студен бран Archives - Република https://republika.mk/tema/studen-bran/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Dec 2023 08:06:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png студен бран Archives - Република https://republika.mk/tema/studen-bran/ 32 32 Студениот бран во Кина постави нови рекорди https://republika.mk/vesti/svet/studeniot-bran-vo-kina-postavi-novi-rekordi/ Thu, 21 Dec 2023 08:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=725107

Во Кина денеска се забележани нови рекордно ниски температури во услови на постојан студ во земјата на крајот на годината во која имаше голем број екстремни метеоролошки појави.

Националната метеоролошка служба извести дека рано утринава повеќе од 20 станици во повеќе делови од земјата забележале рекордно ниски температури за декември.

Во градот Хохот, главен град на провинцијата Внатрешна Монголија во северна Кина), на пример, живата падна на минус 29,1 Целзиусови степени.

Властите издадоа предупредување за ниски температури за големи области во северниот, источниот и југоисточниот дел на земјата.

Сегашниот студен бран следи по летото со рекордни жештини и разорни поплави, особено во северна Кина. Експертите предупредуваат дека глобалното затоплување, предизвикано од емисијата на стакленички гасови во атмосферата, доведува до зачестеност на овие екстремни појави.

Националната метеоролошка служба вчера соопшти дека пет станици во земјата регистрирале рекордно ниски температури, на пример во северниот град Датонг, каде е измерена температура од минус 33,2 степени Целзиусови.

Во северозападната провинција Гансу, каде што во понеделникот во земјотресот загинаа повеќе од 130 луѓе, преживеаните ја поминуваат ноќта завиткани во ќебиња во големите шатори обезбедени од спасувачките служби, обидувајќи се да останат на топло додека надвор е студено.

The post Студениот бран во Кина постави нови рекорди appeared first on Република.

]]>

Во Кина денеска се забележани нови рекордно ниски температури во услови на постојан студ во земјата на крајот на годината во која имаше голем број екстремни метеоролошки појави. Националната метеоролошка служба извести дека рано утринава повеќе од 20 станици во повеќе делови од земјата забележале рекордно ниски температури за декември. Во градот Хохот, главен град на провинцијата Внатрешна Монголија во северна Кина), на пример, живата падна на минус 29,1 Целзиусови степени. Властите издадоа предупредување за ниски температури за големи области во северниот, источниот и југоисточниот дел на земјата. Сегашниот студен бран следи по летото со рекордни жештини и разорни поплави, особено во северна Кина. Експертите предупредуваат дека глобалното затоплување, предизвикано од емисијата на стакленички гасови во атмосферата, доведува до зачестеност на овие екстремни појави. Националната метеоролошка служба вчера соопшти дека пет станици во земјата регистрирале рекордно ниски температури, на пример во северниот град Датонг, каде е измерена температура од минус 33,2 степени Целзиусови. Во северозападната провинција Гансу, каде што во понеделникот во земјотресот загинаа повеќе од 130 луѓе, преживеаните ја поминуваат ноќта завиткани во ќебиња во големите шатори обезбедени од спасувачките служби, обидувајќи се да останат на топло додека надвор е студено.

The post Студениот бран во Кина постави нови рекорди appeared first on Република.

]]>
Како да не беше доволно, во Турција се очекува студен бран со -20 степени и снег https://republika.mk/vesti/svet/kako-da-ne-beshe-dovolno-vo-turtsija-se-ochekuva-leden-bran-so-20-stepeni-i-sneg/ Mon, 06 Feb 2023 22:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=605682

Два разорни земјотреси ги погодија Турција и северна Сирија, а беа почувствувани во целиот регион и во неколку околни земји.

За жал, подрачјето кое беше погодено од катастрофалните земјотреси во наредните денови ќе биде погодено од леден бран. Во наредните денови поголем дел од Турција ќе биде зафатен од леден бран со обилен снег и снежна бура.

Веќе утре снежно невреме ќе го зафати Истанбул, а веќе се откажани голем број летови. После тоа, ледениот бран ќе го зафати и југоисточниот дел на Турција, односно подрачјето погодено од земјотресите. Бидејќи се работи за планинско подрачје со над 1000 метри надморска височина се очекува изобилен снег, силен ветер и снежна бура.

Температурите во градовите ќе се спуштат под -10°С, а во руралните средини под -20°С. Временските (не)прилики дополнително ќе ја отежнат работата на спасувачките служби, а многу студеното време ќе трае со денови. Бидејќи илјадници луѓе останаа без покрив над главата, ледениот бран ќе го загрози и нивниот престој на отворено, или во шатори.

Студената воздушна маса ќе се спушти кон потоплите предели на Медитеранот и Сирија, па ова подрачје ќе биде зафатено од обилни врнежи од дожд и ниски температури, иако се карактеризира со многу благи и топли зими.

The post Како да не беше доволно, во Турција се очекува студен бран со -20 степени и снег appeared first on Република.

