Стопанска комора на Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/stopanska-komora-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Mar 2023 07:49:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стопанска комора на Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/stopanska-komora-na-makedonija/ 32 32 Советничките на Азески именувани за олеснувачи на преговорите меѓу Србија и Косово https://republika.mk/vesti/balkan/sovetnichkite-na-azeski-imenuvani-za-olesnuvachi-na-pregovorite-megu-srbija-i-kosovo/ Tue, 28 Mar 2023 07:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=624502

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески ги именуваше своите советници од кабинетот д-р Елена Милевска Штрбевска и Јадранка Аризанковска за модератори и олеснувачи на преговарачкиот процес за надминување на административните бариери во економската соработка меѓу Србија и Косово, што ќе се одвиваат меѓу тимови од стопанските комори на двете земји.

Првиот состанок ќе се одржи во четврток, на 30.03.2023 година во Скопје и ќе се одвива во утврдена динамика, со цел што побрзо разрешување на сите спорни прашања поврзани со административните бариери кои ја кочат економската соработка меѓу овие две земји.

Веќе 12 години се одвива дијалогот Белград – Приштнина, со посредство на Европската унија, во кој на политички план сѐ уште не се постигнати значителни резултати.

Од прогласувањето на независноста на Косово, во 2008 година, помеѓу двете земји постојат различни предизвици во однос на економската размена, имајќи предвид дека официјален Белград не ги признава документите кои ги издаваат косовските институции, како на пример сертификатите за потекло на производите од Косово.

Усогласувањето на спорните прашања во трговската соработка меѓу Србија и Косово е исклучително важно економско, но и политичко прашање, од причина што тоа може да доведе до нормализација на односите помеѓу овие две земји, како нов исчекор во децениските тензични односи. Постојат и веќе потпишани договори кои треба да обезбедат основа и инструменти за значајно подобрување на конкурентноста, економската кохезија и поврзаноста на целиот регион на Западен Балкан. Од тие причини и Стопанската комора на Македонија, како активен учесник во процесите на унапредување на регионалната соработка, посветено се вклучи и во овој процес чии придобивки би значеле и поттикнување на креативниот, економскиот и научниот потенцијал на регионот во целина.

За да се елиминираат сите недостатоци кои се јавуваат во трговската размена, сега е вистинско време да се повлечат мудри потези, во насока на интензивирање на регионалната интеграција и трговската соработка, што ќе обезбеди економски просперитет на двете земји, но и на Западен Балкан во целина. Затоа, за почеток е потребно отстранување на сите административни бариери и создавање услови за подобрување на економската соработка, доколку сакаме странските партнери и меѓународните институции да гледаат на регионот како просперитетен иден политички и економски партнер.
Обемот на соработката во рамките на регионот се намалува, земјите се слабо интегрирани во светската трговија, а наспроти тоа светскиот извоз во изминатиот период забележува значителен пораст. За илустрација, земјите од Западен Балкан со извоз на добра и услуги од близу 40% од БДП далеку заостануваат во однос на другите земји, како, на пример, Словачка, Естонија, Латвија и Словенија, чиј извоз достигнува и до 80% од БДП.

Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквата неизвесност е смрт за инвестициските активности и за нивниот развој.

The post Советничките на Азески именувани за олеснувачи на преговорите меѓу Србија и Косово appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески ги именуваше своите советници од кабинетот д-р Елена Милевска Штрбевска и Јадранка Аризанковска за модератори и олеснувачи на преговарачкиот процес за надминување на административните бариери во економската соработка меѓу Србија и Косово, што ќе се одвиваат меѓу тимови од стопанските комори на двете земји. Првиот состанок ќе се одржи во четврток, на 30.03.2023 година во Скопје и ќе се одвива во утврдена динамика, со цел што побрзо разрешување на сите спорни прашања поврзани со административните бариери кои ја кочат економската соработка меѓу овие две земји. Веќе 12 години се одвива дијалогот Белград – Приштнина, со посредство на Европската унија, во кој на политички план сѐ уште не се постигнати значителни резултати. Од прогласувањето на независноста на Косово, во 2008 година, помеѓу двете земји постојат различни предизвици во однос на економската размена, имајќи предвид дека официјален Белград не ги признава документите кои ги издаваат косовските институции, како на пример сертификатите за потекло на производите од Косово. Усогласувањето на спорните прашања во трговската соработка меѓу Србија и Косово е исклучително важно економско, но и политичко прашање, од причина што тоа може да доведе до нормализација на односите помеѓу овие две земји, како нов исчекор во децениските тензични односи. Постојат и веќе потпишани договори кои треба да обезбедат основа и инструменти за значајно подобрување на конкурентноста, економската кохезија и поврзаноста на целиот регион на Западен Балкан. Од тие причини и Стопанската комора на Македонија, како активен учесник во процесите на унапредување на регионалната соработка, посветено се вклучи и во овој процес чии придобивки би значеле и поттикнување на креативниот, економскиот и научниот потенцијал на регионот во целина. За да се елиминираат сите недостатоци кои се јавуваат во трговската размена, сега е вистинско време да се повлечат мудри потези, во насока на интензивирање на регионалната интеграција и трговската соработка, што ќе обезбеди економски просперитет на двете земји, но и на Западен Балкан во целина. Затоа, за почеток е потребно отстранување на сите административни бариери и создавање услови за подобрување на економската соработка, доколку сакаме странските партнери и меѓународните институции да гледаат на регионот како просперитетен иден политички и економски партнер. Обемот на соработката во рамките на регионот се намалува, земјите се слабо интегрирани во светската трговија, а наспроти тоа светскиот извоз во изминатиот период забележува значителен пораст. За илустрација, земјите од Западен Балкан со извоз на добра и услуги од близу 40% од БДП далеку заостануваат во однос на другите земји, како, на пример, Словачка, Естонија, Латвија и Словенија, чиј извоз достигнува и до 80% од БДП. Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквата неизвесност е смрт за инвестициските активности и за нивниот развој.

