стареење Archives - Република https://republika.mk/tema/stareenje/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 09:53:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png стареење Archives - Република https://republika.mk/tema/stareenje/ 32 32 Tри намирници кои можат да го забават стареењето https://republika.mk/zivot/zdravje/tri-namirnitsi-koi-mozhat-da-go-zabavat-stareeneto/ Fri, 23 Aug 2024 09:53:57 +0000 https://republika.mk/?p=809379

Генетиката и начинот на живот играат значајна улога во тоа дали некој изгледа младешки, но важен фактор е и исхраната. Доколку сакате да имате мека кожа и блескав тен дури и во подоцнежните години од животот, јадете храна која го стимулира производството на колаген, а со тоа придонесува за здрав и сјаен изглед на кожата.

Дерматологот Аманда Дојл откри три намирници за кои вели дека можат да го забават стареењето:

Белки од јајца

Колагенот и другите амино киселини, кои се добри за кожата, природно се наоѓаат во белките од јајца, кои исто така имаат хранливи протеини.

Колагенот е клучна компонента во спречувањето на брчките, а се верува дека овој природен внес на колаген од белките може да помогне во природната синтеза на колаген во организмот – објаснува дерматологот.

Тој додава дека колагенот од белките ја зголемува затегнатоста на кожата, ги намалува брчките околу очите и на лицето.

До седум јајца неделно можат да бидат одлични за кожата, а нема да му наштетат на здравјето на срцето – вели дерматологот.

Цреши

– Црешите содржат антиоксиданси и микронутриенти, како и витамини А и Ц, железо, фолна киселина и калциум. Антиоксидансите имаат силни својства против стареење, а витамините А и Ц докажано имаат фотозаштитни својства – истакнува дерматологот.

Овие фотозаштитни својства можат да помогнат да се заштити кожата од оштетување на сонцето.

Авокадо

Генетиката и начинот на живот играат значајна улога во тоа дали некој изгледа младешки, но важен фактор е и исхраната. Доколку сакате да имате мека кожа и блескав тен дури и во подоцнежните години од животот, јадете храна која го стимулира производството на колаген, а со тоа придонесува за здрав и сјаен изглед на кожата.

 

The post Tри намирници кои можат да го забават стареењето appeared first on Република.

]]>

Генетиката и начинот на живот играат значајна улога во тоа дали некој изгледа младешки, но важен фактор е и исхраната. Доколку сакате да имате мека кожа и блескав тен дури и во подоцнежните години од животот, јадете храна која го стимулира производството на колаген, а со тоа придонесува за здрав и сјаен изглед на кожата. Дерматологот Аманда Дојл откри три намирници за кои вели дека можат да го забават стареењето: Белки од јајца Колагенот и другите амино киселини, кои се добри за кожата, природно се наоѓаат во белките од јајца, кои исто така имаат хранливи протеини.
Колагенот е клучна компонента во спречувањето на брчките, а се верува дека овој природен внес на колаген од белките може да помогне во природната синтеза на колаген во организмот – објаснува дерматологот.
Тој додава дека колагенот од белките ја зголемува затегнатоста на кожата, ги намалува брчките околу очите и на лицето.
До седум јајца неделно можат да бидат одлични за кожата, а нема да му наштетат на здравјето на срцето – вели дерматологот.
Цреши – Црешите содржат антиоксиданси и микронутриенти, како и витамини А и Ц, железо, фолна киселина и калциум. Антиоксидансите имаат силни својства против стареење, а витамините А и Ц докажано имаат фотозаштитни својства – истакнува дерматологот. Овие фотозаштитни својства можат да помогнат да се заштити кожата од оштетување на сонцето. Авокадо Генетиката и начинот на живот играат значајна улога во тоа дали некој изгледа младешки, но важен фактор е и исхраната. Доколку сакате да имате мека кожа и блескав тен дури и во подоцнежните години од животот, јадете храна која го стимулира производството на колаген, а со тоа придонесува за здрав и сјаен изглед на кожата.  

