Стратешки компас Archives - Република https://republika.mk/tema/strateshki-kompas/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Mar 2022 08:02:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стратешки компас Archives - Република https://republika.mk/tema/strateshki-kompas/ 32 32 Наместо гаранции за членство, ЕУ го стави Балканот во Стратешкиот компас за одбрана https://republika.mk/vesti/balkan/namesto-garancii-za-chlenstvo-eu-go-stavi-balkanot-vo-strateshkiot-kompas-za-odbrana/ Tue, 22 Mar 2022 08:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=476423

Западниот Балкан доби свое место во Стратешкиот компас како идна воена стратегија на Европската Унија.

Во Документот се посочува дека „безбедноста и стабилноста низ Западен Балкан се се уште нецелосни поради растечкото странско мешање, кампањи за манипулација со информации, како и потенцијално прелевање од сегашната влошена европска безбедносна ситуација“.

„Видливиот напредок во владеењето на правото и реформите засновани врз европските вредности, правила и стандарди треба да продолжат, а европската перспектива е стратешки избор, суштински за сите партнери кои бараат членство во ЕУ“, се вели во Стратешкиот компас за Западен Балкан.

Со Стратешкиот компас земјите-членки на ЕУ усогласуваат заедничка стратешка визија за улогата на Унијата во безбедноста и одбраната и се обврзуваат на серија конкретни и широки насоки за постигнување на тие цели во следните пет до десет години. Како што е официјално објаснето, имајќи ја предвид таа цел „ЕУ прво треба да го процени своето специфично стратешко опкружување и приоритети“.

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ на вчера одржаната средба дадоа зелено светло за Стратешкиот компас, а Документот треба да добие формална потврда на лидерскиот состанок на Унијата закажан за оваа седмица

The post Наместо гаранции за членство, ЕУ го стави Балканот во Стратешкиот компас за одбрана appeared first on Република.

]]>

Западниот Балкан доби свое место во Стратешкиот компас како идна воена стратегија на Европската Унија. Во Документот се посочува дека „безбедноста и стабилноста низ Западен Балкан се се уште нецелосни поради растечкото странско мешање, кампањи за манипулација со информации, како и потенцијално прелевање од сегашната влошена европска безбедносна ситуација“.
„Видливиот напредок во владеењето на правото и реформите засновани врз европските вредности, правила и стандарди треба да продолжат, а европската перспектива е стратешки избор, суштински за сите партнери кои бараат членство во ЕУ“, се вели во Стратешкиот компас за Западен Балкан.
Со Стратешкиот компас земјите-членки на ЕУ усогласуваат заедничка стратешка визија за улогата на Унијата во безбедноста и одбраната и се обврзуваат на серија конкретни и широки насоки за постигнување на тие цели во следните пет до десет години. Како што е официјално објаснето, имајќи ја предвид таа цел „ЕУ прво треба да го процени своето специфично стратешко опкружување и приоритети“. Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ на вчера одржаната средба дадоа зелено светло за Стратешкиот компас, а Документот треба да добие формална потврда на лидерскиот состанок на Унијата закажан за оваа седмица

The post Наместо гаранции за членство, ЕУ го стави Балканот во Стратешкиот компас за одбрана appeared first on Република.

]]>