стопала Archives - Република https://republika.mk/tema/stopala/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jul 2023 19:53:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стопала Archives - Република https://republika.mk/tema/stopala/ 32 32 Ослободете се од шилецот во петицата https://republika.mk/zivot/zdravje/oslobodete-se-od-shiletsot-vo-petitsata/ Fri, 28 Jul 2023 19:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=666452

Оваа непријатна појава умее да биде толку болна што многумина ја опишуваат како убод со нож во петицата. Олеснете си себеси следејќи неколку едноставни упатства.

„Веќе половина година ме мачи шилец во петицата. Наутро воопшто не можам да застанам на петицата. Масти, греење и масажа не помагаат. Кажете ми кои народни средства можам да ги користам за да го излечам?“, прашува Марија од Кичево.

Диета

Ублажете ги тегобите практикувајќи диета. Во текот на два месеца секојдневно вклучувајте ги во својата исхрана следните производи: суви кајсии и грозје, зелка и тиквички и пијте по 200 мл сок од тиква. Правете „празен појадок“ од ориз: три лажици ориз потопете прекуноќ, наутро измијте го, ставете го да зоврие, истурете го одварот, прелејте го со чиста вода и варете го без сол додека биде готов. Изедете го наместо појадок и потоа не јадете ништо четири часа. Курата трае 30 дена.

Бања

По една лажица фиданки и иситнети зелени шишарки од бор и врес (лат. Calluna vulgaris) прелејте сo два литра вода, оставете го да зоврие, па варете го на тивок оган десет минута. Парете ги нозете во одварот половина час, долевајќи топла вода. Курата се состои од 12 процедури.

Облога

Црна ротквичка ќе ви помогне да се ослободите од воспалението и болката. Коренестиот плод се чисти, ситно се ренда и се става на болното место. Одозгора се прекрива со газа, се става завој и се обуваат топли чорапи. Облогата се остава да отстои цела ноќ. Курата подразбира од пет до седум процедури.

Апликација

За лекување шилци во петицата налето можете да користите свежа коприва. Листовите се собираат заедно со врвовите и се мелат на машини за месо или се ситнат во блендер. Добиената каша ставете ја на болниот предел, одозгора прекријте со газа и со лента и облечете чорапи. Апликацијата од коприва можете да ја носите 24 часа, а курата се состои од 14 процедури.

Листови

Свежи листови од чичка сомелете на машина за месо, додајте три капки рицинусово масло на лажица маса и тоа ставете го на болното место. Доколку е болката многу силна, тогаш во смесата можете да додадете содржина од една аптекарска ампула новокаин. Одозгора се ставаат газа и самолеплива фолија и се обуваат чорапи. Облогата се држи четири часа, или додека исчезне болката. Третманот трае 14 дена.


Текст: Руски доктор

The post Ослободете се од шилецот во петицата appeared first on Република.

]]>

Оваа непријатна појава умее да биде толку болна што многумина ја опишуваат како убод со нож во петицата. Олеснете си себеси следејќи неколку едноставни упатства.
„Веќе половина година ме мачи шилец во петицата. Наутро воопшто не можам да застанам на петицата. Масти, греење и масажа не помагаат. Кажете ми кои народни средства можам да ги користам за да го излечам?“, прашува Марија од Кичево.
Диета Ублажете ги тегобите практикувајќи диета. Во текот на два месеца секојдневно вклучувајте ги во својата исхрана следните производи: суви кајсии и грозје, зелка и тиквички и пијте по 200 мл сок од тиква. Правете „празен појадок“ од ориз: три лажици ориз потопете прекуноќ, наутро измијте го, ставете го да зоврие, истурете го одварот, прелејте го со чиста вода и варете го без сол додека биде готов. Изедете го наместо појадок и потоа не јадете ништо четири часа. Курата трае 30 дена. Бања По една лажица фиданки и иситнети зелени шишарки од бор и врес (лат. Calluna vulgaris) прелејте сo два литра вода, оставете го да зоврие, па варете го на тивок оган десет минута. Парете ги нозете во одварот половина час, долевајќи топла вода. Курата се состои од 12 процедури. Облога Црна ротквичка ќе ви помогне да се ослободите од воспалението и болката. Коренестиот плод се чисти, ситно се ренда и се става на болното место. Одозгора се прекрива со газа, се става завој и се обуваат топли чорапи. Облогата се остава да отстои цела ноќ. Курата подразбира од пет до седум процедури. Апликација За лекување шилци во петицата налето можете да користите свежа коприва. Листовите се собираат заедно со врвовите и се мелат на машини за месо или се ситнат во блендер. Добиената каша ставете ја на болниот предел, одозгора прекријте со газа и со лента и облечете чорапи. Апликацијата од коприва можете да ја носите 24 часа, а курата се состои од 14 процедури. Листови Свежи листови од чичка сомелете на машина за месо, додајте три капки рицинусово масло на лажица маса и тоа ставете го на болното место. Доколку е болката многу силна, тогаш во смесата можете да додадете содржина од една аптекарска ампула новокаин. Одозгора се ставаат газа и самолеплива фолија и се обуваат чорапи. Облогата се држи четири часа, или додека исчезне болката. Третманот трае 14 дена.
Текст: Руски доктор

The post Ослободете се од шилецот во петицата appeared first on Република.

]]>