стипендија Archives - Република https://republika.mk/tema/stipendija/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 15:59:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стипендија Archives - Република https://republika.mk/tema/stipendija/ 32 32 Студентите од утре може да се аплицираат за продолжување на стипендиите https://republika.mk/vesti/makedonija/studentite-od-utre-mozhe-da-se-aplitsiraat-za-prodolzhuvane-na-stipendiite/ Mon, 30 Sep 2024 15:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=821135

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од утре ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија и оти рокот е до 30 октомври.

-Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за аплицирање почнува од 01.10.2024 и трае до 30.10.2024 година, наведуваат од МОН.

Како што се појаснува, корисникот на стипендија на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, треба да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар, како доказ дека има положено 80 проценти односно 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот.

За повеќе информации или прашање студентите може да обратат на електронската адреса [email protected] .

The post Студентите од утре може да се аплицираат за продолжување на стипендиите appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од утре ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија и оти рокот е до 30 октомври.
-Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за аплицирање почнува од 01.10.2024 и трае до 30.10.2024 година, наведуваат од МОН.
Како што се појаснува, корисникот на стипендија на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, треба да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар, како доказ дека има положено 80 проценти односно 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот. За повеќе информации или прашање студентите може да обратат на електронската адреса [email protected] .

The post Студентите од утре може да се аплицираат за продолжување на стипендиите appeared first on Република.

]]>
Лука Хаџи Јорданов – единствениот Македонец со стипендија PGSM за Сорбона https://republika.mk/zivot/kariera/luka-hadhi-jordanov-edinstveniot-makedonets-so-stipendija-pgsm-za-sorbona/ Wed, 31 Jul 2024 08:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=801921

Лука Хаџи Јорданов е единствениот Македонец кој добил стипендија PGSM за магистерски студии на познатиот универзитет Сорбона во Франција, кој на Шангајската листа е 4-ти во светот за студии по математика. Оваа стипендија PGSM (Paris Graduate School for Mathematical Sciences) годинава ја добиле 32 студенти во првиот рок за аплицирање, односно вкупно 44 студенти (повеќе информации за стипендијата на следниов линк: https://www.sciencesmaths-paris.fr/en/pgsm-master).

Оваа стипендија се доделува за студирање на универзитетите Sorbonne, Paris Dauphine и Paris Cité од 2010 година. Точниот број кандидати годинава се уште не е објавен, но во 2022 за овие факултети аплицирале 1023 кандидати, од кои само 41 ја добиле стипендијата, што значи ја добиваат помалку од 5% од кандидатите. Тој, исто така, аплицирал и бил примен на Оксфорд, 3. по ред на Шангајската листа за математика.

Лука се натпреварува по математика уште од осмо одделение и досега бил на околу 50 олимпијади.

На околу 30-тина имам освоено медал, што претставува рекорд меѓу македонските олимпијци по математика, можеби и во која било друга наука. Годинава дипломирав теориска математика на Математичкиот факултет при Универзитетот во Белград, највисоко рангираниот универзитет на Балканот по Шангајска листа. Четиригодишните студии ги завршив за 3 години со 10.0 просек, додека последните 18 испити (од 40 вкупно) ги положив во рок од 6 месеца (вклучува и 11 испити положени во една споена испитна сесија). Мислам дека сум единствениот студент во Србија што успеал да го постигне ова откако постои Болоњската декларација во оваа земја од 2003 година, објаснува Хаџи Јорданов.

The post Лука Хаџи Јорданов – единствениот Македонец со стипендија PGSM за Сорбона appeared first on Република.

]]>

Лука Хаџи Јорданов е единствениот Македонец кој добил стипендија PGSM за магистерски студии на познатиот универзитет Сорбона во Франција, кој на Шангајската листа е 4-ти во светот за студии по математика. Оваа стипендија PGSM (Paris Graduate School for Mathematical Sciences) годинава ја добиле 32 студенти во првиот рок за аплицирање, односно вкупно 44 студенти (повеќе информации за стипендијата на следниов линк: https://www.sciencesmaths-paris.fr/en/pgsm-master).
Оваа стипендија се доделува за студирање на универзитетите Sorbonne, Paris Dauphine и Paris Cité од 2010 година. Точниот број кандидати годинава се уште не е објавен, но во 2022 за овие факултети аплицирале 1023 кандидати, од кои само 41 ја добиле стипендијата, што значи ја добиваат помалку од 5% од кандидатите. Тој, исто така, аплицирал и бил примен на Оксфорд, 3. по ред на Шангајската листа за математика. Лука се натпреварува по математика уште од осмо одделение и досега бил на околу 50 олимпијади.
На околу 30-тина имам освоено медал, што претставува рекорд меѓу македонските олимпијци по математика, можеби и во која било друга наука. Годинава дипломирав теориска математика на Математичкиот факултет при Универзитетот во Белград, највисоко рангираниот универзитет на Балканот по Шангајска листа. Четиригодишните студии ги завршив за 3 години со 10.0 просек, додека последните 18 испити (од 40 вкупно) ги положив во рок од 6 месеца (вклучува и 11 испити положени во една споена испитна сесија). Мислам дека сум единствениот студент во Србија што успеал да го постигне ова откако постои Болоњската декларација во оваа земја од 2003 година, објаснува Хаџи Јорданов.