The post Tри намирници кои можат да го забават стареењето appeared first on Република.

]]>
Ова се точните две возрасти кога луѓето нагло стареат https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ova-se-tochnite-dve-vozrasti-koga-lugeto-naglo-stareat/ Sat, 17 Aug 2024 09:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=807427

Ако сте постари од 40 години и едно утро ви се учини дека наеднаш брзо остаревте – можеби тоа не го умислувате. Научниците открија дека луѓето најмногу стареат во два наврати: првиот во просек доаѓа на 44-годишна возраст, а вториот на возраст од 60 години.

Ние не се менуваме само постепено. Има периоди кога доаѓа до драстични промени. Се испостави дека тоа се случува во средината на 40-тите години, а потоа во раните 60-ти, вели генетичарот Мајкл Снајдер од Универзитетот Стенфорд во САД, пренесува „Саенс алерт“ (Science Alert).

Снајдер и неговите колеги ја истражувале биологијата на стареењето за подобро да разберат кои точно промени се случуваат и на кој начин. Тие следеле група од 108 возрасни, кои донирале биолошки примероци на секои неколку месеци, во текот на неколку години. Секој учесник доставил по 47 примероци во текот на 626 дена.

Тие забележале дека за некои состојби, како што се Алцхајмерова болест и кардиоваскуларни болести, ризикот не се зголемува постепено со текот на времето, туку нагло ескалира по одредена возраст. Затоа, тие одлучиле подетално да ги проучат биомаркерите на стареењето за да видат дали можат да ги идентификуваат поврзаните процеси.

Притоа, тие анализирале различни типови на молекули, вклучувајќи РНК, протеини, липиди и таксони на микробиомот на цревата, кожата, носот и усната празнина. По анализата, научниците забележале дека во човечкото тело во текот на две животни фази доаѓа до значителна промена во количината на различни видови молекули.

Во текот на едната или двете фази се промениле приближно 81 отсто од проучуваните молекули. Промените го достигнале својот врв во средината на 40-тите, а потоа повторно во раните 60-ти години.

Во текот на врвот во 40-тите, биле забележани промени во молекулите поврзани со метаболизмот на липидите, кофеинот и алкохолот, како и кардиоваскуларни болести и дисфункција на кожата и мускулите. Врвот во раните 60-ти бил поврзан со метаболизмот на јаглехидратите и кофеинот, кардиоваскуларни болести, кожата и мускулите, имунолошката регулација и функцијата на бубрезите.

Кај жените, првиот пик во средината на 40-тите години обично се случува кога влегуваат во менопауза или перименопауза, со тоа што научниците веруваат дека процесот на менопауза не е главниот предизвикувачки фактор, имајќи предвид дека и мажите поминале низ значителни молекуларни промени во истиот период.

Истражувањето со наслов „Нелинеарна динамика на мулти-омските профили во текот на човечкото стареење“ (Nonlinear dynamics of multi-omics profiles during human aging), беше објавено во списанието „Природно стареење“ (Nature Aging).

The post Ова се точните две возрасти кога луѓето нагло стареат appeared first on Република.

