Стенковец Archives - Република https://republika.mk/tema/stenkovec/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jun 2024 09:21:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стенковец Archives - Република https://republika.mk/tema/stenkovec/ 32 32 Даку е роден на Косово, имаше само една година кога Македонците примија 360.000 албански бегалци https://republika.mk/sport/fudbal/daku-e-roden-na-kosovo-imashe-samo-edna-godina-koga-makedontsite-primija-360-000-albanski-begaltsi/ Fri, 21 Jun 2024 10:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=789489

Мирлинд Даку, фудбалерот на Албанија кој го навлече гневот на Македонците е роден на Косово на први јануари 1998 година.

Тој имаше само година и половина кога во 1999 година една од најтешките години за Македонија, кога земјата се соочи со наплив од 360.000 косовски бегалци, поради војната која беснееше во тогашната српска покраина.

Тогаш бегалците беа сместени на спортскиот аеродром Стенковец и државата беше ставена на колена поради големиот наплив на Косовци кои бегаа од НАТО бомбите.

Којзнае, може и Мирлинд со семејството бил дел од тие бегалци а сега ни возвраќа со навреди.

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-ubavo-vie-od-shvedska-gi-sledite-nastanite-ama-jas-ke-vi-predlozham-neshto-konkretno/

 

The post Даку е роден на Косово, имаше само една година кога Македонците примија 360.000 албански бегалци appeared first on Република.

]]>

Мирлинд Даку, фудбалерот на Албанија кој го навлече гневот на Македонците е роден на Косово на први јануари 1998 година. Тој имаше само година и половина кога во 1999 година една од најтешките години за Македонија, кога земјата се соочи со наплив од 360.000 косовски бегалци, поради војната која беснееше во тогашната српска покраина. Тогаш бегалците беа сместени на спортскиот аеродром Стенковец и државата беше ставена на колена поради големиот наплив на Косовци кои бегаа од НАТО бомбите. Којзнае, може и Мирлинд со семејството бил дел од тие бегалци а сега ни возвраќа со навреди.   https://republika.mk/vesti/makedonija/mnogu-ubavo-vie-od-shvedska-gi-sledite-nastanite-ama-jas-ke-vi-predlozham-neshto-konkretno/  

The post Даку е роден на Косово, имаше само една година кога Македонците примија 360.000 албански бегалци appeared first on Република.

]]>
Аеромитинг кај Стенковец по повод 100 години македонска авијација https://republika.mk/vesti/skopje/aeromiting-kaj-stenkovets-po-povod-100-godini-makedonska-avijatsija/ Sat, 16 Sep 2023 06:15:44 +0000 https://republika.mk/?p=682327

На спортскиот аеродром во скопски Стенковец, денеска ќе се одржи голем аеромитинг по повод одбележување на јубилејот „100 години македонска авијација“, за чиј почеток се смета основањето на Аероклубот Скопје во далечната 1923 година.

Свои обраќања на настанот, како што е најавено, ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, како и амбасадорот на Италија во Република Македонија, Андреа Силвестри и претставници на Аероклубот Скопје.

Како што информираат од аероклубот во Стенковец, за настанот на кој ќе присуствуваат владини претставници и гости од земјата и регионот, подготвена е богата програма во која ќе учествуваат над 30 различни воздухоплови од земјава и странство како и падобранци од нашата земја и од пријатели на клубот од целиот регион.

Вратите за посетители ќе бидат отворени во 9 часот, а официјалната програма почнува во 11 часот.

Посетителите ќе уживаат во акробатско летање со авиони, прелети во група и низок прелет на патнички авион. Падобранците ќе го развеат најголемото државно знаме од воздух, а едриличарите ќе презентираат неверојатни акробации, најавуваат организаторите.

Освен тоа, во програмата предвидено е да има акробации кои се стандардни за аеромитинзи, а свое учество ќе земат и хероите на летните пожари, трите Air Tractor AT-802A Fire Boss на Дирекцијата за заштита и спасување кои ќе летаат во формација, потоа владиниот авион од типот Лирџет 60, полициските хеликоптери и авионот на воените сили Mi-17, а во низок лет ќе лета патничкиот авион Ербас А320 на авиокомпанијата Визер.

Специјални гости ќе бидат авиони од воздушните сили на Србија, Италија и Грција, а посебна атракција ќе приредат двата суперсонични пресретнувачи MIG-29 на Српското воено воздухопловство кои исто така ќе биде дел од големиот Аеромитинг.

