стојан андов Archives - Република https://republika.mk/tema/stojan-andov/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jun 2024 13:35:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стојан андов Archives - Република https://republika.mk/tema/stojan-andov/ 32 32 Љубчо Георгиевски, претседателката Силјановска, Архиепископот Стефан дојдоа на комеморацијата за Стојан Андов https://republika.mk/vesti/makedonija/lubcho-georgievski-pretsedatelkata-siljanovska-arhiepisopot-stefan-dojdoa-na-komemoratsijata-za-stojan-andov/ Wed, 19 Jun 2024 13:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=789078

Со едноминутно молчење во Собранието денеска му беше оддадена почит на првиот собраниски спикер Стојан Андов, кој почина вчера на 89-годишна возраст.

На денешната комеморативна седница во Собранието, претседателката Гордана Сиљановска Давкова нагласи дека замина првиот претседател на Собранието во демократска Македонија, еден стамен столпник на нашата современост кој што даде сериозен придонес во политичкиот, државниот и општествениот развој во последните три децении.

-Првиот демократски избран македонски функционер по осамостојувањето, државник, политичар, економски експерт, дипломат од висок ранг, политиколог, новинар, публицист, писател кој што ја промислување македонската и меѓународната сцена, притоа што за мене е од особена важност, и за културниот идентитет за македонскиот народ, соживотот на сите македонски граѓани без разлика на нивната верска, идеолошка и национална припадност, соработката со соседите и светот врз односи на рамноправна основа, давајќи голем придонес на културата на сеќавањето како предуслов за подобро утре на сите. Не можам, а да не потсетам дека мирното раздружување од Југославија, меѓу останатото, им го должиме и на државниците како Глигоров, Петар Гошев, Стојан Андов, Абдурахман Алити и требаше да помине многу време за да ја видиме нивната вредност. Замина угледен сојузен функционер во поранешната заедничка држава, дипломат кому му се доверуваа најсуштествените задолженија на меѓународен план , кој што беше член на сојузните влади во два мандати, кој што го прекстари светот како задолжен за односи со земјите во развој и со Европската економска заедница, рече претседателката.

Стојан Андов, како што истакна Сиљановска Давкова, ќе биде запаметен по многу политички судири во Југославија, но најмногу оние врзани за стопанската реформа од 1965 година, бидејќи, посочи таа, општо познато е дека првиот претседател Глигоров и Андов биле за либерални реформи во економијата и културата.

Парадоксално е тоа што национализмот може да се потисне со европеизацијата на Балканот, а истиот национализам е овој Бугарскиот што го запира целиот тек поради амбицијата кон Македонија, вели

Андов е роден во 1935 година во Кавадарци, Република Македонија. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stojan-andov-beshe-predvodnik-na-razumnosta-i-trpelivosta-so-negoviot-bogat-zhivoten-i-profesionalen-opit-kazha-pretsedatekata-silanovska-davkova-na-komemoratsijata/

На првите повеќепартиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година. На вторите повеќепартиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието - должност што ја извршуваше до март 1996 година.

Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на изборите во 1998 година.

Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година. На 30 ноември 2000 година повторно беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија, функција што ја извршуваше до октомври 2002.

Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект. По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет

The post Љубчо Георгиевски, претседателката Силјановска, Архиепископот Стефан дојдоа на комеморацијата за Стојан Андов appeared first on Република.

]]>

Со едноминутно молчење во Собранието денеска му беше оддадена почит на првиот собраниски спикер Стојан Андов, кој почина вчера на 89-годишна возраст. На денешната комеморативна седница во Собранието, претседателката Гордана Сиљановска Давкова нагласи дека замина првиот претседател на Собранието во демократска Македонија, еден стамен столпник на нашата современост кој што даде сериозен придонес во политичкиот, државниот и општествениот развој во последните три децении.
-Првиот демократски избран македонски функционер по осамостојувањето, државник, политичар, економски експерт, дипломат од висок ранг, политиколог, новинар, публицист, писател кој што ја промислување македонската и меѓународната сцена, притоа што за мене е од особена важност, и за културниот идентитет за македонскиот народ, соживотот на сите македонски граѓани без разлика на нивната верска, идеолошка и национална припадност, соработката со соседите и светот врз односи на рамноправна основа, давајќи голем придонес на културата на сеќавањето како предуслов за подобро утре на сите. Не можам, а да не потсетам дека мирното раздружување од Југославија, меѓу останатото, им го должиме и на државниците како Глигоров, Петар Гошев, Стојан Андов, Абдурахман Алити и требаше да помине многу време за да ја видиме нивната вредност. Замина угледен сојузен функционер во поранешната заедничка држава, дипломат кому му се доверуваа најсуштествените задолженија на меѓународен план , кој што беше член на сојузните влади во два мандати, кој што го прекстари светот како задолжен за односи со земјите во развој и со Европската економска заедница, рече претседателката.
Стојан Андов, како што истакна Сиљановска Давкова, ќе биде запаметен по многу политички судири во Југославија, но најмногу оние врзани за стопанската реформа од 1965 година, бидејќи, посочи таа, општо познато е дека првиот претседател Глигоров и Андов биле за либерални реформи во економијата и културата. Парадоксално е тоа што национализмот може да се потисне со европеизацијата на Балканот, а истиот национализам е овој Бугарскиот што го запира целиот тек поради амбицијата кон Македонија, вели Андов е роден во 1935 година во Кавадарци, Република Македонија. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет. https://republika.mk/vesti/makedonija/stojan-andov-beshe-predvodnik-na-razumnosta-i-trpelivosta-so-negoviot-bogat-zhivoten-i-profesionalen-opit-kazha-pretsedatekata-silanovska-davkova-na-komemoratsijata/ На првите повеќепартиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година. На вторите повеќепартиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието - должност што ја извршуваше до март 1996 година. Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на изборите во 1998 година. Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година. На 30 ноември 2000 година повторно беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија, функција што ја извршуваше до октомври 2002. Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект. По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет

