странци Archives - Република https://republika.mk/tema/stranci/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Apr 2024 17:08:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png странци Archives - Република https://republika.mk/tema/stranci/ 32 32 Странци биле одговорни за 100% од случаите на сериозни сексуални напади во Франкфурт https://republika.mk/vesti/svet/strantsi-bile-odgovorni-za-100-od-sluchaite-na-seriozni-seksualni-napadi-vo-frankfurt/ Mon, 01 Apr 2024 17:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=761029

Странци биле одговорни за 100% од случаите на сериозни сексуални напади во Франкфурт. Како што пипува германскиот весник „Билд“, странците биле извршители на 57,4% од сите злосторства во градот.

Новата статистика за криминалот од германскиот град Франкфурт содржи шокантни бројки во врска со странците и големите злосторства, вклучително и една одредена бројка што покажува дека тие се одговорни за 100 отсто од сите сериозни злосторства за сексуален напад и 57,4 отсто од сите злосторства, пишува „Билд“.

The post Странци биле одговорни за 100% од случаите на сериозни сексуални напади во Франкфурт appeared first on Република.

]]>

Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома, а не да увезуваме странци за работа https://republika.mk/vesti/ekonomija/despotovski-da-gi-platime-nashite-luge-poveke-za-da-ostanat-doma-a-ne-da-uvezuvame-strantsi-za-rabota/ Wed, 13 Mar 2024 10:14:27 +0000 https://republika.mk/?p=754323

Справувањето со недостигот на работна сила на Западниот Балкан бара рационален и храбар пристап. Треба прво да видиме што може да се направи во регионот со постоечките ресурси, а не да одиме во потрага по работна сила. Потребено ни е преструктурирање на економијата, инвестирање во технологија и индустрии кои носат поголема додадена вредност и подобро платени работни места,“ истакнал Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ на Балканскиот форум кој се одржува во Будимпешта.

Деспотовски, како што информираат денеска од ТИРЗ, на покана на Унгарскиот институт за надворешни работи, како главен говорник на панелот посветен на справувањето со недостаток на работна сила во Централна и Југоисточна Европа рекол дека за решавање на ова актуелно прашање многу е важно работите да се гледаат и анализираат преку квантитативен и структурен пристап за да се изнајдат ефективни решенија.

Разликата во продуктивноста меѓу земјите во регионот, што е потврдено и преку статистиките за продуктивност и удел во БДП по глава на жител, отвора критични прашања во врска со ефикасноста на работната сила и секторската дистрибуција. Споредбата на продуктивноста на Словенија со Македонија, Србија и Албанија открива остри контрасти. И покрај сличната големини на населението, Словенија покажува значително повисоки нивоа на продуктивност. Овде се поставува прашањето зошто ист број луѓе во Словенија произведуваат 5 пати повеќе отколку во Македонија или зошто истото производство во Србија се генерира со 3,5 пати повеќе луѓе отколку во Словенија?, посочил Деспотовски.

Според него со оптимизација на сектори и трансфер на работници може да се случи потребната промена, како на пример со трансфер на работници од земјоделие, традиционалните ниско платени производствени дејности, како и од јавната администрација во сектори потребни на пазарот на работна сила.

Во справувањето со недостигот на работна сила, странските работници се појавуваат како брзо решение за ублажување на моменталните притисоци, смета Деспотовски, но, според него од клучно значење е при ангажирање странска работна сила да се земат предвид и културната компатибилност, владеењето на јазиците и приспособливоста заедно со техничките вештини.

Концептот за слободно движење на работната сила во Македонија, Србија и Албанија во рамки на Отворен Балкан има добар потенцијал да ги раздвижи пазарите на работна сила и да поттикне економски раст. Дозволувајќи поголема синергија меѓу овие земји, можеме да ја забрзаме нивната заедничка развојна линија и да го затвориме јазот којшто го имаме во однос на понапредните економии. Со поттикнување на редефинирање на секторите, разумно прифаќање на странската работна сила и користење на регионалната соработка, можеме да го отвориме патот за одржлив економски раст и просперитет низ Западен Балкан, посочил Деспотовски.

Според информациите од ТИРЗ, на панелот учествуваат претставници на германската Бизнис асоцијација за Југоисточна Европа, виенскиот Институт за економски студии, како и професори од Економскиот факултет во Белград и унгарската Фондација за економски истражувања.

Над 100 експерти, политичари и претставници на невладини организации учествуваат на Балкански форум во Будимпешта 2024, во организација на Унгарскиот институт за надворешни работи. Меѓу нив годинава се и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, Дубравка Џедовиќ, министерка за рударство и енергетика на Србија, Весела Чернева заменик директор на Европскиот Совет за надворешни односи и Игли Хасани, министер за Европа и надворешни работи на Албанија. Дводневниот форум годинава се фокусира на енергетиката, економијата и на евроинтеграцијата на Западен Балкан. Балканскиот форум се одржува осма година по ред.