Влезот на аеромитингот ќе биде бесплатен за посетителите, но, бидејќи паркинг-местата се ограничени, на посетителите од Скопје им се препорачува, наместо со автомобил, на Стенковец да дојдат со бесплатните автобуси кои тргнуваат во 8.30 часот, од пет локации во Скопје: Автокоманда кај ЈСП, Транспортен центар, Ѓорче Петров кај пазарот на вториот кружен тек, Бутел кај Еделпром и салата Борис Трајковски. Автобусите ќе возат во двата правци до 19 часот.

Низ годините во клубот поминале над 3.000 воздухопловни ентузијасти, пилоти, едриличари, падобранци и механичари.

Низ овие години тој изгради силна репутација за воздухопловна безбедност, образование и обука, и обезбеди можности за младите луѓе да продолжат со кариерата во воздухопловството, посочуват од клубот.

The post Аеромитинг кај Стенковец по повод 100 години македонска авијација appeared first on Република.

]]>

На спортскиот аеродром во скопски Стенковец, денеска ќе се одржи голем аеромитинг по повод одбележување на јубилејот „100 години македонска авијација“, за чиј почеток се смета основањето на Аероклубот Скопје во далечната 1923 година. Свои обраќања на настанот, како што е најавено, ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, како и амбасадорот на Италија во Република Македонија, Андреа Силвестри и претставници на Аероклубот Скопје. Како што информираат од аероклубот во Стенковец, за настанот на кој ќе присуствуваат владини претставници и гости од земјата и регионот, подготвена е богата програма во која ќе учествуваат над 30 различни воздухоплови од земјава и странство како и падобранци од нашата земја и од пријатели на клубот од целиот регион. Вратите за посетители ќе бидат отворени во 9 часот, а официјалната програма почнува во 11 часот.
Посетителите ќе уживаат во акробатско летање со авиони, прелети во група и низок прелет на патнички авион. Падобранците ќе го развеат најголемото државно знаме од воздух, а едриличарите ќе презентираат неверојатни акробации, најавуваат организаторите.
Освен тоа, во програмата предвидено е да има акробации кои се стандардни за аеромитинзи, а свое учество ќе земат и хероите на летните пожари, трите Air Tractor AT-802A Fire Boss на Дирекцијата за заштита и спасување кои ќе летаат во формација, потоа владиниот авион од типот Лирџет 60, полициските хеликоптери и авионот на воените сили Mi-17, а во низок лет ќе лета патничкиот авион Ербас А320 на авиокомпанијата Визер. Специјални гости ќе бидат авиони од воздушните сили на Србија, Италија и Грција, а посебна атракција ќе приредат двата суперсонични пресретнувачи MIG-29 на Српското воено воздухопловство кои исто така ќе биде дел од големиот Аеромитинг. Влезот на аеромитингот ќе биде бесплатен за посетителите, но, бидејќи паркинг-местата се ограничени, на посетителите од Скопје им се препорачува, наместо со автомобил, на Стенковец да дојдат со бесплатните автобуси кои тргнуваат во 8.30 часот, од пет локации во Скопје: Автокоманда кај ЈСП, Транспортен центар, Ѓорче Петров кај пазарот на вториот кружен тек, Бутел кај Еделпром и салата Борис Трајковски. Автобусите ќе возат во двата правци до 19 часот. Низ годините во клубот поминале над 3.000 воздухопловни ентузијасти, пилоти, едриличари, падобранци и механичари.
Низ овие години тој изгради силна репутација за воздухопловна безбедност, образование и обука, и обезбеди можности за младите луѓе да продолжат со кариерата во воздухопловството, посочуват од клубот.

The post Аеромитинг кај Стенковец по повод 100 години македонска авијација appeared first on Република.

]]>
„Блек хоук“, „Апачи“, „Чинук“: На аеродромот Стенковец има отворен ден за приказ на врвни воени воздухоплови https://republika.mk/vesti/makedonija/blek-houk-apachi-chinuk-na-aerodromot-stenkovec-ima-otvoren-den-za-prikaz-na-vrvni-voeni-vozduhoplovi/ Sun, 08 May 2022 06:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=499311

На спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ која во моментов е во тек на армискиот полигон „Криволак“.

Граѓаните ќе може да го посетат отворениот ден за воздухоплови, што ќе трае од 10 до 16 часот.

Дел од отворениот ден за воздухоплови ќе бидат хеликоптерите „АХ-64 Апачи“, „УХ-60 Блек Хоук“, „ЦХ-47 Чинук“, „ХХ-60“, „Ми-17“ и „Бел“, авионите „Злин“.

Министерството за одбрана организира превоз од спортската сала „Борис Трајковски“ (голем паркинг на салата) до спортскиот аеродром „Стенковец“ и обратно. Тргнувањето од салата „Борис Трајковски“ ќе биде во 9.30, 10.30 и 11.30 часот, а тргнувањето од „Стенковец“ во 13.30, 14.30 и 15.30 часот.

