струмички карневал Archives - Република https://republika.mk/tema/strumichki-karneval/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Mar 2024 20:54:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png струмички карневал Archives - Република https://republika.mk/tema/strumichki-karneval/ 32 32 Убави струмичанки на карневалот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ubavi-strumichanki-na-karnevalot/ Sat, 16 Mar 2024 21:03:22 +0000 https://republika.mk/?p=755503

Холандија на дланка“, но и цел стар и нов свет дојде вечерва на Интернационалното карневалско дефиле во Струмица. Откако кралот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“ почна да тече реката од карневали составена од 48 групи со над 1.000 учесници од земјава и странство кои повеќе од 3 часови дефилираа низ улиците на градот.

 

Карневалот традиционално го отворија струмичките мажоретки, а први настапија перкусионистите-гостите од Кукуш, Република Грција. По нив како на филмска лента се редеа маски со мотиви од цел свет, а реката од маски само на момент запираше кога групните, но и поеденичните маски, ги претставуваа своите кореографии пред жирито и бројната публика.

-Нашата маска има тема „Моќта на боговите“. Не случајно ја избравме, бидејќи решивме оваа вечер сите богови да се спојат, да ни ја вратат добрината, човечноста-карактеристики кои во последно време се помалку и помалку ги имаме, рече Благица Устапетрова од ОУ „Маршал Тито“.

На почетокот на карневалот се обрати градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кому претседателот на Европската федерација на карневалските градови, Ларс Алгел, му врачи плакета и медал.

-Огромна гордост е да се биде градоначалник во моменти кога Струмичкиот карневал го слави јубилејот 30 години членство во FECC (Федерација на европските карневаслки градови). Се ндадевам дека некој друг градочалник на 60 годишнината ќе ја има честа да го добие овој медал. Особено сум горд како градоначалник што сите струмичани ги отворија портите за сите гости од земјава и странство да ја видат струмичката креативност и да ја почувствуваат струмичката карневалска магија, рече струмичкиот градоначалник кој во своето обраќање ги поздрави гостите од земјава и странство, претставници на дипломатскиот кор во државата и владини претставници.

The post Убави струмичанки на карневалот appeared first on Република.

]]>

Холандија на дланка“, но и цел стар и нов свет дојде вечерва на Интернационалното карневалско дефиле во Струмица. Откако кралот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“ почна да тече реката од карневали составена од 48 групи со над 1.000 учесници од земјава и странство кои повеќе од 3 часови дефилираа низ улиците на градот.   Карневалот традиционално го отворија струмичките мажоретки, а први настапија перкусионистите-гостите од Кукуш, Република Грција. По нив како на филмска лента се редеа маски со мотиви од цел свет, а реката од маски само на момент запираше кога групните, но и поеденичните маски, ги претставуваа своите кореографии пред жирито и бројната публика.
-Нашата маска има тема „Моќта на боговите“. Не случајно ја избравме, бидејќи решивме оваа вечер сите богови да се спојат, да ни ја вратат добрината, човечноста-карактеристики кои во последно време се помалку и помалку ги имаме, рече Благица Устапетрова од ОУ „Маршал Тито“.
На почетокот на карневалот се обрати градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кому претседателот на Европската федерација на карневалските градови, Ларс Алгел, му врачи плакета и медал. -Огромна гордост е да се биде градоначалник во моменти кога Струмичкиот карневал го слави јубилејот 30 години членство во FECC (Федерација на европските карневаслки градови). Се ндадевам дека некој друг градочалник на 60 годишнината ќе ја има честа да го добие овој медал. Особено сум горд како градоначалник што сите струмичани ги отворија портите за сите гости од земјава и странство да ја видат струмичката креативност и да ја почувствуваат струмичката карневалска магија, рече струмичкиот градоначалник кој во своето обраќање ги поздрави гостите од земјава и странство, претставници на дипломатскиот кор во државата и владини претставници.

The post Убави струмичанки на карневалот appeared first on Република.

]]>
Игор Џамбазов ќе биде водител на Главната карневалска вечер во Струмица https://republika.mk/scena/muzika/igor-dhambazov-ke-bide-voditel-na-glavnata-karnevalska-vecher-vo-strumitsa/ Mon, 11 Mar 2024 14:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=753694

Со предавањето на клучот на градот од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на карневалистите, задутре почнуваат годинашните карневалски празнувања кои ќе траат до 20 овој месец.

