странски борци Archives - Република https://republika.mk/tema/stranski-borci/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Jun 2022 13:43:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png странски борци Archives - Република https://republika.mk/tema/stranski-borci/ 32 32 Сите го издадоа: Сестрата на мароканскиот платеник осуден на смрт бара помош https://republika.mk/vesti/svet/site-go-izdadoa-sestrata-na-marokanskiot-platenik-osuden-na-smrt-bara-pomosh/ Tue, 21 Jun 2022 13:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=518094

Сестрата на Брахим Садун, Мароканецот заробен во Доњецк додека се борел на страната на украинските сили, вели дека се плаши дека неговата влада го напуштила нејзиниот брат и ја повика меѓународната заедница „да го поддржи Брахим“.

Сакам само секој, секој кој е подготвен да помогне, да дојде и да помогне - вели Иман Садун во интервју за „Гардијан“, опишувајќи дека останала без ничија помош додека барала владина поддршка за него.

Садун беше еден од тројцата заробени странски борци осудени на смрт од страна на судот во Доњецката Народна Република. Другите двајца војници осудени на смрт се Британеците Ејден Ајслин и Шон Пинер.

За нив двајца, британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, порача дека ќе стори „се што е потребно“ за да обезбеди нивно ослободување.

Мароко се обиде да не ја критикува Русија, членка на Советот за безбедност на ОН, за нејзината воена операција во Украина. Додека европските земји во голема мера ја осудија војната, проруските ставови се поприсутни на Блискиот Исток и Африка.

Иман вели дека локалниот печат и многу луѓе на социјалните мрежи ја поздравиле казната за нејзиниот брат.

Тие навистина го издадоа. Кога ја доби смртната казна... можеби 10 проценти од луѓето го поддржаа, но повеќето ја слават неговата смрт. Славеа дека тој ќе биде стрелан. И срцето ме боли бидејќи не можев да ја најдам поддршката од мојата заедница - вели Иман.

Искрено, тој треба да биде убиен. Ваквите луѓе не го претставуваат Мароко - вели еден корисник.

Осудениот Мароканец доби поголема поддршка во Украина, каде колегите студенти го опишуваат Садун како љубезен и љубопитен и популарен член на локалната техно заедница.

Бројни пријатели се обидуваат да ја подигнат свеста под хаштагот #SaveBrahim, а има и такви кои искажуваат загриженост што вниманието на медиумите е насочено само кон двајцата Британци на обвинителна клупа.

Сакам луѓето да пишуваат за оваа кампања #SaveBrahim“.  Само спаси го Брахим затоа што не треба да се заборави... Да не беа неговите пријатели, повеќето луѓе немаше ни да знаат за него - вели Иман за нејзиниот брат.

The post Сите го издадоа: Сестрата на мароканскиот платеник осуден на смрт бара помош appeared first on Република.

]]>

Сестрата на Брахим Садун, Мароканецот заробен во Доњецк додека се борел на страната на украинските сили, вели дека се плаши дека неговата влада го напуштила нејзиниот брат и ја повика меѓународната заедница „да го поддржи Брахим“.
Сакам само секој, секој кој е подготвен да помогне, да дојде и да помогне - вели Иман Садун во интервју за „Гардијан“, опишувајќи дека останала без ничија помош додека барала владина поддршка за него.
Садун беше еден од тројцата заробени странски борци осудени на смрт од страна на судот во Доњецката Народна Република. Другите двајца војници осудени на смрт се Британеците Ејден Ајслин и Шон Пинер. За нив двајца, британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, порача дека ќе стори „се што е потребно“ за да обезбеди нивно ослободување. Мароко се обиде да не ја критикува Русија, членка на Советот за безбедност на ОН, за нејзината воена операција во Украина. Додека европските земји во голема мера ја осудија војната, проруските ставови се поприсутни на Блискиот Исток и Африка. Иман вели дека локалниот печат и многу луѓе на социјалните мрежи ја поздравиле казната за нејзиниот брат.
Тие навистина го издадоа. Кога ја доби смртната казна... можеби 10 проценти од луѓето го поддржаа, но повеќето ја слават неговата смрт. Славеа дека тој ќе биде стрелан. И срцето ме боли бидејќи не можев да ја најдам поддршката од мојата заедница - вели Иман.
Искрено, тој треба да биде убиен. Ваквите луѓе не го претставуваат Мароко - вели еден корисник.
Осудениот Мароканец доби поголема поддршка во Украина, каде колегите студенти го опишуваат Садун како љубезен и љубопитен и популарен член на локалната техно заедница. Бројни пријатели се обидуваат да ја подигнат свеста под хаштагот #SaveBrahim, а има и такви кои искажуваат загриженост што вниманието на медиумите е насочено само кон двајцата Британци на обвинителна клупа.
Сакам луѓето да пишуваат за оваа кампања #SaveBrahim“.  Само спаси го Брахим затоа што не треба да се заборави... Да не беа неговите пријатели, повеќето луѓе немаше ни да знаат за него - вели Иман за нејзиниот брат.

