Стив Наумов Archives - Република https://republika.mk/tema/stiv-naumov/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 20:44:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стив Наумов Archives - Република https://republika.mk/tema/stiv-naumov/ 32 32 Реконструирана Спомен куќата на Стив Наумов, кого бугарските фашисти го откопаа за никој никогаш да не му доаѓа на гроб https://republika.mk/vesti/makedonija/rekonstruirana-spomen-kukata-na-stiv-naumov-kogo-bugarskite-fashisti-go-otkopaa-za-nikoj-nikogash-da-ne-mu-doaga-na-grob/ Sun, 27 Oct 2024 20:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=831480

Никогаш нема да се откажеме од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик и култура, истакна заменик претседателката на македонското Собрание Весна Бендевска на вечерашната промоција на реконструираната Спомен куќа на Стив Наумов во Битола.

На народниот собир во Битола, воедно и ден на раѓањето на народниот херој Стив Наумов (27 октомври 1920 г.), Бендевска потсети дека Битола од секогаш раѓала херои и затоа Битола има право и должност да се гордее и да ги слави и никогаш да не ги заборави хероите.

На младите луѓе им објаснуваме дека на Партизанските гробишта во Битола има еден празен гроб во кој не се посмртните останки на Стив Наумов затоа што по неговото паѓање за слобода на Македонија во селото Болно, Ресенско, Стив бил погребан на место кое веднаш станало Свето место за секој слободоумен Македонец. За да го спречат тоа, бугарските фашистички окупатори го откопале местото и од тогаш до ден денес никој не знае каде почиваат останките на Стив. Но, ние знаеме, Стив е во нас, во нашето срце и ние даваме завет. Знаеме дека фашизмот не е мртов. Ваквите споменици во чест на хероите обврзуваат и заветуваат никогаш да не ги заборавиме и секогаш да имаме на ум дека на 22 годишна возраст кога се сака Македонија, за неа вреди и животот да се даде. Токму затоа никогаш нема да се откажеме од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик и култура, бидејќи тоа е наша обврска, истакна Бендевска.

Спомен куќата на народниот херој Стив Наумв се наоѓа во непосредна близина на истоименото основно училиште во Битола кое со гордост го носи името на својот патрон, посочи градоначалникот Тони Коњановски.

Се наоѓаме во предвечерието кога Битола слави 80 години од денот на ослободувањето, а годинава Музејот слави 90 години од денот на формирањето. На денешен ден е роден Стив Наумов и токму затоа верувам дека поставката во неговата куќа ќе биде трајна. Стив со својата саможртва е опомена за сите нас дека секогаш треба да се оддава почит, да ги учиме младите како што тоа го прават учениците од училиштето кое го носи името на Стив Наумов. Со оваа Спомен - куќа воедно ја зголемуваме туристичката понуда за градот Битола кои ќе знаат за нашата богата историја и народноослободителната борба, истакна Коњановски.

Сеќавања за деновите од младоста на Стив Наумов искажа внукот Стефан, а за вредноста и значењето на инвестицијата пред битолчани говореше директорот на НУ Завод и Музеј-Битола, Зоран Николовски.

The post Реконструирана Спомен куќата на Стив Наумов, кого бугарските фашисти го откопаа за никој никогаш да не му доаѓа на гроб appeared first on Република.

]]>

Никогаш нема да се откажеме од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик и култура, истакна заменик претседателката на македонското Собрание Весна Бендевска на вечерашната промоција на реконструираната Спомен куќа на Стив Наумов во Битола. На народниот собир во Битола, воедно и ден на раѓањето на народниот херој Стив Наумов (27 октомври 1920 г.), Бендевска потсети дека Битола од секогаш раѓала херои и затоа Битола има право и должност да се гордее и да ги слави и никогаш да не ги заборави хероите.
На младите луѓе им објаснуваме дека на Партизанските гробишта во Битола има еден празен гроб во кој не се посмртните останки на Стив Наумов затоа што по неговото паѓање за слобода на Македонија во селото Болно, Ресенско, Стив бил погребан на место кое веднаш станало Свето место за секој слободоумен Македонец. За да го спречат тоа, бугарските фашистички окупатори го откопале местото и од тогаш до ден денес никој не знае каде почиваат останките на Стив. Но, ние знаеме, Стив е во нас, во нашето срце и ние даваме завет. Знаеме дека фашизмот не е мртов. Ваквите споменици во чест на хероите обврзуваат и заветуваат никогаш да не ги заборавиме и секогаш да имаме на ум дека на 22 годишна возраст кога се сака Македонија, за неа вреди и животот да се даде. Токму затоа никогаш нема да се откажеме од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик и култура, бидејќи тоа е наша обврска, истакна Бендевска.
Спомен куќата на народниот херој Стив Наумв се наоѓа во непосредна близина на истоименото основно училиште во Битола кое со гордост го носи името на својот патрон, посочи градоначалникот Тони Коњановски.
Се наоѓаме во предвечерието кога Битола слави 80 години од денот на ослободувањето, а годинава Музејот слави 90 години од денот на формирањето. На денешен ден е роден Стив Наумов и токму затоа верувам дека поставката во неговата куќа ќе биде трајна. Стив со својата саможртва е опомена за сите нас дека секогаш треба да се оддава почит, да ги учиме младите како што тоа го прават учениците од училиштето кое го носи името на Стив Наумов. Со оваа Спомен - куќа воедно ја зголемуваме туристичката понуда за градот Битола кои ќе знаат за нашата богата историја и народноослободителната борба, истакна Коњановски.
Сеќавања за деновите од младоста на Стив Наумов искажа внукот Стефан, а за вредноста и значењето на инвестицијата пред битолчани говореше директорот на НУ Завод и Музеј-Битола, Зоран Николовски.

