струмица Archives - Република https://republika.mk/tema/strumica/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 10:46:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png струмица Archives - Република https://republika.mk/tema/strumica/ 32 32 Општина Струмица официјално се откажува од членството во ЗЕЛС, Костадинов ќе поднесе оставка на функцијата во Управниот одбор https://republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-strumitsa-ofitsijalno-se-otkazhuva-od-chlenstvoto-vo-zels-kostadinov-ke-podnese-ostavka-na-funktsijata-vo-upravniot-odbor/ Thu, 24 Oct 2024 10:46:00 +0000 https://republika.mk/?p=830533

Општина Струмица од денеска се откажува од членството во Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а градоначалникот Костадин Костадинов ќе поднесе оставка на функцијата член на Управниот одбор. Напуштањето на ЗЕЛС е во знак на револт заради индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици - водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот проект од Струмица за реализација со средства од унгарскиот кредит, соопштија денеска од локалната самоуправа откако синоќа ваквата одлука ја најави градоначалникот Костадин Костадинов.

Во соопштението се додава дека Општина Струмица како институција не е удостоена со ниедна писмена одлука од Владата и нејзините институции, а за нив дознавале од медиумите.

Заради сето ова, го напуштаме ЗЕЛС, а членството ќе важи исклучиво за законските ингеренции на ЗЕЛС во однос на системите на општините, за се друго сме надвор од ЗЕЛС, стои во соопштението.

Од Општина Струмица наведуваат дека според Статутот на ЗЕЛС, оваа заедница ги застапува и брани интересите на своите членови пред Претседателот на Републиката, Собранието и Владата, министерствата и други институции во чија надлежност се работите од областа на локалната самоуправа.

Но, досега, од појавувањето на проблемот со водата од 27 септември, ЗЕЛС не покажа апсолутно никаков интерес, иако е сведок дека надлежните државни институции, пред се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство под чија надлежност е браната „Турија“ од која Струмица и 6 населени места се снабдуваат со вода за пиење, не мрдна со малиот прст, напротив, преку Агенцијата за храна и ветерина со анализите и резултатите од нив, си игра мајтап со струмичани, се посочува во соопштението.

За Општина Струмица ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права и уставните права и слободи.

Во заштита и интерес на моите сограѓани за нивното најголемо богатство-здравјето, ќе продолжам да се борам со сите сили и расположливи средства, потврдувајќи по кој знае кој пат дека тие ми се најважни и за нив компромиси нема да има. Јас како градоначалник, Општина Струмица, менаџерскиот тим и вработените во ЈПКД „Комуналец“ ќе продолжиме со нашата упорност во докажувањето на вистината дека водата е исправна и микробилошки и по хемиско физичкиот состав. Срамно и жално е да се тера политика врз здравјето на граѓаните на општина Струмица, срамно е да се јадат печени костени во Ново Село, а да не се покаже никаков интерес за најголемиот предизвик со којшто се соочува Струмица и нејзините граѓани, стои во пренесената изјава на градоначалникот Костадинов.

На крајот, како што се наведува во соопштението, стои дека „струмичани се познати по издржливоста во неправдите од власта предводена од ВМРО ДПМНЕ, ќе издржиме и сега и ќе излеземе победници од оваа скоро едномесечна голгота низ која минуваме во остварувањето на правото на чиста вода за пиење“.

The post Општина Струмица официјално се откажува од членството во ЗЕЛС, Костадинов ќе поднесе оставка на функцијата во Управниот одбор appeared first on Република.

]]>

Општина Струмица од денеска се откажува од членството во Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а градоначалникот Костадин Костадинов ќе поднесе оставка на функцијата член на Управниот одбор. Напуштањето на ЗЕЛС е во знак на револт заради индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици - водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот проект од Струмица за реализација со средства од унгарскиот кредит, соопштија денеска од локалната самоуправа откако синоќа ваквата одлука ја најави градоначалникот Костадин Костадинов. Во соопштението се додава дека Општина Струмица како институција не е удостоена со ниедна писмена одлука од Владата и нејзините институции, а за нив дознавале од медиумите. Заради сето ова, го напуштаме ЗЕЛС, а членството ќе важи исклучиво за законските ингеренции на ЗЕЛС во однос на системите на општините, за се друго сме надвор од ЗЕЛС, стои во соопштението. Од Општина Струмица наведуваат дека според Статутот на ЗЕЛС, оваа заедница ги застапува и брани интересите на своите членови пред Претседателот на Републиката, Собранието и Владата, министерствата и други институции во чија надлежност се работите од областа на локалната самоуправа. Но, досега, од појавувањето на проблемот со водата од 27 септември, ЗЕЛС не покажа апсолутно никаков интерес, иако е сведок дека надлежните државни институции, пред се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство под чија надлежност е браната „Турија“ од која Струмица и 6 населени места се снабдуваат со вода за пиење, не мрдна со малиот прст, напротив, преку Агенцијата за храна и ветерина со анализите и резултатите од нив, си игра мајтап со струмичани, се посочува во соопштението. За Општина Струмица ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права и уставните права и слободи. Во заштита и интерес на моите сограѓани за нивното најголемо богатство-здравјето, ќе продолжам да се борам со сите сили и расположливи средства, потврдувајќи по кој знае кој пат дека тие ми се најважни и за нив компромиси нема да има. Јас како градоначалник, Општина Струмица, менаџерскиот тим и вработените во ЈПКД „Комуналец“ ќе продолжиме со нашата упорност во докажувањето на вистината дека водата е исправна и микробилошки и по хемиско физичкиот состав. Срамно и жално е да се тера политика врз здравјето на граѓаните на општина Струмица, срамно е да се јадат печени костени во Ново Село, а да не се покаже никаков интерес за најголемиот предизвик со којшто се соочува Струмица и нејзините граѓани, стои во пренесената изјава на градоначалникот Костадинов. На крајот, како што се наведува во соопштението, стои дека „струмичани се познати по издржливоста во неправдите од власта предводена од ВМРО ДПМНЕ, ќе издржиме и сега и ќе излеземе победници од оваа скоро едномесечна голгота низ која минуваме во остварувањето на правото на чиста вода за пиење“.

The post Општина Струмица официјално се откажува од членството во ЗЕЛС, Костадинов ќе поднесе оставка на функцијата во Управниот одбор appeared first on Република.

]]>
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна https://republika.mk/vesti/makedonija/kostadinov-tvrdam-deka-vodata-vo-strumitsa-e-ispravna/ Wed, 23 Oct 2024 18:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=830334

Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата во Струмица е исправна и хемиско-физичкиот состав и микробиолошки, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Неговата реакција доаѓа откако денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека водата за пиење не е исправна поради присуство на колиформни бактерии, а присуството на манган е во границите на дозволеното.

Според Костадинов, борбата против Струмица продолжува и како што напиша „чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата“.

Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани. Наскоро вистината и за водата, но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски, напиша струмичкиот градоначалник.

Додава дека „струмичани се трпеливи, издржале многу неправди и злобни работи и ќе го издржат и ова“.

The post Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна appeared first on Република.

]]>

Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата во Струмица е исправна и хемиско-физичкиот состав и микробиолошки, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Неговата реакција доаѓа откако денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека водата за пиење не е исправна поради присуство на колиформни бактерии, а присуството на манган е во границите на дозволеното. Според Костадинов, борбата против Струмица продолжува и како што напиша „чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата“.
Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани. Наскоро вистината и за водата, но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски, напиша струмичкиот градоначалник.
Додава дека „струмичани се трпеливи, издржале многу неправди и злобни работи и ќе го издржат и ова“.

The post Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна appeared first on Република.