]]>

Ако сте постари од 40 години и едно утро ви се учини дека наеднаш брзо остаревте – можеби тоа не го умислувате. Научниците открија дека луѓето најмногу стареат во два наврати: првиот во просек доаѓа на 44-годишна возраст, а вториот на возраст од 60 години.
Ние не се менуваме само постепено. Има периоди кога доаѓа до драстични промени. Се испостави дека тоа се случува во средината на 40-тите години, а потоа во раните 60-ти, вели генетичарот Мајкл Снајдер од Универзитетот Стенфорд во САД, пренесува „Саенс алерт“ (Science Alert).
Снајдер и неговите колеги ја истражувале биологијата на стареењето за подобро да разберат кои точно промени се случуваат и на кој начин. Тие следеле група од 108 возрасни, кои донирале биолошки примероци на секои неколку месеци, во текот на неколку години. Секој учесник доставил по 47 примероци во текот на 626 дена. Тие забележале дека за некои состојби, како што се Алцхајмерова болест и кардиоваскуларни болести, ризикот не се зголемува постепено со текот на времето, туку нагло ескалира по одредена возраст. Затоа, тие одлучиле подетално да ги проучат биомаркерите на стареењето за да видат дали можат да ги идентификуваат поврзаните процеси. Притоа, тие анализирале различни типови на молекули, вклучувајќи РНК, протеини, липиди и таксони на микробиомот на цревата, кожата, носот и усната празнина. По анализата, научниците забележале дека во човечкото тело во текот на две животни фази доаѓа до значителна промена во количината на различни видови молекули. Во текот на едната или двете фази се промениле приближно 81 отсто од проучуваните молекули. Промените го достигнале својот врв во средината на 40-тите, а потоа повторно во раните 60-ти години. Во текот на врвот во 40-тите, биле забележани промени во молекулите поврзани со метаболизмот на липидите, кофеинот и алкохолот, како и кардиоваскуларни болести и дисфункција на кожата и мускулите. Врвот во раните 60-ти бил поврзан со метаболизмот на јаглехидратите и кофеинот, кардиоваскуларни болести, кожата и мускулите, имунолошката регулација и функцијата на бубрезите. Кај жените, првиот пик во средината на 40-тите години обично се случува кога влегуваат во менопауза или перименопауза, со тоа што научниците веруваат дека процесот на менопауза не е главниот предизвикувачки фактор, имајќи предвид дека и мажите поминале низ значителни молекуларни промени во истиот период. Истражувањето со наслов „Нелинеарна динамика на мулти-омските профили во текот на човечкото стареење“ (Nonlinear dynamics of multi-omics profiles during human aging), беше објавено во списанието „Природно стареење“ (Nature Aging).

The post Ова се точните две возрасти кога луѓето нагло стареат appeared first on Република.

]]>
Чајот ја одложува староста, покажуваат кинеските истражувања! https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/chajot-ja-odlozhuva-starosta-pokazhuvaat-kineskite-istrazhuvana/ Sun, 04 Feb 2024 19:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=740086

Уживањето во чај може да има повеќе придобивки од само релаксирање. Според една нова студија, пиењето три шолји чај дневно може да го одложи биолошкото стареење.

Студијата на кинеските експерти од Универзитетот Сечуан вклучуваше анализа на податоци од две групи: 5.998 Британци на возраст меѓу 37 и 73 години и 7.931 кинески учесници на возраст од 30 до 79 години.

Учесниците дадоа детални информации за нивните навики за конзумирање чај, вклучувајќи го и омилениот тип на чај (зелен, црн, жолт или улонг), како и просечниот број на шолји што ги консумирале секој ден.

Наодите објавени во стручното списание The Lancet Regional Health – Western Pacific, покажаа дека луѓето кои пијат околу три шолји чај, или шест до осум грама листови чај, покажуваат знаци на побавно биолошко стареење. Интересно е што побрзо биолошко стареење е забележано кај оние кои престанале да пијат чај.

Научниците веруваат дека полифенолите, за кои е познато дека ја подобруваат цревната микробиота, се одговорни за одложување на процесот на стареење. Ова има корисен ефект врз имунитетот, метаболизмот и когнитивните функции.

Иако студијата не ги разгледа специфичните видови на чај, не беше пронајдена значајна разлика помеѓу оние кои пијат црн чај и оние кои пијат зелен чај во Кина.

Значи формулата е едноставна, а еликсирот на младоста е повеќе од достапен. Изберете го вашиот омилен топол чај – и почестете се три пати на ден. Можеби можете да замените една шолја кафе со овој корисен напиток.

The post Чајот ја одложува староста, покажуваат кинеските истражувања! appeared first on Република.

