струга Archives - Република https://republika.mk/tema/struga/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 11:17:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png струга Archives - Република https://republika.mk/tema/struga/ 32 32 Четворица повредени во судир кај Струга https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-povredeni-vo-sudir-kaj-struga/ Thu, 31 Oct 2024 11:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=832737

Вчера во 17.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат од с.Биџево кон с.Драслајца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(31) од село Делогожда, струшко и патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(31) од Германија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Х.Ш. и сопатничка од возилото „голф“ А.Д.(28), а со телесни повреди се здобиле Т.Д. и сопатничката од возило „бмв“ , А.Х, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

The post Четворица повредени во судир кај Струга appeared first on Република.

]]>

Вчера во 17.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат од с.Биџево кон с.Драслајца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(31) од село Делогожда, струшко и патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(31) од Германија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Х.Ш. и сопатничка од возилото „голф“ А.Д.(28), а со телесни повреди се здобиле Т.Д. и сопатничката од возило „бмв“ , А.Х, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.  

The post Четворица повредени во судир кај Струга appeared first on Република.

]]>
По 19 години работа, македонски доктор без образложение избркан од струшката болница https://republika.mk/vesti/makedonija/po-19-godini-rabota-makedonski-doktor-bez-obrazlozhenie-izbrkan-od-strushkata-bolnitsa/ Sun, 20 Oct 2024 20:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=829224

Физиотерапевтот од Струга, Димче Димоски, кој 19 години работел по договор на дело, остана без работа откако новиот директор на Специјалната болница за нефрологија, др Јетмир Зиба, не му го продолжил договорот. Димоски изјави дека на неговото место се вработиле тројца нови физиотерапевти, кои, според него, немаат искуство за работата што ја преземаат.

Без никакво образложение, не ми беше ништо образложено, зошто не ми се продолжува договорот, а на мое место беа донесени двајца надворешни колеги, физиотерапевти. А пред три дена на 16-ти донесоа уште една нова колешка“, вели Диме Димоски.

Директорот на Специјалната болница за нефрологија, д-р Јетмир Зиба, не даде коментар за причините поради кои договорот на Димоски не бил продолжен, но најави дека следната недела ќе се произнесе за случувањата.

Димоски, сопруг и татко на две малолетни деца, дипломирал како физиотерапевт. Од 2005 до 2014 година работел во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, потоа работел приватно неколку години, а последните две години бил ангажиран во Заводот за нефрологија во Струга.

Фамилијарен човек сум. Сопруг и татко на две деца. Се снаоѓаме некако. Мојата сопруга е вработена и така крпиме некако“, вели Димовски.

Негови колеги од болницата го опишуваат како професионалец кој одлично ја познава својата работа.

Димоски беше врвен стручњак, човек на кој можеш да се потпреш во секој момент. На негово место дојдоа тројца нови кои не се едуцирани и компетентни за таа работа“, порача Елизабета Димоска-Чифлигароска.

Таа смета дека во време на недостиг од професионален медицински кадар, ваквите постапки, со кои професионалците се оставаат без работа, се недозволиви.

The post По 19 години работа, македонски доктор без образложение избркан од струшката болница appeared first on Република.

]]>

Физиотерапевтот од Струга, Димче Димоски, кој 19 години работел по договор на дело, остана без работа откако новиот директор на Специјалната болница за нефрологија, др Јетмир Зиба, не му го продолжил договорот. Димоски изјави дека на неговото место се вработиле тројца нови физиотерапевти, кои, според него, немаат искуство за работата што ја преземаат.
Без никакво образложение, не ми беше ништо образложено, зошто не ми се продолжува договорот, а на мое место беа донесени двајца надворешни колеги, физиотерапевти. А пред три дена на 16-ти донесоа уште една нова колешка“, вели Диме Димоски.
Директорот на Специјалната болница за нефрологија, д-р Јетмир Зиба, не даде коментар за причините поради кои договорот на Димоски не бил продолжен, но најави дека следната недела ќе се произнесе за случувањата. Димоски, сопруг и татко на две малолетни деца, дипломирал како физиотерапевт. Од 2005 до 2014 година работел во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, потоа работел приватно неколку години, а последните две години бил ангажиран во Заводот за нефрологија во Струга.
Фамилијарен човек сум. Сопруг и татко на две деца. Се снаоѓаме некако. Мојата сопруга е вработена и така крпиме некако“, вели Димовски.
Негови колеги од болницата го опишуваат како професионалец кој одлично ја познава својата работа.
Димоски беше врвен стручњак, човек на кој можеш да се потпреш во секој момент. На негово место дојдоа тројца нови кои не се едуцирани и компетентни за таа работа“, порача Елизабета Димоска-Чифлигароска.
Таа смета дека во време на недостиг од професионален медицински кадар, ваквите постапки, со кои професионалците се оставаат без работа, се недозволиви.

The post По 19 години работа, македонски доктор без образложение избркан од струшката болница appeared first on Република.

]]>
Кражба на автомобил во Струга: 29-годишник од Скопје кривично ќе одговара https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krazhba-na-avtomobil-vo-struga-29-godishnik-od-skopje-krivichno-ke-odgovara/ Sun, 20 Oct 2024 14:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=829141

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање моторно возило“.

Тој, на 21.08. годинава, искористил згодна прилика и од паркинг простор во Струга, неовластено одзел моторно возило марка „Лада Самара“ сопственост на Е.К.(25) од Прилеп.