]]>
Останува забраната за пиење на водата од струмичкиот водоснабдителен систем https://republika.mk/zivot/servisi/ostanuva-zabranata-za-piene-na-vodata-od-strumichkiot-vodosnabditelen-sistem/ Wed, 23 Oct 2024 14:50:20 +0000 https://republika.mk/?p=830247

Изречената забрана за пиење на водата од струмичкиот водоснабдителен систем останува на сила, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) откако ги доби резулатите од анализираните мостри земени на 18.10.2024 година во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор во водоснабдителниот објект – фабрика за вода на ЈКП „Комуналец” Струмица.

Како што информира АХВ, кај сите мостри претходно зголеменото ниво на манган е во рамки на дозволените вредности, но микробиолошки, четири од земените мостри не ги исполнуваат безбедносните критериуми поради детектирано зголемено присуство на колиформни бактерии во водата.

Целта на контролата беше увид во досегашните активности спроведени од страна на ЈКПД Комуналец од Струмица во однос на спроведувањето добра производствена и добра хигиенска пракса, како и други технички зафати во водоснабдителниот систем. Во рамки на надзорот, со цел верификација на испитувањата на мостри вода земени од страна на ЈКПД „Комуналец” Струмица – објект за преработка на вода за пиење и од водоводната мрежа, во присуство на стручна екипа за земање мостри од Институтот за јавно здравје Скопје, земени се 6 мостри за анализа на водата од водоводната мрежа на ЈПКД Комуналец Струмица и тоа: една мостра од сирова вода која доаѓа од браната, сирова вода од чешма во фабриката, втора мостра на хлорирана/третирана вода за пиење од чешма во фабриката за вода, три мостри вода за пиење од мерните места одредени од ЈПКД Комуналец во нивниот мониторинг план за земање мостри вода за анализа и една мостра вода за пиење земена по случаен избор на инспекторот од водоводната мрежа на ЈПКД Комуналец, наведува АХВ.

The post Останува забраната за пиење на водата од струмичкиот водоснабдителен систем appeared first on Република.

]]>

Изречената забрана за пиење на водата од струмичкиот водоснабдителен систем останува на сила, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) откако ги доби резулатите од анализираните мостри земени на 18.10.2024 година во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор во водоснабдителниот објект – фабрика за вода на ЈКП „Комуналец” Струмица. Како што информира АХВ, кај сите мостри претходно зголеменото ниво на манган е во рамки на дозволените вредности, но микробиолошки, четири од земените мостри не ги исполнуваат безбедносните критериуми поради детектирано зголемено присуство на колиформни бактерии во водата. Целта на контролата беше увид во досегашните активности спроведени од страна на ЈКПД Комуналец од Струмица во однос на спроведувањето добра производствена и добра хигиенска пракса, како и други технички зафати во водоснабдителниот систем. Во рамки на надзорот, со цел верификација на испитувањата на мостри вода земени од страна на ЈКПД „Комуналец” Струмица – објект за преработка на вода за пиење и од водоводната мрежа, во присуство на стручна екипа за земање мостри од Институтот за јавно здравје Скопје, земени се 6 мостри за анализа на водата од водоводната мрежа на ЈПКД Комуналец Струмица и тоа: една мостра од сирова вода која доаѓа од браната, сирова вода од чешма во фабриката, втора мостра на хлорирана/третирана вода за пиење од чешма во фабриката за вода, три мостри вода за пиење од мерните места одредени од ЈПКД Комуналец во нивниот мониторинг план за земање мостри вода за анализа и една мостра вода за пиење земена по случаен избор на инспекторот од водоводната мрежа на ЈПКД Комуналец, наведува АХВ.

The post Останува забраната за пиење на водата од струмичкиот водоснабдителен систем appeared first on Република.

]]>
Костадинов очекува во наредните денови АХВ да издаде решение дека водата во Струмица е исправна за пиење https://republika.mk/vesti/makedonija/kostadinov-ochekuva-vo-narednite-denovi-ahv-da-izdade-reshenie-deka-vodata-vo-strumitsa-e-ispravna-za-piene/ Fri, 18 Oct 2024 20:09:41 +0000 https://republika.mk/?p=828639

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и раководството на „Комуналец“ очекуваат во наредните денови конечно да се реши проблемот со водата за пиење во градот и шест населени места, односно Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да издаде решение дека водата е исправна за пиење.

Ова беше соопштено на прес-конференција на струмичкиот градоначалник, која се одржа во Фабриката за вода.

По двете направени анализи од акредитирана лабараторија за хемиско-физичкиот состав на излезната вода од Фабриката за вода и една анализа од акредитирана лабораторија во однос на присуството на бактериите, имаме доказ дека водата во Струмица е исправна и истата е чиста и безбедна за пиење. Останува дополнително да се почека анализата од Институтот за јавно здравје и во однос на хемиско-физичкиот состав и во однос на микробилогијата за да може инпекторот од АХВ да донесе решение за конечно да може водата да се употребува за пиење, рече Костадинов.

Во продолжение на прес-конференцијата тој се осврна на изминатиот период од три недели и како што рече поминале низ вистинска голгота-институционална, политичка и експертска.

Сакам да потенцирам дека немаше никаква потреба да собираме донации за вода, бидејќи обезбедуваме вода за пиење. Особено срамно и жално и неблагодарно беше од страна на една компанија од Кавадарци да се донира вода за пиење директно на политичка партија. Доколку не сакале да соработуваат со Струмица тоа можеле да го сторат преку Црвениот крст, преку Центарот за управување со кризи кадешто има јасен и точен протокол за делење на питка вода, посочи Костадинов.

Според него, недозволиво е во целиот тој период да не се седне на маса и да се види што се случувало со водата во браната „Турија“ и да се види од каде е изворот на манган во водата.

Костадинов најави дека пратениците на СДСМ ќе поднесат интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, бидејќи не се појавил во Струмица.

Ние како Струмица и струмичани добивме прес-конференција, безобразна и срамна од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство каде неаргументирано, без ниту една бројка, излезе да се расфрла со обвинувања. До денеска истиот тој министер, ако може така да го наречеме, не се појави и не собра храброст да излезе пред Струмица и струмичани да каже кои се бројките и какви се анализите од Институтот за јавно здравје, кој во моментот е под палката на централната власт и да каже што е причината за појавата на манган. Тоа е доволна причина за нашите пратеници или дел од пратениците во македонскиот парламент да поднесат интерпелација, истакна Костадинов.

На крајот, Костадинов рече дека дека останува отворено прашањето зошто водата во Василево и во Босилово не е е здрава за пиење и зошто досега не се споделени такви информации.

The post Костадинов очекува во наредните денови АХВ да издаде решение дека водата во Струмица е исправна за пиење appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и раководството на „Комуналец“ очекуваат во наредните денови конечно да се реши проблемот со водата за пиење во градот и шест населени места, односно Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да издаде решение дека водата е исправна за пиење. Ова беше соопштено на прес-конференција на струмичкиот градоначалник, која се одржа во Фабриката за вода.
По двете направени анализи од акредитирана лабараторија за хемиско-физичкиот состав на излезната вода од Фабриката за вода и една анализа од акредитирана лабораторија во однос на присуството на бактериите, имаме доказ дека водата во Струмица е исправна и истата е чиста и безбедна за пиење. Останува дополнително да се почека анализата од Институтот за јавно здравје и во однос на хемиско-физичкиот состав и во однос на микробилогијата за да може инпекторот од АХВ да донесе решение за конечно да може водата да се употребува за пиење, рече Костадинов.
Во продолжение на прес-конференцијата тој се осврна на изминатиот период од три недели и како што рече поминале низ вистинска голгота-институционална, политичка и експертска.
Сакам да потенцирам дека немаше никаква потреба да собираме донации за вода, бидејќи обезбедуваме вода за пиење. Особено срамно и жално и неблагодарно беше од страна на една компанија од Кавадарци да се донира вода за пиење директно на политичка партија. Доколку не сакале да соработуваат со Струмица тоа можеле да го сторат преку Црвениот крст, преку Центарот за управување со кризи кадешто има јасен и точен протокол за делење на питка вода, посочи Костадинов.
Според него, недозволиво е во целиот тој период да не се седне на маса и да се види што се случувало со водата во браната „Турија“ и да се види од каде е изворот на манган во водата. Костадинов најави дека пратениците на СДСМ ќе поднесат интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, бидејќи не се појавил во Струмица.
Ние како Струмица и струмичани добивме прес-конференција, безобразна и срамна од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство каде неаргументирано, без ниту една бројка, излезе да се расфрла со обвинувања. До денеска истиот тој министер, ако може така да го наречеме, не се појави и не собра храброст да излезе пред Струмица и струмичани да каже кои се бројките и какви се анализите од Институтот за јавно здравје, кој во моментот е под палката на централната власт и да каже што е причината за појавата на манган. Тоа е доволна причина за нашите пратеници или дел од пратениците во македонскиот парламент да поднесат интерпелација, истакна Костадинов.
На крајот, Костадинов рече дека дека останува отворено прашањето зошто водата во Василево и во Босилово не е е здрава за пиење и зошто досега не се споделени такви информации.