The post Советничките на Азески именувани за олеснувачи на преговорите меѓу Србија и Косово appeared first on Република.

]]>
И месната индустрија ја чека поддршката од Владата за субвенционирана струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-mesnata-industrija-ja-cheka-poddrshkata-od-vladata-za-subvencionirana-struja/ Fri, 28 Oct 2022 09:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=566743

По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет. При посетите на „Естра Меин“, „Агрија“, земјоделската задруга „Единство“- Челопек, „Везе шари“ и ДПТ„Лецкер“ од страна на Кризниот штаб, формиран од Стопанската комора на Македонија, заеднички став на овие компании е дека и тие треба да добијат субвенционирана струја, за да обезбедат опстанок на бизнисот во услови на енергетска криза.

Во разговорите со претставниците на Кризниот штаб раководствата на овие компании, кои произведуваат исто така основни прехранбени производи (месо и месни производи), потенцираа дека цената на струјата што ќе ја обезбеди Владата, според најавите, ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулираниот пазар. Тоа за нив ќе значи не само опстанок на компаниите, туку и намалување на продажните цени на нивните производи и нивна поголема конкурентност. Сето тоа ќе придонесе за зачувување на економската активност во државата, како и одржување на животниот стандард на населението.

Во однос на моменталната состојба, информираа дека сметките за струја сега се и до десет пати повисоки во однос на истите месеци минатата година. Паралелно со тоа во постојан пораст се и цените на амбалажите и суровинската база.

Одгледувачите на животни, пак, укажуваат дека ова е најлошата година од почетокот на нивното работење. Сточната храна веќе е поскапена за 70%, бележат екстремен раст на транспортните трошоци и на сметките за струја. Сето ова го доведува во прашање опстанокот на овие бизниси.

Од страна на Кризниот штаб беше нагласено дека Комората останува доследна на својата определба да им помогне на компаниите на слободниот пазар на електрична енергија. И понатаму ќе биде во дневен контакт со нив, ќе предлага решенија и ќе биде проактивна и кооперативна со цел да се дојде до решение бидејќи тоа е во интерес не само на бизнисот туку и на самата држава.

The post И месната индустрија ја чека поддршката од Владата за субвенционирана струја appeared first on Република.

Стопанството очекува поддршка од Владата, во спротивно следи намалување на бројот на вработени https://republika.mk/vesti/ekonomija/stopanstvoto-ochekuva-poddrshka-od-vladata-vo-sprotivno-sledi-namaluvanje-na-brojot-na-vraboteni/ Thu, 06 Oct 2022 14:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=558038

Компаниите чекаат поддршка од Владата и исполнување на нивните барања за надминување на последиците од енергетската криза. Доколку продолжи енергетската криза и стопанството не ја добие потребната помош, ќе следи намалување на бројот на вработени од 30 до 50 проценти, предупредуваат од Кризниот штаб при Стопанската комора на Македонија.

Потпретседателката на Стопанската комора Јелисавета Георгиевска-Јовеска на денешната прес-конференција нагласи дека состојбата е тешка и оти бизнисот очекува поддршка. Поддршката што ја очекува бизнисот, како што истакна, е врз база на пресметки во компаниите со цел да не дојде до редуцирање на производството и на кадарот.

Состојбата е тешка и бараат поддршка и премостување на нивните потешкотии со кои се соочуваат.

Од сите контакти со компаниите, се посочува дека не би сакале на почетокот од следната година да прават реструктуирање во нивните капацитети, односно не би сакале, редуцирање на она што значи кадар којшто треба да продуцира додадена вредност, потенцираше потпретседателката на Стопанската комора.