По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје.

The post Кражба на автомобил во Струга: 29-годишник од Скопје кривично ќе одговара appeared first on Република.

]]>

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Одземање моторно возило“. Тој, на 21.08. годинава, искористил згодна прилика и од паркинг простор во Струга, неовластено одзел моторно возило марка „Лада Самара“ сопственост на Е.К.(25) од Прилеп. По преземени мерки, возилото било пронајдено во Скопје.

The post Кражба на автомобил во Струга: 29-годишник од Скопје кривично ќе одговара appeared first on Република.

]]>
Жител на Велешта дивеел во казино во Струга, нападнал и припадник на обезбедувањето https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-na-veleshta-diveel-vo-kazino-vo-struga-napadnal-i-pripadnik-na-obezbeduvaneto/ Wed, 02 Oct 2024 17:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=821885

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(33) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 09.09.2024 во казино на улица „Марк и Енгелс“ во Струга тој агресивно се однесувал кон вработените и гостите, а потоа пред казиното физички нападнал работник кој го обезбедувал објектот.

The post Жител на Велешта дивеел во казино во Струга, нападнал и припадник на обезбедувањето appeared first on Република.

]]>

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(33) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 09.09.2024 во казино на улица „Марк и Енгелс“ во Струга тој агресивно се однесувал кон вработените и гостите, а потоа пред казиното физички нападнал работник кој го обезбедувал објектот.

The post Жител на Велешта дивеел во казино во Струга, нападнал и припадник на обезбедувањето appeared first on Република.

]]>
Во Кичево, Охрид и Струга уништена небезбедна храна, казнети маркет, гостилница и месарница https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-kichevo-ohrid-i-struga-unishtena-nebezbedna-hrana-kazneti-market-gostilnitsa-i-mesarnitsa/ Sun, 22 Sep 2024 15:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=818773

Во вонредни инспекциски надзори во Кичево, Струга и Охрид уништени се 187 килограми небезбедна храна, а изречена е и парична казна од 1,400 евра.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во Струга е казнет маркет со 1,400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот.

Уништена е храна во количина од 15 килограми, а казната е изречена за утврдените недоследности (немање декларации, нечитки декларации на производите, несоодветно означување на производите, продажба на храна со поминат рок и слично).

Во Струга казнета е и месарница со 500 евра во денарска противвредност поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништени се 50 килограми храна од животинско потекло.

Во Охрид со 500 евра казнета е гостилница каде инспекциските служби на АХВ при спроведен вонреден надзор утврдиле недоследности и уништиле 15 килограми небезбедна храна.

Кај некои од операторите утврдени се незадоволителни хигиенски услови, вршење на активност која не е одобрена од АХВ, непоседување на санитарни книшки за вработените и друго.

Покрај вонредните засилени контроли, постапувањето по поднесени претставки и предлози, инспекциските служби на АХВ ги спроведуваат редовните контроли согласно Годишниот план за вршење на инспекциски контроли, велат од АХВ.

Оттаму додаваат дека во првите шест месеци од годинава спроведени се 24. 335 инспекциски контроли при што изречени се 2 433 инспекциски мерки. Уништени се 37,6 тони и 13,654 литри небезбедна храна.

The post Во Кичево, Охрид и Струга уништена небезбедна храна, казнети маркет, гостилница и месарница appeared first on Република.

]]>

Во вонредни инспекциски надзори во Кичево, Струга и Охрид уништени се 187 килограми небезбедна храна, а изречена е и парична казна од 1,400 евра. Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во Струга е казнет маркет со 1,400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништена е храна во количина од 15 килограми, а казната е изречена за утврдените недоследности (немање декларации, нечитки декларации на производите, несоодветно означување на производите, продажба на храна со поминат рок и слично). Во Струга казнета е и месарница со 500 евра во денарска противвредност поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништени се 50 килограми храна од животинско потекло. Во Охрид со 500 евра казнета е гостилница каде инспекциските служби на АХВ при спроведен вонреден надзор утврдиле недоследности и уништиле 15 килограми небезбедна храна.
Кај некои од операторите утврдени се незадоволителни хигиенски услови, вршење на активност која не е одобрена од АХВ, непоседување на санитарни книшки за вработените и друго.
Покрај вонредните засилени контроли, постапувањето по поднесени претставки и предлози, инспекциските служби на АХВ ги спроведуваат редовните контроли согласно Годишниот план за вршење на инспекциски контроли, велат од АХВ. Оттаму додаваат дека во првите шест месеци од годинава спроведени се 24. 335 инспекциски контроли при што изречени се 2 433 инспекциски мерки. Уништени се 37,6 тони и 13,654 литри небезбедна храна.  

The post Во Кичево, Охрид и Струга уништена небезбедна храна, казнети маркет, гостилница и месарница appeared first on Република.

]]>
Десетмина колекционери ќе ги претстават обредните народни носии на Ревијата во Струга https://republika.mk/vesti/kultura/desetmina-kolektsioneri-ke-gi-pretstavat-obrednite-narodni-nosii-na-revijata-vo-struga/ Sat, 21 Sep 2024 15:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=818550

Десетмина колекционери и три ансамбли ќе бидат дел од годинашната Ревија на народни носии што вечер ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на тема „Обредни народни носии“.