The post Костадинов очекува во наредните денови АХВ да издаде решение дека водата во Струмица е исправна за пиење appeared first on Република.

]]>
АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба https://republika.mk/zivot/servisi/ahv-vodata-od-jkpd-komunalets-od-strumitsa-ne-e-bezbedna-za-upotreba/ Wed, 16 Oct 2024 13:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=827679

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри вода од 8 мерни места во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на АХВ на акумулацијата “Турија” на 4 овој месец, а од каде ЈКП “Комуналец” Струмица ја обезбедува водата за градскиот водовод во Струмица.

Ниту една од осумте анализирани мостри во лабораториите на Ј.З.У Институт за јавно здравје на Република Македонија, не одговараат на параметрите за безбедност во однос на испитаните параметри од физичко - хемиската анализа.

Мострата вода после таложник, земена од фабриката за обработка на вода Струмица не е безбедна поради утврдена зголемена содржина на амонијак и манган, исто како и земените мостри од ЈКПД Комуналец Стопански двор Струмица и мострата од резервоар Св. Петнаесет – Струмица.

Поради зголемени вредности на параметрите матност и присуство на амонијак не е безбедна ниту сировата вода земена од фабриката за обработка на вода –Струмица, а поради зголемена матност, присуство на амонијак над дозволените граници и утврдено значително зголемено присуство на манган, небезбедна е и мострата вода која е земена фабриката за обработка на вода од ЈКПД Комуналец Струмица земена пред таложник.

Зголемена содржина на манган утврдена е и кај анализираните мостри вода земени после филтри од ЈКПД Комуналец Струмица, фабрика за обработка на вода, површинска вода - зафатна вода од акумулација Турија, кај која е утврдено и зголемена матност. Согласно резултатите од ЈЗУ Институт за јавно здравје, ниту овие две мостри не одговараат на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри од физичко – хемиската анализа.

Поради небезбедност, на сила останува изречената забрана од Агенцијата за храна и ветеринарство за употреба на водата за пиење од водоводната мрежа на ЈКПД Комуналец од Струмица, стои во соопѓтението од АХВ.

The post АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри вода од 8 мерни места во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на АХВ на акумулацијата “Турија” на 4 овој месец, а од каде ЈКП “Комуналец” Струмица ја обезбедува водата за градскиот водовод во Струмица. Ниту една од осумте анализирани мостри во лабораториите на Ј.З.У Институт за јавно здравје на Република Македонија, не одговараат на параметрите за безбедност во однос на испитаните параметри од физичко - хемиската анализа. Мострата вода после таложник, земена од фабриката за обработка на вода Струмица не е безбедна поради утврдена зголемена содржина на амонијак и манган, исто како и земените мостри од ЈКПД Комуналец Стопански двор Струмица и мострата од резервоар Св. Петнаесет – Струмица. Поради зголемени вредности на параметрите матност и присуство на амонијак не е безбедна ниту сировата вода земена од фабриката за обработка на вода –Струмица, а поради зголемена матност, присуство на амонијак над дозволените граници и утврдено значително зголемено присуство на манган, небезбедна е и мострата вода која е земена фабриката за обработка на вода од ЈКПД Комуналец Струмица земена пред таложник. Зголемена содржина на манган утврдена е и кај анализираните мостри вода земени после филтри од ЈКПД Комуналец Струмица, фабрика за обработка на вода, површинска вода - зафатна вода од акумулација Турија, кај која е утврдено и зголемена матност. Согласно резултатите од ЈЗУ Институт за јавно здравје, ниту овие две мостри не одговараат на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри од физичко – хемиската анализа. Поради небезбедност, на сила останува изречената забрана од Агенцијата за храна и ветеринарство за употреба на водата за пиење од водоводната мрежа на ЈКПД Комуналец од Струмица, стои во соопѓтението од АХВ.  

The post АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба appeared first on Република.

]]>
Водата во Струмица уште не е безбедна за пиење, поради неодржување на филтрите, резервоарите и главната водоводна мрежа https://republika.mk/zivot/servisi/vodata-vo-strumitsa-ushte-ne-e-bezbedna-za-piene-poradi-neodrzhuvane-na-filtrite-rezervoarite-i-glavnata-vodovodna-mrezha/ Sat, 05 Oct 2024 11:12:03 +0000 https://republika.mk/?p=823038

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) му наложија спроведување на нови мерки на јавното комунално претпријатие „Комуналец” од Струмица.

Како резултат на спроведениот вонреден инспекциски надзор во акумулацијата Турија, која во овој временски период е со енормно намалена количина на вода, а од од каде се обезбедува питка вода за граѓаните од Струмица.

Направен е увид и на филтер станицата и интерната лабораторија при што е утврдено дека струмичкото јавно претпријатие во моментов ги презема потребните мерки за намалување на нивото на манган во водата, чие ниво се уште е високо.

Со надзорот констатирано е дека филтерната станица, резервоарите и главна водоводна мрежа, повеќе години не се механички чистени и хиперхлорирани, иако, согласно чл.24 од Правилникот за барања на безбедност и квалитет на вода за пиење сл.весник на РМ 183 од 02.10.2018, јавното комунално претпријатие има обврска тоа да го прави еднаш годишно, а за време на елементарни непогоди и зачестено.

Утврдено е дека во моментов целиот систем е контаминиран, заради што е наредено да се спроведе мерката за механичко чистење и хиперхлорирање и повторно вршење на лабораториски анализи по спроведувањето на мерките.

При надзорот на акумулацијата, од страна на инспекторите за храна на АХВ, земени се мостри од водата во акумулацијата за лабораториско испитување, од 8 мерни места. Водата за пиење која се обезбедува од оваа акумулација за граѓаните од Струмица, се уште не е безбедна за пиење.

The post Водата во Струмица уште не е безбедна за пиење, поради неодржување на филтрите, резервоарите и главната водоводна мрежа appeared first on Република.

]]>

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) му наложија спроведување на нови мерки на јавното комунално претпријатие „Комуналец” од Струмица. Како резултат на спроведениот вонреден инспекциски надзор во акумулацијата Турија, која во овој временски период е со енормно намалена количина на вода, а од од каде се обезбедува питка вода за граѓаните од Струмица. Направен е увид и на филтер станицата и интерната лабораторија при што е утврдено дека струмичкото јавно претпријатие во моментов ги презема потребните мерки за намалување на нивото на манган во водата, чие ниво се уште е високо. Со надзорот констатирано е дека филтерната станица, резервоарите и главна водоводна мрежа, повеќе години не се механички чистени и хиперхлорирани, иако, согласно чл.24 од Правилникот за барања на безбедност и квалитет на вода за пиење сл.весник на РМ 183 од 02.10.2018, јавното комунално претпријатие има обврска тоа да го прави еднаш годишно, а за време на елементарни непогоди и зачестено. Утврдено е дека во моментов целиот систем е контаминиран, заради што е наредено да се спроведе мерката за механичко чистење и хиперхлорирање и повторно вршење на лабораториски анализи по спроведувањето на мерките. При надзорот на акумулацијата, од страна на инспекторите за храна на АХВ, земени се мостри од водата во акумулацијата за лабораториско испитување, од 8 мерни места. Водата за пиење која се обезбедува од оваа акумулација за граѓаните од Струмица, се уште не е безбедна за пиење.