The post Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома, а не да увезуваме странци за работа appeared first on Република.

]]>

Справувањето со недостигот на работна сила на Западниот Балкан бара рационален и храбар пристап. Треба прво да видиме што може да се направи во регионот со постоечките ресурси, а не да одиме во потрага по работна сила. Потребено ни е преструктурирање на економијата, инвестирање во технологија и индустрии кои носат поголема додадена вредност и подобро платени работни места,“ истакнал Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ на Балканскиот форум кој се одржува во Будимпешта.
Справувањето со недостигот на работна сила на Западниот Балкан бара рационален и храбар пристап. Треба прво да видиме што може да се направи во регионот со постоечките ресурси, а не да одиме во потрага по работна сила. Потребено ни е преструктурирање на економијата, инвестирање во технологија и индустрии кои носат поголема додадена вредност и подобро платени работни места,“ истакнал Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ на Балканскиот форум кој се одржува во Будимпешта.
Деспотовски, како што информираат денеска од ТИРЗ, на покана на Унгарскиот институт за надворешни работи, како главен говорник на панелот посветен на справувањето со недостаток на работна сила во Централна и Југоисточна Европа рекол дека за решавање на ова актуелно прашање многу е важно работите да се гледаат и анализираат преку квантитативен и структурен пристап за да се изнајдат ефективни решенија.
Разликата во продуктивноста меѓу земјите во регионот, што е потврдено и преку статистиките за продуктивност и удел во БДП по глава на жител, отвора критични прашања во врска со ефикасноста на работната сила и секторската дистрибуција. Споредбата на продуктивноста на Словенија со Македонија, Србија и Албанија открива остри контрасти. И покрај сличната големини на населението, Словенија покажува значително повисоки нивоа на продуктивност. Овде се поставува прашањето зошто ист број луѓе во Словенија произведуваат 5 пати повеќе отколку во Македонија или зошто истото производство во Србија се генерира со 3,5 пати повеќе луѓе отколку во Словенија?, посочил Деспотовски.
Според него со оптимизација на сектори и трансфер на работници може да се случи потребната промена, како на пример со трансфер на работници од земјоделие, традиционалните ниско платени производствени дејности, како и од јавната администрација во сектори потребни на пазарот на работна сила. Во справувањето со недостигот на работна сила, странските работници се појавуваат како брзо решение за ублажување на моменталните притисоци, смета Деспотовски, но, според него од клучно значење е при ангажирање странска работна сила да се земат предвид и културната компатибилност, владеењето на јазиците и приспособливоста заедно со техничките вештини.
Концептот за слободно движење на работната сила во Македонија, Србија и Албанија во рамки на Отворен Балкан има добар потенцијал да ги раздвижи пазарите на работна сила и да поттикне економски раст. Дозволувајќи поголема синергија меѓу овие земји, можеме да ја забрзаме нивната заедничка развојна линија и да го затвориме јазот којшто го имаме во однос на понапредните економии. Со поттикнување на редефинирање на секторите, разумно прифаќање на странската работна сила и користење на регионалната соработка, можеме да го отвориме патот за одржлив економски раст и просперитет низ Западен Балкан, посочил Деспотовски.
Според информациите од ТИРЗ, на панелот учествуваат претставници на германската Бизнис асоцијација за Југоисточна Европа, виенскиот Институт за економски студии, како и професори од Економскиот факултет во Белград и унгарската Фондација за економски истражувања. Над 100 експерти, политичари и претставници на невладини организации учествуваат на Балкански форум во Будимпешта 2024, во организација на Унгарскиот институт за надворешни работи. Меѓу нив годинава се и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, Дубравка Џедовиќ, министерка за рударство и енергетика на Србија, Весела Чернева заменик директор на Европскиот Совет за надворешни односи и Игли Хасани, министер за Европа и надворешни работи на Албанија. Дводневниот форум годинава се фокусира на енергетиката, економијата и на евроинтеграцијата на Западен Балкан. Балканскиот форум се одржува осма година по ред.

The post Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома, а не да увезуваме странци за работа appeared first on Република.

]]>
Руското МВР подготви закон со кој странците кои доаѓаат во Русија ќе мора да потпишат „договор за лојалност“ https://republika.mk/vesti/ruskoto-mvr-podgotvi-zakon-so-koj-strantsite-koi-doagaat-vo-rusija-ke-mora-da-potpishat-dogovor-za-lojalnost/ Wed, 29 Nov 2023 11:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=717525

Руското Министерство за внатрешни работи подготви нацрт-закон со кој странците ќе ги принудат да потпишат „договор за верност“, при што ќе им забрани да ја критикуваат официјалната политика, да ја дискредитираат советската воена историја или да ги прекршат традиционалните семејни вредности.