Организатор на манифестацијата е Културно-уметничкото друштво „Илинден“, чиј раководител Љупчо Милошески за МИА информира дека 50-тина ревијалци на сцената ќе ги презентираат обредите и обредните народни носии.

Покрај ревијалците и нивните носии и перформанси, посочи дека публиката ќе има можност да ги погледне и настапите на ансамблот „Македонија“. Ќе биде отворена и изложбата со фотографии од монографијата на народни носии нa професор д-р Владимир Јаневски, а ќе биде прикажан и етнолошкиот филм „Велигденските обичаи во Порече“.

Препознатливата за Струга, „Ревија на народни носии“, полека, но сигурно се издигнува на пиедесталот на настани и го зазема своето заслужено место на македонската културно-уметничка сцена, вели Милошески.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, преку проектите од национален интерес во културата.

The post Десетмина колекционери ќе ги претстават обредните народни носии на Ревијата во Струга appeared first on Република.

]]>

Десетмина колекционери и три ансамбли ќе бидат дел од годинашната Ревија на народни носии што вечер ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на тема „Обредни народни носии“. Организатор на манифестацијата е Културно-уметничкото друштво „Илинден“, чиј раководител Љупчо Милошески за МИА информира дека 50-тина ревијалци на сцената ќе ги презентираат обредите и обредните народни носии. Покрај ревијалците и нивните носии и перформанси, посочи дека публиката ќе има можност да ги погледне и настапите на ансамблот „Македонија“. Ќе биде отворена и изложбата со фотографии од монографијата на народни носии нa професор д-р Владимир Јаневски, а ќе биде прикажан и етнолошкиот филм „Велигденските обичаи во Порече“.
Препознатливата за Струга, „Ревија на народни носии“, полека, но сигурно се издигнува на пиедесталот на настани и го зазема своето заслужено место на македонската културно-уметничка сцена, вели Милошески.
Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, преку проектите од национален интерес во културата.  

The post Десетмина колекционери ќе ги претстават обредните народни носии на Ревијата во Струга appeared first on Република.

]]>
Десет нови лиценцирани негуватели во Струга https://republika.mk/vesti/makedonija/deset-novi-litsentsirani-neguvateli-vo-struga/ Tue, 03 Sep 2024 18:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=812819

Десет лица добија сертификат за негувател по успешно завршената тримесечна обука на Општинската организација на Црвен крст Струга.

Секретарот на Струшкиот Црвен крст, Адуриме Даути, за МИА информира дека во моментот 53 лица во Струга и струшко добиваат помош и нега во домот од 20 лиценцирани негуватели, но оти интересот бил голем и новите 10 лиценцирани треба да бидат ангажирани.

Во рамките на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика 53 стружани, пред се возрасни лица над 65 години, кои немаат кој да се грижи за нив, добиваат помош и нега во домот, истакна Даути.

Црвен крст веќе трета година ја дава услугата, а од организацијата нагласуваат дека интерес кај населението има со оглед на фактот дека старосната граница расте.

Старите лица добиваат квалитетна нега преку нашите лиценцирани негователи. Им овозможуваме во нивниот дом да имаат квалитетен живот. Негователите ги посетуваат секојдневно и им ја пружаат потребната помош, вели Даути.

The post Десет нови лиценцирани негуватели во Струга appeared first on Република.

]]>

Десет лица добија сертификат за негувател по успешно завршената тримесечна обука на Општинската организација на Црвен крст Струга. Секретарот на Струшкиот Црвен крст, Адуриме Даути, за МИА информира дека во моментот 53 лица во Струга и струшко добиваат помош и нега во домот од 20 лиценцирани негуватели, но оти интересот бил голем и новите 10 лиценцирани треба да бидат ангажирани.
Во рамките на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика 53 стружани, пред се возрасни лица над 65 години, кои немаат кој да се грижи за нив, добиваат помош и нега во домот, истакна Даути.
Црвен крст веќе трета година ја дава услугата, а од организацијата нагласуваат дека интерес кај населението има со оглед на фактот дека старосната граница расте.
Старите лица добиваат квалитетна нега преку нашите лиценцирани негователи. Им овозможуваме во нивниот дом да имаат квалитетен живот. Негователите ги посетуваат секојдневно и им ја пружаат потребната помош, вели Даути.

The post Десет нови лиценцирани негуватели во Струга appeared first on Република.

]]>
Министерот Перински ја посети ЈЗУ Нефрологија – Струга https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-perinski-ja-poseti-jzu-nefrologija-struga/ Mon, 26 Aug 2024 12:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=810283

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ја посети специјализираната болница за нефрологија во Струга, каде во тек е реконструкција и подобрување на условите за третман на пациентите во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“, преку Програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема“.

Досега, што соопшти ресорното министерство, набавен е систем за централно снабдување со кислород за три сали за хемодијализа и интензивна нега, набавен, инсталиран и ставен е во функција систем за реверзибилна осмоза, а поставени се и соларни панели на покривот на објектот.

- Проектот е во завршна фаза, предвидено е до крајот на годинава целосно да биде имплементиран со што значително ќе бидат подобрени условите за лицата кои имаат потреба од хемодијализа. Несомнено е дека современи објекти и медицинска опрема се суштински за соодветен третман на пациентите и за ефикасно и непречено функционирање на секоја здравствена установа, истакнал Перински.