Во име на Кризниот штаб, Георгиевска-Јовеска рече дека треба што поскоро да следат мерките, бидејќи компаниите ја чекаат поддршката од Владата.

Да се субвенционира цената на електричната енергија за индустријата по примерот на соседните земји, да се обезбеди правна рамка за фирмите да излезат од постојните договори за снабдување со електрична енергија за компаниите да можат да склучат договори со ЕСМ снабдување, да се максимизира домашното производство на електрична енергија и вишоците да се понудат на индустријата по производна цена и да се намали  ДДВ-то за електрична енергија од 18 на пет отсто, рече Георгиевска-Јовеска.

Таа додаде дека врз основа на направените компаративни анализи, компаниите треба да добијат определна базна цена на која државата би ги покривала трошоците и со тоа би се создале неопходни претпоставки за некаква предвидливост којашто е основа на бизнисот.

Со анкетирање на над 200 компании, добивме одговор дека голем дел од нив од следната година доколку продолжи кризата и доколку ја немаат поддршката, според нивните очекувања, ќе следи од 30 до 50 проценти намалување на вработените што никој не го сака, рече Георгиевска-Јовеска.

The post Стопанството очекува поддршка од Владата, во спротивно следи намалување на бројот на вработени appeared first on Република.

]]>

Компаниите чекаат поддршка од Владата и исполнување на нивните барања за надминување на последиците од енергетската криза. Доколку продолжи енергетската криза и стопанството не ја добие потребната помош, ќе следи намалување на бројот на вработени од 30 до 50 проценти, предупредуваат од Кризниот штаб при Стопанската комора на Македонија. Потпретседателката на Стопанската комора Јелисавета Георгиевска-Јовеска на денешната прес-конференција нагласи дека состојбата е тешка и оти бизнисот очекува поддршка. Поддршката што ја очекува бизнисот, како што истакна, е врз база на пресметки во компаниите со цел да не дојде до редуцирање на производството и на кадарот. Состојбата е тешка и бараат поддршка и премостување на нивните потешкотии со кои се соочуваат.
Од сите контакти со компаниите, се посочува дека не би сакале на почетокот од следната година да прават реструктуирање во нивните капацитети, односно не би сакале, редуцирање на она што значи кадар којшто треба да продуцира додадена вредност, потенцираше потпретседателката на Стопанската комора.
Во име на Кризниот штаб, Георгиевска-Јовеска рече дека треба што поскоро да следат мерките, бидејќи компаниите ја чекаат поддршката од Владата.
Да се субвенционира цената на електричната енергија за индустријата по примерот на соседните земји, да се обезбеди правна рамка за фирмите да излезат од постојните договори за снабдување со електрична енергија за компаниите да можат да склучат договори со ЕСМ снабдување, да се максимизира домашното производство на електрична енергија и вишоците да се понудат на индустријата по производна цена и да се намали  ДДВ-то за електрична енергија од 18 на пет отсто, рече Георгиевска-Јовеска.
Таа додаде дека врз основа на направените компаративни анализи, компаниите треба да добијат определна базна цена на која државата би ги покривала трошоците и со тоа би се создале неопходни претпоставки за некаква предвидливост којашто е основа на бизнисот.
Со анкетирање на над 200 компании, добивме одговор дека голем дел од нив од следната година доколку продолжи кризата и доколку ја немаат поддршката, според нивните очекувања, ќе следи од 30 до 50 проценти намалување на вработените што никој не го сака, рече Георгиевска-Јовеска.

The post Стопанството очекува поддршка од Владата, во спротивно следи намалување на бројот на вработени appeared first on Република.

]]>
Комора: Да се поврзат системите за да има една контрола на превозниците од „Отворен Балкан“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/komora-da-se-povrzat-sistemite-za-da-ima-edna-kontrola-na-prevoznicite-od-otvoren-balkan/ Thu, 06 Oct 2022 12:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=558004

Стопанската комора на идните состаноци на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе инсистира на поврзување на контролите што се прават на посебната лента што беше воведена на Граничниот премин „Табановце“ за премин на товарни возила за овластените економски оператори од „Отворен Балкан“, со цел да се намалат гужвите и времето на чекање.

Билјана Пеева Ѓуровска, оперативен директор во Комората,  денеска на прес-конференција истакна дека е потребно поврзување за да има една контрола, а соодветни податоци да имаат и македонските и српските служби. Тоа, како што вели, драстично ќе го намали времето на чекање, односно процесирањето на документацијата и преминување на граничниот премин.

Мора да има поврзување на системите. Сега физички тие се кабина до кабина, но тоа не значи дека контролата ја прават заедно. Суштината на спроведувањето на заедничките контроли подразбира кога  ќе имаат разменети податоци или кога ќе им бидат поврзани системите кога доаѓа камион ако едната служба е  информирана за каков вид стока се работи, под каков вид на контрола подлежи, итн., ако е исконтролирана од страна на една служба, зависно дали е влез или излез, од македонска или од српска, со тоа процесот да заврши, а не иако се едни до други проверката да  биде и од српска и од македонска страна, рече Пеева.

