стручно образование Archives - Република https://republika.mk/tema/struchno-obrazovanie/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 14:37:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стручно образование Archives - Република https://republika.mk/tema/struchno-obrazovanie/ 32 32 Јаневска: Две третини од средошколците годинава се запишаа во стручно образование и се надевам дека овој тренд ќе продолжи и во иднина https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-dve-tretini-od-sredoshkoltsite-godinava-se-zapishaa-vo-struchno-obrazovanie-i-se-nadevam-deka-ovoj-trend-ke-prodolzhi-i-vo-idnina/ Thu, 05 Sep 2024 14:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=813586

Дуалното образование е успешен концепт кој го промени ставот на младите за средните стручни училишта. Неколку години дава одлични резултати, кои немаше да бидат постигнати без поддршката која ја добиваме од Швајцарската амбасада, но и од бизнис заедницата која ја реализира практичната настава за учениците. Овој образовен модел ќе продолжи да се имплементира и надградува, а наскоро и системски ќе биде уреден со нов Закон за стручно образование и обука.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која денеска заедно со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман и Антони Пешев, извршен директор на Стопанската Комора ја посетија компанијата Каз Груп, која е дел од проектот за дуално образование.

Радува фактот што бројот на ученици запишани во средните стручни училишта, од година во година расте. Годинава по трите уписни рока, во средните стручни училишта се запишаа речиси 12 илјади ученици од генерацијата која брои околу 17 илјади. Тоа се две третини и се надевам дека овој тренд ќе продолжи и во иднина. Дуалното образование е застапено во 62 училишта и годинава имаме запишано 3850 ученици во прва година, рече Јаневска.

Таа потенцираше дека Министерството за образование и наука, како и досега ќе продолжи со поддршката за учениците кои се запишани во средните стручни училишта. Информираше дека наскоро ќе биде објавен конкурсот за доделување на ученички стипендии во повеќе категории, меѓу кои и за учениците во дуалните паралелки и дефицитарните струки, кои имаат можност да добиваат по 3500 денари за 9 месеци во годината.

 

The post Јаневска: Две третини од средошколците годинава се запишаа во стручно образование и се надевам дека овој тренд ќе продолжи и во иднина appeared first on Република.

]]>

Дуалното образование е успешен концепт кој го промени ставот на младите за средните стручни училишта. Неколку години дава одлични резултати, кои немаше да бидат постигнати без поддршката која ја добиваме од Швајцарската амбасада, но и од бизнис заедницата која ја реализира практичната настава за учениците. Овој образовен модел ќе продолжи да се имплементира и надградува, а наскоро и системски ќе биде уреден со нов Закон за стручно образование и обука. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која денеска заедно со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман и Антони Пешев, извршен директор на Стопанската Комора ја посетија компанијата Каз Груп, која е дел од проектот за дуално образование.
Радува фактот што бројот на ученици запишани во средните стручни училишта, од година во година расте. Годинава по трите уписни рока, во средните стручни училишта се запишаа речиси 12 илјади ученици од генерацијата која брои околу 17 илјади. Тоа се две третини и се надевам дека овој тренд ќе продолжи и во иднина. Дуалното образование е застапено во 62 училишта и годинава имаме запишано 3850 ученици во прва година, рече Јаневска.
Таа потенцираше дека Министерството за образование и наука, како и досега ќе продолжи со поддршката за учениците кои се запишани во средните стручни училишта. Информираше дека наскоро ќе биде објавен конкурсот за доделување на ученички стипендии во повеќе категории, меѓу кои и за учениците во дуалните паралелки и дефицитарните струки, кои имаат можност да добиваат по 3500 денари за 9 месеци во годината.  

The post Јаневска: Две третини од средошколците годинава се запишаа во стручно образование и се надевам дека овој тренд ќе продолжи и во иднина appeared first on Република.