Директорот на болницата Јетмир Зиба, според соопштението на Министерството за локална самоуправа, посочил дека установата ќе ги намали трошоците за електрична енергија и комплетно ќе биде реновиран делот за „холидеј дијализа“.

Во последниот квартал од годинава, останува да набавиме 17 кревети, три телевизори и болнички сет наменети за „холидеј дијализа“, по што на тој оддел дневно ќе можат да се лекуваат по 60 пациенти, информирал Зиба.

Вредноста на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“ е 26.043.286 денари. Преку Министерството обезбедени се 11.324.000 денари, Швајцарската агенција за развој и соработка учествува со 9.200.000 денари, а финансики удел има и болницата со 5.519.286 денари.

The post Министерот Перински ја посети ЈЗУ Нефрологија – Струга appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ја посети специјализираната болница за нефрологија во Струга, каде во тек е реконструкција и подобрување на условите за третман на пациентите во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“, преку Програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата шема“. Досега, што соопшти ресорното министерство, набавен е систем за централно снабдување со кислород за три сали за хемодијализа и интензивна нега, набавен, инсталиран и ставен е во функција систем за реверзибилна осмоза, а поставени се и соларни панели на покривот на објектот. - Проектот е во завршна фаза, предвидено е до крајот на годинава целосно да биде имплементиран со што значително ќе бидат подобрени условите за лицата кои имаат потреба од хемодијализа. Несомнено е дека современи објекти и медицинска опрема се суштински за соодветен третман на пациентите и за ефикасно и непречено функционирање на секоја здравствена установа, истакнал Перински. Директорот на болницата Јетмир Зиба, според соопштението на Министерството за локална самоуправа, посочил дека установата ќе ги намали трошоците за електрична енергија и комплетно ќе биде реновиран делот за „холидеј дијализа“. Во последниот квартал од годинава, останува да набавиме 17 кревети, три телевизори и болнички сет наменети за „холидеј дијализа“, по што на тој оддел дневно ќе можат да се лекуваат по 60 пациенти, информирал Зиба. Вредноста на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“ е 26.043.286 денари. Преку Министерството обезбедени се 11.324.000 денари, Швајцарската агенција за развој и соработка учествува со 9.200.000 денари, а финансики удел има и болницата со 5.519.286 денари.

The post Министерот Перински ја посети ЈЗУ Нефрологија – Струга appeared first on Република.

]]>
По поразот на ПАОК, македонско финале на 52. Меѓународен ракометен турнир во Струга https://republika.mk/sport/rakomet/po-porazot-na-paok-makedonsko-finale-na-52-megunaroden-rakometen-turnir-vo-struga/ Sat, 17 Aug 2024 06:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=807386

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер синоќа убедливо го совлада грчки ПАОК до 36:20 (19:06) на 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.

Битолчани со победата си резервираа место во денешното финалето против најтрофејниот на турнирот, со 14 титули - Вардар, и можност да се израмнат по бројот на пехари на струшкиот турнир.

Еурофарм Пелистер ја имаше контролата на мечот од почеток и во ниту еден момент не дозволи да се загрози водството.

Најефикасен на натпреварот беше српскиот интернационалец Вук Радивојевиќ со 9 погодоци.

Во борбата за третото место вечер ќе се сретнат поразените од синоќешните натпревари ПАОК и Ескилстуна Гуиф во 18:30 часот, додека финалето е резервирано за 20:30 часот. Последниот ден на турнирот ќе го отворат домаќините и ракометарите на Тиквеш во борбата за петтото место.

The post По поразот на ПАОК, македонско финале на 52. Меѓународен ракометен турнир во Струга appeared first on Република.

]]>

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер синоќа убедливо го совлада грчки ПАОК до 36:20 (19:06) на 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Битолчани со победата си резервираа место во денешното финалето против најтрофејниот на турнирот, со 14 титули - Вардар, и можност да се израмнат по бројот на пехари на струшкиот турнир. Еурофарм Пелистер ја имаше контролата на мечот од почеток и во ниту еден момент не дозволи да се загрози водството. Најефикасен на натпреварот беше српскиот интернационалец Вук Радивојевиќ со 9 погодоци. Во борбата за третото место вечер ќе се сретнат поразените од синоќешните натпревари ПАОК и Ескилстуна Гуиф во 18:30 часот, додека финалето е резервирано за 20:30 часот. Последниот ден на турнирот ќе го отворат домаќините и ракометарите на Тиквеш во борбата за петтото место.

The post По поразот на ПАОК, македонско финале на 52. Меѓународен ракометен турнир во Струга appeared first on Република.

]]>
Кожи и внатрешни органи од животни, камења, ќебиња, перници, пцовисано јагне…се само дел од отпадот изваден од шахтите и канализациската мрежа во Струга https://republika.mk/zivot/servisi/kozhi-i-vnatreshni-organi-od-zhivotni-kamena-kebina-pernitsi-ptsovisano-jagne-se-samo-del-od-otpadot-izvaden-od-shahtite-i-kanalizatsiskata-mrezha-vo-struga/ Thu, 15 Aug 2024 10:40:21 +0000 https://republika.mk/?p=806817

Кожи и внатрешни органи од животни, камења, ќебиња, перници, се само дел од отпадот изваден од шахтите и канализациската мрежа во Струга, информира за МИА директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Дашмир Насуфи.

Тој вели дека најголем проблем со кој се соочуваат екипите на претпријатието е несовесноста на граѓаните, кои намерно фрлале отпад во канализацијата.