Откако рускиот претседател Владимир Путин ја почна инвазијата во Украина во февруари 2022 година, Русија воведе низа строги закони со кои се забранува дискредитирање на војската, а судовите ги осудуваа опозициските активисти на долги затворски казни.

Државната новинска агенција ТАСС објави дека Министерството за внатрешни работи подготвило нацрт-закон со кој сите странци кои влегуваат во Русија ќе ги принуди да потпишат договор кој суштински ја ограничува нивната слобода на говор. На странец во Русија ќе му биде забрането „мешање во активностите на јавните тела на Руската Федерација, дискредитирање во каква било форма на надворешната и внатрешната државна политика на Руската Федерација, јавните власти и нивните службеници“, пренесува ТАСС.

Предложениот договор ќе вклучува клаузули за морал, семејство, „пропаганда за нетрадиционални сексуални односи“ и историја. Така, на странците ќе им биде забрането „да ја искривуваат историската вистина за подвигот на советскиот народ во одбрана на татковината и неговиот придонес во победата над фашизмот“.

За предлог-законот да стане закон, документот мора да биде упатен во Долниот дом на рускиот парламент, што се уште не е направено, да помине низ комисија за разгледување и неколку читања пред да биде испратен до претседателот Владимир Путин за негов потпис. Од почетокот на војната во Украина, Русија воведе бројни ограничувања за странците од оние што ги нарекува „непријателски земји“, односно оние што и воведоа санкции.

The post Руското МВР подготви закон со кој странците кои доаѓаат во Русија ќе мора да потпишат „договор за лојалност“ appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за внатрешни работи подготви нацрт-закон со кој странците ќе ги принудат да потпишат „договор за верност“, при што ќе им забрани да ја критикуваат официјалната политика, да ја дискредитираат советската воена историја или да ги прекршат традиционалните семејни вредности. Откако рускиот претседател Владимир Путин ја почна инвазијата во Украина во февруари 2022 година, Русија воведе низа строги закони со кои се забранува дискредитирање на војската, а судовите ги осудуваа опозициските активисти на долги затворски казни. Државната новинска агенција ТАСС објави дека Министерството за внатрешни работи подготвило нацрт-закон со кој сите странци кои влегуваат во Русија ќе ги принуди да потпишат договор кој суштински ја ограничува нивната слобода на говор. На странец во Русија ќе му биде забрането „мешање во активностите на јавните тела на Руската Федерација, дискредитирање во каква било форма на надворешната и внатрешната државна политика на Руската Федерација, јавните власти и нивните службеници“, пренесува ТАСС. Предложениот договор ќе вклучува клаузули за морал, семејство, „пропаганда за нетрадиционални сексуални односи“ и историја. Така, на странците ќе им биде забрането „да ја искривуваат историската вистина за подвигот на советскиот народ во одбрана на татковината и неговиот придонес во победата над фашизмот“. За предлог-законот да стане закон, документот мора да биде упатен во Долниот дом на рускиот парламент, што се уште не е направено, да помине низ комисија за разгледување и неколку читања пред да биде испратен до претседателот Владимир Путин за негов потпис. Од почетокот на војната во Украина, Русија воведе бројни ограничувања за странците од оние што ги нарекува „непријателски земји“, односно оние што и воведоа санкции.

The post Руското МВР подготви закон со кој странците кои доаѓаат во Русија ќе мора да потпишат „договор за лојалност“ appeared first on Република.

]]>
Првите странци денеска ќе ја напуштат Газа и ќе се упатат кон Египет https://republika.mk/vesti/svet/prvite-strantsi-deneska-ke-ja-napushtat-gaza-i-ke-se-upatat-kon-egipet/ Wed, 01 Nov 2023 07:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=696912

Извор од палестинската гранична управа во изјава за француски медиуми наведе дека на 81 тешко повреден жител на Газа ќе им биде дозволено да влезат во Египет денеска преку преминот Рафа. Египетски функционер рече дека првите странци што ќе ја напуштат Газа тоа ќе го сторат денеска.

Египет распореди денеска околу 40 амбулантни возила на преминот Рафа за да пренесе повредени Палестинци во египетските болници на лекување. Генералниот секретар на Црвената полумесечина во Северен Синај, Раед Абдел-Насер, изјави за ДПА дека се очекува околу 80 ранети лица да бидат пренесени во болниците во северен Синај во Египет. Граничниот премин Рафа досега беше единствениот начин да се донесе итно потребната помош во Појасот Газа, кој е затворен од Израел. Минатата недела Египет соопшти дека теренска болница за лекување на Палестинците е формирана во близина на Газа.

