Стојаково Archives - Република https://republika.mk/tema/stojakovo/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Oct 2022 12:39:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стојаково Archives - Република https://republika.mk/tema/stojakovo/ 32 32 Дилер од Стојаково пренесувал хероин во „Југо“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/diler-od-stojakovo-prenesuval-heroin-vo-jugo/ Fri, 07 Oct 2022 12:39:09 +0000 https://republika.mk/?p=558409

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Стојаково, Општина Богданци, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Осомничениот, на 6 октомври во утринските часови, на предното совозачко седиште во неговиот автомобил „Застава Југо“ пренесувал 20,24 грама наркотична дрога – хероин во две полиетиленски пакувања, како и 19,72 грама мешавина од кофеин и парацетамол кои се користат како додаток за зголемување на количината на дрогата. При преглед на возилото на локалниот пат од Стојаково кон Богданци, полициските службеници ја пронашле дрогата и ја одзеле - соопшти Јавното обвинителство.

ОЈО Гевгелија до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи оцени дека осомничениот може да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.

Судијата ги прифати аргументите на Обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена - се додава во соопштението.

The post Дилер од Стојаково пренесувал хероин во „Југо“ appeared first on Република.

]]>