиот буџет кој е во изработка за следната 2025 година ќе бидат предвидени мерки за студентите, а меѓу нив и ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси.

Мерките коишто ги промовиравме вчера подразбираат дека сите студенти, буквално сите студенти кај нас ќе добијат ваучер во вредност од 250 евра, со којшто ќе можат да купат електронски уред - телефон, компјутер или таблет, со коишто ќе бидат во ситуација да се вмрежуваат со своите колеги во регионот, но и во Европа и во светот. И цениме дека во овие тешки предизвиквуачки времиња тоа е помош за младите, но истовремено и во новиот буџет за следната година ќе обезбедиме десет милиони евра коишто ќе бидат наменети за млади до 29 години коишто ќе отпочнуваат свој бизнис и во зависност од бизнис планот тие ќе добијат грант од вредност од илјада до 30 илјади евра, рече Мицкоски.

Како што појасни, Комисија ќе врши избор и селекција на проектите.

Мислиме дека ова ќе претставува одличен мотив за младите да почнат овде да прават бизнис и истовремено да се вмрежуваат со своите врсници во регионот и во Европа, рече тој.

Премиерот Мицкоски изјавата ја даде на заедничката прес-конференција со неговиот српски колега Милош Вучевиќ кој е во официјална посета на Скопје, на која двајцата се осврнаа на поврзувањето на двете земји и на регионот преку проекти во енергетската и железничката инфраструктура.

Светот останува на младите. Сето тоа што денеска го правиме останува на нив. Сите овие проекти за кои што зборувавме и за енергетското проврзување и за патното и за железничкото поврзување се влог за иднината на младите да се обезбедат повеќе можности за да тие останат тука, да работат, да творат, тука да ги градат своите семејства. Оние коишто заминаа да се вратат, вели Мицкоски.

https://www.youtube.com/live/mmV1AnKqUm4?si=kUD9AbhyY-dFNr2l

The post По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година appeared first on Република.

Ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра https://republika.mk/vesti/makedonija/vaucheri-za-tableti-za-site-studenti-vo-vrednost-od-250-evra/ Sun, 06 Oct 2024 15:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=823528

Владата ќе поддржи во наредните месец дена, преку јасни критериуми и јасен систем, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди, за сите, повторувам за сите студенти во државава, за сите до еден, вели Христијан Мицкоски во текот на своето обраќање по повод 33 Годишна Конференција на Унијата на млади сили што се одржа во Охрид.

Тој смета дека на овој начин се создаваат услови за младите да можат да делуваат, да учат, создаваат, и да стекнуваат вештини кои подоцна ќе бидат применети за иднината и за Македонија.

Младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им создадеме услови, дециден е Мицкоски.

Според него со оваа мерка сите студенти ќе имаат пристап до електронски уреди со што ќе можат да го следат светот на дланка и да се градат како личности што не било случај во минатото за најголемиот дел од младите.

https://youtu.be/p9E7B8UChKM?si=dKoQFhBmsRy61Ov2

The post Ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра appeared first on Република.

]]>

Владата ќе поддржи во наредните месец дена, преку јасни критериуми и јасен систем, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди, за сите, повторувам за сите студенти во државава, за сите до еден, вели Христијан Мицкоски во текот на своето обраќање по повод 33 Годишна Конференција на Унијата на млади сили што се одржа во Охрид. Тој смета дека на овој начин се создаваат услови за младите да можат да делуваат, да учат, создаваат, и да стекнуваат вештини кои подоцна ќе бидат применети за иднината и за Македонија.
Младите се сила, иднина и нашата надеж, но сето тоа е бесполезно ако ние не им создадеме услови, дециден е Мицкоски.
Според него со оваа мерка сите студенти ќе имаат пристап до електронски уреди со што ќе можат да го следат светот на дланка и да се градат како личности што не било случај во минатото за најголемиот дел од младите. https://youtu.be/p9E7B8UChKM?si=dKoQFhBmsRy61Ov2

The post Ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра appeared first on Република.

]]>
Вработување на најдобрите 500 студенти, право на работа за редовните студенти – само дел од програмата за образованието https://republika.mk/vesti/makedonija/vrabotuvane-na-najdobrite-500-studenti-pravo-na-rabota-za-redovnite-studenti-samo-del-od-programata-za-obrazovanieto/ Tue, 01 Oct 2024 11:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=821379

Во програмата на владата за периодот 2024-2028 година, младите и образованието, посебно високото образование се во фокусот на министрите и во тој дел планираме проекти што ќе го подобрат статусот на младите и секако студентите во општеството, истакна заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски.

На првиот академски час на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Јанкуловски најави законски измени со кои на редовните студенти ќе им се овозможи да имаат право на работа без да го изгуват статусот на вонреден студент.

Планираме да го зголемиме процентот на учеството во апликативната наука од сегашните 0,3 да стигнеме до 1 процент, планираме ослободување од плаќање на персоналниот данок од доход на оние компании кои што ќе вработуваат млади до 29 години, а во наредните четири години планираме да вработиме до 500 најдобри студенти што ќе покажат значајни резултати на јавните универзитети, а се со цел да ги зајакниме административните капацитети на државата. Работиме на законски измени со кои на реовните студенти ќе им овозможиме да имаат право на работа со скратено работно време, а со цел да не го губат статусот на редовно студирање и истовремено да работат со цел да заработуваат. Редовно ќе ги исплаќаме студентските ступендии и средствата за студентски оброк, и постепено ќе го зголемуваме тој износ, нагласи Јанкуловски.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ годинава го зголеми процентот на запишани студенти во прва година, а ќе овозможи и четврт уписен рок, истакна ректорот Игор Неделковски.

Се надеваме дека и оваа генерација ќе биде извор на многу успешни професионалци во своите професии и столб за равој на регионот и државата. Ние како Универзитет, задоволни сме од интересот за студирање во оваа година бидејќи ја достигнавме за нас таа магична бројка од 1000 нови студенти и споредено со минатата година имаме раст на бројот на запишани студенти. Сепак во наредниве денови ќе има четврт уписен рок во сите универзитетски единици. Порачувам, рече ректорот Неделковски, студентите да бидат посветени и да стекнат вештини што ќе ги применат во својот професионален живот и секако да ја искористат можноста што ја нуди универзитеската асоцијација КОЛОРС во која битолските студенти стануваат дел од 120.000 студенти на КОЛОРС.

Пригодни обраќања на првиот академски час што се одржа на Технички факултет во Битола имаа градоначалникот Тони Коњановски и деканот Митко Костов.

The post Вработување на најдобрите 500 студенти, право на работа за редовните студенти – само дел од програмата за образованието appeared first on Република.

]]>

Во програмата на владата за периодот 2024-2028 година, младите и образованието, посебно високото образование се во фокусот на министрите и во тој дел планираме проекти што ќе го подобрат статусот на младите и секако студентите во општеството, истакна заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски. На првиот академски час на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Јанкуловски најави законски измени со кои на редовните студенти ќе им се овозможи да имаат право на работа без да го изгуват статусот на вонреден студент.
Планираме да го зголемиме процентот на учеството во апликативната наука од сегашните 0,3 да стигнеме до 1 процент, планираме ослободување од плаќање на персоналниот данок од доход на оние компании кои што ќе вработуваат млади до 29 години, а во наредните четири години планираме да вработиме до 500 најдобри студенти што ќе покажат значајни резултати на јавните универзитети, а се со цел да ги зајакниме административните капацитети на државата. Работиме на законски измени со кои на реовните студенти ќе им овозможиме да имаат право на работа со скратено работно време, а со цел да не го губат статусот на редовно студирање и истовремено да работат со цел да заработуваат. Редовно ќе ги исплаќаме студентските ступендии и средствата за студентски оброк, и постепено ќе го зголемуваме тој износ, нагласи Јанкуловски.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ годинава го зголеми процентот на запишани студенти во прва година, а ќе овозможи и четврт уписен рок, истакна ректорот Игор Неделковски.
Се надеваме дека и оваа генерација ќе биде извор на многу успешни професионалци во своите професии и столб за равој на регионот и државата. Ние како Универзитет, задоволни сме од интересот за студирање во оваа година бидејќи ја достигнавме за нас таа магична бројка од 1000 нови студенти и споредено со минатата година имаме раст на бројот на запишани студенти. Сепак во наредниве денови ќе има четврт уписен рок во сите универзитетски единици. Порачувам, рече ректорот Неделковски, студентите да бидат посветени и да стекнат вештини што ќе ги применат во својот професионален живот и секако да ја искористат можноста што ја нуди универзитеската асоцијација КОЛОРС во која битолските студенти стануваат дел од 120.000 студенти на КОЛОРС.
Пригодни обраќања на првиот академски час што се одржа на Технички факултет во Битола имаа градоначалникот Тони Коњановски и деканот Митко Костов.

The post Вработување на најдобрите 500 студенти, право на работа за редовните студенти – само дел од програмата за образованието appeared first on Република.

]]>
За десет години: Бројот на студенти намален за 7.000, секој петти сака да биде лекар https://republika.mk/vesti/makedonija/za-deset-godini-brojot-na-studenti-namalen-za-7-000-sekoj-petti-saka-da-bide-lekar/ Tue, 01 Oct 2024 09:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=821287

За последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 проценти, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем пад од 11.150 студенти, односно 22 отсто има на државните универзитети. Наспроти тоа, на приватните има 4.054 или 56 проценти студенти повеќе. Кај верските високообразовни установи има 53 или 20 отсто повеќе студенти.

Бројот на студенти во земјава го достигнал најниското ниво во пандемиската 2020/21, само малку повеќе од 50 илјади. По порастот во следните две учебни години, вкупниот број студенти повторно паднал во последната учебна година.

Бројот на студенти на државните факултети постојано се намалува во последните десет години и од некогашните скоро 52 илјади студенти, сега е сведен на едвај нешто повеќе од 40 илјади. Најголем губитник воопшто е најголемиот државен универзитет, скопскиот УКИМ, каде за десет години има скоро 5 илјади студенти помалку. Во тие рамки, во апсолутни бројки, најмногу студенти загубиле Економскиот факултет во Скопје, 2.273, Филолошкиот факултет 1.844 студенти и Градежниот факултет, 689.

Во однос на процентуалните загуби, најмногу студенти од УКИМ загубил Шумарскиот факултет – 69 %, потоа Филолошкиот кој загубил 64 % од студентите, потоа Градежниот со загуба од 62 %, Земјоделскиот со 60 % и Правниот факултет, 55 %.

Спротивно, од сите 23 факултети на УКИМ, само на четири има повеќе студенти, споредено со бројот од пред десет години. Најголем пораст има на ФИНКИ, 3.081 студент или 188 % повеќе студенти. Следи Медицинскиот факултет со 1.037 или 55 % студенти повеќе, па Фармацевтскиот факултет со 106 или 18 % повеќе студенти, и Факултетот за дизајн со 43 или 10 % повеќе студенти.

Вкупниот број на студенти на приватните високообразовни установи, осцилира од година во година, иако збирно, во последната учебна година имало 4.054 студенти што е 56 % повеќе отколку пред десет години. Таму, најмногу студенти имало претходната учебна година, 2022/23, кога имало и најголем годишен пораст, додека најмалку имало во учебната 2018/19.

