сточари Archives - Република https://republika.mk/tema/stochari/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Oct 2022 07:39:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сточари Archives - Република https://republika.mk/tema/stochari/ 32 32 Николовски: Ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции кон сточарите https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-kje-bidat-isplateni-site-zaostanati-subvencii-kon-stocharite/ Sun, 23 Oct 2022 08:21:06 +0000 https://republika.mk/?p=564483

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, престојуваше во Дебар каде во општинската зграда оствари средба со замјоделци од ова подрачје.

Од Дебар почнуваме со низата средби на кои детално, транспарентно и отчетно ќе го презентираме новиот модел за субвенционирање за земјоделците. Промената која ја предлагаме за сточарите предвидува субвенционирање на основните репродуктивни грла, односно тие што ќе даваат месо и млеко - објави Николовски.

Тој додаде дека се предлага зголемување на субвенциите, кај овците од 1000 на 1700 денари и кај млечните крави од 3000 на 4000 денари.

Дополнително со новиот модел сакаме да ја забрзаме исплатата за произведеното и предадено млеко и работиме на тоа да креираме систем каде исплатата на оваа мерка нема да доцни и ќе биде на месечно ниво - наведува Николовски.

Според него, оваа ќе биде прва година во која комплетно ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции кон сточарите.

На подрачјето на двете општини сточарите располагаат со стадо од над 30 илјади грла овци.

The post Николовски: Ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции кон сточарите appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, престојуваше во Дебар каде во општинската зграда оствари средба со замјоделци од ова подрачје.
Од Дебар почнуваме со низата средби на кои детално, транспарентно и отчетно ќе го презентираме новиот модел за субвенционирање за земјоделците. Промената која ја предлагаме за сточарите предвидува субвенционирање на основните репродуктивни грла, односно тие што ќе даваат месо и млеко - објави Николовски.
Тој додаде дека се предлага зголемување на субвенциите, кај овците од 1000 на 1700 денари и кај млечните крави од 3000 на 4000 денари.
Дополнително со новиот модел сакаме да ја забрзаме исплатата за произведеното и предадено млеко и работиме на тоа да креираме систем каде исплатата на оваа мерка нема да доцни и ќе биде на месечно ниво - наведува Николовски.
Според него, оваа ќе биде прва година во која комплетно ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции кон сточарите. На подрачјето на двете општини сточарите располагаат со стадо од над 30 илјади грла овци.

The post Николовски: Ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции кон сточарите appeared first on Република.

]]>
Повторно протест на сточарите од Кумановско, најавија блокади и наредните денови https://republika.mk/vesti/ekonomija/povtorno-protest-na-stocharite-od-kumanovsko-najavija-blokadi-i-narednite-denovi/ Fri, 21 Oct 2022 15:27:20 +0000 https://republika.mk/?p=564126

Сточарите од кумановските села Љубодраг, Умин Дол и Ново Село и денеска протестираа со двочасовна блокада на стариот регионален пат Куманово-Скопје. Тие уште еднаш побараа средба со надлежни институции и повторно испитување на свињите.

Жителите повторија дека уништувањето на свињите е неосновано и оти освен во една фарма, во останатите нема потврдено случај на африканска свинска чума.

Да има болест ние ќе ги уништиме, свесни сме дека е штетно по здравјето, но нема ниту една свиња позитивна тие сакаат да уништуваат - вели претседателот на месна заедница Љубодраг, Бобан Лазиќ.

Жителите обвинуваат дека на овој начин се уништува ситниот земјоделец на сметка на корпорациите и обвинуваат дека на овој начин се штити увозот на сметка на домашното производство.

Сточарите најавија протести и блокади и наредните денови.

На денешниот протест се приклучија и сточари од други села од кумановско.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство, претходно известија дека дека неосновани се шпекулациите оти АХВ во населените места Љубодраг, Умин Дол и Ново Село во кумановско ќе врши евтаназија на сите свињи во одгледувалиштата.

Болеста африканска чума кај свињите во кумановскиот регион досега беше потврдена во населените места Долно Коњаре, Куманово, село Арбанашко и Љубодраг и кај угинати свињи кои беа најдени на депонија во близина на село Никуштак Липковско.

Од АХВ, претходно посочија дека и во кумановско продолжува спроведувањето и на контролните и заштитните мерки дефинирани со донесените решенија за спроведување на контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите како што се вонреден попис на одгледувалиштата, идентификација на свињите, спроведување на клинички прегледи и земање на мостри за лабораториско испитување. Според последните податоци, со мерката за депопулација досега се опфатени вкупно 3.500 свињи. Од нив 3.344 се евтаназирани, а 156 се испратени на колење за економско искористување.