The post Сите го издадоа: Сестрата на мароканскиот платеник осуден на смрт бара помош appeared first on Република.

]]>
Двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле за Украина се соочуваат со смртна казна во Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/dvajca-britanci-i-eden-marokanec-koi-se-borele-za-ukraina-se-soochuvaat-so-smrtna-kazna-vo-donjeck/ Thu, 09 Jun 2022 10:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=513067

Двајца Британци и еден Мароканец, кои се бореле за Украина и биле заробени од проруските сили во Донбас, се соочуваат со смртна казна. Веста ја пренесува руската новинска агенција РИА, која објави видео снимка од судењето во окружниот суд во Доњецк.

РИА го цитира обвинителството дека сите тројца може да се соочат со смртна казна. Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека затворениците биле користени за политички цели.

На видеото се гледа како тројцата мажи зад решетки се испрашувани од преведувач дали биле информирани за обвиненијата и дали имаат некакви приговори за почетокот на судењето. На тоа, обвинетите дале согласност за почеток на испрашувањето.

На украинската страна се борат и голем број странски борци, кои самиот украински претседател Володимир Зеленски ги повика на помош. На таквиот повик и нивното доаѓање во Украина, стигна одговор од Москва дека тие ќе бидат сметани за платеници и затоа за нив нема да важат меѓународните конвенции за постапување со воените заробеници.

Таквата најава на Русија значи дека доколку бидат заробени, во „најдобар случај“ за нив, ќе треба да се соочат со долга затворска казна. Сепак, проруските сили од Донбас, неколкупати јавно се закануваа дека заробените странци во редовите на украинската армија може да бидат погубени.

The post Двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле за Украина се соочуваат со смртна казна во Доњецк appeared first on Република.

]]>

Двајца Британци и еден Мароканец, кои се бореле за Украина и биле заробени од проруските сили во Донбас, се соочуваат со смртна казна. Веста ја пренесува руската новинска агенција РИА, која објави видео снимка од судењето во окружниот суд во Доњецк. РИА го цитира обвинителството дека сите тројца може да се соочат со смртна казна. Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека затворениците биле користени за политички цели. На видеото се гледа како тројцата мажи зад решетки се испрашувани од преведувач дали биле информирани за обвиненијата и дали имаат некакви приговори за почетокот на судењето. На тоа, обвинетите дале согласност за почеток на испрашувањето. На украинската страна се борат и голем број странски борци, кои самиот украински претседател Володимир Зеленски ги повика на помош. На таквиот повик и нивното доаѓање во Украина, стигна одговор од Москва дека тие ќе бидат сметани за платеници и затоа за нив нема да важат меѓународните конвенции за постапување со воените заробеници. Таквата најава на Русија значи дека доколку бидат заробени, во „најдобар случај“ за нив, ќе треба да се соочат со долга затворска казна. Сепак, проруските сили од Донбас, неколкупати јавно се закануваа дека заробените странци во редовите на украинската армија може да бидат погубени.

The post Двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле за Украина се соочуваат со смртна казна во Доњецк appeared first on Република.

]]>
Странските борци зазедоа позиции на периферијата на Киев: Бев во Ирак, се вратив дома, па одлучив да помогнам овде https://republika.mk/vesti/svet/stranskite-borci-zazedoa-pozicii-na-periferijata-na-kiev-bev-vo-irak-se-vrativ-doma-pa-odluchiv-da-pomognam-ovde/ Sun, 13 Mar 2022 20:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=472260

Украинската војска на социјалните мрежи објавија дека првите групи доброволци од различни земји, коишто дошле да се приклучат на украинските сили, веќе заземале позиции на периферијата на Киев.

Некои од британските и американски доброволци зборуваа пред камерите на Ројтерс.

