струшко Archives - Република https://republika.mk/tema/strushko/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Apr 2024 12:34:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png струшко Archives - Република https://republika.mk/tema/strushko/ 32 32 Кривична пријава за две лица поради предизвикување пожар во Струшко https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-dve-litsa-poradi-predizvikuvane-pozhar-vo-strushko/ Thu, 11 Apr 2024 12:34:46 +0000 https://republika.mk/?p=764979

Струшката полиција поднесе кривична пријава против две лица, жител на селото Франгово и албански државјанин, поради „предизвикување општа опасност“, соопшти денеска СВР Охрид.

Лицата, ангажирани од месната заедница на Франгово да го чистат просторот околу селото, го собрале сметот и несовесно го запалиле.

Според СВР Охрид, 50-годишниот Б.И. од струшкото село Франгово и Л.Р.(40) од Република Албанија предизвикале пожар.

Двајцата, со палење на отпадни материјали и стрништа во месноста „Добра вода“, атар на селото Франгово, предизвикале пожар чие ширење кон селото било спречено со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, изјави портпаролот Стефан Димоски.

The post Кривична пријава за две лица поради предизвикување пожар во Струшко appeared first on Република.

]]>

Струшката полиција поднесе кривична пријава против две лица, жител на селото Франгово и албански државјанин, поради „предизвикување општа опасност“, соопшти денеска СВР Охрид. Лицата, ангажирани од месната заедница на Франгово да го чистат просторот околу селото, го собрале сметот и несовесно го запалиле. Според СВР Охрид, 50-годишниот Б.И. од струшкото село Франгово и Л.Р.(40) од Република Албанија предизвикале пожар.
Двајцата, со палење на отпадни материјали и стрништа во месноста „Добра вода“, атар на селото Франгово, предизвикале пожар чие ширење кон селото било спречено со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, изјави портпаролот Стефан Димоски.

The post Кривична пријава за две лица поради предизвикување пожар во Струшко appeared first on Република.

]]>
Вонредна инспекциja во Струшко, некој си гради нелегално на државно земјиште https://republika.mk/vesti/makedonija/vonredna-inspektsija-vo-strushko-nekoj-si-gradi-nelegalno-na-drzhavno-zemjishte/ Wed, 21 Feb 2024 13:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=746590

Градежни активности изведени од камен за оградување на парцели меѓу Охридското Езеро и патот село Радожда–Струга констатирале инспекторите при вчерашниот вонреден надзор.

По добиена пријава од граѓанската иницијатива Охрид СОС дека на охридското крајбрежје на потегот од Струга кон Радожда се изведуваат градежни активности, Државниот инспекторат за животна средина денеска соопшти дека на терен излегле виш инспектор за заштита на природата, државниот инспектор за животна средина од канцеларија Охрид и овластени инспектори од општина Струга за животна средина и градежништво, како и инспектори од ОВР Струга.

На едната локација имаше градежни активности за изградба на ѕид најверојатно од бетон за што имаше поставено шаловани оплати, кои не беа во езерото. На лице место немаше присутни лица, кои ги изведуваат градежните активности, исто така немаше градежна механизација, стои во информацијата на Државниот инспекторат за животна средина.

Постапката, како што наведуваат, треба да продолжи од Општина Струга, согласно законските овластувања.

Општина Струга е одговорна за одржување, чување, почитување и правилно користење на природното и културното наследство, како и за преземање мерки за правилно користење на светското природно наследство согласно Законот за управување со светското природно и културно наследство на охридскиот регион, појаснува Инспекторатот.

На истата локација на охридското крајбрежје на потегот кон селото Радожда, Државниот инспекторат за животна средина постапувал и претходно во текот на годинава при што била покрената кривична постапка со доставено барање до ОЈО Струга. Кривична пријава до ОЈО Струга била доставена и претходно за идентичната локација.

The post Вонредна инспекциja во Струшко, некој си гради нелегално на државно земјиште appeared first on Република.