На денешната прес-конференција беше соопштена програмата на годинашното карневалско издание, а главната карневалска вечер со интернационалното дефиле ќе се одржи на 16 март, в сабота.

Во интернационалното карневалско дефиле ќе учествуваат 49 карневалски групи, од кои 20 се гости од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грција и Бугарија, а ќе учествуваат и групи од македонските градови Куманово, Пробиштип и Кавадарци. Имајќи во предвид дека во рамките на карневалските свечености ќе биде одбележан и јубилејот-30 години од приемот на Струмица во Федерацијата на европските карневалски градови-FECC, годинава на Струмичкиот карневал ќе има голем број гости од FECC од повеќе европски земји, рече претседателот на Организационот одбор на Струмикиот карнавел, Александар Цицимов.

Градоначалникот Костадинов го изрази задоволството од успешното негување на вековната карневалска традиција и притоа истакна дека Струмичкиот карневал е еден од најзначајните културни настани во државата.

Во деновите кога со градот ќе управуваат карневалистиет се надевам дека успешно ќе го менаџираат и ќе имаме што повеќе насмеани лица, повеќе песни, да имаме многу забава и се надевам дека ќе имаме многу гости, рече Костадинов.

На прес конференцијата беше и познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов, кој ќе биде водител на Главната карневалска вечер и Маскенбалот, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот.

 

The post Игор Џамбазов ќе биде водител на Главната карневалска вечер во Струмица appeared first on Република.

]]>

Со предавањето на клучот на градот од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на карневалистите, задутре почнуваат годинашните карневалски празнувања кои ќе траат до 20 овој месец. На денешната прес-конференција беше соопштена програмата на годинашното карневалско издание, а главната карневалска вечер со интернационалното дефиле ќе се одржи на 16 март, в сабота.
Во интернационалното карневалско дефиле ќе учествуваат 49 карневалски групи, од кои 20 се гости од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грција и Бугарија, а ќе учествуваат и групи од македонските градови Куманово, Пробиштип и Кавадарци. Имајќи во предвид дека во рамките на карневалските свечености ќе биде одбележан и јубилејот-30 години од приемот на Струмица во Федерацијата на европските карневалски градови-FECC, годинава на Струмичкиот карневал ќе има голем број гости од FECC од повеќе европски земји, рече претседателот на Организационот одбор на Струмикиот карнавел, Александар Цицимов.
Градоначалникот Костадинов го изрази задоволството од успешното негување на вековната карневалска традиција и притоа истакна дека Струмичкиот карневал е еден од најзначајните културни настани во државата.
Во деновите кога со градот ќе управуваат карневалистиет се надевам дека успешно ќе го менаџираат и ќе имаме што повеќе насмеани лица, повеќе песни, да имаме многу забава и се надевам дека ќе имаме многу гости, рече Костадинов.
На прес конференцијата беше и познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов, кој ќе биде водител на Главната карневалска вечер и Маскенбалот, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот.  

The post Игор Џамбазов ќе биде водител на Главната карневалска вечер во Струмица appeared first on Република.

]]>
Струмичкиот карневал ќе се одржи на 16 март https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/strumichkiot-karneval-ke-se-odrzhi-na-16-mart/ Fri, 16 Feb 2024 09:51:05 +0000 https://republika.mk/?p=744759

Главната карневалска вечер на годинашното издание на Интернационалниот струмички карневал ќе се одржи на 16 март. Организациониот одбор денеска ги објави плакатот и програмата за карневалот, кој и годинава ќе трае 8 денови, од 13 до 20 март.

Вообичаено карневалските празнувања почнуваат со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите, а потоа треба да биде отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“.

На 14 март ќе се одржат два концерти под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“, а меѓу концертите е предвидено отворање на изложба „30 години во FECC“, а ќе се објават и резулатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето“.

В петок, на 15 март, ќе одржи традиционалниот маскенбал, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно со кралската свита ќе ја предводат Интернационалната карневалска поворка на главната карневалска вечер на 16 март во 18:30 часот.

Детскиот карневал се одржува традиционалнао на празникот Прочка, в недела на 17 март, а на Чист Понеделник (18 март) карневалските празнувања продолжуваат со варење и консумирање на традицоналниот бел грав, а ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер. Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на најуспешните.

Претпоследниот ден е резервиран за Карневалско корзо и доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер.

Карневалот завршува на 20 март со организирање Тримерски ручек и настап на Распеани струмичани, како и враќање на клучот од градот на градоначалникот од страна на карневалистите.

