Стејт департмен Archives - Република https://republika.mk/tema/stejt-departmen/ За подобро да се разбереме Sun, 29 Sep 2024 08:20:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Стејт департмен Archives - Република https://republika.mk/tema/stejt-departmen/ 32 32 Стејт департментот повика дел од вработените во амбасадата на САД веднаш да го напуштат Либан https://republika.mk/vesti/svet/stejt-departmentot-povika-del-od-vrabotenite-vo-ambasadata-na-sad-vednash-da-go-napushtat-liban/ Sun, 29 Sep 2024 08:30:07 +0000 https://republika.mk/?p=820671

Американскиот Стејт департмент денеска им нареди на дел од персоналот во амбасадата во Бејрут и членовите на нивните семејства да го напуштат Либан поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

„На персоналот на американската амбасада во Бејрут им е забрането лично патување без претходно овластување. Дополнителни ограничувања за патување може да се наметнат на американскиот персонал по дискреција на Шефот на мисијата, со мало или без предупредување поради зголемени безбедносни грижи или закани“,се вели во соопштението на Стејт департментот.

Стејт департментот, исто така, ги повика Американците во земјата да го напуштат Либан, предупредувајќи дека сегашните ограничени опции за напуштање би можеле да станат недостапни доколку безбедносната ситуација се влоши.

„Американската амбасада сериозно ги советува американските граѓани во јужен Либан, во близина на границата со Сирија, како и во бегалските населби, веднаш да ги напуштат тие области“, се вели во соопштението.

The post Стејт департментот повика дел од вработените во амбасадата на САД веднаш да го напуштат Либан appeared first on Република.

]]>

Американскиот Стејт департмент денеска им нареди на дел од персоналот во амбасадата во Бејрут и членовите на нивните семејства да го напуштат Либан поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала. „На персоналот на американската амбасада во Бејрут им е забрането лично патување без претходно овластување. Дополнителни ограничувања за патување може да се наметнат на американскиот персонал по дискреција на Шефот на мисијата, со мало или без предупредување поради зголемени безбедносни грижи или закани“,се вели во соопштението на Стејт департментот. Стејт департментот, исто така, ги повика Американците во земјата да го напуштат Либан, предупредувајќи дека сегашните ограничени опции за напуштање би можеле да станат недостапни доколку безбедносната ситуација се влоши. „Американската амбасада сериозно ги советува американските граѓани во јужен Либан, во близина на границата со Сирија, како и во бегалските населби, веднаш да ги напуштат тие области“, се вели во соопштението.

The post Стејт департментот повика дел од вработените во амбасадата на САД веднаш да го напуштат Либан appeared first on Република.

]]>
Стејт Департментот очекува исполнување на претходните договори меѓу Србија и Косово и формирање на ЗСО https://republika.mk/vesti/svet/stejt-departmentot-ochekuva-ispolnuvane-na-prethodnite-dogovori-megu-srbija-i-kosovo-i-formirane-na-zso/ Wed, 19 Apr 2023 06:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=631931

САД очекуваат Србија и Косово да исполнат се што е договорено во претходните преговори, вклучително и формирање Заедница на општини со српско мнозинство, пренесе Бета.

Нашиот фокус е на спроведувањето на договорот за нормализација на односите меѓу двете земји, со цел да им помогнеме да развијат помирни, предвидливи односи како соседи, што ќе овозможи поголема стабилност, безбедност и просперитет во регионот. САД и ЕУ очекуваат двете страни да ги исполнат обврските и спроведувањето на претходните договори од дијалогот, вклучително и Унијата на општини со српско мнозинство, што двајцата лидери го потврдија на средбата на 18 март во Охрид, се вели во писмената реакција на Стејт департментот до Глас на Америка.

Претставниците на Србија и Косово пред точно еден месец во Охрид, со посредство на ЕУ и поддршка на САД, постигнаа договор за анексот за спроведување на претходно прифатениот европски план за нормализација но една од главните точки – почетокот на формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), „која остана главен камен на сопнување.

Во писмената реакција се додава дека САД остануваат активно ангажирани во поддршката на Србија и Косово за имплементацијата.

The post Стејт Департментот очекува исполнување на претходните договори меѓу Србија и Косово и формирање на ЗСО appeared first on Република.