]]>

Градежни активности изведени од камен за оградување на парцели меѓу Охридското Езеро и патот село Радожда–Струга констатирале инспекторите при вчерашниот вонреден надзор. По добиена пријава од граѓанската иницијатива Охрид СОС дека на охридското крајбрежје на потегот од Струга кон Радожда се изведуваат градежни активности, Државниот инспекторат за животна средина денеска соопшти дека на терен излегле виш инспектор за заштита на природата, државниот инспектор за животна средина од канцеларија Охрид и овластени инспектори од општина Струга за животна средина и градежништво, како и инспектори од ОВР Струга.
На едната локација имаше градежни активности за изградба на ѕид најверојатно од бетон за што имаше поставено шаловани оплати, кои не беа во езерото. На лице место немаше присутни лица, кои ги изведуваат градежните активности, исто така немаше градежна механизација, стои во информацијата на Државниот инспекторат за животна средина.
Постапката, како што наведуваат, треба да продолжи од Општина Струга, согласно законските овластувања.
Општина Струга е одговорна за одржување, чување, почитување и правилно користење на природното и културното наследство, како и за преземање мерки за правилно користење на светското природно наследство согласно Законот за управување со светското природно и културно наследство на охридскиот регион, појаснува Инспекторатот.
На истата локација на охридското крајбрежје на потегот кон селото Радожда, Државниот инспекторат за животна средина постапувал и претходно во текот на годинава при што била покрената кривична постапка со доставено барање до ОЈО Струга. Кривична пријава до ОЈО Струга била доставена и претходно за идентичната локација.

The post Вонредна инспекциja во Струшко, некој си гради нелегално на државно земјиште appeared first on Република.

]]>
Несреќа во Струшко: Возачот се здобил со тешки повреди https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nesreka-vo-strushko-vozachot-se-zdobil-so-teshki-povredi/ Sat, 20 Jan 2024 11:31:56 +0000 https://republika.mk/?p=734894

На 19.01.2024 околу 22.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионален пат Р1201, кај место викано „Мороишки мост“, струшко, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.З.(37) од с.Враништа, струшко, излетало од патот.

Во несреќата, возачот И.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

The post Несреќа во Струшко: Возачот се здобил со тешки повреди appeared first on Република.

]]>

На 19.01.2024 околу 22.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионален пат Р1201, кај место викано „Мороишки мост“, струшко, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.З.(37) од с.Враништа, струшко, излетало од патот. Во несреќата, возачот И.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

The post Несреќа во Струшко: Возачот се здобил со тешки повреди appeared first on Република.

]]>
Струшко е во потрага по две девојчиња другарки што побегнале од дома https://republika.mk/vesti/crna-hronika/strushko-e-vo-potraga-po-dve-devojchina-drugarki-shto-pobegnale-od-doma/ Thu, 14 Dec 2023 12:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=722930

Две малолетнички од струшкото село Мислешево се пријавени дека се оддалечиле од дома, соопшти денеска СВР Охрид.

Случајот во полиција го пријавила синоќа мајката на една од малолетничките, чија ќерка и претходно го напуштала домот.

- Во ОВР Струга, синоќа во 23 часот, Љ.П.(43) од село Мороишта, струшко, пријавила дека од семејниот дом се оддалечиле нејзината ќерка Т.П.(14) и нејзината другарка А.С(15) од селото Ложани, струшко. Малолетничките и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и се враќале, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчињата, кои и пред неполн месец биле пријавени за исчезнати, но по неколку дена сами се вратиле дома. Една од малолетничките при претходното заминување украла 2.000 евра од семејниот дом.

The post Струшко е во потрага по две девојчиња другарки што побегнале од дома appeared first on Република.

]]>

Две малолетнички од струшкото село Мислешево се пријавени дека се оддалечиле од дома, соопшти денеска СВР Охрид. Случајот во полиција го пријавила синоќа мајката на една од малолетничките, чија ќерка и претходно го напуштала домот. - Во ОВР Струга, синоќа во 23 часот, Љ.П.(43) од село Мороишта, струшко, пријавила дека од семејниот дом се оддалечиле нејзината ќерка Т.П.(14) и нејзината другарка А.С(15) од селото Ложани, струшко. Малолетничките и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и се враќале, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчињата, кои и пред неполн месец биле пријавени за исчезнати, но по неколку дена сами се вратиле дома. Една од малолетничките при претходното заминување украла 2.000 евра од семејниот дом.

The post Струшко е во потрага по две девојчиња другарки што побегнале од дома appeared first on Република.

]]>
Инцидент во струшко: 22-годишник се обидел да прегази друго младо момче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/incident-vo-strushko-22-godishnik-se-obidel-da-pregazi-drugo-mlado-momche/ Tue, 25 Oct 2022 14:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=565527

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М. Е. (22) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Како што соопштија од МВР, тој 2 септември годинава во селотo се обидел физички да го нападне А. Ш. (26) од струшкото село Ливада, по што со својот автомобил се обидел да го удри.

 

The post Инцидент во струшко: 22-годишник се обидел да прегази друго младо момче appeared first on Република.

]]>

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М. Е. (22) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Како што соопштија од МВР, тој 2 септември годинава во селотo се обидел физички да го нападне А. Ш. (26) од струшкото село Ливада, по што со својот автомобил се обидел да го удри.  

The post Инцидент во струшко: 22-годишник се обидел да прегази друго младо момче appeared first on Република.

]]>