Пример за тоа, нагласи, се наполнети шахти со камења, а од канализациската мрежа меѓу другото било извадено и пцовисано јагне.

И во овие летни месеци кога туристите и посетителите во Струга уживаат во убавините на езерото, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ секојдновно се борат да го стават системот за одведување на фекални води во функционален, истакна Насуфи.

При вршење на работните задачи, тимовите на струшки „Водовод и канализација“, според директорот на претпријатието, секојдневно чистеле влажни марамчиња.

Нашите тимови секојдневно се борат со чистење огромните количини марамчиња наталожени на канализациските цевки, шахти и пумпни станици.

Апелираме до граѓаните и туристите, искористените влажни марамчиња да ги одложуваат во кантите за отпад, наместо во санитариите, изјави Насуфи.

Тој посочи дека несоработката и непридржувањето кон домаќинските практики може да доведе до колапс на системот и домовите да бидат поплавени од фекалии.

The post Кожи и внатрешни органи од животни, камења, ќебиња, перници, пцовисано јагне…се само дел од отпадот изваден од шахтите и канализациската мрежа во Струга appeared first on Република.

]]>

Кожи и внатрешни органи од животни, камења, ќебиња, перници, се само дел од отпадот изваден од шахтите и канализациската мрежа во Струга, информира за МИА директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Дашмир Насуфи. Тој вели дека најголем проблем со кој се соочуваат екипите на претпријатието е несовесноста на граѓаните, кои намерно фрлале отпад во канализацијата. Пример за тоа, нагласи, се наполнети шахти со камења, а од канализациската мрежа меѓу другото било извадено и пцовисано јагне.
И во овие летни месеци кога туристите и посетителите во Струга уживаат во убавините на езерото, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ секојдновно се борат да го стават системот за одведување на фекални води во функционален, истакна Насуфи.
При вршење на работните задачи, тимовите на струшки „Водовод и канализација“, според директорот на претпријатието, секојдневно чистеле влажни марамчиња.
Нашите тимови секојдневно се борат со чистење огромните количини марамчиња наталожени на канализациските цевки, шахти и пумпни станици.
Апелираме до граѓаните и туристите, искористените влажни марамчиња да ги одложуваат во кантите за отпад, наместо во санитариите, изјави Насуфи. Тој посочи дека несоработката и непридржувањето кон домаќинските практики може да доведе до колапс на системот и домовите да бидат поплавени од фекалии.

The post Кожи и внатрешни органи од животни, камења, ќебиња, перници, пцовисано јагне…се само дел од отпадот изваден од шахтите и канализациската мрежа во Струга appeared first on Република.

]]>
Главна награда од публиката за филмот „Так-так“ на Јане Алтипармаков на „Дрим шорт фестивал“ во Струга https://republika.mk/scena/film/glavna-nagrada-od-publikata-za-filmot-tak-tak-na-jane-altiparmakov-na-drim-short-festival-vo-struga/ Mon, 12 Aug 2024 12:44:44 +0000 https://republika.mk/?p=805859

Филмот "Так-так" е готова е добитник на главната награда на публиката на Интернационалниот филмски фестивал во Струга.

Краткометражниот филм на Јане Алтипармаков беше селектиран и прикажан на годинашното издание на филмискиот фестивал Дрим шорт во Струга. Во главните улоги настапуваат: Благој Веселинов, Ивана Павлаковиќ, Исмет Шабановиќ, Сања Арсовска и Даријан Петров.

Филмот е во продукција на РеалФилм, а во копродукција на Машина Продакшн.

Досега е прикажан на неколку фестивали кај нас и во светот, а добитник е на почесно признание од Cinematic European Film Festival..

Осмото издание на „Дрим шорт фестивал“ се одржа под мотото „Бесконечна слобода“, а програмата беше распределена во четири фестивалски денови со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, а во селекција на режисерот Иван Бакрач.

The post Главна награда од публиката за филмот „Так-так“ на Јане Алтипармаков на „Дрим шорт фестивал“ во Струга appeared first on Република.

]]>

Филмот "Так-так" е готова е добитник на главната награда на публиката на Интернационалниот филмски фестивал во Струга.

Краткометражниот филм на Јане Алтипармаков беше селектиран и прикажан на годинашното издание на филмискиот фестивал Дрим шорт во Струга. Во главните улоги настапуваат: Благој Веселинов, Ивана Павлаковиќ, Исмет Шабановиќ, Сања Арсовска и Даријан Петров. Филмот е во продукција на РеалФилм, а во копродукција на Машина Продакшн. Досега е прикажан на неколку фестивали кај нас и во светот, а добитник е на почесно признание од Cinematic European Film Festival.. Осмото издание на „Дрим шорт фестивал“ се одржа под мотото „Бесконечна слобода“, а програмата беше распределена во четири фестивалски денови со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, а во селекција на режисерот Иван Бакрач.

The post Главна награда од публиката за филмот „Так-так“ на Јане Алтипармаков на „Дрим шорт фестивал“ во Струга appeared first on Република.

]]>
Проекција на „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески на последниот фестивалски ден на „Drim Short“ https://republika.mk/scena/film/proektsija-na-dali-si-mazh-na-gorche-stavreski-na-posledniot-festivalski-den-na-drim-short/ Sun, 11 Aug 2024 12:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=805449

Последниот фестивалски ден на „Drim Short“ фестивалот во Струга, ќе започне со VIP Movie corner каде ќе биде прикажан филмот „Pitched Together“ на Diego Bonilla.