Египет ќе дозволи до 400 странци да ја напуштат Газа преку нејзините граници почнувајќи од денеска, изјавија синоќа високи египетски официјални претставници Египетските претставници запознаени со тоа прашање изјавија дека е постигнат договор и со САД и со Израел да им се дозволи на странците и тешко ранетите Палестинци од Газа да заминат од среда. Египетските власти соопштија дека договорот е постигнат со сите страни, вклучително и милитантната група Хамас. Египет првично ќе прими денеска помалку од 100 Палестинци, но се очекува бројот да се зголеми на илјадници во наредните денови, рекоа тие, објави Волстрит џурнал.

The post Првите странци денеска ќе ја напуштат Газа и ќе се упатат кон Египет appeared first on Република.

]]>

Извор од палестинската гранична управа во изјава за француски медиуми наведе дека на 81 тешко повреден жител на Газа ќе им биде дозволено да влезат во Египет денеска преку преминот Рафа. Египетски функционер рече дека првите странци што ќе ја напуштат Газа тоа ќе го сторат денеска. Египет распореди денеска околу 40 амбулантни возила на преминот Рафа за да пренесе повредени Палестинци во египетските болници на лекување. Генералниот секретар на Црвената полумесечина во Северен Синај, Раед Абдел-Насер, изјави за ДПА дека се очекува околу 80 ранети лица да бидат пренесени во болниците во северен Синај во Египет. Граничниот премин Рафа досега беше единствениот начин да се донесе итно потребната помош во Појасот Газа, кој е затворен од Израел. Минатата недела Египет соопшти дека теренска болница за лекување на Палестинците е формирана во близина на Газа. Египет ќе дозволи до 400 странци да ја напуштат Газа преку нејзините граници почнувајќи од денеска, изјавија синоќа високи египетски официјални претставници Египетските претставници запознаени со тоа прашање изјавија дека е постигнат договор и со САД и со Израел да им се дозволи на странците и тешко ранетите Палестинци од Газа да заминат од среда. Египетските власти соопштија дека договорот е постигнат со сите страни, вклучително и милитантната група Хамас. Египет првично ќе прими денеска помалку од 100 Палестинци, но се очекува бројот да се зголеми на илјадници во наредните денови, рекоа тие, објави Волстрит џурнал.

The post Првите странци денеска ќе ја напуштат Газа и ќе се упатат кон Египет appeared first on Република.

]]>
Британци, Французи и Германци загинаа во нападот на Хамас https://republika.mk/vesti/svet/britantsi-frantsuzi-i-germantsi-zaginaa-vo-napadot-na-hamas/ Wed, 18 Oct 2023 15:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=692576

Најмалку седум Британци, 24 Французи и неколку Германци се убиени во нападот на Хамас врз Израел, според официјалните податоци.

Најмалку седум Британци се убиени, а најмалку девет се водат како исчезнати откако палестинската група Хамас изврши напад врз Израел, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак.

„Можам со жалење да потврдам дека најмалку седум британски државјани трагично ги загубија животите. Уште девет Британци се водат за исчезнати, а некои од нив се стравува дека се меѓу загинатите“, рече портпаролот.

Бројот на француски државјани убиени во нападот на Хамас врз Израел се искачи на 24, изјави француската премиерка Елизабет Борн.

Едноцифрен број германски државјани има меѓу загинатите во невидениот напад на Хамас против Израел, соопшти денеска портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, без да даде повеќе детали.

Портпаролот рече дека германското Министерство за надворешни работи е во близок контакт со израелските власти. „Германската влада само ги потврдува смртните случаи кога роднините се информирани“, додаде тој.

Според него, ппостои и постојана размена на информации со партнерите во регионот за да им се овозможи на луѓето кои сакаат да го напуштат Израел да го сторат тоа.

Се верува дека германските државјани се меѓу речиси 200-те луѓе заробени од борците на Хамас за кои се верува дека се држени како заложници во Газа, јави ДПА.

Германските лидери, вклучително и канцеларот Олаф Шолц, изразија солидарност со Израел по нападите на Хамас и ветија дека ќе продолжат да работат за ослободување на заложниците.

The post Британци, Французи и Германци загинаа во нападот на Хамас appeared first on Република.