Бев во Ирак неколку месеци, тогаш одлетав дма, ги видов жената и децата, по што им реков дека одам во Украина. Каков шок. И малку им е жал за нив, но и јас бев вознемирен, а мислам дека оведе сум потребен - вели Бен Грант, еден од странците дојдени да се борат за Украина.

Друг од нив, кој се претставува како Џекс, вели дека дошол од северот на Британија, од близината на Манчестер.

Претседателот побара помош, почнав да читам за тоа што се случува тука и тогаш се тоа ме погоди - вели Џекс.

https://twitter.com/nexta_tv/status/1500922195937267718?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1500922195937267718%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3886729%2Fpsi-rata-zauzeli-pozicije-na-periferiji-kijeva-bio-sam-u-iraku-sad-sam-ovde-malo-mi-je-zao-moje-zene-i-dece-koji-su-u-britaniji

The post Странските борци зазедоа позиции на периферијата на Киев: Бев во Ирак, се вратив дома, па одлучив да помогнам овде appeared first on Република.

]]>

Украинската војска на социјалните мрежи објавија дека првите групи доброволци од различни земји, коишто дошле да се приклучат на украинските сили, веќе заземале позиции на периферијата на Киев. Некои од британските и американски доброволци зборуваа пред камерите на Ројтерс.
Бев во Ирак неколку месеци, тогаш одлетав дма, ги видов жената и децата, по што им реков дека одам во Украина. Каков шок. И малку им е жал за нив, но и јас бев вознемирен, а мислам дека оведе сум потребен - вели Бен Грант, еден од странците дојдени да се борат за Украина.
Друг од нив, кој се претставува како Џекс, вели дека дошол од северот на Британија, од близината на Манчестер.
Претседателот побара помош, почнав да читам за тоа што се случува тука и тогаш се тоа ме погоди - вели Џекс.
https://twitter.com/nexta_tv/status/1500922195937267718?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1500922195937267718%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3886729%2Fpsi-rata-zauzeli-pozicije-na-periferiji-kijeva-bio-sam-u-iraku-sad-sam-ovde-malo-mi-je-zao-moje-zene-i-dece-koji-su-u-britaniji

The post Странските борци зазедоа позиции на периферијата на Киев: Бев во Ирак, се вратив дома, па одлучив да помогнам овде appeared first on Република.

]]>
Официјален Киев: 14.500 борци од странство се приклучиле на украинските сили https://republika.mk/vesti/svet/oficijalen-kiev-14-500-borci-od-stranstvo-se-prikluchile-na-ukrainskite-sili/ Wed, 09 Mar 2022 14:02:53 +0000 https://republika.mk/?p=470140

Околу 14.500 луѓе влегле во Украина во последните неколку дена, со цел да се борат против руските сили. Според податоците на украинската армија, 12 илјади од нив се Украинци кои се вратиле со цел да се приклучат во одбрана на земјата.

Во соопштението на украискиот Генералштаб се тврди дека руските сили досега имаат загубено повеќе од 12 илјади војници.

Русија, пак, пред неколку дена информира за околу 500 загинати војници, но од тогаш нема објавено нови информации.

Киев, досега, нема објавено никакви информации за жртви меѓу своите воени сили.

Силите на Доњецката и Луганската Република, објавија дека имаат 47 жртви во своите редови.

Според украинската армија досега се уништени или оштетени 49 руски воени авиони, 81 хеликоптер и околу 317 тенкови, но овие бројки засега не може да бидат потврдени.

The post Официјален Киев: 14.500 борци од странство се приклучиле на украинските сили appeared first on Република.

]]>

Околу 14.500 луѓе влегле во Украина во последните неколку дена, со цел да се борат против руските сили. Според податоците на украинската армија, 12 илјади од нив се Украинци кои се вратиле со цел да се приклучат во одбрана на земјата. Во соопштението на украискиот Генералштаб се тврди дека руските сили досега имаат загубено повеќе од 12 илјади војници. Русија, пак, пред неколку дена информира за околу 500 загинати војници, но од тогаш нема објавено нови информации. Киев, досега, нема објавено никакви информации за жртви меѓу своите воени сили. Силите на Доњецката и Луганската Република, објавија дека имаат 47 жртви во своите редови. Според украинската армија досега се уништени или оштетени 49 руски воени авиони, 81 хеликоптер и околу 317 тенкови, но овие бројки засега не може да бидат потврдени.

The post Официјален Киев: 14.500 борци од странство се приклучиле на украинските сили appeared first on Република.

]]>