The post Водата во Струмица уште не е безбедна за пиење, поради неодржување на филтрите, резервоарите и главната водоводна мрежа appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе помага Струмица да стане дел од Европската рута на историски бањски градови https://republika.mk/vesti/ekonomija/agentsijata-za-poddrshka-i-promotsija-na-turizmot-ke-pomaga-strumitsa-da-stane-del-od-evropskata-ruta-na-istoriski-banski-gradovi/ Wed, 02 Oct 2024 18:39:50 +0000 https://republika.mk/?p=821904

Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот се вклучи во процесот на пристапување преку поддршка и учество нa состаноци со претставници на Советот на Европа и раководството на мрежата на EHHTA и се надеваме на позитивна одлука Струмица да се приклучи во мрежата на градови со културно-историско термално наследство, кое се користи во континуитет со векови, рече директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска на прес конференцијата по посетата на Хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил-Бања Банско“, каде оствари средба со управата на овој центар.

Како што истакна Стефаноска, посетата е иницирана од остварената соработка со Хидротермалниот медицински центар и АППТ лани во процесот на аплицирање и приклучување на градот Струмица во мрежата на градови - „European route of historical thermal towns EHTTA“, како дел од Културните рути на Совет на Европа.

Вклучувањето во оваа и слични вакви европски мрежи од страна на различни субјекти кои се дел од културата и туризмот е важно заради зголемување на видливоста и промоцијата на потенцијалите кои ги има нашата држава, како не толку откриена туристичка дестинација, а се во насока на туристичко брендирање на државата и регионите. Земјата треба да се етаблира како бренд дестинација, а во тоа ќе мора да се инвестира и интензивно да се работи, подвлече Стефаноска.

Таа додаде дека е важно да се разговара за промоција на бањскиот туризам во туристичката понуда на Република Македонија и промоција на културно-историските и природните знаменитости на Струмица и регионот, посебно што бањскиот и велнес туризмот се се поатрактивни за туристите.

Теодорос Константакос, генерален директор на хотелот „Цар Цамуил“, се заблагодари на можноста тие да бидат дел проектот и да станат дел од Европската рута на историски бањски градови.

Ние имаме цел со инвестиција да додадеме вредност на секој сектор-прво на околината и второ на гости и клиенти кои ќе го посетат нашиот објект. Сакаме да го зголемиме капацитетот не само за пари, туку ќе враќаме на нашите гости со здравство, очекувања и да бидеме на највисоко ниво, не само за нас туку и за целата државата и да бидеме пример за другите, рече Константакос.

Во одговор на новинарско прашање на МИА за потенцијалите на спа туризмот и дали државата има стратегија за развој на овој вид туризам, директорката Стефаноска рече дека во моментот е најпотребно е национална стратегија за туризам, бидејќи последната стратегија е подготвена во 2008 година.

Прва работа којашто треба Министерството за култура и туризам заедно со Владата и Агенцијата е да работи на национална стратегија и сите други стратегии на регионите треба да бидат во рамки на таа глобална слика.Како држава имаме потенцијал и тоа можеме да го видиме денеска во Струмица како може доколку се има љубов, волја, ентузијазам за работа се може да се постигне и да вмрежиме во најголемите асоцијации на европско ниво.Тоа ќе биде еден голем чекор доколку Струмица се вмрежи во групата на EHHTA со градовите со историски термални градови, одговори директорката Стефаноска.

Според неа, за да се оствари целта Струмица да стане дел од EHHTA најважно е да се одржи континуитетот на Римската терма и Турската бања во Банско и доколку се докаже тој континуитет и тие бањи се реставрираат ќе биде исполнет главниот предуслов Хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил – Бања Банско“ и Струмица да влезат во таа мрежа.

The post Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе помага Струмица да стане дел од Европската рута на историски бањски градови appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот се вклучи во процесот на пристапување преку поддршка и учество нa состаноци со претставници на Советот на Европа и раководството на мрежата на EHHTA и се надеваме на позитивна одлука Струмица да се приклучи во мрежата на градови со културно-историско термално наследство, кое се користи во континуитет со векови, рече директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска на прес конференцијата по посетата на Хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил-Бања Банско“, каде оствари средба со управата на овој центар. Како што истакна Стефаноска, посетата е иницирана од остварената соработка со Хидротермалниот медицински центар и АППТ лани во процесот на аплицирање и приклучување на градот Струмица во мрежата на градови - „European route of historical thermal towns EHTTA“, како дел од Културните рути на Совет на Европа.
Вклучувањето во оваа и слични вакви европски мрежи од страна на различни субјекти кои се дел од културата и туризмот е важно заради зголемување на видливоста и промоцијата на потенцијалите кои ги има нашата држава, како не толку откриена туристичка дестинација, а се во насока на туристичко брендирање на државата и регионите. Земјата треба да се етаблира како бренд дестинација, а во тоа ќе мора да се инвестира и интензивно да се работи, подвлече Стефаноска.
Таа додаде дека е важно да се разговара за промоција на бањскиот туризам во туристичката понуда на Република Македонија и промоција на културно-историските и природните знаменитости на Струмица и регионот, посебно што бањскиот и велнес туризмот се се поатрактивни за туристите. Теодорос Константакос, генерален директор на хотелот „Цар Цамуил“, се заблагодари на можноста тие да бидат дел проектот и да станат дел од Европската рута на историски бањски градови.
Ние имаме цел со инвестиција да додадеме вредност на секој сектор-прво на околината и второ на гости и клиенти кои ќе го посетат нашиот објект. Сакаме да го зголемиме капацитетот не само за пари, туку ќе враќаме на нашите гости со здравство, очекувања и да бидеме на највисоко ниво, не само за нас туку и за целата државата и да бидеме пример за другите, рече Константакос.
Во одговор на новинарско прашање на МИА за потенцијалите на спа туризмот и дали државата има стратегија за развој на овој вид туризам, директорката Стефаноска рече дека во моментот е најпотребно е национална стратегија за туризам, бидејќи последната стратегија е подготвена во 2008 година.
Прва работа којашто треба Министерството за култура и туризам заедно со Владата и Агенцијата е да работи на национална стратегија и сите други стратегии на регионите треба да бидат во рамки на таа глобална слика.Како држава имаме потенцијал и тоа можеме да го видиме денеска во Струмица како може доколку се има љубов, волја, ентузијазам за работа се може да се постигне и да вмрежиме во најголемите асоцијации на европско ниво.Тоа ќе биде еден голем чекор доколку Струмица се вмрежи во групата на EHHTA со градовите со историски термални градови, одговори директорката Стефаноска.
Според неа, за да се оствари целта Струмица да стане дел од EHHTA најважно е да се одржи континуитетот на Римската терма и Турската бања во Банско и доколку се докаже тој континуитет и тие бањи се реставрираат ќе биде исполнет главниот предуслов Хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил – Бања Банско“ и Струмица да влезат во таа мрежа.

The post Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе помага Струмица да стане дел од Европската рута на историски бањски градови appeared first on Република.

]]>
Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот https://republika.mk/vesti/makedonija/strumichani-ke-dobivaat-voda-za-piene-od-aparati-i-kanistri-postaveni-niz-gradot/ Wed, 02 Oct 2024 05:43:06 +0000 https://republika.mk/?p=821535

Од денеска граѓаните на Струмица и шест населени места со вода за пиење ќе се снабдуваат преку 25 апарати поставени во сите училишта и детски градинки, а се обезбедени и 25 канистри со вода за пиење кои 24 часа ќе бидат распоредени низ улиците на градот, соопштија синоќа од струмичкото комунално претпријатие.