]]>

Два разорни земјотреси ги погодија Турција и северна Сирија, а беа почувствувани во целиот регион и во неколку околни земји. За жал, подрачјето кое беше погодено од катастрофалните земјотреси во наредните денови ќе биде погодено од леден бран. Во наредните денови поголем дел од Турција ќе биде зафатен од леден бран со обилен снег и снежна бура. Веќе утре снежно невреме ќе го зафати Истанбул, а веќе се откажани голем број летови. После тоа, ледениот бран ќе го зафати и југоисточниот дел на Турција, односно подрачјето погодено од земјотресите. Бидејќи се работи за планинско подрачје со над 1000 метри надморска височина се очекува изобилен снег, силен ветер и снежна бура. Температурите во градовите ќе се спуштат под -10°С, а во руралните средини под -20°С. Временските (не)прилики дополнително ќе ја отежнат работата на спасувачките служби, а многу студеното време ќе трае со денови. Бидејќи илјадници луѓе останаа без покрив над главата, ледениот бран ќе го загрози и нивниот престој на отворено, или во шатори. Студената воздушна маса ќе се спушти кон потоплите предели на Медитеранот и Сирија, па ова подрачје ќе биде зафатено од обилни врнежи од дожд и ниски температури, иако се карактеризира со многу благи и топли зими.

The post Како да не беше доволно, во Турција се очекува студен бран со -20 степени и снег appeared first on Република.

]]>
Студен арктички бран зафати поголем дел од САД, откажани повеќе од 4.500 летови https://republika.mk/vesti/svet/studen-arktichki-bran-zafati-pogolem-del-od-sad-otkazani-povekje-od-4-500-letovi/ Fri, 23 Dec 2022 08:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=589020

Голем дел од САД беше зафатен од многу студена воздушна маса од Арктикот, а поради бурните ветришта и снежните виулици откажани се повеќе од 4.500 летови на аеродромите низ земјата.

Во поголем дел од земјата е издаден црвен метео аларм, а се очекува снегот да предизвика големи проблеми во сообраќајот во текот на претстојниот викенд.

Американската автомобилска асоцијација проценува дека 112,7 милиони луѓе планирале да патуваат за време на празниците помеѓу 23 декември и 2 јануари.

Големите аеродроми, меѓу кои и оној во Чикаго, како најфреквентен во САД, веќе ги откажаа летовите очекувајќи снежна бура.

Повеќе од 4.500 летови закажани за вчера и денеска се откажани, а повеќе од 1.200 се откажани само на двата главни аеродроми во Чикаго, според службата за следење летови FlightAvare.

Претстојното невреме се очекува да донесе снежни виулици во регионот на Големите езера, обилни дождови проследени со ненадеен пад на температурите на источниот брег, ветрови со брзина до 100 километри на час и екстремно студено време на југ до границата со Мексико.

Постои можност невремето да се претвори во феномен кој метеоролозите го нарекуваат „бомбашки циклон“ – бура која за кратко време станува силна, соопшти Националната метеоролошка служба (НВС).

Циклонот може да предизвика обилни снежни врнежи и силен ветер, како и да создаде речиси нулта видливост на патиштата, соопшти метеоролошката служба.

Како што најавија, можни се и прекини на струја, како последица на силен ветер, снег во комбинација со поголема потрошувачка на струја.

The post Студен арктички бран зафати поголем дел од САД, откажани повеќе од 4.500 летови appeared first on Република.

]]>

Голем дел од САД беше зафатен од многу студена воздушна маса од Арктикот, а поради бурните ветришта и снежните виулици откажани се повеќе од 4.500 летови на аеродромите низ земјата. Во поголем дел од земјата е издаден црвен метео аларм, а се очекува снегот да предизвика големи проблеми во сообраќајот во текот на претстојниот викенд. Американската автомобилска асоцијација проценува дека 112,7 милиони луѓе планирале да патуваат за време на празниците помеѓу 23 декември и 2 јануари. Големите аеродроми, меѓу кои и оној во Чикаго, како најфреквентен во САД, веќе ги откажаа летовите очекувајќи снежна бура. Повеќе од 4.500 летови закажани за вчера и денеска се откажани, а повеќе од 1.200 се откажани само на двата главни аеродроми во Чикаго, според службата за следење летови FlightAvare. Претстојното невреме се очекува да донесе снежни виулици во регионот на Големите езера, обилни дождови проследени со ненадеен пад на температурите на источниот брег, ветрови со брзина до 100 километри на час и екстремно студено време на југ до границата со Мексико. Постои можност невремето да се претвори во феномен кој метеоролозите го нарекуваат „бомбашки циклон“ – бура која за кратко време станува силна, соопшти Националната метеоролошка служба (НВС). Циклонот може да предизвика обилни снежни врнежи и силен ветер, како и да создаде речиси нулта видливост на патиштата, соопшти метеоролошката служба. Како што најавија, можни се и прекини на струја, како последица на силен ветер, снег во комбинација со поголема потрошувачка на струја.

The post Студен арктички бран зафати поголем дел од САД, откажани повеќе од 4.500 летови appeared first on Република.

]]>
Доаѓа студен бран, деновиве ќе биде до -15 https://republika.mk/zivot/servisi/doagja-studen-bran-denovive-kje-bide-do-15/ Fri, 21 Jan 2022 11:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=447666

Следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата.

Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови.

Утре, најниската утринска температурата ќе биде -12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до два степена.

Во вторник се очекува најниската утринска температура да изнесува -15 степени.

Според прогнозата на УХМР, најстудено ќе биде во понеделник со дневна температура од -5 до два степена.

The post Доаѓа студен бран, деновиве ќе биде до -15 appeared first on Република.

]]>

Следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови. Утре, најниската утринска температурата ќе биде -12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до два степена. Во вторник се очекува најниската утринска температура да изнесува -15 степени. Според прогнозата на УХМР, најстудено ќе биде во понеделник со дневна температура од -5 до два степена.

The post Доаѓа студен бран, деновиве ќе биде до -15 appeared first on Република.

]]>