]]>

Најмалку седум Британци, 24 Французи и неколку Германци се убиени во нападот на Хамас врз Израел, според официјалните податоци.
Најмалку седум Британци се убиени, а најмалку девет се водат како исчезнати откако палестинската група Хамас изврши напад врз Израел, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак.
„Можам со жалење да потврдам дека најмалку седум британски државјани трагично ги загубија животите. Уште девет Британци се водат за исчезнати, а некои од нив се стравува дека се меѓу загинатите“, рече портпаролот. Бројот на француски државјани убиени во нападот на Хамас врз Израел се искачи на 24, изјави француската премиерка Елизабет Борн.
Едноцифрен број германски државјани има меѓу загинатите во невидениот напад на Хамас против Израел, соопшти денеска портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, без да даде повеќе детали.
Портпаролот рече дека германското Министерство за надворешни работи е во близок контакт со израелските власти. „Германската влада само ги потврдува смртните случаи кога роднините се информирани“, додаде тој. Според него, ппостои и постојана размена на информации со партнерите во регионот за да им се овозможи на луѓето кои сакаат да го напуштат Израел да го сторат тоа. Се верува дека германските државјани се меѓу речиси 200-те луѓе заробени од борците на Хамас за кои се верува дека се држени како заложници во Газа, јави ДПА. Германските лидери, вклучително и канцеларот Олаф Шолц, изразија солидарност со Израел по нападите на Хамас и ветија дека ќе продолжат да работат за ослободување на заложниците.

The post Британци, Французи и Германци загинаа во нападот на Хамас appeared first on Република.

]]>
Македонските кошаркари бараат да не се зголемува бројот на странци во лигата https://republika.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-baraat-da-ne-se-zgolemuva-brojot-na-strantsi-vo-ligata/ Sat, 10 Jun 2023 13:20:47 +0000 https://republika.mk/?p=649899

Здружението на кошаркари на Македонија денес преку соопштение се огласи против најавата за зголемување на бројот на странци во македонското кошаркарско првенство.

Македонските кошаркари предупредија дека во случај да не се слушне нивниот апел, можно е да се искористи репрезентацијата како алатка во нивната заложба.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Здружението на кошаркари на Македонија:

Следствено збиднувањата поврзани со барањето на некои од кошаркарските клубови за зголемување на бројот на странски играчи, го покреваме овој апел до сите спортски работници и пред сѐ – Кошаркарската Федерација.

Изминатите години, откако беше намален бројот на странски играчи во нашата лига, бевме и сѐ уште сме сведоци на константниот напредок на нашата репрезентација.

Во прилог на истата таа одлука, произлегоа неколку нови, млади и квалитетни македонски кошаркари, кои дури и прераснаа во лидери на своите екипи. Фактот дека давањето шанса на младите играчи подложи на одредени ризици е занемарлив, меѓутоа, тоа е единствениот начин за напредок на македонската кошарка. Секој напредок, независно за што станува збор, изискува одреден ризик.

Здружението на играчи верува во стручноста на луѓето кои во моментов раководат со нашата Кошаркарска Федерација и нејзиниот Управен одбор, па очекуваме дека сериозноста на ова барање ќе биде сфатена, како и големите последици кои би ги предизвикала нивната потенцијална афирмација на истото тоа барање.

Ние, македонските кошаркари, искрено се надеваме дека нема да бидеме ставени во позиција да ја користиме Македонската кошаркарска репрезентација како алатка да се заштитиме, а тоа ќе ни биде единствената преостаната опција доколку не наидеме на поддршка од оние кои ја имаат одлучувачката улога.

Уште еднаш потенцираме дека оваа одлука е една од клучните за развој на македонските играчи во иднина и е тема која е најболна за целата македонска кошарка.

Иднината на македонската кошарка останува во рацете на Федерацијата, стои во соопштението

Во моментов дозволено е четворица странски кошаркари да бидат во составот на тимовите во македонското првенство, а пред некој ден, екипите се договорија нивниот број да се зголеми на петмина.

The post Македонските кошаркари бараат да не се зголемува бројот на странци во лигата appeared first on Република.

]]>

Здружението на кошаркари на Македонија денес преку соопштение се огласи против најавата за зголемување на бројот на странци во македонското кошаркарско првенство. Македонските кошаркари предупредија дека во случај да не се слушне нивниот апел, можно е да се искористи репрезентацијата како алатка во нивната заложба. Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Здружението на кошаркари на Македонија: Следствено збиднувањата поврзани со барањето на некои од кошаркарските клубови за зголемување на бројот на странски играчи, го покреваме овој апел до сите спортски работници и пред сѐ – Кошаркарската Федерација. Изминатите години, откако беше намален бројот на странски играчи во нашата лига, бевме и сѐ уште сме сведоци на константниот напредок на нашата репрезентација. Во прилог на истата таа одлука, произлегоа неколку нови, млади и квалитетни македонски кошаркари, кои дури и прераснаа во лидери на своите екипи. Фактот дека давањето шанса на младите играчи подложи на одредени ризици е занемарлив, меѓутоа, тоа е единствениот начин за напредок на македонската кошарка. Секој напредок, независно за што станува збор, изискува одреден ризик. Здружението на играчи верува во стручноста на луѓето кои во моментов раководат со нашата Кошаркарска Федерација и нејзиниот Управен одбор, па очекуваме дека сериозноста на ова барање ќе биде сфатена, како и големите последици кои би ги предизвикала нивната потенцијална афирмација на истото тоа барање. Ние, македонските кошаркари, искрено се надеваме дека нема да бидеме ставени во позиција да ја користиме Македонската кошаркарска репрезентација како алатка да се заштитиме, а тоа ќе ни биде единствената преостаната опција доколку не наидеме на поддршка од оние кои ја имаат одлучувачката улога. Уште еднаш потенцираме дека оваа одлука е една од клучните за развој на македонските играчи во иднина и е тема која е најболна за целата македонска кошарка. Иднината на македонската кошарка останува во рацете на Федерацијата, стои во соопштението Во моментов дозволено е четворица странски кошаркари да бидат во составот на тимовите во македонското првенство, а пред некој ден, екипите се договорија нивниот број да се зголеми на петмина.