На летната сцена на Центарот за култура Марко Цепенков ќе бидат прикажан филмоt на Ѓорче Ставрески „Дали си маж“, како дел од регионалната програма.

Во Интернационалната програма ќе биде прикажан филмот „A short trip“ на Erenik Beqiri. Во категоријата Dealing with the past ќе се прикаже филмот на Bojan Stojkik „Hope Hotel Phantom“. По проекциите ќе следува официјалната церемонија на доделување на наградите и музичката програма со ISKRA.

Осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short“, годинава се одржа од 8 до 11 август во Струга под мотото „Бесконечна слобода“. Оваа година фестивалот е за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат.

The post Проекција на „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески на последниот фестивалски ден на „Drim Short“ appeared first on Република.

]]>

Последниот фестивалски ден на „Drim Short“ фестивалот во Струга, ќе започне со VIP Movie corner каде ќе биде прикажан филмот „Pitched Together“ на Diego Bonilla. На летната сцена на Центарот за култура Марко Цепенков ќе бидат прикажан филмоt на Ѓорче Ставрески „Дали си маж“, како дел од регионалната програма. Во Интернационалната програма ќе биде прикажан филмот „A short trip“ на Erenik Beqiri. Во категоријата Dealing with the past ќе се прикаже филмот на Bojan Stojkik „Hope Hotel Phantom“. По проекциите ќе следува официјалната церемонија на доделување на наградите и музичката програма со ISKRA. Осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short“, годинава се одржа од 8 до 11 август во Струга под мотото „Бесконечна слобода“. Оваа година фестивалот е за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат.

The post Проекција на „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески на последниот фестивалски ден на „Drim Short“ appeared first on Република.

]]>
Проекција на „Само ѓаволот се плаши од вода“ вечерва на Дрим шорт фестивал во Струга https://republika.mk/scena/film/proektsija-na-samo-gavolot-se-plashi-od-voda-vecherva-na-drim-short-festival-vo-struga/ Sat, 10 Aug 2024 12:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=805191

На летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе биде прикажан краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ по сценарио на Лидија Мојсоска и Јаков Попоски.

Проекцијата е во рамките на 8. издание на фестивалот за краток филм Drim Short.

Филмот раскажува приказна за две деца Борис и Кира кои работат на плажа, а чие другарство за  момент ќе биде разнишано поради влијанијата од конзервативното опкружување.

„Само ѓаволот се плаши од вода“, ја освои наградата за најдобар домашен, македонски филм од  жирито на ФИЛМАЈ, Меѓународниот фестивал на краток филм Куманово 2024. Претходно овој филм беше награден и на филмски фестивали во Португалија и Црна Гора.

The post Проекција на „Само ѓаволот се плаши од вода“ вечерва на Дрим шорт фестивал во Струга appeared first on Република.

]]>

На летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе биде прикажан краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ по сценарио на Лидија Мојсоска и Јаков Попоски.
Проекцијата е во рамките на 8. издание на фестивалот за краток филм Drim Short. Филмот раскажува приказна за две деца Борис и Кира кои работат на плажа, а чие другарство за  момент ќе биде разнишано поради влијанијата од конзервативното опкружување.
„Само ѓаволот се плаши од вода“, ја освои наградата за најдобар домашен, македонски филм од  жирито на ФИЛМАЈ, Меѓународниот фестивал на краток филм Куманово 2024. Претходно овој филм беше награден и на филмски фестивали во Португалија и Црна Гора.

The post Проекција на „Само ѓаволот се плаши од вода“ вечерва на Дрим шорт фестивал во Струга appeared first on Република.

]]>
Под мотото „Бесконечна слобода“ вечерва почнува Фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ https://republika.mk/scena/film/pod-mototo-beskonechna-sloboda-vecherva-pochnuva-festivalot-za-kratok-film-drim-short-2024/ Thu, 08 Aug 2024 08:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=804466

8. издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ оваа година ќе се одржи од 8-ми до 11-ти август во Струга.

Осум лета, една идеја за бесконечност. „Слободата“ денес е тема која често се користи, а ретко се ползува. Слободата, која е безброј пати злоупотребена, погазена, украдена и прелажана. Слободата, која денес е заробена од „слободниот свет“.

Затоа осмото издание на фестивалот ќе се одржи со идејата за „Бесконечна слобода“, за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат. Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес кон слободата.

Фестивалската програма ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на нашиот драг соработник Иван Бакрач. Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата „MK Special“ чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата каде ќе се прикажат кратки филмови во специфичен формат.

Во едукативниот дел од фестивалот ќе проследиме два мастеркласови, како и една дискусија за филм на тема ,,Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот.

Музичката програма оваа година е посветена на македонската музика. Фестивалот ќе го отворат Фолтин со целовечерен концерт, додека фестивалот ќе го затвори групата Искра, која со себе носи информации од иднината.

The post Под мотото „Бесконечна слобода“ вечерва почнува Фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ appeared first on Република.