Убедливо најмногу студенти во земјава има на медицинските науки, повеќе од 10 илјади или дури 20 % од студентите се запишани на некоја од медицинските високообразовни установи. Од другите струки, покрај медицинскиот, втора струка со најмногу студенти е информатичката, со вкупно 6.655 студенти, а трета, со приближно исто толку студенти, односно 6.065 е економската.

Најмногу студенти по одделни факултети има на скопски ФИНКИ (4.722), на трите државни медицински факултети, во Тетово (3.354), Штип (3.186) и Скопје (2.915), како и на скопскиот Економски факултет (2.022).

Соодветно на генералното намалување на бројот на студенти во земјава, се намалува и бројот на запишани студенти на прва година во високото образование.

Ако пред десет години имало без малку 19 илјади бруцоши, сега бројот на новозапишани студенти изнесува околу 15 илјади. Имено, само за десет учебни години, вкупниот број запишани студенти во прва година е намален за 3.612, односно за 19 %.

Најмалку бруцоши имало во пандемиската 2020/21 година, малку повеќе од 12 илјади. Оттогаш наваму, односно во последните три години е забележан постојан пораст на бројот на студенти што се запишале на прва година на некоја од високообразовните установи во земјава.

Во однос на бројот на студенти во прва година, има најголеми разлики меѓу државното и приватното високо образование.

Прво, во последните десет години, бројот на запишани студенти во државните високообразовни институции бележи пад од 4.168 студенти или 26 %, додека таа бројка е во пораст кај приватните високообразовни институции и тоа за или 550 студенти или 19,4 %.

Второ, за разлика од државните универзитети кои во пандемиската учебна година имале рекордно најнизок број на новозапишани студенти, прв пат под 10 илјади, приватните таа година имале пораст на студенти во прва година.

Трето, државните универзитети почнаа да привлекуваат повеќе студенти минатата година, кога бројот на новозапишани се врати на нивото од пред пандемијата, додека на приватните има благо намалување на бројот на бруцоши во однос на досега рекордната 2022/23 учебна година.

Во однос на верските факултети, и кај двата, Православен богословски и за Исламски науки има пораст на вкупниот број студенти во изминатите десет години, но кај Православниот само за 2,5 %, додека кај Исламскиот за 27 %. Во однос на бројот на новозапишани студенти, десетгодишната споредба вели дека на Православно богословскиот факултет има намалување на бруцоши за 17 %, додека на тој за Исламски науки има зголемување на интересот за студирање за 21 %.

Сите државни универзитети, освен последно основаниот, скопскиот Мајка Тереза, бележат намалување на бројот на новозапишани студенти во однос на бројката од пред десет години.

На УКИМ, во последните десет години, има намалување на бројот на запишани студенти во прва година на сите факултети, освен на два – Медицински и ФИНКИ. Таму, последната учебна година се запишале повеќе студенти, отколку пред десет години. И тоа, на ФИНКИ се запишале 37 % повеќе студенти, а на Медицинскиот факултет 11 % повеќе студенти од пред десет години.

Спротивно, најголем пад во бројот на новозапишани студенти има на Правниот факултет во Скопје, дури 392 бруцоши помалку отколку пред десет години, или намалување од дури 61 %. Следен е Филолошкиот факултет, каде има 372 помалку бруцоши отколку пред десет години, и Економскиот факултет во Скопје со 326 помалку новозапишани. Процентуално, најголем пад на интересот за студирање во последните десет години има на Факултетот за физичко образование, каде бројот на бруцоши за овој период е преполовен.

На битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ има пад на новозапишани студенти во последните десет години на сите факултети, освен на Педагошкиот каде сега има 33 % повеќе бруцоши од пред десет години. Најголем пад на запишани студенти се бележи на Технолошко-техничкиот факултет – Велес, 86 %, на Правниот факултет – Кичево, 69 % и на Ветеринарниот факултет, 67 %.

На штипскиот „Гоце Делчев“ има два најголеми добитници и губитници. Најголем пад од 666 новозапишани студенти има на Факултетот за туризам и бизнис-логистика, додека најголем пораст на новозапишани студенти во однос на периодот пред десет години има на Медицинскиот факултет, 636 бруцоши повеќе.

Слична е состојбата и на државниот тетовски универзитет. Таму, најмногу нови бруцоши во десетгодишниот период има на Медицинскиот факултет, дури 723 повеќе лани отколку пред десет години. Спротивно, најголемо намалување на бројот на бруцоши сега, во однос на периодот пред десет години, имало на Правниот факултет и тоа за 517 помалку бруцоши.

На приватните факултети, пак, споредено се пред десет години, има 550 бруцоши повеќе, што е зголемување за 19 %. Сепак, состојбата по поединечните факултети и универзитети е различна.

Најмногу новозапишани студенти има загубено Европскиот универзитет, 319, односно 85 %, додека Универзитетот МИТ има запишано 161 студент или 70 % помалку. Од друга страна, пак, на Меѓународниот Балкански универзитет – Скопје запишани се 558 повеќе бруцоши отколку пред десет години, што е двојно повеќе.

И на приватните високообразовни институции, најмногу интерес меѓу средношколците за запишување во прва година привлекуваат медицинските и информатичките науки.

Наспроти намалувањето на бројот на студенти, се зголемува бројот на наставници и соработници. Само за последните десет години, универзитетскиот кадар пораснал за повеќе од илјада луѓе, односно за една третина.

На државните универзитети има за 26 % повеќе кадар отколку пред десет години, односно 786 наставници и соработници повеќе. На приватните, пак, кадарот пораснал за 281 лице, односно за 45 %.

Најголем пораст на бројот на универзитетски кадар од сите универзитети во земјава има на Државниот универзитет во Тетово, каде сега има 453 наставници и соработници повеќе отколку пред десет години, што е пораст од цели 128 %. На истиот овој универзитет, за истиот десетгодишен период има намалување на бројот на студенти за 5 %, а на новозапишани студенти за 23 % помалку. Од државните универзитети, единствено мало намалување на бројот на кадарот сега во споредба со пред десет години има на битолски УКЛО за 3 % и на охридски „Свети Апостол Павле“ за 38 %. На скопски УКИМ има зголемување на 13 % на кадарот иако во исто време и за истиот период има намалување на бројот на студенти за 19 %, а на новозапишани за 34 %, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, изработено врз основа на податоци добиени од Државниот завод за статистика.

The post За десет години: Бројот на студенти намален за 7.000, секој петти сака да биде лекар appeared first on Република.

]]>

За последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 проценти, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Најголем пад од 11.150 студенти, односно 22 отсто има на државните универзитети. Наспроти тоа, на приватните има 4.054 или 56 проценти студенти повеќе. Кај верските високообразовни установи има 53 или 20 отсто повеќе студенти. Бројот на студенти во земјава го достигнал најниското ниво во пандемиската 2020/21, само малку повеќе од 50 илјади. По порастот во следните две учебни години, вкупниот број студенти повторно паднал во последната учебна година. Бројот на студенти на државните факултети постојано се намалува во последните десет години и од некогашните скоро 52 илјади студенти, сега е сведен на едвај нешто повеќе од 40 илјади. Најголем губитник воопшто е најголемиот државен универзитет, скопскиот УКИМ, каде за десет години има скоро 5 илјади студенти помалку. Во тие рамки, во апсолутни бројки, најмногу студенти загубиле Економскиот факултет во Скопје, 2.273, Филолошкиот факултет 1.844 студенти и Градежниот факултет, 689. Во однос на процентуалните загуби, најмногу студенти од УКИМ загубил Шумарскиот факултет – 69 %, потоа Филолошкиот кој загубил 64 % од студентите, потоа Градежниот со загуба од 62 %, Земјоделскиот со 60 % и Правниот факултет, 55 %. Спротивно, од сите 23 факултети на УКИМ, само на четири има повеќе студенти, споредено со бројот од пред десет години. Најголем пораст има на ФИНКИ, 3.081 студент или 188 % повеќе студенти. Следи Медицинскиот факултет со 1.037 или 55 % студенти повеќе, па Фармацевтскиот факултет со 106 или 18 % повеќе студенти, и Факултетот за дизајн со 43 или 10 % повеќе студенти. Вкупниот број на студенти на приватните високообразовни установи, осцилира од година во година, иако збирно, во последната учебна година имало 4.054 студенти што е 56 % повеќе отколку пред десет години. Таму, најмногу студенти имало претходната учебна година, 2022/23, кога имало и најголем годишен пораст, додека најмалку имало во учебната 2018/19. Убедливо најмногу студенти во земјава има на медицинските науки, повеќе од 10 илјади или дури 20 % од студентите се запишани на некоја од медицинските високообразовни установи. Од другите струки, покрај медицинскиот, втора струка со најмногу студенти е информатичката, со вкупно 6.655 студенти, а трета, со приближно исто толку студенти, односно 6.065 е економската. Најмногу студенти по одделни факултети има на скопски ФИНКИ (4.722), на трите државни медицински факултети, во Тетово (3.354), Штип (3.186) и Скопје (2.915), како и на скопскиот Економски факултет (2.022). Соодветно на генералното намалување на бројот на студенти во земјава, се намалува и бројот на запишани студенти на прва година во високото образование. Ако пред десет години имало без малку 19 илјади бруцоши, сега бројот на новозапишани студенти изнесува околу 15 илјади. Имено, само за десет учебни години, вкупниот број запишани студенти во прва година е намален за 3.612, односно за 19 %. Најмалку бруцоши имало во пандемиската 2020/21 година, малку повеќе од 12 илјади. Оттогаш наваму, односно во последните три години е забележан постојан пораст на бројот на студенти што се запишале на прва година на некоја од високообразовните установи во земјава. Во однос на бројот на студенти во прва година, има најголеми разлики меѓу државното и приватното високо образование. Прво, во последните десет години, бројот на запишани студенти во државните високообразовни институции бележи пад од 4.168 студенти или 26 %, додека таа бројка е во пораст кај приватните високообразовни институции и тоа за или 550 студенти или 19,4 %. Второ, за разлика од државните универзитети кои во пандемиската учебна година имале рекордно најнизок број на новозапишани студенти, прв пат под 10 илјади, приватните таа година имале пораст на студенти во прва година. Трето, државните универзитети почнаа да привлекуваат повеќе студенти минатата година, кога бројот на новозапишани се врати на нивото од пред пандемијата, додека на приватните има благо намалување на бројот на бруцоши во однос на досега рекордната 2022/23 учебна година. Во однос на верските факултети, и кај двата, Православен богословски и за Исламски науки има пораст на вкупниот број студенти во изминатите десет години, но кај Православниот само за 2,5 %, додека кај Исламскиот за 27 %. Во однос на бројот на новозапишани студенти, десетгодишната споредба вели дека на Православно богословскиот факултет има намалување на бруцоши за 17 %, додека на тој за Исламски науки има зголемување на интересот за студирање за 21 %. Сите државни универзитети, освен последно основаниот, скопскиот Мајка Тереза, бележат намалување на бројот на новозапишани студенти во однос на бројката од пред десет години. На УКИМ, во последните десет години, има намалување на бројот на запишани студенти во прва година на сите факултети, освен на два – Медицински и ФИНКИ. Таму, последната учебна година се запишале повеќе студенти, отколку пред десет години. И тоа, на ФИНКИ се запишале 37 % повеќе студенти, а на Медицинскиот факултет 11 % повеќе студенти од пред десет години. Спротивно, најголем пад во бројот на новозапишани студенти има на Правниот факултет во Скопје, дури 392 бруцоши помалку отколку пред десет години, или намалување од дури 61 %. Следен е Филолошкиот факултет, каде има 372 помалку бруцоши отколку пред десет години, и Економскиот факултет во Скопје со 326 помалку новозапишани. Процентуално, најголем пад на интересот за студирање во последните десет години има на Факултетот за физичко образование, каде бројот на бруцоши за овој период е преполовен. На битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ има пад на новозапишани студенти во последните десет години на сите факултети, освен на Педагошкиот каде сега има 33 % повеќе бруцоши од пред десет години. Најголем пад на запишани студенти се бележи на Технолошко-техничкиот факултет – Велес, 86 %, на Правниот факултет – Кичево, 69 % и на Ветеринарниот факултет, 67 %. На штипскиот „Гоце Делчев“ има два најголеми добитници и губитници. Најголем пад од 666 новозапишани студенти има на Факултетот за туризам и бизнис-логистика, додека најголем пораст на новозапишани студенти во однос на периодот пред десет години има на Медицинскиот факултет, 636 бруцоши повеќе. Слична е состојбата и на државниот тетовски универзитет. Таму, најмногу нови бруцоши во десетгодишниот период има на Медицинскиот факултет, дури 723 повеќе лани отколку пред десет години. Спротивно, најголемо намалување на бројот на бруцоши сега, во однос на периодот пред десет години, имало на Правниот факултет и тоа за 517 помалку бруцоши. На приватните факултети, пак, споредено се пред десет години, има 550 бруцоши повеќе, што е зголемување за 19 %. Сепак, состојбата по поединечните факултети и универзитети е различна. Најмногу новозапишани студенти има загубено Европскиот универзитет, 319, односно 85 %, додека Универзитетот МИТ има запишано 161 студент или 70 % помалку. Од друга страна, пак, на Меѓународниот Балкански универзитет – Скопје запишани се 558 повеќе бруцоши отколку пред десет години, што е двојно повеќе. И на приватните високообразовни институции, најмногу интерес меѓу средношколците за запишување во прва година привлекуваат медицинските и информатичките науки. Наспроти намалувањето на бројот на студенти, се зголемува бројот на наставници и соработници. Само за последните десет години, универзитетскиот кадар пораснал за повеќе од илјада луѓе, односно за една третина. На државните универзитети има за 26 % повеќе кадар отколку пред десет години, односно 786 наставници и соработници повеќе. На приватните, пак, кадарот пораснал за 281 лице, односно за 45 %. Најголем пораст на бројот на универзитетски кадар од сите универзитети во земјава има на Државниот универзитет во Тетово, каде сега има 453 наставници и соработници повеќе отколку пред десет години, што е пораст од цели 128 %. На истиот овој универзитет, за истиот десетгодишен период има намалување на бројот на студенти за 5 %, а на новозапишани студенти за 23 % помалку. Од државните универзитети, единствено мало намалување на бројот на кадарот сега во споредба со пред десет години има на битолски УКЛО за 3 % и на охридски „Свети Апостол Павле“ за 38 %. На скопски УКИМ има зголемување на 13 % на кадарот иако во исто време и за истиот период има намалување на бројот на студенти за 19 %, а на новозапишани за 34 %, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, изработено врз основа на податоци добиени од Државниот завод за статистика.