]]>

Уживањето во чај може да има повеќе придобивки од само релаксирање. Според една нова студија, пиењето три шолји чај дневно може да го одложи биолошкото стареење. Студијата на кинеските експерти од Универзитетот Сечуан вклучуваше анализа на податоци од две групи: 5.998 Британци на возраст меѓу 37 и 73 години и 7.931 кинески учесници на возраст од 30 до 79 години. Учесниците дадоа детални информации за нивните навики за конзумирање чај, вклучувајќи го и омилениот тип на чај (зелен, црн, жолт или улонг), како и просечниот број на шолји што ги консумирале секој ден. Наодите објавени во стручното списание The Lancet Regional Health – Western Pacific, покажаа дека луѓето кои пијат околу три шолји чај, или шест до осум грама листови чај, покажуваат знаци на побавно биолошко стареење. Интересно е што побрзо биолошко стареење е забележано кај оние кои престанале да пијат чај. Научниците веруваат дека полифенолите, за кои е познато дека ја подобруваат цревната микробиота, се одговорни за одложување на процесот на стареење. Ова има корисен ефект врз имунитетот, метаболизмот и когнитивните функции. Иако студијата не ги разгледа специфичните видови на чај, не беше пронајдена значајна разлика помеѓу оние кои пијат црн чај и оние кои пијат зелен чај во Кина. Значи формулата е едноставна, а еликсирот на младоста е повеќе од достапен. Изберете го вашиот омилен топол чај – и почестете се три пати на ден. Можеби можете да замените една шолја кафе со овој корисен напиток.

The post Чајот ја одложува староста, покажуваат кинеските истражувања! appeared first on Република.

]]>
Не сакате да изгледате старо? Исфрлете ги овие три намирници од вашиот живот! https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/ne-sakate-da-izgledate-staro-isfrlete-gi-ovie-tri-namirnitsi-od-vashiot-zhivot/ Fri, 04 Aug 2023 20:16:00 +0000 https://republika.mk/?p=668841

Докторка откри три намирници кои мора да ги избегнувате доколку сакате да ги избегнете брчките. Според д-р Џенин Боуринг, нема смисла да трошите пари на фиоки полни со производи за убавина, доколку сепак уживате во одредена храна. Таа објасни зошто храната може да предизвика брчки и некои паметни начини како да ги избегнете, пренесува The Sun.

Првото нешто што треба да престанете да јадете ако сакате да изгледате помладо е помфрит. „Знаеме дека лошите масти во помфритот и она во што се пржат, се разбира, можат да бидат многу воспалителни за телото“, објасни таа. Проблемот е што компирот е богат со нешто што се нарекува глифосат и деутериум, што е штетно за митохондриите во нашите тела - прави да изгледате постари. „Сакаме добри митохондрии додека старееме“, продолжи докторката.

Премногу бел шеќер исто така може да направи да изгледате постаро, па лоша вест е ако сакате неколку лажички во чајот или кафето. Лошо е од истата причина како и помфритот - високото ниво на деутериум ги забавува виталните митохондрии, што може да впредизвика побрзо стареење.

И конечно, високите нивоа на транс-масти во маргаринот го отежнуваат внесувањето на хранливите материи во нашето тело и исфрлањеето на токсините.  Но, тоа не е сè, според Health Digest, маргаринот може да ја направи вашата кожа почувствителна на ултравиолетово зрачење - што може да предизвика сериозно оштетување на вашата кожа. Транс мастите во маргаринот ја уништуваат хидратацијата, а колку помалку е хидрирана вашата кожа, толку побрзо се појавуваат брчките.

The post Не сакате да изгледате старо? Исфрлете ги овие три намирници од вашиот живот! appeared first on Република.