Следењето на протокот на возила на Граничниот премин „Табановце“ што го спровела Комората во јули и август годинава покажала дека во тој период имало  фрекфенција на 60.000 транспортни возила, без товарните во транзит. Утврдено е дека колоните со товарни возила биле секојдневие, во повеќето денови долги околу два километра, со 30 до 40 транспопртни возила на преминот. За влез во државава чекањето изнесувало два до три часа. Посебната лента за возилата од „Отворен Балкан“ не функционирала во јули, а во август била во функција со исклучок на неколку дена. Покрај регистрираните двојни постапки за увоз и извоз на македонската и српската граница поради неугласеност на системите, како и двојни проверки и пред органите за внатрешни работи, утврдени се и проблеми со прекини во снабдувањето со струја, недостиг на соодветни ленти, нефункционалност на вагите за мерење, неусогласеност на работното време на Царинскиот терминал и инспекциските служби.

По укажување од комората посебната лента за премин на товарни возила за овластените економски оператори од „Отворен Балкан“, -т.н зелени коридори, која во услови на зголемена фрекфенција посебно во текот на летото воглавно се користеше за патнички автомобили, целосно е ставена во функција за товарните превозници. Направена е и пренамена на две ленти што се користат за излез од земјата кога има гужви да се користат за влез во земјата од патничките автомобили со цел да не го блокираат преминот за непречено функционирање на двете ленти што исклучиво се наменети за товарните превозници.

Пеева Ѓуровска најави дека за околу две недели треба да биде надминат проблемот со секојдневните прекини на снабдувањето со струја на граничниот премин во траење од по 15-ина минути, а од кои целиот систем се блокира, не работат службите и вагите за мерење и има реалкции од транспортерите. Се работи на замена на делови и воспоставување на целосна функционалност на трафостаницата. Ќе организираат и дополнителен состанок со Агенцијата за храна и ветеринарство и Фитосанитарната  управа, шпедитерите и извозниците со цел да се утврди кои се клучните проблеми за функционирањето на инспекциските служби на граничниот премин, пред се, во делот на соодветна екипираност, работното време и процесот на прием и обработка на документите.

Комората укажува и на потребата од целосно динамизирање на процесот на целосно воведување на директниот транзит од страна на Албанија, која го нема завршено  овој процесот како Македонија и Србија, што може значително да влијае на брзината на завршување на транзитот.

The post Комора: Да се поврзат системите за да има една контрола на превозниците од „Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора на идните состаноци на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе инсистира на поврзување на контролите што се прават на посебната лента што беше воведена на Граничниот премин „Табановце“ за премин на товарни возила за овластените економски оператори од „Отворен Балкан“, со цел да се намалат гужвите и времето на чекање. Билјана Пеева Ѓуровска, оперативен директор во Комората,  денеска на прес-конференција истакна дека е потребно поврзување за да има една контрола, а соодветни податоци да имаат и македонските и српските служби. Тоа, како што вели, драстично ќе го намали времето на чекање, односно процесирањето на документацијата и преминување на граничниот премин.
Мора да има поврзување на системите. Сега физички тие се кабина до кабина, но тоа не значи дека контролата ја прават заедно. Суштината на спроведувањето на заедничките контроли подразбира кога  ќе имаат разменети податоци или кога ќе им бидат поврзани системите кога доаѓа камион ако едната служба е  информирана за каков вид стока се работи, под каков вид на контрола подлежи, итн., ако е исконтролирана од страна на една служба, зависно дали е влез или излез, од македонска или од српска, со тоа процесот да заврши, а не иако се едни до други проверката да  биде и од српска и од македонска страна, рече Пеева.
Следењето на протокот на возила на Граничниот премин „Табановце“ што го спровела Комората во јули и август годинава покажала дека во тој период имало  фрекфенција на 60.000 транспортни возила, без товарните во транзит. Утврдено е дека колоните со товарни возила биле секојдневие, во повеќето денови долги околу два километра, со 30 до 40 транспопртни возила на преминот. За влез во државава чекањето изнесувало два до три часа. Посебната лента за возилата од „Отворен Балкан“ не функционирала во јули, а во август била во функција со исклучок на неколку дена. Покрај регистрираните двојни постапки за увоз и извоз на македонската и српската граница поради неугласеност на системите, како и двојни проверки и пред органите за внатрешни работи, утврдени се и проблеми со прекини во снабдувањето со струја, недостиг на соодветни ленти, нефункционалност на вагите за мерење, неусогласеност на работното време на Царинскиот терминал и инспекциските служби. По укажување од комората посебната лента за премин на товарни возила за овластените економски оператори од „Отворен Балкан“, -т.н зелени коридори, која во услови на зголемена фрекфенција посебно во текот на летото воглавно се користеше за патнички автомобили, целосно е ставена во функција за товарните превозници. Направена е и пренамена на две ленти што се користат за излез од земјата кога има гужви да се користат за влез во земјата од патничките автомобили со цел да не го блокираат преминот за непречено функционирање на двете ленти што исклучиво се наменети за товарните превозници. Пеева Ѓуровска најави дека за околу две недели треба да биде надминат проблемот со секојдневните прекини на снабдувањето со струја на граничниот премин во траење од по 15-ина минути, а од кои целиот систем се блокира, не работат службите и вагите за мерење и има реалкции од транспортерите. Се работи на замена на делови и воспоставување на целосна функционалност на трафостаницата. Ќе организираат и дополнителен состанок со Агенцијата за храна и ветеринарство и Фитосанитарната  управа, шпедитерите и извозниците со цел да се утврди кои се клучните проблеми за функционирањето на инспекциските служби на граничниот премин, пред се, во делот на соодветна екипираност, работното време и процесот на прием и обработка на документите. Комората укажува и на потребата од целосно динамизирање на процесот на целосно воведување на директниот транзит од страна на Албанија, која го нема завршено  овој процесот како Македонија и Србија, што може значително да влијае на брзината на завршување на транзитот.

