стоки Archives - Република https://republika.mk/tema/stoki/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 13:16:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стоки Archives - Република https://republika.mk/tema/stoki/ 32 32 Николовски: Спроведуваме проекти што ќе ја олеснат работатата на превозниците https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-sproveduvame-proekti-shto-ke-ja-olesnat-rabotatata-na-prevoznitsite/ Thu, 26 Sep 2024 13:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=819906

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, денес присуствуваше на традиционална средба со превозниците во организација на Асоцијацијата Макам-Транс.

Во своето обраќање пред присутните, Николовски ја поздрави добрата соработка со Макам – Транс и со останатите Стопански комори и асоцијации, што неодамна беше потврдена на состанокот за реактивирање на Советодавното тело во Царинската управа. Исто така, информираше за неколку тековни проекти што значително ќе ја олеснат работатата на превозниците.

Воведувањето на Системот за видео надзор и препознавање на таблички, автоматски ќе алармира кога одредена лента на граничен премин е преоптоварена и ќе овозможи брза реакција и намалување на времето за чекање на граница. Во тек е воведување на телесни камери за царинските службеници, со цел дополнително следење на завршување на постапките и контролите, а со тоа намалување на корупцијата. Интензивно се работи на започнување на проект за Автоматизација на терминалите, којшто вклучува целосна замена на постоечките ваги и рампи со нови дигитални ваги и автоматизирани рампи, а во тек се реконструкции на повеќе гранични премини. Усогласени се смените со Агенција за храна и ветеринарство, што за превозниците значи значително забрзување на протокот на стоки на клучните гранични премини - истакна тој.

Од август оваа година воспоствен е директен линк на модулот на Макам-Транс за пријавување мито, корупција и мигранти со Царинскиот дежурен оперативен центар, што овозмува да се реагира во реално време и да се спречат коруптивни појави и недозволени дејства.

Директорот Николовски истакна дека очекува соработката со економските оператори да се одвива во континуитет, со посветеност и разбирање на сите нивоа од страна на Царинска управа и од страна на стопанството.

На настанот свое обраќање имаа и генералниот секретар на Макам – Транс Биљана Муратовска, заменик министер за транспорт и врски Калтрина Зеколи Шаќири и директорката на Консалтинг за стратешки развој Кристина Хаџи Василева.

The post Николовски: Спроведуваме проекти што ќе ја олеснат работатата на превозниците appeared first on Република.

]]>

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, денес присуствуваше на традиционална средба со превозниците во организација на Асоцијацијата Макам-Транс. Во своето обраќање пред присутните, Николовски ја поздрави добрата соработка со Макам – Транс и со останатите Стопански комори и асоцијации, што неодамна беше потврдена на состанокот за реактивирање на Советодавното тело во Царинската управа. Исто така, информираше за неколку тековни проекти што значително ќе ја олеснат работатата на превозниците.
Воведувањето на Системот за видео надзор и препознавање на таблички, автоматски ќе алармира кога одредена лента на граничен премин е преоптоварена и ќе овозможи брза реакција и намалување на времето за чекање на граница. Во тек е воведување на телесни камери за царинските службеници, со цел дополнително следење на завршување на постапките и контролите, а со тоа намалување на корупцијата. Интензивно се работи на започнување на проект за Автоматизација на терминалите, којшто вклучува целосна замена на постоечките ваги и рампи со нови дигитални ваги и автоматизирани рампи, а во тек се реконструкции на повеќе гранични премини. Усогласени се смените со Агенција за храна и ветеринарство, што за превозниците значи значително забрзување на протокот на стоки на клучните гранични премини - истакна тој.
Од август оваа година воспоствен е директен линк на модулот на Макам-Транс за пријавување мито, корупција и мигранти со Царинскиот дежурен оперативен центар, што овозмува да се реагира во реално време и да се спречат коруптивни појави и недозволени дејства. Директорот Николовски истакна дека очекува соработката со економските оператори да се одвива во континуитет, со посветеност и разбирање на сите нивоа од страна на Царинска управа и од страна на стопанството. На настанот свое обраќање имаа и генералниот секретар на Макам – Транс Биљана Муратовска, заменик министер за транспорт и врски Калтрина Зеколи Шаќири и директорката на Консалтинг за стратешки развој Кристина Хаџи Василева.

The post Николовски: Спроведуваме проекти што ќе ја олеснат работатата на превозниците appeared first on Република.

]]>
Во јануари и февруари извезени стоки во вредност од 1,216 милијарди евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-januari-i-fevruari-izvezeni-stoki-vo-vrednost-od-1-216-milijardi-evra/ Thu, 07 Apr 2022 11:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=484716

Во првите два месеца од годинава од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 75,047 милијарди денари или 1,216 милијарди евра што е зголемување за 13,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Во истиот период во земјава се увезени стоки во вредност од 110,32 милијарди денари или 1,788 милијарди евра, односно за 30,6 отсто повеќе отколку за првите два месеца од 2021 година.

Трговскиот дефицит, во првите два месеца од 2022 година изнесува 35,273 милијарди денари или 571,76 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз е 68 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учеството во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот, пак, најмногу се застапени електричната енергија, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и платината и легурите на платина, необработени или во прав.

Во првите два месеца од годинава земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

The post Во јануари и февруари извезени стоки во вредност од 1,216 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Во првите два месеца од годинава од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 75,047 милијарди денари или 1,216 милијарди евра што е зголемување за 13,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Во истиот период во земјава се увезени стоки во вредност од 110,32 милијарди денари или 1,788 милијарди евра, односно за 30,6 отсто повеќе отколку за првите два месеца од 2021 година. Трговскиот дефицит, во првите два месеца од 2022 година изнесува 35,273 милијарди денари или 571,76 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз е 68 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учеството во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот, пак, најмногу се застапени електричната енергија, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и платината и легурите на платина, необработени или во прав. Во првите два месеца од годинава земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

The post Во јануари и февруари извезени стоки во вредност од 1,216 милијарди евра appeared first on Република.

]]>