]]>

Докторка откри три намирници кои мора да ги избегнувате доколку сакате да ги избегнете брчките. Според д-р Џенин Боуринг, нема смисла да трошите пари на фиоки полни со производи за убавина, доколку сепак уживате во одредена храна. Таа објасни зошто храната може да предизвика брчки и некои паметни начини како да ги избегнете, пренесува The Sun. Првото нешто што треба да престанете да јадете ако сакате да изгледате помладо е помфрит. „Знаеме дека лошите масти во помфритот и она во што се пржат, се разбира, можат да бидат многу воспалителни за телото“, објасни таа. Проблемот е што компирот е богат со нешто што се нарекува глифосат и деутериум, што е штетно за митохондриите во нашите тела - прави да изгледате постари. „Сакаме добри митохондрии додека старееме“, продолжи докторката. Премногу бел шеќер исто така може да направи да изгледате постаро, па лоша вест е ако сакате неколку лажички во чајот или кафето. Лошо е од истата причина како и помфритот - високото ниво на деутериум ги забавува виталните митохондрии, што може да впредизвика побрзо стареење. И конечно, високите нивоа на транс-масти во маргаринот го отежнуваат внесувањето на хранливите материи во нашето тело и исфрлањеето на токсините.  Но, тоа не е сè, според Health Digest, маргаринот може да ја направи вашата кожа почувствителна на ултравиолетово зрачење - што може да предизвика сериозно оштетување на вашата кожа. Транс мастите во маргаринот ја уништуваат хидратацијата, а колку помалку е хидрирана вашата кожа, толку побрзо се појавуваат брчките.

The post Не сакате да изгледате старо? Исфрлете ги овие три намирници од вашиот живот! appeared first on Република.

]]>
Секојдневни навики што причинуваат стареење на мозокот https://republika.mk/zivot/zdravje/sekojdnevni-naviki-shto-prichinuvaat-stareene-na-mozokot/ Tue, 25 Apr 2023 09:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=633832

Повеќе секојдневни навики придонесуваат за лошо здравје на мозокот. Ново истражување издвојува четири појави што можеби имаат најголемо влијание, или најлоши последици, во таа смисла.

Тоа се премногу седење, недостаток на дружење, несоодветен сон и хроничен стрес. Сепак, она што е добро во цела оваа приказна е фактот дека токму овие навики најлесно се менуваат, вели д-р Рудолф Танзи, невролог во Општата болница на Масачусетс во Бостон, САД.

Премногу седење

Просечен возрасен човек седи шест и пол часа дневно, а сѐ тоа лошо влијае на здравјето на мозокот. Научен труд објавен во списанието „ПЛОС уан“, покажа дека премногу седење води до значителни промени во делот од мозокот што е клучен за помнењето. Истражувачите користеле скенирање со магнетна резонанца за да го следат медијалниот темпорален лобус (МТЛ) – областа на мозокот која создава спомени, кај луѓе на возраст од 45 до 75 години. Тие потоа ги споредиле снимките со просечниот број часови седење дневно. Според наводите, оние кои седеле најдолго, имаат потенка МТЛ-област. Истражувачите велат, состојбата на МТЛ може да биде признак на умственото опаѓање и деменција.

Недостаток од дружење

Осаменоста е поврзана со депресија и поголема можност за Алцхајмерова болест, а и тоа може да го забрза когнитивниот пад. Испитувања од јули 2021 година покажаа дека луѓе кои се помалку социјално активни, губат повеќе од сивата материја на мозокот – надворешниот слој одговорен за обработка на информации.

Несоодветен сон

Според наводите, третина од возрасните не ги добиваат препорачаните седум до осум часа сон. Истражувањето во списанието „Слип“ посочува дека умствените вештини како што се помнење, расудување и решавање проблеми, опаѓаат кога луѓето спијат помалку од седум часа навечер.

Хроничен стрес

Тоа буквално ги уништува мозочните клетки и го намалува префронталниот кортекс – областа во мозокот одговорна за меморија и учење. Главен предизвикувач на стрес кај постарите возрасни луѓе е пристапот кон сѐ, како работите да треба да бидат токму онакви какви што личноста ги замислува, истакна Танзи.

Тој начин на размислување може да предизвика негативни реакции што го зголемуваат нивото стрес секогаш кога работите не одат како што се замислени.

The post Секојдневни навики што причинуваат стареење на мозокот appeared first on Република.

