стрипови Archives - Република https://republika.mk/tema/stripovi/ За подобро да се разбереме Sun, 12 May 2024 17:17:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стрипови Archives - Република https://republika.mk/tema/stripovi/ 32 32 Стрипови на македонски автори изложени во Сараево https://republika.mk/vesti/kultura/stripovi-na-makedonski-avtori-izlozheni-vo-saraevo/ Sun, 12 May 2024 17:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=777374

Во Босанскиот културен центар во Сараево е отворена документаристичката изложба „Антифашистичкиот стрип во Југославија: од ’Пионери‘ до ’Партизани‘“, на која со свои дела се застапени стрип-автори од сите поранешни југословенски републики, вклучително и македонските, соопшти стрип хронираот Александар Стеванов.

Идеен творец на оваа амбициозна тематска изложба, која е реализирана во рамките на манифестацијата „Денови на кантонот“, е истакнатиот хрватски стрип-промотор и хроничар Вељко Крулчиќ, а во нејзината реализација се вклучени и графичкиот дизајнер Златко Гргиќ, директорот на Босанскиот културен центар Јасмин Дураковиќ, како и кустосот Уна Поповиќ.

Изложбата е всушност пресек на стрип-продукцијата од географската област на поранешна Југославија, продукција која е жанровски поврзана со темата која вообичаено се нарекувала воени стрипови, партизански стрипови или стрипови на тема НОБ. Она најдоброто и најкарактеристичното. Иако главните центри на стрипот во поранешна Југославија беа Белград, Загреб и Горњи Милановац, а подоцна им се придружи и Нови Сад, антифашистичките стрипови беа осмислувани и цртани од стрип-уметниците од сите републики (денешните земји). Значи, и од стрип-уметниците од Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија, истакнува авторот на изложбата, Вељко Крулчиќ.

На изложбата се застапени не само стрипови, туку и списанија и текстови за стрип, почнувајќи од периодот на првите години на Втората светска војна (1942/43), кога антифашистичките стрипови почнуваат да излегуваат во партизанскиот печат наменет за деца, почнувајќи од „Пионери“. Хронолошки, изложбата на Крулчиќ продолжува со победата на партизаните и ослободувањето, односно со појавата на првите антифашистички стрипови во редовниот југословенски печат. Протегајќи се речиси половина век, сè до крајот на 1980-тите, нејзината завршна точка е последниот број на популарното издание „Партизани“. Помеѓу стотината стрип-автори, сценаристи и цртачи, од просторот на некогашна Југославија, со свои стрипови на изложбата се застапени и Македонците Миле Топуз и Љупчо Филипов.

-Во младинското списание ’Наш свет‘ Филипов објавува низа стрипови чија тема е НОБ, вклучително и такви од сериите ’Родени во виорот‘ и ’Посилни од смртта‘, а подоцна за енигматското списание ’Котелец‘ изработува и стрипувани биографии на нашите народни херои. Автор на поголем број стрипови на теми од НОБ е и Миле Топуз, чие творештво речиси во целост е посветено на историскиот стрип. Меѓу нив се оние од серијата ’40 години од НОВ и револуцијата‘ што своевремено излегува во ’Наш свет‘. Покрај Филипов и Топуз, стрипови на теми од НОБ работат и други македонски творци, меѓу кои Славчо Темков, Илија Јордановски, Коле Манев, Мишо Китаноски, Диме Иванов-Димано, Мишко Хрдличка и Игно Јовановски, наведува стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип.

Изложбата „Антифашистичкиот стрип во Југославија: од ’Пионери‘ до ’Партизани‘“ на Вељко Крулчиќ е придружена од две самостојни поставки: „Абдулах Козиќ, Ахмед Муминовиќ, ’Мале новине‘ и антифашистичкиот стрип во БиХ“ и „Андрија Мауровиќ и уметноста на антифашизмот“. Посетителите на Босанскиот културен центар во Сараево ќе можат да ги погледнат изложените стрипови со антифашистичка тема заклучно со 25 мај.

The post Стрипови на македонски автори изложени во Сараево appeared first on Република.

