Старбакс Archives - Република https://republika.mk/tema/starbaks/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Mar 2024 09:11:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Старбакс Archives - Република https://republika.mk/tema/starbaks/ 32 32 Светски познатото кафуле дели откази на Блискиот Исток – брендот се најде на мета на активисти поради војната во Газа https://republika.mk/vesti/svet/svetski-poznatoto-kafule-deli-otkazi-na-bliskiot-istok-brendot-se-najde-na-meta-na-aktivisti-poradi-vojnata-vo-gaza/ Sun, 10 Mar 2024 09:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=753209

Франшизата на „Старбакс“ на Блискиот Исток почна да отпушта околу 2.000 работници во регионот, објави „Ројтерс“. Светски познатиот бренд, стана цел на активисти за време на војната меѓу Израел и Хамас која почна на 7 октомври 2023 година.

Работниците ќе бидат отпуштени на локации на Блискиот Исток и Cеверна Африка. „Алшаја груп“ со седиште во Кувајт, е приватна компанија која има права на франшиза за многу познати западни компании како „Чизкејк фактори“, „Ејч енд Ем““ и „Шејк Шек“.

Многу од работниците на списокот за отпуштања се странски работници од азиските земји. „Алшаја“ има околу 1.900 филијали на „Старбакс“ во Бахреин, Египет, Јордан, Кувајт, Либан, Мароко, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Турција и Обединетите Арапски Емирати.

Како резултат на континуираните предизвикувачки услови за тргување во последните шест месеци, донесовме тажна и многу тешка одлука да го намалиме бројот на колеги во нашите продавници на „Старбакс МЕНА“. Немаме политичка агенда. Не ги користиме нашите профити за да финансираме какви било владини или воени операции каде било, ниту никогаш сме финансирале“, се вели во соопштението на „Старбакс“.

The post Светски познатото кафуле дели откази на Блискиот Исток – брендот се најде на мета на активисти поради војната во Газа appeared first on Република.

]]>

Франшизата на „Старбакс“ на Блискиот Исток почна да отпушта околу 2.000 работници во регионот, објави „Ројтерс“. Светски познатиот бренд, стана цел на активисти за време на војната меѓу Израел и Хамас која почна на 7 октомври 2023 година. Работниците ќе бидат отпуштени на локации на Блискиот Исток и Cеверна Африка. „Алшаја груп“ со седиште во Кувајт, е приватна компанија која има права на франшиза за многу познати западни компании како „Чизкејк фактори“, „Ејч енд Ем““ и „Шејк Шек“. Многу од работниците на списокот за отпуштања се странски работници од азиските земји. „Алшаја“ има околу 1.900 филијали на „Старбакс“ во Бахреин, Египет, Јордан, Кувајт, Либан, Мароко, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Турција и Обединетите Арапски Емирати.
Како резултат на континуираните предизвикувачки услови за тргување во последните шест месеци, донесовме тажна и многу тешка одлука да го намалиме бројот на колеги во нашите продавници на „Старбакс МЕНА“. Немаме политичка агенда. Не ги користиме нашите профити за да финансираме какви било владини или воени операции каде било, ниту никогаш сме финансирале“, се вели во соопштението на „Старбакс“.

The post Светски познатото кафуле дели откази на Блискиот Исток – брендот се најде на мета на активисти поради војната во Газа appeared first on Република.

]]>
Вооружен човек држи заложници во „Старбакс“ во Германија https://republika.mk/vesti/svet/vooruzhen-chovek-drzhi-zalozhnitsi-vo-starbaks-vo-germanija/ Fri, 26 Jan 2024 22:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=737325

Заложничка криза се случува во Германија.

Според инфромациите на германските медиуми, вооружен човел држи четворица заложници во „Старбакс“ во градот Улм.

Очевидци слушнале истрели. На местото на вонредната состојба веќе се распоредени специјални сили.

The post Вооружен човек држи заложници во „Старбакс“ во Германија appeared first on Република.

]]>

Заложничка криза се случува во Германија. Според инфромациите на германските медиуми, вооружен човел држи четворица заложници во „Старбакс“ во градот Улм. Очевидци слушнале истрели. На местото на вонредната состојба веќе се распоредени специјални сили.

The post Вооружен човек држи заложници во „Старбакс“ во Германија appeared first on Република.

]]>
Штрајк на вработени во Старбакс ширум САД https://republika.mk/vesti/svet/shtrajk-na-vraboteni-vo-starbaks-shirum-sad/ Fri, 17 Nov 2023 08:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=702416

Работници во стотици кафетерии на Старбакс ја напуштија работата барајќи ангажирање на повеќе работници и подобар распоред, објави синдикатот Обединети работници.

Штрајкот беше организиран на голем промотивен ден (Ден на Црвената чаша), кога Старбакс им доделува бесплатни црвени чаши со празнични украси на клиентите. Тој настан вообичаено привлекува голем број граѓани, па така лани прометот скокнал за 94 отсто во однос на дневниот просек за цела година.

Синдикатот објави во средата дека работниците во 30 градови низ земјата „одеднаш ја напуштиле работата“ пред планираниот штрајк вчера.