The post Лука Хаџи Јорданов – единствениот Македонец со стипендија PGSM за Сорбона appeared first on Република.

]]>
Поддршка за млади таленти: Пријавете се за стипендија од Фондацијата МК2025! https://republika.mk/zivot/kariera/poddrshka-za-mladi-talenti-prijavete-se-za-stipendija-od-fondatsijata-mk2025/ Fri, 07 Jun 2024 13:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=785550

Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес - лидери утре“ за тековната 2024/2025 година.

По успешноста на пилот-проектот за стипендии во 2019/2020 година, Фондацијата МК2025 обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти.

Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 (шеесет илјади) МКД, исплатени во 10 (десет) еднакви месечни износи на годишно ниво. Стипендиите ќе се доделуваат само за месеците во кои се одвива настава (почнувајќи од септември 2024 до јуни 2025г.).

Критериуми за аплицирање

● Средношколци (од прва до трета година) на редовни студии во државни средни училишта;
● Средношколци со успех над 4.70;
● Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и останати области; и
● Кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен (бруто) финансиски приход во семејството до 800.000 МКД годишно.

Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација тука.

Апликациите се поднесуваат на Платформата тука. 

Осознајте ги импресиите на нашите поранешни и сегашни стипендисти тука.

Покрај редовната стипендија, Фондот обезбедува менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, пракси во истакнати македонски компании, и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на професионалениот развој на корисниците. Стипендистите ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Фондацијата МК2025.

Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес - лидери утре“ досега има обезбедено 40 стипендии.

Крајниот рок за испраќање на документите е 25.07.2024 год.

Не ја пропуштајте оваа прилика! Аплицирајте сега и станете дел од нашето семејство на идни лидери!

The post Поддршка за млади таленти: Пријавете се за стипендија од Фондацијата МК2025! appeared first on Република.

]]>

Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес - лидери утре“ за тековната 2024/2025 година. По успешноста на пилот-проектот за стипендии во 2019/2020 година, Фондацијата МК2025 обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти. Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 (шеесет илјади) МКД, исплатени во 10 (десет) еднакви месечни износи на годишно ниво. Стипендиите ќе се доделуваат само за месеците во кои се одвива настава (почнувајќи од септември 2024 до јуни 2025г.).

Критериуми за аплицирање

● Средношколци (од прва до трета година) на редовни студии во државни средни училишта; ● Средношколци со успех над 4.70; ● Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и останати области; и ● Кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен (бруто) финансиски приход во семејството до 800.000 МКД годишно. Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација тука. Апликациите се поднесуваат на Платформата тука.  Осознајте ги импресиите на нашите поранешни и сегашни стипендисти тука. Покрај редовната стипендија, Фондот обезбедува менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, пракси во истакнати македонски компании, и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на професионалениот развој на корисниците. Стипендистите ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Фондацијата МК2025. Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес - лидери утре“ досега има обезбедено 40 стипендии. Крајниот рок за испраќање на документите е 25.07.2024 год. Не ја пропуштајте оваа прилика! Аплицирајте сега и станете дел од нашето семејство на идни лидери!

The post Поддршка за млади таленти: Пријавете се за стипендија од Фондацијата МК2025! appeared first on Република.

]]>
Објавени стипендии за Летната школа по словачки јазик и за студии на универзитети во Индија за 2024/2025 https://republika.mk/vesti/makedonija/objaveni-stipendii-za-letnata-shkola-po-slovachki-jazik-i-za-studii-na-univerziteti-vo-indija-za-2024-2025/ Tue, 30 Apr 2024 14:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=772687

Амбасадата на Словачка во Скопје известува за нов повик за доделување една стипендија на кандидат од Македонија за учество на 60. Летна школа по словачки јазик и култура (Studia Academica Slovaca).

