студен војна Archives - Република https://republika.mk/tema/studen-vojna/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Dec 2022 10:46:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студен војна Archives - Република https://republika.mk/tema/studen-vojna/ 32 32 Шолц: Мораме да ја избегнеме блоковската поделба на светот како за време на Студената војна https://republika.mk/vesti/svet/sholc-morame-da-ja-izbegneme-blokovskata-podelba-na-svetot-kako-za-vreme-na-studenata-vojna/ Mon, 05 Dec 2022 10:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=582108

Треба да се спречи создавање нова блоковска поделба во светот, слична на Студената војна, предупреди денеска германскиот канцелар Олаф Шолц во авторскиот текст за Форин аферс, истовремено испраќајќи апел за градење нови партнерства.

Западот мора да застане во одбрана на демократските вредности и да ги заштити отворените општества, „но мора да го избегнеме и искушението повторно да го поделиме светот на блокови“, напиша Шолц.

Ова значи вложување на сите напори во градењето нови партнерства – прагматично и без идеолошки очила, додаде тој.

Шолц особено ги истакна Кина и Русија, како две земји кои претставуваат закана за мултиполарниот свет, каде што е потребно посилно европско и трансатлантско единство за да се надмине оваа закана.

Трансатлантското партнерство останува клучно за да се одговори на предизвикот од заканата на Русија за напад на сојузничката територија, додека, пак, свртувањето на Кина кон изолација и нејзиниот пристап кон Тајван бараат Европа и Северна Америка да воспостават нови и посилни партнерства со земјите ширум светот, напиша германскиот канцелар.

Германците имаат намера да станат гарант на европската безбедност што ја очекуваат нашите сојузници, градител на мостови внатре во Европската унија и поборник за мултилатерални решенија за глобалните проблеми, напиша Шолц во тектсот за Форин аферс.

The post Шолц: Мораме да ја избегнеме блоковската поделба на светот како за време на Студената војна appeared first on Република.

]]>

Треба да се спречи создавање нова блоковска поделба во светот, слична на Студената војна, предупреди денеска германскиот канцелар Олаф Шолц во авторскиот текст за Форин аферс, истовремено испраќајќи апел за градење нови партнерства. Западот мора да застане во одбрана на демократските вредности и да ги заштити отворените општества, „но мора да го избегнеме и искушението повторно да го поделиме светот на блокови“, напиша Шолц.
Ова значи вложување на сите напори во градењето нови партнерства – прагматично и без идеолошки очила, додаде тој.
Шолц особено ги истакна Кина и Русија, како две земји кои претставуваат закана за мултиполарниот свет, каде што е потребно посилно европско и трансатлантско единство за да се надмине оваа закана. Трансатлантското партнерство останува клучно за да се одговори на предизвикот од заканата на Русија за напад на сојузничката територија, додека, пак, свртувањето на Кина кон изолација и нејзиниот пристап кон Тајван бараат Европа и Северна Америка да воспостават нови и посилни партнерства со земјите ширум светот, напиша германскиот канцелар.
Германците имаат намера да станат гарант на европската безбедност што ја очекуваат нашите сојузници, градител на мостови внатре во Европската унија и поборник за мултилатерални решенија за глобалните проблеми, напиша Шолц во тектсот за Форин аферс.

The post Шолц: Мораме да ја избегнеме блоковската поделба на светот како за време на Студената војна appeared first on Република.

]]>