The post За десет години: Бројот на студенти намален за 7.000, секој петти сака да биде лекар appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на првиот академски час до студентите: Вие сте иднината, со конкретни проекти ќе го унапредиме образованието https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-prviot-akademski-chas-do-studentite-vie-ste-idninata-so-konkretni-proekti-ke-go-unapredime-obrazovanieto/ Tue, 01 Oct 2024 09:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=821279

Денес, стојам пред вас не само како премиер, туку и како редовен професор на Машинскиот факултет при нашиот најреномиран Универзитет кој го носи името на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, рече Премиерот Мицкоски на првиот академски час.

Универзитет кој отсекогаш бил центар на знаењето, развојот и иновациите во нашата држава.
Често се навраќам во просториите на мојот матичен факултет и денес со истата желба која ме водеше уште кога започнав како млад асистент пред повеќе од 2 децении.
Токму тука, во оваа академска средина го зацврстив моето претходно уверување дека образованието не е само процес на учење и пренесување знаења, туку дека е извонредно животно патување кое не завршува никогаш, туку само се надоградува, се менува и се прилагодува со текот на времето.
Како што рекол големиот филозоф Аристотел: „Корените на образованието се горчливи, но плодовите се слатки“.
Ова е токму она што го гледаме денес – студентите се борат низ предизвиците на студирањето, но на крајот нивната упорност е она што ги води кон високи резултати кои ги надминуваат нивните почетни очекувања.

Наша задача како држава е да ги создадеме условите во кои овие „корени“ нема да бидат толку горчливи. Од таа причина, посветени сме на повеќе конкретни проекти кои ќе го унапредат квалитетот на високото образование.
Прво, планираме значително да го модернизираме инфраструктурниот капацитет на нашите универзитети. Веќе започнуваме со институционални ангажмани за натамошна реконструкција на лабораториите на некои факултети во дел од нашите Универзитети низ земјата, каде ќе се постават најсовремени опрема и технологии кои ќе им овозможат на студентите да стекнат практични вештини во склад со потребите на современата индустрија.
Второ, започнуваме со обликување на проект за дигитализација на универзитетската администрација со цел да ги олесниме процесите на пријавување, запишување и оценување. Ова ќе ја намали бирократијата и ќе им даде повеќе време на професорите и студентите да се фокусираат на она што е најважно – образованието.
Трето, ја промовираме програмата за интернационална соработка и размена на студенти. Студентите и професорите ќе имаат повеќе можности за студирање и истражување во странски универзитети, со цел да се разменат искуства и да се применат најдобрите практики од светот во нашето образование. Ова ќе ни помогне да го подигнеме нивото на компетентност и иновација во нашите институции.
Исто така, важно е да ги поддржиме нашите професори и да ги мотивираме да продолжат со својот научен развој. За таа цел, обезбедуваме зголемени средства за научно истражување и се залагаме за создавање на фондови за поддршка на научните проекти кои ќе го поттикнат развојот на нови технологии и иновации.

Драги студенти,

Вие сте иднината на оваа држава.
Секој од вас носи во себе потенцијал да направи промена, да креира нешто ново, нешто големо.
Свети Кирил и Методиј не е само име на нашиот универзитет, тоа е важен симбол на знаење, симбол на нашата култура и историја.
Искористете го ова време за да изградите нешто значајно за себе, за вашето семејство, за вашата земја.
Нашата цел е јасна, да создадеме образовен систем кој е во чекор со времето, кој ги задоволува потребите на општеството и пазарот на трудот, и кој ви дава можност да бидете глобално конкурентни.
И тоа ќе го направиме заедно – со вашата посветеност и со нашата поддршка.

Претседателот на Студентската организација напомена дека би биле пресреќни својата иднина да ја гледаат тука во Македонија, а наша цел и како професори и политичари е да ве инспирираме. Ќе продолжиме да го работиме она што го работиме и кое што најдобро го знаеме. Но, сакам да ви испратам една порака дека во животот ништо не паѓа од небото и дека ништо не е така едноставно како што изгледа на социјалните медиуми. Треба да се борите и треба да се борите секој ден. Треба да се борите секој ден повеќе споредено со претходниот ден, само така можете да успеете во името на вашето семејство и во името на вашата татковина Македонија.

Ви благодарам и нека оваа година биде година на успех, знаење и нови хоризонти!

Бог да ја благослови Македонија“.

The post Мицкоски на првиот академски час до студентите: Вие сте иднината, со конкретни проекти ќе го унапредиме образованието appeared first on Република.

]]>

Денес, стојам пред вас не само како премиер, туку и како редовен професор на Машинскиот факултет при нашиот најреномиран Универзитет кој го носи името на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, рече Премиерот Мицкоски на првиот академски час.
Универзитет кој отсекогаш бил центар на знаењето, развојот и иновациите во нашата држава. Често се навраќам во просториите на мојот матичен факултет и денес со истата желба која ме водеше уште кога започнав како млад асистент пред повеќе од 2 децении. Токму тука, во оваа академска средина го зацврстив моето претходно уверување дека образованието не е само процес на учење и пренесување знаења, туку дека е извонредно животно патување кое не завршува никогаш, туку само се надоградува, се менува и се прилагодува со текот на времето. Како што рекол големиот филозоф Аристотел: „Корените на образованието се горчливи, но плодовите се слатки“. Ова е токму она што го гледаме денес – студентите се борат низ предизвиците на студирањето, но на крајот нивната упорност е она што ги води кон високи резултати кои ги надминуваат нивните почетни очекувања. Наша задача како држава е да ги создадеме условите во кои овие „корени“ нема да бидат толку горчливи. Од таа причина, посветени сме на повеќе конкретни проекти кои ќе го унапредат квалитетот на високото образование. Прво, планираме значително да го модернизираме инфраструктурниот капацитет на нашите универзитети. Веќе започнуваме со институционални ангажмани за натамошна реконструкција на лабораториите на некои факултети во дел од нашите Универзитети низ земјата, каде ќе се постават најсовремени опрема и технологии кои ќе им овозможат на студентите да стекнат практични вештини во склад со потребите на современата индустрија. Второ, започнуваме со обликување на проект за дигитализација на универзитетската администрација со цел да ги олесниме процесите на пријавување, запишување и оценување. Ова ќе ја намали бирократијата и ќе им даде повеќе време на професорите и студентите да се фокусираат на она што е најважно – образованието. Трето, ја промовираме програмата за интернационална соработка и размена на студенти. Студентите и професорите ќе имаат повеќе можности за студирање и истражување во странски универзитети, со цел да се разменат искуства и да се применат најдобрите практики од светот во нашето образование. Ова ќе ни помогне да го подигнеме нивото на компетентност и иновација во нашите институции. Исто така, важно е да ги поддржиме нашите професори и да ги мотивираме да продолжат со својот научен развој. За таа цел, обезбедуваме зголемени средства за научно истражување и се залагаме за создавање на фондови за поддршка на научните проекти кои ќе го поттикнат развојот на нови технологии и иновации. Драги студенти, Вие сте иднината на оваа држава. Секој од вас носи во себе потенцијал да направи промена, да креира нешто ново, нешто големо. Свети Кирил и Методиј не е само име на нашиот универзитет, тоа е важен симбол на знаење, симбол на нашата култура и историја. Искористете го ова време за да изградите нешто значајно за себе, за вашето семејство, за вашата земја. Нашата цел е јасна, да создадеме образовен систем кој е во чекор со времето, кој ги задоволува потребите на општеството и пазарот на трудот, и кој ви дава можност да бидете глобално конкурентни. И тоа ќе го направиме заедно – со вашата посветеност и со нашата поддршка. Претседателот на Студентската организација напомена дека би биле пресреќни својата иднина да ја гледаат тука во Македонија, а наша цел и како професори и политичари е да ве инспирираме. Ќе продолжиме да го работиме она што го работиме и кое што најдобро го знаеме. Но, сакам да ви испратам една порака дека во животот ништо не паѓа од небото и дека ништо не е така едноставно како што изгледа на социјалните медиуми. Треба да се борите и треба да се борите секој ден. Треба да се борите секој ден повеќе споредено со претходниот ден, само така можете да успеете во името на вашето семејство и во името на вашата татковина Македонија. Ви благодарам и нека оваа година биде година на успех, знаење и нови хоризонти! Бог да ја благослови Македонија“.