Како што објави Министерството за образование и наука, Летната школа ќе се одржува од 28 јули до 17 август 2024 со физичко присуство на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава и од 29 јули до 9 август 2024 година со виртуелно присуство.

Во објавата на МОН се наведени веб-страници на кои се достапни повеќе информации за Школата и за апликацијата со која кандидатите треба да конкурираат, најдоцна до 7 мај 2024.

МОН, исто така, го објави и известувањето на Амбасадата на Индија во Софија дека Индискиот совет за културни односи (ICCR - Indian Consul for Cultural Relations) доделува една стипендија за студенти од Македонија за индиските универзитети и институти за академската 2024-2025, која почнува во август 2024.

Во објавата е достапна веб-страницата со информации за стипендијата за која аплицирањето ќе трае до 31 мај 2024.

The post Објавени стипендии за Летната школа по словачки јазик и за студии на универзитети во Индија за 2024/2025 appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Словачка во Скопје известува за нов повик за доделување една стипендија на кандидат од Македонија за учество на 60. Летна школа по словачки јазик и култура (Studia Academica Slovaca). Како што објави Министерството за образование и наука, Летната школа ќе се одржува од 28 јули до 17 август 2024 со физичко присуство на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава и од 29 јули до 9 август 2024 година со виртуелно присуство. Во објавата на МОН се наведени веб-страници на кои се достапни повеќе информации за Школата и за апликацијата со која кандидатите треба да конкурираат, најдоцна до 7 мај 2024. МОН, исто така, го објави и известувањето на Амбасадата на Индија во Софија дека Индискиот совет за културни односи (ICCR - Indian Consul for Cultural Relations) доделува една стипендија за студенти од Македонија за индиските универзитети и институти за академската 2024-2025, која почнува во август 2024. Во објавата е достапна веб-страницата со информации за стипендијата за која аплицирањето ќе трае до 31 мај 2024.

The post Објавени стипендии за Летната школа по словачки јазик и за студии на универзитети во Индија за 2024/2025 appeared first on Република.

]]>
МОН: 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите https://republika.mk/vesti/ekonomija/mon-2700-studenti-ke-dobijat-pokachuvane-na-stipendiite/ Fri, 27 Jan 2023 17:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=601721

Околу 2700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6050 денари, соопштија денеска од Министерството за образование и наука (МОН).

Од МОН потенцираат дека со оваа одлука одговориле на барањата на студентите и уште еднаш ја потврдиле заложбата за еднаквост и грижа за оваа категорија граѓани.

Студентите корисници на оваа категорија стипендии, во текот на идната недела ќе бидат информирани за начинот и постапката за регулирање на ова право.

The post МОН: 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите appeared first on Република.

]]>

Околу 2700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6050 денари, соопштија денеска од Министерството за образование и наука (МОН). Од МОН потенцираат дека со оваа одлука одговориле на барањата на студентите и уште еднаш ја потврдиле заложбата за еднаквост и грижа за оваа категорија граѓани. Студентите корисници на оваа категорија стипендии, во текот на идната недела ќе бидат информирани за начинот и постапката за регулирање на ова право.

The post МОН: 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите appeared first on Република.

]]>
Пијанистаката Ана Велиновска доби стипендија од Фондација во Цирих https://republika.mk/vesti/kultura/pijanistakata-ana-velinovska-dobi-stipendija-od-fondacija-vo-cirih/ Fri, 06 May 2022 10:41:28 +0000 https://republika.mk/?p=498523

Македонската пијанистка Ана Велиновска е добитничка на швајцарска стипендија, парична награда во вредност од 12.400 швајцарски франци како изведувач-специјалист за современа музика.

Станува збор за стипендија која најчесто се доделува на млади инженери и научници од Универзитет Цирих и ЕТХ Цирих, што секако претставува големо признание за талентот, посветеноста и инвентивноста на македонската пијанистка, која престижната стипендија ја освои како изведувач-специјалист за современа музика.

The post Пијанистаката Ана Велиновска доби стипендија од Фондација во Цирих appeared first on Република.

]]>

Македонската пијанистка Ана Велиновска е добитничка на швајцарска стипендија, парична награда во вредност од 12.400 швајцарски франци како изведувач-специјалист за современа музика. Станува збор за стипендија која најчесто се доделува на млади инженери и научници од Универзитет Цирих и ЕТХ Цирих, што секако претставува големо признание за талентот, посветеноста и инвентивноста на македонската пијанистка, која престижната стипендија ја освои како изведувач-специјалист за современа музика.

The post Пијанистаката Ана Велиновска доби стипендија од Фондација во Цирих appeared first on Република.

]]>