]]>
Средното училиште „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес ќе прераснат во регионални центри за стручно образование https://republika.mk/vesti/makedonija/srednoto-uchilishte-nikola-karev-od-strumitsa-i-kole-nedelkovski-od-veles-ke-prerasnat-vo-regionalni-tsentri-za-struchno-obrazovanie/ Tue, 19 Dec 2023 14:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=724574

Владата на Република Македонија, во соработка со проектот на Европската Унија „Зголемување на атрактивноста инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“ (ИАИР), донесе одлука две средни општински училишта од Струмица и Велес да прераснат во регионални центри за стручно образование (СО).

Станува збор за училиштата „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес, кои со помош на Европската Унија ќе бидат целосно реконструирани.

По тој повод, ќе се одржат и две регионални конференции „Улогата на регионалните СОО центри за подобрување на системот за СОО во источниот регион“.

На конференциите ќе присуствуваат претставници на повеќе владини институции, на Делегацијата на Европската Унија, градоначалниците на општините во регионот, како и претставници од тимот на проектот ИАИР.

Во име на Министерството за образование и наука ќе се обрати државниот секретар, Билјана Казанџиска.

The post Средното училиште „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес ќе прераснат во регионални центри за стручно образование appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија, во соработка со проектот на Европската Унија „Зголемување на атрактивноста инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“ (ИАИР), донесе одлука две средни општински училишта од Струмица и Велес да прераснат во регионални центри за стручно образование (СО). Станува збор за училиштата „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес, кои со помош на Европската Унија ќе бидат целосно реконструирани. По тој повод, ќе се одржат и две регионални конференции „Улогата на регионалните СОО центри за подобрување на системот за СОО во источниот регион“. На конференциите ќе присуствуваат претставници на повеќе владини институции, на Делегацијата на Европската Унија, градоначалниците на општините во регионот, како и претставници од тимот на проектот ИАИР. Во име на Министерството за образование и наука ќе се обрати државниот секретар, Билјана Казанџиска.

The post Средното училиште „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес ќе прераснат во регионални центри за стручно образование appeared first on Република.

]]>
Министерот Шаќири со апел до полуматурантите да одберат средно стручно образование бидејќи нуди подобра перспектива https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-shakiri-so-apel-do-polumaturantite-da-odberat-sredno-struchno-obrazovanie-bidejki-nudi-podobra-perspektiva/ Wed, 07 Jun 2023 12:08:16 +0000 https://republika.mk/?p=648834

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска упати апел до идните средношколци при уписите во средните училишта, кои почнуваат на 20 јуни, да се фокусираат на средното стручно образование бидејќи, според неговата оцена, тоа нуди поголема можност за добра иднина.

Ваквиот апел министерот за го упати за време на денешната посета на средното училиште „Георги Димитров“ и компанијата за мебел „Ацески“ кои имаат воспоставено соработка за спроведување на практична обука на учениците. Шаќири во посета на средното училиште и компанијата беше заедно со швајцарската амбасадорка во земјава Вероник Улман и извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).

Државата, како што истакна Шаќири, има дефицит од стручен кадар и доста работни места со солидни примања, каде што се бараат квалификувани работници, кои не се пополнети. Со диплома од средно стручно образование, рече тој, младите кои ќе ќе ја одберат оваа насока, ќе можат полесно да се вработат, а истовремено ќе имаат добра основа и за понатамошно академско образование.

Образовниот процес во средните стручни училишта е интересен и квалитетен, затоа што во најголемиот дел од нив всушност се спроведува концептот на дуално образование, кој го воведовме, го развиваме, спроведуваме и промовираме заедно со бизнис заедницата, со коморите, локалните самоуправи и со голема поддршка од швајцарската амбасада“, рече Шаќири.

Тој нагласи дека за учениците е обезбедена повеќе практична настава, за сметка на изучувањето теорија и тоа директно на работно место во компанија.

Годинава преку 450 компании ќе примаат ученици на практична обука, а ќе се доделат и 1 500 стипендии за учениците што ќе одберат дуално и воопшто средно стручно образование.