]]>

Повеќе секојдневни навики придонесуваат за лошо здравје на мозокот. Ново истражување издвојува четири појави што можеби имаат најголемо влијание, или најлоши последици, во таа смисла. Тоа се премногу седење, недостаток на дружење, несоодветен сон и хроничен стрес. Сепак, она што е добро во цела оваа приказна е фактот дека токму овие навики најлесно се менуваат, вели д-р Рудолф Танзи, невролог во Општата болница на Масачусетс во Бостон, САД. Премногу седење Просечен возрасен човек седи шест и пол часа дневно, а сѐ тоа лошо влијае на здравјето на мозокот. Научен труд објавен во списанието „ПЛОС уан“, покажа дека премногу седење води до значителни промени во делот од мозокот што е клучен за помнењето. Истражувачите користеле скенирање со магнетна резонанца за да го следат медијалниот темпорален лобус (МТЛ) – областа на мозокот која создава спомени, кај луѓе на возраст од 45 до 75 години. Тие потоа ги споредиле снимките со просечниот број часови седење дневно. Според наводите, оние кои седеле најдолго, имаат потенка МТЛ-област. Истражувачите велат, состојбата на МТЛ може да биде признак на умственото опаѓање и деменција. Недостаток од дружење Осаменоста е поврзана со депресија и поголема можност за Алцхајмерова болест, а и тоа може да го забрза когнитивниот пад. Испитувања од јули 2021 година покажаа дека луѓе кои се помалку социјално активни, губат повеќе од сивата материја на мозокот – надворешниот слој одговорен за обработка на информации. Несоодветен сон Според наводите, третина од возрасните не ги добиваат препорачаните седум до осум часа сон. Истражувањето во списанието „Слип“ посочува дека умствените вештини како што се помнење, расудување и решавање проблеми, опаѓаат кога луѓето спијат помалку од седум часа навечер. Хроничен стрес Тоа буквално ги уништува мозочните клетки и го намалува префронталниот кортекс – областа во мозокот одговорна за меморија и учење. Главен предизвикувач на стрес кај постарите возрасни луѓе е пристапот кон сѐ, како работите да треба да бидат токму онакви какви што личноста ги замислува, истакна Танзи. Тој начин на размислување може да предизвика негативни реакции што го зголемуваат нивото стрес секогаш кога работите не одат како што се замислени.

The post Секојдневни навики што причинуваат стареење на мозокот appeared first on Република.

]]>
Вежбате за да го одложите стареењето, но хирурзите имаат лоши вести за вас кои трчате https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/vezhbate-za-da-go-odlozhite-stareeneto-no-hirurzite-imaat-loshi-vesti-za-vas-koi-trchate/ Tue, 07 Mar 2023 17:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=616429

Пластичен хирург предупредува дека постои физичка активност која често се практикува, а предизвикува побрзо стареење.

Половина од моите пациенти ме сакаат поради тоа што им го кажувам, а половина ме мразат“, вели д-р Џералд Имбер во видеото објавено на ТикТок, пренесува „Индекс Фит“.

Д-р Имбер, кој е специјализиран за процедури за лице и тело, тврди дека во прашање е – трчањето.

Притоа, тој објаснува дека повремено трчање е добро, но сè повеќе од неколку километри секој втор ден е премногу.

Дали некогаш сте виделе долгогодишен тркач кој немал слабо, виснато лице? Тоа се случува“, додава тој.

Според докторот, трчањето не влијае само на цртите на лицето, туку и на другите делови од телото.

Колената, зглобовите и грбот се трошат“, тврди тој.

И покрај сите негативни ефекти кои трчањето може да ги има врз телото, овој доктор призна дека вежбањето има придобивки и го повтори своето тврдење дека сѐ е во ред доколку трчањето се практикува умерено.

Инаку, триатлонецот д-р Кија Мовасаги тврди дека изгледот на лицето на тркачите е предизвикана од слабата фигура и постојаното изложување на сонце.

Овие карактеристики ги имаат и градинарите, скијачите, градежните работници, сурферите, морнарите, тенисерите, велосипедистите и голферите. Како што старееме, нашата кожа произведува помалку колаген и еластин, а изложеноста на УВ зраците го забрзува тој процес“, вели таа.