The post Македонските кошаркари бараат да не се зголемува бројот на странци во лигата appeared first on Република.

]]>
Драмски со „Странци“ вечерва гостува на првото издание на театарскиот фестивал „5ре“ во Велес https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-so-stranci-vecherva-gostuva-na-prvoto-izdanie-na-teatarskiot-festival-5re-vo-veles/ Fri, 20 May 2022 14:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=504899

Со претставата „Странци“ на режисерката Нела Витошевиќ, Драмски театар вечерва во 20 часот ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес, на првото издание на фестивалот „5ре“, посветен на Петре Прличко. Фестивалот има ревијален карактер, а ќе учествуваат седум претстави на македонските театри.

Како што најавија од Драмски, по Велес, екипата ќе патува Битола, каде ќе гостува на ревијалната програма на Интернационалниот фестивал на монодрама, на големата сцена во Центарот за култура во 20 часот.

Режисерката Нела Витошевиќ вели дека „Странци“ е „претстава за луѓе од нашето секојдневие, за нас, за оние од публиката и за тие на сцена“.

Улогите ги толкуваат: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа – Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.

The post Драмски со „Странци“ вечерва гостува на првото издание на театарскиот фестивал „5ре“ во Велес appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Странци“ на режисерката Нела Витошевиќ, Драмски театар вечерва во 20 часот ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес, на првото издание на фестивалот „5ре“, посветен на Петре Прличко. Фестивалот има ревијален карактер, а ќе учествуваат седум претстави на македонските театри. Како што најавија од Драмски, по Велес, екипата ќе патува Битола, каде ќе гостува на ревијалната програма на Интернационалниот фестивал на монодрама, на големата сцена во Центарот за култура во 20 часот. Режисерката Нела Витошевиќ вели дека „Странци“ е „претстава за луѓе од нашето секојдневие, за нас, за оние од публиката и за тие на сцена“. Улогите ги толкуваат: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа – Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.  

The post Драмски со „Странци“ вечерва гостува на првото издание на театарскиот фестивал „5ре“ во Велес appeared first on Република.

]]>
Претставата „Странци“ гостува во Велес и Битола https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-stranci-gostuva-vo-veles-i-bitola/ Wed, 18 May 2022 10:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=503817

Драмски театар Скопје, со претставата „Странци“ ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес на 20 мај (петок) во 20 часот, во рамките на првото издание на театарскиот фестивал посветен на Петре Прличко.

Фестивалот „5ре“ има ревијален карактер со изведба на седум хит комедии од македонските театри.

Претставата „Странци“ својата 52-ра изведба ќе ја реализира пред публиката на
23-от Интернационален фестивал на монодрама кој се одржува во Битола. Претставата учествува во ревијалната програма и ќе биде изведена на големата сцена на Центарот за култура и Битолскиот народен театар на 21 мај (сабота) со почеток во 20 часот.

Режисерката Нела Витошевиќ вели дека „Странци“ е „претстава за луѓе од нашето секојдневие, за нас, за оние од публиката и за тие на сцена“. Во претставата играат актерите: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа - Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.

The post Претставата „Странци“ гостува во Велес и Битола appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје, со претставата „Странци“ ќе гостува на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес на 20 мај (петок) во 20 часот, во рамките на првото издание на театарскиот фестивал посветен на Петре Прличко. Фестивалот „5ре“ има ревијален карактер со изведба на седум хит комедии од македонските театри. Претставата „Странци“ својата 52-ра изведба ќе ја реализира пред публиката на 23-от Интернационален фестивал на монодрама кој се одржува во Битола. Претставата учествува во ревијалната програма и ќе биде изведена на големата сцена на Центарот за култура и Битолскиот народен театар на 21 мај (сабота) со почеток во 20 часот. Режисерката Нела Витошевиќ вели дека „Странци“ е „претстава за луѓе од нашето секојдневие, за нас, за оние од публиката и за тие на сцена“. Во претставата играат актерите: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург на претставата е Викторија Рангелова – Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа - Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.