Старбакс има речиси 10.000 локации во САД.

Работниците на Старбакс, исто така, излегоа на штрајк минатата година на истиот ден, како знак на протест против отпуштањата, затворањето на кафетерии и други потези за кои тврдеа дека се одмазда на компанијата за вработените кои се приклучиле на синдикатот.

Старбакс на почетокот на овој месец објави дека следната година ќе ги зголеми саатниците за работниците за најмалку 3 отсто. Сепак, вработените го критикуваа тоа и рекоа дека профитот на компанијата во четвртиот квартал се зголемил за 11 отсто, додека работниците во автомобилската индустрија - кои исто така штрајкуваат - неодамна добија многу поголемо зголемување на платите.

The post Штрајк на вработени во Старбакс ширум САД appeared first on Република.

]]>

Работници во стотици кафетерии на Старбакс ја напуштија работата барајќи ангажирање на повеќе работници и подобар распоред, објави синдикатот Обединети работници. Штрајкот беше организиран на голем промотивен ден (Ден на Црвената чаша), кога Старбакс им доделува бесплатни црвени чаши со празнични украси на клиентите. Тој настан вообичаено привлекува голем број граѓани, па така лани прометот скокнал за 94 отсто во однос на дневниот просек за цела година. Синдикатот објави во средата дека работниците во 30 градови низ земјата „одеднаш ја напуштиле работата“ пред планираниот штрајк вчера. Старбакс има речиси 10.000 локации во САД. Работниците на Старбакс, исто така, излегоа на штрајк минатата година на истиот ден, како знак на протест против отпуштањата, затворањето на кафетерии и други потези за кои тврдеа дека се одмазда на компанијата за вработените кои се приклучиле на синдикатот. Старбакс на почетокот на овој месец објави дека следната година ќе ги зголеми саатниците за работниците за најмалку 3 отсто. Сепак, вработените го критикуваа тоа и рекоа дека профитот на компанијата во четвртиот квартал се зголемил за 11 отсто, додека работниците во автомобилската индустрија - кои исто така штрајкуваат - неодамна добија многу поголемо зголемување на платите.

The post Штрајк на вработени во Старбакс ширум САД appeared first on Република.

]]>
Бараат подобри смени и повеќе работници: „Старбакс“ во штрајк https://republika.mk/zivot/kariera/baraat-podobri-smeni-i-poveke-rabotnitsi-starbaks-vo-shtrajk/ Fri, 17 Nov 2023 07:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=702376

Работници во стотици кафетерии на Старбакс ја напуштија работата барајќи ангажирање на повеќе работници и подобар распоред, објави синдикатот Обединети работници.

Штрајкот беше организиран на голем промотивен ден (Ден на Црвената чаша), кога Старбакс им доделува бесплатни црвени чаши со празнични украси на клиентите. Тој настан вообичаено привлекува голем број граѓани, па така лани прометот скокнал за 94 отсто во однос на дневниот просек за цела година.

Синдикатот објави во средата дека работниците во 30 градови низ земјата „одеднаш ја напуштиле работата“ пред планираниот штрајк вчера.

Старбакс има речиси 10.000 локации во САД.

Работниците на Старбакс, исто така, излегоа на штрајк минатата година на истиот ден, како знак на протест против отпуштањата, затворањето на кафетерии и други потези за кои тврдеа дека се одмазда на компанијата за вработените кои се приклучиле на синдикатот.

Старбакс на почетокот на овој месец објави дека следната година ќе ги зголеми саатниците за работниците за најмалку 3 отсто. Сепак, вработените го критикуваа тоа и рекоа дека профитот на компанијата во четвртиот квартал се зголемил за 11 отсто, додека работниците во автомобилската индустрија - кои исто така штрајкуваат - неодамна добија многу поголемо зголемување на платите

The post Бараат подобри смени и повеќе работници: „Старбакс“ во штрајк appeared first on Република.

]]>

Работници во стотици кафетерии на Старбакс ја напуштија работата барајќи ангажирање на повеќе работници и подобар распоред, објави синдикатот Обединети работници. Штрајкот беше организиран на голем промотивен ден (Ден на Црвената чаша), кога Старбакс им доделува бесплатни црвени чаши со празнични украси на клиентите. Тој настан вообичаено привлекува голем број граѓани, па така лани прометот скокнал за 94 отсто во однос на дневниот просек за цела година. Синдикатот објави во средата дека работниците во 30 градови низ земјата „одеднаш ја напуштиле работата“ пред планираниот штрајк вчера. Старбакс има речиси 10.000 локации во САД. Работниците на Старбакс, исто така, излегоа на штрајк минатата година на истиот ден, како знак на протест против отпуштањата, затворањето на кафетерии и други потези за кои тврдеа дека се одмазда на компанијата за вработените кои се приклучиле на синдикатот. Старбакс на почетокот на овој месец објави дека следната година ќе ги зголеми саатниците за работниците за најмалку 3 отсто. Сепак, вработените го критикуваа тоа и рекоа дека профитот на компанијата во четвртиот квартал се зголемил за 11 отсто, додека работниците во автомобилската индустрија - кои исто така штрајкуваат - неодамна добија многу поголемо зголемување на платите

The post Бараат подобри смени и повеќе работници: „Старбакс“ во штрајк appeared first on Република.