The post Комора: Да се поврзат системите за да има една контрола на превозниците од „Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата https://republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovski-vo-ovoj-moment-nema-pogolem-problem-za-makedonskata-ekonomija-od-cenata-na-strujata/ Mon, 22 Aug 2022 10:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=542795

Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места. Доколку луѓето останат без плата, нема да можат да ги платат сметките, колку и да се тие субвенционирани од Владата, порача денеска Стопанска комора.

Според Комората, потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат.

Комората очекува нејзините предлози оваа недела да бидат разгледани во Владата, но и да бидат прифатени.

-Пред мене имам конкретни податоци за сметката за струја на една компанија членка на Комората. Иако во јули годинава компанијата потрошила помалку струја од јули минатата година, сметката за струја годинава ѝ е речиси шестпати поголема во однос на јули минатата година. Лани за јули платила околу еден милион денари, а годинава за јули вкупно шест милиони денари. Кој бизнис сектор ќе го издржи ова и до кога?, рече потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски.

Повикувајќи се на податоците од Централниот регистар, тој нагласи дека во 2021 година од трговскиот и од регистарот на други правни лица се избришани 6 995 правни лица, а во 2022 година, согласно моментно објавените податоци, веќе се избришани 5.324 правни лица.

-Со оваа динамика на бришење, годинава ќе се избришат повеќе правни лица од лани. Со вакви цени на струјата, уште колку компании ќе го стават катанецот на вратата во периодот што следува? Владата треба побрзо да ги прифати предлозите на Комората. Потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат. Цената на струјата е најважното економско прашање и во моментов прашање за опстанок на македонскиот бизнис сектор. Затоа очекуваме Владата што побргу да ги прифати предлозите објавени во повеќе наврати од Стопанската комора и да преземе чекори за нивна примена. Комуникацијата со Владата постои, но нашите сознанија се дека оваа недела ќе биде разгледано ова прашање. Се надеваме дека ќе се согласат со нас за сериозноста на проблемот, рече потпретседателот на Комората, подвлече Јовановски.

Тој потсети и дека прашањето за цената на струјата не е актуелно само сега, туку е важно и за во иднина. Според расположливите податоци, пак, од разни извори, цената на струјата за компаниите во сите други земји од регионот е пониска од нашата, а тоа ги прави нашите компании ценовно неконкурентни. Оттука, цената на струјата не е само тековно актуелно прашање, туку е и прашање на долгорочна конкурентност.

-Цената на стрјата во сите други земји од регионот е пониска од нашата, поради што нашите компании се ценовно неконкурентни, посочи потпретседателот на Комората.

На новинарско прашање за мерките за штедење струја што ги воведе Владата со кои е опфатено и стопанството, тој одговори дека „никој не треба да им каже на компаниите дека треба да штедат“.

-Во нивни интерес е трошоците да ги сведат на минимум и тоа сите го прават, рече кусо Јовановски.

На прес-конференцијата во Комората тој уште еднаш кажа дека 40 – 45 мегавати фотоволтаици се инсталирани или се инсталираат и се уште чекаат приклучок на мрежата.

-Постои можност да се зголеми домашното производство и бизнис секторот да вложи во тоа, но мора да се тргнат административните пречки, подвлече Јовановски.

The post Јовановски: Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата appeared first on Република.