The post Претставата „Странци“ гостува во Велес и Битола appeared first on Република.

]]>
50 изведба на „Странци“ в четврток во Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/50-izvedba-na-stranci-v-chetvrtok-vo-dramski-teatar/ Tue, 10 May 2022 08:38:26 +0000 https://republika.mk/?p=500276

На сцената на Драмски театар в четврток ќе биде изведена по 50- ти пат претставата „Странци“, автор: Паоло Геновезе, режисер: Нела Витошевиќ.

Што ќе се случи доколку скришно ѕиркате во телефонот на другиот? Соочувањето со вистината решава или пак отвара нов проблем? Колку вистината за/на другиот удира директно во неговиот приватен простор, а колку задира вопросторот на останатите? Дали соочувањето со вистината од нас прави подобри луѓе?Мобилните телефони се нашите „црни кутии“?! Колку овие „црни кутии“ не оттуѓуваат еден од друг? Странци е „драмомедија“ во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отварајки болни конфликтни ситуации.Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себепретставување. Паралелните дејства создаваат епска сценска наративност која не се стреми да го означи крајот, туку расте во широчина. Се’ во име на вистината.По соочување со вистината, следи судирсо пост вистината, состојба во којафактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа емоциите и личните убедувања. Улогата на технологијата во одредување на вистината/вистинитоста како доминанта на денешницата се потенцира и со појавувањето и откривањето на доверливи документи во глобални рамки. Дали светот стана подобро место за живеење по појавата на Викиликс? И уште еднаш, дали соочувањето со вистината од нас (на)прави подобри луѓе?

Ева: Ајде да играме една игра. ... Роко: Каква игра е ова Ева? ... Бјанка: Може да биде интересна. ... Пепе: Јас не ги разбирам тие што не одговараат на пораки. ... Козимо: Можел да ги избрише пораките. ... Карлота: Голема работа. Не мислам дека некој ќе се шоќира. ... Микеле: Премногу добро се познаваме.

Режисер: Нела Витошевиќ, Драматург: Викторија Рангелова - Петровска, Сценограф: Костантин Трпеноски, Костимограф: Роза Трајческа - Ристовска, Композитор: Огнен Анастасовски

Микеле - Игор Ангелов, Ева - Ирена Ристиќ, Карлота - Биљана Драгиќевиќ - Пројковска, Пепе - Зоран Љутков, Бјанка - Сања Арсовска, Козимо - Филип Трајковиќ, Роко - Предраг Павловски.

The post 50 изведба на „Странци“ в четврток во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

На сцената на Драмски театар в четврток ќе биде изведена по 50- ти пат претставата „Странци“, автор: Паоло Геновезе, режисер: Нела Витошевиќ.

Што ќе се случи доколку скришно ѕиркате во телефонот на другиот? Соочувањето со вистината решава или пак отвара нов проблем? Колку вистината за/на другиот удира директно во неговиот приватен простор, а колку задира вопросторот на останатите? Дали соочувањето со вистината од нас прави подобри луѓе?Мобилните телефони се нашите „црни кутии“?! Колку овие „црни кутии“ не оттуѓуваат еден од друг? Странци е „драмомедија“ во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отварајки болни конфликтни ситуации.Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себепретставување. Паралелните дејства создаваат епска сценска наративност која не се стреми да го означи крајот, туку расте во широчина. Се’ во име на вистината.По соочување со вистината, следи судирсо пост вистината, состојба во којафактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа емоциите и личните убедувања. Улогата на технологијата во одредување на вистината/вистинитоста како доминанта на денешницата се потенцира и со појавувањето и откривањето на доверливи документи во глобални рамки. Дали светот стана подобро место за живеење по појавата на Викиликс? И уште еднаш, дали соочувањето со вистината од нас (на)прави подобри луѓе? Ева: Ајде да играме една игра. ... Роко: Каква игра е ова Ева? ... Бјанка: Може да биде интересна. ... Пепе: Јас не ги разбирам тие што не одговараат на пораки. ... Козимо: Можел да ги избрише пораките. ... Карлота: Голема работа. Не мислам дека некој ќе се шоќира. ... Микеле: Премногу добро се познаваме.
Режисер: Нела Витошевиќ, Драматург: Викторија Рангелова - Петровска, Сценограф: Костантин Трпеноски, Костимограф: Роза Трајческа - Ристовска, Композитор: Огнен Анастасовски Микеле - Игор Ангелов, Ева - Ирена Ристиќ, Карлота - Биљана Драгиќевиќ - Пројковска, Пепе - Зоран Љутков, Бјанка - Сања Арсовска, Козимо - Филип Трајковиќ, Роко - Предраг Павловски.