The post Љубчо Георгиевски, претседателката Силјановска, Архиепископот Стефан дојдоа на комеморацијата за Стојан Андов appeared first on Република.

]]>
Стојан Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста со неговиот богат животен и професионален опит, кажа претседателката Сиљановска Давкова на комеморацијата https://republika.mk/vesti/makedonija/stojan-andov-beshe-predvodnik-na-razumnosta-i-trpelivosta-so-negoviot-bogat-zhivoten-i-profesionalen-opit-kazha-pretsedatekata-silanovska-davkova-na-komemoratsijata/ Wed, 19 Jun 2024 13:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=789071

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на Комеморативната седница по повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија.

Изразувајќи сочувство по повод смртта на првиот демократски избран македонски функционер по осамостојувањето, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека Андов беше државник, политичар, економски експерт, дипломат од висок ранг, политиколог, новинар, публицист, писател којшто ја промислуваше македонската и меѓународната сцена, притоа што е особено важно и за културниот идентитет на македонскиот народ, соживотот на сите македонски граѓани без разлика на нивната верска, идеолошка и национална припадност, соработката со соседите и светот врз односи на рамноправна основа, давајќи голем придонес на културата на сеќавањето, како предуслов за подобро утре на сите.

Замина првиот претседател на Собранието во демократска Македонија избран на првите повеќепартиски избори, потоа избран уште два пати на истата функција, еден стамен столбник на нашата современост којшто даде сериозен придонес во политичкиот, државниот и општествениот развој во последните три децении, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Претседателката се осврна на идеолошките напади кон Стојан Андов, на неговата улога во југословенското државно и партиско водство, на политичките судири што ги имал во Југославија, како и неговата значајна улога во Стопанската реформа и во затворањето на ФЕНИ.

„Замина, угледен сојузен функционер во поранешната заедничка држава, дипломат кому му се доверуваа најсуштествените задолженија на меѓународен план, којшто беше член на сојузните влади во два мандати, кој што го прокрстари светот, како задолжен за односи со земјите во развој и со Европската економска заедница, претходничката на Европската Унија, којшто во име на сојузната влада го потпиша Договорот за соработка со Европската економска заедница“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова.

Таа потсети дека Стојан Андов во деведесеттите години беше либерал, кој сметаше дека нема реформи без либералните вредности, слободите и правата и економските реформи.

Претседателката Сиљановска Давкова го истакна државничкото однесување на Андов на патот кон самостојноста и независноста, кога, како што посочи, имаше многу изблици на емоции и конфликтот беше во воздухот.

Таа рече дека Стојан Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста со неговиот богат животен и професионален опит, одмереност, комуникативност и енциклопедиска образованост, како страствен историчар, прагматичен, со чувство за реалноста и најдобар писател меѓу политичарите.