]]>

Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места. Доколку луѓето останат без плата, нема да можат да ги платат сметките, колку и да се тие субвенционирани од Владата, порача денеска Стопанска комора. Според Комората, потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат. Комората очекува нејзините предлози оваа недела да бидат разгледани во Владата, но и да бидат прифатени.
-Пред мене имам конкретни податоци за сметката за струја на една компанија членка на Комората. Иако во јули годинава компанијата потрошила помалку струја од јули минатата година, сметката за струја годинава ѝ е речиси шестпати поголема во однос на јули минатата година. Лани за јули платила околу еден милион денари, а годинава за јули вкупно шест милиони денари. Кој бизнис сектор ќе го издржи ова и до кога?, рече потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски.
Повикувајќи се на податоците од Централниот регистар, тој нагласи дека во 2021 година од трговскиот и од регистарот на други правни лица се избришани 6 995 правни лица, а во 2022 година, согласно моментно објавените податоци, веќе се избришани 5.324 правни лица.
-Со оваа динамика на бришење, годинава ќе се избришат повеќе правни лица од лани. Со вакви цени на струјата, уште колку компании ќе го стават катанецот на вратата во периодот што следува? Владата треба побрзо да ги прифати предлозите на Комората. Потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат. Цената на струјата е најважното економско прашање и во моментов прашање за опстанок на македонскиот бизнис сектор. Затоа очекуваме Владата што побргу да ги прифати предлозите објавени во повеќе наврати од Стопанската комора и да преземе чекори за нивна примена. Комуникацијата со Владата постои, но нашите сознанија се дека оваа недела ќе биде разгледано ова прашање. Се надеваме дека ќе се согласат со нас за сериозноста на проблемот, рече потпретседателот на Комората, подвлече Јовановски.
Тој потсети и дека прашањето за цената на струјата не е актуелно само сега, туку е важно и за во иднина. Според расположливите податоци, пак, од разни извори, цената на струјата за компаниите во сите други земји од регионот е пониска од нашата, а тоа ги прави нашите компании ценовно неконкурентни. Оттука, цената на струјата не е само тековно актуелно прашање, туку е и прашање на долгорочна конкурентност. -Цената на стрјата во сите други земји од регионот е пониска од нашата, поради што нашите компании се ценовно неконкурентни, посочи потпретседателот на Комората. На новинарско прашање за мерките за штедење струја што ги воведе Владата со кои е опфатено и стопанството, тој одговори дека „никој не треба да им каже на компаниите дека треба да штедат“.
-Во нивни интерес е трошоците да ги сведат на минимум и тоа сите го прават, рече кусо Јовановски.
На прес-конференцијата во Комората тој уште еднаш кажа дека 40 – 45 мегавати фотоволтаици се инсталирани или се инсталираат и се уште чекаат приклучок на мрежата. -Постои можност да се зголеми домашното производство и бизнис секторот да вложи во тоа, но мора да се тргнат административните пречки, подвлече Јовановски.

The post Јовановски: Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата appeared first on Република.

]]>
Што бара Стопанската комора од државата за излез од енергетската криза https://republika.mk/vesti/ekonomija/shto-bara-stopanskata-komora-od-drzavata-za-izlez-od-energetskata-kriza/ Fri, 19 Aug 2022 09:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=541914

Пред владината седница на која ќе се одлучва за пакетот мерки за справување со енергетската криза Стопанската комора на Македонија до Владата испрати четири барања со кои мсета дека ќе се обезбеди поевтина електрична енергија за компаниите. Доколку компаниите ја преживеат кризата, смета Комората, ќе се спасат и економијата и државата.

  1. Потребно е да се зголеми домашното производство и искористат сите можни ресурси.
    • Набавката на јаглен и мазут за ТЕЦ Неготино да има апсолутен приоритет веднаш. За да може да се обезбедат нови количини намазут потребно е да се пушти продажбата на слободен пазар, односно да се тргне од листата на регулирана цена, за да не се случи недостиг на пазарот.
    • ТЕ-ТО да биде во функција цела година, бидејќи многу важно да се има домашно производство не само во услови за да има стабилност туку и за услови доколку се случи затворање на границите и на cross border протокот(преку граничниот проток на електрична енергија). Во спротивно ќе се случат рестрикции што негативно ќе се одрази на континуирано производство на домашната економија.
    • 40 до 45 мегавати фотоволтаици што се инсталирани и/или се инсталираат, сеуште чекаат на приклучок на мрежа. Се бара ЕВН и сите субјекти кој што се одговорни да ги приклучат во најбрз можен рок, бидејќи нема економска оправданост да има инсталирани фотоволтаици а истите да не се ставени во функција само затоа што не се приклучени на мрежата.
  1. Владата да ја врати Уредбата која беше во функција во услови на прогласена кризна состојба со која целокупната произведена енергија од обновливи избори беше насочена само за индустријата. Тоа беше и единствена мерка за поддршка на индустријата во делот на набавка на енергенси со поповолни услови. Со укинување на таа Уредба енергијата произведена од обновливи извори наменета за индустријата се намали за цели 8 процентни поени и сега изнесува од 6% до 7%, што значи со губењето на енергија од обновливите извори за потребите на индустрија производните трошоци на компаниите ќе растат.
  2. Се бара измени во Законот за градба, со цел легализирање на индустриски капацитети/објекти само со Г намена (за незагадувачка индустрија), кои се изградени согласно веќе донесените урбанистички планови и имаат основни проекти, но немаат дозвола за градба од повеќе објективни причини.
  3. Регулаторна комисија за енергетика да подготви Правилник за организирање дистрибутивни мрежи.