Инаку, датумот на одржување на Струмичкиот карневал секоја година е различен, бидејќи се поврзува со почетокот на големиот велигденски пост кој почнува секоја година на верскиот празник Прочка и трае 40 денови.

 

The post Струмичкиот карневал ќе се одржи на 16 март appeared first on Република.

]]>

Главната карневалска вечер на годинашното издание на Интернационалниот струмички карневал ќе се одржи на 16 март. Организациониот одбор денеска ги објави плакатот и програмата за карневалот, кој и годинава ќе трае 8 денови, од 13 до 20 март. Вообичаено карневалските празнувања почнуваат со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите, а потоа треба да биде отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“. На 14 март ќе се одржат два концерти под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“, а меѓу концертите е предвидено отворање на изложба „30 години во FECC“, а ќе се објават и резулатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето“. В петок, на 15 март, ќе одржи традиционалниот маскенбал, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно со кралската свита ќе ја предводат Интернационалната карневалска поворка на главната карневалска вечер на 16 март во 18:30 часот. Детскиот карневал се одржува традиционалнао на празникот Прочка, в недела на 17 март, а на Чист Понеделник (18 март) карневалските празнувања продолжуваат со варење и консумирање на традицоналниот бел грав, а ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер. Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на најуспешните. Претпоследниот ден е резервиран за Карневалско корзо и доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер. Карневалот завршува на 20 март со организирање Тримерски ручек и настап на Распеани струмичани, како и враќање на клучот од градот на градоначалникот од страна на карневалистите. Инаку, датумот на одржување на Струмичкиот карневал секоја година е различен, бидејќи се поврзува со почетокот на големиот велигденски пост кој почнува секоја година на верскиот празник Прочка и трае 40 денови.  

The post Струмичкиот карневал ќе се одржи на 16 март appeared first on Република.

]]>
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: 459.000 денари од Годишната програма на Министерството за култура 2023, за Струмичкиот карневал, од програмата за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство https://republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-459-000-denari-od-godishnata-programa-na-ministerstvoto-za-kultura-2023-za-strumichkiot-karneval-od-programata-za-muzejska-dejnost-i-zashtita-na-nematerijalnoto-kultu/ Sun, 26 Feb 2023 16:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=613377

459.000 денари од Годишната програма на Министерството за култура 2023, за Струмичкиот карневал, од програмата за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство, корисник Општина Струмица!, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: 459.000 денари од Годишната програма на Министерството за култура 2023, за Струмичкиот карневал, од програмата за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство appeared first on Република.

]]>

459.000 денари од Годишната програма на Министерството за култура 2023, за Струмичкиот карневал, од програмата за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство, корисник Општина Струмица!, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: 459.000 денари од Годишната програма на Министерството за култура 2023, за Струмичкиот карневал, од програмата за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство appeared first on Република.

]]>
Костадинов: Се случи бришење на границите на Балканот, се случи Европа без граници https://republika.mk/vesti/makedonija/kostadinov-se-sluchi-brishene-na-granitsite-na-balkanot-se-sluchi-evropa-bez-granitsi/ Sat, 25 Feb 2023 08:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=613010

Се случи бришење на границите на Балканот, се случи Европа без граници. Беше преубаво да се биде дел од маскенбалот во хотелот „Сириус“, и да се види како луѓе под маски од различни земји и нации заедно пеат, играат и се веселат“, истакна градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, за почетокот на Струмичкиот карневал.

Хрвати, Срби, Босанци, Црногорци, Грци, Бугари и Македонци, но и гости од Шведска, Германија, Холандија,Италија, Словенија и Турција, вечерва беа едно. Можеби тоа беше најубавиот маскенбал од сите досега одржани, маскенбал каков што само може да се посака.

Им честитам на новоизбраните принц и принцеза Атанас Костуранов и Катерина Јовановска и им посакувам незаборавно учество во царската свита, на утрешната интернационална карневалска поворка.

Ако вечерва беше убаво, утревечер нека биде уште поубаво, нека биде вистинско СТРУМИЧКО ЧУДО“, вели Костадинов.

The post Костадинов: Се случи бришење на границите на Балканот, се случи Европа без граници appeared first on Република.