]]>

8. издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ оваа година ќе се одржи од 8-ми до 11-ти август во Струга. Осум лета, една идеја за бесконечност. „Слободата“ денес е тема која често се користи, а ретко се ползува. Слободата, која е безброј пати злоупотребена, погазена, украдена и прелажана. Слободата, која денес е заробена од „слободниот свет“.   Затоа осмото издание на фестивалот ќе се одржи со идејата за „Бесконечна слобода“, за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат. Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес кон слободата. Фестивалската програма ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на нашиот драг соработник Иван Бакрач. Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата „MK Special“ чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата каде ќе се прикажат кратки филмови во специфичен формат.   Во едукативниот дел од фестивалот ќе проследиме два мастеркласови, како и една дискусија за филм на тема ,,Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот. Музичката програма оваа година е посветена на македонската музика. Фестивалот ќе го отворат Фолтин со целовечерен концерт, додека фестивалот ќе го затвори групата Искра, која со себе носи информации од иднината.

The post Под мотото „Бесконечна слобода“ вечерва почнува Фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ appeared first on Република.

]]>
„Фолтин“ вечерва со концерт на „Дрим шорт фестивал“ во Струга ја почнува својата мини турнеја https://republika.mk/scena/foltin-vecherva-so-kontsert-na-drim-short-festival-vo-struga-ja-pochnuva-svojata-mini-turneja/ Thu, 08 Aug 2024 08:07:06 +0000 https://republika.mk/?p=804455

Групата „Фолтин“ ќе одржи минитурнеја низ Македонија со три концерти. Првиот е во Струга на 8 август во рамките на осмото издание на фестивалот Дрим шорт.

Следниот концерт е во матичната Битола. Настанот на ракометното игралиште ќе го отворат младите битолски бендови „Tzar von time”, „Siotto jazz” и „Corrosion”, а специјални гости ќе бидат „Суперхикс“. На 25 август, „Фолтин“ ќе одржи концерт во Кавадарци во Винскиот музеј.

„Фолтин“ претходно настапи на Д фестивал во Дојран и гостуваше на славеничкиот концерт на „Суперхикс“, кој се одржа на 29 јуни во Кисела Вода. „Фолтин“ и „Суперхикс“ заедно ја снимија песната „Сила и нервоза“.

The post „Фолтин“ вечерва со концерт на „Дрим шорт фестивал“ во Струга ја почнува својата мини турнеја appeared first on Република.

]]>

Групата „Фолтин“ ќе одржи минитурнеја низ Македонија со три концерти. Првиот е во Струга на 8 август во рамките на осмото издание на фестивалот Дрим шорт.
Следниот концерт е во матичната Битола. Настанот на ракометното игралиште ќе го отворат младите битолски бендови „Tzar von time”, „Siotto jazz” и „Corrosion”, а специјални гости ќе бидат „Суперхикс“. На 25 август, „Фолтин“ ќе одржи концерт во Кавадарци во Винскиот музеј. „Фолтин“ претходно настапи на Д фестивал во Дојран и гостуваше на славеничкиот концерт на „Суперхикс“, кој се одржа на 29 јуни во Кисела Вода. „Фолтин“ и „Суперхикс“ заедно ја снимија песната „Сила и нервоза“.

The post „Фолтин“ вечерва со концерт на „Дрим шорт фестивал“ во Струга ја почнува својата мини турнеја appeared first on Република.

]]>
Во тепачка на деца се вклучиле и возрасни, ОЈО Струга поднесе обвинение за пет лица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tepachka-na-detsa-se-vkluchile-i-vozrasni-ojo-struga-podnese-obvinenie-za-pet-litsa/ Sat, 20 Jul 2024 11:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=798713

Основното јавно обвинителство од Струга поднесе обвинителен предлог против пет лица за кривични дело „учество во тепачка“.

Настанот се случил на 17 август минатата година во луна паркот на улицата „Партизанска“ каде две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка по што се вклучиле родителите на децата и други роднини. Тепачката кулминирала така што едно од децата се здобило со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини.

Еден од обвинетите, како што информира Јавното обвинителство, во моментот извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга.

The post Во тепачка на деца се вклучиле и возрасни, ОЈО Струга поднесе обвинение за пет лица appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство од Струга поднесе обвинителен предлог против пет лица за кривични дело „учество во тепачка“. Настанот се случил на 17 август минатата година во луна паркот на улицата „Партизанска“ каде две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка по што се вклучиле родителите на децата и други роднини. Тепачката кулминирала така што едно од децата се здобило со тешки телесни повреди од удари со тупаници – скршеници на вилица, контузии на главата и телото, подливи и посекотини. Еден од обвинетите, како што информира Јавното обвинителство, во моментот извршува функција државен правобранител за подрачјето на Струга.

The post Во тепачка на деца се вклучиле и возрасни, ОЈО Струга поднесе обвинение за пет лица appeared first on Република.

]]>
Во Струга денеска се одбележуваат два јубилеја: 80 години Библиотека и 65 години Дом на култура ,,Браќа Миладиновци” https://republika.mk/vesti/kultura/vo-struga-deneska-se-odbelezhuvaat-dva-jubileja-80-godini-biblioteka-i-65-godini-dom-na-kultura-braka-miladinovtsi/ Fri, 12 Jul 2024 08:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=796063

Во рамките на одбележувањето на Јубилејот 80 години Библиотека и 65 години Дом на култура ,,Браќа Миладиновци” – Струга, Установата денес, со почеток во 10:00 часот, во паркот на поезијата ќе го одржи вториот настан поврзан со ова чествување. Посетителите ќе имаат можност да ги видат дел од делата на роднокрајните автори, како и изданија од Збирката на СВП која ја поседува Центарот за култура и е единствена во РСМ. Овие дела не се издаваат и единствено можат да се погледнат само во просториите на Библиотеката и на овој начин публиката ќе може да ги види овие дела. Исто така ќе бидат изложени и уметнички дела на познати уметници- сликари. Центарот за култура ќе додели и благодарници на општествено одговорни компании и личности за голем придонес во развивањето на културата во Струга.