The post Мицкоски на првиот академски час до студентите: Вие сте иднината, со конкретни проекти ќе го унапредиме образованието appeared first on Република.

]]>
Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30 октомври https://republika.mk/vesti/makedonija/rokot-za-prodolzhuvane-na-pravoto-na-studentska-stipendija-e-do-30-oktomvri/ Tue, 01 Oct 2024 08:23:54 +0000 https://republika.mk/?p=821225

Сите корисници кои го оствариле правото на студентска стипендија во некоја од изминатите академски години и ги исполнуваат условите за продолжување, можат да аплицираат од денеска па се до 30 октомври годинава.

На порталот Е-услуги, корисникот на стипендија треба да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар, како доказ дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот – информира Министерството за образование и наука.

Дополнителни прашања и информации може да се добијат на електронската адреса – [email protected] .

The post Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30 октомври appeared first on Република.

]]>

Сите корисници кои го оствариле правото на студентска стипендија во некоја од изминатите академски години и ги исполнуваат условите за продолжување, можат да аплицираат од денеска па се до 30 октомври годинава. На порталот Е-услуги, корисникот на стипендија треба да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар, како доказ дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот – информира Министерството за образование и наука. Дополнителни прашања и информации може да се добијат на електронската адреса – [email protected] .

The post Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30 октомври appeared first on Република.

]]>
Студентите од утре може да се аплицираат за продолжување на стипендиите https://republika.mk/vesti/makedonija/studentite-od-utre-mozhe-da-se-aplitsiraat-za-prodolzhuvane-na-stipendiite/ Mon, 30 Sep 2024 15:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=821135

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од утре ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија и оти рокот е до 30 октомври.

-Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за аплицирање почнува од 01.10.2024 и трае до 30.10.2024 година, наведуваат од МОН.

Како што се појаснува, корисникот на стипендија на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, треба да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар, како доказ дека има положено 80 проценти односно 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот.

За повеќе информации или прашање студентите може да обратат на електронската адреса [email protected] .

The post Студентите од утре може да се аплицираат за продолжување на стипендиите appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од утре ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија и оти рокот е до 30 октомври.
-Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за аплицирање почнува од 01.10.2024 и трае до 30.10.2024 година, наведуваат од МОН.
Како што се појаснува, корисникот на стипендија на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, треба да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар, како доказ дека има положено 80 проценти односно 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот. За повеќе информации или прашање студентите може да обратат на електронската адреса [email protected] .

The post Студентите од утре може да се аплицираат за продолжување на стипендиите appeared first on Република.

]]>
Најважните нови правила за македонските студенти во Германија https://republika.mk/zivot/kariera/najvazhnite-novi-pravila-za-makedonskite-studenti-vo-germanija/ Fri, 13 Sep 2024 14:41:17 +0000 https://republika.mk/?p=816111

Како што се приближува новата академска година, студентите кои се подготвуваат за студирање во Германија во 2024/2025 ќе се соочат со клучни промени кои можат да влијаат на нивните планови за студирање и финансии. Од зголемени финансиски барања до нови можности за вработување, Германија воведе неколку промени за да им помогне на студентите полесно да го водат своето студирање.

Studying-In-Germany подготви листа со најважните нови правила кои се случуваат во Германија во академската година 2024/2025 и кои сегашните и идните студенти треба да ги знаат:

1. Зголемување на износот на блокираната сметка на 11.904 €: Од 1 септември 2024 година, износот што се бара на блокираната сметка за меѓународните студенти кои сакаат да студираат во Германија ќе се зголеми за 696 €, што вкупно изнесува 11.904 € годишно или 992 € месечно.

2. Зголемување на минималната плата на 12,82 € на час: Од 1 јануари 2024 година, законската минимална плата во Германија ќе се зголеми на 12,82 € на час, што резултира со минимална месечна бруто плата од 2.151 € за работници со полно работно време (40 часа неделно).

3. Школарини на Техничкиот универзитет во Минхен за студенти надвор од ЕУ: Техничкиот универзитет во Минхен (TUM) ќе почне да наплатува школарини за меѓународни студенти од земји надвор од ЕУ почнувајќи од зимскиот семестар 2024/25.

4. 220 милиони € за програмата Еразмус+ на ЕУ: Во наредните две години, германските универзитети ќе добијат околу 220 милиони € за поддршка на меѓународната мобилност преку програмата Еразмус+. Од оваа сума, 186 милиони € ќе се користат за поддршка на размена на студенти и персонал во странство.

5. Можности за вработување за меѓународни студенти: Од 1 март 2024 година, меѓународните студенти во Германија ќе имаат корист од проширени работни права благодарение на Законот за имиграција на квалификувани работници, вклучувајќи:

  • Зголемување на бројот на работни часови
  • Можност за работа со скратено работно време при аплицирање на германски универзитети
  • Повеќе можности за практикантство

6. Нов национален DeutschlandTicket за студенти: Во 2024 година, студентите на германските универзитети можат да искористат нов национален семестарски билет заснован на DeutschlandTicket. Овој билет чини само 29,40 € месечно, што е 40% поевтино од редовната цена. Им овозможува на студентите да патуваат низ цела Германија без дополнителни трошоци.

7. Економски изгледи и очекувања за 2025 година: Се очекува германскиот БДП да порасне за 1,0% во 2025 година, со намалување на инфлацијата на 2,0%. Пазарот на труд ќе остане стабилен со ниска стапка на невработеност од околу 3,1%. Ова ќе обезбеди добри можности за студентите кои бараат работа со скратено работно време или практика.

Германија е една од водечките дестинации за амбициозни меѓународни студенти. Сo оглед на големиот број меѓународни студенти кои доаѓаат во Германија, овие новости се клучни за студентите од Македонија кои планираат да студираат во Германија оваа година, за да бидат добро подготвени за претстојната академска година.

Повеќе за овие и други промени и новости во германскиот образовен систем за 2024-2025 можете да дознаете тука.

The post Најважните нови правила за македонските студенти во Германија appeared first on Република.

]]>

Како што се приближува новата академска година, студентите кои се подготвуваат за студирање во Германија во 2024/2025 ќе се соочат со клучни промени кои можат да влијаат на нивните планови за студирање и финансии. Од зголемени финансиски барања до нови можности за вработување, Германија воведе неколку промени за да им помогне на студентите полесно да го водат своето студирање. Studying-In-Germany подготви листа со најважните нови правила кои се случуваат во Германија во академската година 2024/2025 и кои сегашните и идните студенти треба да ги знаат: 1. Зголемување на износот на блокираната сметка на 11.904 €: Од 1 септември 2024 година, износот што се бара на блокираната сметка за меѓународните студенти кои сакаат да студираат во Германија ќе се зголеми за 696 €, што вкупно изнесува 11.904 € годишно или 992 € месечно. 2. Зголемување на минималната плата на 12,82 € на час: Од 1 јануари 2024 година, законската минимална плата во Германија ќе се зголеми на 12,82 € на час, што резултира со минимална месечна бруто плата од 2.151 € за работници со полно работно време (40 часа неделно). 3. Школарини на Техничкиот универзитет во Минхен за студенти надвор од ЕУ: Техничкиот универзитет во Минхен (TUM) ќе почне да наплатува школарини за меѓународни студенти од земји надвор од ЕУ почнувајќи од зимскиот семестар 2024/25. 4. 220 милиони € за програмата Еразмус+ на ЕУ: Во наредните две години, германските универзитети ќе добијат околу 220 милиони € за поддршка на меѓународната мобилност преку програмата Еразмус+. Од оваа сума, 186 милиони € ќе се користат за поддршка на размена на студенти и персонал во странство. 5. Можности за вработување за меѓународни студенти: Од 1 март 2024 година, меѓународните студенти во Германија ќе имаат корист од проширени работни права благодарение на Законот за имиграција на квалификувани работници, вклучувајќи:
  • Зголемување на бројот на работни часови
  • Можност за работа со скратено работно време при аплицирање на германски универзитети
  • Повеќе можности за практикантство
6. Нов национален DeutschlandTicket за студенти: Во 2024 година, студентите на германските универзитети можат да искористат нов национален семестарски билет заснован на DeutschlandTicket. Овој билет чини само 29,40 € месечно, што е 40% поевтино од редовната цена. Им овозможува на студентите да патуваат низ цела Германија без дополнителни трошоци. 7. Економски изгледи и очекувања за 2025 година: Се очекува германскиот БДП да порасне за 1,0% во 2025 година, со намалување на инфлацијата на 2,0%. Пазарот на труд ќе остане стабилен со ниска стапка на невработеност од околу 3,1%. Ова ќе обезбеди добри можности за студентите кои бараат работа со скратено работно време или практика. Германија е една од водечките дестинации за амбициозни меѓународни студенти. Сo оглед на големиот број меѓународни студенти кои доаѓаат во Германија, овие новости се клучни за студентите од Македонија кои планираат да студираат во Германија оваа година, за да бидат добро подготвени за претстојната академска година. Повеќе за овие и други промени и новости во германскиот образовен систем за 2024-2025 можете да дознаете тука.

The post Најважните нови правила за македонските студенти во Германија appeared first on Република.

]]>
Студенти на УКИМ го претставија првиот болид на натпревар во Хрватска, Универзитетот одвои над 10.000 евра за поддршка на проектот https://republika.mk/zivot/kariera/studenti-na-ukim-go-pretstavija-prviot-bolid-na-natprevar-vo-hrvatska-univerzitetot-odvoi-nad-10-000-evra-za-poddrshka-na-proektot/ Fri, 06 Sep 2024 10:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=813808

По речиси две години макотрпна работа и огромен вложен труд, студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обединети во тимот „МЕС рејсинг“ (MES racing), креираа болид кој пред неколку денови беше претставен на натпреварот „Алп Адриа“ (Alpe Adria) што се одржа во Велика Горица, Хрватска.

Целејќи кон унапредување на високото образование во земјава, како и кон отворање на нови можности за студентите и поддршка на нивните идеи, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, одвои 620.000 денари за спроведување на проектот, а дополнително, Машинскиот факултет – Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје го поддржаа проектот со финансиски средства во висина од околу 280.000 денари.

Препознавајќи го значењето на ваквиот тип на проекти, за понатамошно профилирање на врвни кадри како и за унапредување на економијата во земјава, и дел од македонските компании овозможија техничка поддршка и парични средства за реализирање на проектот, со што на студентите им беше овозможено нивната замисла да биде преточена во реалност и својата креација да ја претстават на таков престижен натпревар.

Тимот „МЕС рејсинг“ брои 20 студенти, главно од Машинскиот и Факултетот за електротехника и информациски технологии и неколку студенти од другите факултети.

Проф. д-р Ташко Ризов од Машински факултет – Скопје, појасни дека натпреварот има за цел да ги едуцира студентите, да го поттикне нивниот претприемнички и иновативен дух, да придонесе во развојот на нови технологии, да овозможи вмрежување на локално и интернационално ниво, да го поттикне студентскиот активизам и да поттикне повеќе млади луѓе да започнат кариера во инженерството.