]]>

Се случи бришење на границите на Балканот, се случи Европа без граници. Беше преубаво да се биде дел од маскенбалот во хотелот „Сириус“, и да се види како луѓе под маски од различни земји и нации заедно пеат, играат и се веселат“, истакна градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, за почетокот на Струмичкиот карневал. Хрвати, Срби, Босанци, Црногорци, Грци, Бугари и Македонци, но и гости од Шведска, Германија, Холандија,Италија, Словенија и Турција, вечерва беа едно. Можеби тоа беше најубавиот маскенбал од сите досега одржани, маскенбал каков што само може да се посака. Им честитам на новоизбраните принц и принцеза Атанас Костуранов и Катерина Јовановска и им посакувам незаборавно учество во царската свита, на утрешната интернационална карневалска поворка.
Ако вечерва беше убаво, утревечер нека биде уште поубаво, нека биде вистинско СТРУМИЧКО ЧУДО“, вели Костадинов.

The post Костадинов: Се случи бришење на границите на Балканот, се случи Европа без граници appeared first on Република.

]]>
Објавена програмата на Струмичкиот карневал https://republika.mk/vesti/kultura/objavena-programata-na-strumichkiot-karneval/ Tue, 31 Jan 2023 12:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=602977

Годинашново издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 22 февруари до 1 март. Организациониот одбор ја објави програмата, а карневалот ќе почне со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите.

Веднаш потоа е закажана изложба на карневалски маски на СОУ „Никола Карев“, а наредниот ден е резервиран за Концертот под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, како и за објавување на резултатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето“.

В петок, на 24 февруари, треба да се одржи традиционалниот маскенбал, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно со кралската свита ќе ја предводат Интернационалната карневалска поворка на главната карневалска вечер ( 25 февруари 18,30 ч.).

Празникот Прочка ( 26 февруари, недела) е резервиран за Детскиот карневал, на кој најмладите ќе продефилираат во маските на нивните омилени јунаци од филмовите и бајките.

На Чист Понеделник (27 февруари) карневалските празнувања продолжуваат со варење и консумирање на традицоналниот бел грав, а ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер. Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на најуспешните.

Претпоследниот ден е резервиран за Карневалско корзо и доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер.

Карневалот завршува на 1 март со организирање Тримерски ручек и настап на Распеани струмичани, како и враќање на клучот од градот на градоначалникот од страна на карневалистите.

 

The post Објавена програмата на Струмичкиот карневал appeared first on Република.

]]>

Годинашново издание на Струмичкиот карневал ќе се одржи од 22 февруари до 1 март. Организациониот одбор ја објави програмата, а карневалот ќе почне со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите. Веднаш потоа е закажана изложба на карневалски маски на СОУ „Никола Карев“, а наредниот ден е резервиран за Концертот под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, како и за објавување на резултатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето“. В петок, на 24 февруари, треба да се одржи традиционалниот маскенбал, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно со кралската свита ќе ја предводат Интернационалната карневалска поворка на главната карневалска вечер ( 25 февруари 18,30 ч.). Празникот Прочка ( 26 февруари, недела) е резервиран за Детскиот карневал, на кој најмладите ќе продефилираат во маските на нивните омилени јунаци од филмовите и бајките. На Чист Понеделник (27 февруари) карневалските празнувања продолжуваат со варење и консумирање на традицоналниот бел грав, а ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер. Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на најуспешните. Претпоследниот ден е резервиран за Карневалско корзо и доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер. Карневалот завршува на 1 март со организирање Тримерски ручек и настап на Распеани струмичани, како и враќање на клучот од градот на градоначалникот од страна на карневалистите.  

The post Објавена програмата на Струмичкиот карневал appeared first on Република.

]]>
Костадинов и сопругата како гроф и грофица, еве каква порака испраќаат со нивните маски https://republika.mk/vesti/kultura/kostadinov-i-soprugata-kako-grof-i-grofica-eve-kakva-poraka-isprakjaat-so-nivnite-maski/ Sat, 05 Mar 2022 07:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=468038

Вечер во Струмица, кога кралот на карневалот на своите поданици ќе им соопшти дека вековната традиција на струмичани може да почне, низ улиците на градот ќе потече река од маски. Дваесетина домашни карневалски групи и три од Србија и Грција ќе ги претстават своите маски и со настап пред жири комисијата на плоштадот ќе се натпреваруваат за парични награди во повеќе категории.

Синоќа во Хотелот „Сириус“ се одржа традиционалниот маскенбал на кој Андреј и Слободанка Туџарови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал. Тие заедно со кралската свита вечер ќе ја предводат карневалската поворка по улиците на градот.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов заедно со сопругата Марија, на маскенбалот беа во маски на гроф и грофица. Според него, најважно е што по пауза од две години заради пандемијата продолжува вековната традиција во полн сјај.