]]>
Расизам и Америка: Старбакс плати 25 милиони долари на белкиња отпуштена поради расна дискриминација https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/rasizam-i-amerika-starbaks-plati-25-milioni-dolari-na-belkina-otpushtena-poradi-rasna-diskriminatsija/ Thu, 15 Jun 2023 08:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=651600

На Старбакс му е наложено да му исплати на поранешна вработена белкиња 25,6 милиони долари (23,68 милиони евра) за тврдења за расна дискриминација.

Шенон Филипс, поранешна менаџерка, беше отпуштена откако двајца Афроамериканци беа уапсени во 2018 година во Старбакс во Филаделфија, што доведе до масовни протести.

Нејзиниот колега, Афроамериканец, не добил отказ.

Поротата пресуди дека расата била фактор за отпуштањето, што ги прекршило законите за антидискриминација, објави телевизијата CBS, американскиот партнер на Би-Би-Си.

Старбакс е контактиран за коментар.

Федералната порота во Њу Џерси одлучи дека Старбакс ги прекршила правата на Филипс, како и локалните закони кои забрануваат расна дискриминација, доделувајќи 25 милиони долари казнена отштета и уште 600.000 долари како компензаторна штета.

Инцидентот се случил во Старбакс во Филаделфија во 2018 година, кога на еден од двајцата Афроамериканци кои чекале во продавницата наводно не му било дозволено да оди во тоалет бидејќи не купил ништо.

Мажите, Рашон Нелсон и Донте Робинсон, рекоа дека дошле во Старбакс на деловен состанок и дека чекаат некого.

Кога тие одбиле да заминат, персоналот наводно повикал полиција, која им ставила лисици на мажите и ги извела од Старбакс.

Нивното апсење беше снимено од случајни минувачи и споделено на социјалните мрежи, што доведе до протести и затворање на сите 8.000 локации на Старбакс на еден ден.

Дополнително, компанијата потоа организираше вработените да посетуваат обуки за непристрасно однесување на работното место.

Филипс, тогаш регионален менаџер, добила отказ, додека афроамериканскиот менаџер на барот во кој се случил инцидентот не ја изгубил работата, наведува Си-Би-Ес.

Пред четири години, Филипс го тужеше Старбакс за, како што рече, неправилно отпуштање и неправедно казнување на белци како неа како одговор на апсењата.

Нејзините адвокати тврдеа дека менаџментот на компанијата бара „жртвено јагне“ за да и покаже на јавноста дека направила нешто по инцидентот.

The post Расизам и Америка: Старбакс плати 25 милиони долари на белкиња отпуштена поради расна дискриминација appeared first on Република.

]]>

На Старбакс му е наложено да му исплати на поранешна вработена белкиња 25,6 милиони долари (23,68 милиони евра) за тврдења за расна дискриминација. Шенон Филипс, поранешна менаџерка, беше отпуштена откако двајца Афроамериканци беа уапсени во 2018 година во Старбакс во Филаделфија, што доведе до масовни протести. Нејзиниот колега, Афроамериканец, не добил отказ. Поротата пресуди дека расата била фактор за отпуштањето, што ги прекршило законите за антидискриминација, објави телевизијата CBS, американскиот партнер на Би-Би-Си. Старбакс е контактиран за коментар. Федералната порота во Њу Џерси одлучи дека Старбакс ги прекршила правата на Филипс, како и локалните закони кои забрануваат расна дискриминација, доделувајќи 25 милиони долари казнена отштета и уште 600.000 долари како компензаторна штета. Инцидентот се случил во Старбакс во Филаделфија во 2018 година, кога на еден од двајцата Афроамериканци кои чекале во продавницата наводно не му било дозволено да оди во тоалет бидејќи не купил ништо. Мажите, Рашон Нелсон и Донте Робинсон, рекоа дека дошле во Старбакс на деловен состанок и дека чекаат некого. Кога тие одбиле да заминат, персоналот наводно повикал полиција, која им ставила лисици на мажите и ги извела од Старбакс. Нивното апсење беше снимено од случајни минувачи и споделено на социјалните мрежи, што доведе до протести и затворање на сите 8.000 локации на Старбакс на еден ден. Дополнително, компанијата потоа организираше вработените да посетуваат обуки за непристрасно однесување на работното место. Филипс, тогаш регионален менаџер, добила отказ, додека афроамериканскиот менаџер на барот во кој се случил инцидентот не ја изгубил работата, наведува Си-Би-Ес. Пред четири години, Филипс го тужеше Старбакс за, како што рече, неправилно отпуштање и неправедно казнување на белци како неа како одговор на апсењата. Нејзините адвокати тврдеа дека менаџментот на компанијата бара „жртвено јагне“ за да и покаже на јавноста дека направила нешто по инцидентот.

The post Расизам и Америка: Старбакс плати 25 милиони долари на белкиња отпуштена поради расна дискриминација appeared first on Република.

]]>