Во Струмица петти ден не може да се користи водата за пиење од градскиот водовод поради неможноста фабриката за вода да ја прочистува водата која доаѓа во системот од браната Турија и во неа има манган повеќе од дозволеното. Водата може единствено да се користи како техничка.

Канистрите за вода за пиење 24 часа ќе бидат поставени кај Градската болница, резервоарот на „Свети Петнаесет“, Амфитеатарот во Градскиот парк, улица „24 Октомври“ (поранешна дирекција на „Комуналец“), булевар „Климент Охридски“ (Дирекција на „Комуналец“), а по два часа во текот на денот ќе има поставени канистри на повеќе локации во градот.

Во шесте населени места - Дабиле, Градско Балдовци, Водоча, Просениково, Баницаи Добрејци вода за пиење ќе има од 7 до 19 часот.

Од „Комуналец“ информираат дека на сите места квалитетот на водата за пиење во секој канистер редовно ќе се контролира од акредитираната лабораторија на Центарот за јавно здравје - Струмица.

The post Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот appeared first on Република.

]]>

Од денеска граѓаните на Струмица и шест населени места со вода за пиење ќе се снабдуваат преку 25 апарати поставени во сите училишта и детски градинки, а се обезбедени и 25 канистри со вода за пиење кои 24 часа ќе бидат распоредени низ улиците на градот, соопштија синоќа од струмичкото комунално претпријатие. Во Струмица петти ден не може да се користи водата за пиење од градскиот водовод поради неможноста фабриката за вода да ја прочистува водата која доаѓа во системот од браната Турија и во неа има манган повеќе од дозволеното. Водата може единствено да се користи како техничка. Канистрите за вода за пиење 24 часа ќе бидат поставени кај Градската болница, резервоарот на „Свети Петнаесет“, Амфитеатарот во Градскиот парк, улица „24 Октомври“ (поранешна дирекција на „Комуналец“), булевар „Климент Охридски“ (Дирекција на „Комуналец“), а по два часа во текот на денот ќе има поставени канистри на повеќе локации во градот. Во шесте населени места - Дабиле, Градско Балдовци, Водоча, Просениково, Баницаи Добрејци вода за пиење ќе има од 7 до 19 часот. Од „Комуналец“ информираат дека на сите места квалитетот на водата за пиење во секој канистер редовно ќе се контролира од акредитираната лабораторија на Центарот за јавно здравје - Струмица.

The post Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот appeared first on Република.

]]>
АХВ донесе решение за забрана за употреба на водата од струмичкиот водоснабдителен систем https://republika.mk/zivot/ahv-donese-reshenie-za-zabrana-za-upotreba-na-vodata-od-strumichkiot-vodosnabditelen-sistem/ Sun, 29 Sep 2024 13:30:20 +0000 https://republika.mk/?p=820749

Инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од струмичкиот водоснабдителен систем.

Како што денеска соопштија од АХВ, решението е донесено врз основа на добиено известување од струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ и од Центарот за јавно здравје – Струмица, дека по извршените лабораториски тестирања утврдено е дека водата во струмичкиот водоснабдителен систем не е безбедна за употреба поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии.

- На јавното претпријатие, наложено му е да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод, односно, да обезбеди питка вода за граѓаните, се до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем, соопштија од АХВ.

The post АХВ донесе решение за забрана за употреба на водата од струмичкиот водоснабдителен систем appeared first on Република.

]]>

Инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од струмичкиот водоснабдителен систем. Како што денеска соопштија од АХВ, решението е донесено врз основа на добиено известување од струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ и од Центарот за јавно здравје – Струмица, дека по извршените лабораториски тестирања утврдено е дека водата во струмичкиот водоснабдителен систем не е безбедна за употреба поради утврдено зголемено присуство на манган и колиформни бактерии.
- На јавното претпријатие, наложено му е да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод, односно, да обезбеди питка вода за граѓаните, се до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем, соопштија од АХВ.

The post АХВ донесе решение за забрана за употреба на водата од струмичкиот водоснабдителен систем appeared first on Република.

]]>
Струмица го заврши настапот во квалификациите во одбојкарската Лига на шампиони https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/strumitsa-go-zavrshi-nastapot-vo-kvalifikatsiite-vo-odbojkarskata-liga-na-shampioni/ Tue, 24 Sep 2024 20:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=819393

Македонскиот одбојкарски првак Струмица загуби вечерва на реваншот во Атина од Олимпијакос со 3-0 и со два порази во дуелот со грчкиот противник го заврши настапот во 1 квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Македонскиот тим, кој пред една недела во Струмица загуби с максимални 3-0. на реваншот во Атина освои 19 поени во првиот, 17 во вториот и 21 поени во третиот сет.

Прв поентер во редовите на Струмица беше Стојан Илиев со 12 поени.

Настапот на европската сцена одбојкарите на Струмица го продолжуваат во квалификациите во второто по ранг клупско натпреварување, ЦЕВ Купот.

The post Струмица го заврши настапот во квалификациите во одбојкарската Лига на шампиони appeared first on Република.

]]>

Македонскиот одбојкарски првак Струмица загуби вечерва на реваншот во Атина од Олимпијакос со 3-0 и со два порази во дуелот со грчкиот противник го заврши настапот во 1 квалификациско коло во Лигата на шампиони. Македонскиот тим, кој пред една недела во Струмица загуби с максимални 3-0. на реваншот во Атина освои 19 поени во првиот, 17 во вториот и 21 поени во третиот сет. Прв поентер во редовите на Струмица беше Стојан Илиев со 12 поени. Настапот на европската сцена одбојкарите на Струмица го продолжуваат во квалификациите во второто по ранг клупско натпреварување, ЦЕВ Купот.

The post Струмица го заврши настапот во квалификациите во одбојкарската Лига на шампиони appeared first on Република.

]]>
ТППЕ Струмица: И покрај падот на температурите и дождовите бројот на пожари на отворено не се намалува https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tppe-strumitsa-i-pokraj-padot-na-temperaturite-i-dozhdovite-brojot-na-pozhari-na-otvoreno-ne-se-namaluva/ Sun, 15 Sep 2024 16:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=816575

И покрај падот на температурата за околу 15 степени и дождовите што заврнаа, бројот на пожари и интервенции на отворен простор воопшто не се намалени. За жал се уште сме сведоци на неодговорно и несовесно однесување на група граѓани, информираа денеска од ТППЕ Струмица, откако во изминатите три денови гаснеа четири пожари на отворено.

Како што информираа струмичките пожарникари, утрово во 05:20 часот на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ била запалена помошна просторија. Спречено е ширење на пожарот на куќата и поголема материјална штета, а денеска во 13:00 часот во атарот на село Вељуса била запалена нискостеблеста шума и сува трева.

Вчера и завчера била запалена нискостеблеста шума и сува трева во атарот на село Рич и нискостеблеста и борова шума во близина на браната „Водоча“.

The post ТППЕ Струмица: И покрај падот на температурите и дождовите бројот на пожари на отворено не се намалува appeared first on Република.

]]>

И покрај падот на температурата за околу 15 степени и дождовите што заврнаа, бројот на пожари и интервенции на отворен простор воопшто не се намалени. За жал се уште сме сведоци на неодговорно и несовесно однесување на група граѓани, информираа денеска од ТППЕ Струмица, откако во изминатите три денови гаснеа четири пожари на отворено. Како што информираа струмичките пожарникари, утрово во 05:20 часот на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ била запалена помошна просторија. Спречено е ширење на пожарот на куќата и поголема материјална штета, а денеска во 13:00 часот во атарот на село Вељуса била запалена нискостеблеста шума и сува трева. Вчера и завчера била запалена нискостеблеста шума и сува трева во атарот на село Рич и нискостеблеста и борова шума во близина на браната „Водоча“.