Со нашата маска, која ја избра сопругата, не испраќаме никаква порака, туку е во духот на карневалските празнувања, рече Костадинов.

Претседателот на Организацискиот одбор на карневалот, Александар Цицимов, смета дека и покрај намалениот број маски и учесници на карневалот, сепак тој го задржува својот сјај.

Сметам дека идната година ќе можеме да организираме помасовен карневал, а денес се надевам дека времето ќе не послужи, бидејќи Господ е со карневалистите и ќе имаме прекрасно дефиле, рече Цицимов.

Пред почетокот на главниот карневалски настан – тргнувањето на карневалската поворка, градоначалникот на Струмица ќе организира прием за претставници од карневалските групи и гостите, меѓу кои се очекуваат и претставници на дипломатскиот кор во државата, владини претставници и гости од странство.

Празнувањата продолжуваат утре, на празникот Прочка, кога се одржува традиционалниот детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.

The post Костадинов и сопругата како гроф и грофица, еве каква порака испраќаат со нивните маски appeared first on Република.

]]>

Вечер во Струмица, кога кралот на карневалот на своите поданици ќе им соопшти дека вековната традиција на струмичани може да почне, низ улиците на градот ќе потече река од маски. Дваесетина домашни карневалски групи и три од Србија и Грција ќе ги претстават своите маски и со настап пред жири комисијата на плоштадот ќе се натпреваруваат за парични награди во повеќе категории. Синоќа во Хотелот „Сириус“ се одржа традиционалниот маскенбал на кој Андреј и Слободанка Туџарови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал. Тие заедно со кралската свита вечер ќе ја предводат карневалската поворка по улиците на градот. Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов заедно со сопругата Марија, на маскенбалот беа во маски на гроф и грофица. Според него, најважно е што по пауза од две години заради пандемијата продолжува вековната традиција во полн сјај.
Со нашата маска, која ја избра сопругата, не испраќаме никаква порака, туку е во духот на карневалските празнувања, рече Костадинов.
Претседателот на Организацискиот одбор на карневалот, Александар Цицимов, смета дека и покрај намалениот број маски и учесници на карневалот, сепак тој го задржува својот сјај.
Сметам дека идната година ќе можеме да организираме помасовен карневал, а денес се надевам дека времето ќе не послужи, бидејќи Господ е со карневалистите и ќе имаме прекрасно дефиле, рече Цицимов.
Пред почетокот на главниот карневалски настан – тргнувањето на карневалската поворка, градоначалникот на Струмица ќе организира прием за претставници од карневалските групи и гостите, меѓу кои се очекуваат и претставници на дипломатскиот кор во државата, владини претставници и гости од странство. Празнувањата продолжуваат утре, на празникот Прочка, кога се одржува традиционалниот детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.

The post Костадинов и сопругата како гроф и грофица, еве каква порака испраќаат со нивните маски appeared first on Република.

]]>
Ковидот не го одложи струмичкиот карневал https://republika.mk/vesti/kultura/kovidot-ne-go-odlozi-strumichkiot-karneval/ Wed, 26 Jan 2022 13:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=449775

Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува од 2 до 9 март, но во скратено издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од ковид-19.

Ова го соопшти денеска градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека вековната карневалска традиција на Градот под Царевите Кули не може да има подолги паузи.

Тоа ќе ги демотивира карневалските групи да не учествуваат во иднина на карневалот. Карневалот ќе се одржи, но ќе биде од локален карактер. Покрај карневалистите од Струмица, ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кои најчесто учествуваа. Барање на струмичани е да не престане вековната традиција и апелирам до сите максимално да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од пандемијата, изјави Костадинов.

The post Ковидот не го одложи струмичкиот карневал appeared first on Република.

]]>

Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува од 2 до 9 март, но во скратено издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од ковид-19. Ова го соопшти денеска градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека вековната карневалска традиција на Градот под Царевите Кули не може да има подолги паузи.
Тоа ќе ги демотивира карневалските групи да не учествуваат во иднина на карневалот. Карневалот ќе се одржи, но ќе биде од локален карактер. Покрај карневалистите од Струмица, ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кои најчесто учествуваа. Барање на струмичани е да не престане вековната традиција и апелирам до сите максимално да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од пандемијата, изјави Костадинов.

The post Ковидот не го одложи струмичкиот карневал appeared first on Република.

]]>