4.1.Со зголемување на инсталираната моќност од фотоволтаиците ќе настане потреба од градење на 110 киловолтни трафостаници а на тие ќе има можност да се приклучат и други производители.

4.2. Да се спречат злоупотребите на стопанските субјекти кои се префрлаат на универзален снабдувач а при тоа ги исполнуваат условите да бидат на слободен пазар. Тоа е работа на Регулаторна комисија за  енергетика, која при вака констатирани злоупотреби треба да му даде налог на ЕВН истите да се прекинат, бидејќи со таквата злоупотреба се прават две штети. Прво се ставаат економските субјекти во нерамноправна положба и второ непотребно се оптоварува ЕСМ.

Бидејќи овие заклучоци се донесени и изградени во текот на јули, а сегашната ситуација е подраматична (тоа го покажуваат сметките за струја кои ги добиваат компаниите овие денови и раст на цената на струјата на берзата) Комората смета дека фокусирањето на ова прашање мора да има апсолутен приоритет бидејќи сѐ погласни се предупредувањата од компаниите дека без државна поддршка тие немаат друга алтернатива освен да го редуцираат производството, бројот на вработените и економската активност, да не зборуваме дека инвестиционите активности ќе станат мисловна именка.

И досега за одредени прашања сме имале различни ставови, некогаш сме наоѓале заеднички јазик, некогаш не, но ова прашање добива такви димензии, ако не изградиме заеднички став, може да доведе до состојба од која враќањето на нормалното функционирање на компаниите ќе биде невозможно, предупредува Комората.

Состојбата во земјите од регионот каде што Стопанската комора на Македонија е активна преку Коморскиот инвестициски форум.

The post Што бара Стопанската комора од државата за излез од енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Пред владината седница на која ќе се одлучва за пакетот мерки за справување со енергетската криза Стопанската комора на Македонија до Владата испрати четири барања со кои мсета дека ќе се обезбеди поевтина електрична енергија за компаниите. Доколку компаниите ја преживеат кризата, смета Комората, ќе се спасат и економијата и државата.
  1. Потребно е да се зголеми домашното производство и искористат сите можни ресурси.
    • Набавката на јаглен и мазут за ТЕЦ Неготино да има апсолутен приоритет веднаш. За да може да се обезбедат нови количини намазут потребно е да се пушти продажбата на слободен пазар, односно да се тргне од листата на регулирана цена, за да не се случи недостиг на пазарот.
    • ТЕ-ТО да биде во функција цела година, бидејќи многу важно да се има домашно производство не само во услови за да има стабилност туку и за услови доколку се случи затворање на границите и на cross border протокот(преку граничниот проток на електрична енергија). Во спротивно ќе се случат рестрикции што негативно ќе се одрази на континуирано производство на домашната економија.
    • 40 до 45 мегавати фотоволтаици што се инсталирани и/или се инсталираат, сеуште чекаат на приклучок на мрежа. Се бара ЕВН и сите субјекти кој што се одговорни да ги приклучат во најбрз можен рок, бидејќи нема економска оправданост да има инсталирани фотоволтаици а истите да не се ставени во функција само затоа што не се приклучени на мрежата.
  1. Владата да ја врати Уредбата која беше во функција во услови на прогласена кризна состојба со која целокупната произведена енергија од обновливи избори беше насочена само за индустријата. Тоа беше и единствена мерка за поддршка на индустријата во делот на набавка на енергенси со поповолни услови. Со укинување на таа Уредба енергијата произведена од обновливи извори наменета за индустријата се намали за цели 8 процентни поени и сега изнесува од 6% до 7%, што значи со губењето на енергија од обновливите извори за потребите на индустрија производните трошоци на компаниите ќе растат.
  2. Се бара измени во Законот за градба, со цел легализирање на индустриски капацитети/објекти само со Г намена (за незагадувачка индустрија), кои се изградени согласно веќе донесените урбанистички планови и имаат основни проекти, но немаат дозвола за градба од повеќе објективни причини.
  3. Регулаторна комисија за енергетика да подготви Правилник за организирање дистрибутивни мрежи.
4.1.Со зголемување на инсталираната моќност од фотоволтаиците ќе настане потреба од градење на 110 киловолтни трафостаници а на тие ќе има можност да се приклучат и други производители. 4.2. Да се спречат злоупотребите на стопанските субјекти кои се префрлаат на универзален снабдувач а при тоа ги исполнуваат условите да бидат на слободен пазар. Тоа е работа на Регулаторна комисија за  енергетика, која при вака констатирани злоупотреби треба да му даде налог на ЕВН истите да се прекинат, бидејќи со таквата злоупотреба се прават две штети. Прво се ставаат економските субјекти во нерамноправна положба и второ непотребно се оптоварува ЕСМ.
Бидејќи овие заклучоци се донесени и изградени во текот на јули, а сегашната ситуација е подраматична (тоа го покажуваат сметките за струја кои ги добиваат компаниите овие денови и раст на цената на струјата на берзата) Комората смета дека фокусирањето на ова прашање мора да има апсолутен приоритет бидејќи сѐ погласни се предупредувањата од компаниите дека без државна поддршка тие немаат друга алтернатива освен да го редуцираат производството, бројот на вработените и економската активност, да не зборуваме дека инвестиционите активности ќе станат мисловна именка. И досега за одредени прашања сме имале различни ставови, некогаш сме наоѓале заеднички јазик, некогаш не, но ова прашање добива такви димензии, ако не изградиме заеднички став, може да доведе до состојба од која враќањето на нормалното функционирање на компаниите ќе биде невозможно, предупредува Комората.
Состојбата во земјите од регионот каде што Стопанската комора на Македонија е активна преку Коморскиот инвестициски форум.    