The post ТППЕ Струмица: И покрај падот на температурите и дождовите бројот на пожари на отворено не се намалува appeared first on Република.

]]>
Почнува 32.издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ https://republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-32-izdanie-na-megunarodniot-festival-na-kameren-teatar-risto-shishkov/ Sun, 08 Sep 2024 07:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=814260

Триесет и второто издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува вечер, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања од земјава, Бугарија и Србија, кои ги одбра селекторот Љупчо Ѓоргиевски.

Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од струмичкиот театар со претставата „Црна Дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланскиот лауреат Јордан Симонов.

Во рамките на Фестивалот ќе се одржи промоција на списанието за култура и уметност „СУМ“, со разговор на тема „Благој Стефановски-лик и дело“.

Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура, Општина Струмица и Фондацијата „Заев-едно општество за сите“.

The post Почнува 32.издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>

Триесет и второто издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува вечер, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања од земјава, Бугарија и Србија, кои ги одбра селекторот Љупчо Ѓоргиевски. Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од струмичкиот театар со претставата „Црна Дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланскиот лауреат Јордан Симонов. Во рамките на Фестивалот ќе се одржи промоција на списанието за култура и уметност „СУМ“, со разговор на тема „Благој Стефановски-лик и дело“. Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура, Општина Струмица и Фондацијата „Заев-едно општество за сите“.

The post Почнува 32.издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>
Трето издание на Get EXITед спектаклот денес во Струмица https://republika.mk/scena/treto-izdanie-na-get-exited-spektaklot-denes-vo-strumitsa/ Fri, 06 Sep 2024 09:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=813742

Долгоочекуваното трето издание на Get EXITед спектаклот ќе се одржи денес на 6 септември, во големиот Струмички парк, а вратите се отвораат веќе од 17:30. На големата забава под отворено небо пристигаат популарното електро дуо Agents Of Time, Grammy номинираното техно трио Meduza, њујоршката afro-house дива Layla Benitez, најпознатата звезда на регионалната хип-хоп и трап сцена Senidah како и домашната подршка Young Dadi, 2Bona, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye, Divizija и DJ Bonev.

Големата забава за затворање на летната сезона е во организација на EXIT тимот и Општина Струмица. Возбодувањето расте додека публиката се припрема да се препушти на хитовите од разноврсниот музички програм, а во прилог ги испраќаме и саатниците на сите настапи.

Летната забава под звездите во Струмичкиот парк ќе ја отвори DJ Bonev во 17:30, a во склоп на јакиот регионален програм ќе го прати и DJ Popeye од 18:00, Divizija од 19:30, Zee, Matej Foltz и Young Dadi од 20:05. Од 21:25 публиката додатно ќе ја загрее нашите 2Бона, додека во 22:50 на сцената доаѓа ненадминливата регионална дива Senidah! Od 00:00 забавата се подига на максимум со afro-house zvezdata Layla Benitez, динамичното техно трио Meduza од 01:30, додека фианлето на ноќната забава ќе припадне на популарното елетро дуо Agents Of Time, кои настапуваат од 03:00.

The post Трето издание на Get EXITед спектаклот денес во Струмица appeared first on Република.

]]>

Долгоочекуваното трето издание на Get EXITед спектаклот ќе се одржи денес на 6 септември, во големиот Струмички парк, а вратите се отвораат веќе од 17:30. На големата забава под отворено небо пристигаат популарното електро дуо Agents Of Time, Grammy номинираното техно трио Meduza, њујоршката afro-house дива Layla Benitez, најпознатата звезда на регионалната хип-хоп и трап сцена Senidah како и домашната подршка Young Dadi, 2Bona, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye, Divizija и DJ Bonev.   Големата забава за затворање на летната сезона е во организација на EXIT тимот и Општина Струмица. Возбодувањето расте додека публиката се припрема да се препушти на хитовите од разноврсниот музички програм, а во прилог ги испраќаме и саатниците на сите настапи.   Летната забава под звездите во Струмичкиот парк ќе ја отвори DJ Bonev во 17:30, a во склоп на јакиот регионален програм ќе го прати и DJ Popeye од 18:00, Divizija од 19:30, Zee, Matej Foltz и Young Dadi од 20:05. Од 21:25 публиката додатно ќе ја загрее нашите 2Бона, додека во 22:50 на сцената доаѓа ненадминливата регионална дива Senidah! Od 00:00 забавата се подига на максимум со afro-house zvezdata Layla Benitez, динамичното техно трио Meduza од 01:30, додека фианлето на ноќната забава ќе припадне на популарното елетро дуо Agents Of Time, кои настапуваат од 03:00.    

The post Трето издание на Get EXITед спектаклот денес во Струмица appeared first on Република.

]]>
Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah и многу други пристигаат на Get EXITed настан во Струмица за да го испратат летото https://republika.mk/scena/agents-of-time-meduza-layla-benitez-senidah-i-mnogu-drugi-pristigaat-na-get-exited-nastan-vo-strumitsa-za-da-go-ispratat-letoto/ Thu, 15 Aug 2024 08:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=806709

EXIT фестивалот и Општина Стумица на 6 септември на отворениот простор на Големиот парк носат ново издание на Get EXITed настанот, кој ја носи врвната летна забава.

Креаторите на светски познатата клупска химна "The Mirage" - Agents of Time, мега хитмејкерите вредни неколку милијарди прегледи - Meduza, њујоршката афро-хаус дива Layla Benitez, неприкосновената кралица на Балканската трап и поп сцена Senidah и силната регионална поддршка составена од Young Dadi, Matej Foltz, DJ Popeye и Дивизија носат лепеза на жанрови, ненадминати хитови и ритми за танцување од ѕвездено небо до изгрејсонце.

По минатогодишното издание на кое се забавуваа над 20.000 луѓе, Get EXITed се враќа во струмичкиот парк, трет пат по ред, за уште еден танц за испраќање на летото!

Откако ја започнаа својата кариера во 2013 година, Agents Of Time, италијанско електронско дуо, станаа глобално барана електронска група која издава албуми од година во година за некои од најпознатите продуцентски куќи.  Креаторите на клупската химна „The Mirage“, која тежи неколку милиони прегледи, пристигнуваат во Струмица и ветуваат електронски спектакл на отворено.  Со музички опус што вклучува хит по хит како што се „Dream Visions“, „Paradigm“, „Vertigo“, „Love Is A Drug“ и „Friend Of Mine“, но и соработки како што е нивниот ремикс на песните на The Weekend „Take My Breath“ го потврдуваат своето место меѓу водечките имиња во современата електронска музика.

Заедно со Agents of Time, публиката во ноќта ќе ја води и Meduza, италијанско-шведско трио, составено од талентираните продуценти Матија Витале, Симоне Џани и Лука Де Грегорио, попознати во светот како едни од најголемите хитмејкери на денешната сцена.  За само две години постигнаа планетарна популарност, а нивната песна „Piece Of Your Heart“, создадена во соработка со познатото дуо Goodboys, сега има над 2 милијарди слушања ширум светот!  Нивните синглови како „Lose Control“, „Paradise“, „Tell It To My Heart“ и многу други продолжуваат да достигнуваат метеорски височини на топ листите ширум светот, истовремено достигнувајќи над 150 илјади слушања на стриминг сервисите дневно .

Senidah, неприкосновената кралица на балканската музичка сцена, од година во година поставува нови стандарди на продукција и изведба во трап и поп жанровите. Вп текот на кариерата долга повеќе од десет години, таа стана препознатлива по својот автентичен изглед, музичкиот израз кој комбинира различни жанрови и уникатниот вокал.  Нејзините најнови синглови „Alo Alo“, „Greh“ и „Delija“ веќе достигнуваат повеќемилионски прегледи, а нејзините мегахитови како „Behute“ и „Mishichi“, но и многу други, се пеат од збор до збор во еден глас докажувајќи ја љубовта на публиката кон нејзиниот уникатен и широк музички опус.