]]>

Во Босанскиот културен центар во Сараево е отворена документаристичката изложба „Антифашистичкиот стрип во Југославија: од ’Пионери‘ до ’Партизани‘“, на која со свои дела се застапени стрип-автори од сите поранешни југословенски републики, вклучително и македонските, соопшти стрип хронираот Александар Стеванов. Идеен творец на оваа амбициозна тематска изложба, која е реализирана во рамките на манифестацијата „Денови на кантонот“, е истакнатиот хрватски стрип-промотор и хроничар Вељко Крулчиќ, а во нејзината реализација се вклучени и графичкиот дизајнер Златко Гргиќ, директорот на Босанскиот културен центар Јасмин Дураковиќ, како и кустосот Уна Поповиќ. Изложбата е всушност пресек на стрип-продукцијата од географската област на поранешна Југославија, продукција која е жанровски поврзана со темата која вообичаено се нарекувала воени стрипови, партизански стрипови или стрипови на тема НОБ. Она најдоброто и најкарактеристичното. Иако главните центри на стрипот во поранешна Југославија беа Белград, Загреб и Горњи Милановац, а подоцна им се придружи и Нови Сад, антифашистичките стрипови беа осмислувани и цртани од стрип-уметниците од сите републики (денешните земји). Значи, и од стрип-уметниците од Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија, истакнува авторот на изложбата, Вељко Крулчиќ. На изложбата се застапени не само стрипови, туку и списанија и текстови за стрип, почнувајќи од периодот на првите години на Втората светска војна (1942/43), кога антифашистичките стрипови почнуваат да излегуваат во партизанскиот печат наменет за деца, почнувајќи од „Пионери“. Хронолошки, изложбата на Крулчиќ продолжува со победата на партизаните и ослободувањето, односно со појавата на првите антифашистички стрипови во редовниот југословенски печат. Протегајќи се речиси половина век, сè до крајот на 1980-тите, нејзината завршна точка е последниот број на популарното издание „Партизани“. Помеѓу стотината стрип-автори, сценаристи и цртачи, од просторот на некогашна Југославија, со свои стрипови на изложбата се застапени и Македонците Миле Топуз и Љупчо Филипов.
-Во младинското списание ’Наш свет‘ Филипов објавува низа стрипови чија тема е НОБ, вклучително и такви од сериите ’Родени во виорот‘ и ’Посилни од смртта‘, а подоцна за енигматското списание ’Котелец‘ изработува и стрипувани биографии на нашите народни херои. Автор на поголем број стрипови на теми од НОБ е и Миле Топуз, чие творештво речиси во целост е посветено на историскиот стрип. Меѓу нив се оние од серијата ’40 години од НОВ и револуцијата‘ што своевремено излегува во ’Наш свет‘. Покрај Филипов и Топуз, стрипови на теми од НОБ работат и други македонски творци, меѓу кои Славчо Темков, Илија Јордановски, Коле Манев, Мишо Китаноски, Диме Иванов-Димано, Мишко Хрдличка и Игно Јовановски, наведува стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип.
Изложбата „Антифашистичкиот стрип во Југославија: од ’Пионери‘ до ’Партизани‘“ на Вељко Крулчиќ е придружена од две самостојни поставки: „Абдулах Козиќ, Ахмед Муминовиќ, ’Мале новине‘ и антифашистичкиот стрип во БиХ“ и „Андрија Мауровиќ и уметноста на антифашизмот“. Посетителите на Босанскиот културен центар во Сараево ќе можат да ги погледнат изложените стрипови со антифашистичка тема заклучно со 25 мај.

The post Стрипови на македонски автори изложени во Сараево appeared first on Република.

]]>
Само денес – бесплатни стрипови во Скопје и во Битола https://republika.mk/zivot/servisi/samo-denes-besplatni-stripovi-vo-skopje-i-vo-bitola/ Sat, 26 Nov 2022 07:29:52 +0000 https://republika.mk/?p=578415

Повеќе од 500 стрипови денеска, од 10:00 до 15:00 часот, бесплатно ќе бидат поделени во стрип-книжарницата „Бункер“ во рамки на „Ден на бесплатни стрипови“.

По 2017 година, стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“.

Се работи за манифестација која првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002 година, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

Во „Ден на бесплатни стрипови“ се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“. Секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа.

Покрај бесплатните стрипови, стрип-книжарницата „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман.

Новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

The post Само денес – бесплатни стрипови во Скопје и во Битола appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 500 стрипови денеска, од 10:00 до 15:00 часот, бесплатно ќе бидат поделени во стрип-книжарницата „Бункер“ во рамки на „Ден на бесплатни стрипови“. По 2017 година, стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“. Се работи за манифестација која првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002 година, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата. Во „Ден на бесплатни стрипови“ се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“. Секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови, стрип-книжарницата „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман. Новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

The post Само денес – бесплатни стрипови во Скопје и во Битола appeared first on Република.

]]>
Kнижарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“ https://republika.mk/vesti/kultura/knizarnicata-bunker-povtorno-organizira-den-na-besplatni-stripovi/ Thu, 24 Nov 2022 14:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=577905

По 2017 год. стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“.
Се работи за манифестација која за првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите 6 години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

Оваа година обезбедивме 500 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно, а бројката расте бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Настанот е закажан за сабота, 26.11.2022 во стрип книжарницата „Бункер“  со почеток во 10 часот и ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип книжарницата Бункер ќе понуди и 30% попуст на целокупниот асортиман.
Исто така, новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

The post Kнижарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“ appeared first on Република.

]]>

По 2017 год. стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“. Се работи за манифестација која за првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите 6 години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата. Оваа година обезбедивме 500 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно, а бројката расте бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Настанот е закажан за сабота, 26.11.2022 во стрип книжарницата „Бункер“  со почеток во 10 часот и ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип книжарницата Бункер ќе понуди и 30% попуст на целокупниот асортиман. Исто така, новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

The post Kнижарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“ appeared first on Република.

]]>