The post Повторно протест на сточарите од Кумановско, најавија блокади и наредните денови appeared first on Република.

]]>

Сточарите од кумановските села Љубодраг, Умин Дол и Ново Село и денеска протестираа со двочасовна блокада на стариот регионален пат Куманово-Скопје. Тие уште еднаш побараа средба со надлежни институции и повторно испитување на свињите. Жителите повторија дека уништувањето на свињите е неосновано и оти освен во една фарма, во останатите нема потврдено случај на африканска свинска чума.
Да има болест ние ќе ги уништиме, свесни сме дека е штетно по здравјето, но нема ниту една свиња позитивна тие сакаат да уништуваат - вели претседателот на месна заедница Љубодраг, Бобан Лазиќ.
Жителите обвинуваат дека на овој начин се уништува ситниот земјоделец на сметка на корпорациите и обвинуваат дека на овој начин се штити увозот на сметка на домашното производство. Сточарите најавија протести и блокади и наредните денови. На денешниот протест се приклучија и сточари од други села од кумановско. Од Агенцијата за храна и ветеринарство, претходно известија дека дека неосновани се шпекулациите оти АХВ во населените места Љубодраг, Умин Дол и Ново Село во кумановско ќе врши евтаназија на сите свињи во одгледувалиштата. Болеста африканска чума кај свињите во кумановскиот регион досега беше потврдена во населените места Долно Коњаре, Куманово, село Арбанашко и Љубодраг и кај угинати свињи кои беа најдени на депонија во близина на село Никуштак Липковско. Од АХВ, претходно посочија дека и во кумановско продолжува спроведувањето и на контролните и заштитните мерки дефинирани со донесените решенија за спроведување на контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите како што се вонреден попис на одгледувалиштата, идентификација на свињите, спроведување на клинички прегледи и земање на мостри за лабораториско испитување. Според последните податоци, со мерката за депопулација досега се опфатени вкупно 3.500 свињи. Од нив 3.344 се евтаназирани, а 156 се испратени на колење за економско искористување.

The post Повторно протест на сточарите од Кумановско, најавија блокади и наредните денови appeared first on Република.

]]>
Млекопроизводителите бараат итно државна помош, инаку ќе ги продаваат кравите https://republika.mk/vesti/ekonomija/mlekoproizvoditelite-baraat-itno-drzavna-pomosh-inaku-kje-gi-prodavaat-kravite/ Mon, 19 Sep 2022 13:04:21 +0000 https://republika.mk/?p=552267

Пелагониските млекопроизводители се жалат дека и во услови на млечна криза и недостиг на млеко, државата заборави на нив и речиси две години ги остави без субвенции. Велат дека се на работ на егзистенција и доколку веднаш не им биде исплатена државната помош, се принудени да ги продадат кравите.

Сега сме на праг на прибирање на сточната храна и есенската сеидба. Ако сега не ги добиеме субвенциите до крајот на месецот, има сточари кои не можат да соберат храна и не можат да посеат никаква житарица, наредната година ќе биде уште полоша - вели Тони Петковски, претседател на здружението на млекопроизводители „Пелагонсико поле“.

Поради недостигот на млеко и преполовениот сточниот фонд, Македонија ќе се соочи со уште подлабока млечна криза, а цените и натаму незапирлив растат, додека откупната цена на млекото е неисплатлива, велат сточарите.

Еден лек е 500 денари, а килограм кашкавал е 800 денари. Малопродажната цена е висока, а откупната цена е од 23 до 28 денари. Во многу наврати апелиравме дека малите производители ги продаваат кравите, ама Владата тоа не ја интересираше. Сега најавуваат млечна криза, ама нема од кај да купиме млеко, затоа што секаде е проблемот голем - вели Петковски.

Сточниот фонд се намалува затоа што ниски се цените на млекото, а сточната храната е скапа. Да ни се исплатат субвенциите, за да можеме да прибериме храна за стоката, вели Илче Чокузовски, сточар од село Трн.

Млекопроизводителите велат дека се во исклучително тешка состојба, поради што бараат Владата до крајот на месецот да им ги исплати заостанатите субвенции, во спротивно најавуваат радикални простести со блокади на патишта.

The post Млекопроизводителите бараат итно државна помош, инаку ќе ги продаваат кравите appeared first on Република.