Ѕвездата во подем Layla Benitez, талентирана диџејка од Њујорк, позната по својот афро хаус звук, ќе биде поддршка и гаранција за незаборавна атмосфера. Многумина посетители на фестивалот EXIT ја паметат по спектакуларниот настап во mts Dance Arena, а годинава сите ќе уживаат во нејзините хитови „Usion“, „No Place To Go“ и најпознатиот сингл „Fizzy Pop“ , како и многу други кои таа ги носи во уникатна музичко-визуелна изведба во Големиот струмички парк

Програмата на Get EXITed забавата под ѕвездите дополнително ќе биде зајакната со рап дуото 2Bona, талентираното трап дуо Zee, перспективниот трап артист Young Dadi, креативниот продуцент Matej Foltz, динамичниот диџеј Popeye и експерименталниот хип-хоп колектив Дивизија.

The post Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah и многу други пристигаат на Get EXITed настан во Струмица за да го испратат летото appeared first on Република.

]]>

EXIT фестивалот и Општина Стумица на 6 септември на отворениот простор на Големиот парк носат ново издание на Get EXITed настанот, кој ја носи врвната летна забава. Креаторите на светски познатата клупска химна "The Mirage" - Agents of Time, мега хитмејкерите вредни неколку милијарди прегледи - Meduza, њујоршката афро-хаус дива Layla Benitez, неприкосновената кралица на Балканската трап и поп сцена Senidah и силната регионална поддршка составена од Young Dadi, Matej Foltz, DJ Popeye и Дивизија носат лепеза на жанрови, ненадминати хитови и ритми за танцување од ѕвездено небо до изгрејсонце. По минатогодишното издание на кое се забавуваа над 20.000 луѓе, Get EXITed се враќа во струмичкиот парк, трет пат по ред, за уште еден танц за испраќање на летото!
Откако ја започнаа својата кариера во 2013 година, Agents Of Time, италијанско електронско дуо, станаа глобално барана електронска група која издава албуми од година во година за некои од најпознатите продуцентски куќи.  Креаторите на клупската химна „The Mirage“, која тежи неколку милиони прегледи, пристигнуваат во Струмица и ветуваат електронски спектакл на отворено.  Со музички опус што вклучува хит по хит како што се „Dream Visions“, „Paradigm“, „Vertigo“, „Love Is A Drug“ и „Friend Of Mine“, но и соработки како што е нивниот ремикс на песните на The Weekend „Take My Breath“ го потврдуваат своето место меѓу водечките имиња во современата електронска музика.

Заедно со Agents of Time, публиката во ноќта ќе ја води и Meduza, италијанско-шведско трио, составено од талентираните продуценти Матија Витале, Симоне Џани и Лука Де Грегорио, попознати во светот како едни од најголемите хитмејкери на денешната сцена.  За само две години постигнаа планетарна популарност, а нивната песна „Piece Of Your Heart“, создадена во соработка со познатото дуо Goodboys, сега има над 2 милијарди слушања ширум светот!  Нивните синглови како „Lose Control“, „Paradise“, „Tell It To My Heart“ и многу други продолжуваат да достигнуваат метеорски височини на топ листите ширум светот, истовремено достигнувајќи над 150 илјади слушања на стриминг сервисите дневно .

Senidah, неприкосновената кралица на балканската музичка сцена, од година во година поставува нови стандарди на продукција и изведба во трап и поп жанровите. Вп текот на кариерата долга повеќе од десет години, таа стана препознатлива по својот автентичен изглед, музичкиот израз кој комбинира различни жанрови и уникатниот вокал.  Нејзините најнови синглови „Alo Alo“, „Greh“ и „Delija“ веќе достигнуваат повеќемилионски прегледи, а нејзините мегахитови како „Behute“ и „Mishichi“, но и многу други, се пеат од збор до збор во еден глас докажувајќи ја љубовта на публиката кон нејзиниот уникатен и широк музички опус.

Ѕвездата во подем Layla Benitez, талентирана диџејка од Њујорк, позната по својот афро хаус звук, ќе биде поддршка и гаранција за незаборавна атмосфера. Многумина посетители на фестивалот EXIT ја паметат по спектакуларниот настап во mts Dance Arena, а годинава сите ќе уживаат во нејзините хитови „Usion“, „No Place To Go“ и најпознатиот сингл „Fizzy Pop“ , како и многу други кои таа ги носи во уникатна музичко-визуелна изведба во Големиот струмички парк

Програмата на Get EXITed забавата под ѕвездите дополнително ќе биде зајакната со рап дуото 2Bona, талентираното трап дуо Zee, перспективниот трап артист Young Dadi, креативниот продуцент Matej Foltz, динамичниот диџеј Popeye и експерименталниот хип-хоп колектив Дивизија.

The post Agents of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah и многу други пристигаат на Get EXITed настан во Струмица за да го испратат летото appeared first on Република.

]]>
Струмички пожарникар повреден при гаснење пожар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/strumichki-pozharnikar-povreden-pri-gasnene-pozhar/ Fri, 02 Aug 2024 09:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=802593

При интервенцијата за гаснење на запалена сува трева и ниска деградирана шума во атарот на село Зубово, еден пожарникар, припадник на ТППЕ Струмица, е повреден, односно му е скршено едно ребро, соопштија струмичките пожарникари.

По извршените лекарски прегледи му е дадена соодветна терапија и е испратен на домашно лекување, се наведува во информацијата од ТППЕ Струмица.

Во текот на вчерашниот ден струмичките пожарникари имале осум интервенции на запалена сува трева, стрниште, ниска шума, депонии и автомобил.

The post Струмички пожарникар повреден при гаснење пожар appeared first on Република.

Некој потпалил автомобил кај Струмица, избегнат поголем пожар на ридот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nekoj-potpalil-avtomobil-kaj-strumitsa-izbegnat-pogolem-pozhar-na-ridot/ Fri, 26 Jul 2024 09:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=800420

Синоќа во 1 часот по полноќ на местото Двата пата кај Струмица изгорел автомобил, информираа од ТППЕ Струмица.

Според информацијата од пожарникарите, во гаснењето на автомобилот учествувале едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

Пожарот беше во разгорена и поодмината фаза и беше зафатена и блиската вегетација на ридот, при што беше запрено неговото натамошно ширење, соопштија од ТППЕ Струмица.

ОД СВР Струмица го потврдија настанот и повеќе детали најавуваат за подоцна, откако ќе заврши увидот.

The post Некој потпалил автомобил кај Струмица, избегнат поголем пожар на ридот appeared first on Република.

]]>

Синоќа во 1 часот по полноќ на местото Двата пата кај Струмица изгорел автомобил, информираа од ТППЕ Струмица. Според информацијата од пожарникарите, во гаснењето на автомобилот учествувале едно противпожарно возило и четворица пожарникари.
Пожарот беше во разгорена и поодмината фаза и беше зафатена и блиската вегетација на ридот, при што беше запрено неговото натамошно ширење, соопштија од ТППЕ Струмица.
ОД СВР Струмица го потврдија настанот и повеќе детали најавуваат за подоцна, откако ќе заврши увидот.  

The post Некој потпалил автомобил кај Струмица, избегнат поголем пожар на ридот appeared first on Република.

]]>
53-годишен маж од Струмица силувал малолетник со пречки во развојот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/53-godishen-mazh-od-strumitsa-siluval-maloletnik-so-prechki-vo-razvojot/ Fri, 19 Jul 2024 13:37:00 +0000 https://republika.mk/?p=798493

Вистински хорор се случувало во Струмица откако 53-годишен маж се сомничи дека гнасниот чин го извршил вчера во 11:30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица каде силувал малолетник со пречки во развојот.