 

The post Стојан Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста со неговиот богат животен и професионален опит, кажа претседателката Сиљановска Давкова на комеморацијата appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на Комеморативната седница по повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија. Изразувајќи сочувство по повод смртта на првиот демократски избран македонски функционер по осамостојувањето, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека Андов беше државник, политичар, економски експерт, дипломат од висок ранг, политиколог, новинар, публицист, писател којшто ја промислуваше македонската и меѓународната сцена, притоа што е особено важно и за културниот идентитет на македонскиот народ, соживотот на сите македонски граѓани без разлика на нивната верска, идеолошка и национална припадност, соработката со соседите и светот врз односи на рамноправна основа, давајќи голем придонес на културата на сеќавањето, како предуслов за подобро утре на сите.
Замина првиот претседател на Собранието во демократска Македонија избран на првите повеќепартиски избори, потоа избран уште два пати на истата функција, еден стамен столбник на нашата современост којшто даде сериозен придонес во политичкиот, државниот и општествениот развој во последните три децении, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Претседателката се осврна на идеолошките напади кон Стојан Андов, на неговата улога во југословенското државно и партиско водство, на политичките судири што ги имал во Југославија, како и неговата значајна улога во Стопанската реформа и во затворањето на ФЕНИ.
„Замина, угледен сојузен функционер во поранешната заедничка држава, дипломат кому му се доверуваа најсуштествените задолженија на меѓународен план, којшто беше член на сојузните влади во два мандати, кој што го прокрстари светот, како задолжен за односи со земјите во развој и со Европската економска заедница, претходничката на Европската Унија, којшто во име на сојузната влада го потпиша Договорот за соработка со Европската економска заедница“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова.
Таа потсети дека Стојан Андов во деведесеттите години беше либерал, кој сметаше дека нема реформи без либералните вредности, слободите и правата и економските реформи. Претседателката Сиљановска Давкова го истакна државничкото однесување на Андов на патот кон самостојноста и независноста, кога, како што посочи, имаше многу изблици на емоции и конфликтот беше во воздухот. Таа рече дека Стојан Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста со неговиот богат животен и професионален опит, одмереност, комуникативност и енциклопедиска образованост, како страствен историчар, прагматичен, со чувство за реалноста и најдобар писател меѓу политичарите.  

The post Стојан Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста со неговиот богат животен и професионален опит, кажа претседателката Сиљановска Давкова на комеморацијата appeared first on Република.

]]>
Што говореше Стојан Андов: Југославија требаше да влезе во ЕУ заедно со Шпанија и Португалија https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-govoreshe-stojan-andov-jugoslavija-trebashe-da-vleze-vo-eu-zaedno-so-shpanija-i-portugalija/ Tue, 18 Jun 2024 10:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=788690

На 89 годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов.

Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година.

Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 г.)/

Toкму за преговорите на Југославија со ЕУ Андов говореше во интервјуто за Пресинг ТВ пред неколку години.

Југославија требаше да влезе во ЕУ заедно со Шпанија и Португалија“ - тврдеше Андов.

The post Што говореше Стојан Андов: Југославија требаше да влезе во ЕУ заедно со Шпанија и Португалија appeared first on Република.

]]>

На 89 годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов. Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 г.)/ Toкму за преговорите на Југославија со ЕУ Андов говореше во интервјуто за Пресинг ТВ пред неколку години.
Југославија требаше да влезе во ЕУ заедно со Шпанија и Португалија“ - тврдеше Андов.

The post Што говореше Стојан Андов: Југославија требаше да влезе во ЕУ заедно со Шпанија и Португалија appeared first on Република.

]]>
Почина Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на независна Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/pochina-stojan-andov-prviot-pretsedatel-na-sobranieto-na-nezavisna-makedonija/ Tue, 18 Jun 2024 09:50:05 +0000 https://republika.mk/?p=788677

На 89-годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов.

Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година.

Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 г.);

Се сметал за извонреден познавач и експерт на економските прашања, како и политичар ориентиран кон пазарната економија. Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година).

Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект;

По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет;

Избиран е за потпретседател на Либералната интернационала.

На првите повеќе-партиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година. На вторите повеќе-партиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието – должност што ја извршуваше до март 1996 година;

Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на последните избори (1998 година);

Како пратеник, претседател е на Комисијата за монетарна и кредитна политика и банкарство на Собранието на Република Македонија;

Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година. По обновувањето на Либералната партија во 1999, беше избран за нејзин претседател.

Андов беше автор е на повеќе книги од областа на економскиот и политичкиот систем, како и од областа на книжевноста.

 

 

The post Почина Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на независна Македонија appeared first on Република.

]]>

На 89-годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов. Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 г.); Се сметал за извонреден познавач и експерт на економските прашања, како и политичар ориентиран кон пазарната економија. Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година). Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект; По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет; Избиран е за потпретседател на Либералната интернационала. На првите повеќе-партиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година. На вторите повеќе-партиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието – должност што ја извршуваше до март 1996 година; Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на последните избори (1998 година); Како пратеник, претседател е на Комисијата за монетарна и кредитна политика и банкарство на Собранието на Република Македонија; Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година. По обновувањето на Либералната партија во 1999, беше избран за нејзин претседател. Андов беше автор е на повеќе книги од областа на економскиот и политичкиот систем, како и од областа на книжевноста.    

The post Почина Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на независна Македонија appeared first on Република.

]]>