The post Реконструирана Спомен куќата на Стив Наумов, кого бугарските фашисти го откопаа за никој никогаш да не му доаѓа на гроб appeared first on Република.

]]>
Потпишан договор за реновирање на студенските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ https://republika.mk/vesti/makedonija/potpishan-dogovor-za-renovirane-na-studenskite-domovi-stiv-naumov-i-kuzman-josifovski-pitu/ Fri, 29 Dec 2023 13:19:40 +0000 https://republika.mk/?p=727895

Со заем од 20 милиони евра од Германска развојна банка и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија ќе бидат реновирани деветте државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

Реконструкцијата ќе се одвива во три фази, а во првата ќе бидат реновирани домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје и за нив денеска во Владата беше потпишан договор со економскиот оператор Страбаг АГ кој, како што соопшти министерот за образование и наука Јетон Шаќири, доставил најповолна понуда.

Реконструкцијата на државните студентски домови е во рамки на Проектот за нивна енергетски ефикасна рехабилитација.

Премиерот Димитар Ковачевски пред потпишувањето истакна дека се работи за исклучително важен проект и крупна капитална инвестиција која ќе ги подобри условите на студирање и стандардот на студентите кои, рече, се иднината и движечката сила на државата.

-Проектот предвидува целосна реконструкција на сите девет државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. За 18 месеци ќе бидат реконструирани првите два дома - „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Со овие капитални инвестиции на дело покажуваме дека позитивните промени се возможни и решаваме децениски горливи прашања затоа што имаме соработници и поддршка од државите во Европската Унија за реализација на конкретни проекти за студентите, истакна Ковачевски.

Посочи дека за да почне реконструкцијата обезбедени се сите документи и дека тоа не било лесно, особено имотно-правните документи за „Кузман Јосифовски-Питу“ и за „Стив Наумов“ со оглед на тоа што, рече, „со децении тие биле запуштени и со децении не им бил решен имотно-правниот статус“.

Се осврна и на други мерки за поддршка на студентите, како зголемувањето на износот на стипендиите и воведувањето нови категории, субвенциониран студентски оброк од околу 3.000 денари, како и антикризните мерки за студентите од новиот, деветти пакет на Владата.

Ресорниот министер Јетон Шаќири рече дека целта на проектот за трансформација на сите девет студентски домови во енергетски ефикасни објекти не е само заради енергетската ефикасност и заштедата на енергија, туку студентите да добијат подобри услови за учење и живеење.

-Сите процедури за реализација на проектот ги водевме согласно правилата на Германската развојна банка. Согласно динамиката, реконструкцијата ќе се одвива во три фази. Во првата фаза се „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје и нивната реконструкција е предвидено да трае 18 месеци и за оваа фаза денеска потпишуваме договор со економскиот оператор кој достави најповолна понуда, рече Шаќири.

Посочи дека е предвидено промена на водоводната и електричната инсталација, поставување лед светилки, промена на инсталацијата за греење, промена на санитаријата и изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите и поставување фотоволтаици за производство на електрична енергија. Како што рече, посебно сака да го нагласи опремувањето на собите за студентите со посебни потреби.

Штефен Худолин, в.д. амбасадор на Европската Унија, рече дека договорот што се потпишува е доказ за спроведување на Зелената агенда на ЕУ, дека сакаат да имаат позитивно еколошко влијание, но истовремено и да им го подобрат животот на студентите и да помогнат да се намали загадувањето во Скопје.

-Со буџет од 25 милиони евра, оваа иницијатива ќе помогне во напорите за декарбонизација, но ќе бидат потребни уште многу повеќе за да ги постигнеме целите кои ги имаме поставено.... Продолжуваме со нашата посветеност да ги подобриме самите објекти и да ги подобриме безбедносните стандарди. Особено ми е драго што оваа соработка ќе се сврти кон студентите во Македонија. Имаме голем број студенти што живеат во студентски домови и ова е можност да инспирираме еколошка свесност, рече Худолин.

Се обрати и Ото Граф, заменик амбасадор на СР Германија во земјава, кој истакна дека ова е еден од највозбудливите проекти што Германија го финансира во државава затоа што ги комбинира двата елемента – образованието и енергетската ефикасност.