Имено, на овој европски натпревар, учество земаат преку 100 универзитетски тимови секоја година.

„Проектот „Формула студент”, започна со една идеја од двајца студенти од четвртата година на Машинскиот факултет - Скопје. Овие двајца млади луѓе, поттикнати од желбата за поголема практична работа и жед за нови знаења, несебично ја споделиле визијата со своите колеги. На почеток, идејата беше примена со ниво на скептицизам, прашувајќи се дали е возможно да се започне еден ваков студентски проект од нула, без никакви претходни ресурси и искуство. Денес, речиси после две години, сведочиме дека идејата се претвори во реалност“, истакна професорот Ризов.

Професорот нагласи дека навистина е огромна чест македонски тим да биде дел од реномираниот европски натпревар.

„Голема е честа нашиот Универзитет со свој тим да биде дел од овој реномиран европски натпревар. Таа чест оваа година ни ја овозможи тимот „МЕС Рејсинг“. Тимот, под менторство на професори од Машинскиот факултет – Скопје интензивно работеше на создавањето на болидот и притоа покажа силна истрајност, тимска работа и посветеност. Болидот стана симбол на нивната заедничка визија, нивните соништа и нивната посветеност за учење на нови нешта. Тимот „МЕС Рејсинг“, успешно го претстави Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” на натпреварот „Алп Адриа“, како дел од глобалниот ,,Формула студент” натпревар во Велика Горица, Хрватска“, наведе професорот Ризов.

Студентот Димитар Алжуроски, тим лидер на „МЕС Рејсинг“, потенцираше дека натпреварот е одлична можност за секој студент да го надгради своето знаење.

„Запознавме студенти, судии и инженери кои се на високи позиции или пак соработуваат со големи компании и можноста да се разговара со нив, да се научи нешто ново и да се земе пример од нив е навистина најзначајното нешто“, рече Алжуроски.

Тој наведе дека сите тимови и судии кои учествувале на натпреварот упатиле пофални зборови за нивниот проект.

„Сите тимови и судии ја пофалија нашата работа, а тоа дава потврда на се што сме направиле, а дополнително ни дава и поттик и желба да одиме понапред“, заклучи студентот.

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова упати порака до сите студенти постојано да го унапредуваат своето знаење и да ги презентираат своите креативни идеи на своите факултети за да добијат поддршка за нивно реализирање.

„Во нашата држава има многу брилијантни умови, а овој проект е само еден од многубројните докази за тоа. Навистина сме многу горди што нашите студенти се „во чекор“ со врвните светски откритија и што константно се надградуваат и отвораат нови хоризонти. Им благодариме на тимот „МЕС Рејсинг“, што достојно не претстави на престижниот натпревар во Хрватска. Се надеваме дека ни претстои период на многубројни успеси, бидејќи нашата главна цел е да создаваме исклучителни кадри, целосно подготвени за пазарот на трудот, во секоја област“, наведе ректорката Ангелова.

The post Студенти на УКИМ го претставија првиот болид на натпревар во Хрватска, Универзитетот одвои над 10.000 евра за поддршка на проектот appeared first on Република.

]]>

По речиси две години макотрпна работа и огромен вложен труд, студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обединети во тимот „МЕС рејсинг“ (MES racing), креираа болид кој пред неколку денови беше претставен на натпреварот „Алп Адриа“ (Alpe Adria) што се одржа во Велика Горица, Хрватска. Целејќи кон унапредување на високото образование во земјава, како и кон отворање на нови можности за студентите и поддршка на нивните идеи, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, одвои 620.000 денари за спроведување на проектот, а дополнително, Машинскиот факултет – Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје го поддржаа проектот со финансиски средства во висина од околу 280.000 денари. Препознавајќи го значењето на ваквиот тип на проекти, за понатамошно профилирање на врвни кадри како и за унапредување на економијата во земјава, и дел од македонските компании овозможија техничка поддршка и парични средства за реализирање на проектот, со што на студентите им беше овозможено нивната замисла да биде преточена во реалност и својата креација да ја претстават на таков престижен натпревар. Тимот „МЕС рејсинг“ брои 20 студенти, главно од Машинскиот и Факултетот за електротехника и информациски технологии и неколку студенти од другите факултети. Проф. д-р Ташко Ризов од Машински факултет – Скопје, појасни дека натпреварот има за цел да ги едуцира студентите, да го поттикне нивниот претприемнички и иновативен дух, да придонесе во развојот на нови технологии, да овозможи вмрежување на локално и интернационално ниво, да го поттикне студентскиот активизам и да поттикне повеќе млади луѓе да започнат кариера во инженерството. Имено, на овој европски натпревар, учество земаат преку 100 универзитетски тимови секоја година. „Проектот „Формула студент”, започна со една идеја од двајца студенти од четвртата година на Машинскиот факултет - Скопје. Овие двајца млади луѓе, поттикнати од желбата за поголема практична работа и жед за нови знаења, несебично ја споделиле визијата со своите колеги. На почеток, идејата беше примена со ниво на скептицизам, прашувајќи се дали е возможно да се започне еден ваков студентски проект од нула, без никакви претходни ресурси и искуство. Денес, речиси после две години, сведочиме дека идејата се претвори во реалност“, истакна професорот Ризов. Професорот нагласи дека навистина е огромна чест македонски тим да биде дел од реномираниот европски натпревар. „Голема е честа нашиот Универзитет со свој тим да биде дел од овој реномиран европски натпревар. Таа чест оваа година ни ја овозможи тимот „МЕС Рејсинг“. Тимот, под менторство на професори од Машинскиот факултет – Скопје интензивно работеше на создавањето на болидот и притоа покажа силна истрајност, тимска работа и посветеност. Болидот стана симбол на нивната заедничка визија, нивните соништа и нивната посветеност за учење на нови нешта. Тимот „МЕС Рејсинг“, успешно го претстави Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” на натпреварот „Алп Адриа“, како дел од глобалниот ,,Формула студент” натпревар во Велика Горица, Хрватска“, наведе професорот Ризов. Студентот Димитар Алжуроски, тим лидер на „МЕС Рејсинг“, потенцираше дека натпреварот е одлична можност за секој студент да го надгради своето знаење. „Запознавме студенти, судии и инженери кои се на високи позиции или пак соработуваат со големи компании и можноста да се разговара со нив, да се научи нешто ново и да се земе пример од нив е навистина најзначајното нешто“, рече Алжуроски. Тој наведе дека сите тимови и судии кои учествувале на натпреварот упатиле пофални зборови за нивниот проект. „Сите тимови и судии ја пофалија нашата работа, а тоа дава потврда на се што сме направиле, а дополнително ни дава и поттик и желба да одиме понапред“, заклучи студентот. Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова упати порака до сите студенти постојано да го унапредуваат своето знаење и да ги презентираат своите креативни идеи на своите факултети за да добијат поддршка за нивно реализирање. „Во нашата држава има многу брилијантни умови, а овој проект е само еден од многубројните докази за тоа. Навистина сме многу горди што нашите студенти се „во чекор“ со врвните светски откритија и што константно се надградуваат и отвораат нови хоризонти. Им благодариме на тимот „МЕС Рејсинг“, што достојно не претстави на престижниот натпревар во Хрватска. Се надеваме дека ни претстои период на многубројни успеси, бидејќи нашата главна цел е да создаваме исклучителни кадри, целосно подготвени за пазарот на трудот, во секоја област“, наведе ректорката Ангелова.

The post Студенти на УКИМ го претставија првиот болид на натпревар во Хрватска, Универзитетот одвои над 10.000 евра за поддршка на проектот appeared first on Република.

]]>
Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-upisot-na-ukim-slobodni-nad-9900-mesta-za-studenti-vo-prva-godina/ Thu, 29 Aug 2024 06:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=811016

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии во академската 2024/2025 година. На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти.

Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, како и во минатите години, најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места…

Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години.

Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање.

Резултатите од првиот уписен рок на УКИМ ќе бидат објавени на 3 септември, конечната ранг-листа на 6 септември и на 11 и 12 септември ќе биде запишувањето на примените кандидати.

Вториот уписен рок на Скопскиот универзитет е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024.

Министерството за образование и наука во јуни ги објави утврдените квоти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата.

„Св. Климент Охридски“-Битола има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти).

На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти).

На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810).

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти).

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).

The post Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година appeared first on Република.

]]>

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии во академската 2024/2025 година. На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти. Според Конкурсот кој УКИМ го објави во јуни, како и во минатите години, најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места… Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години. Во Конкурсот се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање. Резултатите од првиот уписен рок на УКИМ ќе бидат објавени на 3 септември, конечната ранг-листа на 6 септември и на 11 и 12 септември ќе биде запишувањето на примените кандидати. Вториот уписен рок на Скопскиот универзитет е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024. Министерството за образование и наука во јуни ги објави утврдените квоти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата. „Св. Климент Охридски“-Битола има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти). На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти). На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810). На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти). На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).  

The post Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година appeared first on Република.

]]>
УКИМ доделува над 290 целосни стипендии за новозапишаните студенти за учебната 2024/2025 година, како и 720 половични стипендии https://republika.mk/zivot/kariera/ukim-dodeluva-nad-290-tselosni-stipendii-za-novozapishanite-studenti-za-uchebnata-2024-2025-godina-kako-i-720-polovichni-stipendii/ Tue, 27 Aug 2024 12:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=810591

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел унапредување на образованието на младите во земјава и отворање на нови можности за нив, обезбеди над 290 стипендии за сите Факултети за новите студенти на прв циклус студии, како и 720 половични стипендии за студенти од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кои родителското право го врши само еден родител.

„УКИМ ќе додели 240 стипендии, кои се распоредени по 10 стипендии за секој Факултет. На овој начин сакаме да ги мотивираме идните студенти да се посветат на студиите, како и да ги олесниме финансиските трошоци за образование на нивните семејства“, истакнаа од Универзитетот.

Имено, и оваа година, како и претходните четири учебни години, единиците на УКИМ стипендираат најмалку по еден студент од секоја студиска програма и од секоја студиска година за кој родителското право го врши само еден родител. На тој начин УКИМ овозможува најмалку 720 студенти  да платат половина од износот на уписнината за прв циклус студии, секоја година.

„Дополнително, над 40 редовни студенти кои ќе се запишат во прв циклус на студии оваа учебна година ќе имаат можност да добијат стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, како и над 10 стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов““, наведоа од УКИМ.

Уписите за учебната 2024/2025 година за прв уписен рок се на 29.8.2024 и на 30.8.2024 година, на 17.9.2024 и 18.9.2024 во вториот уписен рок и на 27.9.2024 година во третиот уписен рок.

Оваа година, вкупно 9921 студент ќе имаат можност да се запишат, од кои 4761 редовни студенти во државна квота, 4210 редовни студенти со кофинансирање, и 950 вонредни студенти. Покрај домашните студенти, Универзитетот нуди и повеќе од 1000 места за странски државјани на над 180 студиски програми.

