став Archives - Република https://republika.mk/tema/stav/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Apr 2023 18:52:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png став Archives - Република https://republika.mk/tema/stav/ 32 32 Промена на Устав е внатрешно прашање на секоја држава, смета Социјалистичката партија https://republika.mk/vesti/makedonija/promena-na-ustav-e-vnatreshno-prashane-na-sekoja-drzhava-smeta-sotsijalistichkata-partija/ Wed, 05 Apr 2023 18:52:06 +0000 https://republika.mk/?p=627695

Социјалистичката партија на Македонија смета дека барањето на Милков, министерот за надворешни работи на Бугарија да учествува нивен претставник во работната група што ќе го подготвува текстот на измените на Уставот е несериозно и нелигитимно барање.

Промена на устав е внатрешно прашање на секоја држава. Устав пишуваат странци само кога државата е поробена или поразена во војна. Ова е дрско, безобразно и неприфатливо мешање на Бугарија во внатрешните работи на Македонија, со што се потврдува непринципиелноста на бугарската страна и отворено се девалвира формата на добрососедство соддржана во Договорот. Дотолку повеќе што Милков непосредно разговарал со неосознаениот министер Османи, се вели во нивното соопштение.

СПМ смета дека ова веднаш треба да се отфрли и да се даде негативен одговор, но потребно е Османи да даде одговор со кое право воопшто прифатил разговор на оваа тема.

Македонски претставници не биле поканети во ниту една соседна држава да учествуваат во пишување закони, а најмалку за устав. Доколку нема реципроцитет во градењето на односите за вакви и други предлози не треба да се дискутира.

Ароганицијата на Милков произлегува од неспособноста на Османи и Ковачевски да си ги уредат прашањата за кои презеле обврски. Народот ги осудува како недораснати и неспособни за функциите што ги вршат. Социјалистичката партија на Македонија заедно со партнерите во Колицијата „Обнова на Македонија" со право ги отфрлаат иницијативите за промените на Уставот како штетна уцена од бугарската страна. Барањето на Милков е уште едно од низата предавства на кои се спремни да ги направат СДС и ДУИ само да продолжат кеиминално да владеат, се додава во соопштението.

The post Промена на Устав е внатрешно прашање на секоја држава, смета Социјалистичката партија appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија смета дека барањето на Милков, министерот за надворешни работи на Бугарија да учествува нивен претставник во работната група што ќе го подготвува текстот на измените на Уставот е несериозно и нелигитимно барање.
Промена на устав е внатрешно прашање на секоја држава. Устав пишуваат странци само кога државата е поробена или поразена во војна. Ова е дрско, безобразно и неприфатливо мешање на Бугарија во внатрешните работи на Македонија, со што се потврдува непринципиелноста на бугарската страна и отворено се девалвира формата на добрососедство соддржана во Договорот. Дотолку повеќе што Милков непосредно разговарал со неосознаениот министер Османи, се вели во нивното соопштение.
СПМ смета дека ова веднаш треба да се отфрли и да се даде негативен одговор, но потребно е Османи да даде одговор со кое право воопшто прифатил разговор на оваа тема.
Македонски претставници не биле поканети во ниту една соседна држава да учествуваат во пишување закони, а најмалку за устав. Доколку нема реципроцитет во градењето на односите за вакви и други предлози не треба да се дискутира. Ароганицијата на Милков произлегува од неспособноста на Османи и Ковачевски да си ги уредат прашањата за кои презеле обврски. Народот ги осудува како недораснати и неспособни за функциите што ги вршат. Социјалистичката партија на Македонија заедно со партнерите во Колицијата „Обнова на Македонија" со право ги отфрлаат иницијативите за промените на Уставот како штетна уцена од бугарската страна. Барањето на Милков е уште едно од низата предавства на кои се спремни да ги направат СДС и ДУИ само да продолжат кеиминално да владеат, се додава во соопштението.  

The post Промена на Устав е внатрешно прашање на секоја држава, смета Социјалистичката партија appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ни милиметар нема да отстапиме од она што се наши ставови во врска со уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ni-milimetar-nema-da-otstapime-od-ona-shto-se-nashi-stavovi-vo-vrska-so-ustavnite-izmeni/ Fri, 24 Mar 2023 17:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=623365

„Сега државата има проблем зошто неодговорна власт прифатила работа која што не може да ја испорача“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

Николоски додаде дека во Собрание од власта најавуваа зголемено парламентарно мнозинство  но се увиде дека бројките останаа исти, од 64 сега се само 65. Така да ништо од зголемено парламентарно мнозинство.

Во текот на своето гостување потенцираше дека има средби кои се непријатни но ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи ни милиметар од своите ставови во врска со уставни измени.