The post Што бара Стопанската комора од државата за излез од енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Азески: Ако не се преземе ништо со струјата, загубите на компаниите секој следен ден ќе бидат сè поголеми https://republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-ako-ne-se-prezeme-nishto-so-strujata-zagubite-na-kompaniite-sekoj-sleden-den-kje-bidat-se-pogolemi/ Tue, 03 May 2022 08:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=496642

Зголемување на домашното производство на електрична енергија преку докапитализација на АД ЕСМ, инвестирање во фотоволтаици и субвенционирање на дел од трошоците за струја за компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, како и за индустријата, предлага Стопанската комора на Македонија, со цел да се ублажи кризата со енергенсите и подготвено да се пречека новата грејна сезона.

Комората предлага и штедење на електричната енергија и нејзина рационализација за што државата итно треба да донесе наредба на кој начин тоа ќе го спроведе.

Секој следен ден загубите на компаниите ќе бидат сѐ поголеми, ако во меѓувреме не се преземе нешто. Затоа Комората порачува дека конечно мора да се направат дополнителни напори за обезбедување што поголемо и економски прифатливо решение за домашно производство на електрична енергија, паралелно со сериозни активности во доменот на зголемувањето на енергетската ефикасност, како во делот на производството на електрична енергија така и во делот на нејзината потрошувачка и на нејзиното рационално користење, вели претседателот на СКМ Бранко Азески.

Тој предупредува и дека Директоратот за добрососедство при Европската комисија се насочува кон земјите од Источното партнерство односно кон Украина, Молдавија и Грузија и дека доколку тоа се оствари, тогаш разочарувањето на земјите од Западен Балкан ќе биде огромно.

Минатата недела некако срамежливо до мене стигнаа информации дека надлежниот Директорат за добрососедство при Европската комисија дава налог сите сили на Директоратот да се насочат спрема земјите на Источното партнерство, иако истиот тој Директорат е надлежен и за Западен Балкан. Источното партнерство е синоним за соработката со три земји – Украина, Молдавија и Грузија. Едноставно и просто, тие земји сега се ставаат на брзиот воз кој се движи кон Брисел. Мислам дека ако ова и се оствари, разочарувањето на Западен Балкан кон Европската Унија ќе биде огромно. Исто така, морам да укажам и на непрофесионалниот однос на еврокомесарот Вархеји, кој, иако уредно поканет и со прифатена покана од него, како учесник на состанокот на Бизнис-советот на Коморскиот инвестициски форум (28.4.2022 г.), во последен момент нѐ извести дека од неопходни причини на Балканот нема да присуствува на средбата. Многу е несериозно едно толку високо позиционирано лице во Европската Унија по вторпат да прави грешки кои оставаат траги во нашата меѓусебна соработка, вели Азески.

The post Азески: Ако не се преземе ништо со струјата, загубите на компаниите секој следен ден ќе бидат сè поголеми appeared first on Република.

]]>

Зголемување на домашното производство на електрична енергија преку докапитализација на АД ЕСМ, инвестирање во фотоволтаици и субвенционирање на дел од трошоците за струја за компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, како и за индустријата, предлага Стопанската комора на Македонија, со цел да се ублажи кризата со енергенсите и подготвено да се пречека новата грејна сезона. Комората предлага и штедење на електричната енергија и нејзина рационализација за што државата итно треба да донесе наредба на кој начин тоа ќе го спроведе.