The post УКИМ доделува над 290 целосни стипендии за новозапишаните студенти за учебната 2024/2025 година, како и 720 половични стипендии appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел унапредување на образованието на младите во земјава и отворање на нови можности за нив, обезбеди над 290 стипендии за сите Факултети за новите студенти на прв циклус студии, како и 720 половични стипендии за студенти од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кои родителското право го врши само еден родител. „УКИМ ќе додели 240 стипендии, кои се распоредени по 10 стипендии за секој Факултет. На овој начин сакаме да ги мотивираме идните студенти да се посветат на студиите, како и да ги олесниме финансиските трошоци за образование на нивните семејства“, истакнаа од Универзитетот. Имено, и оваа година, како и претходните четири учебни години, единиците на УКИМ стипендираат најмалку по еден студент од секоја студиска програма и од секоја студиска година за кој родителското право го врши само еден родител. На тој начин УКИМ овозможува најмалку 720 студенти  да платат половина од износот на уписнината за прв циклус студии, секоја година. „Дополнително, над 40 редовни студенти кои ќе се запишат во прв циклус на студии оваа учебна година ќе имаат можност да добијат стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, како и над 10 стипендии од Фондацијата „Константин Стојанов““, наведоа од УКИМ. Уписите за учебната 2024/2025 година за прв уписен рок се на 29.8.2024 и на 30.8.2024 година, на 17.9.2024 и 18.9.2024 во вториот уписен рок и на 27.9.2024 година во третиот уписен рок. Оваа година, вкупно 9921 студент ќе имаат можност да се запишат, од кои 4761 редовни студенти во државна квота, 4210 редовни студенти со кофинансирање, и 950 вонредни студенти. Покрај домашните студенти, Универзитетот нуди и повеќе од 1000 места за странски државјани на над 180 студиски програми.

The post УКИМ доделува над 290 целосни стипендии за новозапишаните студенти за учебната 2024/2025 година, како и 720 половични стипендии appeared first on Република.

]]>
Студентите годинава ќе имаат повеќе пари за студентски оброк, најави Јаневска https://republika.mk/vesti/makedonija/studentite-godinava-ke-imaat-poveke-pari-za-studentski-obrok-najavi-janevska/ Fri, 23 Aug 2024 10:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=809416

Студентите годинава ќе имаат повеќе пари за студентски оброк. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска при денешната посета на Општина Штип најави дека планирано е зголемување на студентскиот оброк, но засега не може да каже за колку ќе биде зголемен, бидејќи како што вели се зависи од буџетските средства кои ќе им бидат дадени на располагање.

Што се однесува до студентскиот стандард студентите не треба да имаат дилема дека Министерството ќе биде постојан нивен соработник, партнер и поддржувач, всушност ќе биде најголем нивен поддржувач, па оттука еве им испраќам порака дека – да, размислуваме за покачување на студентскиот оброк. Влеговме во проект на реновирање на студентските домови за тие да имаат подобри услови за живот и учење и факт е дека капацитетите се малку намалени, но се обидуваме тоа да го решиме со тоа што ќе ги пренасочиме дел од студентите кон употребливите ученички домови и ќе се погрижиме максимален број на студенти да добијат легла за да можат нормално да живеат во градовите каде што ќе студираат, вели Јаневска.

На новинарско прашање дали Министерството за образование и наука ќе го плати долгот кон ЈСП-Скопје за бесплатниот студентски превоз во висина од осум милиони евра, Јаневска со одговор дека фактурите се пристигнати, но нема правен основ по кој Министерството би ги платила фактурите за бесплатниот студентски превоз.

-Нема правен основ по кој Министерството би го исплатило тој долг. Нема спогодба, нема договор, нема Владина одлука. Така што, јас повторувам, и да сакам не можам, а јас сакам студентите да имаат слободен превоз и за следната година. Ние планираме средства за слободен превоз на студентите. Но, тоа мора да се реши на поинаков начин. За мене како министер начинот е судот да одлучи, како ќе одлучи судот така ќе постапуваме, изјави Јаневска.

Таа повтори дека за идната година Министерството за образование и наука и Владата имаат планирано средства за слободен превоз на студентите.

The post Студентите годинава ќе имаат повеќе пари за студентски оброк, најави Јаневска appeared first on Република.

]]>

Студентите годинава ќе имаат повеќе пари за студентски оброк. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска при денешната посета на Општина Штип најави дека планирано е зголемување на студентскиот оброк, но засега не може да каже за колку ќе биде зголемен, бидејќи како што вели се зависи од буџетските средства кои ќе им бидат дадени на располагање.
Што се однесува до студентскиот стандард студентите не треба да имаат дилема дека Министерството ќе биде постојан нивен соработник, партнер и поддржувач, всушност ќе биде најголем нивен поддржувач, па оттука еве им испраќам порака дека – да, размислуваме за покачување на студентскиот оброк. Влеговме во проект на реновирање на студентските домови за тие да имаат подобри услови за живот и учење и факт е дека капацитетите се малку намалени, но се обидуваме тоа да го решиме со тоа што ќе ги пренасочиме дел од студентите кон употребливите ученички домови и ќе се погрижиме максимален број на студенти да добијат легла за да можат нормално да живеат во градовите каде што ќе студираат, вели Јаневска.
На новинарско прашање дали Министерството за образование и наука ќе го плати долгот кон ЈСП-Скопје за бесплатниот студентски превоз во висина од осум милиони евра, Јаневска со одговор дека фактурите се пристигнати, но нема правен основ по кој Министерството би ги платила фактурите за бесплатниот студентски превоз. -Нема правен основ по кој Министерството би го исплатило тој долг. Нема спогодба, нема договор, нема Владина одлука. Така што, јас повторувам, и да сакам не можам, а јас сакам студентите да имаат слободен превоз и за следната година. Ние планираме средства за слободен превоз на студентите. Но, тоа мора да се реши на поинаков начин. За мене како министер начинот е судот да одлучи, како ќе одлучи судот така ќе постапуваме, изјави Јаневска. Таа повтори дека за идната година Министерството за образование и наука и Владата имаат планирано средства за слободен превоз на студентите.  

The post Студентите годинава ќе имаат повеќе пари за студентски оброк, најави Јаневска appeared first on Република.

]]>
Најмногу на ПМФ и ФИНКИ: На УКИМ има 9.921 слободни места за упис во прва година во 2024/2025, објавени квотите за додипломски студии на сите државни универзитети https://republika.mk/vesti/makedonija/najmnogu-na-pmf-i-finki-na-ukim-ima-9-921-slobodni-mesta-za-upis-vo-prva-godina-vo-2024-2025-objaveni-kvotite-za-dodiplomski-studii-na-site-drzhavni-univerziteti/ Wed, 10 Jul 2024 15:18:37 +0000 https://republika.mk/?p=795464

Министерството за образование и наука ги објави квотите за запишување во прва година - прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје слободни се 9921 место, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти.

Според утврдените квоти за слободни места, УКИМ на својата веб-страница ukim.edu.mk го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година за студиските програми на 23-те факултети во негов состав.

Како и во минатите години, најголем број слободни места има на Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места...

Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години.

Против предлогот за намалување на платите денеска реагираше и Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оттаму посочуваат дека платите на вработените во адми

Во Конкурсот на УКИМ се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање.

Пријавувањето во првиот уписен рок е на 29 и 30 август, вториот е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024.

Според квотите за запишување студенти што ги објави МОН и за останатите државни универзитети - „Св. Климент Охридски“ - Битола ќе има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти).

На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти).

На Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810).

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти).

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).

The post Најмногу на ПМФ и ФИНКИ: На УКИМ има 9.921 слободни места за упис во прва година во 2024/2025, објавени квотите за додипломски студии на сите државни универзитети appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука ги објави квотите за запишување во прва година - прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје слободни се 9921 место, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти. Според утврдените квоти за слободни места, УКИМ на својата веб-страница ukim.edu.mk го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година за студиските програми на 23-те факултети во негов состав. Како и во минатите години, најголем број слободни места има на Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места... Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години. Против предлогот за намалување на платите денеска реагираше и Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оттаму посочуваат дека платите на вработените во адми Во Конкурсот на УКИМ се содржани условите и критериумите за упис, начинот на пресметка на поените од државната матура и постигнатиот успех во средното образование и потребните документи за конкурирање. Пријавувањето во првиот уписен рок е на 29 и 30 август, вториот е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024. Според квотите за запишување студенти што ги објави МОН и за останатите државни универзитети - „Св. Климент Охридски“ - Битола ќе има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти). На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти). На Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810). На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти). На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).

The post Најмногу на ПМФ и ФИНКИ: На УКИМ има 9.921 слободни места за упис во прва година во 2024/2025, објавени квотите за додипломски студии на сите државни универзитети appeared first on Република.

]]>
МОН бара објект за студентите од ФИНКИ https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-bara-objekt-za-studentite-od-finki/ Wed, 03 Jul 2024 11:08:05 +0000 https://republika.mk/?p=793054

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се бараат опции во кои би можеле да се сместат студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Таа вели дека сместувањето на студентите нема да биде во објектот што седум години се руинира.

Секако дека студентите нема да учат во ова што се руинира веќе седум години. Интензивно бараме решение за тоа. Се сретнавме со деканот на ФИНКИ и Министерството веќе бара опции со кои би им помогнале на студентите да имаат нормални услови за настава. Значи во преговори сме“, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по настанот „Разговори за еднаквост“ што го организира Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

The post МОН бара објект за студентите од ФИНКИ appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека се бараат опции во кои би можеле да се сместат студентите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Таа вели дека сместувањето на студентите нема да биде во објектот што седум години се руинира.
Секако дека студентите нема да учат во ова што се руинира веќе седум години. Интензивно бараме решение за тоа. Се сретнавме со деканот на ФИНКИ и Министерството веќе бара опции со кои би им помогнале на студентите да имаат нормални услови за настава. Значи во преговори сме“, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по настанот „Разговори за еднаквост“ што го организира Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
 
The post МОН бара објект за студентите од ФИНКИ appeared first on Република.

]]>
Студентите бараат промени: Субвенционираниот студентски оброк го „јаде“ инфлацијата https://republika.mk/vesti/studentite-baraat-promeni-subventsioniraniot-studentski-obrok-go-jade-inflatsijata/ Sat, 15 Jun 2024 17:48:50 +0000 https://republika.mk/?p=787942

Финансиска поддршка од 140 денари дневно или 840 денари неделно добиваат студентите како субвенциониран студентски оброк што можат да ги искористат од понеделник до сабота. Мерката е наменета како поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите и за неа се одвојуваат средства од Буџетот на државата. Студентите генерално се задоволни од мерката, но сметаат дека треба да се смени концептот и да се зголеми висината на финансиската поддршка.

Студентите кои ги анкетираше екипата на МИА велат дека и покрај зголемувањето на износот на финансиските средства од 120 на 140 денари дневно потребно е овие средства да се зголемат. Од Универзитетското студенско собрание имаат Предлог-концепт и очекуваат за тоа да разговараат со новиот министер за образование и наука.

Од Министерството за образование и наука (МОН) во изјава за МИА велат дека станува збор за мерка за субвенционирање, односно поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите, а не за покривање на сите трошоци за храна.