-Студентските домови се важен дел за образовниот процес да биде успешен..., а Зелената агенда на ЕУ е дел од декарбонизацијата која сите сакаме да ја спроведеме, рече Граф.

The post Потпишан договор за реновирање на студенските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ appeared first on Република.

]]>

Со заем од 20 милиони евра од Германска развојна банка и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија ќе бидат реновирани деветте државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. Реконструкцијата ќе се одвива во три фази, а во првата ќе бидат реновирани домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје и за нив денеска во Владата беше потпишан договор со економскиот оператор Страбаг АГ кој, како што соопшти министерот за образование и наука Јетон Шаќири, доставил најповолна понуда. Реконструкцијата на државните студентски домови е во рамки на Проектот за нивна енергетски ефикасна рехабилитација. Премиерот Димитар Ковачевски пред потпишувањето истакна дека се работи за исклучително важен проект и крупна капитална инвестиција која ќе ги подобри условите на студирање и стандардот на студентите кои, рече, се иднината и движечката сила на државата. -Проектот предвидува целосна реконструкција на сите девет државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. За 18 месеци ќе бидат реконструирани првите два дома - „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Со овие капитални инвестиции на дело покажуваме дека позитивните промени се возможни и решаваме децениски горливи прашања затоа што имаме соработници и поддршка од државите во Европската Унија за реализација на конкретни проекти за студентите, истакна Ковачевски. Посочи дека за да почне реконструкцијата обезбедени се сите документи и дека тоа не било лесно, особено имотно-правните документи за „Кузман Јосифовски-Питу“ и за „Стив Наумов“ со оглед на тоа што, рече, „со децении тие биле запуштени и со децении не им бил решен имотно-правниот статус“. Се осврна и на други мерки за поддршка на студентите, како зголемувањето на износот на стипендиите и воведувањето нови категории, субвенциониран студентски оброк од околу 3.000 денари, како и антикризните мерки за студентите од новиот, деветти пакет на Владата. Ресорниот министер Јетон Шаќири рече дека целта на проектот за трансформација на сите девет студентски домови во енергетски ефикасни објекти не е само заради енергетската ефикасност и заштедата на енергија, туку студентите да добијат подобри услови за учење и живеење. -Сите процедури за реализација на проектот ги водевме согласно правилата на Германската развојна банка. Согласно динамиката, реконструкцијата ќе се одвива во три фази. Во првата фаза се „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје и нивната реконструкција е предвидено да трае 18 месеци и за оваа фаза денеска потпишуваме договор со економскиот оператор кој достави најповолна понуда, рече Шаќири. Посочи дека е предвидено промена на водоводната и електричната инсталација, поставување лед светилки, промена на инсталацијата за греење, промена на санитаријата и изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите и поставување фотоволтаици за производство на електрична енергија. Како што рече, посебно сака да го нагласи опремувањето на собите за студентите со посебни потреби. Штефен Худолин, в.д. амбасадор на Европската Унија, рече дека договорот што се потпишува е доказ за спроведување на Зелената агенда на ЕУ, дека сакаат да имаат позитивно еколошко влијание, но истовремено и да им го подобрат животот на студентите и да помогнат да се намали загадувањето во Скопје. -Со буџет од 25 милиони евра, оваа иницијатива ќе помогне во напорите за декарбонизација, но ќе бидат потребни уште многу повеќе за да ги постигнеме целите кои ги имаме поставено.... Продолжуваме со нашата посветеност да ги подобриме самите објекти и да ги подобриме безбедносните стандарди. Особено ми е драго што оваа соработка ќе се сврти кон студентите во Македонија. Имаме голем број студенти што живеат во студентски домови и ова е можност да инспирираме еколошка свесност, рече Худолин. Се обрати и Ото Граф, заменик амбасадор на СР Германија во земјава, кој истакна дека ова е еден од највозбудливите проекти што Германија го финансира во државава затоа што ги комбинира двата елемента – образованието и енергетската ефикасност. -Студентските домови се важен дел за образовниот процес да биде успешен..., а Зелената агенда на ЕУ е дел од декарбонизацијата која сите сакаме да ја спроведеме, рече Граф.

The post Потпишан договор за реновирање на студенските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ appeared first on Република.

]]>
Премиере! Абе топлата вода! А? https://republika.mk/vesti/makedonija/premiere-abe-toplata-voda-a/ Sat, 15 Oct 2022 12:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=561462

Премиере! Абе топлата вода! А?, пишуваат студентите од студентскиот дом Стив Наумов, каде веќе 10 дена нема топла вода

The post Премиере! Абе топлата вода! А? appeared first on Република.

]]>

Премиере! Абе топлата вода! А?, пишуваат студентите од студентскиот дом Стив Наумов, каде веќе 10 дена нема топла вода

The post Премиере! Абе топлата вода! А? appeared first on Република.

]]>