Лицето било уапсено во 18.25 од страна на полицски службеници од Струмица при што истиот е задржан во полициска станица. Со случајот бил запознаен јавен обвинител каде по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post 53-годишен маж од Струмица силувал малолетник со пречки во развојот appeared first on Република.

]]>

Вистински хорор се случувало во Струмица откако 53-годишен маж се сомничи дека гнасниот чин го извршил вчера во 11:30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица каде силувал малолетник со пречки во развојот. Лицето било уапсено во 18.25 од страна на полицски службеници од Струмица при што истиот е задржан во полициска станица. Со случајот бил запознаен јавен обвинител каде по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post 53-годишен маж од Струмица силувал малолетник со пречки во развојот appeared first on Република.

]]>
Во Струмица oбид за киднапирање на 3-годишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-strumitsa-obid-za-kidnapirane-na-3-godishno-dete-politsijata-ispituva-dali-se-raboti-za-krivichno-delo/ Sat, 06 Jul 2024 08:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=793957

Во Големиот градски парк во Струмица имало обид за киднапирање на тригодишно дете. Веста се прошири и се споделува по социјалните мрежи, а од полицијата денеска за МИА потврдија дека случајот е пријавен и дека работат на негово расчистување.

Имено, според објавите тригодишнотот дете се обиделе да го киднапираат две лица, кои наводно зборувале странски јазик, но откако еден од родителите успеал да ги спречи во намерата тие побегнале.

Според полицијата, З.Ч.К.(31) од Струмица вчера пријавила дека завчера околу 19:00 часот, додека била во парк во Струмица, заедно со нејзиниот малолетен син, во момент кога син и бил оддалечен од неа, односно додека стоел на дрвен мост, две лица му пришле на малолетникот, па едниот од нив го кренал во раце.

Според пријавеното, откако пријавителката им викнала, лицето го пуштило малолетникот и му ја ставило капата на главата, која претходно му пaднала, по што заминале. СВР Струмица веднаш презеде мерки за откривање на лицата и расчистување на случајот. Извршен бил увид на местото и било разговарано со сведоци, при што е утврдено дека во моментот на локацијата имало голема раздвиженост на луѓе, а малолетникот стоел на мал дрвен мост каде постоела опасност да падне во вода, а лицето кое го кренало детето од мостот го пуштило на земја непосредно откако се симнале од мостот, стои во известувањето за МИА од СВР Струмица.

Оттаму додаваат дека полицијата продолжува со преземање мерки во насока на утврдување дали во конкретниот случај постојат елементи на кривично дело или лицето тоа го сторило со цел да го заштити детето од можна опасност.

The post Во Струмица oбид за киднапирање на 3-годишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело appeared first on Република.

]]>

Во Големиот градски парк во Струмица имало обид за киднапирање на тригодишно дете. Веста се прошири и се споделува по социјалните мрежи, а од полицијата денеска за МИА потврдија дека случајот е пријавен и дека работат на негово расчистување. Имено, според објавите тригодишнотот дете се обиделе да го киднапираат две лица, кои наводно зборувале странски јазик, но откако еден од родителите успеал да ги спречи во намерата тие побегнале. Според полицијата, З.Ч.К.(31) од Струмица вчера пријавила дека завчера околу 19:00 часот, додека била во парк во Струмица, заедно со нејзиниот малолетен син, во момент кога син и бил оддалечен од неа, односно додека стоел на дрвен мост, две лица му пришле на малолетникот, па едниот од нив го кренал во раце.
Според пријавеното, откако пријавителката им викнала, лицето го пуштило малолетникот и му ја ставило капата на главата, која претходно му пaднала, по што заминале. СВР Струмица веднаш презеде мерки за откривање на лицата и расчистување на случајот. Извршен бил увид на местото и било разговарано со сведоци, при што е утврдено дека во моментот на локацијата имало голема раздвиженост на луѓе, а малолетникот стоел на мал дрвен мост каде постоела опасност да падне во вода, а лицето кое го кренало детето од мостот го пуштило на земја непосредно откако се симнале од мостот, стои во известувањето за МИА од СВР Струмица.
Оттаму додаваат дека полицијата продолжува со преземање мерки во насока на утврдување дали во конкретниот случај постојат елементи на кривично дело или лицето тоа го сторило со цел да го заштити детето од можна опасност.

The post Во Струмица oбид за киднапирање на 3-годишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело appeared first on Република.

]]>
Mетална статива падна врз глава на дете во градинка во Струмица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/metalna-stativa-padna-vrz-glava-na-dete-vo-gradinka-vo-strumitsa/ Sun, 30 Jun 2024 13:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=792125

Во градинка во Струмица на 3 јуни се случи немил настан кога метална статива падна врз глава на дете, предизвикувајќи му сериозни повреди. Според информациите добиени од очевидци, инцидентот се случил кога децата играле на отворено во дворот на градинката.

Настанот предизвика голема загриженост меѓу родителите бидејќи според информациите на Струмица Денес од МВР, случајот сѐуште не е пријавен во полиција.

-Во врска со вашето прашање Ве известуваме дека на 03.06.2024 во СВР Струмица не е пријавен настан случен во градинка во Струмица. СВР Струмица има постапувано по ваков настан по насоки дадени од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, стои во соопштението на МВР.

Повеќе прочитајте ТУКА

The post Mетална статива падна врз глава на дете во градинка во Струмица appeared first on Република.

]]>

Во градинка во Струмица на 3 јуни се случи немил настан кога метална статива падна врз глава на дете, предизвикувајќи му сериозни повреди. Според информациите добиени од очевидци, инцидентот се случил кога децата играле на отворено во дворот на градинката. Настанот предизвика голема загриженост меѓу родителите бидејќи според информациите на Струмица Денес од МВР, случајот сѐуште не е пријавен во полиција. -Во врска со вашето прашање Ве известуваме дека на 03.06.2024 во СВР Струмица не е пријавен настан случен во градинка во Струмица. СВР Струмица има постапувано по ваков настан по насоки дадени од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, стои во соопштението на МВР. Повеќе прочитајте ТУКА

The post Mетална статива падна врз глава на дете во градинка во Струмица appeared first on Република.

]]>
Во пожар во Струмица изгореа две куќи, две лица повредени https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-pozhar-vo-strumitsa-izgorea-dve-kuki-dve-litsa-povredeni/ Sat, 22 Jun 2024 13:51:12 +0000 https://republika.mk/?p=789773

Покривите на две куќи во Струмица на улицата „Крушевска Република“ целосно изгореа во страшен пожар кој бил пријавен во 10:55 во ТППЕ Струмица, а две лица се повредени.

Според информациите од Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, во гаснењето на големиот пожар учествувале 6 против пожарни возила и 22 пожарникари.

-Пожарот е локализиран за еден и пол час. Зафатени се две куќи чии кровни конструкции се паднати како последица од пожарот. Две лица се повредени и се пренесени на лекување во струмичката болница, изјави Гудев.

Причините за пожарот засега не се познати, а увид на местото на пожарот ќе извршат увидни екипи.

Фото: ТППЕ Струмица

The post Во пожар во Струмица изгореа две куќи, две лица повредени appeared first on Република.

]]>

Покривите на две куќи во Струмица на улицата „Крушевска Република“ целосно изгореа во страшен пожар кој бил пријавен во 10:55 во ТППЕ Струмица, а две лица се повредени. Според информациите од Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, во гаснењето на големиот пожар учествувале 6 против пожарни возила и 22 пожарникари.
-Пожарот е локализиран за еден и пол час. Зафатени се две куќи чии кровни конструкции се паднати како последица од пожарот. Две лица се повредени и се пренесени на лекување во струмичката болница, изјави Гудев.
Причините за пожарот засега не се познати, а увид на местото на пожарот ќе извршат увидни екипи. Фото: ТППЕ Струмица

The post Во пожар во Струмица изгореа две куќи, две лица повредени appeared first on Република.

]]>