The post 50 изведба на „Странци“ в четврток во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
„Странци“ вечерва на сцената на Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/stranci-vecherva-na-scenata-na-dramski-teatar/ Thu, 03 Mar 2022 13:05:09 +0000 https://republika.mk/?p=467080

Претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ вечерва ќе се одигра на сцената на Драмски театар. Драматург: Викторија Рангелова - Петровска, сценограф: Костантин Трпеноски
Костимограф: Роза Трајческа - Ристовска, Композитор: Огнен Анастасовски
Играат: МИКЕЛЕ - ИГОР АНГЕЛОВ, ЕВА - ИРЕНА РИСТИЌ, КАРЛОТА - БИЉАНА ДРАГИЌЕВИЌ - ПРОЈКОВСКА, ПЕПЕ - ЗОРАН ЉУТКОВ, БЈАНКА - САЊА АРСОВСКА, КОЗИМО - ФИЛИП ТРАЈКОВИЌ, РОКО - ПРЕДРАГ ПАВЛОВСКИ.
Гласовни фрагменти: Анастас Тановски, Маја Вељковиќ - Пановска, Огнен Анастасовски, Викторија Рангелова - Петровска, Ивана Павлаковиќ, Саше Ѓорѓиев, Емилија Мицевска, Никола Наумовски.
Асистент режисер: Александар Ивановски, Асистент сценограф: Димитар Петровски, Асистент костимограф: Раде Василев, Изработка на видео анимација: Милчо Узунов.
Превод од италијански јазик: Викторија Еленова, Јазична редакција и адаптација: Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова - Петровска, Испициент: Гоце Бојчев, Суфлер: Жаклина Цветковска, Светло - мајстор: Митко Ризов, Тон - мајстор: Димитар Илиоски, Фотограф: Филип Кондовски.

Што ќе се случи доколку скришно ѕиркате во телефонот на другиот? Соочувањето со вистината решава или пак отвара нов проблем? Колку вистината за/на другиот удира директно во неговиот приватен простор, а колку задира вопросторот на останатите? Дали соочувањето со вистината од нас прави подобри луѓе?Мобилните телефони се нашите „црни кутии“?! Колку овие „црни кутии“ не оттуѓуваат еден од друг? Странци е „драмомедија“ во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отварајки болни конфликтни ситуации.Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себепретставување. Паралелните дејства создаваат епска сценска наративност која не се стреми да го означи крајот, туку расте во широчина. Се’ во име на вистината.По соочување со вистината, следи судирсо пост вистината, состојба во којафактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа емоциите и личните убедувања. Улогата на технологијата во одредување на вистината/вистинитоста како доминанта на денешницата се потенцира и со појавувањето и откривањето на доверливи документи во глобални рамки. Дали светот стана подобро место за живеење по појавата на Викиликс? И уште еднаш, дали соочувањето со вистината од нас (на)прави подобри луѓе? Ева: Ајде да играме една игра. ... Роко: Каква игра е ова Ева? ... Бјанка: Може да биде интересна. ... Пепе: Јас не ги разбирам тие што не одговараат на пораки. ... Козимо: Можел да ги избрише пораките. ... Карлота: Голема работа. Не мислам дека некој ќе се шоќира. ... Микеле: Премногу добро се познаваме.

The post „Странци“ вечерва на сцената на Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ вечерва ќе се одигра на сцената на Драмски театар. Драматург: Викторија Рангелова - Петровска, сценограф: Костантин Трпеноски Костимограф: Роза Трајческа - Ристовска, Композитор: Огнен Анастасовски Играат: МИКЕЛЕ - ИГОР АНГЕЛОВ, ЕВА - ИРЕНА РИСТИЌ, КАРЛОТА - БИЉАНА ДРАГИЌЕВИЌ - ПРОЈКОВСКА, ПЕПЕ - ЗОРАН ЉУТКОВ, БЈАНКА - САЊА АРСОВСКА, КОЗИМО - ФИЛИП ТРАЈКОВИЌ, РОКО - ПРЕДРАГ ПАВЛОВСКИ. Гласовни фрагменти: Анастас Тановски, Маја Вељковиќ - Пановска, Огнен Анастасовски, Викторија Рангелова - Петровска, Ивана Павлаковиќ, Саше Ѓорѓиев, Емилија Мицевска, Никола Наумовски. Асистент режисер: Александар Ивановски, Асистент сценограф: Димитар Петровски, Асистент костимограф: Раде Василев, Изработка на видео анимација: Милчо Узунов. Превод од италијански јазик: Викторија Еленова, Јазична редакција и адаптација: Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова - Петровска, Испициент: Гоце Бојчев, Суфлер: Жаклина Цветковска, Светло - мајстор: Митко Ризов, Тон - мајстор: Димитар Илиоски, Фотограф: Филип Кондовски.