]]>

САД очекуваат Србија и Косово да исполнат се што е договорено во претходните преговори, вклучително и формирање Заедница на општини со српско мнозинство, пренесе Бета. Нашиот фокус е на спроведувањето на договорот за нормализација на односите меѓу двете земји, со цел да им помогнеме да развијат помирни, предвидливи односи како соседи, што ќе овозможи поголема стабилност, безбедност и просперитет во регионот. САД и ЕУ очекуваат двете страни да ги исполнат обврските и спроведувањето на претходните договори од дијалогот, вклучително и Унијата на општини со српско мнозинство, што двајцата лидери го потврдија на средбата на 18 март во Охрид, се вели во писмената реакција на Стејт департментот до Глас на Америка. Претставниците на Србија и Косово пред точно еден месец во Охрид, со посредство на ЕУ и поддршка на САД, постигнаа договор за анексот за спроведување на претходно прифатениот европски план за нормализација но една од главните точки – почетокот на формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), „која остана главен камен на сопнување. Во писмената реакција се додава дека САД остануваат активно ангажирани во поддршката на Србија и Косово за имплементацијата.

The post Стејт Департментот очекува исполнување на претходните договори меѓу Србија и Косово и формирање на ЗСО appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: И Стејт Департментот смета дека владата на Ковачевски и Ахмети е криминогена https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-i-stejt-departmentot-smeta-deka-vladata-na-kovachevski-i-ahmeti-e-kriminogena/ Thu, 23 Mar 2023 08:29:56 +0000 https://republika.mk/?p=622702

Сериозна владина корупција, значителна судска корупција, неефикасни судови, ендемична корупција меѓу затворскиот персонал и одложена правда, се само дел од работите кои се нотирани во новиот извештај за заштита на човекови права за 2022 година на Стејт Департментот. Извештајот на Стејт Департментот констатира дека владата на СДС И ДУИ е криминогена, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Поради високиот степен на криминал и корупција во кои се вклучени директно владините челници, Македонија го доби најкритичниот извештај од Стејт Департментот.

Она што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период, сега добива потврда и од САД. Единствен новитет во овој Извештај за разлика од претходните е што ставот на Стејт Департментот од опоменувачки, стана осудувачки.

Очигледно е дека не само граѓаните, туку и САД смета дека владата на Ковачевски, Ахмети, СДС и ДУИ е најкорумпирана влада во историјата на Македонија.

Дополнително, Стејт Департментот рагира дека во државата недостига одговорност за родово и семејно насилство, нечовечко и понижувачко постапување и пренатрупаност во затворите, насилство и закани врз новинари.

Извештајот на Стејт Департментот е само уште еден во низата меѓународни фактори кои јасно потенцираат на криминалот на власта.

Шест години со СДС на власт, Македонија тоне на секое поле. Што побрзо замине Ковачевски и СДС толку подобро и за граѓаните и за државата.

Потребни се промени, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: И Стејт Департментот смета дека владата на Ковачевски и Ахмети е криминогена appeared first on Република.

]]>

Сериозна владина корупција, значителна судска корупција, неефикасни судови, ендемична корупција меѓу затворскиот персонал и одложена правда, се само дел од работите кои се нотирани во новиот извештај за заштита на човекови права за 2022 година на Стејт Департментот. Извештајот на Стејт Департментот констатира дека владата на СДС И ДУИ е криминогена, велат од ВМРО ДПМНЕ. Поради високиот степен на криминал и корупција во кои се вклучени директно владините челници, Македонија го доби најкритичниот извештај од Стејт Департментот. Она што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период, сега добива потврда и од САД. Единствен новитет во овој Извештај за разлика од претходните е што ставот на Стејт Департментот од опоменувачки, стана осудувачки. Очигледно е дека не само граѓаните, туку и САД смета дека владата на Ковачевски, Ахмети, СДС и ДУИ е најкорумпирана влада во историјата на Македонија. Дополнително, Стејт Департментот рагира дека во државата недостига одговорност за родово и семејно насилство, нечовечко и понижувачко постапување и пренатрупаност во затворите, насилство и закани врз новинари. Извештајот на Стејт Департментот е само уште еден во низата меѓународни фактори кои јасно потенцираат на криминалот на власта. Шест години со СДС на власт, Македонија тоне на секое поле. Што побрзо замине Ковачевски и СДС толку подобро и за граѓаните и за државата. Потребни се промени, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: И Стејт Департментот смета дека владата на Ковачевски и Ахмети е криминогена appeared first on Република.

]]>