За време на отворениот ден во периодот од 10 до 16 часот, граѓаните ќе можат одблиску да видат дел од воздухопловите кои се активни за време на вежбата, а прелет ќе направат и авионите од тимот „A-10 Тандерболт“ и „Ф-16“.

Дополнително, на отворениот ден присутните граѓани ќе можат да се запознаат со воената професија, начините за вработување во Армијата, ќе можат да се фотографираат со војници на Армијата, како и да се запознаат со содржините на магазинот на Министерството, „Штит“.

The post „Блек хоук“, „Апачи“, „Чинук“: На аеродромот Стенковец има отворен ден за приказ на врвни воени воздухоплови appeared first on Република.

]]>

На спортскиот аеродром „Стенковец“ во Скопје денеска ќе се одржи Отворен ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ која во моментов е во тек на армискиот полигон „Криволак“. Граѓаните ќе може да го посетат отворениот ден за воздухоплови, што ќе трае од 10 до 16 часот. Дел од отворениот ден за воздухоплови ќе бидат хеликоптерите „АХ-64 Апачи“, „УХ-60 Блек Хоук“, „ЦХ-47 Чинук“, „ХХ-60“, „Ми-17“ и „Бел“, авионите „Злин“. Министерството за одбрана организира превоз од спортската сала „Борис Трајковски“ (голем паркинг на салата) до спортскиот аеродром „Стенковец“ и обратно. Тргнувањето од салата „Борис Трајковски“ ќе биде во 9.30, 10.30 и 11.30 часот, а тргнувањето од „Стенковец“ во 13.30, 14.30 и 15.30 часот. За време на отворениот ден во периодот од 10 до 16 часот, граѓаните ќе можат одблиску да видат дел од воздухопловите кои се активни за време на вежбата, а прелет ќе направат и авионите од тимот „A-10 Тандерболт“ и „Ф-16“. Дополнително, на отворениот ден присутните граѓани ќе можат да се запознаат со воената професија, начините за вработување во Армијата, ќе можат да се фотографираат со војници на Армијата, како и да се запознаат со содржините на магазинот на Министерството, „Штит“.

The post „Блек хоук“, „Апачи“, „Чинук“: На аеродромот Стенковец има отворен ден за приказ на врвни воени воздухоплови appeared first on Република.

]]>
Обука на „Стенковец“ од вечерва до 8 мај, ќе има истрели од вежбовна муниција и движење на воени возила https://republika.mk/vesti/makedonija/obuka-na-stenkovec-od-vecherva-do-8-maj-kje-ima-istreli-od-vezbovna-municija-i-dvizenje-na-voeni-vozila/ Wed, 04 May 2022 18:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=497602

На вежбовниот полигон и стрелиште „Стенковец“ од вечерва до 8 мај 2022 ќе се изведува обука во рамки на која ќе се користат вежбовни артифиции, информираат од Армијата на Република Македонија.

За време на изведување на планираните активности во рамки на обуката, во одредени периоди ќе се слушаат истрели од вежбовна муниција и други вежбовни средства, а ќе има и зачестено движење на воени возила. Во утринските часови на 6 мај 2022 ќе има и активности во воздух.

– Наведените активности се дел од редовните планови за изведување на неопходната обука на припадниците на армиските единици на овој полигон, при што се преземени сите неопходни превентивни мерки за безбедност на учесниците и околината. Согласно процедурите, со наведената активност се запознаени и надлежните институции на територијата на Град Скопје, се наведува во соопштението од Генералштабот на Армијата.

The post Обука на „Стенковец“ од вечерва до 8 мај, ќе има истрели од вежбовна муниција и движење на воени возила appeared first on Република.

]]>

На вежбовниот полигон и стрелиште „Стенковец“ од вечерва до 8 мај 2022 ќе се изведува обука во рамки на која ќе се користат вежбовни артифиции, информираат од Армијата на Република Македонија. За време на изведување на планираните активности во рамки на обуката, во одредени периоди ќе се слушаат истрели од вежбовна муниција и други вежбовни средства, а ќе има и зачестено движење на воени возила. Во утринските часови на 6 мај 2022 ќе има и активности во воздух.
– Наведените активности се дел од редовните планови за изведување на неопходната обука на припадниците на армиските единици на овој полигон, при што се преземени сите неопходни превентивни мерки за безбедност на учесниците и околината. Согласно процедурите, со наведената активност се запознаени и надлежните институции на територијата на Град Скопје, се наведува во соопштението од Генералштабот на Армијата.

The post Обука на „Стенковец“ од вечерва до 8 мај, ќе има истрели од вежбовна муниција и движење на воени возила appeared first on Република.

]]>