СТОП за извршителите Archives - Република https://republika.mk/tema/stop-za-izvrshitelite/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 13:10:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СТОП за извршителите Archives - Република https://republika.mk/tema/stop-za-izvrshitelite/ 32 32 Извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат, бараат граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/izvrshitelite-da-gi-pochituvaat-zakonskite-izmeni-so-koi-dolgovite-zastaruvaat-baraat-graganite/ Mon, 11 Mar 2024 13:10:56 +0000 https://republika.mk/?p=753660

Повеќе граѓани денеска поднесоа писмени барања до Министерот за правда, Кренар Лога, за примена на измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови.

Според нив, не се применуваат измените во Законот за облигациони односи од страната на извршителите, кои се однесуваат на застарувањето на долгови и покрај тоа што беа изгласани од Собранието и објавени во службен весник пред повеќе од седум месеци, како и покрај потврдата за уставноста на законот од Уставниот суд во јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот.

„Стоп за извршителите“, „Зошто го донесовте законот, зошто го лажете народот“, „Не играјте пинг-понг со народот“, „Нема да гласаме ако не се спроведува законот“ беа дел од паролите со кои граѓаните поддржани од здруженијата „Човекот над профитот", „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР денеска пред Министерството за правда одржаа мирен протест за Законот за облигациони односи пред да отпочнат со поднесувањето на барањата.

Уставниот суд застана на наша страна, Народниот правобранител застана на наша страна. Само вие, извршната власт, не сте на наша страна, изјави Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“.

[caption id="" align="alignnone" width="1080"] Фото: МИА[/caption]

Тие бараат во рок од осум дена овие барања да се процесираат и да им се нареди на извршителите предметите да почнат да застаруваат.

Законот е дециден, 10 години од извршна исправа секаде во светот сѐ застарува, па камо ли овде, рече таа.

Самка Ибраимовски, македонски политичар од ромско потекло и претседател на политичката партија ПЦЕР, побара министерот за правда да го исполни ветувањето кое што им го дал, дека ќе постапува по одлуката на Уставен суд.

Ни ветивте дека ако Уставноиот суд ја отфрли иницијативата, ќе ни излезете во пресрет и ќе дејствувате, рече тој, и воедно информираше дека има 220 илјади блокирани сметки.

Марјан Ристески, активист и синдикалец, рече дека има сомнеж дека во прашање е криминал.

[caption id="" align="alignnone" width="1080"] Фото: МИА[/caption]

Зошто не функционира откако го донесоа законот, се јавија олгаарсите и кога видоа дека се работи за огромна сум за пари останува кај нас сомнеж дека криминалот е во прашање, бидејќи се работи за голема сум за пари, рече тој.

Ненов Марјан од „Но Пасаран“ побара да се блокира Министерството за правда бидејќи, според нив, како што рече, „Не ни треба“.

The post Извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат, бараат граѓаните appeared first on Република.

]]>

Повеќе граѓани денеска поднесоа писмени барања до Министерот за правда, Кренар Лога, за примена на измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови. Според нив, не се применуваат измените во Законот за облигациони односи од страната на извршителите, кои се однесуваат на застарувањето на долгови и покрај тоа што беа изгласани од Собранието и објавени во службен весник пред повеќе од седум месеци, како и покрај потврдата за уставноста на законот од Уставниот суд во јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот. „Стоп за извршителите“, „Зошто го донесовте законот, зошто го лажете народот“, „Не играјте пинг-понг со народот“, „Нема да гласаме ако не се спроведува законот“ беа дел од паролите со кои граѓаните поддржани од здруженијата „Човекот над профитот", „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР денеска пред Министерството за правда одржаа мирен протест за Законот за облигациони односи пред да отпочнат со поднесувањето на барањата.
Уставниот суд застана на наша страна, Народниот правобранител застана на наша страна. Само вие, извршната власт, не сте на наша страна, изјави Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“.
[caption id="" align="alignnone" width="1080"] Фото: МИА[/caption] Тие бараат во рок од осум дена овие барања да се процесираат и да им се нареди на извршителите предметите да почнат да застаруваат.
Законот е дециден, 10 години од извршна исправа секаде во светот сѐ застарува, па камо ли овде, рече таа.
Самка Ибраимовски, македонски политичар од ромско потекло и претседател на политичката партија ПЦЕР, побара министерот за правда да го исполни ветувањето кое што им го дал, дека ќе постапува по одлуката на Уставен суд.
Ни ветивте дека ако Уставноиот суд ја отфрли иницијативата, ќе ни излезете во пресрет и ќе дејствувате, рече тој, и воедно информираше дека има 220 илјади блокирани сметки.
Марјан Ристески, активист и синдикалец, рече дека има сомнеж дека во прашање е криминал. [caption id="" align="alignnone" width="1080"] Фото: МИА[/caption]
Зошто не функционира откако го донесоа законот, се јавија олгаарсите и кога видоа дека се работи за огромна сум за пари останува кај нас сомнеж дека криминалот е во прашање, бидејќи се работи за голема сум за пари, рече тој.
Ненов Марјан од „Но Пасаран“ побара да се блокира Министерството за правда бидејќи, според нив, како што рече, „Не ни треба“.

The post Извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат, бараат граѓаните appeared first on Република.

]]>
Утре ќе се протестира во Скопје: „СТОП за извршителите“ https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-ke-se-protestira-vo-skopje-stop-za-izvrshitelite/ Sun, 10 Mar 2024 20:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=753455

Утре, 11 03 2024 во 12:00 часот пред Министерството за правда во Скопје, здруженијата „Човекот над профитот”, „Но Пасаран”, КСОМ и ПЦЕР ќе одржат мирен протест.

-Го повикуваме министерот за правда и Владата да се изјаснат зошто не се применуваат промените во Законот за облигациони односи од страната на извршителите, а се однесуваат на застарувањето на долгови, изгласаните од Собранието и во службен весник објавени пред повеќе од седум месеци и покрај потврденоста на уставноста на законот од Уставниот суд во месец јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот. Утре ќе се поднесуваат писмени барања од граѓани за примена на законот кај министерот за правда. Здруженијата се соединети во – борба за правда, борба против мафијашката спрега доверители, судии, фирми за наплата на побарувања, прподавници за пари извршители и низа на корумпирани државни службеници, велат организаторите.

The post Утре ќе се протестира во Скопје: „СТОП за извршителите“ appeared first on Република.