The post Вежбате за да го одложите стареењето, но хирурзите имаат лоши вести за вас кои трчате appeared first on Република.

]]>

Пластичен хирург предупредува дека постои физичка активност која често се практикува, а предизвикува побрзо стареење.
Половина од моите пациенти ме сакаат поради тоа што им го кажувам, а половина ме мразат“, вели д-р Џералд Имбер во видеото објавено на ТикТок, пренесува „Индекс Фит“.
Д-р Имбер, кој е специјализиран за процедури за лице и тело, тврди дека во прашање е – трчањето. Притоа, тој објаснува дека повремено трчање е добро, но сè повеќе од неколку километри секој втор ден е премногу.
Дали некогаш сте виделе долгогодишен тркач кој немал слабо, виснато лице? Тоа се случува“, додава тој.
Според докторот, трчањето не влијае само на цртите на лицето, туку и на другите делови од телото.
Колената, зглобовите и грбот се трошат“, тврди тој.
И покрај сите негативни ефекти кои трчањето може да ги има врз телото, овој доктор призна дека вежбањето има придобивки и го повтори своето тврдење дека сѐ е во ред доколку трчањето се практикува умерено. Инаку, триатлонецот д-р Кија Мовасаги тврди дека изгледот на лицето на тркачите е предизвикана од слабата фигура и постојаното изложување на сонце.
Овие карактеристики ги имаат и градинарите, скијачите, градежните работници, сурферите, морнарите, тенисерите, велосипедистите и голферите. Како што старееме, нашата кожа произведува помалку колаген и еластин, а изложеноста на УВ зраците го забрзува тој процес“, вели таа.

The post Вежбате за да го одложите стареењето, но хирурзите имаат лоши вести за вас кои трчате appeared first on Република.

]]>
Напивката со ова овошје ги зајакнува коските во зрелата доба! https://republika.mk/zivot/zdravje/napivkata-so-ova-ovoshje-gi-zajaknuva-koskite-vo-zrelata-doba/ Fri, 22 Apr 2022 19:35:59 +0000 https://republika.mk/?p=492275

Не старее само кожата, туку и коските, а за тие да бидат здрави, треба да се внесуваат доволно хранливи материи. Во детството, повеќето од нас пиеја млеко за да го добие телото калциумот што му е потребен, но како што старееме, оптималната листа на пожелни состојки и нивните извори се менуваат.

Според Лорен Манакер, експерт за исхрана, постојат хранливи состојки на кои вреди да се обрне внимание. Тоа се витамин К, магнезиум, калиум и бор. Истовремено, таа советува во вашите напивки да вклучите суви сливи за да го спречите стареењето на коските.

„Податоците покажуваат дека соодветната количина на витамин К може да ја зголеми минералната густина на коските, а калиумот може да ја намали загубата на калциум од коските“, објаснила Манакер.

„Сувите сливи содржат и фенолни соединенија што можат да ја блокираат ресорпцијата на коските и да ја поддржат нивната изградба.“

Во истражувањето објавено во British Journal of Nutrition, жените во постменопауза што јаделе 50 г суви сливи секој ден (тоа се отприлика 5 или 6 парчиња) имале значајно зголемување на минералната густина на коските во споредба со оние што не го јаделе ова овошје. Оние жени што јаделе суви сливи, исто така, доживеале значајно намалување на серумските нивоа на маркерите на метаболизмот на коските.

Друго истражување објавено во магазинот Nutrients сугерира дека јадењето суви сливи исто така може да го подобри здравјето на коските на мажите. Мажите што три месеца јаделе 50-100 г суви сливи дневно забележале позитивно влијание врз метаболизмот на коските.

„Редовната употреба на суви сливи може да помогне во спречувањето загуба на коскената маса, особено кај постарата популација“, открива Лорен Манакер.