]]>

Пелагониските млекопроизводители се жалат дека и во услови на млечна криза и недостиг на млеко, државата заборави на нив и речиси две години ги остави без субвенции. Велат дека се на работ на егзистенција и доколку веднаш не им биде исплатена државната помош, се принудени да ги продадат кравите.
Сега сме на праг на прибирање на сточната храна и есенската сеидба. Ако сега не ги добиеме субвенциите до крајот на месецот, има сточари кои не можат да соберат храна и не можат да посеат никаква житарица, наредната година ќе биде уште полоша - вели Тони Петковски, претседател на здружението на млекопроизводители „Пелагонсико поле“.
Поради недостигот на млеко и преполовениот сточниот фонд, Македонија ќе се соочи со уште подлабока млечна криза, а цените и натаму незапирлив растат, додека откупната цена на млекото е неисплатлива, велат сточарите.
Еден лек е 500 денари, а килограм кашкавал е 800 денари. Малопродажната цена е висока, а откупната цена е од 23 до 28 денари. Во многу наврати апелиравме дека малите производители ги продаваат кравите, ама Владата тоа не ја интересираше. Сега најавуваат млечна криза, ама нема од кај да купиме млеко, затоа што секаде е проблемот голем - вели Петковски.
Сточниот фонд се намалува затоа што ниски се цените на млекото, а сточната храната е скапа. Да ни се исплатат субвенциите, за да можеме да прибериме храна за стоката, вели Илче Чокузовски, сточар од село Трн. Млекопроизводителите велат дека се во исклучително тешка состојба, поради што бараат Владата до крајот на месецот да им ги исплати заостанатите субвенции, во спротивно најавуваат радикални простести со блокади на патишта.

The post Млекопроизводителите бараат итно државна помош, инаку ќе ги продаваат кравите appeared first on Република.

]]>
Николовски: Веднаш по тутунарите, ќе ги исплатиме и субвенциите за сточарите https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-vednash-po-tutunarite-kje-gi-isplatime-i-subvenciite-za-stocharite/ Sat, 04 Jun 2022 20:07:54 +0000 https://republika.mk/?p=511270

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанствп Љупчо Николовски денеска најави дека тутунарите од понеделник ќе ги добијат парите за субвенции, а веднаш по нив ќе бидат исплатени и сточарите.

Николовски во интервју за Канал 5 рече дека земјава ќе има доволно храна, а со помош на Интервентниот фонд се очекува за три години производството на пченица да биде зголемено за 30 000 тони и на долг рок да станеме увозно независни.

Министерот најави и дека на 15 јули ќе биде објавен последниот повик од ИПАРД 2, за преработувачката индустрија, во износ од пет милиони евра. Кон крајот на оваа и почетокот на следната година, дополни, почнува реализацијата на Програмата ИПАРД 3 проектирана со 60 отсто повеќе средства од ИАПРД 2.

-Се отстрани блокадата, се усвои Законот. Упатувам благодарност до пратениците, претседателот на државата и Собранието. Овде нема политика, битно е да има редовна исплата на субвенциите. Вчера директорот на Платежната агенција ги потпиша сите 19 000 решенија за тутунарите, парите се веќе во терзорот и од понеделник почнува оваа најобемна исплата на 1,3 милијарди денари.Веднаш по тутунарите, ќе ги исплатиме и субвенциите за сточарите, истакна Николовски и информира дека за набавка на вештачко ѓубре се пристигнати рекордни 4 000 барања.

The post Николовски: Веднаш по тутунарите, ќе ги исплатиме и субвенциите за сточарите appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанствп Љупчо Николовски денеска најави дека тутунарите од понеделник ќе ги добијат парите за субвенции, а веднаш по нив ќе бидат исплатени и сточарите. Николовски во интервју за Канал 5 рече дека земјава ќе има доволно храна, а со помош на Интервентниот фонд се очекува за три години производството на пченица да биде зголемено за 30 000 тони и на долг рок да станеме увозно независни. Министерот најави и дека на 15 јули ќе биде објавен последниот повик од ИПАРД 2, за преработувачката индустрија, во износ од пет милиони евра. Кон крајот на оваа и почетокот на следната година, дополни, почнува реализацијата на Програмата ИПАРД 3 проектирана со 60 отсто повеќе средства од ИАПРД 2. -Се отстрани блокадата, се усвои Законот. Упатувам благодарност до пратениците, претседателот на државата и Собранието. Овде нема политика, битно е да има редовна исплата на субвенциите. Вчера директорот на Платежната агенција ги потпиша сите 19 000 решенија за тутунарите, парите се веќе во терзорот и од понеделник почнува оваа најобемна исплата на 1,3 милијарди денари.Веднаш по тутунарите, ќе ги исплатиме и субвенциите за сточарите, истакна Николовски и информира дека за набавка на вештачко ѓубре се пристигнати рекордни 4 000 барања.

The post Николовски: Веднаш по тутунарите, ќе ги исплатиме и субвенциите за сточарите appeared first on Република.

]]>