Користењето на мерката е регулирано со законско решение кое во два наврати е надградено на барање на студентите, преку претставниците на универзитетските студентски собранија. Измените предвидоа зголемување на износот од 120 на 140 денари дневно и исплата на неделна основа, наместо на дневна. МОН на почетокот на секој месец објавува повик за пријавување на студентите кои претходно го немаат остварено ова право поради разни причини. Согласно условите, апликантот треба да е редовен студент, да не е регистриран како индивидуален земјоделец, да не е во работен однос и да нема приход по кој било основ повисок од износот на минималната нето плата во тековната година, појаснуваат од МОН.

Студентите бараат зголемување на средствата

Во анкета што ја направи екипата на МИА, студентите посочуваат дека средствата од субвенционираниот студентски оброк донекаде им помагаат да купат прехранбени производи, но со зголемувањето на животниот стандард, бараат да се зголеми износот.

Сега засега е во ред. Многу попродуктивно е што се направи мерката да биде на неделно ниво отколку како што беше 140 денари на дневно ниво, меѓутоа, како што се зголемува стандардот на Република Македонија, сметам дека така треба да се смени и сумата на нашиот оброк, заради тоа што тоа треба да оди паралелно. На неделно ниво, успеваме да купуваме нешто, меѓутоа сума-сумарум сепак се бориме. Сепак сме студенти, задоволни сме колку-толку. Може да се направи некоја измена. Мислам дека и во однос на другите држави коишто го имаат тој систем на субвенциониран оброк може да се искористи и да се преземе нешто, вели студентка за МИА.

Меѓу студентите има и размислувања дека висината на субвенцијата треба да биде зголемена барем до 200 денари.

Мислам дека треба да бидат зголемени барем до 200 денари. Најмногу за храна ги трошиме парите како студенти од други градови. На неделно ниво ги користиме средствата, вели друга студентка во анкетата.

Најновите статистички податоци за мај покажуваат дека цените на мало се зголемени за 1,3 процент во споредба со април, а за 5,8 проценти во однос на мај лани. Инфлацијата во однос на април е зголемена за 0,9 проценти, а во споредба со мај лани за 4,5 проценти. Во делот храна и безалкохолни пијалоци има зголемување за 0,7 проценти. Најголем пораст има кај овошјето за 2,6 проценти и кај лебот и житата за 0,5 проценти.

Оваа сума е релативно мала и најверојатно не може целосно да ги покрие основните трошоци за оброк на студентите. Имајќи предвид дека просечниот оброк во локални ресторани и мензи може да чини повеќе од оваа сума, студентите би можеле да се соочат со финансиски предизвици во обидот да обезбедат здрав и разновиден оброк. Доколку се земе предвид и растот на цените на храната и инфлацијата, оваа сума станува уште понедоволна, вели економскиот аналитичар, професорот Абил Бауш во изјава за МИА.

Зголемувањето на студентскиот субвенциониран оброк, според него, изгледа како потребна мерка со оглед на растечките трошоци за живот и инфлацијата, а смета дека можеби треба да се размисли и за промена на концептот како на пример: вклучување на повеќе опции за храна за студентите, вклучувајќи здрави и нутритивно балансирани оброци, со цел подобрување на нутритивната вредност на храната која студентите ја консумираат.

Според истражувања, околу 30 проценти од студентите во земјата пријавиле дека не можат да си дозволат здрави оброци на дневна основа. Овозможување на ваучери кои можат да се користат во различни продавници и ресторани, наместо фиксна парична сума, би обезбедило поголема флексибилност и избор за студентите, што би можело да ги намали дневните трошоци за храна за околу 15-20 проценти. Интеграција на дигитални платформи кои би овозможиле полесен пристап до субвенционираните оброци може дополнително да ја подобри ефикасноста на програмата. Според податоците, дигиталните платформи можат да го намалат административниот трошок за управување со субвенциите за околу 5-10 проценти, овозможувајќи поголем дел од средствата да се искористат директно за студентите, посочува професорот Бауш.

Евентуалното зголемување на средствата за субвенциониран студентски оброк ќе повлече финансиски импликации врз Буџетот во зависност од бројот на студенти и процентот на зголемување.

Професорот Бауш вели дека дополнителните трошоци би можеле да бидат значителни, па така на пример ако се работи за околу 50 илјади студенти и секој добива дополнителни 500 денари неделно, тоа би резултирало со дополнителен трошок од околу 1,3 милијарди денари. Сепак, додава тој, инвестицијата во здравјето на студентите може да има долгорочни придобивки за општеството и пред да се донесе конечна одлука треба да се направи детална финансиска анализа и да се разгледаат можните извори на финансирање за мерката да биде одржлива.

Истражувањата покажуваат дека подобрата исхрана може да ги подобри академските резултати за околу 10-15 проценти, што би можело да резултира со подобра вработливост и продуктивност на студентите по завршувањето на студиите. Дополнително, здравите навики за исхрана можат да ги намалат здравствените трошоци на државата на долг рок. Затоа, пред да се донесе конечна одлука, потребно е да се направи детална финансиска анализа и да се разгледаат можните извори на финансирање за да се обезбеди одржливост на мерката. На пример, може да се разгледаат алтернативни извори на финансирање како што се јавни и приватни партнерства, грантови од меѓународни организации или пренасочување на средства од други буџетски ставки кои имаат помал приоритет, нагласува професорот Бауш.

Универзитетското студентско собрание бара да се смени концептот на мерката

Александар Ристоски, потпретседател на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во изјава за МИА вели дека како студентско тело сметаат дека треба да се зголеми износот на финансиски средства, но и да се смени постојниот концепт. Предлагаат, без разлика на цената, да има посебни оброци наменети за студенти и купони со кои ќе можат да ги купуваат тие оброци. На ваков начин, сметаат дека нема да има злоупотреба од ничија страна.

Сите ние не сме задоволни, не само со цената, туку и со концептот, бидејќи цената може да се покачи или може следната политичка партија или кој и да е на власт, да ја зголеми таа цена, а потоа истото може да го направат и местата каде што се купува оброк, тие да ја зголемат цената и практично не сме дошле до никакво решение. Затоа, сметам дека концептот треба да смени, односно без разлика на цената, да има посебни оброци за студентите и со купони да може истите да се подигнуваат. Така нема да има злоупотреба од ничија страна, вели Ристоски.

Сегашното законско решение кое предвидува 840 денари на неделно ниво беше донесено на барање на студентите на кои дотогаш им се исплаќаа 120 денари на дневна основа. Сите забелешки од студентите што стигнувале до Универзитетското студенско собрание биле решавани во комуникација со ресорното Министерство.

Како студенско тело имаме направено група за комуникација меѓу студентите и таму ни испраќаат забелешки и ние во директна комуникација со МОН или банката, зависи каде е проблемот, ги решаваме ад-хок сите проблеми што ни пристигнуваат, нагласува Ристоски.

За да се смени концептот, Ристоски вели дека чекаат да се формира новата влада по што со новиот министер за образование и наука ќе преговараат за новините да стартуваат од следната академска година.

 Во врска со финансиите и концептот да се смени, чекавме да се промени власта бидејќи договор може да се постигне, па после да дојде друг министер. Затоа овој период имавме помалку комуникација. Откога ќе дојде новиот министер или министерка ќе направиме договор како понатаму од следната учебна година да биде зголемен износот и да биде сменет концептот, нагласува Ристоски.

Субвенциониран студентски оброк користат околу 30 илјади студенти

На иницијатива на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ), пратениците во февруари ги изгласаа измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, според кој од први март годинава средствата наместо на дневно ниво им се исплаќаат на неделно ниво.

Доколку корисникот на субвенциониран студентски оброк во наведениот период не го искористи правото на субвенционирање студентски оброк, износот од субвенциониран студентски оброк не му се префрла во наредниот ден. Правото за субвенциониран студентски оброк корисникот не може да го остварува во периодот од 1 јули до 1 октомври во годината во која се стекнал со правото на субвенционирање студентски оброк, како и за време на државните празници и неработните денови.

Субвенционираниот студентски оброк, како што посочуваат од МОН, се исплаќа од буџетска ставка преку која се надоместуваат повеќе други права на студентите, како стипендии за студирање во земјата и во странство и партиципација за сместување во студентски домови, која годинава изнесува 1,21 милијарди денари.

За оваа мерка, МОН има склучено договор со „Шпаркасе банка“ АД Скопје. Сите студенти кои ќе се стекнат со правото на субвенциониран студентски оброк, треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали претходно биле клиенти на Шпаркасе банка. За отворањето на сметката и издавањето на платежната картичка студентот не сноси никакви трошоци.

The post Студентите бараат промени: Субвенционираниот студентски оброк го „јаде“ инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Финансиска поддршка од 140 денари дневно или 840 денари неделно добиваат студентите како субвенциониран студентски оброк што можат да ги искористат од понеделник до сабота. Мерката е наменета како поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите и за неа се одвојуваат средства од Буџетот на државата. Студентите генерално се задоволни од мерката, но сметаат дека треба да се смени концептот и да се зголеми висината на финансиската поддршка. Студентите кои ги анкетираше екипата на МИА велат дека и покрај зголемувањето на износот на финансиските средства од 120 на 140 денари дневно потребно е овие средства да се зголемат. Од Универзитетското студенско собрание имаат Предлог-концепт и очекуваат за тоа да разговараат со новиот министер за образование и наука. Од Министерството за образование и наука (МОН) во изјава за МИА велат дека станува збор за мерка за субвенционирање, односно поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите, а не за покривање на сите трошоци за храна.
Користењето на мерката е регулирано со законско решение кое во два наврати е надградено на барање на студентите, преку претставниците на универзитетските студентски собранија. Измените предвидоа зголемување на износот од 120 на 140 денари дневно и исплата на неделна основа, наместо на дневна. МОН на почетокот на секој месец објавува повик за пријавување на студентите кои претходно го немаат остварено ова право поради разни причини. Согласно условите, апликантот треба да е редовен студент, да не е регистриран како индивидуален земјоделец, да не е во работен однос и да нема приход по кој било основ повисок од износот на минималната нето плата во тековната година, појаснуваат од МОН.