Нека сето ова биде мотив за полуматурантите да одбираат средни стручни училишта и да си обезбедат подобра иднина за себе, а секој нивен успех понатаму, ќе биде и придонес кон напредокот на државата“, додаде министерот.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во средните училишта во учебната 2023/2024 ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во јуни, односно на 20 и 21 јуни и второ пријавување на 27 и 28 јуни 2023 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со најава на средношколците преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Во училиштата каде што ќе се пријават поголем број ученици од планираниот број, кои ги исполнуваат предвидените услови, ќе се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од одредени предмети од осмо и деветто одделение.

Конкурсот предвидува речиси 30 илјади слободни места во 937 паралелки, од кои 279 паралелки се предвидени за гимназиското образование и 658 паралелки во средните стручни училишта. Во во соработка со општините и компаниите во земјава се обезбедени 6 475 слободни места во 259 паралелки во дуалното стручно образование.

The post Министерот Шаќири со апел до полуматурантите да одберат средно стручно образование бидејќи нуди подобра перспектива appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска упати апел до идните средношколци при уписите во средните училишта, кои почнуваат на 20 јуни, да се фокусираат на средното стручно образование бидејќи, според неговата оцена, тоа нуди поголема можност за добра иднина. Ваквиот апел министерот за го упати за време на денешната посета на средното училиште „Георги Димитров“ и компанијата за мебел „Ацески“ кои имаат воспоставено соработка за спроведување на практична обука на учениците. Шаќири во посета на средното училиште и компанијата беше заедно со швајцарската амбасадорка во земјава Вероник Улман и извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН). Државата, како што истакна Шаќири, има дефицит од стручен кадар и доста работни места со солидни примања, каде што се бараат квалификувани работници, кои не се пополнети. Со диплома од средно стручно образование, рече тој, младите кои ќе ќе ја одберат оваа насока, ќе можат полесно да се вработат, а истовремено ќе имаат добра основа и за понатамошно академско образование.
Образовниот процес во средните стручни училишта е интересен и квалитетен, затоа што во најголемиот дел од нив всушност се спроведува концептот на дуално образование, кој го воведовме, го развиваме, спроведуваме и промовираме заедно со бизнис заедницата, со коморите, локалните самоуправи и со голема поддршка од швајцарската амбасада“, рече Шаќири.
Тој нагласи дека за учениците е обезбедена повеќе практична настава, за сметка на изучувањето теорија и тоа директно на работно место во компанија. Годинава преку 450 компании ќе примаат ученици на практична обука, а ќе се доделат и 1 500 стипендии за учениците што ќе одберат дуално и воопшто средно стручно образование.
Нека сето ова биде мотив за полуматурантите да одбираат средни стручни училишта и да си обезбедат подобра иднина за себе, а секој нивен успех понатаму, ќе биде и придонес кон напредокот на државата“, додаде министерот.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во средните училишта во учебната 2023/2024 ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во јуни, односно на 20 и 21 јуни и второ пријавување на 27 и 28 јуни 2023 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со најава на средношколците преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk. Во училиштата каде што ќе се пријават поголем број ученици од планираниот број, кои ги исполнуваат предвидените услови, ќе се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од одредени предмети од осмо и деветто одделение. Конкурсот предвидува речиси 30 илјади слободни места во 937 паралелки, од кои 279 паралелки се предвидени за гимназиското образование и 658 паралелки во средните стручни училишта. Во во соработка со општините и компаниите во земјава се обезбедени 6 475 слободни места во 259 паралелки во дуалното стручно образование.

The post Министерот Шаќири со апел до полуматурантите да одберат средно стручно образование бидејќи нуди подобра перспектива appeared first on Република.