„Најчесто се работи за средби на кои што слушаат, на кои што добиваат информации, кажуваат кои се позициите на државата која што ја претставуваат и тоа е тоа. Секако дека има и понепријатни средби, има и средби на кои што има притисоци, но ние не сме спремни милиметар да отстапиме од ова што се наши ставови“, нагласи Николоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема од отстапи од позициите кои ги има сега.

„Денес сме против промена на Уставот, затоа што сметаме дека тоа не е нешто што Македонија треба го направи особено што Бугарија со ништо не гарантира дека нема да продолжи да ја уценува Македонија“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има начин, има концепт како Македонија да излезе од тој ќорсокак во кој што е влезена. Планот на ВМРО-ДПМНЕ се состои од три сегменти на кој што предуслов се предвремените парламентарни избори. Првиот сегмент е национален, или национално издигнување на македонскиот народ. Вториот концепт е политичка заштита на идентитетот на македонскиот народ и македонскиот јазик. А, третиот концепт е финансиски напредок и бенефит за граѓаните. Значи планот содржи национален дел, политички и економски.

The post Николоски: Ни милиметар нема да отстапиме од она што се наши ставови во врска со уставните измени appeared first on Република.

]]>

„Сега државата има проблем зошто неодговорна власт прифатила работа која што не може да ја испорача“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Аргумент плус“ на Телевизија 24. Николоски додаде дека во Собрание од власта најавуваа зголемено парламентарно мнозинство  но се увиде дека бројките останаа исти, од 64 сега се само 65. Така да ништо од зголемено парламентарно мнозинство. Во текот на своето гостување потенцираше дека има средби кои се непријатни но ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи ни милиметар од своите ставови во врска со уставни измени. „Најчесто се работи за средби на кои што слушаат, на кои што добиваат информации, кажуваат кои се позициите на државата која што ја претставуваат и тоа е тоа. Секако дека има и понепријатни средби, има и средби на кои што има притисоци, но ние не сме спремни милиметар да отстапиме од ова што се наши ставови“, нагласи Николоски. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема од отстапи од позициите кои ги има сега. „Денес сме против промена на Уставот, затоа што сметаме дека тоа не е нешто што Македонија треба го направи особено што Бугарија со ништо не гарантира дека нема да продолжи да ја уценува Македонија“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Николоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има начин, има концепт како Македонија да излезе од тој ќорсокак во кој што е влезена. Планот на ВМРО-ДПМНЕ се состои од три сегменти на кој што предуслов се предвремените парламентарни избори. Првиот сегмент е национален, или национално издигнување на македонскиот народ. Вториот концепт е политичка заштита на идентитетот на македонскиот народ и македонскиот јазик. А, третиот концепт е финансиски напредок и бенефит за граѓаните. Значи планот содржи национален дел, политички и економски.

The post Николоски: Ни милиметар нема да отстапиме од она што се наши ставови во врска со уставните измени appeared first on Република.

]]>
Петков: Новата влада не го менува ставот кон Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/petkov-koalicijata-ima-jasen-stav-za-makedonija/ Fri, 07 Jan 2022 08:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=441574

Ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со Македонија е зачувуван како што е наведено во точките од коалицискиот договор, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков во Собранието. Тој потврди дека на 18 јануари ќе биде во Скопје. Петков тоа го изјави на седница за пратенички прашања, како одговор на прашање на поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Нашиот став ќе го надградуваме со пет посебни комисии за да ги подобриме односи, рече премиерот.

Тој го наведе примерот на комитетот за инфраструктура, еден од петте што треба да се формираат бидејќи нема добри транспортни врски меѓу двете земји.

Подготвени сме да им помогнеме на нашите соседи во борбата против корупцијата. Во нашата коалиција имаме апсолутно јасен заеднички став, договорен пред очите на целиот бугарски народ. Со одењето на разговорите на 18 јануари покажуваме дека добрососедството е основен принцип во односите со Македонија, рече Кирил Петков.

Екатерина Захариева во својата реплика истакна дека работните групи се веќе вклучени во Договорот за добрососедство и истакна:

МНР испрати многу детален патоказ до претходната редовна влада за работните групи што ги предлагате, за Коридорот 8 и за говорот на омраза. Тие се договорија да одговорат на 20 декември, отстранувајќи ги роковите, конкретните обврски итн. Ви посакувам успех, се плашам дека многу брзо ќе разберете зошто овие работи ги нема, рече Захариева.

„Се надевам дека нашата влада ќе ја покаже разликата меѓу добрите планови и постигнатите резултати“, ѝ одговори Петков.

The post Петков: Новата влада не го менува ставот кон Македонија appeared first on Република.