Студентите бараат зголемување на средствата

Во анкета што ја направи екипата на МИА, студентите посочуваат дека средствата од субвенционираниот студентски оброк донекаде им помагаат да купат прехранбени производи, но со зголемувањето на животниот стандард, бараат да се зголеми износот.
Сега засега е во ред. Многу попродуктивно е што се направи мерката да биде на неделно ниво отколку како што беше 140 денари на дневно ниво, меѓутоа, како што се зголемува стандардот на Република Македонија, сметам дека така треба да се смени и сумата на нашиот оброк, заради тоа што тоа треба да оди паралелно. На неделно ниво, успеваме да купуваме нешто, меѓутоа сума-сумарум сепак се бориме. Сепак сме студенти, задоволни сме колку-толку. Може да се направи некоја измена. Мислам дека и во однос на другите држави коишто го имаат тој систем на субвенциониран оброк може да се искористи и да се преземе нешто, вели студентка за МИА.
Меѓу студентите има и размислувања дека висината на субвенцијата треба да биде зголемена барем до 200 денари.
Мислам дека треба да бидат зголемени барем до 200 денари. Најмногу за храна ги трошиме парите како студенти од други градови. На неделно ниво ги користиме средствата, вели друга студентка во анкетата.
Најновите статистички податоци за мај покажуваат дека цените на мало се зголемени за 1,3 процент во споредба со април, а за 5,8 проценти во однос на мај лани. Инфлацијата во однос на април е зголемена за 0,9 проценти, а во споредба со мај лани за 4,5 проценти. Во делот храна и безалкохолни пијалоци има зголемување за 0,7 проценти. Најголем пораст има кај овошјето за 2,6 проценти и кај лебот и житата за 0,5 проценти.
Оваа сума е релативно мала и најверојатно не може целосно да ги покрие основните трошоци за оброк на студентите. Имајќи предвид дека просечниот оброк во локални ресторани и мензи може да чини повеќе од оваа сума, студентите би можеле да се соочат со финансиски предизвици во обидот да обезбедат здрав и разновиден оброк. Доколку се земе предвид и растот на цените на храната и инфлацијата, оваа сума станува уште понедоволна, вели економскиот аналитичар, професорот Абил Бауш во изјава за МИА.
Зголемувањето на студентскиот субвенциониран оброк, според него, изгледа како потребна мерка со оглед на растечките трошоци за живот и инфлацијата, а смета дека можеби треба да се размисли и за промена на концептот како на пример: вклучување на повеќе опции за храна за студентите, вклучувајќи здрави и нутритивно балансирани оброци, со цел подобрување на нутритивната вредност на храната која студентите ја консумираат.
Според истражувања, околу 30 проценти од студентите во земјата пријавиле дека не можат да си дозволат здрави оброци на дневна основа. Овозможување на ваучери кои можат да се користат во различни продавници и ресторани, наместо фиксна парична сума, би обезбедило поголема флексибилност и избор за студентите, што би можело да ги намали дневните трошоци за храна за околу 15-20 проценти. Интеграција на дигитални платформи кои би овозможиле полесен пристап до субвенционираните оброци може дополнително да ја подобри ефикасноста на програмата. Според податоците, дигиталните платформи можат да го намалат административниот трошок за управување со субвенциите за околу 5-10 проценти, овозможувајќи поголем дел од средствата да се искористат директно за студентите, посочува професорот Бауш.
Евентуалното зголемување на средствата за субвенциониран студентски оброк ќе повлече финансиски импликации врз Буџетот во зависност од бројот на студенти и процентот на зголемување. Професорот Бауш вели дека дополнителните трошоци би можеле да бидат значителни, па така на пример ако се работи за околу 50 илјади студенти и секој добива дополнителни 500 денари неделно, тоа би резултирало со дополнителен трошок од околу 1,3 милијарди денари. Сепак, додава тој, инвестицијата во здравјето на студентите може да има долгорочни придобивки за општеството и пред да се донесе конечна одлука треба да се направи детална финансиска анализа и да се разгледаат можните извори на финансирање за мерката да биде одржлива.
Истражувањата покажуваат дека подобрата исхрана може да ги подобри академските резултати за околу 10-15 проценти, што би можело да резултира со подобра вработливост и продуктивност на студентите по завршувањето на студиите. Дополнително, здравите навики за исхрана можат да ги намалат здравствените трошоци на државата на долг рок. Затоа, пред да се донесе конечна одлука, потребно е да се направи детална финансиска анализа и да се разгледаат можните извори на финансирање за да се обезбеди одржливост на мерката. На пример, може да се разгледаат алтернативни извори на финансирање како што се јавни и приватни партнерства, грантови од меѓународни организации или пренасочување на средства од други буџетски ставки кои имаат помал приоритет, нагласува професорот Бауш.

Универзитетското студентско собрание бара да се смени концептот на мерката

Александар Ристоски, потпретседател на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во изјава за МИА вели дека како студентско тело сметаат дека треба да се зголеми износот на финансиски средства, но и да се смени постојниот концепт. Предлагаат, без разлика на цената, да има посебни оброци наменети за студенти и купони со кои ќе можат да ги купуваат тие оброци. На ваков начин, сметаат дека нема да има злоупотреба од ничија страна.
Сите ние не сме задоволни, не само со цената, туку и со концептот, бидејќи цената може да се покачи или може следната политичка партија или кој и да е на власт, да ја зголеми таа цена, а потоа истото може да го направат и местата каде што се купува оброк, тие да ја зголемат цената и практично не сме дошле до никакво решение. Затоа, сметам дека концептот треба да смени, односно без разлика на цената, да има посебни оброци за студентите и со купони да може истите да се подигнуваат. Така нема да има злоупотреба од ничија страна, вели Ристоски.
Сегашното законско решение кое предвидува 840 денари на неделно ниво беше донесено на барање на студентите на кои дотогаш им се исплаќаа 120 денари на дневна основа. Сите забелешки од студентите што стигнувале до Универзитетското студенско собрание биле решавани во комуникација со ресорното Министерство.
Како студенско тело имаме направено група за комуникација меѓу студентите и таму ни испраќаат забелешки и ние во директна комуникација со МОН или банката, зависи каде е проблемот, ги решаваме ад-хок сите проблеми што ни пристигнуваат, нагласува Ристоски.
За да се смени концептот, Ристоски вели дека чекаат да се формира новата влада по што со новиот министер за образование и наука ќе преговараат за новините да стартуваат од следната академска година.
 Во врска со финансиите и концептот да се смени, чекавме да се промени власта бидејќи договор може да се постигне, па после да дојде друг министер. Затоа овој период имавме помалку комуникација. Откога ќе дојде новиот министер или министерка ќе направиме договор како понатаму од следната учебна година да биде зголемен износот и да биде сменет концептот, нагласува Ристоски.

Субвенциониран студентски оброк користат околу 30 илјади студенти

На иницијатива на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ), пратениците во февруари ги изгласаа измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, според кој од први март годинава средствата наместо на дневно ниво им се исплаќаат на неделно ниво. Доколку корисникот на субвенциониран студентски оброк во наведениот период не го искористи правото на субвенционирање студентски оброк, износот од субвенциониран студентски оброк не му се префрла во наредниот ден. Правото за субвенциониран студентски оброк корисникот не може да го остварува во периодот од 1 јули до 1 октомври во годината во која се стекнал со правото на субвенционирање студентски оброк, како и за време на државните празници и неработните денови. Субвенционираниот студентски оброк, како што посочуваат од МОН, се исплаќа од буџетска ставка преку која се надоместуваат повеќе други права на студентите, како стипендии за студирање во земјата и во странство и партиципација за сместување во студентски домови, која годинава изнесува 1,21 милијарди денари. За оваа мерка, МОН има склучено договор со „Шпаркасе банка“ АД Скопје. Сите студенти кои ќе се стекнат со правото на субвенциониран студентски оброк, треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали претходно биле клиенти на Шпаркасе банка. За отворањето на сметката и издавањето на платежната картичка студентот не сноси никакви трошоци.

The post Студентите бараат промени: Субвенционираниот студентски оброк го „јаде“ инфлацијата appeared first on Република.

]]>
ХАЈ-ФАЈ филмски викенд од 31 мај – 2 јуни на ФДУ https://republika.mk/scena/film/haj-faj-filmski-vikend-od-31-maj-2-juni-na-fdu/ Fri, 31 May 2024 10:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=783476

Од 31 мај до 2 јуни, студентите од Факултетот за драмски уметности организираат филмски викенд „ХАЈ-ФАЈ“, информираа организаторите.

ХАЈ-ФАЈ е нова меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Истата ќе служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци.Програмата за овој прв настан е поделена на официјална филмска програма со студентски кратки филмови на колеги од Србија, Косово, Словенија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Понатаму, carpe diem програма, чиј фокус е вмрежување. Гостите ќе имаат шанса да ги споделат своите искуства, да предложат соработка и да се запознаат со локалните фестивали, меѓу кои „Синедејс - фестивал на европски филм“, Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, „Дрим Шорт“ филмски фестивал, „Бич филм фестивал“, Младински филмски фестивал, „Ѕирни“ фестивал на филм и музика и „Македокс“ фестивал на документарен филм. Додека, актуелните средношколци иматуранти ќе имаат шанса да се запознаат со овогодишните уписи за филмска режија, снимање и монтажа на ФДУ.

И за крај музичка ОФФ програма каде, во улогата на диск-џокеи, ќе настапат Миа Ѓоргиевска, Лазар Христов и Јане Вељаноски и Марко Младеновиќ и Христијан Ристески. Влезот за сите настани е слободен. Целосната програма и распоред се достапни на социјалните мрежи на ХАЈ-ФАЈ и Академска сцена. ХАЈ-ФАЈ е поддржан од Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Факултетот за драмски уметности, Котур Кафе и Филм, Мамма Италиана и винарија Тиквеш, стои во соопштението на организаторите.

The post ХАЈ-ФАЈ филмски викенд од 31 мај – 2 јуни на ФДУ appeared first on Република.

]]>

Од 31 мај до 2 јуни, студентите од Факултетот за драмски уметности организираат филмски викенд „ХАЈ-ФАЈ“, информираа организаторите.
ХАЈ-ФАЈ е нова меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Истата ќе служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци.Програмата за овој прв настан е поделена на официјална филмска програма со студентски кратки филмови на колеги од Србија, Косово, Словенија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Понатаму, carpe diem програма, чиј фокус е вмрежување. Гостите ќе имаат шанса да ги споделат своите искуства, да предложат соработка и да се запознаат со локалните фестивали, меѓу кои „Синедејс - фестивал на европски филм“, Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, „Дрим Шорт“ филмски фестивал, „Бич филм фестивал“, Младински филмски фестивал, „Ѕирни“ фестивал на филм и музика и „Македокс“ фестивал на документарен филм. Додека, актуелните средношколци иматуранти ќе имаат шанса да се запознаат со овогодишните уписи за филмска режија, снимање и монтажа на ФДУ. И за крај музичка ОФФ програма каде, во улогата на диск-џокеи, ќе настапат Миа Ѓоргиевска, Лазар Христов и Јане Вељаноски и Марко Младеновиќ и Христијан Ристески. Влезот за сите настани е слободен. Целосната програма и распоред се достапни на социјалните мрежи на ХАЈ-ФАЈ и Академска сцена. ХАЈ-ФАЈ е поддржан од Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Факултетот за драмски уметности, Котур Кафе и Филм, Мамма Италиана и винарија Тиквеш, стои во соопштението на организаторите.

The post ХАЈ-ФАЈ филмски викенд од 31 мај – 2 јуни на ФДУ appeared first on Република.

]]>
Се намалува бројот на дипломирани студенти https://republika.mk/zivot/kariera/se-namaluva-brojot-na-diplomirani-studenti/ Tue, 28 May 2024 10:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=782361

Државниот завод за статистика објави дека во 2023 година е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година.

Според податоците на Заводот за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7.422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба со 2022 година.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 043, односно 81,4 проценти се редовни студенти, а 1 379, односно 18,6 проценти вонредни студенти. Од вкупниот број дипломирани, 64,8 проценти се дипломирани студентки.

Триесет и седум проценти дипломирале во рокот, а 63 проценти по рокот.

The post Се намалува бројот на дипломирани студенти appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика објави дека во 2023 година е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година. Според податоците на Заводот за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7.422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба со 2022 година. Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 043, односно 81,4 проценти се редовни студенти, а 1 379, односно 18,6 проценти вонредни студенти. Од вкупниот број дипломирани, 64,8 проценти се дипломирани студентки. Триесет и седум проценти дипломирале во рокот, а 63 проценти по рокот.

The post Се намалува бројот на дипломирани студенти appeared first on Република.

]]>