]]>
Стручното образование нуди добра перспектива и поголема веројатност за брзо вработување, рече заменик-министерот за образование https://republika.mk/vesti/makedonija/struchnoto-obrazovanie-nudi-dobra-perspektiva-i-pogolema-verojatnost-za-brzo-vrabotuvanje-reche-zamenik-ministerot-za-obrazovanie/ Mon, 30 May 2022 11:45:48 +0000 https://republika.mk/?p=508738

Во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ која втора година по ред Министерството за образование и наука ја спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“, а во насока на модернизација и поголема промоција на средното стручно образование, денеска средните стручни училишта во Прилеп и Битола ги отворија вратите за идните средношколци, запознавајќи ги со образовните профили, наставни програми и услови за едукација кои ги нудат во учебната 2022-2023 година и информирајќи ги за компаниите кои ќе бидат дел од реализација на практичната обука.

На дел од промотивните настани присуствуваше заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу кој ги повика младите од овие два града да се насочат кон стручното образование, затоа што, како што рече нуди добра перспектива, поголема веројатност за брзо вработување по формализација на образовниот процес, но и добра основа за понатамошна академска надградба.

Рече дека ова е пораката која ја испраќа во сите градови кои ги посетува периодов, а во пресрет на уписите во средно образование кои започнуваат кон средината на следниот месец и за прв пат ќе се спроведуваат електронски, што е големо олеснување за учениците и нивните семејства.

Алиу потсети дека за само година и половина од 11 дуални паралелки, во моментов отворени се 97, а од идната учебна година ќе функционираат 227, во соработка со 450 компании кои практично ќе ги обучуваат учениците директно во производствените и организациските процеси. Како што рече, тоа е резултат на успешната кампања „Учи паметно, работи стручно“ за што изрази благодарност до сите учесници и поддржувачи на истата.

Заменик министерот рече и дека условите во стручните училишта постојано се подобруваат со инвестиции на МОН, информирајќи дека токму две такви инвестиции наскоро целосно ќе се реализираат, односно привршува замената на фасадата и внатрешната столарија во СОУ Орде Чопела, како и фасадата и подовите во СОУ Ѓорче Петров, двете училишта во Прилеп кои денеска ги посети.

The post Стручното образование нуди добра перспектива и поголема веројатност за брзо вработување, рече заменик-министерот за образование appeared first on Република.

]]>

Во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ која втора година по ред Министерството за образование и наука ја спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“, а во насока на модернизација и поголема промоција на средното стручно образование, денеска средните стручни училишта во Прилеп и Битола ги отворија вратите за идните средношколци, запознавајќи ги со образовните профили, наставни програми и услови за едукација кои ги нудат во учебната 2022-2023 година и информирајќи ги за компаниите кои ќе бидат дел од реализација на практичната обука. На дел од промотивните настани присуствуваше заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу кој ги повика младите од овие два града да се насочат кон стручното образование, затоа што, како што рече нуди добра перспектива, поголема веројатност за брзо вработување по формализација на образовниот процес, но и добра основа за понатамошна академска надградба. Рече дека ова е пораката која ја испраќа во сите градови кои ги посетува периодов, а во пресрет на уписите во средно образование кои започнуваат кон средината на следниот месец и за прв пат ќе се спроведуваат електронски, што е големо олеснување за учениците и нивните семејства. Алиу потсети дека за само година и половина од 11 дуални паралелки, во моментов отворени се 97, а од идната учебна година ќе функционираат 227, во соработка со 450 компании кои практично ќе ги обучуваат учениците директно во производствените и организациските процеси. Како што рече, тоа е резултат на успешната кампања „Учи паметно, работи стручно“ за што изрази благодарност до сите учесници и поддржувачи на истата. Заменик министерот рече и дека условите во стручните училишта постојано се подобруваат со инвестиции на МОН, информирајќи дека токму две такви инвестиции наскоро целосно ќе се реализираат, односно привршува замената на фасадата и внатрешната столарија во СОУ Орде Чопела, како и фасадата и подовите во СОУ Ѓорче Петров, двете училишта во Прилеп кои денеска ги посети.

The post Стручното образование нуди добра перспектива и поголема веројатност за брзо вработување, рече заменик-министерот за образование appeared first on Република.

]]>