Ова е втор настан во одбележувањето на Јубилејот и следува после првата голема прослава на која и официјално започна соработката меѓу Амбасадата на НР Кина и Центарот за култура. Со други културни манифестации ќе се продолжат во наредниот месец.

The post Во Струга денеска се одбележуваат два јубилеја: 80 години Библиотека и 65 години Дом на култура ,,Браќа Миладиновци” appeared first on Република.

Опасен пожар беснее во Струга, ангажиран и хеликоптер на МВР https://republika.mk/vesti/crna-hronika/opasen-pozhar-besnee-vo-struga-angazhiran-i-helikopter-na-mvr/ Tue, 09 Jul 2024 15:18:16 +0000 https://republika.mk/?p=795030

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека во атарот на с.Делогожди (Општина Струга) на депонијата е избувнат пожар, при што е зафатена и блиска борова шума. Моментно се присутни 2 ПП возила и 4 пожарникари и 6 вработени од ЈП „Национални шуми“, подружница „Јабланица“ од Струга.

Заради опасноста од проширување на пожарот кон место што е непристапно за гаснење на пожарот од земја, побарана е воздухопловна поддршка и во моментот на информирање, воздухопловната поддршка од Хеликоптерската единица на МВР, за гаснење на опасниот пожар е на пат“, соопшти ЦУК.

The post Опасен пожар беснее во Струга, ангажиран и хеликоптер на МВР appeared first on Република.

„Пасат“ прегази малолетничка во Струга https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pasat-pregazi-maloletnichka-vo-struga/ Sat, 29 Jun 2024 10:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=791788

На 28.06.2024 во 14.20 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици, што го управувала Е.Х.(51) од ресенското село Крани, удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта.

Малолетничката е пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи.

The post „Пасат“ прегази малолетничка во Струга appeared first on Република.

]]>

На 28.06.2024 во 14.20 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици, што го управувала Е.Х.(51) од ресенското село Крани, удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта. Малолетничката е пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи.

The post „Пасат“ прегази малолетничка во Струга appeared first on Република.

]]>
Владата ја поништи одлуката: Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ja-ponishti-odlukata-megunarodniot-univerzitet-vo-struga-ne-mozhe-da-osnova-fakultet-za-zdravstveni-nauki/ Fri, 28 Jun 2024 17:18:48 +0000 https://republika.mk/?p=791655

Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада.

Иако Проектот за основање на Факултетот не ги исполнувал законките услови, претходната Влада донела одлука со која дала одобрение истиот да се реализира. Ова е констатирано од страна на надлежните институции по ревидирање на спроведените активности во досегашниот тек на постапката.

Со оглед дека станува збор за регулирана професија согласно Директивата на Европската Комисија 2005/36 и 2013/55, потребни се темелни и исцрпни анализи пред пристапување кон давање на Одобрение за вршење на високообразовна дејност за образование на овој тип на кадар. Во конкретниот случај, не се направени анализи за потребите од ваков кадар и условите за нивно образование и обука, ниту пак се извршени консултации со релевантни здруженија и надлежни органи по тој повод, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).

Имајќи ги предвид констатираните сериозни и бројни недоследности, Одборот за акредитација го поништи решението со кое се акредитира проектот за основање на факултетот, додека Министерството за образование и наука го поништи решението за почеток со работа, донесено од претходниот министер.

Новата Влада и Министерството за образованието и наука се одлучни да го унапредат квалитетот на образовниот систем. Постои конкретен план и програма во кои нема место за вакви злоупотреби на институциите. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите.

The post Владата ја поништи одлуката: Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада. Иако Проектот за основање на Факултетот не ги исполнувал законките услови, претходната Влада донела одлука со која дала одобрение истиот да се реализира. Ова е констатирано од страна на надлежните институции по ревидирање на спроведените активности во досегашниот тек на постапката.
Со оглед дека станува збор за регулирана професија согласно Директивата на Европската Комисија 2005/36 и 2013/55, потребни се темелни и исцрпни анализи пред пристапување кон давање на Одобрение за вршење на високообразовна дејност за образование на овој тип на кадар. Во конкретниот случај, не се направени анализи за потребите од ваков кадар и условите за нивно образование и обука, ниту пак се извршени консултации со релевантни здруженија и надлежни органи по тој повод, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).
Имајќи ги предвид констатираните сериозни и бројни недоследности, Одборот за акредитација го поништи решението со кое се акредитира проектот за основање на факултетот, додека Министерството за образование и наука го поништи решението за почеток со работа, донесено од претходниот министер. Новата Влада и Министерството за образованието и наука се одлучни да го унапредат квалитетот на образовниот систем. Постои конкретен план и програма во кои нема место за вакви злоупотреби на институциите. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите.  

The post Владата ја поништи одлуката: Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки appeared first on Република.

]]>