„За здравјето на коските, кашестиот сок од суви сливи може да биде освежувачки, природно сладок и здрав пијалак преполн со важни хранливи материи, феноли, влакна, без додаден шеќер. Совршена комбинација за одржување на здравјето на коските.“

Можете да експериментирате со рецептите за кашест сок така што ќе додавате суви сливи во разни комбинации на храна.

„Од комбинации со банани, бадеми и суви сливи до зелени кашести сокови со суви сливи, кељ, банана и млеко – не постојат строги правила за приготвување кашест сок од суви сливи“, нагласува Лорен.

Но таа споделила еден особено успешен рецепт што нејзе многу ѝ се допаѓа.

Состојки:
4-5 парчиња суви сливи без коски
1 претходно замрзната банана
3/4 шолја бадемово млеко
1/2 лажица природно бадемово масло
1/4 лажиче цимет
1/2 шолја мраз
Приготвување:
Треба сите состојки да ги ставите во силен блендер и да ги матите додека се соединат состојките. Кашестиот сок потоа може да се послужи во чаша, вкусот е одличен, а нуди низа здравствени придобивки!

The post Напивката со ова овошје ги зајакнува коските во зрелата доба! appeared first on Република.

]]>

Не старее само кожата, туку и коските, а за тие да бидат здрави, треба да се внесуваат доволно хранливи материи. Во детството, повеќето од нас пиеја млеко за да го добие телото калциумот што му е потребен, но како што старееме, оптималната листа на пожелни состојки и нивните извори се менуваат. Според Лорен Манакер, експерт за исхрана, постојат хранливи состојки на кои вреди да се обрне внимание. Тоа се витамин К, магнезиум, калиум и бор. Истовремено, таа советува во вашите напивки да вклучите суви сливи за да го спречите стареењето на коските.
„Податоците покажуваат дека соодветната количина на витамин К може да ја зголеми минералната густина на коските, а калиумот може да ја намали загубата на калциум од коските“, објаснила Манакер.
„Сувите сливи содржат и фенолни соединенија што можат да ја блокираат ресорпцијата на коските и да ја поддржат нивната изградба.“ Во истражувањето објавено во British Journal of Nutrition, жените во постменопауза што јаделе 50 г суви сливи секој ден (тоа се отприлика 5 или 6 парчиња) имале значајно зголемување на минералната густина на коските во споредба со оние што не го јаделе ова овошје. Оние жени што јаделе суви сливи, исто така, доживеале значајно намалување на серумските нивоа на маркерите на метаболизмот на коските. Друго истражување објавено во магазинот Nutrients сугерира дека јадењето суви сливи исто така може да го подобри здравјето на коските на мажите. Мажите што три месеца јаделе 50-100 г суви сливи дневно забележале позитивно влијание врз метаболизмот на коските.
„Редовната употреба на суви сливи може да помогне во спречувањето загуба на коскената маса, особено кај постарата популација“, открива Лорен Манакер.
„За здравјето на коските, кашестиот сок од суви сливи може да биде освежувачки, природно сладок и здрав пијалак преполн со важни хранливи материи, феноли, влакна, без додаден шеќер. Совршена комбинација за одржување на здравјето на коските.“ Можете да експериментирате со рецептите за кашест сок така што ќе додавате суви сливи во разни комбинации на храна.
„Од комбинации со банани, бадеми и суви сливи до зелени кашести сокови со суви сливи, кељ, банана и млеко – не постојат строги правила за приготвување кашест сок од суви сливи“, нагласува Лорен.
Но таа споделила еден особено успешен рецепт што нејзе многу ѝ се допаѓа. Состојки: 4-5 парчиња суви сливи без коски 1 претходно замрзната банана 3/4 шолја бадемово млеко 1/2 лажица природно бадемово масло 1/4 лажиче цимет 1/2 шолја мраз Приготвување: Треба сите состојки да ги ставите во силен блендер и да ги матите додека се соединат состојките. Кашестиот сок потоа може да се послужи во чаша, вкусот е одличен, а нуди низа здравствени придобивки!

The post Напивката со ова овошје ги зајакнува коските во зрелата доба! appeared first on Република.

]]>